Tip:
Highlight text to annotate it
X
К У М
Верувам во Америка.
Америка го создаде моето богатство.
И ја воспитував ќерка ми
на Американски начин.
И дадов слобода, но ја научив секогаш
да ја почитува фамилијата.
Си најде момче, кој не беше Италијанец.
Одеше во кино со него.
Остануваше до доцните часови.
Не се бунев.
Пред два месеци ја земал да се
повозат со уште едно момче.
Ја натерале да пие виски
и потоа се обиделе да ја искористат.
Дала отпор, си ја задржала честа.
Па ја претепале како животно.
Кога отидов во болницата,
носот и беше скршен,
вилицата и беше скршена,
и врзана со жица.
Не можеше дури ни да
липа поради болките.
Но јас плачев.
Зошто липав јас?
Ми беше светлина во животот.
Убава девојка.
Никогаш повеќе нема да биде убава.
Извинете.
Отидов во полиција,
како секој добар Американец.
Двете момчиња беа изведени пред судот.
Судијата ги осуди на три години затвор,
но им даде условна казна.
Условна казна!
Излегоа слободни истиот ден!
Стоев во судницата како будала.
Двете копилиња ми се смееја.
Тогаш и реков на жена ми: За правда,
мора да одиме кај Дон Корлеоне.
Зошто отиде во полиција?
Зошто не дојде прво кај мене?
Што сакаш од мене? Кажи било што,
но стори го тоа за што те молам.
Што е тоа?
Сакам да бидат мртви.
Не можам тоа да го сторам.
Ќе ти дадам се што ќе побараш.
Те познавам долго време,
но прв пат бараш помош од мене.
Не се сеќавам кога последен пат
си ме поканил на кафе.
И покрај тоа што жена ми е кума
на твоето единствено дете.
Но да бидеме искрени.
Никогаш не си сакал мое пријателство.
И си бил исплашен да имаш долг кон мене.
Не сакав да бидам во неволја.
Разбирам.
Го најде Рајот во Америка.
Имаш добра заработка,
полициска заштита и законски судови.
Не ти требаше пријател како мене.
Но сега доаѓаш кај мене и ми велиш,
Дон Корлеоне, барам правда.
Но не ме праша со почит.
Не ми понуди пријателство.
Не ти доаѓа ниту да ме наречеш Кум.
Доаѓаш на свадбата на ќерка ми и
бараш од мене да убијам некого за пари.
Барам правда.
Тоа не е правда.
Ќерка ти е жива.
Нека страдаат тогаш,
како што страда таа.
Колку да ти платам?
Бонасера, Бонасера.
Што сум сторил за да ме
третираш на ваков начин?
Ако дојдеше како пријател,
ѓубрето што ја повредило ќерка ти
ќе страдаше уште денес.
И ако чесен човек како тебе има
непријатели, ќе бидат и мои непријатели.
И тогаш ќе се плашат од тебе.
Ќе ми бидеш пријател?
Куме?
Добро.
Некој ден, можеби тој ден никогаш нема
да дојде, ќе побарам услуга од тебе.
Но до тој ден...
...прифати ја правдава како подарок
за денот на свадбата на ќерка ми.
-Благодарам, Куме.
-Нема зошто.
Додели го ова на Клеменза.
Сакам луѓе што нема да се занесат
во тоа што ќе го сторат.
Ние не сме убијци,
како што вели овој погребник.
-Каде е Мајкл?
-Не грижи се, ќе дојде.
Не се сликаме без Мајкл.
-Што е работата?
-Го нема Мајкл.
Дон Барзини.
Поли!
Донеси ми вино.
Поли!
Уште вино.
-Изгледаш прекрасно.
-Што си ти, судија си по танцување?
Работи си ја работата.
Сандра чувај ги децата.
Не им дозволувај да полудат.
И ти внимавај.
20, 30 илјади.
Во ситни банкноти, кеш.
Во свилената чанта.
Да беше нечија друга свадба...
Среќа!
Еј, Поли!
Будала!
Што е работата?
-Мора да се вратам на работа.
-Том.
Сицилијанец не може да одбие барање
за денот на свадбата на ќерка му.
Дон Корлеоне, почестен сум и благодарен
што ме поканивте во вашиот дом.
Бегајте од тука!
Ова е приватна забава. Бегајте!
Што е?
Свадба на сестра ми.
ФБИ не почитуваат ништо!
Дојди ваму, дојди ваму, дојди ваму!
...но на крај беше повикан да
помогне во Американската војна,
па во минатите шест месеци работи
во мојата слаткарница.
Назорине, што може да сторам за тебе?
Откако заврши војната,
момчево, Енѕо,
сакаат да го вратат во Италија.
Куме, имам ќерка.
Видете, таа и Енѕо...
Сакаш Енѕо да остане во државава,
и ќерка ти да се омажи за него.
Ме разбирате.
Господине Хеган.
Благодарам.
Да ја видите свадбената торта
што ја направив за вашата ќерка!
Невестата, младоженецот и ангел...
-На кого да ја доделам оваа работа?
-Не на нашите.
Дај му ја на еврејски конгресмен
во друг реон. Кој е уште на листата?
Мајкл!
Лука Браци не е на листата,
но сака да ве види.
Неопходно ли е?
Не очекуваше дека ќе биде поканет на
свадбата, па сака да ви се заблагодари.
Дон Корлеоне, почестен сум и благодарен
што ме поканивте во вашиот дом
на свадбата на вашата ќерка.
Првото дете нека им биде машко.
Мајкл...
Човекот онаму си зборува сам со себе.
Го гледаш оној страшен тип онаму?
-Многу страшен тип.
-Како се вика?
Се вика Лука Браци.
Му помага на татко ми понекогаш.
Мајкл, доаѓа наваму!
Изгледаш извонредно!
Мојот брат Том Хеган,
госпоѓица Кеј Адамс.
Те бараше татко ти.
-Мило ми е што ве запознав.
-Мило ми е што ве запознав.
Зошто брат ти има различно презиме?
Мојот брат Сони, го најде
Том Хеган на улица.
Немаше дом, па татко ми го зема.
Со нас е од тогаш наваму.
Добар адвокат е.
Не е Сицилијанец.
Мислам дека ќе биде советник.
-Што е тоа?
-Тоа е...
...како советник, советодавач.
Многу важен за фамилијата.
Ти се допаѓаат лазањите?
Дон Корлеоне
почестен сум и благодарен
што ме поканивте на свадбата
на вашата ќерка.
На денот на венчавката на вашата ќерка.
И се надевам дека првото
дете ќе им биде машко.
Свечено се заколнувам
на бескрајна верност.
-За невестинската чанта на ќерка ви.
-Благодарам Лука. Мој најдраг пријателе.
Дон Корлеоне, ќе ве оставам сега,
затоа што знам дека сте зафатен.
Благодарам.
Госпоѓа Корлеоне!
Не!
Сенаторот Коли се извинува што не дојде,
но рече дека ќе го разбереш.
Исто така и некои од судиите.
Сите испратија подароци.
Што се случува надвор?
Џони!
Џони!
Те сакам!
Дојде дури од Калифорнија.
Ти реков дека ќе дојде!
-Веројатно е пак во неволја.
-Добар кумашин е.
Џони, Џони!
Запеј песна!
Не си ми кажал дека го
познаваш Џони Фонтана!
-Секако. Сакаш да го запознаеш?
-Супер! Секако.
-Татко ми му помогна во кариерата.
-Му помогнал?
Како?
-Да ја слушнеме песната.
-Мајкл...
Те молам Мајкл.
Кажи ми.
Кога започна Џони,
имаше потпишано договор
со голем водач на бенд.
Како што му се подобруваше кариерата,
сакаше да го раскине договорот.
Џони му е кумашин на татко ми.
Татко ми го посети водачот на бендот.
Му понуди 10000 долари
за да го пушти Џони,
но водачот на бендот не прифати.
Па следниот ден татко ми го посети,
но овој пат заедно со Лука Браци.
За околу еден час,
го раскина договорот
за чек од 1000 долари.
-Како го сторил тоа?
-Му дал понуда што не можел да ја одбие.
-Каква понуда?
-Лука Браци му вперил пиштол во главата,
и татко ми му рекол дека или мозокот
или потписот ќе се најдел на договорот.
Вистинска приказна.
