Tip:
Highlight text to annotate it
X
Ронсон е надвор од игра. Потребна е
итна медицинска евакуација.
Каде е? Дали е таму? -Хард
дискот го нема? -Дали си сигурен?
Го нема. Дај ми минута. -Мора
тие да го земале. Оди по нив.
Го стабилизирам Ронсон.
-Немаме време.
Мора да го сопрам крварењето.
-Остави го!
Го гледаш ли?
-Во црното ауди е.
Што е со Ронсон?
-Погоден е.
Праќаме единица за итна евакуација.
Ќе биде предоцна.
Дали не примети?
Медицинска евакуација за Ронсон,
5 минути.
Во ред е, и така не го користеше.
Ни тој го немав користено.
Главата долу!
Тргајте се!
Танер, во која насока? -Продолжи.
Јас ќе те водам понатаму.
И двајцата знаеме што е во игра.
Не смееме да го изгубиме тој список.
Разбирам, госпоѓо.
Каде се сега?
-На кровот на големиот Базаар.
Сврти лево, тука имаш мост.
Можеш да му го пресечеш патот.
Што се случува? -На воз се, госпоѓо.
-Како мислиш "на воз"?
Мислам, горе се на воз.
-Оди по нив, по ѓаволите.
Уште малку и ќе биде надвор од домет.
-Мораш да го следиш, слепи сме.
Што се случува?
-Се уште сум со нив.
Префрлите на видео надзор,
сателит, било што.
Што беше тоа?
-3 VW буби, мислам.
Ги одделува вагоните.
007, дали си добро?
-Само ги менувам вагоните.
Што се случува? Рапортирај!
-Тешко е за објаснување, госпоѓо.
007 е се уште во потера.
Нема уште многу пат.
Не можам понатаму со кола.
Можеби можам да пукам.
Немам чиста мета.
Повторувам. Немам чиста мета.
Доаѓаат пред тунел.
Ќе ги изгубам.
Можеш ли да најдеш подобра позиција?
-Немам време.
Пукај.
Реков, "пукај"!
Не можам, ќе го погодам Бонд.
-Испукај го проклетиот куршум.
Агент погоден.
ЛОНДОН
МИ6
ПОСМРТНИЦА
Како да сум повикана кај деканот.
Се работи за нов директор,
стандардна процедура.
Јас тоа го викам проклето
губење на време.
Жал ми е што мора да расправаме
за така деликатна тема
уште при првата средба.
Но, M,
морам да бидам искрен со вас.
Тоа би била добра идеја.
Премиерот е загрижен.
Кажете му дека моите оперативци
го даваат својот максимум.
Дали размислувавте за отповикување на
агентите? -Размотрена е секоја опција.
Простете, но тоа ми звучи како изговор.
Се извинувам, зошто сум јас тука?
Пред три месеци го изгубивте хард дискот
во кој се наоѓаа идентитетите
на скоро секој агент на НАТО,
инфилтрирани во
терористички организации ширум светот.
Список, кој во очите на нашите
сојузници, никогаш не постоел.
Ако ми простите, мислам
дека знаете зошто сте тука.
Како би го нарекле ова,
"цивилен надзор"? -Не, ова го викаме
"правење планови за пензија".
Вашата татковина има
длабоко почитување за вас
и вашата долгогодишна работа.
Кога подготовките за вашето пензионирање
се спроведат до крај,
ќе бидете одликувани
со Големиот крст на Свети Михаил и
Свети Ѓорѓи со сите почести.
Честитам.
-Ми давате отказ?
Не, госпоѓо. Тука сум да ја
надгледувам состојбата
која ќе води кон вашето доброволно
пензионирање во рок од два месеци.
Вашиот наследник се уште не е поставен,
па ќе побараме од вас...
Не сум идиот, Мелори.
Свесна сум дека не можам да ја работам
работава доживотно.
Но, да бидам проклета
ако ја напуштам службата
во полоша состојба отколку што беше
пред да дојдам.
M, беше многу успешна.
Треба да си отидеш со дигната глава.
-По ѓаволите со достоинството.
Ќе отидам кога работата ќе биде
завршена.
Да?
Сега?
Госпоѓо, узбуна во одделот КЈУ,
некој се обидува да го дешифрира
украдениот хард диск.
Го следат вметнатиот сигнал.
Го лоцираме во моментот.
Сигналот е во Обединетото Кралство.
Лондон.
Вози не назад колку можеш побрзо.
Доаѓа од МИ6.
-Што?
Д-клучот се поврзува со нашата мрежа.
Корекција, се наоѓа позади нашата
телефонска линија.
Треба да го прекинеме.
-Немој, следи го.
Мора да дознаеме од каде доаѓа.
Одстранете ја заштитата, обидете се
да го пронајдете изворот.
Како ли, по ѓаволите,
влегоа во системот?
Влезете му во трагата, веднаш.
Изгледа дека...
Изгледа дека е во прашање вашиот
компјутер, госпоѓо. -Исклучете го.
Што е ова?
РАЗМИСЛЕТЕ ЗА СВОИТЕ ГРЕВОВИ
Господе!
Тргајте се од патот.
Зарем не го препознавате автомобилот?
-Госпоѓо...
...изгледа како сериозен
терористички напад среде Лондон.
Се уште никој не превзел одговорност
за она што изворите го викаат
можен сајбер-терористички напад
на британската Тајна служба.
Според првичните извештаи од местото на
настанот има најмалку шесторица мртви,
многу повредени,
додека жртвите се евакуираат
во најблиската болница.
Време е да тргнеме, госпоѓо.
