Tip:
Highlight text to annotate it
X
Го добивте Даг. Извинете што
го пропуштив вашиот повик.
Ве молам оставете го вашето
име и број и ќе ви се јавам.
Здраво, го добивте Др. Стјуарт
Прајс со "Дивајн Дентистри".
Ве молам оставете
порака после...
Еј, овде Фил, оставете
порака или немојте.
Направете ми услуга,
не ми оставајте. Тоа е геј.
Има ли нешто? -Се обидов кај сите.
Добивам само гласовна пошта.
Но мора да има
објаснување.
Тоа е Вегас. Губиш чувство за време.
Во казино нема прозори, нема саати.
Веројатно добива, и масата не
се напушта кога добиваш.
Се напушта, ако се жениш.
Ало?
-Трејси, Фил е.
Фил, каде, по ѓаволите,
сте, момци?
Полудувам.
Слушај...
Зезнавме...
За што зборуваш? -Имавме
ергенска забава цела ноќ...
...нештата излегоа од
контрола, и...
...го загубивме Даг.
-Што?
Не можеме да го
најдеме Даг.
Што зборуваш, Фил?
Ќе се венчаме за 5 часа.
Да...
...тоа нема да се случи.
М А М У Р Л А К
Накај мојата лева
страна малку. Така.
Во ред, така.
ДВА ДЕНА ПОРАНО
Внимавај, перверзнику.
Во ред е Ален, само
ти зема мерка.
Доаѓа многу блиску
до мојот пакет.
Готово. Може да се
пресоблечете сега.
Фала, Флојд.
Фала ти многу.
Во ред, другарче,
мораме да одиме.
Знаеш, Даг,
си мислев...
Ако сакате да одите во Вегас
без мене, тоа е сосема во ред.
Што зборуваш?
Знаеш, Фил и Сту ти се другари
и тоа е ваша ергенска забава.
Ајде, Алан, тие двајца
те обожаваат.
Но не сакам да се задржувате затоа
што со вас е братот на жена ти.
Не е така.
Не е така, како што веќе
ти кажав, Алан.
Во ред? Само ќе ја минеме
ноќта во Вегас.
Не е голема работа.
Патем, ти не си само брат на
жена ми, ти си и мој брат сега.
Само да знаеш, знам
да чувам тајни.
Што и да се случи вечерва, никогаш,
никогаш, никогаш нема да кажам збор.
Во ред. Разбирам, фала ти.
Но не мислам дека...
Сериозно. Гајле ми е што
се може да се случи.
Гајле ми е и ако убиеш
некого. -Што?
Ме слушна.
Градот на гревот.
Нема да зуцнам.
ОК. Разбрав.
Фала.
-Не, фала ти на тебе.
Многу те сакам.
Не, Сид.
Навистина?
-Ајде, сега сме семејство.
Дали си сигурен?
Мислам, ја сакаш колава.
Даг, тоа е само кола.
Не заборавај кога ќе стасате таму да ги
оклопиш гумите за да не навлезе песок.
Апсолутно.
Тоа е лесно.
Не му давај на Ален да вози
бидејќи нешто не е во ред со него.
Разбирам.
Дури ни на Фил.
Не го сакам.
Јас ќе бидам единствениот кој
ќе ја вози колава, ветувам.
Добро. Запомни, што се случува
во Вегас, останува во Вегас.
Освен херпесот, тоа срање
ќе се врати со тебе.
Чекај, чекај. Сеуште ми се
потребни вашите дозволи
и 90 дол. за школската посета на
опсерваторијата следниот викенд.
Платете сега за да не би се
каеле до крајот на животот.
Вие сте во ред, вие плативте.
Многу ви благодарам.
Фала. Фала, Боби.
Одлично.
Мораше да паркираш толку
блиску? -Да, зошто?
Не смеам да бидам овде.
-Зошто не, Ален.
Не смеам да бидам поблиску
од 200 метри до школото.
Што?
-Или, Чаки Чис.
Здраво, г-не Венек.
Сега е викенд, Ник. Не те
познавам и ти не постоиш.
Убава кола.
Јас возам.
Нема шанси. Не гази...
Внимавај на кожата.
Ќути и вози пред кретениве да
почнат да поставуваат прашања.
Кој е овој? -Тоа е Ален,
братот на Трејси.
Се запознавте околу 4 пати.
-Еј, да. Како е?
Не го заборавај спрејот за коса.
-Спреј, проверено.
Не заборавај и да
го употребиш.
Можам да ти кажам дека косата
ти изгледа поретка без него.
Користам лак, проверено.
Не заборавај да се јавиш
кога ќе бидеш во хотелот.
А не како тогаш кога беше
на конференција во Феникс.
Кога чекаше 2 часа
да ми се јавиш.
Тоа беше затоа што бев
говорник на подиумот.
Сепак...
-Во право си. Прости.
Што е работата?
-Не знам.
Знам дека ќе одите во стриптиз
клубови кога ќе стасате таму.
Ние одиме во "Напа Валеј".
Не верувам дека таму имаат
стриптиз клубови.
Сигурна сум дека Фил ќе
намириса ако има некој.
Нема да биде така. Освен тоа, знаеш
што чувствувам за тие нешта.
Знам, знам. Знам како е тоа со
машките и ергенските вечери.
Одвратно е. -Во право си,
тоа е одвратно.
Да не спомнувам и патетично.
Тие места се нечисти.
Најлошото е што тие девојки
кои се вртат на подиумот,
се нечии ќерки. -Баш сакав
и јас да го кажам тоа.
Би сакала и твоите пријатели
да се зрели како тебе.
Тие и се зрели. Само треба
подобро да ги запознаеш.
Го бараме Д-р Педер.
Д-ре Педер?
Треба да одам. -Тоа е
добра идеја, Д-ре Педер.
Имај добар викенд.
Ќе ми недостигаш.
Патување!
Вегас!
Вегас, злато!
Вегас!
Ти си откачена!
Ајде, само до Барстоу.
Сите не претекнуваат.
Апсолутно не. Му ветив на Сид
дека само јас ќе ја возам колава.
Патем, ти пиеш.
-Што? Полицаец си?
Ајде. Знаеш дека возам
одлично кога сум пијан.
Вистина е. Фил отсекогаш беше
нашиот совесен пијан возач.
Објасни им, Ален.
-Момци, тато ја сака
колава повеќе од
мене, затоа...
Нема врска. Ја оставив
жена ми и детето дома
за да се дружам со вас
во Лас Вегас.
Знаете колку тешко
беше тоа?
Тоа е многу убаво
од тебе, Фил. -Да.
Бев саркастичен. Го мразам мојот
живот. Можеби и нема да се вратам.
Можеби ќе останам во Вегас.
-Еве не повторно...
Знаеш што, Даг?
Треба да уживаш,
бидејќи доаѓа недела и ќе почнеш
да умираш помалку секој ден.
Така е. Затоа јас останав
неженет целово ова време.
Навистина? Затоа не си
оженет? -Да.
Супер.
Добро е да се знае.
Дали е слободно од твојата
страна, Ален? -Да, добро е.
Ох, Боже мој!
-Тоа беше лудница!
Тоа не беше лудница!
-Да! -Што ти е на тебе?!
Тоа беше лудо!
За малку ќе загиневме!
Требаше да си го видиш
лицето! Класика!
Тоа е смешно.
-Не е смешно.
Момче, имате убава кола.
-Не ја допирај.
Не ја ни гледај. Продолжи.
Гитла. Ме слушна.
Ни мене не ме гледај.
Така е, подобро да си
продолжиш понатаму.
Тој, всушност, е некако
забавен. Да, добар е.
Ќе удрам стар човек
во јавност.
Дали сите овци му се
на број? Ментално?
Мислам дека се, тој е само
различен тип. Малку чуден.
Мислам, дали треба да
бидеме загрижени? -Не.
Трејси рече да не му дозволуваме
да се коцка или да пие премногу.
Исусе, како гремлин е. Доаѓа
со упатства и такви срања.
И една вода. -Се е во ред
со Мелиса? -Ох, да.
И реков дека сме 2 саати надвор
од "Вајн Кантри" и таа поверува.
Зарем не ти е чудно тоа што
сте 3 години заедно и дека
сеуште мораш да лажеш за да
одиш во Вегас? -Да, така е.
Но, верувај ми, не вреди
да се расправаш.
Ох, значи, ти не можеш
да одиш во Вегас,
ама таа може да се ебе
со потрчко на крстарење.
ОК, прво и најважно,
тој беше бармен...
...и таа беше пијана.
И ако сакаш да знаеш,
тој не ни сврши во неа.
И ти веруваш во тоа?
