Tip:
Highlight text to annotate it
X
ФАТИ МЕ АКО МОЖЕШ
ИНСПИРИРАНО ОД ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА
ДА СЕ КАЖЕ ВИСТИНАТА
Многу ви балагодарам и добредојдовте
во "Да се каже вистината".
Нашиот прв гостин има најчудна
кариера од било кој гостин
што досега бил во нашето шоу.
Ќе видите на што мислам.
Број 1, кое е вашето име ?
Моето име е
Френк Вилијам Абигнеил.
Број 2. - Моето име е
Френк Вилијам Абигнеил.
Број 3. - Моето име е
Френк Вилијам Абигнеил.
...До тоа време бев и педијатар
во болница во Џорџија,
и помошник на обвинителот
во државата Луизијана.
До времето кога бев фатен,
ме сметаа за најмлад и најдрзок
измамник во историјата на САД.
Уновчив скоро 4 милиони долари
со фалсификувани чекови
во 26 разни земји и во сите
50 американски држави.
И го направив сето тоа пред
својот 19-ти роденден.
Моето име е Френк
Вилијам Абигнеил.
За прв пат ќе ни ја каже вистината
и почнуваме со прашањето на Кити.
Благодарам.
Број 1, зошто со својот талент,
а очигледно е дека сте мошне
бистро момче, не се занимававте
со законска работа?
Тоа беше навистина прашање
на долари и центи.
Кога бев помлад, ми требаа пари
и мислев дека на овој начин
полесно ќе дојдам до нив.
Број 2, мислам дека ова е навистина
восхитувачко. Кој ве фати на крајот?
Се вика Карл Хамреди.
О, о, сваќам! Хамреди,
Карл Хамреди!
Јас ...сум...Карл Хамреди.
Ние сме од ФБИ.
Имам наредба да го однесам
во американски затвор.
МАРСЕЈ, ФРАНЦИЈА
БОЖИЌНА ВЕЧЕР, 1969
Седете тука...
Нема да ја отварате таа врата...
Не смеете да подавате
ништо низ отворот.
О, супер.
Треба да се припазам и јас
да не почнам да кашлам.
Овде сум да ти ги прочитам
членовите за екстрадиција
според европскиот закон
за човечки права.
Член 1: Екстрадицијата треба
да ги почитува сите права...
Помогни ми.
Френк, издржи.
Помогни ми.
Нема да ме изработиш,
нели?
Член 2: Ако екстрадицијата вклучува
опасност од казна поголема...
Френк!
Френк.
Доведи доктор тука! - Добро.
Доктор!! Веднаш!!
Држи се Френк,
ќе те прегледа доктор.
Треба да го носам човеков
на авион за Америка,
мора да го прегледа доктор.
Докторот ќе дојде тука утре.
Тоа е предолго. Не ме интересира,
дали ви е јасно дека ако
умре вие ќе бидете одговорни!
Внимавајте, се обидува да избега!
О, Френк.
Во ред Карл. Ајде да си одиме дома.
Нашиот Ротари клуб има
традиција од 1919 година.
И сите овие години, гледам
грст заслужни господа...
Наши доживотни членови.
Чест ми е да видам 57 имиња,
познати во светот,
а вечерва стануваат 58.
Ви го претставувам мојот добар
пријател, човекот кој ги "остри"
нашите моливи...
...Освен ако не се пенкала,
Френк Вилијам Абигнеил!
6 ГОДИНИ ПОРАНО
ЊУ РОШЕЛ, ЊУЈОРК, 1963
Стојам овде понизно... во
присуството на Роберт Вагнер.
И председателот на нашиот
клуб, Џек Барнз.
Исто така ми е чест што ја
гледам овде мојата сопруга Пола...
Мојот син, Френк Јуниор...
Две мали глувчиња во кофа со кајмак.
Првото глувче, брзо се
предало и се удавило...
Второто глувче, не се откажало,
се борело толку силно,
што го претворило кајмакот
во путер и излегло надвор.
Господа, во овој миг, јас сум
како тоа второ глувче.
Подобро танцуваш од татко ти,
Френки.
Го слушна ова тато?
Што? - Мислам дека тој
веќе го знае тоа.
Пола танцуваше и кога
се земавме.
Кој ќе се сети на тоа.
- Луѓето во тоа француско село
беа толку среќни што
гледаат Американци,
што решија да направат
представа за нас.
Така, тие... - Ја знаеме
приказната тато.
Убаво се дружевме, а првите чекори
на бината ги направи мајка ти.
Почна да танцува.
Знаеш, поминаа месеци
откако не сме виделе жена.
Се појави русокос анѓел.
- Русокоса чаура од граната!
А луѓето, буквално не дишеа.
Не дишеле поради тебе.
Го слушаш тоа?!
Се свртев кон другарите
и им реков...
Нема да ја напуштам
Франција без неа.
И така направив.
- Да.
О, срање! Срање.
Не ми се верува...
- Добро е, престани.
Френки, донеси крпа.
Дојди срце.
Секогаш кога играм за тебе,
упаѓам во неволја.
Френк, разбуди се! Одиме!
Френк. Буди се.
Не мораш да одиш во училиште
денес, во ред е.
Зошто, не паѓа снег?!
- Страв од црни костуми.
Пак сум се успал. - Да.
Треба да одиме на важен
состанок во градот, ајде.
Г-ѓо, отворете ве молам!
- Г-ѓо! - Што е?!
Отвараме за половина час!
Само отворете ја вратата.
Важно е.
Жалам, ви реков отвараме
за половина час!
Како ви е името г-ѓо?
- Дарси. Тоа е убаво име.
Ако можеме да средиме некако,
треба да купам костум за мојот
син Френк... Ни треба
црн костум. - Црн?!
Имаме смртен случај во семејството
, татко ми 85 годишен воен херој...
Попладнево му е погребот, воен
погреб. - Ќе летаат авиони,
21 почесен истрел... На Френк
му треба костум на неколку часа.
Жалам, не изнајмуваме костуми
и не сме отворени!
Дарси. Дарси, ве молам, вратете се.
- Дарси, ваше ли е ова?
Тукушто го најдов на паркингот.
- Аха.
Мора да ви се слизнало
од вратот.
Излези и дојди да ја
отвориш вратата.
Добро, што е следното?
ОК, запомни.
Кога ќе влезам внатре, ќе се
вратиш на предното седиште
и ќе чекаш. Дури и да дојде
цајкан и да ти пише казна,
нема да ја помрднуваш
колата, разбра?
Тато, во што е работава?
Знаеш ли зошто Јенките
секогаш победуваат, Френк?
Поради Мики Малон.
Не затоа што другите екипи
не можат да престанат
да зјапаат во нивните
ленти на гаќите.
Гледај го ова. Менаџерот на
"Чејс Менхетн Банката",
ќе му ја отвори
вратата на татко ти.
Г-не Абигнеил, обично не им
даваме позајмица на луѓе кои
имаат нерасчистени сметки
со даночната управа.
Тоа е недоразбирање.
Вработив погрешен човек да ми ги
води книгите и направив грешка...
Секој може да згреши.
Ми треба помош да ја
"прегрмам " непогодата.
Г-не, под владина истрага сте поради данокот.
Имам сметка во "Њујорк шел ",
муштериите им се од целиот Њујорк.
Но, вие не сте наш муштерија,
не ве знаеме.
Сигурен сум дека ако се вратите во
"Њујорк шел", ќе ви помогнат.
Тие ве знаат.
Ви барам позајмица,
во што е работата. Јас...
Знам, направив грешка, го спомнав
тоа, но тие луѓе сакаат крв,
ја сакаат мојата кожа,
сакаат да ме пикнат во затвор...
Ова е Америка, нели?
Јас не сум криминалец,
јас сум почесен член на
њујоршкиот Ротари клуб...
Се што барам е помош
да ги победам тие момци!
Не е во прашање победа
или пораз, туку ризикот.
Барам само банкарски заем,
каде е чувството, каде е ризикот?
Што ќе каже мама што ни ја
земаа вака кола?
Не ни земаа ништо! Го заебавме,
ни доплати 500долари.
Ајде Френк!
Да го вратиме костумот.
Местото е добро.
Малечко е, но добро.
Ќе ти се допадне.
Ќе има помалку
работа за тебе.
Здраво тато.
- Здраво.
Каде е мајка ти?
- Не знам.
Рече дека ќе оди да
побара работа...
Што ќе бидеш ти? Продавач
на кондури по фарми?!
Што правиш?
- Палачинки.
За вечера? На 16-от
роденден на син ми?
Нема да јадам палачинки!
Нема врска. Мислеше
дека заборавив? - Јас...
Отворив тековна сметка.
На твое име. Ставив 25 долари
на сметката, купи си што сакаш,
ама не и кажувај на мајка ти.
- Нема. Благодарам.
Те одбија за заем пак?
- Да, сите банки ме одбија.
Па, зошто отвори
банкарска сметка?
Затоа што еден ден ќе ми
треба за куќа, кола...
Само немам пари.
Имаш 50 чекови Френк,
што значи дека...
Отсега понатаму,
ти си член на клубот.
Јас сум член на клубот.
Кога го имаш тоа,
имаш се.
На мое име се, а?
Кон месечината. - Кон месечината.
- Кон месечината.
Ги слушаш? Училишни се.
Треба да бидеш точен.
Мамо, рече дека си
престанала.
Френки, не мора да носиш
униформа тука.
Можеш да го соблечеш
палтото.
Се навикнав на него.
Извинете. - Да?!
- Знаете ли каде е собата бр.17?
Да...
Изгледаш како престарен.
Да, изгледа како да е професор.
Тишина ! Моето име е
г-дин Абигнеил!
Абигнеил! Не Абигнали или
Абигнели, туку Абигнеил!
Ве молам извадете си ги
учебниците!
Извинете, немам намера веќе
да повторувам! Седнете!!
Глава 7. - Отворете ја книгата
на глава 8, ве молам.
Да почнеме. Извинете,
како е вашето име?
Брад. - Брад.
Излези пред класот и почни
да го читаш 5-от дијалог.
Ме пратија... рекоа треба
да ја заменам Роберта!
Дојдов тука дури од Диксон.
Јас веќе ја менувам Роберта.
Извини, а зошто ти не читаш!?
Никогаш повеќе нема да дојдам
во "Џеферсон" повторно.
Кажете им да не ме викаат.
Срамота, да тормозат жена
на мои години...
