Tip:
Highlight text to annotate it
X
З А С П А Н И
Ова е вистинска приказна за другарство
кое тече подлабоко од крвта.
Ова е моја, и приказна на три мои
другари во животот што ми значат нешто.
Двајца од нив се убијци кои
не доживеаја до триесетата.
Другиот е адвокат,
кој живее со болка од своето минато...
...престрашен за да ја заборави,
и несакајќи да се соочи со хоророт.
Јас сум единствениот кој може да раскаже
за нив...и децата какви што бевме.
ПЕКОЛНА КУЈНА
ЛЕТО 1966
Моите тројца другари и јас бевме
неразделни.
...среќни и задоволни што живееме во
затворениот свет во Пеколна Кујна.
Западната страна на улицата
Менхетен беше наше приватно игралиште.
...кралство од бетон, каде што
чувствуваш дека си апсолутен владетел.
Пеколна Кујна беше населена
со несовршен тип на...
Ирци, Италијанци, Порториканци,
и Источно Европски работници.
Цврсти луѓе кои живееја тешки животи.
Живеевме во железнички станови,
во згради од црвени тули.
Неколку мајки работеа и сите имаа
проблеми со сопрузите во бракот.
Закопав една ебена жена,
можам да закопам уште една!
Домашното насилство беше
секојдневие во Пеколна Кујна.
Сепак, немаше разводи
ниту пак раздвојувања.
Волјата на Црквата беше моќна.
За бракот да заврши,
вообичаено некој требаше да умре.
Сепак, покрај тешкотиите во животот...
...Пеколна Кујна им понуди на децата
на нејзините улици, безбедна мрежа...
...во која уживаа и некои соседства.
Криминални дејствиа врз
луѓето од соседството не беа дозволени.
Кога ќе се случеше нешто такво,
казната беше многу сурова...
...и во некои случаи, крајна.
Дилер на дрога од центарот на градот
донесе хероин во Пеколна Кујна.
Едно пакетче уби дванаесет годишен
син на еден Порториканец.
Тоа беше последното пакетче
што го продаде дилерот.
Пеколна Кујна беше место
на невиност...владеенo од корупција.
Моите пријатели и јас поминувавме
доста време во црквата Свети Ангели.
Сите служевме како помошници.
Сите сакаа да работат кога ќе
има погребна миса...
...затоа што за погребната миса
имаше три долари надомест...
...и повеќе ако изгледаш
исклучително натажен.
Имаше активно натпреварување
помеѓу нас четворица...
...да направиме најдобра
и најоткачена шега.
По две недели во новата
учебна година...
...го најдов тастерот на калуѓерката во
училишниот ходник...
...и бев спремен за големата лига.
Во црква се користеше да ги контролираат
девојчињата кога да...
...станат, седнат, да
клекнат и да се поклонат...
...се беше базирано на тоа колку
пати ќе биде притиснат тастерот.
Во мојот џеб, беше причина
за големо безредие.
Ќе бидете бранители на судбината.
Ќе бидете војници на Христос.
И ќе добиете дар од...
...Светиот Дух.
Ќе биде голем ден и вашите...
...родители ќе бидат горди со вас.
Кога ве крстеле...
...направиле ветување за вас.
И сега...
- Ќе ги потврдите тие ветувања.
- Дај ми го тастерот.
Кој тастер?
Веднаш!
Нека станат сите.
Да се помолиме.
Калуѓерките се лесни мети.
Џон и јас поминувавме
повеќе време во црква од останатите.
Само ние двајца од групата влеговме без
размислување во одајата на свештеникот.
И Џон и јас бевме запрепастени од
моќта која му е дадена на свештеникот.
Таен свет на предавство и измама,
каде што луѓето...
...отворено признаваа лоши дела
и лоши постапки.
Исповедањето беше подобро од било која
книга што ја имавме прочитано...
...или било кој филм што сме го гледале,
затоа што гревовите беа вистинити.
...направени од луѓе кои ги познаваме.
Искушението да бидеш дел од тоа,
беше премногу добро за да го одбиеш.
Ако не фатат, ќе не запалат.
Што ако нашите мајки се внатре?
Што ако ги слушнеме нивните исповеди?
Што ако слушнеме нешто пострашно?
На пример?
На пример, убиство.
Што ако некој признае убиство?
Опушти се. Се што треба да направиме е
да седнеме, слушаме и да не се смееме.
Секунди подоцна, нашата одаја оживеа.
Јас...спиев со женети луѓе.
Луѓе со семејства.
Наутро, си велам себеси дека е
последен пат, ама никогаш не е.
Да?
Видете, јас сум...јас сум бремена.
Кој е таткото?
Земи бројче.
Што ќе правиш?
Знам што сакате вие да направам.
И знам што треба да правам.
Само незнам што ќе направам.
Види, морам да одам.
Благодарам што слушавте, момци.
Го ценам тоа.
И знам дека ќе го задржите за себе.
Знаела.
Да, знаела.
Зошто мислиш дека ни го кажа сето тоа?
Не знам.
Можеби морала да го каже на некого.
Отец Роберт Карило беше син на морнар...
...на кого му беше удобно да седи на
столче во некој бар...
...како што стоеше пред олтарот за време
на Голема миса.
Се зафатил во животот со криминал, пред
да го најде своето место.
Тој беше пријател...пријател кој
случајно беше и свештеник.
Знаеш ли што ти прави тоа
срање на твоето тело?
Како не, Оче, го победува пушењето.
И поевтино е, исто така.
Можеби.
Па, дали си слушнал нешто ново?
Не, ништо.
Јас слушнав дека си заинтересиран
да станеш свештеник.
Кој го кажал тоа?
Зборуваат дека си сакал да бидеш
во одајата за исповедување.
Не знам за што зборувате, Оче.
Не знаеш?
Можеби сум добил погрешна информација.
Мислам дека е така.
Ќе се видиме подоцна, вечерва.
Што има вечер?
Морам да разнесам
некои книги и списанија...
...за старите и инвалидите
низ соседството.
Мајка ти рече дека си сакал да помогнеш.
Сигурно го кажала тоа.
Шејкс...
Не сакам да правиш проблеми.