Кој и да го направил ова, ќе го најдам.
Каде, по ѓаволите, беше до сега?
Уживав во смртта.
007 се јавува на должност.
Зошто не се јави?
-Зарем не ја доби разгледницата?
Понекогаш, треба да се тргнеш од се,
го проширува видикот.
Ти снема пијалок таму каде што беше,
нели? -Како го кажа?
"Испукај го проклетиот куршум".
Донесов одлука.
Требаше да ми веруваш
дека ќе ја завршам работата.
Постоеше можност да те загубиме,
или сигурно да ги загубиме
другите агенти.
Донесов единствена можна одлука,
и ти тоа го знаеш.
Мислам дека се уплаши.
-Што очекуваш, извинување?
Правилата на игра ти се познати.
Доволно долго ја играш.
Двајцата.
-Можеби предолго.
Зборувај во свое име.
Ронсон не се извлече, зарем не?
Не.
Тоа е тоа. И двајцата сме изиграни.
Ако веруваш во тоа, зошто се врати?
Добро прашање.
Затоа што сме нападнати.
А ти знаеш дека си ни потребен.
Па, тука сум.
Ќе мора да поднесеш извештај, и ќе бидеш
прогласен за способен за активна служба.
Ќе се вратиш на должност откако
ќе ги поминеш сите тестови,
затоа биди сериозен.
Туширање би бил добар почеток.
Ќе одам да се пресоблечам дома.
-Го продадовме твојот стан.
Сите твои работи ги ставивме во магацин.
Стандардна процедура
во случај на смрт на вработен самец
без блиска родбина.
Требаше да се јавиш.
-Ќе бидам во хотел.
Тука сигурно нема да спиеш.
Непријателот го хакирал контролниот
систем за одржување на живот,
ги блокирал протоколите за безбедност
и пуштил гас.
Сето тоа требаше да биде невозможно,
згора на се хакирани се и нејзините
документи. Знаеле за сите состаноци,
како и тоа дека ќе биде надвор
од зградата. -Таа не им беше мета,
сакаа сето ова да го види.
Каде сме, Танер?
-Во новиот команден центар.
Целата зграда е означена како
стратегиски важна.
Го одзема здивот.
Многу е способен штом успеа да влезе во
најбезбедниот комп. систем во Британија.
Сега сме во војна.
Ова порано беше дел од
бункерот на Черчил.
Се уште откриваме тунели кои
потекнуваат од 18-от век.
Фасцинира тоа што нема стаорци.
Кога ќе ја видам M?
-Утре ќе ја видиш M,
и Мелори исто така, ако имаш среќа.
-Кој е Мелори?
Новиот претседател на
Разурнувачкиот безбедносен комитет.
Многу шармантен тип. Мислам
дека ќе се согласувате многу добро.
Добро дојде во новиот МИ6.
Се обидовме да влеземе во трага
на пораката од компјутерот, но,
била пратена од страна на
асиметричен безбедносен алгоритам
кој пак го распрскал сигналот
ширум светот
по пат на 1000 различни сервери.
Сега, откако ги имаат шифрите на M,
прашање на време е кога ќе успеат
да го дешифрираат списокот.
Одделот КЈУ ја анализира сликата,
но досега немаме ништо.
На мислење сме дека се работи
за некој од нејзиното минато,
можеби од времето
кога била шеф во Хонг Конг.
Таа нема идеја што значи сево ова.
-А ти веруваш во тоа?
Вистината е дека не сме ни блиску до
тоа кој би можел да го земе списокот,
или што планираат да направат со него.
Ова би можеле и подоцна
да го сработиме.
Знаеш што, подоцна.
Сакам да почнам со некои
прости зборчиња за асоцијација.
Се што треба е да ми го кажете
првиот збор што ќе ви падне на ум.
На пример, ако кажам ден,
вие можете да кажете... -Изгубен.
Во ред.
Пиштол?
-Истрел.
Агент?
-Провокатор.
Жена?
-Заводничка.
Срце?
-Мета.
Птица?
-Небо.
M?
-Кучка.
Сончева светлина?
-Пливање.
Месечина?
-Игра.
Убиство?
-Работа.
Држава?
-Англија.
"Skyfall"?
"Skyfall"?
Тука завршив.
Ова е добро, за сега.
Анализирајте го ова.
-САМО ЗА НЕЈЗИНИТЕ ОЧИ-
Ве чека.
Извинете, се знаеме ли од порано?
Јас сум таа која треба да се извини.
Во прашање беа само 4 ребра,
и некои помалку важни органи.
Ништо сериозно.
Премалку возбудувања во Истанбул?
-Ме преместија.
Привремена суспензија
од работа на терен.
Навистина?
-Нешто во врска со убивање на 007.
Стрелаше најдобро што можеше. -Тешко
дека тоа беше мојот најдобар истрел.
Сигурен сум дека би го преживеал твојот
најдобар истрел. -Ќе добиеш шанса.
Ќе ми направиш ли услуга, сакаш?
Ако повторно те пратат таму,
предупреди ме прво.
Му помагам на Герет Мелори
околу пробниот период,
па после тоа повторно
се враќам на терен.
Го сакаш тоа?
-Да, секако.
Таа работа не е за секого.
-007...
Дојди.
-Колку да знаеш,
подвижната цел е
многу потешка за погодок.
Тогаш подобро би ти било
да продолжиш да се движиш.
Цел спрат го снема во облак на чад
а проклетникот преживеа.
Твоите совети за средување на ентериерот
од секогаш биле на цена, 007.