Г-не и г-ѓо Абигнеил, не станува
збор за намерите на вашиот син.
Жал ми е што морам да ве известам
дека Френк во минатата недела
му предавал француски
на класот на г-ѓа Глас.
Што направил?!
Син ви се преправал дека е
наставник на замена.
Им предавал на учениците,
им давал домашни...
Г-ѓа Глас е болна,
малку е збунета...
Син ви вчера закажал родителска
и планирал посета на фабрика во
Трентон со целиот клас.
Гледате ли каков
проблем имаме?
Г-ѓо, имам белешка за г-дин Стентон
за закажано во 6 часот попладне.
Само момент,
веднаш се враќам.
Еј. - Да?
- Треба да ја задржиш.
Што? - Таа белешка,
треба да ја задржиш.
Тоа е порака од мајка ми,
таа е лекарка.
Да? Но знаеш ли дека е
нејзиното лого на хартија?
Кога мајка ти ти ја дала пораката,
прва работа што си требала да ја
направиш е да ја ставиш
белешката во џебот.
Френки...
Мамо, дома сум!
Се сеќаваш на онаа девојка,
Џоана, за која ти кажував!?
Ја повикав да излеземе денес.
Ќе одиме на матурска забава.
Ја виде ли мојата возачка
дозвола? Ја земав.
Тоа е се, 2 спални.
О, Френки...се сеќаваш ли на
пријателот на тато, Џек Барнз?
Од клубот. - Здраво.
Наврати да го види татко ти.
Му го покажував станот.
Многу е...пространо Пола.
Тато е во дуќан.
Френк, секој ден се повеќе
личиш на татко ти.
Благодарам за сендвичот,
Пола.
Ќе се видиме подоцна, а?
- Чекај!
Ова е ваше? - О! Благодарам Френк,
тоа е претседателската значка.
Ќе бев во голема неволја
ако ја загубев.
Ќе се видиме подоцна.
Гладен ли си Френки?
Ќе ти направам сендвич.
Џек сака да разговара за
бизнис со татко ти.
Мисли дека треба да ангажира
адвокат и да ја тужи владата.
Не беше во ред тоа што
ни го направија.
Зошто не кажеш нешто?
Нема да му кажеш, нели? - Не.
- Така е. Нема што ни да се каже.
Ќе бидам отсутна едно 2 часа.
Треба да се најдам со некои
стари пријатели од тенис клубот.
Кога ќе се вратам, ќе вечераме
сите заедно. Добро?!
Но тој не сака ништо, бидејќи...
едноставно е будалест.
Нели? Како може некој...
Ти требаат ли пари Френки?
Ќе ти треба некоја пара
да си купиш нешто.
Еве, земи, 5 долари.
Нека бидат 10.
Вети дека ќе ги оставиш.
Мамо, дома сум!
Еј! - Подалеку од овде,
ме слушна?
Кој и да си, подалеку од овде,
зошто ако дојдеш уште еднаш...
Френк, Френк,
смири се, важи?
Јас сум Дик Кезнер.
Сакам да си ги оставиш работите тука
и да дојдеш во другата соба, ОК?!
Ќе те чекам.
Не треба да се плашиш.
Тука сум Френк,
секогаш ќе бидам тука.
Но има и закони. Се во државата
треба да биде законски.
Па така, треба да донесеме
некои одлуки.
Така стојат работите.
Многу пати, овие одлуки му се
препуштаат на судот,
но тоа може да биде многу скапо.
Френк, луѓето се борат за своите деца.
- Никој не се бори!
Погледни ме Френк.
Никој не се бори.
Тато, што се случува?
- Се сеќаваш на баба ти?
Пристигна утрово.
Разбираш ли што ти
кажувам Френк?
Татко ти и јас...
се разведуваме.
Ништо нема да се смени,
пак ќе се гледаме.
Престани те молам Френк...
Не треба да го читаш целото.
Повеќето е за твоите родители,
досадно е, тоа е работа за
возрасните, но овој параграф
тука е важен, бидејќи
одредува со кого ќе живееш...
После разводот.
Под чие старателство
ќе бидеш.
Има празан простор,
еве тука...
Сакам да одиш во кујната, да седнеш,
добро да размислиш и да впишеш име.
Размисли колку што треба,
но кога ќе се вратиш тука,
сакам да има име на таа линија.
Френк, само напиши име,
се ќе биде во ред.
Какво име?!
- На мајка ти или на татко ти.
Само напиши име,
едноставно е.
Немој да си толку исплашен, не е
тест. Нема погрешен одговор.
Здраво. Еден билет до
Гранд Централ ве молам!
Тоа е 3 долара и 50 центи, г-не.
Во ред е ако платам со чек?
Сакам да му телефонирам
на татко ми.
Ќе му телефонираш кога ќе
стигнеме во Њујорк.
ПАРИЗ, ФРАНЦИЈА, 1969
За едно 47 часа.
Засега, седи таму
и биди мирен.
Од другата страна на хотелот има
апартмани со поглед на паркот.
Ова е најдобрата соба што
ФБИ може да ја одобри.
Во ред е, сум бил и во полоши.
Г-не Мадрик.
Г-не Мадрик, ве молам...
Мора да ме ислушате.
Не сакам да те слушам,
ми даде 2 лажни чека.
Знаеш ли колкави проблеми
ми направи?
Слушајте! Банката...
тие направиле грешка!
Ќе ви напишам друг
чек веднаш!
Што мислиш бе ти,
дека вчера сум се родил?!
Видете, полноќ е г-не Мадрик,
каде да одам?
Ти си дете по ѓаволите.
Оди си дома!
Се надевам дека ме разбирате.
Мојот шеф ме смести во Бруклин,
потоа во Квинс.
Сега сака да одам на Лонг Ајленд
да превземам некои муштерии ...
Жалам, не ни е дозволено да
исплатуваме чекови од други банки.
Од каде да знаеме
дека се во ред?
Како рековте дека се викате?
- Ашли.
Ашли. Знаете ли што најдов
на тротоарот надвор?
Мислам дека паднало
од вашиот врат!
Можам ли да ти помогнам
некако синко?
Видете, на баба ми и е роденден
следната недела и сакам
да и купам нешто
екстра специјално.
Ве молам, имам испит следната недела,
а ми ги украдоа книгите.
Ве молам, тоа се само 5 долари,
неопходни ми се.
Жалам, но не ни е дозволено да
прифаќаме чекови од непознати луѓе!
Мило ми е што се вративте,
капетане Карлсон.
Благодарам Анџело. Ми треба
собата баш за попладнево.
Еве не.
Може да добијам автограм?
- Ќе бидеш ли пилот? - Да.
Ете. Да одите на училиште.
Драг тато! Решив да станам
цивилен пилот.
Се пријавив во сите авиокомпании
и добив неколку покани за разговор
што ветуваат. Како е мама?
Се слушате уште?
Те сака твојот син, Френк.
Здраво. Јас сум Френк Блек
од гимназијата "Монро".
Имам закажано со г-дин Морган.
Ти си младичот што пишува
за училишниот весник!?
Да г-го, јас сум.
Сите сакаат да знаат
како е да се биде пилот.
Што е ...Како пилотот лета...
кој му кажува каде и како да лета?
Чекај, едно по едно!
Што значи тоа што еден пилот
му го кажува на друг пилот?
Каква опрема имаат?
Летаат на разни видови авиони,
ДЦ 9, 707, "Констелејшн"...
А што е со беџевите за идентификација,
сите пилоти ги носат?!
Секој пилот носи 2 работи
со себе цело време.
Една од нив е беџот со припадност
на авиокомпанијата,
како овој на "Пан Ам".
Другата е дозвола за летање
од ФАА, изгледа вака.
Би можел ли да ја копирам за да ја
вметнам во мојот напис?
Френк, можеш да ја задржиш,
важи само 3 год. и истечена е.
Благодарам!
А што е со беџот за идентификација,
имате вишок да ми го позајмите?
Не можам да ти помогнам тука.
Тоа е специјална нарачка
од "Полароид".
Кога ќе добиеш една оваква,
ќе станеш пилот на "Пан Ам".
"ПАН АМ", МОЖАМ ЛИ
ДА ВИ ПОМОГНАМ?
Да, се јавувам поради униформа.
ПРИЧЕКАЈТЕ МАЛКУ.
- Благодарам.
КАЖЕТЕ. - Јас сум копилот
од Сан Франциско.
Летав за Њујорк синоќа, но
проблемот е што треба да
полетам за Париз за 3 часа.
- КАКО МОЖЕМЕ ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ?
Ја дадов униформата на
чистење во хотелот...
Изгледа дека ја изгубиле.
ГИ ГУБАТ УНИФОРМИТЕ,
СЕ СЛУЧУВА ПОСТОЈАНО.
ОДЕТЕ ВО "ВЕЛБИЛТ ЈУНИФОРМ",
ВО БРОДВЕЈ.
ТИЕ СЕ СНАБДУВАЧИ
СО УНИФОРМИ.
ЌЕ МУ КАЖАМ НА Г-ДИН РОЗ
ДЕКА ДОАЃАТЕ.
Изгледате премлад за да
бидете пилот.
Јас сум копилот.
- Зошто сте толку нервозни?
Како би се чувствувале вие
да ја изгубите униформата,
во швалерација?
- Опуштете се.
Тука има многу униформи.
Тоа ќе ве чини 164 долари.
Добро. Ќе ви напишам чек.
Жалам, без чекови, без пари.
Ќе треба да го запишам вашиот
идентификациски број
и да го пратам во "Пан Ам".
Ќе одбијат од вашата плата.
Уште подобро!
ДРАГ ТАТО!
СЕКОГАШ МИ ВЕЛЕШЕ ДЕКА
ЧЕСЕН ЧОВЕК НЕМА ОД ШТО
ДА СЕ ПЛАШИ. СЕ ТРУДАМ СО
СИТЕ СИЛИ ДА НЕ СЕ ПЛАШАМ.
ЖАЛАМ ШТО ИЗБЕГАВ, НО
НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИШ.
ЌЕ БИДЕ СЕ ПО СТАРО ТАТО.
ТИ ВЕТУВАМ.
ЌЕ БИДЕ ПАК СЕ ПО СТАРО.
Ти си вистински пилот?
Секако млада дамо.
Како се викаш?
Селин! - Селин, мило ми е
што те запознав.
И на мене ми е мило!
Тоа се 50, 70, 90,
100 долари.
Сигурно убаво си
поминувате во Париз.