Како не, Оче, знаеш дека
никогаш не правам проблеми.
Тоа е се што посакувам
за тебе и твоите другари.
Тоа е се?
Тоа е се.
Ништо друго, се колнам, тоа е се.
Знаеш, свештеник не треба да се колне.
И деца не треба да слушаат
исповед на други луѓе.
Ќе се видиме вечер.
Во ред...се гледаме.
Мајкл сексуално беше најискусен во
нашата група,
Што значеше дека бакнал девојка во
повеќе од една прилика.
Неговата вистинска љубов беше Керол
Мартинез, новонаселена во Пеколна Кујна.
Полу Порториканка, полу Ирец,
беше одгледана од нејзиниот татко,
нејзината мајка починала на пораѓање.
Керол се држеше настрана, ама секогаш
и беше пријатно во наше друштво.
Секогаш можевме да сметаме на Керол...
...да стои и да стражари на првата
ноќ кога беа Игрите на Мраз.
Кога групи семејства се
редеа на влезот на Гарден...
...чекајќи ја изведбата на лизгачките...
...секој од нас зјапаше низ дупка...
...гледајќи дваесетина убави
и скоро голи девојки...
...како ги облекуваат
нивните лизгачки облеки.
Вака најверојатно изгледа Рајот.
Керол, сакаш да погледнеш?
Зар има нешто што не сум видела?
Ама си среќна!
Таа е толку убава. Боже, би можел
да умрам сега и да не жалам.
Кога јас и моите другари бевме мали,
Пеколна Кујна беше раководена од човек
по име Крал Бени.
Кога бил млад, Крал Бени бил
платен убиец за Лаки Лучијано.
Лаки Лучијано направил доста добри дела
за оваа земја во Втората светска војна.
Ама нема да го прочиташ тоа во
ниедна ебена книга по историја!
Се збори дека Крал Бени бил
убиецот на Лудото Куче Кол...
...тој шутрак од Западната 23-та улица.
Имаше бар, заедно со Холанѓанецот Шулц.
И отвори неколку клубови со
Цврстиот Тони Анастасија.
Имав 14 години кога првпат слушнав
за него. Приказната е:
Како дете, не бил ништо посебно.
Секогаш бил претепуван во улични тепачки.
И тогаш еден ден, и којзнае
ебено зошто, некој Ирец...
...имал околу 25 години,
го фаќа Крал Бени...
...и го бутка надолу по скали.
Крал Бени ги крши сите предни заби.
Знаете што направи Крал Бени?
Чекаше.
Чекаше осум години...
...да му се одмазди на тој шутрак.
Влегува во јавна бања.
Типот си лежи во када.
Крал Бени ги вади предните заби.
Ги остава на лавабото.
Го гледа типот и му вели:
„Кога гледам во огледало, го
гледам твоето лице.“
Вади пиштол...
...и го пука двапати во секоја нога.
Тогаш му вели на типот:
„Сега, кога ќе се бањаш ти ќе го
гледаш моето лице.“
Никој не се заебаваше
со Крал Бени потоа.
Одмазда!
Одмазда!
Може ли да разговарам со тебе малку?
Сакам да работам за тебе.
Да ти помагам, се што ти треба.
Ти си син на касапот...во право сум?
Каква работа бараш?
Било каква, не е важно.
Не е важно?
Сите велат дека ова е место
за да побараш работа.
Кој е „сите“?
Луѓе од соседството.
Да те прашам, што знаат тие?
Знаат дека имаш работи.
Извини што ти го потрошив времето.
Почекај малку!
Дојди утре ако сакаш да работиш.
- Кое време утре?
- Било кое време.
Ќе бидеш тука?
Јас сум секогаш тука.
Мојата прва работа за Крал Бени се
плаќаше 25 долари неделно, и...
...трошев само 40 минути
од моето време.
Во темна соба во барот, еден од момците
ќе ми дадеше завиткана хартиена кеса...
...и ќе ме пратеше во една од двете
полициски станици за испорака.
Беше совршен начин за
да се среди исплаќањето.
Ајде, одиме!
Овде.
Да видиме какви пари имаш во кесата.
Мора да сте луди!
Знаете ли од кого крадете?
Да, знаеме, и се посравме од страв.
Дај ми ја кесата.
Дај ми ја ебената кеса!
Еј, што правите таму? Одговорете ми!
Што правите таму?
Ми ги земаа парите!
Сте земале пари од момчето?
Парите што ги земаа се во кесата.
Дајте ми ја кесата!
Еби се!
А сега?
Во ред, полека.
Не сте паметни повеќе.
Сега сте глупи.
Дајте ми ја кесата.
Сега, оди!
А што ќе биде со нив?
Се грижиш за нив?
Тогаш оди! Оди!
Трчај!
Ми треба некој со мене.
Што ако стариот не се појавеше?
Што ти треба?
Моите другари.
Твоите другари?
Што мислиш дека е ова, камп?
На овие деца може да им веруваш.
Ги познавам цел живот.
Во ред, земи ги твоите другари.
Отец Боби знаеше дека работиме
за Крал Бени, и не беше задоволен.
Не беше загрижен за џепарлакот,
туку за следниот чекор...
...кога ќе ти кажат да земеш оружје.
Не сакаше тоа да ни се случи на нас.
Мислиш дека работењето за
Крал Бени е добра идеја?
Се исплаќа.
Многу работи се исплаќаат.
Не како оваа.
Повеќето свештеници сакаат да
проповедаат во црква.
Отец Боби сакаше да проповеда додека
игравме кошарка на игралиштето.
Добар погодок!
Најдов час по уметност за тебе.
Знаеш дека не можам да си дозволам
да одам на часови по уметност.
Не треба да плаќаш ништо.
Учителот ми е пријател.
Нема да биде ништо освен
потрошено време, Оче.
Можеби, но може да биде и првиот чекор.
Првиот чекор за што?
Да направиш нешто во својот живот.
Никогаш не се знае, можеби
ќе ти помогне да заминеш одовде.
Сите може да заминете одовде.
Момци, ќе разговараме
или ќе играме кошарка?
Види, имам приказна
што сакам да ти ја кажам.