007, Герет Мелори.
Се надевам дека ништо не пропуштив, но,
премиерот притиска поради кризава.
Бонд.
-Мелори.
Штотуку ги видов тестовите на Бонд.
Изгледа дека помина,
за влакно.
Се враќаш во активна служба.
Честитам.
-Благодарам.
Ќе бидам надвор.
-Имам само едно прашање.
Зошто не останавте мртов?
Имавте одличен излез.
Можевте некаде мирно да живеете.
Не добиваат агентите често оваква
шанса лесно да излезат од служба.
Дали сте на терен многу често?
Не е потребно да бидеш на терен
за да видиш нешто толку очигледно.
Тоа е игра за младите луѓе.
Видете, бевте сериозно ранети.
Не е срамота да признаете
дека не можете повеќе.
Поголем срам е да го признаете тоа
кога ќе биде предоцна.
Вработете ме или отпуштете ме.
Се зависи од вас.
Ако вика дека е спремен,
јас му верувам.
Можеби не можеш тоа да го видиш,
или не сакаш.
На што точно мислиш?
Сентиментална си кога е тој во прашање.
Се додека јас ја водам службата,
сама ќе ги одбирам оперативците.
Чесно.
Со среќа, 007.
И гледај да не упрскаш.
Ги анализиравме делчињата од шрапнелот.
Среќа твоја што не беше директен
погодок. Ќе те пресечеше на пола.
Чаурата е од осиромашен ураниум, воена.
Тешко се наоѓа, многу е скапа
и ја користат само неколку одбрани.
Препознаваш ли некого?
Него.
Се вика Патрис.
Вистински дух.
Земја на потекло и живеење, непознато.
-Како да го најдеме?
Среќна околност е што се уште
имаме пријател, два, во ЦИА.
Го бараат за убиство на еврејскиот
амбасадор. Му се доближуваат.
Информациите укажуваат дека ќе биде во
Шангај за два дена. Сигурно нов договор.
Оди таму и чекај на понатамошни
инструкции.
Ако се појави, твој е.
Дознај за кого работи
и кој го има списокот.
Освети се за Ронсон.
-Со задоволство.
Има ли уште нешто што сакаш
да ми кажеш?
Не.
Јави се кај новиот интендант
за документи.
Тешко се снаоѓа,
но Танер ќе ве организира.
Со среќа.
-Благодарам.
007...
Дали си спремен за ова?
Да, госпоѓо.
Не знаев дека Бонд ги поминал
тестовите.
Не ги помина.
Секогаш прави да осеќам некоја
меланхонија.
Голем стар воен брод,
срамно го влечат на отпад.
Времето си проаѓа,
зарем не мислите така?
Што вие гледате?
Проклето голем брод.
Извинете ме.
-007...
Јас сум вашиот нов интендант.
Сигурно се шегуваш.
Зошто, требаше да носам бел мантил?
Затоа што косата не ти е бела.
Тешко дека косата е мерило за нешто.
-Лојалноста сигурно.
Годините не се гаранција за успех.
А младоста не е гаранција за иновации.
Ќе ви кажам дека можам поголема
штета да направам од мојот лаптоп,
додека седам во пижами
пред да го испијам чајот,
отколку што ти би направил за година
дена на терен. -Па, која е мојата улога?
Од време на време некој мора
да го повлече чкрапалото.
Или не.
Тешко е да направиш добар избор
кога си во пижами.
КЈУ...
007.
Билет за Шангај.
Документи и пасош.
-Благодарам.
И ова.
Валтер ППК, 9 мм краток.
Во рачката се наоѓа
микродермален сензор,
кодиран да ја препознае твојата дланка,
така да само ти можеш да пукаш од него.
Од една страна машина за убивање,
од друга страна твој личен печат.
А ова?
Стандарден радио трансмитер.
Кога ќе го активираш ја покажува
твојата локација,
и праќа повик за помош.
И тоа е тоа.
Пиштол и радио.
Не е Божиќ, зарем не?
Да не очекуваше пенкало што експлодира?
Не се занимаваме повеќе со тоа.
Со среќа на терен.
И те молам,
гледај да не ми ја загубиш опремата.
Храбриот нов свет.
ШАНГАЈ
EWA, ЛЕТ 226,
21:00
Кај кого е списокот?
Кажи ми...
За кого работиш?
ДАЛИ РАЗМИСЛИВТЕ?
КЛИКНЕТЕ ТУКА ДА ЈА ПОДИГНЕТЕ НАГРАДАТА
Ги стави првите 5 имиња.
Нивната маска е откриена.
Во опасност се. Повлечете ги веднаш.
УШТЕ ПЕТОРИЦА. СЕКОЈА НЕДЕЛА.
РАЗМИСЛЕТЕ ЗА СВОИТЕ ГРЕВОВИ
Макао
Сервис за послужување.
Ништо не нарачав. Дури ни тебе.
Имам нова информација.
Премногу си квалификувана
за пораки да пренесуваш.
Па, и тоа е дел од занаетот.
А КЈУ се плаши од летање.
-Секако дека се плаши.
Тој што го украл списокот
до сега сигурно го дешифрирал.
Ги поставија првите 5 имиња
на интернет.
Беше само прашање на време.
-Тоа е само почеток.
Ќе постават уште 5 следната недела,
како и неделата после неа.
Тоа е некаква садистичка игра.
Бричење со брич.
Колку традиционално.
Сакам да ги правам работите
на старински начин.
Понекогаш старинските начини
се најдобри.
Повторно ставаш нож во мојата рака?