Секогаш е така.
- Се извинувам.
Јас сум Џон Матака, раководител
на овој оддел.
Ви благодарам што ги
користите нашите услуги.
Драго ми е што ве запознав,
ќе дојдам повторно. - Добро.
Сте престојувале порано кај нас?
- Не, порано престојував на
Западниот брег. Може ли да
платам со чек за собата?
Нема проблем г-не. - Добро.
Примате ли персонални чекови?
За особјето на авиокомпании,
во висина од 100 долари.
Чековите од компанијата
за плата, до 300 долари.
Рековте 300 долари
за чек од плата?!
МИЛ ТАТО. РЕШИВ ДА СТАНАМ
ПИЛОТ НА "ПАН АМ".
НАЈПОВЕРЛИВОТО ИМЕ НА
НЕБОТО. МЕ ПРИФАТИЈА
ВО СВОЈОТ ТРЕНИНГ ПРОГРАМ,
И МИ РЕКОА ДЕКА АКО РАБОТАМ
НАПОРНО, ЌЕ "ЗАРАБОТАМ"
СВОИ КРИЛА НАБРГУ.
ТЕ МОЛАМ, СТАПИ ВО КОНТАКТ
СО ЏОАНА И КАЖИ И ДЕКА МИ Е
ЖАЛ ШТО НЕ ЈА ОДВЕДОВ НА
МАТУРСКАТА. СО ЉУБОВ,
ТВОЈОТ СИН ФРЕНК.
Здраво, како сте?
- Добро, благодарам.
Сакам да уновчам чек
од плата. - Секако.
Се извинувам.
Сигурно го слушате ова постојано,
но морам да ви кажам дека имате
најубави очи што сум
видел досега.
Да, постојано го слушам тоа.
Како ги сакате?
Жалам, немаме готовина додека
не отворат банките, за еден час.
Но...сигурен сум дека можете
да го реализирате на аеродромот.
На аеродром? Кој реализира
чекови на аеродром?!
Авиокомпаниите г-не.
Секогаш се грижат за своите.
Здраво. - Здраво!
Вие сте помошникот?
Молам?
- Вие ќе летате за Мајами?
Да. Благодарам.
Малку доцните, но седиштето за
катапултирање ви е подготвено.
Помина малку време одкако
го правев ова.
Што беше тоа со седиштето?!
Пријатен лет.
Ти си помошникот?
Френк, ова е капетан Оливер.
Џон Мартин е копилотот.
Фред Кели, инжењер на летот.
- Здраво.
Френк Тејлор, "Пан Ам",
благодарам за превозот момци.
Седни си Френк, полетуваме.
На што леташ, ДЦ9?
- На 707.
Си се обидел на некој
како нашиов?
Следните 3 мес. сум уфрлен
пилот, на обука.
Не треба да се срамиш,
сите го поминавме тоа.
Седнете. - Благодарам.
Ќе се напиете нешто?
- Млеко.
90 чвора.
- Проверено.
Б-1, ротирано.
Б-2 готово.- Еве не.
ДРАГ ТАТО. ДЕНЕС Е ДИПЛОМИРАЊЕТО.
СЕГА СУМ КОПИЛОТ СО ПЛАТА
ОД 1.400 ДОЛАРИ МЕСЕЧНО,
ПЛУС ДОДАТОЦИ. МИ РЕКОА
ДЕКА МОЕТО СЕМЕЈСТВО МОЖЕ
ДА ЛЕТА БЕСПЛАТНО. ПА,
КАЖИ И НА МАМА ДА ГИ
ПАКУВА ТОРБИТЕ И ДА СИ
КУПИ НОВ КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ,
БИДЕЈЌИ ЌЕ ВЕ ВОДАМ НА
ХАВАИТЕ ЗА БОЖИЌ.
ВЕ САКАМ ТАТО.
АЛОХА! ФРЕНК.
Здраво прекуброен.
- Здраво.
Уживаш во бесплатното
возење?
Марси, ти ли го испушти ова?
Мора да ти лизнало од вратот.
- Нее.
Не! Не.
Зошто застана?
Сакам да ти кажам нешто,
Марси.
Ова е досега најдобриот
состанок на кој сум бил.
Добредојдовте во нашата банка.
Можам ли да ви помогнам?
Јас сум Френк Тејлор.
Јас сум копилот во "Пан Ам"
и би сакал да го уновчам
чекот тука и потоа...
Би сакал да те изведам
на вечера.
Сега чековите поминуваат
низ оваа машина,
се проверуваат бројките
и дури потоа ги исплаќаме.
А каде се тие бројки?
- Токму тука. - Тука?
Што станува со
чекот потоа?
Не знам, всушност никој
не прашал за тоа досега.
Следното е машина од
затворена банка во Џерси.
Тоа е микро-кодер, се користи
за кодирање банкарски чекови.
Имаме ли понуда за него?
Лицето по кое трагаме почнало
да работи на Источниот брег.
Во последниве недели развил
нов вид на измама со чекови,
што го нарековме
"Пловење".
Го прави тоа со отворање на
тековни сметки во различни
банки и потоа ги менува броевите
што се на дното на овие чекови.
Следниот слајд, молам!
Следниот слајд.
Се расипа ова чудо.
Прекини.
ШТАБОТ НА Ф.Б.И.
ВАШИНГТОН, Д.Ц.
Треба да стиснеш копче одстрана.
- Не работи.
Благодарам.
Ова е мапата на 12 банки од
државните резерви на САД.
Слајд.
Микросканерот во сите овие банки
ги чита бројките на дното на чекот...
Слајд.
И потоа, го праќа чекот во
соодветната филијала.
Карл, го знаеме ова од
банкарските измами.
Ќе ни кажеш ли за што
зборуваш, по ѓаволите?
Филијалите на Источниот брег
имаат број од 01 до 06,
централните филијали 07,
08 и понатака.
Мислиш дека броевите на дното
на чековите значат нешто?
Сето ова е во извештајот
од пред 2 дена.
Ако го смените 02 со 12,
значи дека тој чек од Њујорк,
нема да оди во Њујорк, туку во
филијалата во Сан Франциско.
Банката не знае дека чекот е
исплатен цели 2 недели, што значи,
ако нашиот субјект остане
во ист град и издава чекови
наново и наново, чековите
ќе кружат низ целата држава.
Треба да зборуваш
со жена ми.
Таа е главна за чековите
во нашата куќа.
Следниот слајд...
Тато. - Мојот син,
човекот-птица.
Убава униформа, Френк.
- Што мислиш?
Седи.
Тато, ги добиваше картичките?
- Секако.
Зошто вилушкава
е студена?
Тато, оладени се поради
салатата, така треба.
Ова е модерен ресторан.
Имам нешто за тебе.
- Што е тоа?
Отвори го.
Тоа се клучеви од "Кадилак" од 1965.
Кабриолет, гланц нов тато.
Црвен, со светла внатрешност,
раздвоени седишта, клима уред.
Ми подаруваш "Кадилак"?!
- Да.
Паркиран е надвор. Зошто
кога ќе завршиме со ручекот
не отидеш да ја земеш
мама и да се повозите?
Што ќе се случи кога даночното ќе
види дека се возам во нова кола?
Дојдов со воз Френк,
со воз и ќе се вратам дома.
Добро.
Имам доста пари. Ако некогаш
ти затреба нешто...
Загрижен си? За мене?
- Не, јас...не сум загрижен.
Мислиш дека не можам
да купам кола?
Две глувчиња, во кофа
со кајмак Френк!
Кое сум јас?
- Ти си второто глувче.
Како се одвива работата?
Малку се успори. Се е прашање
на време Френк.
Проклетата влада го знае тоа.
Те удира кога си доле...
Нема да им дозволам да
дојде до таму, па така...
Се затворив самиот себе,
наречи го блеф!
Порано или подоцна,
ќе заборават на мене.
Разбирам. И кажа на мама?
Таа е многу тврдоглава...
мајка ти.
Не се грижи, нема да се
предадам без борба.
Ќе се борам за нас.
- Тато.
Уште од денот кога ја сретнав...
Тато, од сите тие луѓе, ти сакаше
да ја доведеш дома...
Се сеќаваш на тоа?
Многумина седеа во тој дом за
дружење, гледаа како танцува...
Како се викаше градот?
- Марсеј.
Не знаев ни збор Француски.
6 недели подоцна,
таа беше моја...
Жена.
Син ми ми купи "Кадилак" денес.
Мислам дека вреди да се наздрави!
За најдобриот пилот
на небото!
Не е тоа што мислиш,
копилот сум.
Ги гледаш луѓево што зјапаат?
Ова се највлијателните луѓе во Њујорк,
а сепак ѕиркаат преку рамењата,
се прашуваат каде ќе одиш
вечер. Каде ќе одиш Френк?
Не зјапаат во мене.
Каде ќе одиш?
На некое егзотично место?!
Кажи ми каде ќе одиш?
Во Холивуд.
- Холивуд?
Ние останатите,
сите сме за никаде.
Носеше црвен фустан .
Носев градник, бркав двајца
Порториканци до паркингот.
Имаа куфер полн со пари
од грабеж на банка.
Викнав:" ФБИ, не мрдајте"
и посегнав по пиштолот,
но не можев да го најдам
во проклетиот градник,
а типовите можеа да ми
пукаат право во цицките!
Тоа е смешна случка,
луѓето секогаш се смеат на неа.
Да те прашам нешто,
Самбирски.
Ако ти било толку забавно "под маска",
зошто се префрли на банкарски измами?
Не се префрлив,
по казна сум тука.
Казнет сум,
заебав нешто на теренот.
Ти беше во единицата Фокс,
и тебе ли те казнија?!
Никогаш не работев на
терен порано.
Работев на истраги во
Министерството за правда.
Супер. Имам тим што има
проблем со дисциплината.
Може ли да те прашам нешто?
Толку си сериозен цело време?
Ти пречи? - Да. - Ти пречи ли
тебе г-не Фокс? - Претпоставувам, не.
Што, сакаш да ти кажам виц?
Да. Би сакал да чујам виц од тебе.
Чук-чук. Кој е?
- Оди еби се!
Уновчивме 3 чека,
сите се во ред.
Сакав да го положам
овој денес.
Не сакам невољи.
- Нема да има невољи.
Воопшно нема да има.
Само ќе го земам чеков на
проверка. Благодарам. - Добро.
Затоа што не сакам да ми ги
апсите муштериите.
Што сакате да кажете?
Уште е тука?!