Не е таа за чистачите, нели?
Затоа што од таа имам кошмари.
Без чистачи. Микеланџело.
Се родил сиромашен, како вас.
Бил сликар, бил скулптор.
Ја нашол оваа работа од Папата.
Добри пари, добра работа.
Во ред, Оче, но зошто Папата го повикал?
Затоа што Папата го барал
најдобриот што може да го најде...
...да го наслика плафонот
на неговата црква во Рим.
Па не звучи како голема работа, Оче.
Па, за Микеланџело била.
На Микеланџело
му беше потребна работата...
...зашто се исплаќаше повеќе пари
отколку што заработил во животот.
И така можел да ги исплати
долговите на татко му.
Што бил татко му?
Бил ситен...крадец.
Ситен крадец без пари.
Крадел кози,овци...
Кози?
Кокошки, се што можел, разбираш.
- Кокошки?
- Кокошки?
Знаеш што се случи?
Наслика плафон што
никој нема да го заборави.
Го наслика како да го допрела
раката Господова.
Ги исплатил долговите?
Сите до еден.
Колку време му требало,
да го наслика плафонот и сето тоа?
Му требало околу девет години.
Девет години?
Тоа бил голем плафон!
Најмив еден Порториканец да ми го
исфарба станот за два дена.
И имаше крива нога.
Знаеш, не знам што
ќе правам со вас момци.
Еј, дај ни нешто да фарбаме,
и остави се на нас.
Знаеш што беше?
Систиновата Капела.
Шеснаесета Капела?
Кој ги офарбал останатите петнаесет?
ЗИМА 1967
Надворешните настани немаа значење.
Во општество кое радикално се менува...
...ги гледавме сликите расеани навечер
на нашите телевизиски екрани.
Млади учесници на протести кои говореа
како ќе ни ги променат животите...
...и ќе го средат светот. Но додека ги
извикуваа нивните слогани...
...моите другари и јас одевме
на погребни миси...
...за млади луѓе од Пеколна Кујна...
...кои се вратија од Виетнам
во црни вреќи.
Ги гледавме со недоверба
лицата на телевизија...
...оние заштитени со пари и лица
од високата средна класа.
Растечка армија од феминисти
маршираше низ државата...
...барајќи еднаквост.
Сепак, нашите мајки уште готвеа...
...и се грижеа за мажите кои ги
малтретираа психички и физички.
За мене и моите другари,
овие настани немаа тежина.
Можеше да се случат и во друга
држава...во друг век.
Нашето внимание беше на друго место.
Седевме со Отец Боби на трет кат
во болницата, во посета на Џон...
...се надевавме дека ќе се опорави
од повредениот дроб.
Подарок од еден од многубројните
љубовници на мајка му.
Се надевам ти се допаѓаат овие.
Подобро да ми кажеш дека ти се допаѓаат.
Отец Боби не ја остави
ситуацијата заборавена.
Ќе дојдам во недела.
Се брзам, во ред?
Џон Рајли.
Тој мал мангуп.
Малку претера, па го опаметив.
Ништо посериозно.
Го стави во болница.
Жив е нели? Види, ако е
паметен ја научил лекција.
Колку си тежок?
Околу 120 килограми, 130?
Голем човек си. Колку мислиш
дека Џон Рајли тежи?
40, 45?
Не тежи ни колку пердув.
Ако имало тепачка,
ти си надвор од твојата лига.
Види, беше само шлаканица,
не беше ништо.
Па, следниот пат ќе се сретнеш со мене.
И можеби не сум твоја лига, ама
тежам повеќе од 45 килограми.
Нема да ти треба доктор кога ќе завршам
со тебе, ќе ти треба свештеник...
...да се моли над твоето тело.
Се гледаме во црква.
Отец Боби би бил добар платен убиец.
Штета што го загубивме
на другата страна.
Губевме 7:6 во последниот дел
од улична безбол игра.
...против Хектор Малдонадо...
и три негови другари.
Ајде, Дејви...исфрли ги овие дечиња!
Не знаат ништо!
Замолчи!
Кој е тоа?
Сестра му.
Што и се случило?
Не сум сигурен, некој вид на рак
во нозете или нешто слично.
Грижи се за играта, ајде.
Ајде Дејви, исфрли ги надвор.
Не може да те стигне Дејви,
тој не може да те стигне.
Еј, за некој кој што нема нозе,
имаш голем јазик!
Ова е...хоумран!
Полека, Мајк.
Во што ебено гледаш,
мало куре!
Нема ништо освен шарм.
Ајде Дејви.
Можеш да го победиш,
можеш да го победиш, Мајки.
Да, ти кажав дека не вреди
за гомно, бејби!
Еј, голтни си го јазикот!
Ти мала саката кучко!
Можеше да и помогнеш
да ја помине улицата...
...или да и купиш сладолед.
Не мораше да ја изгубиш играта.
Да, и сега сме Армија за Спасение.
Се прашуваш некогаш зошто
нема Морнарица за Спасение?
Играта заврши, губитници.
Припремете ги парите.Долар од секој.
Не е подобар од тебе.
Беше денес.
Не. Му дозволи да биде.
Се заради тоа што Ирецов овде,
има симпатија кон девојчиња без нозе.
Види, држи се настрана од ова,
дебел, во ред?
Вие момци сте меки како леб.
Ќе ве стигне некој ден.
И кога ќе ве стигне,
ќе боли...многу.
Што се случува е наша работа,
не твоја, во ред?
Мора да бидеш цврст за останеш цврст.
Човек намирисува кога си слаб,
и те јаде како салата.
Ја гледаш ли онаа улица?
Таа улица е чинија на животот,
и твоите момци се апетизери.
Ќе дојде некој, ќе ве изеде и
ќе ве заборави до десертот.
Полека, дебел.
Беше само уличен безбол.
Да, ама да бидеш мек е навика.
Мора да останеш цврст и така
да продолжиш во животот!
Во ред, во ред, смири се.
Исто како да се дружиш
со ебен Конфучие овде.
Многу смешно, мало куре.
Види, ова е само бесплатен
совет од мене за вас.
Го прифаќате или не.