Таква е мојата фамилија Кеј.
Јас не сум таков.
Прекрасно!
Ќе средам.
Том...
Најди го Сантино.
Кажи му да дојде во канцеларија.
Како си Фредо?
Мојот брат Фредо,
ова е Кеј Адамс.
-Здраво.
-Како си?
-Ова е мојот брат Мајк.
-Се забавуваш?
Да.
Ова е твоја пријателка?
Не знам што да направам.
Гласот ми е слаб. Слаб е.
Ако ја добијам улогата во филмот,
ќе ме врати повторно на врвот.
Но овој...човек не ми дозволува,
главниот на студиото.
-Како се вика?
-Волтс.
Не ми ја дава улогата,
и вели дека нема шанси.
Сони?
Сони?
Сони?
-Сони внатре ли си?
-Што?
Стариот те бара.
Една минута.
Пред еден месец ги купи филмските права
за оваа книга, најдобро продавана.
Главниот лик е тип како мене.
Јас не треба ниту да глумам.
Куме, не знам што да правам.
Однесувај се како маж!
Што се случува со тебе?
Вака ли ќе градиш кариера во Холивуд,
плачејќи како жена?
Што да правам? Што да правам?
Каква глупост.
Смешно.
-Поминуваш време со семејството?
-Секако.
Добро.
Човек што не минува време со неговото
семејство не може да биде човек.
Изгледаш ужасно.
Јади нешто.
Одмори се, за еден месец овој Холивудски
голем моќник ќе ти ја даде улогата.
Доцна е, почнаа со снимање
пред една недела.
Ќе му дадам понуда што
нема да може да ја одбие.
Оди надвор и забавувај се,
заборави на оваа глупост.
-Остави се на мене да средам.
-Во ред.
-Кога заминува ќерка ми?
-Наскоро, откако ќе ја исечат тортата.
Да му дадеме нешто на зетот?
Никогаш. Овозможи му добар живот,
но не разговарај за работа пред него.
-Што има друго?
-Се јави Вирџил Солоцо.
-Мора да се видиме следната недела.
-Кога ќе се вратиш од Калифорнија.
-Кога заминувам за Калифорнија?
-Вечерва.
Разговарај со големиов филмски моќник
и среди ја работата за Џони.
Ако нема ништо друго, би сакал да
одам на свадбата на ќерка ми.
Карло, ќе се сликаме.
Почекај малку.
Не Мајкл.
Не јас.
Добро.
Така. Мирни!
-Почни да зборуваш.
Ме прати пријател на Џони Фонтана.
Мојот клиент ќе му довери
пријателство на г-дин Волтс,
ако г-дин Волтс ни направи услуга.
Волтс слуша.
Дајте му улога на Џони во воениот филм
што го започнувате следната недела.
И каква услуга ќе му направи
вашиот пријател на г-дин Волтс?
Да исчезнат проблемите
со синдикатот во иднина.
И една од вашите ѕвезди само што
се префрли од марихуана на хероин.
Се обидуваш да ме принудиш?
Слушај, кучкин сине!
Да ти објаснам. Џони Фонтана
никогаш нема да глуми во тој филм!
Без разлика колку
Гвинејци ќе се појават!
-Јас сум полу Германец, полу Ирец.
-Слушај пријателе.
-Ќе ви создадам проблеми!
-Јас сум адвокат. Не се заканив...
Ги познавам најдобрите
адвокати во Њујорк. Кој си ти?
Имам посебна пракса. Имам само
еден клиент. Ќе го чекам вашиот одговор.
Патем, многу се восхитувам
на вашите филмови.
Провери го.
-Навистина прекрасно.
-Погледни го ова.
-Ја красела кралската палата.
-Многу убаво.
Зошто не ми кажавте дека
работите за Корлеоне?
Мислев дека си некој измамник
што го најмил Џони.
-Го користам неговото име само
кога е неопходно. -Добар е пијалокот?
-Добар е.
-Сега ќе ви покажам нешто убаво.
Цениш ли убавина?
Еве го.
600000 долари на четири копита.
Се обложувам дека Руските цареви
никогаш не платиле толку за еден коњ.
Картум.
Картум.
Нема да го ставам во трки.
Ќе го чувам за размножување.
Благодарам Тони.
Да јадеме.
Корлеоне му е кум на Џони.
За Италијанците тоа се смета
за многу свет и близок однос.
Го почитувам тоа. Кажи му да побара било
што друго. Оваа услуга не можам.
Никогаш не бара втора услуга
кога му е одбиена првата.
Не разбирате. Џони Фонтана никогаш
нема да глуми во филмот.
Улогата е совршена за него.
Ќе го направи голема ѕвезда.
Ќе му ја уништам работата,
и ќе ви кажам зошто.
Џони Фонтана уништи една од
нашите највредни штитенички.
Ја трениравме пет години.
Пеење, глумење, часови по танцување.
Потрошив стотици илјади долари на неа,
за да ја направам голема ѕвезда.
Да бидам уште поискрен.
Да ви покажам дека не сум тврдоглав.
Дека не е се долари и центи.
Беше прекрасна.
Млада и невина!
Најдоброто парче задник што сум го имал,
а сум ги имал по целиот свет.
Потоа дојде Џони Фонтана со неговиот
глас на маслиново масло и гвинејски шарм
и таа побегна.
Се откажа од се, само за да ме понижи!
И човек на моја положба не смее
да дозволи да биде понижен!
Губете се од тука!
И ако се обиде со нешто грубо,
кажете му дека не сум водач на бенд.
Да, ја знам приказната.
Благодарам за вечерата
и за пријатната вечер.
Можеби вашиот шофер би можел
да ме однесе до аеродромот.
Господин Корлеоне инсистира веднаш
да ги слушне лошите вести.
-Том уморен си?
-Не, спиев во авионот.
Имам белешки за Солоцо.
Сега...
Солоцо е познат како Турчинот.
Добро ракува со нож,
но само кога во работата
има разумен приговор.
Работи со дрога.
Има полиња во Турција,
каде што го произведуваат афионот.
Во Сицилија има фабрики
за да го преработи во хероин.
Му требаат пари и заштита од полицијата.
Ќе даде дел од зделката.
Не знам колку.
Фамилијата Таталија стои зад него.
Мора и тие да земаат дел.
-А неговото затвореничко досие?
-Бил еднаш во Италија, еднаш овде.
Познат е како голем трговец со дрога.
-Сантино, што мислиш ти?
-Има многу пари во белиот прав.
Том?
Да. Има многу повеќе пари во
дрогата од било што друго.
Ако не се вклучиме, некој друг ќе
се вклучи, можеби сите пет фамилии.
Со тие пари можат да купат повеќе
полиција и политичка моќ.
Потоа ќе се свртат кон нас.
Ги имаме синдикатите и коцкањето,
но дрогата е иднината.
Ако не се насочиме кон тоа,
ќе ризикуваме се за десет години.
Тато, што ќе кажеш на тоа?
Дон Корлеоне.
Ми треба човек што има моќни пријатели.
Ми треба милион долари готовина.
Ми требаат политичарите
што ги држиш в рака.
-Колку е процентот за мојата фамилија?
-30 проценти.
Во првата година вашиот дел ќе биде
три или четири милиони долари.
И потоа ќе расте.
И колку е процентот за
фамилијата Таталија?
Добро завршена работа.
Јас ќе се погрижам за нив,
од мојот дел.
Значи добивам 30 проценти за финансии,
политичко влијание и легална заштита?
Точно.
Зошто дојде кај мене?
Со што ја заслужив оваа великодушност?
Ако ги сметате милион
долари само за финансии,
на здравје, Дон Корлеоне.
Прифатив да се сретнеме, затоа што
слушнав дека си сериозен човек,
да ти изразам почит.
Но, ќе морам да те одбијам.
И ќе ти дадам причина.
Вистина е дека имам многу
пријатели во политиката.
Нема да ми бидат пријатели за долго ако
почнам со дрога, наместо со коцкање,
што го гледаат како безопасен порок,
но дрогата е валкан бизнис.
Не ми прави разлика со каква
работа се зафатил некој.
Но твојата работа е...
малку опасна.
Ако си загрижен за безбедност,
Таталија ќе ви ја гарантира.
-Таталија ќе гарантираат за...
-Почекај малку.