Соба 201.
- Благодарам!
На агол сме.
- Благодарам.
Скали, скали.
Еј, г-не Марфи, како сте?
Ти ли си Френк?
- Да.
Како си Френк?
- Како е коленото?
Би сакал да е подобро!
Чувајте се. - ОК Френк.
Пилот?! - Да. - Ајде,
не можеме, немаме налог...
Можам и тебе, само држи ги
очите отворени.
Имаш ли проблем со тоа
како со градникот?
Во ред е г-ѓо, ФБИ.
201, 201...
ФБИ!!
ФБИ! Излегувај од
купатилото!
Излези од купатилото!
Рацете горе!
Очигледно сте опремени...
-Стави ги рацете на глава!
...отисок од прст за 5 секунди...
-Замолкни!
Стави ги рацете на глава!
Стави ги рацете...
Имам 200 чека тука...
- Рацете на глава!!
...Не ги ни исплатуваат...
- Спушти ги доле! Спушти ги доле!
Фрли ги!! - Опушти се!
Доцниш! Јас сум Алан, Бери
Алан, тајна служба на САД.
Вашиот тип се обиде да
скокне низ прозорец.
Мојот партнер го одведе во притвор...
- Не знам за што зборуваш.
Мислиш дека ФБИ бил
единствениот по овој тип?
Ајде бе. Фалсификувал владини
чекови, без воден печат се...
Еј, ќе ми го тргнеш тој пиштол од
пред носот, те молам, навистина.
Ме прави нервозен. - Да видам
некакви исправи. - Да, секако.
Еве го целиот новчаник.
Го сакаш и пиштолот?
Дојди и земи го и пиштолот.
Еј види, направи ми услуга
и погледни надвор!
Мојот партнер го води
додека ние зборуваме.
Се измоча во панталони
кога влеговме.
Рипна право кон прозорецот,
но го совладавме.
Еј, Марф! - Да.
Повикај полиција, не сакам луѓе да
ми шетаат по местото на злосторот!
Не очекував дека и тајната
служба е на случајот.
Не се грижи за тоа.
Како ти е името?
Карл Хамрети. Ќе ти пречи ли
ако ми покажеш легитимација?
Не можеш да бидеш доволно
внимателен деновиве.
Повеќе среќа друг пат Карл.
Да дојдеше 5 минути порано,
ќе си завршеше работа.
Среќа. 10 секунди подоцна,
ти ќе беше застрелан.
Може ли да дојдам со тебе,
би сакал да го видам тој тип.
Сигурно, само направи ми услуга.
Остани тука додека да ги
однесам доказите доле.
Не би сакал некоја собарка да
влезе овде и да ми направи збрка.
Полицијата треба да стигне
секој миг!
Чекај! Твојот новчаник.
Ќе го земам кога ќе се вратам.
Имам доверба во тебе.
Да. Тајната служба.
Еј!! Да му се сневиди!!
Глупав. Направив
глупава грешка.
Заборави. Имаме стотици
непознати субјекти тука.
Можам да го фатам
овој тип, Шон.
Најлошата работа што ја направи е
што дозволи да му го видам лицето.
Го читав извештајот.
Висок околу 175 цм., браон коса,
стар околу 27-30 години,
тежок околу 80 килограми.
Тоа може да биде било кој.
Му го слушнав гласот Шон,
му го видов лицето.
Само, биди внимателен.
Тука си 12 години.
Никој не те обвинува.
Ти практично напиша книга
за банкарските измами,
еден ден ќе станеш
шеф на оддел.
Само не се ставај во
подредена состојба.
Каква подредена состојба?
- Состојба да бидеш понижен.
Шон, сакаш ли да ти
кажам шега? - Да, секако.
Чук-чук!
На некој начин,
прашањето е поврзано.
Кога пилот ќе се пензионира,
му праќаат чек секој месец?
Да, пензискиот програм
вклучува и бенефиции.
Колку изнесува тој чек?
Слушај, не сум баш расположен сега,
оној тип ме збудалува.
Кој тип?
Еден што оди по целата земја и
проверува пилоти од "Пан Ам",
па ги прозива во весниците.
Му реков дека не е мој проблем,
бидејќи веќе не летам за "Пан Ам".
Зошто не и пилотите
од другите компании?!
"Скајвеј мен".
Весниците го сакаат овој кловн.
Го викаат "Џемс Бонд од небото".
Дали рече...
- "БОНД. ЏЕМС БОНД".
"КАЖИ МИ ЏЕНИ,
ЗОШТО ГО ПРАВИШ ОВА?"
"САКАМ ДА ПОБЕДУВАМ.
- АЈДЕ, АЈДЕ!"
"ЌЕ СЛЕТАМЕ ЗА 20 МИНУТИ."
"САКАШ НА ПОЛЕСЕН ИЛИ
ПОТЕЖОК НАЧИН"?
"ОВА НЕ Е СЕДАТИВ.
МИСЛЕВ НА НЕШТО ПОВЕЌЕ
ОДКОЛКУ ИГРАЊЕ СО ПИШТОЛИ".
"Здраво маче"... Сигурен си
дека ова е добро?
Костумот е ист
како во филмот.
ОК. Ќе земам 3.
- Секако г-не Флеминг!
Сега ви треба една спортска кола
каква што вози во филмот.
Здраво. - Здраво.
Сум ве видел ли порано?
Можеби. Пред неколку години
бев во "17".
О, да. Манекенката, Шерил.
Порано гледав твои слики
по шкафчињата.
Твоја ли е сребрената кола
паркирана напред?
Да. Една од нив.
Па...би можел да
добијам автограм?
Имаш пенкало во собата?
Парите можат да купат
се што ќе посакаш.
Таква кола има во хотелската
продавница за подароци.
Сакаш тркачки колички?
Колку чини таа кола?
-55 центи мислам.
Ќе ми ја покажеш ли
доле во продавницата ?
Колку ќе платиш?
- Извини, за што колку ќе платам?
За цела ноќ. Колку
ќе ми платиш за цела ноќ?
Шерил...навистина не знам.
Немој да си исплашен.
Дај ми понуда.
300 долари?!
- Иди фаќај риба.
500?! - Фаќај риба.
- 600. - Фаќај риба.
1000 долари.
- ОК, 1000 долари.
ОК, веднаш се враќам.
- Чекај, каде ќе одиш?!
Одам доле да уновчам чек.
Мислиш дека во овој хотел ќе ти
уновчат чек од 1000 долари?
Во 3 наутро? - Овие чекови имаат
златна гаранција, ќе ги сменат.
Мислиш дека ќе бидеме малку
сомничави? Дај да го видам тоа.
Тоа е чек на доносител,
дај ми го на мене.
Не, не можам. Чеков е на 1.400,
а се договоривме за 1.000.
Јас ќе ти вратам 400,
а ти ќе ми го дадеш чекот.
Уште подобро.
Чије е ова?
Зборува Карл Хамрети.
Среќен Божиќ!
ЗДРАВО КАРЛ.
- Ало!
Бери Алан. Тајна служба.
СЕ ОБИДУВАМ ДА ТЕ ПРОНАЈДАМ
ВО ПОСЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ ЧАСА.
Што сакаш?
Сакам да ти се извинам за тоа
што се случи во Лос Анџелес.
А-А! НЕ. НЕ МИ СЕ ИЗВИНУВАЈ.
Секогаш ли работиш за Бадник,
Карл? -Се јавив доброволно.
Семејните луѓе си отидоа
дома порано. Видов дека
носиш бурма во Л.А. и си помислев
дека имаш семејство. - Не, немам.
Сакаш да зборуваш со мене? Ајде
да разговараме, лице во лице.
Добро. Мојот апартман е во
"Тајерс енд Армс", соба 3113.
НО, ИЗУТРИНА ЗАМИНУВАМ
ЗА ЛАС ВЕГАС, НА ВИКЕНД.
Мислиш дека ќе ме
насанкаш пак?
Нема да одиш во Вегас,
не си во "Тајерс енд Армс".
Сакаш да им ја упропастам Божиќната
вечер на 20 агенти,
да те бркаат по хотелот...
Да не направиш
будали сите?
Навистина ми е жал ако
ти направив проблем.
Не,не. Не чувствуваш
жалење за мене!
Знаев дека си ти, можеби не ти
ставив лисици, но знаев.
Не знам што ти рекле
твоите, Карл.
Ми го рекоа ова,
таен агенту Бери Алан.
Како знаев, кога не погледнав
во твојот новчаник?
ОД ИСТАТА ПРИЧИНА ПОРАДИ
КОЈА "ЈЕНКИТЕ" СЕКОГАШ
ПОБЕДУВААТ. НИКОЈ НЕ МОЖЕ
ДА ГО ТРГНЕ ПОГЛЕДОТ
ОД НИВНИТЕ ЛИНИИ
НА ГАЌИЧКИТЕ.
Тие победуваат затоа што го
имаат Мики Ментал.
Никого не победиле
поради дресовите.
СИГУРЕН СИ ВО ТОА КАРЛ?
Ќе ти кажам во
што сум сигурен.
Ќе бидеш фатен.
Порано или подоцна.
Тоа е математички факт.
"КУЌАТА" СЕКОГАШ
ПОБЕДУВА.
Карл, жалам,
но треба да одам.
Не се јави само да се извинеш,
нели?
Зошто се смееш?
Ти..ти...немаш на кој друг
да се јавиш!
Уште кафе г-не?
Колекционер сте?
На што? - "Ловци на
големиот создател",
"Големиот мраз",
"Земјата на џиновите"...
За што зборуваш бе?!
Бери Алан. "Флаш".
Дете, дете...
Мислиш на стрипови?
Да, на стрипови.
"Флаш" е Бери Алан.
Ти благодарам.
...Чита стрипови.
Бери Алан е "Флаш"!
КАРЛ, УСПОРИ.
ШТО ЗБОРУВАШ?!
Тој е дете. Затоа не можеме да ги
споредиме отисоците. Тој е дете.
Сакам да ја контактираш
полицијата за податоци за сите
избегани деца во Њујорк.
Не ги заборавај ни аеродромите.
Пушта чекови низ целата земја.
- ЗОШТО БАШ ЊУЈОРК?
Поради "Јенките"!
Рече нешто за "Јенките".
Еве го на листата.
Број 33, Абигнеил.
Добар ден г-ѓо. Ние сме
агенти на ФБИ, се јавивме.
О, да. Ве очекував.
Се надевам дека ќе помогнам.