Не е важно.
Благодарам многу, дебел.
Искрено, сите бевме изненадени
од реакцијата на Мајкл.
Ама во неговата глава,
губење на таа игра значеше...
...делењето чуство на победа, на
девојче во инвалидска количка беше...
...повеќе од правилно да се направи.
ЛЕТО 1967
Ајде, да одиме да пливаме.
Температурата се качи
на 45 степени...
...на денот кога нашите животи
беа засекогаш запечатени.
Се пржам како јајце овде.
Велам, да земеме ролати со путер,
неколку ладни соди, и да се
упатиме надолу кај доковите.
Можеш ли да го почуствуваш
ветерчето овде?
Кое ветерче?
Опкружени сме со ѕидови, гение!
Ѓаволот не може да ја
поднесе оваа топлина.
Ќе замолчите ли, ве молам!
Се обидувам да добијам боја.
45 степени е!
- Има малку ветерче овде.
- Не е ветерче.
Не сме го ограбиле продавачот на
виршли неколку недели.
Не знам, Мајки.
Овој продавач не е како другите.
Мислам, станува многу лут, скоро луд,
кога ќе пробаш да го ограбиш.
Може да јадеме виршли...
или може да јадеме воздух...избери.
Воздухот е сигурно побезбеден, Мајк.
Да, виршлата не вреди крв, Мајки.
Да, сепак, на кого е редот?
Твој!
- Да, твој ред е!
- Мој? Не е мој ред.
- Да, твој е!
- Јас бев минатиот месец.
- Тој беше две недели.
- Ти не беше.
- Минатиот месец.
- Дали сте луди? Јас бев веднаш после него.
Јас не одам.
- Зошто?
- Многу е жешко.
Ако одам долу по скалите
ќе се онесвестам.
Сенф и кромид. Не сакам сода.
Те познавам!
Личам на повеќе луѓе.
Измамата беше едноставна.
Требаше да отидам кај продавачот
на виршли и да нарачам што сакам.
Продавачот ќе ми ја подадеше вишрлата
и јас ќе почнав да бегам.
Ова го остава продавачот со два избора,
ниеден исплатлив.
Може да остане мирен и да ја проголта
загубата, или да тргне во потера.
Вториот избор го принудува
да ја напушти количката...
...каде што моите пријатели можат
да се гостат во негово отсуство.
Ќе ми требаат две салветки.
Плати ми, крадецу!
Опа! Кечап!
Го земав од него и почнав да бегам.
Поминав покрај Томи Муг-хемиското
чистење, Армонд чевларската работилница.
Продавачот ме бркаше со вилушка со
продолжена дрвена рачка.
Ќе ми дадеш две?
Знаеш овие нешта се потешки
отколку што изгледаат.
Гение, тоа е боцата со плин
за да ја одржува храната топла.
Потешки се од гомна!
Мислите ли дека ние тројца
може да ја туркаме?
Да ја туркаме каде?
Неколку блока. Ќе биде добро
изненадување за типот...
...кога ќе се врати од потерата по
Шејкс, да не си ја најде количката.
Продавачот се измори на
47-та и 9-тата улица.
Јас бев на другата страна од улицата.
Беше уморен...ама не изморен.
Можеше да продолжи уште десет
минути само поради омразата.
Откажи се.
Нешто не е во ред, Мајки?
Шејкс се задржа премногу долго.
Требаше да се врати до сега.
Ќе биде добро. Тој е Шејкс.
Требаше да ги земете виршлите,
а не целата количка.
- Сега ни кажува.
- Доаѓа брзо, Мајки.
Уште е близу?
Имам план!
Ајде да одиме долу во метрото!
Планот беше едноставен и поглуп од било
кој друг што досега сме го направиле.
Требаше да ја држиме количката на
горната скала на ивицата,
наведнувајќи ја надолу,
и чекајќи го продавачот.
Требаше да ја пуштиме веднаш
штом ги допре рачките.
И да гледаме како се мачи да ја врати
количката на тротоарот.
И до ден денес, не знам
зошто го направивме тоа.
Но, сите ќе платиме цена.
Беше само една минута...
ама во таа минута...се се смени.
Момци, не можам да ја држам!
- Не ја пуштајте!
- Не можам да ја држам!
Не можам да ја држам!
Стоп! Боже, не!
По ѓаволите!
О Боже! Момци што направивте?
Што во името на Господ,
момци направивте?
Мислам дека штотуку убивме човек.
Додека Џејмс Колдвел полека
оздравуваше во болницата Свети Клер...
...бевме обвинети и оставени под
под надзор на родителите.
Жал ми е, тато.
Извини нема да ти помогне многу.
Смири се!
Не е време да полудуваш!
Одиш во затвор, а уште незнаеш
што ебено значи тоа.
Мамо! Дојди погледни мамо!
Не знам. Копиле!
Тој е само дете.
Не треба да оди во затвор.
Никој во ова семејство не треба да оди
в затвор. Јас бев доволно време за сите.
Слушнав дека ти фали помошник.
Се сеќаваш што треба да работиш?
Полека со водата,
повеќе од виното.
И заѕвони со ѕвончињата секогаш
кога ќе видиш некој да припадне.
Припреми се...имаме пет минути
до почетокот на шoуто.
Ќе ми недостига ова.
Ќе ми недостига сето ова.
Сторив се што можев, но досега
на секоја врата што тропнав е заклучена.
Може да избегам...може сите да избегаме.
Да исчезнеме некое време.
Никој нема да не бара.
Никој нема да се загрижи за нас...
за каде што ќе одиме.
Избегај сега, па ќе бегаш цел живот.
Криењето нема да направи тоа да исчезне.
Луѓето нема да заборават.
Мора да се соочиш со ова.
Не можам, Оче.
Не сакам да се соочам.
Премногу сум исплашен за да се соочам.
И јас сум исплашен, истотака.
Никој не е исплашен колку мене,
но ти мора да го направиш тоа.
Ќе бидеш во ред. Ќе издржиш таму.
Ме разбираш?
Ајде. Имаме публика.
Избројав тројца пијаници и
четири вдовици по пат наваму.