Имам сентиментална слабост кон
моите деца и ги разгалувам.
Зборуваат кога треба да слушаат.
Но сепак...
Г-дине Солоцо, мојата одлука е конечна.
Ви честитам за новиот бизнис.
Знам дека ќе работите добро, со среќа.
Освен ако вашите интереси не се во
судир со моите интереси. Ви благодарам.
Сантино.
Дојди.
Што е работата со тебе? Мозокот ти
ослабел откако си со таа девојка.
Никогаш повеќе не го кажувај твоето
мислење на некој надвор од фамилијата.
Оди.
Том што е ова?
Од Џони.
Почнува во новиот филм.
-Тргни го.
-Ставете го таму.
И...
...кажи му на Лука Браци да влезе.
Малку сум загрижен за Солоцо.
Дознај што му е планот.
Оди кај Таталија.
Нека мислат дека не си задоволен
во нашата фамилија
и дознај што можеш.
Имам нешто за мајка ти, за Сони
и вратоврска за Фреди,
и Том Хеган ќе добие пенкало Рејнолдс.
-Што сакаш за Божиќ?
-Само тебе.
Фредо.
-Кажи му на Поли да го донесе
автомобилот. -Добро тато.
Ќе мора јас да го земам.
Поли се разболе утрово.
Поли е добро дете.
Не ми смета да го земам автомобилот.
Благодарам.
-Лука! Јас сум Бруно Таталија.
-Знам.
Знаеш кој сум јас?
Знам.
Си разговарал ли со фамилијата Таталија?
Мислам дека јас и ти може да работиме.
Ми треба некој силен како тебе.
Слушнав дека не си задоволен...
...со фамилијата Корлеоне.
Сакаш да ми се придружиш?
Што ќе добијам јас?
50000 долари за почеток.
Не е лошо!
Договорено?
Том! Том Хеган.
Среќен Божиќ.
-Мило ми што те гледам. Сакам да
разговарам со тебе. -Немам време.
Имаш време советнику.
Влези во автомобилот.
Зошто си загрижен? Ако сакав да
те убијам, веќе ќе беше мртов.
Влези.
-Фредо, ќе купам овошје.
-Добро тато.
Среќен Божиќ.
Сакам овошје.
Ќе ме сакаше повеќе ако бев калуѓерка?
Како во приказната.
Не.
-Што ако бев Ингрид Бергман?
-Сега, тоа е тешка одлука.
Мајкл.
Не, нема да те сакам повеќе ако си
Ингрид Бергман. Што е проблемот?
Не кажуваат дали е жив или мртов.
-Сони, јас сум Мајкл.
-Каде беше?
-Добар ли е?
-Не знаеме уште.
Има секакви приказни.
Лошо е ранет Мајки.
-Тука ли си?
- Да тука сум.
-Каде си? Се загрижив.
-Ти кажа ли Том дека те барав?
Не. Дојди си дома.
Треба да бидеш со мајка ти.
Боже.
Сони!
Остани таму.
- Кој е?
-Клеменза е, отвори.
Има уште вести за татко ти.
Се збори дека е веќе мртов.
-Што е работата со тебе?
-Смири се!
-Каде беше Поли?
-Болен е. Болен е цела зима.
-Колку често?
-Само три, четири пати.
-Фреди не сакаше нов телохранител.
-Собери го веднаш.
Не ми е грижа колку е болен. Донеси
го во куќата на татко ми веднаш.
-Сакаш да пратам некој овде?
-Не. Оди.
Ќе повикам некои наши
луѓе да дојдат тука.
-Ало?
-Сантино Корлеоне?
-Да.
-Го имаме Том Хеган.
За три часа ќе биде ослободен
со нашиот предлог.
Слушнете што има да каже
пред да сторите нешто.
Што е сторено, сторено е.
Немој да се изнервираш Сони.
Ќе чекам.
Вашиот шеф е мртов.
Знам дека не си насилник
во фамилијата, не се плаши.
Сакам да им помогнеш на
Корлеоневи и на мене.
Го убивме пред канцеларијата,
еден час пред да те земеме тебе.
Испиј го.
Ти треба да направиш примирје
помеѓу мене и Сони.
Сони ќе ја прифатеше мојата понуда.
И ти знаеше дека тоа
е вистинската одлука.
-Сони ќе тргне по тебе.
-Тоа ќе биде неговата прва реакција.
Мора да го вразумиш.
Фамилијата Таталија стои зад мене.
Другите Њујоршки фамилии ќе се согласат
со се само за да спречат војна.
Да бидеме искрени, со почит, но Донот,
нека почива во мир, пропаѓаше.
Пред десет години
не можев да стигнам до него.
Па, сега е мртов Том,
и ништо не може да го врати.
Треба да разговараш со Сони,
Капореџими, Тесио, дебелиот Клеменза.
Добар е бизнисот Том.
Ќе се обидам. Но дури ни Сони нема
да може да го запре Лука Браци.
Да, па...
Јас ќе се погрижам за Лука.
Разговарај со Сони.
И другите две деца.
-Ќе се потрудам.
-Добро.
Сега може да си одиш.
Не сакам насилство Том.
Јас сум бизнисмен.
Крвта е голем трошок.
Уште е жив.
Го погодиле со пет куршуми,
и уште е жив!
Лоша среќа за мене и за тебе
ако не го направиш договорот.
Мајка ти е во болница со татко ти.
Изгледа дека ќе се спаси.
Многу лоша крв. Солоцо, Филип Таталија,
Бруно Таталија, Рамон...
-Ќе ги убиеш сите?
-Не се мешај.
Ако се ослободиш од Солоцо,
се ќе се среди.
А Лука?
Солоцо мисли дека може да го контролира.
Ако Лука се продал,
во голема неволја сме.
-Се слушнал ли некој со Лука?
-Се обидуваме цела ноќ.
-Направи ми услуга...
-Лука никогаш не спие со курва.
Па Том, ти си советник.
Што ќе правиме ако стариот умре?
Ако умре стариот, ќе ги изгубиме
политичките контакти и половина сила.
Другите Њујоршки фамилии може да го
подржат Солоцо за да избегнат војна.
Сега е 1946 год.
Никој не сака крвопролевање.
Ако татко ви умре...
...направете го договорот.
-Лесно е да кажеш. Тебе не ти е татко.
-Јас сум син како тебе и како Мајк.
Што е?
-Поли ти реков да останеш таму.
-Типот кај портата примил пакет.
Тесио оди види што е.
-Да останам ли?
-Да. Добар си?
-Добар сум.
-Има храна. Гладен си?
-Не. -Сакаш да се напиеш нешто?
Од коњакот ќе се испотиш.
-Послужи се.
-Можеби е добра идеја.
Погрижи се за кучкиниот син.
Поли го предаде стариот.
-Нека ти биде прво на листата.
-Разбирам.
Мајки утре, земи неколку момци
и оди во станот на Лука.
Можеби не треба да го мешаме
Мајк во ова директно.
Голема помош ќе биде ако седи дома
и се јавува на телефонот.
Побарај го Лука повторно.
-Што е ова?
-Сицилијанска порака.
Значи дека Лука Браци
спие со рибите.
-Ќе одам.
- Кога ќе се вратиш дома?
Веројатно доцна.
-Не ги заборавај канолите.
- Да, да, да.
Роко седни на другата страна.
Го блокираш ретровизорот.
Сони полудува.
Сака веднаш да земе душеци.
Треба да најдеме место на Западната
Страна. Пробај 309 западна 43-та улица.
-Знаеш добро место на Западната Страна?
-Ќе размислам.
Размислувај додека возиш.
Сакам да бидам во Њујорк овој месец.
Внимавај на децата.
Поли оди на 39-та улица,
купи 18 душеци и донеси ми ја сметката.
Да, добро.
Нека бидат чисти, затоа што
момците ќе бидат таму долго време.
-Чисти се и истребени.
-Користиш лош збор.
Истребување!
Внимавај, за да не те истребиме тебе!
Застани.
Морам да мочам.
Остави го пиштолот.
Земи ги канолите.
Еј, Мајк!
Еј, Мајки!
-Да.
-Те бараат на телефон!
-Кој е?
-Некоја девојка.
-Ало. Кеј?
-Како е татко ти?
Ќе преживее.
Те сакам.
Те сакам!
-Мајкл?
-Да, знам.