Да, верувам бидејќи неа
спермата и е одвратна.
Тоа би било 32.50.
32.50 е.
Ќе платиш за тоа?
Овде вели дека би требало
да играме во тимови.
Кој сака да ми биде
надгледувач?
Не мислам дека треба премногу
да се коцкаш вечерва, Ален.
Коцкање?
Кој спомна коцкање?
Не е коцкање кога
знаеш дека ќе добиеш.
Броење карти е сигурен систем.
-Истотака е и илегален.
Не е илегален. Тоа е прекршок,
како мастурбирање во авион.
Прилично сум сигурен дека
и тоа е илегално истотака.
Да, можеби после 9/11 кога
сите станаа чувствителни.
Фала ти многу, Бин Ладен.
Во секој случај, мора да бидеш супер
паметен да можеш да броиш карти.
Навистина? Кажи му го тоа на
"Реинман" кој го ограби казиното.
А тој беше ретардиран. -Што?
-Тој беше ретардиран.
Ретардиран.
Здраво.
-Еве не.
Здраво, добредојдовте во "Цезарс".
-Здраво. -Здраво. -Резервации?
Да, имаме резервации под Д-р Прајс.
-ОК, почекајте да ве проверам.
Д-р Прајс?
Сту, ти си стоматолог.
Немој да претераш. -Не е
претерување ако е вистина.
Тој е стоматолог, не се
возбудувајте премногу.
И ако некој има срцев удар,
сепак повикајте брза помош.
Сигурно дека ќе повикаме.
Може ли да ве прашам нешто?
Дали хотелот прифаќа пејџери?
Како мислите? -Немам
сигнал на мојот пејџер.
Не сум сигурна. -Имате платежни
телефони? Неколку платежни?
Бизнис.
Имате телефон во собата.
-Тоа ќе послужи.
Добивте двокреветна соба
на 12-ти спрат. Во ред е?
Звучи совршено.
Всушност, се прашувам дали
имате слободни апартмани?
Фил, дури нема ни да
бидеме во собата.
Не е проблем да го делиме
креветот. Само една ноќ е.
Ако ги делиме собите,
јас ќе одам со Фил.
Во ред е тоа?
-Не, не е во ред.
Момци, не делиме кревети.
Што сме ние, 12-годишни?
Лиса, јас се извинувам.
Колку вреди апартманот?
Имаме само еден слободен,
и вреди 4.200 долари за ноќ.
Лудница е?
-Прилично е лудница.
Го земаме. Дај ми ја
кредитната картичка.
Не можам да ти ја дадам
картичката. -Ќе поделиме.
Дали си луд?
Не, ние тоа го плаќаме.
Не разбираш. Мелиса ги
проверува моите расходи.
Ни треба само поради
регистрирање,
нема да наплатиме додека
не се одјавите, па тогаш
можете да одлучите.
-Совршено. Тоа е совршено.
Фала, Лиса. Тоа ќе го
решиме утре, ајде.
Во ред. -Може ли уште
нешто да ве прашам?
Секако. -Веројатно
често ве прашуваат.
Ова не е вистинска Цезарова
палата, нели? -Како мислите?
Дали Цезар живеел овде?
-Не.
Не мислам така.
Свето срање.
-Ова е Вегас.
Боже, местово е огромно.
Ова е тоа.
-Сево ова е апартманот?
Фала ви, момци. Или подобро
да кажам: Фала ти, Сту.
Нема на што. Тоа е
затоа што те сакам.
ОК, дами. Одберете соба, облечете
се, бидете спремни за 30 минути.
Би сакал да можеш да го видиш местово,
бидејќи тебе посебно би ти се допаднало.
Да.
Преубаво е.
Да, нема ТВ, телефони. Само
старо радио во секоја соба.
Што уште? Го запознавме
сопственикот. Како се вика?
Цезар Палаче.
Да, како салатата.
ОК, слушај, морам да одам,
да ги пробаме вината.
ОК. Чекај, чекај, чекај.
Те сакам. ОК. Чао.
Ништо нема да кажам.
Многу е понижувачки.
Каде е Ален? -Отиде доле,
рече дека мора да грабне
некои работи. -Добро, бидејќи
имам нешто да ви покажам.
Што, по ѓаволите, е тоа?
-Што ти мислиш дека е?
Што мислам? Мислам дека
е голема ебена грешка.
Ќе ја запросам Мелиса на твојата
венчавка. После церемонијата.
Стуи, честитам.
-Фала ти, Даг.
Тоа е преубав прстен.
-Да.
На баба ми е, таа го поминала
холокаустот со тоа нешто.
Уникатен е.
Не разбирам. Дали воопшто
слушна што зборував?
Се гледаме три години, време е.
Така идат работите.
Под А: Тоа е срање.
Под Б: Таа е кучка.
Еј, таа му е вереница.
-Тоа е точно, ти знаеш.
Таа го тепа. -Тоа беше
само два пати.
И го заслужив. Таа има силна
волја, и јас тоа го почитувам.
Порекува. Да не спомнувам
тоа што спиела со морнар.
Еј, не беше морнар. Беше
бармен на крстарење.
Го знаеш тоа. -Момци, јас стојам
овде, слушам се што зборувате.
Еј, момци, спремни сте да ги
пуштите кучињата? -Што?
Да ги пуштите кучињата, знаете?
Кој го понесе типов? -Да, Ален,
спремни сме да ги пуштиме.
Еј, честитки.
-Фала ти.
Го сакам ебениов град.
Нема да го носиш тоа, нели?
-Да носам што?
Торбичката. Навистина
ќе го носиш тоа?
Вие момци ме зезате? -Овде
ги носам сите мои работи.
Добивам многу комплименти за ова.
Тоа не е торбичка туку несесер.
Индијана Џонс има слична.
-Како и Џорџ Бејхарт.
Одиме горе, момци.
-Да, тоа е совршено.
Навистина?
Одиме горе?
Само сакам да кажам. Не би
требало да бидете овде горе.
Ајде, Сту. Плативме за апартман.
Ќе правиме што сакаме.
Наместете ја вратата.
Ајде, момци, овде горе.
Како го најде местово?
-Не се грижи за тоа.
Види го погледов овде.
-Дали си среќен?
Одлично е.
Се зезаш?
-Ален, како си, другарче?
Добро.
-Што имаш таму, Ален?
Тоа е Ајфеловата Кула.
Ох, малку Јегермајстер.
Добра идеја. На кровот.
Ова е добро, сакам
да наздравам.
За Даг и Трејси.
Нека оваа вечер биде
најмалата пречка во
инаку долгиот и среќен брак.
На здравје. -На здравје.
Кратко и слатко.
Како на колеџ. -Во ред.
Би сакал да кажам нешто.
Би сакал... Би сакал
да кажам нешто...
...што го подготвив...
вечерва. -Добро, Ален.
Здраво.
Што велите за
доаѓањето овде?
Претпоставувам дека затоа го
викаат: Град на гревот. Ха, ха.
Момци, вие можеби не го знаете тоа.
Но јас себеси се сметам за осаменик.
Јас себеси се сметам за
глутница осамени волци.
Ама кога сестра ми го
донесе Даг, знаев дека
тој е еден од мене. И мојата
глутница порасна за еден.
Па, бевме двајца... Па, беа
двајца во глутницата.
Јас бев првиот осаменик,
а подоцна се придружи Даг.
И пред 6 месеци, кога Даг ме
запозна со вас, си помислив:
Чекај малку, дали е можно?
А сега знам за сигурно.
Дека додадов уште двајца
момци во мојата глутница.
Четири волци трчаат околу
пустината заедно во Лас Вегас,
барајќи стриптизети и кокаин.
Затоа вечерва правам здравица.
Што е тоа?
-Боже, што правиш?
Што е тоа?
-Браќа по крв.
Немој... Зошто го...?
-Не, Ален, немој.
Сопри го. -Ален, нема
да се сечеме себеси.
Подај ми го ножот.
Полека. Фала многу.
Дали си во ред?
Ти треба ли доктор?
Во ред е. Добар е.
-Сигурен си?
Добар сум. -Совршено.
Ален, дојди, другарче.
Дојди ваму, лудаку.
Во ред. За една ноќ која
нема да ја заборавиме.
Глупав тигар.
Контролирај се, човеку.
По ѓаволите, облечи панталони.
Фил, не влегувај во бањата!
-Ален, смири се.
Фил, има тигар во бањата!
-Што се случува?
Има џунглова мачка во бањата!
-ОК, ОК, ќе... ќе проверам.
Внимателно.
Немој да влегуваш.
Срање. Тој не се зеза.
Има тигар таму.
Не, нема.