И пред продавницата на Дебелиот
Ралфи спиеше еден во последниот ред.
До дождот е. Лошото време
секогаш носи гужви.
Ова е една од моите омилени.
Што тоа?
„Што и да им направиш на моите браќа...
ми го правиш и мене.“
Ајде.
Никогаш не го гледавме
продавачот како човек...
...не на начин на кој ги гледавме
другите луѓе од соседството.
И не ни беше доволно грижа за него
за да му искажеме почит.
Не забележавме колку напорно работеше,
и дека имаше жена...
...и две деца во Грција, и се надеваше
да ги донесе во оваа држава.
Не обрнувавме внимание на долгото
работно време кое го имаше.
Не гледавме ништо од тоа.
Само гледавме бесплатен ручек.
Томас Маркано, Судот одлучи
пресудата да биде притвор...
...за временски период не повеќе од
осумнаесет месеци, не помалку од година.
...во Домот Вилкинсон за машки.
Џон Рајли, Судот одлучи пресудата
да биде притвор за временски период...
...не повеќе од осумнаесет
месеци, не помалку од една година.
...во Домот Вилкинсон за машки.
Лоренѕо Каркатера.
Земајќи во предвид дека
си пристигнал на местото...
...откако се случила кражбата
на количката...
...сметајќи го тоа, Судот
одлучи пресудата да биде притвор...
...не повеќе од година, не помалку од
шест месеци во Домот Вилкинсон за машки.
Мајкл Саливан.
Судот одлучи пресудата
да биде притвор...
...за период не повеќе од
осумнаесет месеци...
...не помалку од една година,
во Домот Вилкинсон за машки.
И да додадам...
да немаше интервенција...
...од Отец Роберт Карило, кој кажа
многу нешта за ваше добро...
...ќе ве осудев на многу посурова казна.
Се уште имам сомнежи во
вашата наследена добрина.
Само времето ќе покаже дали грешам.
Може ли да ми направиш услуга?
Што сакаш? Кажи.
Последниве неколку недели...
...мајка ми и татко ми изгледаа како
подготвени да се убијат еден со друг.
Ќе ги чуваш заради мене?
Ќе ги гледам.
И без разлика што ќе слушнеш,
кажи им дека сум добар.
Мислиш, сакаш да лажам?
Тоа е добра лага, Оче.
Го можеш тоа.
Ајде, да одиме.
Биди силен.
Ќе бидам.
Домот Вилкинсон за машки имаше
780 млади престапници...
...ставени во пет одделни единици.
Од надвор, институцијата се преставуваше
исто како луѓето што ја водеа...
...сакаа да преставува...
...некој вид на фино училиште
или универзитет.
Мајкл, Томи, Џон и јас бевме
распоредени на вториот кат во група Ц.
Секој од нас имаше посебна соба.
Бев во мојата соба помалку од еден час..
...и ме фати паника.
Не треба долго време...
...да дознаеш колку си цврст,
или колку силен можеш да бидеш.
Знаев од првиот ден во Вилкинсон
дека не бев цврст ниту пак силен.
Здраво, Каркатера.
Спушти ги твоите алишта на под.
Овде?
Очекуваше соблекувална?
Немаме.
Сега, соблечи се.
Пред вас?
Ајде, ајде!
Што ти е тоа срање околу вратот?
Извади го.
Тоа е Марија, знаеш, мајката на Господ.
Не ме боли курот чија мајка е.
Извади го.
Се.
Сакате да стојам овде гол?
Сега разбираш.
Знаев дека вие момчиња од Пеколна Кујна
не сте глупи како што велат сите.
Сега, што?
Облечи се.
Имаше четири стражари
распоредени на секој кат...
...со еден, во нашиов случај, Ноукс,
одговорен за групата.
Фергусон беше син на убиен
полицаец од Државата Њујорк...
...и беше на листата за вработување во
полициските станици на градот Њујорк...
...и општината Суфолк.
Стајлер работеше во Вилкинсон за да
собере пари за правниот факултет.
Адисон имаше завршено
средно училиште...
...и не сакаше ништо повеќе од
постојана работа која се плаќа добро.
Не беше група од невини
млади момчиња во Вилкинсон.
Повеќето, ако не и сите,
притворениците припаѓаа таму.
Некои од нив отслужуваа
и втори и трети престапи.
Сите беа насилни престапници. Некои
изгледа жалеа за тоа што го сториле.
А рехабилитација, заборавете го тоа.
Зошто го направи тоа?
Ми се приближи.
Па?
Ми пречи.
Не сакам да бидам до тебе или
до твоите гадни другари!
Значи времето поминато овде
ве нема научено ништо!
Уште сте истата ебена група
кловнови како што бевте...
...на денот кога стапнавте овде.
Во ред, вратете се сите и
завршете го вашиот ручек.
Нема ништо да се види.
Одете ајде, одете, седнете...
губете се одовде...
Ајде.
Тоа важи исто и за мене?
Не, не важи за тебе.
Врати се во твојата соба.
Си завршил со ручекот. Оди.
Јас и ти...ќе го завршиме
ова многу наскоро.
Можеби на вечерата.
Па...вие момци од Пеколна Кујна,
дали го изедовте ручекот?
Јас само го помирисав.
Го помириса...
Тоа е добро.
Каде одиш?
Ни кажа да земеме ручек.
Вие момци нема потреба да се вратите
во линија за да земете ручек, затоа што...
...има доволно за јадење токму
каде што стоите.
Може да го помирисате.
Не сум гладен.
Па, ме заболе курот
дали си гладен или не.
Ќе јадеш...затоа што јас
ти кажувам да јадеш.
Се уште не сум гладен.
Јас ќе ти кажам дали
си гладен или не.
Сега, јади.
Извини? Што гледаш?
Долу на коленици веднаш
и завршете го проклетиот ручек!
Ајде, јади! Не мислете дека
имате цел ебен ден, овде! Јади!
Имате малку пире...
Ајде, цицајте од желето.
Ајде сега, вие ебени серковци, јадете!
Немој да мислите дека имате цел ден.
Побрзајте. Ајде, сега, одиме.
Ниеден кловн од вас нема да замине
додека серковциве не завршат со ручекот!