Веќе ме известија за списокот,
а тоа ме прави многу љубопитен,
што ти всушност бараш тука.
Првичната директива беше да помогнам,
како знам и умеам.
Како што е шпијунирањето
во корист на Мелори.
Знаеш, Мелори и не е толку лош
како што мислиш.
Тој е бирократ.
Требаше да си ја завршиш домашната.
Герет Мелори бил потполковник...
Потполковник во северно-ирскиот
Херефорд полк.
Поминал три месеци во заробеништво на
ИРА.
Има многу поголем потенцијал
отколку што се гледа на прв поглед.
Ќе видиме.
Биди мирен.
Ова е зафркнатиот дел.
Веќе е подобро.
Сега ја знаеш својата улога.
А тоа е?
Старо куче,
нови трикови.
Добро вечер.
-Добро вечер.
Не го чепкај увото.
Има три излези.
И многу мртви агли.
Јас ќе те покривам.
Изгледаш прекрасно во таа хаљина.
-Ни ти не си лош.
Зачудува што се може да се направи
со додатен пар на раце.
Мене ми кажуваш.
Се коцкаш ли? -Сакам да се коцкам
на ситно од време на време.
Кој не сака да ризикува?
Добро вечер, г-не. Како можам да ви
помогнам? -Сакам ова да го кеширам.
Момент, господине.
Со среќа вечерва, господине.
Да се надеваме.
Куќата чести, г-не.
Благодарам.
Сега можете да си дозволите
да ми платите пијалок?
Можеби би можел и два.
Претпоставувам дека тука имам
4 милиони евра. -Не е лошо.
Ми се допаѓа играва.
-Зошто не играме некоја нова?
Не се коцкам.
Немам многу среќа.
Како нашиот пријател во Шангај.
Чекав да видам кој ќе дојде по парите.
Триумфално влеговте
во нашата мала драма.
Да не го закомплицирав заплетот
премногу?
Не е на одмет малку пресврт
од време на време.
Господине...
-Бонд. Џемс Бонд.
Северин, значи господине Бонд,
може ли да разговараме за вашиот
следен настап, со пијалок?
Не е лошо.
Ќе ни се придружат и вашите пријатели?
Се плашам дека тоа е неизбежно.
Убава е...
-Да, да...
...ако сакаш таков тип на жени.
Ќе те известувам.
Одлично.
Ќе биде ли премногу ако ве прашам
нешто во врска со работата?
Зависи од прашањето.
Поврзано е со смртта.
Четиво во кое сте добро упатени.
Како би знаеле?
Само одреден тип на жени
носи хаљина со гол грб,
и Берета 70 закачена за бут.
Никогаш не можете да бидете сигурни
кога
згодни типови во смокинг носат Валтер.
Претпоставувам дека вие
го убивте Патрис?
Да.
Може ли да прашам зошто?
Сакам да се сретнам со вашиот
налогодавач.
Внимателно со желбите.
Уплашена си.
Благодарам на пијалокот,
господине Бонд.
Добро глумиш,
но откако седнавме тука
не престана да гледаш во
телохранителите.
Тројца се премногу.
Тие не те штитат, те контролираат.
Тетоважата на раката е
белег на бело робје од Макао.
Припаѓаш на една од јавните куќи. Колку
си имала кога те продале, 12 години?
13?
Претпоставувам, си мислела
дека токму тој е твојот излез.
Или, дека си вљубена.
Тоа било многу одамна.
Не знаеш ништо за тоа.
Знам кога жена е уплашена
и кога се претвара дека не е.
Колку многу знаеш за стравот?
Се.
Не за оваков.
Ниту за него.
Можам да ти помогнам.
Не би рекла.
-Дозволи ми да се обидам.
Како?
Однеси ме кај него.
Можеш ли да го убиеш?
-Да.
Сакаш ли?
-Некој обично умира.
Можеби и можеш.
Кога ќе отидам, тие ќе те убијат.
Ако преживееш, јас сум на Кимера,
Северно пристаниште, док 7.
Тргнуваме за еден час.
Мило ми е што се сретнавме,
господине Бонд.
Со среќа.
Среќно со тоа.
Благодарам.
Стави се на црвено.
Таков е животот.
Да?
Време е да тргнеме.
Во ред.
Повеќе ми се допаѓаш без Беретата.
Се чувствувам гола без неа.
Добро вечер. Контроверзите околу
министерството за одбрана ескалираа
денес, додека сликите на убиството
на Хусеин и понатаму кружат.
Ве предупредуваме дека
на некои гледачи овие снимки
можат да им бидат многу
вознемирувачки.
Капетан Хусеин, оперативец на МИ6
инфилтриран на Средниот исток
беше еден од петорицата откриени
агенти во она што сега се смета
како најголемо нарушување
на внатрешната безбедност
во модерната британска историја.
Премиерот продолжува со јавно
искажаната подршка за МИ6,
додека опозицијата завзеде став...
Завзеде став дека ние сме куп
старомодни идиоти
кои водат војна што не ја разбираат
и никако не можат да ја добијат.
Види, тројца мои агенти се веќе мртви.
Не почнувај сега со политика.
-Премиерот нареди истрага.
Мора да се појавиш. -Некаде кон крајот
на денот? Кој е старецот сега?
Господе, се слушаш ли самата себе.
Ние сме демократија,
и одговорни сме пред луѓето
кои се обидуваме да ги одбраниме.
Не можеме да работиме како сенки.
Сенките не постојат повеќе.
И понатаму не разбираш.
Кој и да стои позади ова, кој да го
прави ова, не познава многу добро.