-Има, огромен е.
Дали си ОК, другарче?
-Не, имам големи болки.
Проклетство, погледни
го местово.
Знам. Фил, мојата кредитна
картичка е доле. Заебав.
Како тигарот се нашол во бањата?
За малку ќе ме убиеше.
Еј, брат, ќе облечеш ли
некои панталони?
Се чувствувам чудно кога
те молам по втор пат.
Панталони во вакво време?
Немам никакви пан...
Што, ебаго, се случило вчера?
Еј, Фил, дали ми фали заб?
Не можам...
Ох, срање.
Ох, Боже мој.
Предниот заб ми го нема.
ОК, само смири се. Добро сме.
Се е во ред. Ален, разбуди го Даг.
Да се напиеме кафе и да бегаме од
Невада пред собарките да дојдат.
Што да и кажам на Мелиса?
Изгубив заб, но не знам како.
Ме плашиш. Имам
главоболка. Смири се.
Како да се смирам?
Погледни околу себе.
Еј, момци.
Тој не е внатре.
Ги провери сите соби?
Да, секаде. Плус и
неговиот душек исчезнал.
Сигурно отишол до базенот да касне
нешто. Ќе му се јавам на мобилен.
Изгледам како кретен.
Ало?
-Ален.
Еј.
-Фил, е.
Ох, еј, Фил... Ова е телефонот
на Даг. Телефонот на Даг.
Не сери.
-Да.
Што, ебаго, е тоа?
Чие е бебево? -Ален, сигурен си
дека не си видел никого овде?
Да, ги проверив сите соби.
Нема никој овде.
Провери го неговиот привезок
или нешто такво.
Сту, немаме време за тоа.
Да се најдеме со Даг,
ќе се погрижиме за
бебето подоцна.
Фил, нема да го оставиме бебето во
соба. Во бањата има заебан тигар.
Тоа не е наше бебе. -Да, се
сложувам со Сту овој пат.
Во ред, ќе го земеме со нас.
Ќе најдеш ли некакви панталони?
Зошто не можеме да се сетиме
на ништо од синоќа?
Затоа што очигледно сме
си поминале супер.
Зошто не престанеш да се
грижиш, барем една минута?
Биди горд на себе.
Ох, колку е слатко.
Како се вика?
Бен. -Карлос.
-Карлос?
Е, Фил.
Види.
Си го плеска малиот.
-Прибери се, човеку.
Не на масата, Карлос.
Проверив секаде.
Теретаната, казиното, никој
не го видел Даг. Не е овде.
Во ред е.
Возрасен човек е.
Сериозно, Сту, мораш да се
смириш. Земи малку сок.
Не ми е до сок сега.
ОК, добро. Слушајте, да се
присетиме што сме правеле.
Кое е последното нешто на
кое се сеќавате од вчера?
Прво бевме на кровот
и пиевме Јегер.
Потоа, вечеравме во
"Палм", така? -Точно.
Па фрлавме коцки во "Хард Рок".
Мислам дека Даг беше таму.
Тоа звучи добро. Не, не,
дефинитивно беше таму.
Знаете што, момци? Јас не
се сеќавам ни на вечерата.
Знам. Никогаш не сум
бил олку мамурен.
После "Хард Рок", се онесвестив.
Потоа на ништо не се сеќавам.
ОК, се разбудивме во десет.
Значи, имаме 12 часа во
кои сме го изгубиле.
Што е ова?
-Боже, тоа е мојот заб.
Зошто е кај тебе? Што
уште имаш во џебовите?
Ова е добра работа.
Проверете ги џебовите.
Имате ли нешто?
-Имам сметка од "Белаџио".
23:05 за 800 долари!
Целосно сум заебан!
Јас имам паркинг сметка од
"Цезарс". Сме дошле во 05:15.
Срање, сме возеле синоќа?
-Пијано возење. Класика.
Што имаш на раката?
Што, ебаго, е ова?
Исусе, Фил, синоќа си бил
во болница. -Изгледа.
Дали си во ред?
-Да, Ален, добро сум.
Што се случува? -Сту, ова е
добро. Сега имаме трага.
Еј, Сту.
Види го ова.
Си видел ли некогаш бебе да го
прави тоа? -Ален, тоа не е кул.
Дали си квалификуван да се грижиш
за бебето? -За што зборуваш?
Сум нашол бебе и порано.
-Си нашол бебе и порано?
Да. -Каде?
"Кофи Бин".
Чекај. Што?
Еј, Фил.
Мислам дека Даг не би сакал
да го земеме мерцедесот.
Уживај, ќе бидеме
внимателни.
Татко ми е луд по таа кола и
го задолжи Даг да ја чува.
Ален. Имаме поголеми
проблеми овде.
Даг може да е во болница
и да е повреден. ОК?
За колата ќе се грижиме подоцна.
-Момци, видете го ова.
Во ред, фати го од
другата страна.
Дали е тоа душекот од собата
на Даг? -Што, по ѓаволите?
Еј, што се случува овде?
Некој серко го исфрли креветот
низ прозор синоќа. -Не сери.
Да, некои типови едноставно
не можат да го поднесат Вегас.
Се ќе биде во ред, Сту.
Како сме успеале да го
направиме тоа?
Еве ви ја колата, полицајци.
-Ох, Боже.
Во ред, бидете кул.
Не зборувајте ништо.
Само влезете и да одиме.
Ајде.
Сту, имаш ли 5?
-Не.
Ќе ти оставам бакшиш на
враќање. -Фала ви, г-не.
Ох, Боже мој.
Ох, Боже мој.
Го удри бебето.
Дали очилата ми се во ред?
-Очилата ти се добро, глуп.
Ова е илегално. -Зарем не ја
гледаш смешната страна?
Заглавени сме во шпицот со
украдена полициска кола,
и имаме изгубено дете
на задното седиште.
Кој дел е смешен?
Мислам дека полициската
кола е прилично кул.
Фала ти, Ален. Тоа е кул.
На Даг би му се допаднало.
Ајде!
Види го ова.
-Ох, не. Фил, немој.
Не го прави ова!
-Смири се.
Само привлекуваш внимание.
-Внимание! -Извинете. -Внимание!
Тргнете се од патот!
Повторувам!
Ве молам, тргнете се!
Фил, сопри ја колата. Сакам
да излезам. Сопри ја колата.
Дамо, во леопардовиот фустан,
имате неверојатно деколте.
Симни се од тротоарот!
Симни се од тротоарот!
Требаше да бидам џандар.
Видете.
Веќе ви кажав.
Дојдовте збунети со мали повреди
на ребрата. Ништо страшно.
Ама ни еден од вас не можеше
да каже како се случило.
Се сеќавате ли колку
не имаше овде?
Мислам дека бевте само вие,
бебето дефинитивно не.
И уште еден тип. -Тоа е нашиот
пријател. Дали беше во ред?
Да, добар беше. Иако беше
занесен. Како и сите вие.
Пријди и сврти се.
И кашлај.
Кашлај...
Кашлај...
Ајде уште еднаш.
Добро.
Браво, момче.
ОК, Феликс, можеш
да се облечеш.
Сестрата ќе дојде за некоја минута.
Се гледаме после викендот.
Фала ви. Фала ви.
Фала ви, докторе.
Момци, морам да одам, жал ми е
но имам операција на 4-ти спрат.
Не, знам, но само уште некоја
минутка од вашето време.
Да, стави го тоа таму. Не сакам
повторно да се стелиризирам.
Појдете со мене.
Во ред, ова е тоа. Име на
пациентот: Фил Венек...
Време на пристигнување:
02:45.
Благи повреди, како што кажав.
Малку модринки, стандардно.
Може ли да погледнам?
Јас, всушност, сум доктор.
Да, тоа го кажа неколку пати
вчера. Но ти си само стоматолог.
ОК.
Ова е интересно.
Вашата анализа на крвта
стигна изутринава.
Нашле голема количина на
Руфилин во вашиот систем.
Руф...?
Руфилин? Руфис? Познат
како дрога за силување.
Велите дека сум бил силуван
синоќа? -Всушност...
Мислам дека не, ама
некој ви ја турил дрогата.
Не е ни чудо што не се
сеќавате на ништо.
Никој од нас не се сеќава,
докторе. Се сеќаваш ли ти?
Како некој можел да не
дрогира сите нас?
Јас не би се грижел
за тоа, момци.
Дрогата до сега престанала
да делува. Сега сте добри.
Чекајте, докторе. Ве молам.
Имаше ли уште нешто?
Кажавме ли нешто, или
некаде каде сме оделе...
Всушност, имаше нешто.
Зборувавте за некаква
венчавка синоќа. -Да.