Разбравте? Еј ти...
Еве,не може да имаш добар ручек
без добро парче леб. Јади!
Ајде сега, тоа е добро.
Покажете им на момците
како ги следите моите правила.
Правила! Разбирате?
Еј погледнете, момци, гледате
како тој ги следи моите правила.
Твојата смена заврши, Ноукс.
Не сум спремен за одење.
Имам уште неколку работи...
...морам да расчистам овде
пред да заминам.
Моја должност е сега.
Ќе расчистам што треба да се расчисти.
Не се мешај во ова.
Не е поврзано со тебе.
Во ова, ќе се замешам.
Не се заебавај со мене, момче.
Не, Ноукс...ти се заебаваш со мене.
Те замолувам.
Влегуваш во мојата смена.
Ќе ти се тргнам од патот...за сега.
Ќе земам што можам.
Вие момчиња станете.
Трагедија е. Ви велам.
Не ве разбирам вас момци.
Мислам дека не знаете што
значи да постојат правила.
Мора да постојат правила,
и мора да постои дисциплина.
Незнам како било во вашите домови
и во вашите домашни животи, ама...
...во мојата куќа со татко ми,
постоеја правила!
И ако не ги следиш правилата,
требаше пеколно да платиш.
Имаш правила, и имаш дисциплина.
Некогаш, не беше добро, но научивме.
Научивме сигурно.
Онаму десно.
Ете така.
Мислам, едноставно е, навистина.
Имаш правила, и имаш дисциплина.
Тоа е почетокот на приказната,
и тоа е крајот на приказната.
Дали се разбираме?
Свртете се со лицето кон ѕидот.
Сега, бевме прекинати претходно
во кујната, но...
...нема никој да не
прекине сега тука.
Што сакаш?
Пушење.
Доле на колена.
Со лицето кон ѕидот.
Немам јасни сеќавања за сексуалното
злоставување кое го претрпевме.
Ги закопав најдлабоко што
можеше да се закопаат.
На што се сеќавам најмногу од таа
ладна октомвриска вечер...
...е дека беше мојот четиринаесети
роденден...
...и крај на моето детство.
Пред некое време, му пишав
на татко ми да не доаѓа.
Неможев да погледнам во татко ми
и да го види на моето лице...
...сето тоа што ми се има случено.
Мајкл го направи истото со
неговите членови од семејството.
Мајка му на Томи неможеше да се
прибере за да дојде на посета.
Мајка му на Џон доаѓаше еднаш месечно.
Но никој не можеше да го сопре
Отец Боби да дојде на посета.
Па слушај, да се обидеме да ја
чуваме тајната, во ред?
Ноукс не предупреди да не
кажуваме ништо на Отец Боби.
Ако кажевме, последиците ќе беа сурови.
Си ослабел малку.
Па не е домашно готвење.
Седи.
Овде можам да ве гледам сите четворица.
Го сакав Отец Боби, но
неможев да го погледнам.
Се плашев дека ќе
погледне право низ мене...
...покрај стравот и срамот,
право кон вистината.
Шејкс, има ли нешто
што сакаш да ми кажеш?
Било што?
Не треба да доаѓаш повеќе овде, Оче.
Го ценам сето тоа, но...
...сметам дека не треба да
го правиш ова.
Запрев кај Атика денес на пат
наваму за да посетам еден стар пријател.
Имаш некои пријатели кои не се во затвор?
Не толку колку што сакам да имам.
За што лежи во затвор?
Тројно убиство. Уби тројца
луѓе пред петнаесет години.
И тој е добар пријател?
Тој ми е најдобар пријател.
Се дружевме.
Бевме блиски...
како ти и твоите другари.
Двајцата бевме пратени овде.
Така е. И не беше лесно...
...исто како што не ти е лесно
на тебе и момците.
Ова место го уби...
направи да не се грижи повеќе.
Не дозволувај ова место да
ти го направи истото, Шејкс.
Не дозволувај да те натера да
мислиш дека си поцврст одошто си.
Морам да одам, Оче.
Се гледаме во Пеколна Кујна.
Сметам на тебе.
Избриши ги солзите од лицето.
Не дозволувај да ги видат.
Не дозволувај да те видат дека плачеш.
Не им го давај тоа задоволство.
Ќе излезеш од овде
побрзо одошто мислиш.
Ќе бидеш во ред.
Не сакав да го пуштам.
Никогаш не чувствував некој толку близок
како што го чувствував него во моментот.
Некој од притворениците, колку и цврсти
да глумеа преку ден...
...често заспиваа плачејќи ноќе.
Имаше и други плачови, истотака.
Овие се разликуваа од тие
исполнети со страв и осаменост.
Беа потивки и пригушени.
Звуци на болно страдање.
Тие плачови можат да го
сменат курсот на животот.
Плачови кои, еднаш слушнати, не можат
никогаш да бидат избришани од сеќавање.
Една ноќ, тие плачови
припаѓаа на мојот другар, Џон...
...кога Ралф Фергусон го посети.
Очекував да прочитам преку 30
обработки за книга овој викенд.
Има само 6 да прочитам...
Што значи колку ми фалат?
Ова е час по Англиски. Часот по
Математика е на крај од ходникот.
Сакам да ти помогнам.
Можеби не веруваш во тоа.
Или можеби не ти е грижа,
ама тоа е вистината.
- Имаш малку време?
- Што, направив нешто погрешно?
Не. Направи одлична работа
со твојата обработка за книга.
Изгледа навистина ти се допадна книгата,
„Грофот од Монте Кристо“.
Таа ми е омилена.
Ја засакав повеќе откако сум овде.
Зошто е тоа така?
Поради...не дозволи никој да го
победи, Грофот.
Трпеше што мораше да трпи,
тепање, навреди и останато.
И научи од тоа.
Кога дојде време тој да преземе нешто,
го направи својот потег.
- Се восхитуваш на тоа?
- Не, го почитувам тоа.
Имаш копија од книгата дома?
Го имам стрипот Илустрирани Класици.
Не, не е истата работа.
Видете, морам да одам.
Ќе ја пропуштам утринската проверка.
Почекај.
Имам нешто за тебе.