Тој е еден од нас.
Доаѓа од истото место како и Бонд.
Од место за кое кажа дека не постои.
Сенките.
Не е доцна.
Би можеле да се вратиме.
Не би бил така сигурен.
Го напуштија среде ноќ.
Направи така да помислат дека имало
хаварија во хемиското одделение.
Зачудувачки е колкава паника можеш
да направиш со помош на компјутер.
Го сакаше островот, и го зема.
Дали добива секогаш што ќе посака?
И повеќе од тоа.
Жалам.
Здраво, Џемс. Добредојде.
Ти се допаѓа островот?
Баба ми имаше остров.
Не беше кој знае што.
Можеше да го препешачиш за еден час.
Но и понатаму беше рај за нас.
Едно лето, отидовме во посета
и откривме дека местото врие
од стаорци.
Дошле со рибарско бродче
и се хранеле со кокосови ореви.
Значи, како да се ослободиме
од стаорците на островот?
Баба ми, ми покажа.
Го закопавме резервоарот
и го отворивме капакот на шарки.
Тогаш закачивме кокосов орев
како мамка,
и стаорците ќе тргнеа по
кокосовиот орев, и там, там, там,
ќе паднеа во резервоарот.
После месец дена сите
стаорци беа фатени.
Што би направил ти после тоа?
Би го фрлил резервоарот во океан?
Би го запалил? Не.
Само ќе го оставиш.
И така кога ќе огладнат,
еден по еден,
почнуваат да се јадат меѓу себе,
се додека не останат двајца.
Двајца преживеани.
И тогаш што? Ги убиваш?
Не.
Ги пушташ на слобода.
Сега тие повеќе не јадат кокосови ореви.
Сега јадат само стаорци.
Им го смени карактерот.
Двајца преживеани.
Таа не направи овакви.
Самиот донесував одлуки.
Мислиш!
Во тоа е нејзината генијалност.
Станица Х.
Дали сум во право, Хонг Конг?
Од '86 до '97.
Тогаш, бев нејзино галениче.
А ти не си ни приближно како мене.
Биди сигурен.
Погледни се.
Едвај стоиш без своите апчиња
и алкохол. -Не ја заборавај мојата
патетична љубов кон татковината.
Ти се уште имаш верба во старица...
која само лаже и ништо друго.
-Никогаш не ме излажала.
Не?
-Не.
Кој ти беше максималниот резултат на
тестот? -70.
40.
Да ли ти рече дека психологот дал
дозвола да се вратиш во службата? -Да.
Не. Не.
Медицински тест, паднал.
Физички тест, паднал.
Психолошки тест, ризик
на зависност од алкохол и дрога.
Константна непослушност,
која влече корени од нерешени
трауми во детството.
На субјектот не му се одобрува
работа на терен,
и се препорачува моментално
суспендирање од службата.
Што е ова, ако не предавство?
Те пушти на мене,
знаејќи дека си неподготвен,
и дека најверојатно ќе умреш.
Мамичка беше многу лоша.
Гледаш ли што ти направи?
Никогаш не ме врзала за столче.
Таа губи.
Дали си сигурен за неа во врска со ова?
Се работи за неа,
тебе и мене.
Видиш, ние сме двата последни стаорци.
Можеме да се изедеме меѓусебно,
или да ги изедеме преостанатите.
Се обидуваш ли да се сетиш
на твојата обука?
Која е процедурата во оваа ситуација?
За се има прв пат. Да.
Зошто мислиш дека ова ми е прв пат?
Господине Бонд...
Сите тие физички работи се
многу досадни. Толку досадни.
Непотребно мачење. Толку старомодно.
Сигурно колената те убиваат.
Англија.
Империја. МИ6.
И ти исто така живееш во руини.
Само уште не знаеш.
Тука барем нема стари госпоѓи
да издаваат наредби,
и нема малечки...
направи од оние будали во КЈУ одделот.
Кога би сакал,
би можел сам да одбереш
своја тајна мисија
како мене.
Одбери.
Одбери.
Рушење на мултинационални компании
со манипулација на акции. Лесно.
Пресретнуваш трансмисија на
шпионски сателит над Кабул.
Завршено.
Ги местиш изборите во Уганда,
на оној што ќе понуди најмногу.
Или експлозија на гас во Лондон.
Ја разбираш поентата.
Еден клик со глувчето.
На секого му е потребен хоби.
Кое е твоето?
Воскреснување.
Да ти покажам нешто.
Ова место ја кажува приказната,
зарем не?
Го напуштија островот толку брзо
не можејќи да одлучат што да земат
а што да остават, што е поважно...
Ова секој ден ме подсеќа да се
концентрирам на битни работи.
Нема ништо... ама баш ништо
што е прекумерно во мојот живот.
Кога нешто не ми треба повеќе,
го елиминирам.
50 години стар "Макалан".
Твојот омилен, колку што разбрав.
За кого да наздравиме?
За жените кои ги сакаме?
Душо...
Душо, твоите љубовници се тука.
Не, не, не, не.
Исправи се, биди мирна,
и, што и да правиш,
не ја губи главата.
Не ја губи главата.
Не ја губи главата.
Време е да ги поправиш
твоите резултати од стрелаштво.
Да видиме. Кој прв...
ќе ја симне чашата од нејзината глава?
Како домаќин, те пуштам да бидеш прв.
Да видиме кој ќе победи.
Не ми се верува. Не ми се верува.
Дали навистина умре оној ден?
Дали остана нешто од стариот 007?
Јас сум на ред.
Моја победа.
Што ќе кажеш на ова?