-Кажи ми дека ме сакаш.
-Не можам да зборам.
Не можеш ли да кажеш?
Ќе се видиме вечер.
Зошто не и кажеш на
девојката дека ја сакаш?
Те сакам со сето мое срце.
Ако не те видам наскоро, ќе умрам!
Дојди и научи нешто. Можеби некој
ден ќе треба да готвиш за 20 момци.
Ќе ставиш малку масло,
потоа ќе испржиш малку лук.
Потоа ќе ставиш домати, сос од домати,
ќе ги испржиш, само да не се залепат.
Ќе ги ставиш да се варат,
ги додаваш колбасите и ќофтињата.
Додади малку вино.
И малку шеќер.
Тоа е мој трик.
Престани. Имам поважни работи за тебе.
Како е Поли?
Нема да го видиш повеќе.
-Каде одиш?
-Во град.
-Прати телохранители со него.
-Одам во болницата...
Ќе биде во ред.
Солоцо го смета за цивил.
-Биди внимателен.
-Разбирам господине.
Сепак прати некој со него.
-Морам да одам.
-Може ли да дојдам со тебе?
Не Кеј.
Ќе има детективи, новинари.
Ќе почекам во таксито.
Не сакам да те вмешам.
Кога ќе те видам повторно?
Врати се во Нов Хемпшир, ќе ти се
јавам во куќата на твоите родители.
-Кога ќе те видам повторно Мајкл?
-Не знам.
Што правиш овде?
Не треба да бидеш тука.
Јас сум Мајкл Корлеоне.
Ова е татко ми.
Нема никој.
Што се случи со стражарите?
Татко ти имаше многу посетители.
Се мешаа во работата на болницата.
Полицијата ги натера да си
одат пред десетина минути.
Дајте ми го Лонг Бич 45620.
Сестро. Почекај малку.
Остани овде.
Сони во болницата сум.
Пристигнав доцна, нема никој овде.
Нема луѓе на Тесио, нема детективи,
никој. Тато е сам.
-Не паничи.
-Нема да паничам.
Жалам, но ќе мора да си одите.
Ќе го преместиме во друга соба.
Може ли да ги откачите цевките?
-Не доаѓа во предвид!
-Го знаете ли татко ми?
Доаѓаат луѓе за да го убијат.
Разбирате ли?
Ве молам помогнете ми.
-Кој си ти?
-Јас сум Енѕо, пекарот.
-Се сеќаваш на мене?
-Енѕо.
Подобро оди си, ќе има проблеми.
Ако има проблеми, ќе останам да
ти помогнам. Поради татко ти.
Слушај. Чекај ме надвор,
пред болницата.
Ќе излезам веднаш.
Лежи овде тато.
Јас ќе се грижам за тебе сега.
Со тебе сум сега.
Со тебе сум.
Фрли ги овие.
Дојди ваму.
Стави ја раката во џебот, како да
држиш пиштол. Ќе бидеш во ред.
Добар беше.
Мислам дека ги затворив сите Гвинејци!
-Зошто никој не го чува татко ми?
-Силеџија!
Не ме учи како да работам!
Ги повлеков.
-Држи се на страна од болницава!
Не додека собата на татко ми е безбедна.
-Фил приведи го!
-Детето не е виновно капетане.
-Воен херој е. Никогаш не бил...
-Реков приведи го!
-Колку те плаќа Турчинот?
-Држете го. Исправете го.
Исправете го.
Јас сум адвокатот на Корлеоне. Луѓево
се најмени да го штитат Вито Корлеоне.
Имаат дозвола за носење оружје.
Ако се мешаш, ќе треба да се појавиш
пред судијата и да му кажеш причина.
Пуштете го.
-Кои се овие нови луѓе?
-Ќе ни требаат сега.
После тоа што се случи во болницата,
Сони полуде.
Утрово го нападнавме Бруно Таталија.
Исусе Христе.
Изгледа како тврдина.
100 луѓе надвор, 24 часа дневно.
Ако се појави Турчинот, ќе биде мртов.
Мајк, да те видам.
Прекрасен си, прекрасен.
Фантастичен.
Турчинот сака да разговараме!
Замислете го кучкиниот син.
-Сака состанок денес.
-Што кажа?
Што кажа...Сака да го пратиме Мајкл
да го слушне предлогот.
Ветува дека договорот е премногу
добар за да го одбиеме.
-А Бруно Таталија?
-Тоа е дел од договорот.
-Се поништува тоа што му го сторија
на татко ми. -Треба да ги послушаме.
Не повеќе!
Сега не, советнику!
Нема повеќе состаноци, разговори,
или Солоцо ќе не измами.
Го сакам Солоцо,
или ќе направиме војна...
-Другите фамилии...
-Тие го донесоа Солоцо!
Ова е бизнис, не лична работа!
-Го застрелаа татко ми...
-И тоа беше бизнис, не лично.
Тогаш бизнисот ќе треба да трпи.
Направи ми услуга.
Без совети како да ги средам работите.
Само помогни ми да победам.
Се распрашав за капетанот МекКласки,
што му ја скрши вилицата на Мајкл.
Сигурно го плаќа Солоцо,
и тоа многу пари.
МекКласки се согласил да му
биде телохранител на Турчинот.
Кога е вака заштитен Солоцо,
неранлив е.
Никој досега не убил Њујоршки
полициски капетан.
Сите фамилии ќе се свртат против тебе.
Фамилијата Корлеоне ќе биде прогонета!
Дури и политичката заштита на
стариот ќе се тргне на страна.
Направи ми услуга.
Земи го ова во предвид.
Добро, ќе почекаме.
Не може да чекаме.
Не може да чекаме.
Без разлика што вели Солоцо,
тој ќе го убие тато.
Тоа е влезот за него.
Мора да го убиеме Солоцо.
-Мајк е во право.
-Да те прашам нешто.
А МекКласки?
Што ќе правиме со полицаецов?
Сакаат состанок со мене.
Ќе бидеме јас, МекКласки и Солоцо.
Да го закажеме состанокот.
Нашите поткажувачи нека
дознаат каде ќе се одржи.
Ќе инсистираме да биде јавно место.
Бар или ресторант.
Некое место каде што има луѓе,
за да се чувствувам безбедно.
Ќе ме претресат кога ќе се сретнеме.
Значи не може да носам оружје со мене.
Но ако Клеменза најде начин
да постави оружје за мене...
...тогаш ќе ги убијам двајцата.
Факултетско момче. Не сакаше да се
мешаш во бизнисот на семејството.
Сега сакаш да убиеш полициски капетан
затоа што ти удри шлаканица?
Ова не е војска! Треба да се приближиш
и да им го разнесеш мозокот!
Го сфаќаш ова многу лично.
Том, ова е бизнис и
тој го сфаќа многу лично.
-Каде пишува дека не може
да убиеш полицаец? -Ајде, Мајки...
Говорам за полицаец кој е замешан во
трговија со дрога, нечесен полицаец.
Полицаец кој се замешал во нечесни
работи и си го добил своето.
Одлична приказна.
Имаме потплатени новинари, нели?
-Можеби ќе им се допадне приказната.
-Можеби.
Не е ништо лично Сони.
Само бизнис.
Невозможно е да се откријат,
не треба да се грижиш за отпечатоци.
Ставив специјална лента на чкрапалото
и на кундакот. Пробај го.
Што е?
Да не е многу затегнато чкрапалото?
Моите уши!
Го направив гласен, за да ги исплаши
сите досадни невини набљудувачи.
Ги уби двајцата.
Сега што ќе правиш?
-Ќе седнам, и ќе си ја довршам вечерата.
-Не се шегувај.
Ја спушташ раката до нога
и го пушташ пиштолот.
Сите ќе мислат дека уште го држиш.
Ќе те зјапаат во лице,
затоа излези брзо,
но не трчај.
Не гледај никого во очи,
но не гледај ниту на страна.
Ќе бидат смртно исплашени,
затоа не се грижи за ништо.
Ќе бидеш добар. Ќе земеш одмор,
никој нема да знае каде,
а ние ќе бидеме во пекол.
-Колку лошо ќе биде?
-Многу лошо.
Сите останати фамилии најверојатно
ќе се свртат против нас.
Работиве мора да се случат на секои пет,
десет години. Се отстранува лошата крв.
Поминаа десет години од последната.