Не сери. Нашиот пријател
Даг ќе се венча утре.
Знаеш што? Врати ми ја
стотката. -Не, не, полека.
Зборувавте за венчање од
кое само што сте дошле.
Во црквата
"Бест Литл Чапел".
Велевте, како тоа било
откачено и тотално лудо.
Се надевам дека ова ви
помогна. Морам да одам.
Во ред, "Бест Литл Чапел".
Знаете каде е тоа? -Знам.
На аголот од: Купете си
Мапа и Гитла Одовде.
Јас сум доктор, не туристички
водич. Снајдете се сами. ОК?
Возрасни момци сте.
Што ќе правиме со бебето?
-Ќе го оставиме во колата.
Ќе се задржиме само
5 минути.
Нема да го оставиме бебето во колата.
-Ќе биде во ред. Го отворив прозорот.
Што ако не се сеќаваат на нас?
-Епа, ајде да дознаеме.
Извинете, г-не? -Види ги
момциве, што се случило?
Ви недостасував, вашиот Еди?
Сакате повеќе од мене?
Како си пријателе? Види го
типов. Ти си ебано луд.
Како сте момци? Морам
да ви кажам нешто.
Знам многу болни луѓе во мојот
живот, ама типов е најлудото,
најдивото копиле што го имам
сретнато во мојот живот.
Овој тип? -Типов е
тотално откачен.
Како е, ти заебано
лудо копиле?
Мислев дека ќе ми го
изеде стапот.
Што е? Не го сакаш Еди?
Нема да ме гушнеш?
Не.
Не е тоа, Еди.
Само имаме проблем да се
сетиме што се случило синоќа.
Имаше ли овде венчавка?
Дали венчаваш овде?
Ама си смешен, човеку.
Еди, очигледно е дека
сме биле овде синоќа.
Го бараме нашиот пријател, Даг.
Се сеќаваш ли на него?
Да, малиот тип.
Како мајмун.
Да. -Дали си го
видел? -Секако.
Можеш ли да ни кажеш
што се случило синоќа?
На ништо не се
сеќавате?
Честитам, Сту. Си се венчал.
-Ова... Ова не се случува.
Ох, Боже.
Едно ќе ти кажам.
Изгледаш многу среќно.
Тоа е. Животот
ми е готов.
Сту, ОК е, срања се случуваат.
Мелиса нема да знае ништо.
Ова не се случило. Ќе се погрижам
за тоа. -Ајде, стави го тука.
Еј, што е тоа?
Промотивниот пакет. Тоа го
нарачавте. Имам шољи за кафе.
Што?
-Имате безбол капи, а?
И фенси календари, се со
сликите на Сту и Џејд.
Нејзиното име е Џејд?
Да, преубава е, чиста,
многу јака, вакви цицки.
Но затоа што го родила бебето.
-Тоа го објаснува бебето.
Ох, Карлос. Карлос.
-Одлично. Во ред.
Еди, еве го договорот.
Сторивме голема грешка синоќа.
Мора да го поништиме бракот што е
можно побрзо. Го можеш ли тоа?
Секако. Срце ме боли и тажен сум,
но ќе ви дадам многу добра цена.
Не можам да го направам тоа
само со него, ми треба женската.
Потребни се двајцата.
Нема проблем. Тоа е одлично.
Зарем не е одлично, Сту?
Ајде, другарче. Таа сигурно
знае каде е Даг.
Фантастично. -Во ред. ОК.
Ни треба нејзината адреса.
Мора да пополнила некакви
документи, така? -Секако.
Еј, извини, што ти е на тебе?
Оди донеси ги документите.
Го потрошив својот живот
чекајќи те. Ајде.
И донеси ја баклавата,
те молам.
Фил, што со колата на татко ми?
-Сигурно е кај Даг.
Ќе ја вратиме.
Тогаш јас гласам за да ја
запалиме полициската кола
со сето срање во неа.
Да ја запалиме?
Кој си ти?
-Не знам, Фил.
Очигледно сум оној кој се
оженил со целосна непозната.
Целата оваа ситуација
е комплетно заебана.
Овие шољи, капава...
-Еј! -Колава!
Тие се доказ за ноќта која
никогаш не се случила.
Затоа ќе запалиме се.
Чекај, јас сум учител
и имам семејство, ОК?
Можам да чувам тајна, но нема
да запалам полициска кола.
Во ред, тогаш јас.
-Може ли да помогнам?
Да, фала.
Срање, дали е тоа Даг?
-Не е кај мене. -Даг е, Даг.
Не, тоа е Мелиса.
-Не се јавувај.
Морам, веќе се јави два пати!
-Не ме допирај.
Здраво, душо.
Како си? -Тука си.
Ова е трет пат
како те барам.
Знам, приемот овде
е луд.
Мислам дека секвоја дрвата
го блокираат сигналот.
Ух, го мразам тоа.
Па, како беше синоќа?
Беше многу забавно.
Тивко и добро.
Звучи убаво.
Учам многу нешта за виното.
-Здраво.
Ќе беше многу кул да
можев да дојам, знаеш?
Па, слушај...
Сега одиме на возење со
трактор. -Што, да го ебам?
Треба да одам. -Возење со
трактор? -Толку е убаво.
Излезете од колата!
-Што беше тоа?
Еве го палат тракторот.
Мислам дека е ауспухот.
Каде, по ѓаволите, е тој? -Полека.
Мислам дека го бараме истиот човек.
Што, по ѓаволите, човеку?
-Што, да го ебам, Сту?
Дали е тоа бебе?
-Зошто тоа би било бебе?
Кај винаријата сме.
Тоа е коза. -Каде е?!
Не знам!
Што зборуваш!
Господине, ве молам да
го запалите тракторот
за да може да си одиме одовде!
-Се обидувам, но блокирани сме!
Боже, што се случува?
-Еј, има бебе внатре!
Некој рече "бебе"!
-Излезете од колата!
Малечко јаре е. -Зошто ми
правите проблеми, луѓе?
Заминете!
-Излезете од колата!
Има пиштол! -Не сери
дека има пиштол!
Ќе ти се јавам подоцна.
Чао.
Срање!
-Го застрела Еди!
Тоа беше лудо срање.
-Кои беа тие типови?
Во ред е. Се ќе биде во ред.
Што, да го ебам, се случува?!
Немам поим.
Зошто не оставиш да одговори
гласовното сандаче?
Тоа беше лажна
насмевка, патем!
Го имаат Тед Денсон, Магнум П.И.
и тој Еврејскиот глумец.
Замолчи, Ален. Кој број
на соба беше? -825.
Го најдов, ќе ти се јавам подоцна.
Фала Боже, со татко му е.
Полудев. Ми недостасуваше, срце.
И ти ми недостасуваше.
Што се случило
со вас, момци?
Всушност, се надеваме дека
ти можеш да ни кажеш.
Како мислите? Се разбудив
утрово и отидов по кафе,
и кога се вратив, ве немаше.
Зошто си толку тивок?
Не сум тивок.
-Ама си сладок.
Морам да го нахранам Тајлер.
Влезете внатре, момци.
Го слушна ли тоа?
Бебето се вика Тајлер.
Да. Мене повеќе ми личеше
на Карлос истотака, другар.
ОК, што се случува?
Се однесувате чудно.
Види, Џејд беше, така?
-Многу смешно, Фил.
Во ред, Џејд, се сеќаваш ли
на нашиот пријател Даг?
Се зезаш? Тој беше
кумот на венчавката.
Точно. Не можеме да го најдеме
и почнавме да се грижиме.
Ох, Боже мој, тоа е
типично за Даг.
Ќе го исчистам. Тато тоа
не го направи намерно.
Ох, Боже мој.
По ѓаволите, мора да се
прибереш, човеку. -Срање.
Таа е супер, треба да бидеш горд.
-Го носи прстенот на баба ми.
Што? -Прстенот кој сакав
да и го дадам на Мелиса.
Ти текнува на прстенот на
баба ми од холокаустот?
По ѓаволите.
-Таа го носи. -ОК.
Не знаев дека им давале
прстени во холокаустот.
Во ред е.
-Ох, добро.
Беше малку гладен. -Што се
однесува на она од синоќа...
...кога последен пат си го видела Даг?
-Го немам видено уште од венчавката.
Венчавката. Во ред.
Во колку саат беше тоа?
Околу еден. Потоа морав
да одам на работа.
Кога завршив, дојдов во хотелот
со Тајлер. -Беше ли таму Даг?
Не го видов Даг, бевте онесвестени.
Собата беше уништена.
Па се вовлеков кај Сту.
Имам прашање. Рече дека
ти завршила смената.