Мислев дека ќе сакаш да ја имаш.
Сериозни сте?
Па, ја сакаш книгата толку многу.
Треба да имаш своја копија.
- Не можам да ти платам.
- Подарок е.
Си добивал подароци претходно, нели?
Не, подолго време.
- Па, ова е мој начин да се заблагодарам.
- За што?
Дека некој слуша...
дури и ако е еден ученик.
Вие сте добар учител, г-не Карлсон.
Види, може да дискутираме за книгата
во Петок на час ако...
...мислиш дека Грофот може да го
задржи нивното внимание.
Ќе го задржи.
Има некои одредени страници
од кои треба да читам?
Тоа е лесно...делот кога бега од затвор.
Повели, Ѕвездо.
Еве ја твојата соблекувална.
Беше само игра...обична
рагби игра, ништо повеќе.
Но игра која што посакувам
никогаш да не ја игравме.
Стражари против притвореници.
Стражарите тренираа четири пати неделно.
Нашиот тим беше избран во
Понеделникот пред играта.
Имавме два часа тренинг.
Не вредеше многу.
Ние не требаше да победиме.
Требаше само да се појавиме.
Кој е најцврстиот тип овде?
Како мислиш, цврст?
Кој може да збори и сите да го слушаат?
Ризо. Црното момче онаму.
Мајкл забележа можност...шанса да ја
спуштиме играта на наше ниво.
Рамноправни на теренот.
Ама му требаше помош. Му требаше Ризо.
Црно момче со Италијанско име.
Со него на наша страна, имавме шанса.
Види, бело момче, не знам
како играте на улица.
И не ми е грижа. Но овде,
стражарите управуваат со играта...
...и играта управува со нив
за да победат.
Зошто?
Види човеку...
...стражарите не ми додеваат, во ред?
Се држат настрана и ме оставаат
да си го отслужам своето.
Ако ја играм таа игра
и ако повредам еден од нив...
...може ќе си го променат ставот.
Не велам дека треба да победиме.
Само не сакам да трпам тепање.
Трпиш секој ден.
- Зошто Сабота е толку важна?
- Зошто во Сабота може да им возвратиме.
Не се заебаваат со тебе како со нас,
но се заебаваат со тебе на друг начин?
Ти си само животно за нив.
- Не ме боли курот!
- Да, сигурно.
Да ги победиме во Сабота
нема да промени ништо.
Тогаш зошто, бело момче, зошто?
Да се почувствуваат како што ние се
чувствуваме...само за неколку часа.
Сега, не пробувај ништо, Самбо.
Никој нема да биде повреден.
Разбираш што ти зборувам?
Јас бирам глава.
Тој бира глава.
Глава е.
Ајде.
Ќе умреш ебачу!
Ебено ќе умреш!
Никој од вас ебачи не може да ме чува!
Имаме водство!
Се чувствувам добро денес.
Чувството е добро.
Еби го!
Тргни се од мене!
Продолжи да се смееш, ти мочлива мравко!
За 90 минути, ја изнесовме играта
надвор од затворот...
...многу километри од заклучените
порти...
...и планините од кал во оваа средина...
...и ја вративме назад на улицата во
соседството од каде што потекнуваме.
За тие 90 минути,
бевме повторно слободни!
Ризо! Ризо!
Ризо...Ризо.
Еј, Ноукс.
Добар натпревар.
Првпат имавме победа.
Но не траеше.
Не можеше да трае...
и се што сакав е да умрам.
Не бев сам во дупката. Знаев дека моите
другари беа доле во длабочините со мене.
Секој во својата ќелија, секој со својата
болка...страдаше од своите демони.
Ризо беше таму, исто така.
Изгубив секакво чувство за време.
Мислев дека никогаш нема да се разбудиш.
Мислев дека никогаш нема да посакам.
Џон и Томи.
Тие се онаму на другата страна.
Како се?
Живи се.
Кој не е?
Ризо.
Го убија?
Се менуваа тепајќи го, се додека
не остана ништо од него за тепање.
Ризо беше мртов заради нас.
Го натеравме да мисли дека ако се
крене против стражарите...
...во безначајна фудбалска игра...
...има некаква вредност...
дека ќе имаме причина да продолжиме.
Уште еднаш, погрешивме.
ПРОЛЕТ 1968
Дали ти дадоа отпустна листа?
Ноукс имаше писмо од управникот.
Мавташе со него пред мене,
потоа го искина...
Кога излегуваш?
Крај на пролетта, рано
лето или нешто слично.
Посакувам ние да дојдевме со тебе.
Ќе беше фино сите заедно
да излезевме од овде.
Не е корисно да размислуваме така.
Ќе останеме цела година, ни час помалку.
Кога ќе излезам, може да кажам на Отец
Боби да сврти неколку телефонски повици.
Да намали месец или два.
- Нема за што да се разговара!
Има многу за што треба да се разговара!
Можеби, кога луѓето ќе дознаат што
се случува овде, ќе сторат нешто.
Не сакам никој да знае.
Ниту Отец Боби, Крал Бени,
Дебелиот Манчо...
...ниту мајка ми. Никој.
И јас не сакам.
Мислам, нема да знам што да му кажам
на некој што знае што ми се случило..
Не ми текнува на никој
што треба да слушне за ова.
Или нема да веруваат,
или нема да им е грижа за тоа.
Да, мислам дека не треба да
разговараме за тоа откако ќе заврши.
Немаме друг избор освен да живееме со
тоа. Со раскажувањето ќе живееме потешко.
Па, би можеле и да не
збориме никогаш за тоа.
Вистината останува со нас.
Сакам да бидам способен
да спијам една ноќ...
...и да не се грижам кој влегува во
мојата соба и што ќе ми се случи.
Ако го имам тоа, тогаш ќе бидам среќен.
Некој ден, Џон, ветувам.
Беа последните часови во притвор
во Домот Вилкинсон за машки.
Ми дадоа четири копии
од отпусната листа.
Последниот потсетник за моето време
поминато во Вилкинсон.
Не го слушнав клучот како
се сврте во бравата...
...и не го слушнав
откопчувањето на ременот.
Ти треба да спиеш.