Мора да ги запреш на почетокот.
Требаше да го запрат Хитлер во Минхен,
а не да му дозволат да оди далеку.
Мајк, сите се гордееме со тебе.
Херој си и се останато.
Исто и татко ти.
Ништо. Ниту навестување.
Апсолутно ништо.
Дури и луѓето на Солоцо не знаат
каде ќе се одржи сотанокот.
Колку време имаме?
Ќе те соберат пред Џек Демпси
за час и половина.
-Би можеле да ги следиме.
-Солоцо ќе ни се изгуби.
-А преговарачот?
-Игра карти со моите луѓе.
-Среќен е. Го оставаат да победи.
-Ризично е. Можеби треба да се откажеме.
Преговарачот ќе игра карти се
додека Мајк не се врати жив и здрав.
-Може да го разнесе било кој да
е во колата. -Ќе го очекуваат тоа.
Солоцо може и да не е во колата, Сони!
Јас ќе се јавам.
Ресторанот на Луи во Бронкс.
-Сигурно ли е?
Наш човек има во станицата на МекКласки.
Полициски капетан е 24 часа на должност.
Ќе биде таму помеѓу 20:00 и 22:00 часот.
-Го знае некој местово?
-Јас го знам. Совршено е за нас.
Мало фамилијарно место, добра храна.
Сите си ја гледаат својата работа.
Имаат старомоден тоалет.
Знаете, кутијата со синџир.
Би можеле да го залепиме
пиштолот позади неа.
Добро. Мајк,
оди во ресторанот,
јади, разговарај малку, опушти се.
И тие нека се опуштат.
Потоа одиш да мочаш. Не, подобро
барај дозвола за да одиш.
Се враќаш и ги пукаш.
По два куршума во главата.
Ми треба некој добар за
да го постави пиштолот.
Не сакам да излезе од тоалетот
само со курот во раце.
-Пиштолот ќе биде таму.
-Вози го и потоа собери го.
Да одиме.
Ти кажа ли да го фрлиш пиштолот веднаш?
Да, милион пати.
Не заборавај. По два куршума во
главата веднаш штом ќе излезеш.
За колку време мислиш дека
ќе можам да се вратам?
Најмалку една година.
Ќе средам со мама, дека нема да
се видите пред да заминеш и...
ќе и пратам порака на девојка ти
кога ќе дојде време.
Чувај се.
Чувај се Мајк.
Мило ми е што дојде Мајкл.
Се надевам дека се ќе поправиме.
Не сакав вака да се одвиваат работите.
Тоа не требаше никогаш да се случи.
Сакам се да расчистам вечерва.
Не сакам да се вознемирува татко ми.
Се колнам во децата дека нема никој
повеќе да го вознемирува, Мајк.
Но мора да бидеш непристрасен
кога разговараме.
Се надевам не си вжештена глава како
Сони. Не може да се договориш со него.
Тој е добро дете.
Извини за минатата ноќ, Мајк.
Мора да те претресам, сврти се.
На колена, кон мене.
Стар сум за мојава работа.
Многу намќорест.
Не можам да ја поднесам нервозата.
Знаеш како е.
Чист е.
Одиме во Џерси?
Можеби.
Добро сторено, Лу.
-Каква е храната во ресторанов?
-Пробај телешко. Најдоброто во градот.
Ќе земам телешко.
-Ќе разговарам на италијански со Мајки.
-Само напред.
Што сакам...
Што е најважно за мене...
...е да имам гаранција.
Да нема веќе напади врз татко ми.
Каква гаранција можам да ти дадам?
Мене ме ловат!
Ја пропуштив шансата.
Ме сметаш за паметен.
Не сум толку паметен.
Се што сакам е примирје.
Мора да одам во тоалет.
Во ред ли е?
Кога мора да одиш,
мора да одиш.
Го претресов.
Чист е.
Не се задржувај многу.
Сум претресол илјада хулигани.
Добро, преземи.
Те сакам дедо.
Извини тато.
Уште не те познава.
-Еј, момче. Дај му го дедо.
-Добро.
Се надевам дека ќе оздравеш дедо, и дека
ќе те видам наскоро. Твојот внук Френк.
Оди кај мајка ти.
Однеси ги долу.
И ти Карло.
Оди.
-Што ти е Карло?
-Замолчи и намести ја масата.
Од убиството на МекКласки,
полицијата се нафрли на нашите операции.
И на другите фамилии.
Имаше многу лоша крв.
Не нападнаа,
па им вративме.
Преку врски во весниците
обелоденивме работи
за врската на МекКласки со Солоцо
во трговијата со дрога.
Работите се опуштаат.
И ќе го пратам Фредо во Лос Анџелес, под
заштита на Дон Франческо од Лос Анџелес.
-Сакам да се одмори.
-Ќе учам за работата во казино.
Каде е Мајкл?
Мајкл го уби Солоцо.
Но безбеден е.
Работиме на неговото враќање.
Дозна ли каде се крие стариот Таталија?
Го сакам веднаш.
Сони, работите почнуваат да се опуштаат.
Ако тргнеш по Таталија, ќе се сврти
се наопаку. Тато не може да преговара.
-Мора прво да оздраве. Јас ќе одлучувам.
-Војната е скапа. Не може да работиме.
-Ниту тие. Не грижи се!
-Не може да си дозволиме ќор-сокак.
-Нема ќор-сокак. Ќе го убијам копилето!
-Добиваш многу добра репутација!
Како јас ќе кажам! Да имав сицилијански
советник, немаше да биде вака!
Тато го имаше Џенко.
Види што имам јас.
Извини.
Не го мислев тоа.
Мама направи вечера.
Недела е.
Црнците се забавуваат со нашите
полиси во банките во Харлем.
Возат нови кадилаци,
плаќаат 50 проценти за облог.
Затоа што почнаа да
заработуваат многу пари.
Тато никогаш не разговараше
за работата на трпеза.
-Замолчи Кони...
-Немој никогаш да си и кажал да замолчи.
Не се мешај.
Сакам да разговарам со тебе по вечерата.
Може да сторам повеќе за фамилијата...
Не разговараме за работа на трпеза.
Бакнувам рака, Дон Томазино.
Зошто си толку далеку од куќата?
Знаеш дека сум одговорен
за твојот живот.
Телохранителите се тука.
Сепак е опасно...
Се слушнавме со Сантино од Њујорк...
Вашите непријатели знаат дека си овде.
Кажа ли Сантино кога може да се вратам?
Сеуште не.
Не доаѓа во предвид.
Каде одиш сега?
Кај Корлеоневи.
Земи го мојот автомобил.
Сакам да пешачам.
Внимавај.
Каде се сите мажи?
Сите се мртви од крвна одмазда.
Ова се имиња на мртвите.
Еј, носи ме во Америка!
Еј, носи ме во Америка!
Кларк Гејбл!
Америка! Носи ме во Америка!
Кларк Гејбл, Рита Хејворт!
Леле каква убавина.
Мислам дека те удри гром.
Во Сицилија жените се
поопасни од пушките.
Имавте ли добар улов?
Ги познаваш сите девојки овде?
Видовме вистински убавици.
Една од нив го погоди
нашиот пријател како гром.
Би го довела до искушение
и самиот ѓавол.
Навистина убави.
Каква коса, какви усни!
Девојките овде се убави...но чесни.
Оваа имаше виолетов фустан...
И виолетова панделка во косата.
Повеќе личеше на
Гркинка отколку Италијанка.
Ја познаваш ли?
Нема таква девојка во овој град.
Боже, разбирам!
Што е?
Да одиме.
Ќерка му е.
Кажи му да дојде овде.
Викни го.
Фабрицио, преведувај.
Се извинувам ако ве навредив.
Јас сум странец во оваа земја.
Не мислев да бидам нељубезен
кон вас и вашата ќерка.
Јас сум Американец,
се кријам во Сицилија.
Се викам Мајкл Корлеоне.
Постојат луѓе што би платиле
многу пари за таа информација.
Но тогаш ќерка ти
би го изгубила таткото...
...наместо да добие сопруг.
Сакам да ја запознаам ќерка ти.
Со ваша дозвола,
и под надзор на вашата фамилија.
Со почит.
Дојди во мојата куќа во недела наутро.
Се викам Вители.
Како е нејзиното име?
Аполонија.