Ти си сестра или крупие?
-Знаеш, стриптизерка сум.
Технички, јас сум бизнис
придружба.
Ама како стриптизерка имам
подобар пристап до клиентите.
Паметно.
-Мудро.
Но сега тоа е минато кога
сум омажена за доктор.
Јас сум само стоматолог.
Полиција, останете на своите
места! Смири го бебето!
Значи, откако ќе ги сликаме,
ги водиме овде каде чекаат
да ги испитаат истражителите.
Верувајте ми, деца, не би сакале
да седите на овие клупи.
Ова место го викаме
Лузервил. Следете ме.
Здраво.
-Еј, Трејси, Фил е.
Здраво, Фил. Каде сте, момци?
-Ние сме во хотелскиот спа.
Добро. Ние фаќаме малку
сонце. Таму ли е Даг?
Секако дека е, зошто не би бил?
-Прашувам зошто ти ми се јавуваш.
Се договоривме да не зборуваме
со девојките или жените.
Па, се јавуваме
меѓу себе.
Во ред. Што сакаше?
-Нема да веруваш во ова.
Добивме додатна ноќ во
хотелот. -Сте добиле?
Да, апартманот е... Смешен.
Надвор од контрола е.
Има собна послуга и батлер.
Мислам, баш онака таман.
Ќе ја поминеме ноќта и ќе се вратиме
целосно опуштени изутрина.
Сакате да поминете уште
една ноќ? Венчавката е утре.
Затоа ќе станеме рано изутрина
и ќе дојдеме таму на време.
Во ред. Дали си сигурен
дека тоа е добра идеја?
Венек, Прајс, Гарнер.
Соба: 3.
ОК, Трејс, морам да одам,
ќе се слушнеме подоцна.
Да одиме.
-ОК, заврти се.
По ѓаволите.
-Чекај малку. Чекај.
Ќе одам преку. Ќе одам
преку. -Престани да влечеш.
Ќе можеш ли...? Чекај.
-Погодивме. Ален, смири се.
Ете.
Господа...
Имаме добра вест и
имаме лоша вест.
Добрата вест е дека го
најдовме вашиот Мерцедес.
Тоа е супер вест.
-Супер. Гледаш?
На паркингот е сега.
Го собравме во 5 утрово.
Паркиран на сред булеварот
Лас Вегас.
На сред. Тоа е чудно.
-Да, чудно е тоа.
Таму истотака имаше
и порака.
Вели: "Не можев да најдам
метар, но еве 4 долари."
Лошата вест е...
...неможеме да ве изнесеме пред
судија до понеделник наутро.
Невозможно, мораме утре да
бидеме во Л.А. за венчавка.
Украдовте полициска кола.
-Не украдовме ништо, ја најдовме.
Ако ништо друго, заслужуваме
награда, нешто како трофеј.
Серковци како вас гледам
секој ден. -Секој ебен ден.
"Да одиме во Вегас, да се
напиеме, да легнеме нешто."
"Да украдеме полициска кола,
тоа би било навистина смешно."
И мислите дека ќе се извлечете.
Ама, не. Не, овде. -Не, овде!
Претпоставувам дека колата
припаѓа на некој од вас? -Да.
Да. Видете, јас не сум џандар,
не сум херој. Јас сум учител.
Ама, ако моите ученици ги снема
на екскурзија, ќе имам проблеми.
На што целиш?
-Да, Фил, на што целиш?
Никој не сака да изгледа лошо.
Мораме да одиме на венчавката.
Не сакате луѓето да зборуваат
како туристи ви ја украле колата.
Работата е во тоа дека
можеме да се договориме.
Дискретно, секако, г-ѓо.
Што велите?
Да ве прашам нешто:
Дали некој од вас има срцеви
проблеми или нешто такво?
Не.
Во ред, деца, сега ќе
покажеме нешто.
Овие господа доброволно
ќе ви демонстрираат
како електро шокот се користи
за соборување на осомничениот.
Така е.
-Чекај малку. -Што?
Има два начина за употреба
на шокот. Близок и интимен.
Што да го ебам? -Или можеш
да пукаш од далечина.
Сега, имаме ли доброволни стрелци
кои ќе дојдат малку да стрелаат?
Ајде ти, млада дамо.
Ајде, згоден. Дојди.
Не ти, дебел Исусе,
враќај се. Ти, убавецу.
Лесно е. Треба само да впериш,
нанишаниш и пукаш. Во ред?
ОК. Не сакаш да го сториш тоа.
-Го можеш тоа, само фокусирај се.
Не го слушај манијаков.
Размисли повторно.
Докрајчи го!
Право во јајца.
Преубаво беше.
Добро сторено. Дајте и
аплауз сите. Одлично.
Имаме уште едно полнење.
Сака ли уште некој да пука?
Ајде ти, голем.
Дојди овде.
Истите упатства.
Впери, нишани, пукај.
Така.
Тоа е став.
Ја сакам напнатоста.
Окото на тигарот. Добро.
Тоа се 50.000 волти, мал човеку.
Не се плаши да ја јавнеш молњата.
Во лицето! Во лицето!
Ох, сеуште е горе!
Добро, смирете се,
полека.
Сме го виделе тоа и порано,
само му треба малку повеќе.
Така е.
На некои од големиве момци
треба да им дадеш два шока.
Па, деца, кој сака да им земе
отисоци. Ајде, да одиме.
Кој ги ебе нив.
Ме слушате ли?
Тоа беше срање.
Ќе им кажам на сите дека
украдовме полициска кола.
Не пуштија, на кого
му е гајле?
Мене ми е. Не можеш
тоа да го направиш.
Не можеш да шокираш луѓе затоа
што мислиш дека тоа е забавно.
Тоа е полициска бруталност.
Ќе купам сок. Сакате ли
вие нешто, момци? -Не.
Човеков никогаш не молчи.
Исусе Христе.
Ален, дали си во ред?
Само сум загрижен.
Што ако нешто му се
случило на Даг. Нешто лошо.
Ајде, не мисли така.
-Што ако е мртов?
Не можам да дозволам да изгубам
уште некој близок. Премногу боли.
Бев многу вознемирен кога умре
дедо ми. -Како умрел тој?
Втората Светска Војна.
-Загинал во битка?
Не, бил на скијање
во Вермонт.
Тоа било за време на
Втората Светска Војна.
Ален, Даг е добро.
-Зошто тогаш не се јавува?
Не знам, но ќе дознаеме.
Ќе ти кажам нешто друго.
Се кладам дека колата е
распарчена на делови.
Сту, немој. -Не, сериозно.
На колку се кладиш
дека е уништена до тоа
да не се препознава?
Престани, Ален е загрижен.
Да не го преплашуваме веќе.
Извини, Ален.
Знаеш што?
Ќе ја пребараме колата да најдеме
некакви траги и се ќе биде во ред.
Ох, срање. Не можам да гледам.
-Само кажи ми како изгледа.
Не гледам.
Не гледам.
Фала, Боже. -Одлично.
-Гледаш? Се ќе биде во ред.
Нешто?
-Најдов цигара.
Јас најдов црн чевел.
-Женски чевел?
Не знам.
-Чиј е?
Машки е, број 39.
-Тоа е чудно.
Што е ова? Змиска кожа?
-Ох, ајде бе. Леле!
Тоа е употребен кондом,
Ален. -Ох, Боже.
Исфрли го тоа од колата.
-Одвратно, влажен е.
Не го сакам.
-Еј! Ајде бе!
Имам сперма на мене!
Исусе Христе!
Исфрли го надвор.
-Да го ебам!
Ох, Боже мој!
Што, да го ебам, човек?!
Мораме заедно да го
сториме ова, момци!
Што беше тоа?
Во багажникот е. Даг е
во багажникот. -Срање!
Отвори го! Отвори го!
-ОК, ОК, ОК! -Отвори го!
Ох, Боже!
Те молам! Те молам!
Те молам, престани!
Со тебе сум!
Со тебе сум!
Сакате да се заебавате со мене?
-Никој нема да се заебава со тебе!
На твоја страна сме! Го мразам
Годзила! И него го мразам!
Тој уништува градови!
Те молам! Не е твоја вина.
Ќе ти најдам алишта.
Што, да го ебам, беше тоа?!
Имам внатрешно крварење.
Некој нека повика 911.
Тоа беше некакво
заебано срање!
Кој беше типов?!
Беше многу злобен!
Морам нешто да ви кажам.
Синоќа на кровот,
пред да излеземе...
...сипав нешто во нашиот
Јегермеистер.
Што? -Жал ми е,
зезнав, момци.
Си не дрогирал?
-Не, не ве дрогирав.