Мојот маж Џек е адвокат.
Што е со вашиот претходен маж,
г-ѓо Абигнали?
Абигнеил. Но, претпочитам
да ме викаат Бланш.
Френк Вилијам Абигнеил.
Пишува дека бил во војска.
Дали се сретнавте
за време на војната?
Да, живеев во многу мало
село во Франција, Моишар.
Место за какво не сте
чуле сигурно.
Послужете се!
- Не, не сме чуле.
Имате поднесено пријава
за избеган малолетник,
Френк Абигнеил Јуниор.
Во ред ли е Френки?
Знаете ли дека фалсификувал чекови
од сметката во "Чејс Менхетн " банката.
Да, полицијата мисли
дека е некаков криминалец!
Тоа што го сторил е престап,
г-ѓо. - Земал 1000 долари.
Пола од децата на негова возраст се
дрогираат, фрлаат со камења по вас,
а преплашени сте до смрт затоа
што син ми направил мала грешка.
Ви кажувам, сите деца треба да
јадат, им треба место за спиење!
Го разбираме тоа г-ѓо...
Имате ли слика од син ви?
Да. Ја имам целата книга
на матуранти.
Добро. Добро, ја имаме.
Пратете ја до сите
канцеларии во земјата.
Ме намести Френк Абигнеил
Јуниор, од 17 години!
Дали е Френки ОК?
Г-ѓо, жалам што морам да ви кажам.
Син ви фалсификува чекови!
Фалсификува чекови?!
Чекајте, сигурна сум дека
можеме да го средиме тоа.
Кажете ми колку пари се
и ќе ви ги надоместам.
Засега, 1.300.000 долари.
Здраво Мелани, како си?
- Здраво!
Те молам причувај ми го ова.
Френк, се е во ред.
- Придржи го ова.
Еј, настрана од системот,
навистина е скап!
Исусе! Еј, ова е италијански
изработка! Пази каде одиш!
Биди сигурен.
Френк, дојди бргу! Паднавме
во некој разговор за тебе...
Извинете, каде е... Благодарам.
...паднала етикетата. Знаеш ли
колку опасно може да биде тоа?!
Не стој тука, да не се случи повторно.
Сега, враќај се на работа!
Еј, добро си?!
Ми рече да го земам примерокот
и го земав.
Но не ми рече дека има етикета.
Еј, во ред е. Не плачи.
Како се викаш?
Бренда. - Бренда.
Бренда, не би се грижел за тоа.
Докториве не знаат баш се.
Прва недела ми е.
Сигурно ќе ме отпуштат.
Нее. Никој нема да те отпушти Бренда.
Се кладам дека си добра во работата.
Не сум. - Ако те замолам да ја
провериш состојбата на мојот
пријател Ленс Апелбаум, би го
сторила ли тоа за мене , за миг?
Г-дин Апелбаум си го
скршил зглобот.
Го лекува доктор Ешленд,
пратен е на испитување.
Гледаш!? Нема проблем.
Ова е картон за итни случаи.
Ја гледате оваа сина ѕвезда тука?
Значи дека на пациентот му е
поставена дијагноза.
А после третманот, ставаме
црвен круг тука. Гледате?!
Ми се допаѓаат протезите.
Мислам дека се добри.
Јас имав до лани.
Но ги мразев.
Ми пречеа. Уште мислам
дека ми се во устата.
Имате убави заби. - Благодарам.
Ти имаш убава насмевка.
Не, навистина! И протезите
добро ти стојат.
Благодарам.
- Нема за што.
Бренда. - Да.
Знаеш ли некое скришно место
блиску до болницата?
Не сум сигурна.
Што сакаш да правиш?
Ја сум лекар.
МИЛ ТАТО. РЕШИВ ДА "СЛЕЗАМ"
ОД ПАТОТ МАЛКУ.
СЕ ВРАБОТИВ ВО НОЌНА СМЕНА
ВО БОЛНИЦА И СРЕЌАВАМ НАВИСТИНА
ФИНИ ЛУЃЕ. УБАВО СЕ ЧУВСТВУВАМ
КОГА ИМАМ ТЛО ПОД НОЗЕТЕ И СЕ
БУДАМ ВО ИСТ КРЕВЕТ
СЕКОЈА ВЕЧЕР. КОЈ ЗНАЕ,
МОЖЕБИ ЌЕ НАЈДАМ НЕКОЈА СО
КОЈА БИ МОЖЕЛ ДА СЕ СРЕДАМ.
Медицинско училиште
на "Харвард"?
Најдобар во генерацијата?!
Детска болница
"Јужна Калифорнија"...
Доста импресивно
резиме д-ре Конорс!
За жал, се што ми треба е раководител
во собата за итни случаи,
во ноќната смена.
Некој да пази на 20 сестри.
Но...не верувам дека
ќе ве интересира тоа.
Па, ако дозволите сам
да си ги одберам сестрите...
Д-р Коноли, д-р. Харис...
- Тука.
Д-р. Ешланд. - Д-ре Конорс.
Ќе прозивате секоја вечер?!
Да, ќе прозивам д-ре Ешли.
И ако задоцните,
предлагам да донесете оправдание.
Г-ца Дасман, г-ца Мејс,
г-ца Стронг... сестра Браун...
...РАБОТА НА СРЦЕТО.
ДАЈТЕ 60 КАПКИ ВО МИНУТА.
ТРЕБА ДА СЕ САНИРААТ
ИЗГОРЕНИЦИТЕ.
ИЗГОРЕНИЦИ ОД 2 И 3
СТЕПЕН ПОКРИВААТ
ОКОЛУ 20 ПРОЦЕНТИ ОД
ПОВРШИНАТА НА КОЖАТА.
МОЖЕШ ДА ГО ЗГРИЖИШ?
- МОЖАМ.
ДА ГО ОДНЕСЕМЕ
НА ПЕДИЈАТРИЈА.
ФРЕНК КОНОРС,
ДОКТОР ПО МЕДИЦИНА
Здраво Бренда.
- Здраво д-ре Конорс.
Треба да ги потпишете.
- Благодарам.
Забележувате нешто поинаку на мене?
- Си ги извадила протезите.
Да. Се обидувам да ви
покажам цела вечер!
Леле. Колку шармантно.
Сега кога ги извади,
ќе ти биде малку чудно.
Само поминувам со јазикот преку нив,
не можам да престанам. Сам лизга.
Чувството е добро, нели?
- Даа, чувството е неверојатно.
О, мамо! - Извини.
ДОКТОР КОНОРС ВО
ИТНАТА СЛУЖБА.
ДОКТОР КОНОРС ВО
ИТНАТА СЛУЖБА
Нели треба да одиш?
Не. Не, не. Има друг доктор
во итната, ќе биде добро.
Што ако не е хирург?
- Мислиш дека треба да одам?
А, тука сте д-ре Конорс.
Г-да! Да видиме во што
е проблемот.
Базична несреќа. Фрактура
на коска, околу 5 инчи долга.
Д-ре Харис! - Да.
Се слагате ли?
- Со што г-не?
Со ова што го кажа д-р.
Ешли сега.
Да, базична незгода е,
момчето ни кажа.
Се слагате ли?
Мислам дека треба да го снимиме
на Рентген, потоа да го шиеме.
Одлично д-р Ешли,
одлично. Па...
Како што гледам нема
да ви требам, продолжете!
Упрскав, нели?
Еден збор и уплескав.
СОБЛЕКУВАЛНА НА
ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО
Чувствувајте се како дома!
Френк Абигнеил Постариот.
Ти не си цајкан!
Специјален агент Хамрети,
ФБИ.
Не сте цајкан, газдата ми кажа
дека не сте цајкан.
Ако дојдовте да ме апсите,
да облечам друг костум...
Не сум тука да ве апсам,
го барам син ви.
Во невоља е.
Знаете ли каде е?!
Ако ви кажам каде е, ќе ветите ли дека
нема да и кажете на мајка му?
Секако.
Френк направи лажни документи
и се пријави во маринци.
Сега е во Вијетнам! Тоа дете
си игра по светот,ползи по
проклетата џунгла,
се бори со комунисти...
Значи... Ве молам, не доаѓајте
во мојата куќа
да го нарекувате моето
дете криминалец, бидејќи...
Не реков дека е криминалец,
г-не Абигнеил.
Реков дека е во невоља.
Ако сакате да се јавите и да зборувате,
еве го мојот број.
Не сте татко, нели?
Извинете?! - Да бевте татко,
ќе знаевте...
никогаш нема да го
предадам својот син!
Да г-не, ве разбирам.
Џон, запиши! Ривербенд апартмани,
415 Лендовер, Атланта, Џорџија!
На пат сум кон аеродромот,
ќе се сретнам со тимот за 4 часа!
Ајде, во ред е.
Не мораш да плачеш.
Жалам. Многу ми е жал
што сум ваква.
Слушај ме.
Не ми е гајле ако си невина,
во ред?
Навистина,
можам да чекам.
Не сум невина.
Имав абортус пред 2 години.
Родителите не ми дозволуваа
да го сторам тоа.
Јас и Тод бевме за тоа.
И кога абортирав,
ме исфрлија од куќата.
Абортирав и немав
ќерка повеќе.
Еј... _ Толку ми е жал. Те молам,
не ми се лути, те молам...
Не, не, не...
- Те молам, не ми се лути...
Сега, што ако разговарам
со твоите родители,
можеби ќе ги поправиме
нештата, а?
Ги прашав, ама не дозволуваат
да се вратам дома.
А,татко ми е адвокат.
Бренда...Што ако се вериш
со доктор?
Ќе смени ли тоа нешто?
- Што?
Што ако отидам кај твоите родители...
и зборувам со татко ти?
Да побарам дозвола
да се оженам со тебе.
Празно е. - Нема никој тука.
ЊУ ОРЛЕАНС
Д-ре Конорс, лутеран сте?
Да, лутеран сум. Но, ве молам,
викајте ме Френк.
Френк, ќе сакаш ли
да кажеш молитва?
Освен, ако не ти е незгодно.
Апсолутно!
Две мали глувчиња,
упаднале во кофа со кајмак.
Првото глувче бргу се
предало и се удавило,
но второто глувче се
борело толку силно,
што го претворило
кајмакот во путер.
И излегло. Амин!
- Амин. - Амин.
Тоа беше убаво. Глувчето го
претворило кајмакот во путер.
Така е. Благодарам.
Френк, реши ли во која болница
ќе работиш тука, во Њу Орлеанс?