Благодарам.
Нема зошто.
Ќе те растурам.
Задржи го.
Треба да ја земеме сестра ми.
Што се случува?
Што се случува?
-Моја грешка беше!
-Каде е?
Моја грешка беше.
Јас го удрив.
Јас ја започнав тепачката.
Јас го удрив, па тој ме удри мене...
Ќе повикам доктор да те прегледа.
Сони, те молам не прави ништо.
Што ти е?
Што би сторил?
Да го направам бебето сираче
уште пред да се роди?
Уште се обложувате на Јенките?
Кажете им да прекинат.
Многу пари изгубивме минатата недела.
Дојди ваму, дојди ваму!
Ако ја удриш повторно сестра ми,
ќе те убијам.
Кеј, не те очекувавме.
Требаше да се јавиш.
Да, се јавив.
Се обидов да ви пишам и да се јавам.
-Сакам да го добијам Мајкл.
-Никој не знае каде е.
Се што знаеме е дека е добар.
Тоа е се.
-Што е тоа?
-Несреќа, но никој не е повреден.
Том, ќе му го дадеш ли писмово на Мајкл?
Те молам?
Ако го примам, судот може да докаже
дека знам каде се наоѓа Мајкл.
Биди трпелива.
Ќе ти се јави.
Ми замина таксито,
може ли да повикам друго?
Ајде.
Извини.
-Ало?
-Тука ли е Карло?
-Кој го бара?
-Пријателка на Карло.
Кажете му дека не можам
да стигнам вечерва.
Кучка!
-Вечерата е готова.
-Не сум гладен.
-Храната ќе се излади.
-Ќе јадам подоцна.
Само што ми кажа да направам вечера!
Има валкана уста.
Така, скрши ги сите.
Скрши ги сите!
Зошто не ја донесеш
твојата курва дома на вечера?
Можеби ќе ја донесам.
-Исчисти!
-Нема да исчистам!
Разгалена.
Исчисти! Исчисти!
Исчисти! Реков, исчисти!
Исчисти!
Исчисти.
Исчисти, ти...
Исчисти!
Исчисти! Да, убиј ме.
Биди убиец, како татко ти!
-Сите Корлеоневи сте убијци!
-Те мразам!
Ајде, убиј ме!
Бегај од тука!
-Те мразам!
-Сега ќе те убијам!
Бегај од тука!
Кони, што е?
Не те слушам.
Кони, збори погласно.
Бебето плаче.
Сантино, не разбирам.
Не знам.
Да, Кони.
Почекај таму.
Не, почекај таму.
Кучкин син.
-Кучкин син!
-Што се случува?
Отвори ја проклетата порта!
Стани.
Сони!
-Сони!
-Бегај од тука!
Оди по него, ајде!
Кучкин син.
Ајде!
Дај ми една голтка.
Жена ми плаче горе.
Слушнав како влегуваат возила.
Мој советнику,
кажи му го на твојот Дон
тоа што сите го знаат.
Ништо не и кажав на мама.
Само што сакав да те разбудам
и да ти кажам.
Но прво ти требаше пијалок.
Да.
Па, сега се напи.
Го убија Сони на наткренатиот пат.
Мртов е.
Не сакам никаква потера.
Не сакам никаква одмазда.
Сакам да закажеш состанок...
...со главите на петте фамилии.
Оваа војна завршува.
Јави му се на Бонасера.
Ми треба веднаш.
Овде е Том Хеган. Се јавувам за Вито
Корлеоне, на негово барање.
Му должиш услуга на Донот.
Нема сомнеж дека
ќе му ја вратиш услугата.
Ќе биде во твоето погребално
претпријатие за еден час. Биди таму.
Па пријателе, спремен ли си
да ми ја вратиш услугата?
Да.
Што сакате да сторам?
Сакам да ги употребиш сите
твои способности и вештини.
Не сакам мајка му да го види ваков.
Види како го масакрираа моето момче.
Побезбедно е да те научам Англиски!
Знам Англиски...
Понеделник, Вторник, Среда, Четврток,
Петок, Сабота,Недела.
Ве поздравувам, Дон Томасино.
Како е во Палермо?
Мајкл ме учи да возам...
видете, ќе ви покажам.
Како е во Палермо?
Младите не почитуваат никого денес...
времињата се менуваат на полошо.
Ова место стана многу опасно за тебе.
Сакам да се преселиш во вила
близу Сиракуза...веднаш.
Што се случило?
Лоши вести од Америка.
Го убија брат ти, Сантино.
Да одиме...ми вети.
Земи го автомобилот.
Сам ли ќе возиш шефе?
Доаѓа ли жена ви со вас?
Не, однеси ја кај татко и
додека не биде безбедно.
Добро, како што ќе кажете.
Кало, каде е Аполонија?
Ќе ве изненади.
Сака да вози.
Ќе биде добра Американска сопруга.
Почекајте, ќе го земам багажот.
Фабрицио!
Каде одиш?
Почекај таму!
Ќе возам накај тебе.
Не, Аполонија!
Дон Барзини, ви се заблагодарувам што ми
помогнавте да го организирам состаноков,
и на другите глави на петте фамилии
од Њујорк и Њу Џерси.
Кармин Кунео од Бронкс,
и од Бруклин...
...Филип Таталија.
И од Стејтн Ајланд
со нас е Виктор Страки.
И другите соработници што дојдоа
дури од Калифорнија и Канзас Сити
и од другите територии од државава.
Ви благодарам.
Како вака завршија работите?
Не знам.
Беше несреќно,
непотребно.
Таталија изгуби син,
и јас изгубив син.
Квит сме.
И ако се согласува Таталија,
тогаш и јас сум согласен работите
да се одвиваат како порано.
Благодарни сме на Дон Корлеоне
што го закажа состаноков.
Сите го знаеме како човек од збор.
Скромен човек кој ги разбира причините.
Да, Дон Барзини.
Премногу е скромен.
Ги држеше сите судии
и политичари во џебот.
Одби да ги дели.
Кога сум одбил договор?
Сите ме знаете.
Кога сум одбил, освен еднаш?
И зошто?
Затоа што верувам дека со годините
бизнисот со дрога ќе не уништи.
Не е како коцкањето или алкохолот,
или жените,
што го сакаат повеќето луѓе,
но забрането е од црквата.
Дури и полицијата што ни помагаше во
минатото со коцкање и други работи
ќе одбијат да ни помогнат кога
станува збор за наркотици.
Верував тогаш...
и верувам сега.
Времињата се сменија.
Не е како порано, кога можевме
да правиме што сакаме.
Одбивањето не е пријателски.
Ако Дон Корлеоне ги има сите политичари
и судии, тогаш мора да ги дели.
Или да дозволи другите да ги користат.
Да ни дозволи да земеме вода од бунарот.
Се разбира дека може
да наплати за услугата.
Покрај се, не сме комунисти.
И јас не верувам во дрогата.
Со години им плаќав на моите луѓе
повеќе само за да не го работат тоа.
Некој дошол и им рекол:
Имам прашок.
Ако вложиш 3-4000 долари,
може да ги направиме 50000 долари.
Не можат да одбијат. Сакам да го
контролирам како бизнис, солидно.
Да го нема во училишта,
да не се продава на деца.
Тоа е подло.
Во мојот град ќе продаваме
само на црнците.
Животни се,
нека ги загубат душите.
Се надевав дека ќе се
собереме и договориме.
И спремен сум да сторам се што е
неопходно за да најдеме мирно решение.
Се сложуваме. Трговијата со дрога
ќе биде забранета, но контролирана.
Дон Корлеоне ќе ни даде заштита
на истокот, и ќе се воспостави мир.
Мора да имам сигурно
уверување од Корлеоне.
Како што минува времето,
и неговата позиција зајакнува,
ќе се обиде ли да ми се одмазди?
Сите овде сме разумни луѓе.
Не треба да даваме ветување.
Говориш за одмазда.
Дали одмаздата ќе ти го врати синот?
Или мојот син на мене?
Се одрекувам од одмаздата за мојот син.
Но имам себични причини.
Мојот најмлад син беше
принуден да ја напушти земјава...
...заради работата со Солоцо.
И мора да средам да се
врати овде безбедно.
Ослободен од сите овие лажни обвинувања.
Но јас сум празноверен човек.