Ми рекоа дека тоа се екстази.
-Кој ти рекол дека се екстази?
Типот од кого ги набавив пред
продавницата за пијалоци.
Зошто си сакал да ни
купиш екстази?
Сакав да си поминеме добро, а
знаев дека немаше да земете.
Само по една за секого.
Јас земав по три за ноќ.
Но, не биле екстази, Ален,
туку биле руфис!
Мислиш дека знаев, Сту? Типот од
кого ги купив изгледаше чесно.
Извини. Тебе дилер пред продавница
за пијалоци ти изгледа чесно?
Смири се.
-Ти да се смириш!
Не дрогираше! Изгубив заб!
Јас се оженив со курва!
Како се осмелуваш?! Таа е фина
дама! -Ти си заебан морон!
Твојот јазик е навредлив.
-Еби се!
Во ред, да земеме здив, ОК?
Сериозно, ова е
добро нешто.
Барем не не дрогирал некој
странец од кој знае
каква причина.
-Да.
Да, во право си, Фил.
Тоа е тотално добро нешто.
Сега се чувствувам
многу подобро.
Би сакал да ве потсетам
на нешто вас двајца.
Нашиот најдобар пријател Даг,
сега е некаде со главата во торба,
додека некој главуч го
силува неговиот труп.
Тоа е многу малку веројатно.
-Тоа е точно.
Тоа не помага.
Ајде да се собереме, момци.
Да се вратиме во хотелот и ќе
направам неколку разговори.
Можеби Даг е сеуште таму
и можеби сеуште спие. Ајде!
Да одиме.
-Сту, малку помош.
Замолчи бе!
Боже, дали си во ред?
Ален, извини.
Чекајте, момци. Момци.
Што ќе правиме со тигарот?
Што ако излегол? -Ебаго.
Постојано заборавам на
проклетиот тигар.
Како, да го ебам,
се нашол таму?
Не знам, бидејќи не се
сеќавам. -Потивко, Сту.
Една од нуспојавите на руфите
е губење на меморијата.
Премногу си глупав да би можел
да се навредиш. -Фала ти. -Еј!
Ајде!
Дали ја оставивме музиката
вклучена? -Еј!
Не прави нагли движења.
Кој си ти? -Не, кој,
по ѓаволите, си ти?
Потивко, потивко.
Мајк Тајсон?
Сега доаѓа мојот омилен дел.
"Можам да осетам дека доаѓа
во воздухот вечерва..."
Сите заедно, момци.
"...толку долго."
"Но јас го чекав овој момент
целиот мој живот..."
Уште еднаш, момци.
"...ТОЛКУ ДОЛГО."
Зошто го направивте тоа?
Г-нот Тајсон сака да знае зошто
неговиот тигар е во вашата бања.
Чекајте, тоа беше
целосно непотребно.
Јас сум голем обожавател.
Кога го нокаутиравте Холмс...
Објасни.
Бевме дрогирани вчера и не
помниме што се случувало.
Тоа е вистината.
Влеговме во разни неволји синоќа и сега
неможеме да го најдеме нашиот пријател.
И ако сакаш да не убиеш,
повели, ич не ми е гајле.
Сту, што зборуваш?
-Ич не ми е гајле.
Зошто, да го ебам, сте сакале
да го украдете неговиот тигар?
Правиме глупи работи кога ќе се
напиеме. -Ви верувам, момци.
Чекај, како не најдовте?
-Некој од вас го загубил палтото.
Го најдовме во кафезот на
тигарот утрово. -Тоа е на Даг.
Да, Даг, неговиот паричник и
клучевите од собата се внатре.
Тоа е нашиот исчезнат
пријател. -Што ми е гајле.
Го видовте?
-Спиев.
Да се разбудеше, немаше
толку лесно да помине.
Можеби еден од тиргите му го
изел газот како на Омар. -Почит.
Што му се случило на Омар?
Не се грижи за Омар,
тој не е веќе со нас.
Во ред, знам дека
многу барам.
Но, може ли да дојдеме кај вас
да побараме некакви траги?
Апсолутно, како инаку
би го вратиле тигарот?
Молам?
Нема да го ставиме
во Бентлито.
Вие го донесовте,
вие вратете го.
Што мислите, за
едно 40 минути?
Не ме терајте да се
враќам по него.
Тоа беше Мајк Тајсон.
-Не сери дека беше тој.
Само велам дека
сеуште го има ударот.
Дали си во ред?
-Ох, срање. -Каде го погоди?
Ова не е фер. -Тоа е камен,
хартија, ножици. Нема по фер.
Ален требаше да го
направи тоа.
Ален прими удар од
Мајк Тајсон. Ајде, за Даг.
Зошто ставаш пипер на шницлата?
Не знаеш дали тигрите сакаат пипер.
Тигрите сакаат пипер.
Тие мразат цимет.
Фил, само стори го тоа.
Ти треба да го сториш тоа.
Требаше, ама ти изгуби.
Немаше да биде правилно.
-ОК, ставив 5 руфис внатре.
Само влези внатре и
фрли го накај него.
Натерај го да го изеде сето.
Да го ебам.
Ох, да го ебам.
Здраво, маче. Злато, ОК е.
Имам мало парче за тебе.
Многу е важно да го
изедеш ова, ОК?
Што ќе правиме сега?
-Ќе чекаме.
За што сонуваат тигрите,
Кога ќе дремнат малку?
Дали сонуваат за зебри,
Или за Хали Бери во нејзиниот
Жена-Мачка костим?
Не бери гајле, ти убава
пругаста глава,
Ќе те вратиме кај Тајсон и
твојот удобен тигров кревет.
И тогаш ќе го најдеме нашиот
најдобар пријател Даг,
И тогаш ќе му дадеме
најдобро-другарска прегратка.
Даг
Даг
Даг, Даги, Даги,
Даг, Даг.
Но, ако е убиен од
кристално-чиста чепкалка,
Епа, тогаш ќе бидеме
посрано несреќни.
Патем, сите ќе умреме.
Пази! Неговиот нос.
Тоа му е носот.
Кога пак ќе помине Халеевата
комета? -Кому му е гајле?
Знаеш, Сту? -Мислам дека
нема да помине за 60 год.
Ама не е вечерва, така?
-Не, не верувам.
Но, не знаеш сигурно?
-Не.
Имам роднина Маркус кој ја видел
и вели дека е неверојатна.
Јас никако не сакам
пак да ја пропуштам.
Па, ако некој од вас
момци знае кога ќе...
Ох, Боже мој!
Сту! Сту, ме фати! Сту!
-Те закачил! Крвариш!
Паничам!
Ох, Боже мој.
ОК. ОК, ОК, чекај.
Почекај.
Не можам.
Држи го воланот и управувај со
колата. -Премногу сум нервозен.
Ален, ни требаш, другарче.
Ова е твоето време, ОК?
Тато ќе ме убие. -Така.
-Добро е. Држи ја право.
Доцните. -Моравме да
туркаме последната милја.
Влезете. Мајк има
нешто да ви покаже.
Надвор е од контрола.
Мора да го смирите.
Кога се вративме, ги прегледавме
безбедносните камери.
Одлично.
Ох, тоа е Даг.
-Фала, Боже, жив е.
Тоа е нашиот другар.
Тој ни го нема.
Сите ние сме најдобри
пријатели.
Зошто не обрнете внимание?
Немам цела ноќ.
Да, секако.
Секако.
Што правиш?
-Еј, момци, видете го ова.
Тоа сум јас. На ТВ сум.
Никогаш не сум бил на ТВ.
Што правиш?
Навистина?
Навистина, Ален?
Да. Бев...
Ќе го претечеш
базенот, човеку.
Можеби...
Да почекам надвор?
Мислам дека тоа е добра
идеја, Ален. -Да.
Не допирај ништо надвор.
Знаеш, не ни е добар при...
Не го знаеме толку добро.
Патем, од каде ви е
џандарската кола?
Ја украдовме од едни
глупави џандари.
Фино.
Фино.
Дај ми пет.
Да, тоа е фино.
Морам да кажам,
никогаш немам видено поубаво
и елегантно суштество.
Видете го ова. Сту. Сту.
Еби го тигаров.
Ох, Боже, тоа е ужасно.
-Ох, човеку.
Кој прави такви
срања, човеку?
Некој кој има сериозни проблеми.
Јас сум болен човек.
Тоа е се што имаме.
-Од голема помош беше.
Навистина, сега знаеме дека Даг
бил со нас во 03:30, тотално жив.
Фала повторно, шампионе. И, повторно,
жал ни е што ти го украдовме тигарот.
Немај гајле. Како што рековте,
сите правиме глупости
кога ќе се напиеме.