Добар виски непотребно потрошен.
Што ќе направиш сега?
Ќе ме однесеш кај неа? Сам?
Кој вика дека сум сам?
Последен збор на технологијата од
КЈУ одделот.
Се вика радио.
Во ред. Дојде време да се поздравиме.
Пониска си отколку што се сеќавам.
Јас едвај се сеќавам на тебе.
Чудно, мене ми изгледа
како да беше вчера.
Дали си изненадена?
-Не многу,
ама во она време беше невозможен.
Можеби затоа ти се допаѓав толку многу.
Не претерувај.
-Без грижа на совеста.
Токму како што замислував.
Каењето е непрофесионално.
"Каењето е непрофесионално."
Ме држеа 5 месеци во соба без воздух.
Ме мачеа, а јас ги штитев твоите тајни.
Те штитев тебе.
А направија да патам, и патам...
и патам.
Се додека не сватив,
ти беше таа која ме предаде.
Ме предаде.
Ми преостана само една работа.
Капсулата со цијанид во забот.
Се сеќаваш, нели?
Го скршив забот,
и ја загризав капсулата.
Испржи се внатре,
но не умрев.
Животот ме следеше како болест.
Еден ден разбрав
зошто преживеав.
Требаше да те погледнам во очи
за последен пат.
Се надевам дека вредеше.
Господине Силва, ќе бидете префрлени
во затворот "Белмарш"
каде ќе бидете во притвор
се додека Кралскиот тужител не процени
дека сте способен за судење.
Кажи го моето име. Кажи го.
Моето вистинско име.
Знам дека се сеќаваш.
Твоето име е на меморијалниот ѕид
на зградата што ја нападна.
Ќе наредам да го тргнат од таму.
Наскоро, твоето минато нема да постои
исто како и твојата иднина.
Никогаш повеќе нема да те видам.
Дали знаеш што тој може да ти направи?
Хидроген-цијанид?
Погледни го своето дело,
мајко.
Известете ме што успеавте да вратите
од неговиот компјутер.
Дали го пратил списокот?
На кого го пратил?
Сакам резултати.
-Да, госпоѓо.
Се вика Тиаго Родригез.
Беше совршен агент.
Но, почна да работи по своја воља,
ги хакираше Кинезите.
Рокот за испорака се приближуваше,
а тие му беа зад петици, па го предадов.
За него добив 6 агенти
и мирна транзиција.
Треба да одиме, госпоѓо.
Истражниот комитет почнува за 30 мин.
Сакам да знам што има во компјутерот.
Разгледувајќи го компјутерот на Силва
ми се чини дека направил многу
необични работи.
Креирал "fail-save" протоколи
кои ќе ја избришат меморијата, доколку
некој пристапи кон одредени датотеки.
Постојат само 6 луѓе на светот способни
да програмираат на овој начин.
Секако дека постојат.
Дали можеш да ги заобиколиш?
Јас ги измислив.
Добро тогаш.
Да видиме што имате за нас,
господине Силва.
Влеговме.
Господине, што мислите за ова?
Ова е Омега дизајн.
Има големо ниво на енкрипција.
Изгледа дека ја "замаглил" шифрата
за да ја прикрие вистинската намера.
Сигурност низ замагленост.
Дами и господо, молам за тишина.
Би сакала да започнеме.
Денес сме собрани тука да разговараме
за некои битни прашања
кои што се однесуваат за иднината
на нашата национална безбедност.
Одиш некаде?
На убедување сте дека вашето управување
со МИ6 во текот на кризата
беше на прифатливо ниво? -Верувам
дека ја уапсивме вистинската личност
и ги превзедов сите чекори
како би се осигурале
од понатамошно истекување на
информации.
Работата е добро завршена. -Не викам
дека се помина совршено, но...
Простете ми што не ви аплаудирам.
Тешко ми е да верувам покрај сите
недостатоци и пропусти во безбедноста,
до мртви оперативци,
за што лично вие сте виновна.
Употребува полиморфен механизам
за мутирање на кодот.
Штом му се доближам, се менува.
Тоа е како да ја правиш Рубиковата
коцка која нон стоп ги менува боите.
Стој.
Влези сега.
"Гренбороу".
"патот Гренбороу",
стара станица на подземната железница
во состав на "Метрополитен".
Со години е затворена.
Користи го тоа како клуч.
Погледнете. Тоа е карта.
Тоа е Лондон.
Подземен Лондон.
Што се случува?
Зошто вратата е отворена?
БЕЗБЕДНОСНО НАРУШУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ
Може ли некој да ми каже како,
по ѓаволите, влегол во нашиот систем?
НЕ СИ НЕШТО МНОГУ БИСТАР
Срање.
Срање, срање, срање.
Ова го хакирал.
О, не.
КЈУ...
Побегна.
На скалите сум под карантинот.
Ме слушаш ли, КЈУ?
Те слушам. Те барам.
Те најдов. Ја следам твојата положба.
Продолжи да одиш напред.
На следната врата влези десно.
Ако помина низ таа врата,
би требало да излезеш во подземната.
Во подземната сум.
Бонд, ова не е случајно.
Сигурно го планирал со години.
Сакаше да го фатиме, сакаше да
пристапиме во неговиот компјутер.
Сето ова било планирано.
Ја дигна зградата во воздух, познати
му се протоколите во случај на опасност,
знае дека сме преселени тука долу.
-Се тоа ми е јасно.
Ме загрижува следното што го има
испланирано.
Оди по тој пат, на левата страна
има врата за одржување.
Ја гледам.