Ако му се случи несреќа,
ако го застрела некој полицаец,
или ако се обеси во затворската келија,
или ако го удри гром,
тогаш ќе обвинам некој од луѓето
во оваа просторија.
И тоа не го опростувам.
Но, покрај тоа...
...се колнам...
...во душата на моите внуци,
дека јас нема да го прекршам
примирјето што го склучивме денес.
Дали да инсистирам сите препродавачи
на Таталија да имаат чисто досие?
Напомени.
Не инсистирај.
-Барзини ќе знае без да му се каже.
-Мислиш Таталија.
Таталија е макро.
Никогаш не би можел да го убие Сантино.
Но не знаев се до овој ден
дека цело време бил Барзини.
Ајде Ненси.
Сите заедно.
Брајан.
Добро.
Пред колку време си се вратил?
Скоро една година.
Мислам дека има повеќе.
Мило ми е што те гледам Кеј.
Сега работам за татко ми.
Болен е.
Многу болен.
Но ти не си како него.
Ми велеше дека нема да станеш како него.
Татко ми не е различен од
било кој друг моќен човек.
Секој човек што е одговорен
за други луѓе.
Како сенатор или претседател.
-Колку си наивен.
-Зошто?
Сенаторите и претседателите
не убиваат луѓе.
Кој е наивен, Кеј?
Начинот на кој што работеше
татко ми заврши. И тој го знае тоа.
За пет години фамилијата Корлеоне
ќе биде целосно легитимна.
Верувај ми. Само тоа можам да ти
го кажам за мојата работа. Кеј...
Мајкл, зошто дојде овде?
Зошто?
Што сакаш од мене после толку време?
Се јавував и пишував.
Дојдов затоа што ми требаш.
Сакам да бидеш со мене.
-Престани Мајкл...
Затоа што...сакам да се омажиш за мене.
-Доцна е.
-Те молам, Кеј...
Ќе сторам се што ќе посакаш за да
надокнадам за тоа што ни се случи.
Затоа што тоа е важно, Кеј.
Зошто важно е тоа што...
...се имаме еден со друг.
Имаме живот заедно.
Дека имаме деца.
Наши деца.
Ми требаш Кеј.
И те сакам.
Луѓето на Барзини ја заземаат мојата
територија а ние не правиме ништо!
-Наскоро ќе нема место каде
да си ја закачам капата! -Биди трпелив.
Не барам помош.
Само извади ми ги лисиците.
-Биди трпелив.
-Мора да се штитиме.
-Дозволи ми да регрутирам нови луѓе.
-Не.
-Барзини ќе добие причина за борба.
-Грешиш Мајк.
Дон Корлеоне...
Еднаш рековте дека некогаш Тесио и јас
би можеле да направиме своја фамилија.
До денес не сум размислувал за тоа.
Мора да побарам ваша дозвола.
Сега Мајкл е глава на фамилијата.
Ако ти даде дозвола,
тогаш имаш мој благослов.
Кога ќе се преселиме во Невада
може да ја напуштиш фамилијата Корлеоне
и да продолжиш сам.
-За колку време ќе биде тоа?
-Шест месеци.
Простете, но кога ќе ве нема, јас и Пит
ќе сме принудени да работиме за Барзини.
Го мразам Барзини.
За шест месеци ќе немаме ништо.
-Имате ли верба во моите ставови?
-Да.
-Лојални ли сте?
-Секогаш Куме.
Тогаш бидете му пријатели на Мајкл.
Сторете како што вели.
Се преговара за работите што ќе ви ги
средат проблемите и ќе ви дадат одговор.
Тоа е се што можам
да ви кажам во моментов.
Карло, ти порасна во Невада.
Кога ќе се преселиме,
ти ќе ми бидеш десна рака.
Том Хеган повеќе не е советник.
Ќе ни биде адвокат во Лас Вегас.
Нема никаква врска со Том,
така сакам јас.
Ако ми треба помош, нема подобар
советник од татко ми. Тоа е се.
-Благодарам тато.
-Се радувам за тебе Карло.
Мајк...зошто сум надвор?
Том, не си воен советник.
Со преселувањето може
да се влошат работите.
Том.
Јас го советував Мајкл.
Не те сметам за лош советник.
Сметав дека Сантино е лош Дон,
нека почива во мир.
Мајкл има моја доверба,
исто како тебе.
Но има причини зошто не може да
бидеш дел од тоа што ќе се случи.
-Можеби можам да помогнам.
-Надвор си Том.
Многу ти е добро лицето.
Многу добро!
Докторот завршил добра работа.
Кеј те наговори?
Остави ги тука.
Изморен е и сака да се среди.
Да ти ја отворам вратата.
-Здраво Мајк! Добредојде во Лас Вегас!
-Се е за тебе! Беше негова идеја!
-Брат ти Фреди.
-Девојки?
Веднаш ќе се вратам.
Забавувај ги.
-Се што ќе посакаш, се.
-Кои се девојките?
-Тоа ти треба да дознаеш.
-Избркај ги Фредо.
-Мајк...
Тука сум за работа. Избркај ги.
Уморен сум.
Избркај го и бендот.
Еј, одете си.
Одете си.Ајде.
Завршувате.
Еј, Енџело.
Ајде!
Магла!
Ајде душо.
Не знам што се случува со него Џони.
Извини.
Не знам.
Уморен е.
Каде е Мо Грин?
Имал некоја работа. Ми рече да му
се јавам кога ќе почне забавата.
Па, јави му се.
-Како си Џони?
-Мило ми е што те гледам Мајк.
-Се гордееме со тебе.
-Благодарам.
Седни, сакам да разговарам со тебе.
И Донот се гордее со тебе.
Па, се е негова заслуга.
Знае колку си благодарен.
Затоа сака услуга од тебе.
Што може да сторам Мајк?
Мислиме да се откажеме од работата со
маслиново масло и да се сместиме овде.
Мо ќе ни го продаде делот од казиното
и хотелот, и ќе го поседуваме цел. Том!
Сигурен ли си? Мо си ја сака работата.
Не спомнал ништо за продажба.
Ќе му дадам понуда што
не може да ја одбие.
Види Џони...
Сметаме дека забавата би
привлекла коцкари во казиното.
Се надеваме ќе потпишеш договор
дека ќе се појавуваш пет пати годишно.
Можеби ќе убедиш и некои пријатели
од филмовите да го сторат истото.
Сметаме на тебе.
Секако Мајк.
Ќе сторам се за мојот Кум.
Добро.
Еј Мајк! Здраво момци.
Сите сте тука. Фреди, Том.
-Мило ми е што те гледам.
-Како си Мо?
Имате се? Посебно подготвена храна,
најдобри танчарки и добар кредит.
Донеси чипови за сите,
нека играат на сметка на куќата.
Доволен ли е мојот кредит
за да те исплатам?
Да ме исплатиш?
Казиното и хотелот.
Фамилијата Корлеоне сака да те исплати.
Фамилијата Корлеоне сака да ме исплати?
Не, јас ќе ве исплатам.
Твоето казино губи пари.
Ние можеме подобро да го управуваме.
-Мислиш дека не го собирам кајмакот?
-Не си среќен.
Вие Гвинејци ме смеете.
Го земав Фреди кога бевте во неволја,
и сега се обидувате да ме избркате!
Го стори тоа затоа што ти го
спасивме казиното од банкрот
и фамилијата Молинари ја гарантираше
неговата безбедност. Да разговараме.
Да. Прво, готови сте.
Немате сила повеќе.
Кумот е болен.
Другите фамилии те бркаат од Њујорк.
Мислиш дека може да дојдеш
во мојот хотел и да го превземеш?
Разговарав со Барзини. Може да направам
договор со него и да го задржам хотелот!
Затоа ли си го удрил брат ми во јавност?
Мајк, тоа не беше ништо.
Мо не мислеше ништо со тоа.
Понекогаш се буни,
но ние сме добри пријатели.
Водам бизнис.
Мора некогаш да удрам некого.
Имавме караница,
па морав да го вразумам.
Си го вразумил брат ми?
Ги ебеше келнерките!
Играчите не можеа да добијат пиење.
Што ти е?
Утре заминувам за Њујорк.
Размисли за цената.
Кучкин сину!
Знаеш ли кој сум?
Јас сум Мо Грин! Јас си ги кршев коските
додека ти сеуште беше со навивачки.