-Нели ти реков. -Го реков тоа.
Знаеш, сите велат дека
Тајсон е некаков мангуп,
а мене ми се чини
дека е миличок.
Јас мислам дека е злобен.
Добро. Мислам дека е време
да и се јавиме на Трејси.
Слава му на Бога. Конечно,
Фил кажува нешто паметно.
Немаме многу избор. Кој знае,
можеби се чула со Даг.
Тоа е она што го зборувам
целово време.
Треба да бидеме целосно искрени.
Треба да и кажеме се.
Не мора да и кажеме се.
Може да изоставиме дека
се оженив со курва. Остани
фокусиран само на Даг.
Што да му кажам на
тато за колава?
Ален, опушти се, тоа
е само ентериерот.
Ајде. Имам човек во Л.А.
кој е одличен со ентериери.
Ох, Исусе!
-Ох, Боже мој!
Дали сте добро, момци?
-Што, да го ебам?
Познат ми е типот. Тоа е
типот од багажникот.
Излезете од колата...
ве молам.
Ова се момците кои
го застрелаа Еди.
Слушајте...
-Ајде! -ОК.
Само полека.
Си ја сакам мојата торбичка,
серковци. -Твојата торбичка?
Тоа не е торбичка,
тоа е несесер.
Торбичка е! А вие крадевте
од погрешниот човек.
Чекај малку. Украдовме од тебе?
-Знаеш што? Ние не се сеќаваме
на ништо од синоќа.
Па, помогни ни малку.
Сте биле заедно на коцкарската
маса синоќа. Ти добиваше.
Доби, 80.000. -Не сери,
80.000? Фино. -Тоа е добро.
Ги стави во својата торбичка.
Вие ја земавте и заминавте.
Тоа не личи на нас.
-Мојата имаше 80.000 долари.
А, ова? Ништо. -Еј, има
бонбончиња внатре!
Нека не ве лаже брадата, тој е
дете. -Смешно е бидејќи е дебел.
Ова очигледно е големо недоразбирање.
Ален ја зел погрешната торбичка.
Не е голема работа. -Ако не
е голема работа зошто тогаш
кога тргнав по вас тој почна да
вика и ме фрли во багажникот?
Јас го сторив тоа? -Рече дека
тој е твојата амајлија.
И дека сакаш да го
носиш дома со тебе.
Амајлија.
-Тоа е смешно.
Еби се.
Ако сакате да го видите вашиот
пријател најдете ги моите 80.000.
Што?
-Нашиот пријател?
Вие го имате Даг?! -Знаете за
нашиот пријател? -Што?!
Даг!
-Даг!
Даг е во колата! Даг е
во колата! Во ред е Даг!
Што сакаш? -Сега не е
толку добро, глупаку?
Жал ни е. Можеме едноставно да го
решиме ова. Ален, каде е торбичката?
Не знам.
-Сигурно е во собата.
Можеме да ја донесеме. -Или знаеш
што? Можеме да ти напишеме чек.
Нема шанси. Само кеш.
-Внатре има човек.
Досадно. Ми се спие.
Ајде.
Ни го киднапира пријателот!
Киднаперу! -Чекајте!
Ох, не.
Никаде нема да одите.
Стој!
Прегази ме.
Донесете ги парите кај "Биг Рок"
во Мохаве пустината во зори.
Што? -"Тудл-уу",
заебааааааан.
Барем симнете му ја вреќата
од главата! -Да го ебам!
Ви велам, момци, проверив
утрово, пред да заминеме.
Ја нема никаде.
Сту, колку имаш
на сметката?
Околу 10.000 или малку повеќе.
Ги чував за свадбата.
Веќе се ожени.
Значи, добро е.
Освен тоа, доста за Мелиса.
Таа е најлошото.
Да, Даг ми кажа дека спиела
со пилот или така нешто.
Тоа беше бармен на крстарење.
Што ви е на вас, луѓе?
Бљак, Ален, дали ја
изеде пицата? -Да.
Што да правиме?
Заебани сме. -Еј, момци.
Ја најде ли?
-Не, но види го ова.
"НАЈГОЛЕМАТА БЛЕКЏЕК
КНИГА НА СВЕТОТ"
Промени само 10.000.
Здраво, зафатено е?
-Не, слободно.
Ајде да играме Блек Џек.
Така е!
Замолчете, кучки!
Оставам.
Еби се!
Еби се!
Делење петки.
Премногу.
-Да!
Јас дури и не те познавам ама
ќе ти кажам, тоа е глупаво.
ОК, ајде! Не може да загуби!
Не може да загуби!
Мислам дека обезбедувањето
го набљудува.
Во ред си? -Несмасна сум
Нервозна сум додека играм.
Смешна сум. -Се случува.
-Еј, почекај малку, ОК?
Полека. Жена ми е.
-Боли. -Боли? -Да.
Дали си во ред?
-Не знам.
Ни јас не знам. Мислам
дека си во ред. Одиме.
Испи малку повеќе.
Фала, другар, тоа е за тебе.
И 100, 200, 300, 400.
Се вкупно: 82.400 долари.
-По ѓаволите, не ми се верува.
Ален, ти си цар.
-И ти, Фил.
Би требало да се вратиме следната
недела и да го средиме градов.
Слободен сум следната недела.
-А можеме и да го вратиме Даг, сега.
Или знаеш што? Следната
недела не е добро време.
"Џонас Брадерс" се во градот.
Но после тоа може било која недела.
Можеме слободно да кажеме
дека среќата ни се сврте, момци.
Се вративме.
Ебено се вративме.
Се вративме. -Класика.
-Се вративмееее!
Ќе го вратиме Даг. -Три најдобри
пријатели кои можеш да ги имаш.
И нема никогаш, никогаш,
никогаш да се оставиме.
Што сега?
-Дај им сигнал.
Каков сигнал? -Запали светло.
Да знае дека сме во игра.
Каква игра?
-Зделката.
Секако дека сме во игра. Возевме
30 милји во пустината. Тој знае.
Фил, само стори нешто.
-Добро.
Гледаш?
-Во ред. Одиме.
Смешно, дебелиот падна
на лице. -Дали си во ред?
Ги имаме парите. 80.000 во кеш.
-Фрлете ги. Па ќе ви го дадам Даг.
Простете, прво, добро утро.
Не стасавме да се запознаеме.
Г-н Чау. Лесли Чау.
-Г-н Чау, мило ми е. Јас сум Сту.
Би сакале да го видиме Даг
пред да ви ги дадеме парите.
Да потврдиме дека е во ред.
Ако... Ако се сложувате.
Секако, Сту, се сложувам.
Гледате? Тој е во ред.
Сега, предајте ги парите.
Инаку ќе го убијам него
и сите вас заебани.
И ќе земам се.
Вие одберете, кучки.
Дај му ги парите, Сту.
-ОК.
Сите пари се тука.
-Пушти го.
Само мирно.
Ова е некаква шега?
Кој е ова, по ѓаволите?
Тоа не е Даг.
-Што зборуваш, Вилис?!
Тој е. -Не, жалам, г-не Чау.
Тоа не е нашиот пријател.
Даг кого го бараме е бел.
Ти реков дека го имаш
погрешниот тип, малечок.
Во што ли ме заплетка, Ален?
-Го познаваш?
Да, тој ми ја продаде
лошата дрога. Како си?
Јас не продавам лоша дрога.
-Чекај, тој ти продаде Руфилин?
Руфилин? Сум ти продал Руф...
-На кого му е гајле?
Каде е Даг?
-Јас сум Даг.
Ти се викаш Даг?
-Да, јас сум Даг.
И тој се вика Даг.
Класична забуна. -Ајде.
Еј, Чау. Ни даде погрешен Даг.
-Тоа не е мој проблем.
Заеби, врати ни ги 80.000,
и земи си го него.
Чекај, бе. Ќе бидам вашиот Даг.
-Ох, да, ОК. Ох, ќе си го земам.
Кога вие ќе ги полижите
овие мали кинески јајца.
Тоа е одвратно.
-Како ви звучи тоа?
Со здравје, геј момци.
-Почекај малку.
Имаш ли малку Екстази?
-Не, немам Екстази.
По ѓаволите!
Ало?
-Трејси, Фил е.
Фил, каде сте, по ѓаволите?
Полудувам.
Слушај...
Заебавме.
Ви благодарам што ме
донесовте до градот.
Да те прашам нешто. Како
заврши во колата на Чау?
Лудакот ме киднапира вчера.
-Во ред, а зошто?
Зошто тебе? -Затоа што
мислеше дека бев со вас,
бидејќи бевме заедно во
"Белаџио". -Што?