Не се отвара. -Секако дека се отвара.
Обиди се со рамото.
Зошто ти не се симнеш
и се обидеш со твоето рамо?
Неќе, заглавена е. Не е на добро.
Возот доаѓа.
Успеав.
-Па, ти реков.
Обезбедувањето е алармирано.
Полицијата доаѓа.
Каде се наоѓаш?
-Приклештен долу во подземната.
Заедно со пола Лондон.
Те гледам.
-Знам каде сум, КЈУ.
Каде е тој?
-Момент. Пребарувам.
И понатаму има многу луѓе. Не го гледам.
-Добредојде во подземната.
Нешто за кое не знаеме толку многу.
Возот тргнува. Да влезам во возот?
Не, се уште го немам најдено.
Дај ми минута.
Кажи ми дали треба да влезам во возот.
Бонд... -Што е?
-Влези во возот.
Многу му се брза за дома.
-Отворете врата, ве молам.
Отворете врата.
Здравје и безбедност.
Слободно продолжете.
Каде си?
-Погодувај, КЈУ.
Преправен е во полицаец.
Секако дека е.
Каде ќе оди? Каде?
Оди на M. Кажи му на Танер.
Изнесете ја од таму.
Направивте превид или одлучивте
да игнорирате цврсти докази
и константно, безмалку тврдоглаво...
Силва побегна.
Бонд е во потера.
Треба да ве префрлиме на
сигурна локација веднаш, госпоѓо.
Нема да тргне наваму.
Дали го имаме вашето внимание?
Не. Ве молам.
Министерке, продолжете.
Се извинувам.
Како да инсистирате на тоа
да се претвараме
дека и понатаму живееме
во златното време на шпијунажа
кога човечката интелигенција беше
единствениот достапен ресурс.
Сметам дека тоа верување е застарено
и како такво представува невнимание...
Простете, министерке,
немам намера да ве прекинувам,
но заради разновидност,
би можеле да слушнеме што има да каже сведокот.
Секако.
Благодарам.
Нема да промашам следниот пат,
господине Силва. -Не е лошо.
Не лошо, Џемс, за некој на твои години.
Благодарам.
-Ме фати.
Сега, еве ја твојата награда.
Најновиот изум од мојата продавница
за играчки.
Се вика "радио".
Се надевам дека тоа не беше
наменето за мене. -Не.
Ама ова, да.
Председателке, министри,
денес се изнаслушав за тоа
колку неважна станала мојата служба.
Зошто ви се потребни агенти од
007 секторот...
ако не поради вашата сигурност.
Претпоставувам дека светот го гледам
на поинаков начин од вас.
А тоа што го гледам навистина ме плаши.
Ме плаши тоа што непријателот
не го познаваме повеќе.
Го нема на карта. Тоа не се народи.
Тоа се поединци.
Погледнете околу себе,
од кого се плашите?
Кога ќе видите лице, униформа, знаме?
Не.
Нашиот свет не е сега проѕирен.
Понесигурен е.
Тој е меѓу сенките.
Таму мора да ги водиме борбите.
Значи, пред да објавите дека сме
непотребни, запрашајте се...
Колку сигурно се осеќате?
Би сакала нешто да додадам,
мојот покоен сопруг
беше голем љубител на поезијата.
И... Претпоставувам дека имам нешто
заборавено од сето тоа,
и покрај моите најдобри намери.
Тука, денес, се присетувам на ова.
Мислам дека е од Тенисон.
"Денес не сме така силни
како тогаш кога ги придвижувавме
земјата и небото.
Тоа сме, што сме.
Еднаков карактер на херојски срца.
Ослабени со време и верба.
Но, со јака волја...
да истраеме, бараме, најдеме,
никако да попуштиме."
Мрдај. Мрдај. Мрдај.
007, што се случува, по ѓаволите?
Ме киднапираш.
Од твоја гледна точка би можело
да се каже така.
Премногу луѓе умираат поради мене.
Ако те сака, ќе мора да дојде по тебе.
Заостануваме еден чекор
позади Силва од самиот почеток.
Време е да наметнеме
наши правила на игра.
А јас сум мамката?
Во ред.
Само ние. Никој друг.
КЈУ, ми треба помош.
Ја следам колата. Каде одите?
М е кај мене. Ќе исчезнеме.
-Што?
Треба да направиш трага од трошки леб
која ќе може само Силва да ја следи.
Го можеш ли тоа?
Претпоставувам дека не е строго
доверливо. -Ниту приближно.
Толку од мојата кариера во шпијунажата.
Немам намера тука да се кријам
ако ова беше твојот генијален план.
Промена на возила.
Проблем со службените возила е тој
што имаат локатори.
Претпоставувам дека овој е баш
неприметен.
Влегувај.
Не е баш многу комфорен, нели?
Ќе се жалиш по целиот пат?
-Ајде, катапултирај ме.
Види дали ми е гајле.
Каде одиме?
Се враќаме во минатото.
Некаде каде ќе имаме предност.
Сива зона. Ако трошките леб се премали
може и да не ги види.
Ако се преголеми
Силва ќе ја намириса стапицата.
Зошто мислиш дека Силва воопшто
тоа може да го примети?
Тој е единствениот што би можел.
Господине...
Што работите?
-Ние само... надгледуваме...
Правите лажен сигнал за Силва
да може да го следи.
Па... господине...
-Одлично размислување. Изолирајте го.
Пратете го на A9.
Тоа е директна рута.
Можете попрецизно да го следите
неговото напредување.
Искористете ги и сообраќајните камери.
А... што ако дознае Премиерот?