Па, да бидам искрен... мислам
да му се вратам на правото.
О! Дали си доктор
или правник?
Пред да отидам во медицината,
бев во Калифорнија
и работев како правник
една година, и тогаш решив...
Зошто да не се испробам
и во педијатријата?
Полн си со изненадувања.
- Да.
О, доктор и адвокат!
Можам да кажам дека
Бренда извлекла џек-пот!
Каде студираше право?
- Во "Беркли".
"Беркли"! И ти беше таму тато!
Можеби Френк може да работи кај
тебе Роџер, секогаш зборуваш
колку е тешко да се најде
заменик обвинител.
Може ли тато? Може ли, те молам,
може ли да работи со тебе?
Дали онаа змија Холингзворт
се уште предаваше таму
кога ти отиде во "Беркли"?
- Холингзворт? Да.
Понакострешен е од
кога и да било.
Уште го има кучето? Кажи ми Френк,
како му се викаше кучето?
Жалам...Кучето му цркна.
Колку незгодно. - Да.
Доктор, адвокат, лутеран...
Па, што си ти Френк?
Бидејќи мислам дека ќе ја побараш
раката на ќерка ми, за брак,
имам право да знам.
- Да знаете што, г-не?!
Вистината.
Кажи ми ја вистината Френк.
Што правиш ти тука?!
Што прави човек како тебе
со Бренда?
Ако сакаш мој благослов,
ако ја сакаш ќерка ми, сакам
да слушнам од тебе, сега.
Вистината е господине дека...
Вистина е дека...
Јас не сум доктор,
не сум адвокат...
Не сум цивилен пилот...
навистина не сум ништо.
Јас сум само дете кое се
вљуби во вашата ќерка.
Не. Знаеш што си ти?
Ти си романтичар.
Луѓето како нас не се ништо
без жените што ги сакаме.
Морам да признаам, виновен сум
за истата будалеста работа.
Ја побарав Керол после 5 состанока,
со 2 парички во џебот и дупка
во кондурите... бидејќи знаев
дека таа е вистинската!
Само напред, во ред?
Не биди исплашен. Прашај ме тоа
за што дојде да прашаш.
Г-не, што би требало за да отворам
правна канцеларија тука, во Њу Орлеанс?
Другото прашање.
Право низ таа врата.
ЛУИЗИЈАНА
ДРЖАВЕН ПРАВЕН ИСПИТ
Со среќа г-не Конорс!
- Благодарам.
26 ДЕКЕМВРИ, 1969
Френк.
Да не знаеш каде може да се
полага правен испит во Луизијана?
Во што е разликата?
Сакам побрзо да
стигнам таму.
Карл, одам во затвор на подолг рок,
не гледам во што е разликата?
Тоа е едноставно прашање.
Ќе го јадеш еклерот?
- Да. Го чувам за подоцна.
Нема да го поделиш со мене?
- Не.
Дај ми пола од еклерот
и ќе ти кажам.
Ќе дознаам, кога-тогаш.
Ќе работиш на ова. Зошто не сместиш, среди ја малку масата...
Благодарам. - Имаме ручек во12,30 со јавниот обвинител
и гувернерот Мек Кит лично.
Гувернер?!
Дали се договоривме? - Секако. - Честитам.
ФРЕНК КОНОРС
ПОМОШНИК ОБВИНИТЕЛ
Благодарам г-не. - Добредојде кај нас.
СЕГА.
ПОГЛЕДАЈТЕ ГИ ОВИЕ СЛИКИ Г-НЕ СТЈУАРТ.
ТОА СЕ СЛИКИ ОД ФРЕНСИС ЈОРК,
КОГА ГО НАЈДОВМЕ. МРТОВ.
ЕВЕ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТАА СЛИКА.
Ове е фотографија на потписот на
обвинетиот на поништен чек.
А еве и зголемување
на истиот потпис.
Споредени со потписите на писмата
што и ги пишувал на г-ѓа Сајмон,
зборуваме за можност за
измама на државата Луизијана.
Ваша висост, дами и г-да
од поротата...
Ова е непобитен доказ дека
обвинетиот всушност - лаже!
Г-не Конорс. Ова е прелиминарно
сослушување.
Нема обвинет...нема ни...
порота!
Тука сум само јас. Синко...
Што по ѓаволите не е
во ред со тебе!?
Тоа е Мич! Роџер! Мич е!
Си ги излижав
"гумите" брзајќи.
ОД СТУДИОТО ВО СИМАРОН,
ВЕЧЕРВА НИ СЕ ВО ГОСТИ
ДЕТСКИТЕ ХОРОВИ ОД
САНТА МОНИКА И ЊУЈОРК.
ЕВЕ НЕКОЛКУ ИРСКИ
ПЕСНИ ЗА СИТЕ ВАС!
Тато.
Што правиш ти тука?
Дојдов да те видам.
Зошто си облечен така?
- Работам. Најдов работа.
Гледаш што правам.
Знаеш ли добар адвокат?
Јас сум некој вид адвокат сега.
- Види ги овие писма.
Даночното бара уште...
се соочувам со 2 казни...
Го лапнаа колачот,
сега ги бараат и ронките.
Ќе ги тужам.
Знаеш во што е проблемот?
Дојди седи.
Се обидуваат да ме исплашат.
Знаеш што?!
Знаеш што? Ќе ги
натерам да ме бркаат!
До крајот на животите!
Еј, мило ми е што те гледам тато.
Седи, сакам да ти покажам нешто.
Дојдов да ти го дадам ова.
Покана за веридбена забава.
Тато, ќе се женам.
Не ми ни веруваш
дека ќе се женам.
Не треба да се грижиш за ништо тато.
Слушај, ќе ти купам нов "Кадилак".
Ќе купам куќа од 60.000 долари,
се ќе ти вратам!
Сиот накит, сиот мебел, се што
зедоа од нас, ќе го повратам назад.
Ако мама те види така облечен...
Дојде да земе некои кутии.
Тоа е во ред! Во ред е.
Ќе дојде на венчавката со нас.
Ќе ти купам нов костум тато.
Гланц нов. Еден од оние што ги
гледавме на Менхетн, со три
копчиња, супер ќе ти стои.
Како лед е. Таа не сака
да ме види.
Се обиде да и се јавиш?
Зошто не и се јавиш
баш сега?
Сакам да и се јавиш сега. Тато, само
јави и се! Јави и се, поради мене.
Јави и се. Ќе земам
2 билета за прва класа...
Мајка ти е мажена сега, за мојот
пријател Џек Боунз.
Имаат куќа на Лонг Ајленд.
Што?!
- Агент од ФБИ ме посети.
Ти ја имаш "комбинацијата" синко.
Малку се уплашени.
Шампионот навладата на САД ,
трча по ридиштата...
Бам! До месечината!
Тато, готово е.
Морам да престанам сега.
Но, ти... Никогаш нема
да те фатат Френк!
Тато, не требала да
направи така!
Зошто не седнеш...
- Зошто ти го направила тоа?
Ајде, седи со мене, напиј се
пијалак. Татко сум ти!
Тогаш, барај да престанам!
Барај да престанам.
Не можеш да престанеш!
Каде ќе одиш?!
Ајде бе Френк, каде ќе одиш?
Каде одиш? Каде ќе одиш вечер?
На некое егзотично место,
Тахити, Хаваи?!
На линија е Хамрети.
О, КАРЛ.
СРЕЌЕН БОЖИЌ.
Каде си д-ре Конорс?
КАРЛ, НЕ СУМ Д-Р КОНОРС
ВЕЌЕ ЦЕЛ МЕСЕЦ.
Па... Седам тука во мојата канцеларија,
на Божиќната вечер... Што сакаш?
ОК.
Сакам да биде готово.
Сакам да биде готово, да се
оженам и да се средам.
Се уште ни должиш
4 милиони долари.
Мислиш дека ќе ти ги дадеме
како свадбен подарок?
Нема да се извлечеш со тоа Френк.
Сакам примирје.
- НЕМА ПРИМИРЈЕ.
Ќе те фатиме, ќе одиш во затвор.
Што мислиш, така одат работиве?
Те молам пушти ме, Карл.
Те молам.
Ти се приближувам.
Уплашен си затоа што ти се
приближувам, знам дека си уплашен.
Ја паметиш ли Карен
од хотелот во Шривпорт?
Повели, биди ми гостин.
Чекот што и го даде е кај мене.
Престани да ме бркаш!
Не можам да запрам.
Тоа ми е работа.
- ВО РЕД Е КАРЛ.
Мислев да те замолам,
знаеш?!
Еј. Среќен Божиќ,
добро?
Си ја сакам работата.
Добро!
Да најдеме весници од Луизијана
од последните 2 месеца,
се што можеме да најдеме.
Што бараме? - Објави за
веридба. На име Конорс.
Конорс?! Ајде бе Карл,
го сменил името до сега!
Не може да го смени.
Таа мисли дека е Конорс!
Ако го изгуби името,
ја губи и девојката.
Честитам.
Остани со нас Френки.
- Мора да одам во тоалет.
Добро. Врати се бргу.
Добро вечер.
Карл Хамрети од ФБИ.
Би сакал да зборувам со домаќинот.
- Ќе го доведам.
Таму. - Роџер, како си?
- Здраво Бен.
Добро вечер г-да.
Јас сум Роџер Строум.
Карл Хамрети, ФБИ. Ова се
агентите Сендески и Фокс.
Извинете што упаѓаме на забавата г-не. - Нема проблем.
Што можам да сторам за вас?
Ако не е проблем, би сакал
да се видам со младоженецот.
Има ли некој проблем?
Драги, можеш да го
причуваш ова?
Да, дојди оваму.
Тоа се чекови. Од
пријателите на тато се.
Со нив ќе можеме да п
очнеме свој живот!
Бренда. - Што не е во ред?
Мораме да заминеме!
Бренда! Ме сакаш,
нели?! - Да.
Мислам, ме сакаш
без обзир на се?!
Мислам, ќе ме сакаш
и да сум болен,
и да сум сиримав,
и да имам друго име...
Френк, од каде
ти се париве?
Бренда, слушај!
Името, името не е важно!
Моето име е Френк Конорс, така?
Тоа сум со тебе!
Сите ние имаме тајни!
Понекогаш кога патувам,
го користам името Френк Тејлор,
тоа е мојата тајна!
Френк Тејлор? - Да, Френк
Тејлор, знаеш...Френк Блек...