Бевме во "Белаџио"? -Да, се коцкавме.
Зарем не се сеќавате?
Не, не се сеќаваме бидејќи некој
глупав дилер му продал Руфилин
и му кажал дека се Екстази.
-Руфилин, пак рече Руфилин.
Што, по ѓаволите, е Руфилин?
Леле, ти си најпосраниот
дилер на дрога во светот.
Руфилин, за твоја информација, е
познат како дрога за силување.
На Ален си му продал руфис. -Срање.
Мора да сум ги помешал торбите.
Моја грешка, Ален. Маршалот
ќе биде лут на мене за тоа.
Смешно е. Баш пред некој ден се
чудевме зошто ги викаат руфис.
Сфаќаш?
-Не, не сфаќам.
Зошто не флорис? Бидејќи кога
ги земаш попрво ќе завршиш
на под отколку на кров.
Или на пример: Патосници?
Тоа е добро ново име за нив.
-Или силуваници.
Чекај, што рече?
-Силуваници.
Не ти, туку Даг. Што рече
претходно? -Патосници.
Не, пред тоа. Рече: "Попрво ќе
завршиш на подот отколку на..."
Фил!
-Трејс, навистина ми е жал...
Фил, ало?
Трејси, овде Сту. -Сту, кажи ми.
Што се случува?
Ништо. Не го слушај Фил. Тој
откачи. Уште е пијан од вчера.
Каде е Даг? -Го плаќа
ручекот кој го имавме.
Мораме да брзаме за да стасаме.
Во ред, се гледаме наскоро. Чао.
Да го ебам, човеку!
-Знам каде е Даг!
Не знам, човеку.
Самото ми дојде.
Се сеќаваш кога го видовме
душекот на Даг на статуата?
Да, бидејќи беше фрлен
низ прозор.
Невозможно. Прозорите
не се отвораат во Лас Вегас.
Епа, како тогаш...
Ох, мој Боже!
Што е? -Даг се обидел
да повика некого.
По ѓаволите. Како ти текна?
-Даг направил да сфатам.
Даг? -Не нашиот Даг,
црниот Даг.
Полека со тоа срање.
-Извини.
Може ли некој да ми каже каде е
белиот Даг? -На кровот е, Ален.
Точно, на кровот е. Веројатно
сме го качиле на кровот
од зафрканција. -Како
тогаш во летниот камп.
Кога неговата вреќа за спиење
ја поместивме до езерото.
Што беше циркус за разлика од
сега кога заборавивме на него.
Вие момци сте ретардирани,
го знаете ли тоа?
Срање. Мислиш дека
сеуште е горе?
Постои само еден начин
да дознаеме.
Даг! Даг! Даг!
Овде си, другарче?
Каде си, Даг?
Еј, момци!
Овде е!
Го најдов, овде е!
Во ред е!
Дали си во ред?
Мора да одиме, другарче.
Ајде.
Секаде те баравме.
Жив е.
Што, да го ебам,
се случува?
Се ќе ти објасниме, ама
сега мораме да тргнеме.
Еј, другар,
дали си добро?
Не, не сум добро. -Добро
изгледаш. Си добил боја.
Љубоморен сум.
-Денес се женам.
Да, затоа треба да се фокусираш
на она што ти го зборуваме.
Бидејќи, искрено,
ни го трошиш времето.
Серко еден!
Ох, мојата кожа.
Не ме допирај.
Замолчи!
Сите замолчете.
Само однесете ме дома.
А после тоа...
Невозможно.
По ѓаволите, сите летови за Л.А.
се зафатени. -А Бурбанк?
Се е продадено. -Не можеме да возиме до
таму, венчавката почнува за 3 и пол часа.
Ален, каде е колата?
Доаѓа. -Знаете што, можеме
да возиме. Ќе стасаме.
Дајте ми момент.
-Одиме без тебе.
Дали него му фали заб?
-Да.
Здраво. -Здраво. -Фала на
помошта вчера, убаво беше.
Во ред е.
-Слушај, Џејд...
Не мора да кажеш. Разбирам.
Целава работа беше глупост.
И беше глупост, зарем не?
Ова е твое.
-Ох, фала ти.
Не знам како можев да го дадам
прстенот на баба ми од холокаустот
на некој кој само што
сум го запознал.
Што ли си мислев?
-Беше целосно заебан.
Очигледно. -Си го извади
твојот сопствен заб.
Јас... си го извадив забот?
Зошто го извадив својот заб?
Ален се кладеше дека не си доволно
добар стоматолог да си го извадиш заб.
Во ред. Секако.
-Но, ја доби кладбата.
Очигледно. Тоа е
победата, баш тука.
Успори малку.
-Во ред е.
Не, безбедноста на прво
место. -Ален, во ред е.
Морам... Морам да го
спуштам прво.
Не ја валкај колата.
Ја валкаш колата.
Што правиш следниот викенд?
-Не знам, работам. Зошто?
Размислувам да се вратам
и да те однесам на вечера.
Навистина? Како состанок?
-Да, како состанок.
Ама, некој кој ќе го запомнам.
-Звучи убаво.
Сту! -Сту!
-Ајде! -Ајде!
Морам да одам. Чао.
Чао. -Чао.
Да одиме.
Барем, не беше целосна катастрофа.
-Зошто го зборуваш тоа?
Кога се разбудив на кровот,
најдов 80.000 долари во чипови.
Боже. -Изгледа дека се
враќаме со пари, момци.
Еве го, доаѓа.
Еј, Нико!
-Еј, како е, Ален?
Пази!
Фала многу, Нико!
-Нема проблем, човеку!
Кој беше типот?
-Мојот другар.
Простете, ЏПС-от не однесе
во сосема луд правец.
Каква ми е косата?
-Добра е.
Како на Фил е?
-Класичен Фил.
Преубава е, човеку.
Каде беше?
И зошто си толку црвен?
Злато, тоа е...
долга приказна.
Денес се собравме овде
заради силата на љубовта...
Само знам дека додека сме венчани
никогаш нема да сторам ништо слично.
Можеш ли да ми простиш?
Тато!
-Еј, пријателе.
Извинете, ама го очекувам
својот маж секој момент.
Многу смешно. Дојди.
Како беше на фудбал?
Сту, ме избегнуваш?
-Здраво, Мелиса.
Боже. Што ти се
случило со забот?
Дали го запозна Ален,
братот на Трејси? Братот...
Тоа е одвратно.
Зошто не ми креваше?
Имаше некои проблеми...
-Се јавив во хотелот во Напа.
Воопшто не си ни бил пријавен.
-Затоа што не ни бевме во Напа.
Сту, што, да го ебам, се случува?
-Бевме во Лас Вегас.
Навистина, Лас Вегас?
Зошто си бил во Лас Вегас?
Затоа што мојот пријател се жени
и тоа е она што момците го прават.
Навистина? Тоа не е она што ти го правиш!
-Навистина? Зошто тогаш го направив тоа?
Затоа што го направив!
Разоткри ме за тоа!
Зошто го направив тоа?
Понекогаш мислам дека се што треба
да направам е она што ти го сакаш.
Се изморив правејќи
се што сакаш ти.
Мислам дека во добрата врска треба да може
да се направи и она што самиот го сакам.
Не се прави така! -Добро, бидејќи
ова повеќе не функционира за мене!
Навистина? -Да!
-Од кога?
Од кога спиеше со келнерот на
крстарење минатиот Јуни. Бум!
Ми кажа дека бил бармен.
Да, во право си. Се поправам, тоа
беше бармен. Спиеше со бармен.
Ти си идиот. -Ти си...
толку лоша личност.
И тоа до сржта.
Ален, ќе играме ли?
Мило ми е што се запознавме.
-Одеби.
Размислувам за курс
за бармени.
Пуши ми го куров.
-Не, ти благодарам.
Даги, преубава венчавка.
-Ви давам шест месеци.
Ти си идиот.
-Не знам што да кажам.
Фала за ергенската вечер, мислам.
-Само би сакал да можевме да се
сетиме на нешто. -Еј, момци,
погледнете што најдов.
Мојата камера. -Да, беше
меѓу седиштата на колата.
Има ли фотографии? -Да, некои се
полоши отколку што мислевме.
Нема шанси.
Дај ваму. -Чекај.
Ќе ги видиме сликиве заедно, еднаш,
а после ќе ги избришеме доказите.
Јас велам да ги избришеме
веднаш. -Да не си луд?
Сакам да знам зошто сум
бил во болница. Таму ли е?
Да, таму е. -Момци, еднаш.
Договорено? -Договорено.
Договорено.
Ох, мили Боже!
Тоа е класика!
A_JONES_A