Тогаш, сите сме наебале. Продолжете.
Тука порасна?
Колку години имаше кога умреа
твоите родители?
Го знаеш одговорот на тоа прашање.
Ја знаеш целата приказна.
Сирачињата се секогаш
најдобрите регрути.
Доаѓа невреме.
Господе...
Не е ни чудо што никогаш не се врати.
Џемс... Џемс Бонд.
Господе Боже.
Се уште си жив.
И мене ми е мило што те гледам.
М, ова е Кинкејд.
Кинкејд ја одржува куќата
уште од моето детство.
Мило ми е што ве запознав, Ема.
-Господине Кинкејд.
Малку задоцни. Ја продадоа куќата
кога помислија дека си мртов.
Изгледа дека не биле во право.
Некои луѓе доаѓаат да не убијат.
Освен ако ние не ги убиеме први.
Тогаш, подобро да се припремиме.
Дали постои се уште собата со оружје?
Продадоа многу оружје на некој
колекционер од Ајдахо или така нешто.
Му го испорачаа пред неколку недели.
Остана само старата ловечка пушка
на татко ти.
Не можев да дозволам
и таа да се продаде.
Тоа е се што имаме.
Можеби има останато нешто динамит од
каменоломот.
Но, кога се останато ќе потфрли,
понекогаш...
стариот начин е најдобар.
Со кого би требало да се бориме?
Нема "ние", Кинкејд.
Оваа борба не е твоја.
Обиди се да ме зауставиш, говно едно.
Запамти што те учев.
Немој да те повлече на лево.
Ќе дадам се од себе.
Со што рече дека се занимаваш?
Ема...
Ви донесов некои работи.
Ноќите тука знаат да бидат многу ладни.
Ви благодарам, господине Кинкејд.
Ова е една многу убава старинска куќа.
И како и сите сјајни дами,
така и таа има тајни патишта.
Ако дозволите ќе ви покажам нешто.
"Јамата на свештеникот".
-Да, од времето на Реформацијата.
Тунелот води према мочуриштето.
Ако бидете во опасност, дојдете тука.
Ноќта кога му кажав дека
родителите му погинаа,
тука се криеше два дена.
Но, кога излезе
не беше повеќе дете.
Мора да продолжиме понатаму.
Зафркнав, нели?
Не.
Си ја работеше својата работа.
Ја прочитав твојата посмртница
дадена за мене.
И?
-Ужасна е.
Да, знаев дека нема да ти се допадне.
Можеше да биде пример на
британска истрајност.
Тоа беше во ред.
Дали си спремен? -Спремен сум
уште пред да се родиш, синко.
Добрeдојдовте во Шкотска.
Да не ти падна нешто?
Дали си повредена?
-Само гордоста.
Никогаш не сум била добар стрелец.
Тој не е тука... тој не е тука.
Секогаш е добро да се појавиш со стил.
И двајцата, брзо во кујна. Веднаш!
Одете позади ѕидот.
Ќе се најдеме во капелата.
Користете го тунелот.
Немојте ни случајно да ја повредите М.
Таа е моја.
Зарем не можеш само да
дојдеш и да се поздравиш?
Ајде. Наваму.
Одсекогаш го мразев ова место.
Да не случајно ти е топло?
Проверете дали е Бонд мртов.
Ова е сега меѓу мене и неа.
Гледате ли до каде не доведе
целата работа, господине Бонд?
Сето ова скокање и борење.
Навистина исцрпувачки.
Опуштете се.
Треба да се опуштите.
Мајка ми ме вика.
Ќе и дадам проштален бакнеж од тебе.
ВО СЕЌАВАЊЕ НА Ендрју Бонд и
Моник Делакроа Бонд
Секако. Мораше да биде тука.
Мораше да биде овака.
Благодарам. -Не можам
да пронајдам нов... -Немој.
Те молам. Немој.
Повредена си. Повредена си.
Што ти направија?
Што ти направија?
Ослободи не двајцата.
Ослободи не двајцата.
Со еден куршум.
Направи го тоа. Направи го тоа!
Само ти го можеш тоа. Направи го!
Последниот стаорец останува жив.
007, што се задржа толку?
Паднав во некоја длабока вода.
Претпоставувам дека...
го трчам последниот круг.
Ќе дојдам и јас ако сакаш.
Направив една работа правилно.
Не знаев дека тука е толку убаво.
Сакам да уживам во добар поглед.
Гледам и зошто.
Мислев дека ќе се вратиш
во активна служба.
Одбив.
Самиот кажа.
Работата на терен не е за секого.
Ако ти е полесно,
се чувствувам многу посигурен.
Нејзиниот тестамент беше
прочитан денес.
Ти го остави ова.
Можеби тоа е нејзиниот начин да ти каже
да прифатиш работа во канцеларија.
Напротив.
Благодарам.
Знаеш, никогаш официјално не се
запознавме.
Се викам Ив. Ив Манипени.
Се радувам на времето што ќе го
поминеме заедно, госпоѓице Манипени.
Исто и јас.
Сигурна сум дека ќе имаме
едно или две "заеднички бричења".
Добро утро, 007.
Добро утро, Танер.
-Сега ќе те прими.
Како раката, господине?
Што? Добра е. Ќе биде подобра.
Сето тоа е прилично шокирачко за некој
кој не е навикнат на работа на терен.
Значи, 007...
не чека многу работа.
Дали си спремен да се вратиш на работа?
Со задоволство, M.
Со задоволство.
Preveo: Bambula
Превел од Хрватски на Македонски:
Mr.Zoc