Почекај Мо.
Имам идеја.
Том ти си советникот.
Разговарај со Дон...
Почекај. Донот е полу-пензиониран и Мајк
е одговорен за фамилијарниот бизнис.
Ако имаш нешто да кажеш,
кажи му на Мајкл.
Мајк, не може да дојдеш во Лас Вегас и
разговараш со човек како Мо Грин така!
Фредо...
Постар брат си ми и те сакам.
Но никогаш повторно не заземај
страна против фамилијата.
Мора да се видам со татко ми и со
неговите луѓе. Вечерај без мене.
Викендов ќе излеземе. Ќе одиме во град,
ќе гледаме некое шоу и ќе вечераме.
Сестра ти сака да те праша нешто.
-Нека ме праша.
-Се плаши.
Сакаат да бидеш кум на нивното бебе.
-Ќе видиме.
-Ќе бидеш ли кум?
Ќе размислам.
Ајде.
Барзини прв ќе тргне против тебе.
Ќе закаже состанок преку некој
што потполно му веруваш.
Ќе ти ја гарантира безбедноста.
И на тој состанок ќе те убијат.
Сакам да пијам повеќе вино
отколку што пиев претходно.
-Сепак, пијам повеќе.
-Добро е за тебе тато.
Не знам.
Среќен ли си со жена ти и со децата?
-Многу сум среќен.
-Тоа е добро.
Се надевам дека не ти смета што секогаш
се навраќам на работата со Барзини.
-Не, воопшто не.
-Стара навика.
Го поминав животот обидувајќи
се да не бидам грижлив.
Жените и децата може да бидат грижливи,
но не и мажите.
-Како ти е синчето?
-Добар е.
Секој ден се повеќе личи на тебе.
Попаметен е од мене. Има три години
и веќе може да чита весници.
Да чита весници.
Да поставиш телефонист да ги проверува
сите појдовни и дојдовни повици.
-Го сторив тоа. Се погрижив за тоа тато.
-Така е. Заборавив.
Што е работата?
Што те мачи?
Ќе средам. Ти кажав дека може да средам,
и ќе ја средам работата.
Знаев дека Сантино
ќе треба да го помине ова.
И Фредо...
Фредо беше, па...
Но никогаш не го посакував ова за тебе.
Работев цел живот. Не се извинувам
што се грижев за мојата фамилија.
И одбив да бидам будала,
да играм како што ќе
кажат големите луѓе.
Не се извинувам, тоа е мојот живот,
но мислев дека...
...кога ќе дојде твоето време, ти ќе
бидеш тој што ќе ги диктира работите.
Сенатор Корлеоне.
Гувернер Корлеоне. Било што.
Уште еден моќен човек.
Па...
Немаше доволно време Мајкл.
Немаше доволно време.
Ќе биде, тато.
Ќе биде.
Сега слушај, кој ќе дојде со
предлог за состанок со Барзини,
предавник е.
Не го заборавај тоа.
Може ли да го држам?
-Може ли да ги полеам овие?
-Да, може.
Овде, овде.
Внимателно.
Истураш.
Антони!
Дојди ваму, дојди ваму.
Така. Ќе го ставиме овде.
Ќе ти покажам нешто.
Дојди ваму.
Застани тука.
Дај ми портоокал!
Тоа е нов трик.
Ти трчај внатре.
Трчај внатре.
Каде си?
Мајк, може да дојдеш малку?
Барзини сака да закаже состанок.
Вели дека може да ги
среди сите наши проблеми.
-Разговараше со него?
-Да.
Ќе се погрижам за безбедноста.
На моја територија.
-Добро?
-Добро.
Знаеш ли како ќе те нападнат?
Ќе закажат состанок во Бруклин.
Територијата на Тесио.
Каде што ќе бидам безбеден.
Од секогаш сум мислел дека
ќе биде Клеменза, а не Тесио.
Паметен потег.
Тесио секогаш беше попаметен.
Но ќе почекам.
После крштевката.
Одлучив да бидам кум на бебето на Кони.
Потоа ќе се сретнам со Дон Барзини,
и Таталија.
Сите глави на петте фамилии.
Мајкл, веруваш ли во Господ, Таткото,
Создателот на Рајот и Земјата?
Верувам.
Веруваш ли во Исус Христос,
неговиот единствен син, нашиот Господар?
Верувам.
Веруваш ли во Светиот Дух
и Светата Католичка Црква?
Верувам.
Мајкл Франсис Рици,
дали се одрекуваш од Сатаната?
Се одрекувам.
И сите негови дела?
Се одрекувам.
Ох, Боже!
-И сите негови раскоши?
-Се одрекувам.
Мајкл Рици, ќе бидеш ли крстен?
Ќе бидам.
Мајкл Рици, оди во мир,
и Господ нека е со тебе. Амин.
Кеј!
Бакни си го кумот.
Не може да одиме во Вегас. Излезе нешто
непредвидено. Ќе мора да одат без нас.
-Мајк, ова ни е прв одмор!
-Кони, те молам.
Врати се во куќата и чекај
да ти се јавам. Важно е.
Само неколку дена.
На пат сме кон Бруклин.
-Се надевам Мајк ќе направи
добар договор. -Сигурен сум.
Сал, Том, шефот рече дека ќе дојде со
посебен автомобил, па вие двајца одете.
-Ми ги заебува плановите.
-Така кажа.
И јас не можам да одам Сал.
Кажи му на Мајк дека беше само бизнис.
Отсекогаш сум го сакал.
-Го знае тоа.
-Извини Сал.
Том, може ли да ме спасиш?
-За старите добри времиња?
-Не можам Сали.
Мора да одговараш за Сантино, Карло.
-Мајк, грешиш.
-Го предаде Сони на луѓето на Барзини.
Играта што ја играше со сестра ми.
Мислиш може да измамиш еден Корлеоне?
-Невин сум. Се колнам во децата.
-Те молам, немој.
- Седи.
Немој, те молам.
Барзини е мртов.
И Филип Таталија.
Мо Грин.
Страчи. Кунео.
Ги израмнувам сметките за фамилијата
денес, па не ми кажувај дека си невин.
Признај што направи.
Донеси му пијалок.
Ајде.
Не се плаши Карло. Мислиш ли дека
сестра ми ќе ја направам вдовица?
Кум сум на твојот син, Карло.
Ајде, пиј, пиј.
Не си повеќе во фамилијарниот бизнис.
Тоа е твојата казна.
Завршено е со тебе.
Те ставам во авион за Лас Вегас.
Том.
Сакам да останеш таму.
Разбираш?
Само не ми кажувај дека си невин.
Зашто ми ја навредува интелигенцијата.
Многу ме лути.
Кој дојде до тебе?
Таталија или Барзини?
Барзини.
Добро.
Надвор те чека автомобил,
ќе те однесе до аеродромот.
Ќе и се јавам на жена ти и ќе
и кажам со кој лет ќе патуваш.
-Мајк...
-Губи ми се од пред очи.
Здраво Карло.
-Се обидувам да ти кажам...
-Мамо, те молам!
Мајкл!
-Што е?
-Каде е тој?
Мајкл, копиле ниедно!
Го уби мојот сопруг.
Чекаше да умре татко ти,
за никој да не те запре.
Го обвини за Сони.
Сите го обвинија.
Но никогаш не мислеше на мене!
Сега што ќе правиме?
Кони.
Зошто мислиш дека го држеше Карло
покрај себе? Знаеше дека ќе го убие.
Се согласи да бидеш кум на нашето бебе.
Ладнокрвно копиле!
Сакаш да знаеш колку луѓе има убиено
со Карло? Прочитај во весниците!
Тоа е твојот сопруг,
тоа е твојот сопруг!
Не!
Не, не...
Однеси ја горе.
Повикај доктор.
Хистерична е.
Хистерична.
Мајкл, вистина ли е?
-Не ме прашувај за мојата работа, Кеј.
-Вистина ли е?
Не ме прашувај за мојата работа.
Доста!
Добро.
Само овој пат.
Само овој пат ќе ти дозволам да ме
прашаш за моите деловни односи.
Вистина ли е?
Вистина ли е?
Не.
На двајцата ни треба пијалок.
Ајде.
Дон Корлеоне.
К Р А Ј
превод: луцифер
www.mkd-titlovi.niceboard.com