Френк Блек?! - Да! Не е важно!
- Зошто ми го кажуваш сево ова?
Бренда. Бренда, не сакам да те
лажам повеќе! Во ред?!
Јас не сум доктор, никогаш
не сум учел медицина...
Не сум адвокат, ни пост
дипломец , ни лутеран...
Бренда, избегав од дома,
морав да отидам, имав 16 години!
Френк. Френк...
не си лутеран?
Бренда, ги гледаш сите овие пари?
Ги гледаш? Имам уште!
Уште многу! Имам пари да ни
потрајат до крајот на животите!
Види! - Френк, престани да ме
задеваш! Ти си Френк Конорс,
ти си Френк Конорс
и имаш 21 година и...
Бренда... - Зошто ме
лажеше? - Бренда.
Сакам да го знам твоето име,
кажи ми го името.
Слушај ме. - Кажи ми го името.
- Бренда.
Можеме да заминеме каде било,
но треба да ми веруваш Бренда.
Ми веруваш ли? - Да.
Ме сакаш? - Те сакам.
Извини ме мајко! Запознај се со
г-дин Хамрети. Жена ми, Керол.
Г-дин ?... - Хамрети, г-ѓо. - ...рети!
Го виде ли Френк или Бренда?
- Мислам дека се горе.
Френк!? - Бренда. Дојди ваму. ОК.
За 2 дена, ќе се најдеме на меѓународниот
аеродром во Мајами, добро?
Ќе ја напуштиш куќата откако
твоите родители ќе заспијат.
Ќе земеш такси.
Ќе му ги дадеш париве на таксистот
и ќе му кажеш да вози цела ноќ.
Треба да стигнеш до 10 часот наутро!
10. наутро, во ред?
Во која соба престојува?
- Во аголот!
Мораш да ме слушаш, добро?
- ОК.
Меѓународниот терминал во Мајами.
Добро!? Повтори.
Без оглед на се... ќе земеш такси...
и ќе бидеш таму во 10 наутро!
- ...ќе бидам таму во 10 наутро.
Без оглед на се.
За 2 дена! За 2 дена Бренда!
- За 2 дена ќе бидам таму во десет наутро.
Немој да му кажеш на никого.
Мора да ми ветиш, сега.
Чекај. чекај! Пред да отидеш, те молам
кажи ми го името! Кажи ми.
Френк Вилијам Абигнеил Јуниор.
Бренда...
Типот не се појави, мора веднаш...
- Бил известен, не е тука денес.
Ќе биде утре. Мораме да го фатиме
пред да ја напушти земјата.
Нема пасош. - Последните 6 месеци
ги помина на "Беркли".
Се кладам дека има пасош.
Затоа, сите наши луѓе нека бидат тука,
на меѓународниот аеродром "Мајами",
го користел и порано,
ги знае и излезите.
Разговарав со полицијата во Мајами.
Понудија 50 униформирани полицајци,
во две смени по 25.
Но, имаме скоро 100 луѓе
на еден аеродром.
Не мислиш ли дека треба
да ги распоредиме?
Не, не! Ова е единствениот
прифатлив!
Од каде да знаеме дека не
изнајмил кола и не отишол
на аеродром во
Њујорк или Атланта?
Бидејќи јас не сум во Њујорк.
Не сум ни во Атланта.
Да. Јас сум
Френк Робертс.
И ги водам сите
универзитети во областа.
"Пан Ам" ќе иницира нова програма
за обука на кандидати годинава.
Па, ќе наминам во вашиот
кампус утре изутрина.
Ви благодарам на сите
што дојдовте.
До крајот на денот, ќе одберам
8 млади дами, да бидат дел од...
програмата за обука на
стјуардеси на "Пан Ам".
Овие 8 млади дами ќе ме
придружуваат на 2. месечна тура
низ Европа, на курс
за односи со јавноста.
Од прва рака ќе дознаат се што треба за
да се биде стјуардеса на "Пан Америкен".
Дајте ми барем 2 човека, не, еден
човек на секои 2 шалтера. Добро?!
Сендески! - Да.
Ти и униформираните полицајци
покривајте ги страничните патеки,
влезови и излези.
Еј! Покриј ги трафиките, чистачите
и машкото ВЦ. - Го слушнавте.
Што ме квалификува да
бидам идна стјуардеса?
Па, мислам дека сум навистина
пријателски расположена,
можам навистина да помогнам
да направам луѓето да се
чувствуваат добредојдени
во авионот и...
Ќе патуваме 6.000 км. за 1 час,
на висина од 3.000 стапки.
Ајлин Ендерсон!
Меги Акер!
Дебора Џо МекМилан!
Кенди Хестон!...
Ја виде плавушата напред?
- Требаше да бидам пилот.
Хамреди! - КАРЛ, ВОКИ-ТОКИТО
НЕ МИ РАБОТИ.
ИМА ЕДЕН ТИП ВО УНИФОРМА
НА "ПАМ АМ",
СЕДИ ВО БЕЛА "КУП ДЕ ВИЛА"
ПРЕД ТЕРМИНАЛОТ.
Тоа е нашиот човек. Можеш ли
да му го видиш лицето?
ИМА ПИЛОТСКА КАПА НА
ГЛАВАТА. МИСЛАМ ДЕКА Е ТОЈ!
Излези од колата Френк!
Френк?! Излези од колата!
Држи ги рацете за да
можам да ги гледам!
Не пукајте! Јас сум само возач!
Еден човек ми плати 100 долари
да ја носам униформата
и да земам некого од аеродромот!
Кого да земеш!?
Еј!!
ХЕНДРЕТИ
СЕДУМ МЕСЕЦИ ПОДОЦНА
Јужна Америка, Австралија,
Сингапур, Египет!
Детето е сосем вон контрола.
Зошто не бев известен?
Никој не е известен г-не.
Банките не знаеа што се случува
се до последната недела!
Тоа е невозможно.
Не се известени бидејќи не е
измама. Нешто друго е.
Што е тоа што го прави?
Прави вистински чекови г-не.
Толку се совршени, што
авиокомпанијата не ја знае разликата.
Последниот чек е уновчен во Мадрид,
пред една недела.
Претпоставувам дека е сеуште таму.
Мора да одиме веднаш г-не, денес.
Да одите каде? Во Шпанија?!
Сакате да одите во Шпанија...
Очигледно е дека мора да се врати
таму каде што чековите се печатени.
Мислам дека затоа кружи по Европа.
Погледајте ја картата г-не.
Прави круг. Ги протура чековите.
Знам дека е на долготрајно, но
можеме да го следиме од Мадрид!
Сеуште можеме да го фатиме!
Жалам Карл.
Ако не можеше да го фатиш овде,
нема да го фатиш ни таму.
Г-не! Не можеме да дозволиме
да се извлече!
Не Карл. Ти дозволи да се извлече.
Совршен "116" наоколу.
Нијансите на боите се преливаат.
Нема разлевање.
Никој не може да направи нешто
вакво во САД.
Никој освен нас.
- Каде е отпечатено?
Печатено е на "Манс..."
- На "Манстер", во Хајделберг.
Прастара машина, четирибојна,
може да ја помирисате тежината.
2 тона, без мастило.
Каде може да се
отпечати нешто вакво?
Германија, Голема Британија...
- Франција! - Франција!!
Франција.
Мајка му на Френк спомна некое село
во Франција, но ние не ја видовме врската.
Селото каде го запознала
татко му на Френк!
Почнуваше на М. Беше...
Мо... нешто... Г-не Фокс!
Да. Прашање: го сретнавте
маж ви во војната?
Одговор: да, живеев во многу мало
село во Франција...
Кажи ми дека не го запиша името
на селото г-не Фокс!
Монтришард.
МОНТРИШАРД, ФРАНЦИЈА
БОЖИЌНА ВЕЧЕР, 1967
Карл. Карл!!
Среќен Божиќ!
Како тоа, зборуваме само
на Божиќ, Карл!
Секој Божиќ, јас
разоварам со тебе!
Слези Френк,
уапсен си!
Еј! Да не си гладен?
Сакаш ли грав, Карл?
Имам најдобар француски грав...
Надвор има 2 дузини
француски полицајци!
Сакаат да те приведат.
-... Сакаш малку?
Не ти помага што си Американец.
- ...Гладен си, сакаш еден гриз?!
Им реков дека ако не те изведам,
сам ќе си ставам лисици.
Имаш пиштол? Имаш
пиштол?! Немаш?!
Не. - Немаш пиштол.
И ми кажуваш дека има 2 дузини
француски полицајци надвор на
Божиќна вечер? Тоа ми кажа?! - Да.
Добро, добро.
Нема прозорци тука!
Ќе мора да погледнам
низ влезната врата!
Не! Не! Им реков дека ќе влезам
тука и ќе им дадам сигнал.
Можеш да ги ставиш овие на рацете...
- Не, не можам тоа! Не го можам тоа!
Знаеш зошто?! Затоа што мислам
дека си полн со лајна.
Мислам дека нема никој надвор.
Мислам дека сме само јас и ти.
Мислам дека сме само
јас и ти, и знаеш што?
Ќе мора да ме фатиш самиот!
Немаме време за ова.
Тоа е добро. Тоа е добро!
Кажи ми, зошто сакаше
да ме видиш?
Не те лажев!
Ама носиш бурма! Носиш бурма
Карл, ме лажеше за тоа!
Лажеше ли за тоа?! - Ме праша дали имам семејство!
Имав! Но, не повеќе.
Да! Не, не, не. Нема проблеми,
влезете веднаш.
Е тоа беше добро. Тоа беше добро.
Плати на некоја хотелска
рецепција да се јават тука?
Тоа капетан Лук. Доаѓа за 1 минута
да ме изведе надвор.
Капетан Лук?! Капетан Лук?!
О, капетан Лук, па...
мора да го видам тоа!
Ми звучи премногу
официелно, но...
Како што реков, јас...мислам
дека сме само јас и ти тука!
Јас и ти. Значи,
ќе мора да ме фатиш!
Френк! Френк!
Мора да ми веруваш за ова!
Луѓево се посрамотени
и гневни се!
Им ги ограбуваше банките,
им ги крадеше парите,
живееш во нивната земја...
Ти реков, вака ќе се случи!
Нема друг начин за да заврши.
Не прави грешка!
Тоа е добро. Тоа е добро Карл, знаеш?
Продолжи да ја повторуваш таа лага,
продолжи да ја повторуваш...
Додека не стане вистина!
Ќе те убијат!!!
Ако излезеш низ таа врата,
ќе те убијат.
Тоа е вистината?! - Да.
Имаш ли деца Карл?
Имам 4 годишна ќерка.
Заколни се во ќерката.
Заколни се.
Заколни се.
Тоа беше навистина добро Карл.
Го имам, во ред е!
Го имам, во ред е!
Го имам!
Сакам да влезе во записник.
Френк Абигнеил се предаде сам.
Разбирате? Каде го водите?
Треба да одиме.
Каде го водите?
Пуштете ме во колата!
Пуштете ме во колата!
Не грижи се Френк.
Ги имам документите за екстрадиција,
ќе средам, не се грижи!
Карл. Карл.
Сети се дека треба да му се јавам на
татко ми кога ќе слетаме.
Сакам да зборувам со него пред да
ме види на ТВ или на нешто слично.
Карл види. Ене го аеродромот
"Ла гуардиа".
Френк, татко ти е мртов.
Жалам.
Не сакав да ти кажам ништо додека
не се приближиме до дома. Тој...
Паднал од перонот на станицата
"Гранд централ" обидувајќи да фати воз.
Не сакав баш јас да ти кажам.
Лажеш нели? Рече дека ќе можам
да зборувам со него.
Карл, кој си ти да кажеш такво нешто, а?
Који ти да кажеш, рече дека ќе можам
да зборувам со него!
Паднал...и си го скршил
вратот, жалам.
Навистина ми е жал.
Боже! Тато!
Карл, ми се гади!
Во ред е...
Ќе повраќам.
Мора да седнете г-не,
ви реков веќе два пати.
Да, извинете...- Слетуваме.
Сите до еден! - Френк!
Излегувај! Френк?!
Слетуваме за 6 минути, сите мора
да бидете на своите седишта...
Френк! Отвори ја вратата! Френк!!
Френк, Френк!!
Останете на своите места,
ве молам!
ФБИ, останете сите
на своите места!
Останете да седите.
Се е во ред!
Свемоќен Господе!
Како се викаш?
Каде е мајка ти?
Карл, стави ме во
кола, те молам!
Стави ме во кола.
Ставете го внатре.
СО ОГЛЕД НА ТЕЖИНАТА НА ДЕЛАТА,
ВАШЕТО МИНАТО НА ДРСКО
И НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ,
И ЦЕЛОСНИОТ НЕДОСТАТОК
НА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ
НА САД, НЕМАМ ДРУГ ИЗБОР
ОСВЕН ДА ГО ОТФРЛАМ ВАШЕТО
БАРАЊЕ ДА БИДЕТЕ ТРЕТИРАН
КАКО МАЛОЛЕТНИК. ВЕ ОСУДУВАМ
НА 12 ГОДИНИ ЗАТВОР СО
МАКСИМАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
ВО АТЛАНТА, И ПРЕПОРАЧУВАМ
СТРОГА ИЗОЛАЦИЈА ДО
ИСТЕКОТ НА КАЗНАТА.
Среќен Божиќ, Френк!
Ти донесов некои стрипови.
Како е ќерка ти?
Како и беше името?!
Грејс. Не знам, живее со мајка и
во Чикаго, не ја гледам баш многу.
Што има во актовката?
Одам на аеродром. Некои хартии,
ќе работам на патот до Минесота.
О, Боже. Ме излудува.
Имаш внатре некој чек?
- Да, имам.
Сметководител од Друен,
си доделил самиот заем.
Гледаш, користел "Денсел"
машина за преправка.
Да, шалтерскиот работник
во банката.
Повтори?! - Дефинитивно е
шалтерскиот работник Карл.
Банките секогаш користат
рачен печат за датирање.
Го користел повеќе пати,
излижан е.
Бројките секогаш се прекршуваат.
6-те и 9-те.
Првин гледај ги нив.
Благодарам.
Сакам да погледнеш нешто.
Кажи ми што мислиш?
Лажен е. - Од каде знаеш,
не го ни погледна?
Нема перфориран раб, нели?!
Чеков е рачно сечен, не е откинат.
Хартијата е дупло подебела,
многу е потежок од банкарски чек.
Магнетното мастило се брише
кога поминувам со прст...
Не мириса на "микер", туку на
некој вид на печатарско мастило.
Такво може да најдете
во дуќаните.
Френк. Дали си заинтересиран
да работиш за ФБИ,
во одделот за финансиски
криминал?
Имам работа и тука, знаете...
Испорачувам писма.
Френк, имаме моќ да те
извадиме од затвор.
Ќе бидеш префрлен под
старателство на ФБИ, а остатокот
од казната ќе го поминеш
како вработен во Сојузната влада.
Под чие старателство?
Здраво. Јас сум Френк Абигнеил.
Треба да почнам да почнам
да работам тука од денес.
Тоа е туристичка компанија
што работи на ББА.
Г-не! Г-дин Абигнеил е тука.
- Ќе ти се јавам повторно.
Здраво Карл. - Добре дојде во ФБИ.
Да ти покажам каде ќе работиш.
Карл.Колку време
ќе работам тука?
Од 8,15 наутро до 5часот попладне.
45 минути пауза за ручек.
Не...Мислам, колку долго?
Секој ден. Секој ден Френк,
додека не те пуштиме да си одиш.
ИЗМАМИ СО ЧЕКОВИ
Да! - Здраво Карл.
- Здраво.
Како си? - Не е баш
вистинско време, Френк.
Ја расчистувам
масата за викендот.
Ќе ти пречи ако дојдам
да работам со тебе утре?
Утре? Сабота е. Летам за
Чикаго да си ја видам ќерката.
Се враќам за работа,
во понеделник.
Одиш да ја видиш Грејс, а?! - Таков ми е планот.
А што треба јас да
правам до понеделник?
Жал ми е дете, не можам да
ти помогнам тука. Извини ме.
Зборува Хендрети.
Да, поврзи го.
Г-ѓо Сојер, како сте?
Имам уште чекови од
тур-оператерот од ББА.
ФАТЕН
Како си Френк?
Ќе тркнеш ли до Луизијана?
Што правиш ти тука?
Слушај. Жалам што те
уплеткав во ова.
Ако се вратиш во Европа,
ќе умреш во затвор.
Пробај да бегаш низ САД, ќе те
вратиме во Атланта на 50 год.
Го знам тоа.
Потрошив 4 години обидувајќи се
да го средам твоето ослободување.
И да го убедам својот шеф и целиот
ФБИ и државниот обвинителна САД,
дека нема да бегаш.
Кој те терал?
Ти си само дете.
- Јас не сум твое дете.
Рече дека ќе одиш
во Чикаго!
Не можам да се видам со ќерка ми
овој викенд. Отишла на скијање.
Рече дека има 4 години,
лажеш.
Имаше 4 кога ја оставив.
Сега има 15.
Жена ми се премажи
пред 11 години.
Јас се гледам со
Грејс повремено.
Не разбирам.
- Секако дека разбираш.
Понекогаш е полесно да се живее во лаги.
Да не го пропуштиш вечерашниов лет Френк.
Нема ни да се обидувам да те запрам,
бидејќи знам дека ќе се
вратиш во понеделник.
Да. Од каде знаеш
дека ќе се вратам?
Види...Френк,
никој не те прогонува.
Алис. Сигурна си дека не се
јавил? - Не се јавил.
Добро утро.
Го свикав овој состанок за да
продискутираме за измами со чекови,
преправање и фалсификување чекови
во претходниот период во Аризона.
Некои субјекти се големи "ѕверки",
преправаат чекови на несватливи начини.
Извинете што доцнам.
Извинете.
Имаме таков преправен чек
на бирото на агентот Ридерс.
Судејќи по трагите на секоја линија,
оригиналната сума била 16 долари.
Може да погледнам?!
Исплатен во Флагстаф,
пред една недела.
Ја чинеше банката 16.000 долари.
Чекот е вистински. - Да. Бил загубен.
Мислам дека потписот е оригинален.
Совршен е Карл.
Ова е хидрохлориден раствор.
Не, нешто ново е.
Можеби отстранувач на лак за нокти,
ацетонот го брише мастилото.
Како го направи тоа Френк?
Како ги измами на правосудниот
испит во Луизијана?
Не мамев. Научив за
2 недели и поминав.
Вистина ли е тоа Френк?
Вистина ли е?
Типов ги краде чековите по
поштенски сандачиња.
Ги симнува вистинските
имиња и го става своето на нив.
Мислиш дека е локален?
Ако ме прашуваш мене,
би ја повикал првин банката
и би ги проверил сметките...
Кој има повеќе пари, тој е
нашиот човек. - Точно така.
Знаеш Карл, мислам дека
типот е прилично паметен.
Се друго што му треба,
е хемикалија.
Почнуваме прво
со тоа изутрина.
ФРЕНК АБИГНАИЛ ЈУНИОР
Е ЖЕНЕТ ВЕЌЕ 26 ГОДИНИ.
ИМА ТРИ СИНА И ЖИВЕЕ
ПОВЛЕЧЕНО НА СРЕДНИОТ ЗАПАД.
ОТКОГА Е ОСЛОБОДЕН
ОД ЗАТВОРОТ ВО 1974,
ФРЕНК МУ ПОМАГАШЕ НА ФБИ
ВО ФАЌАЊЕТО НА НЕКОИ ОД
НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈВЕШТИ
СВЕТСКИ ФАЛСИФИКАТОРИ НА
ЧЕКОВИ И ИЗМАМНИЦИ, И СЕ
СМЕТА ЗА ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ
СВЕТСКИ АВТОРИТЕТИ ЗА
БАНКАРСКИ ИЗМАМИ И ФАЛСИФИКАТИ.
ФРЕНК ИСТО ТАКА ДИЗАЈНИРАШЕ
МНОГУ ОД ЗАШТИТНИТЕ ОЗНАКИ
НА БАНКАРСКИТЕ ЧЕКОВИ И
ТИКЕТИ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА, ШТО
СЕКОЈДНЕВНО ГИ
КОРИСТАТ 500 КОМПАНИИ.
ЗА НЕГОВИТЕ УСЛУГИ,
ОВИЕ КОМПАНИИ МУ ПЛАЌААТ
НА ФРАНК АБИГНЕИЛ ЈУНИОР
МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО.
ФРЕНК И КАРЛ ОСТАНАА БЛИСКИ
ПРИЈАТЕЛИ СЕ ДО ДЕНЕС.
К Р А Ј