Сакав само да се збогуваме.
Сите сакаме.
Му кажав.
Му кажав право во лице. Реков,
Не ме интересира ако ме плаќаш
прекувремено или не.
Не работам такви часови.
Да, ама нели се пријави!
Се пријавив!
Затоа што се пријавив.
Не ми ги даваат.
Доаѓам порано веќе три дена.
Дали ми плаќаат прекувремено? Не!
Дел од секој од нас беше
оставен таму таа ноќ.
Таа ноќ никогаш нема
да исчезне од мојот ум.
Ноќта на први Јуни 1968,
Летото на љубовта.
Мојата последна ноќ во
Домот Вилкинсон за машки.
ЕСЕН 1981
Во 20:25 двајца луѓе влегоа внатре.
Шанкерот ги познаваше, а и повеќето
од соседството им ги знаеја имињата.
Беа двајца од првите членови
на момчињата од Западната Страна.
Исто така беа најсмртоносните.
Типот со светлата коса беше неколку пати
во затвор уште од тинејџерските години.
Ограбуваше и убиваше
по желба или по наредба.
Моментално е осомничен за
четири нерешени убиства.
Беше алкохоличар и корисник на кокаин со
брз темперамент и уште побрзо чкрапало.
Еднаш убил механичар само затоа
што поминал пред него во кино.
Човекот со темна коса беше
подеднакво смртоносен...
...и го имаше извршено своето
прво убиство на седумнаесет години.
За возврат, му платија 50 долари.
Пиеше и се дрогираше...
...и имаше жена која никогаш не ја видел.
Таа живееше некаде во Квинс.
Навистина се обидува
да ги промени работите.
Републиканците ќе ја земат Белата Куќа.
- Па, имаме многу работа.
Ќе треба повеќе од 4 години за...
Ќе ја преземат на
средина од изборите.
Тој има среќна ѕвезда.
Ќе го стори тоа.
Тој е нашиот човек.
Реган е човекот кој што ќе го стори тоа.
Еј, Џери...
За што разговараат?
Разговараат за говорот на Реган.
Дај им неколку пијачки
и стави ги на моја сметка.
И кажи им дека Републиканците не
се добредојдени во Пеколна Кујна...
...и ниту политички разговори или
промена на разговор е дозволено.
Секако.
Господата онаму би сакале да ве
честат пијалок под еден услов.
Ги знаете правилата:
без религија, без политика.
Ме сфаќате?
Нарачај нешто за мене.
Мора да одам во тоалет.
Како може да ти помогнам, шефе?
Не во моментов.
Уживајте во остатокот од вашиот оброк.
Нарачав сендвич со печеница,
со помфрит и...
...две корпи лепчиња со сода.
Знам колку го сакаш тоа.
Во ред е тоа?
Погледни го типот на онаа маса.
Погледни го добро.
Копиле.
Тоа е тој.
Се шегуваш со мене?
Бинго!
Ова е неверојатно.
Здраво...помина долго време!
Кои сте вие момци?
Кој ве покани да седнете?
Мислев дека ќе бидеш среќен што
не гледаш. Изгледа дека погрешив.
Знаеш, мислев дека ќе постигнеш повеќе.
Знаеш, со целиот тој тренинг...
целото време што го вложуваше...
...да завршиш гледајќи во
успехот на некој друг.
Тоа изгледа како загуба.
Ве прашувам за последен пат,
што сакате?
Зошто не се смириш?
Ќе ти кажеме.
Гледам како можел да не заборави.
Знаеш, ние бевме само нешто со кое
ти и твоите пријатели си игравте.
Малку потешко е ние да заборавиме.
Ни даде толку многу спомени.
Не можеш да се сетиш, нели, шефе?
Да ти помогнам. Гледаш во
Џон Рајли и Томи Маркано.
Да, така е.
Тоа беше многу одамна.
Па како сте?
Па, не сме деца сега.
Па, што сакате?
Се што од секогаш сакав,
е да гледам како умираш!
Си нарачал бифтек.
Печеницата е многу добра овде,
само ти никогаш нема да дознаеш.
Ти заеба.
Да, бевте исплашени мали палавковци,
двајцата.
Сите од вас...посрано исплашени.
Но јас...
...се обидов да ве направам цврсти.
Се обидов да ве направам силни.
Те сфаќав погрешно тогаш, Ноукс.
Сето ова време мислев дека сакаш...
...да ебеш и тепаш мали деца.
Вие двајца ебачи ќе горите во пеколот!
Ќе горите во пеколот.
Да, после тебе.
Болеше ли тоа, Ноукс?
Џери извини, требаше да ги направиш
сендвичите за носење.
Џон Рајли, како се изјаснуваш?
Не виновен, почитуван судија.
Томас Маркано?
Не виновен, почитуван судија.
Џон Рајли и Томас Маркано,
задржани сте без право на кауција.
Во годините минати од Вилкинсон,
не разговаравме помеѓу нас...
...за тоа што се случи таму.
Останавме добри пријатели...
...но животот не однесе
на различни патишта.
Растевме заедно, секогаш прашувајќи
се дали тој момент ќе дојде.
...кој ќе не присили да се
соочиме со минатото.
Еден падна, Шејкс.
Еден падна.
Еден што?
Еден Шон Ноукс.
Ноукс?
Во време на убиството на Ноукс,
Мајкл работеше како асистент
во Њујоршкото Обвинителство.
Добив повик дека сака да се сретнеме
на 45-тата улица во Квинс.
Потоа, ја спушти слушалката.
- Па, што кажаа?
- Што?
Џон и Томи, што кажаа?
Малку е прикриено и опасно,
нели Мајк?
Ноукс?
Дали кажаа за него?
- Џон кажа.
- Да?
Што ти кажа?
Рече, „Еден падна, Шејкс.
Еден падна“.
Слушнав дека го најмиле Дени Снајдер
како адвокат, дали е точно?
Привремено. Крал Бени ќе постави
еден од неговите адвокати.
Не го оставај да го стори тоа.
Снајдер е совршен.
Совршен? Типот е пропаднат алкохоличар!
- Значи совршен е.
Совршен за што?
Ти ја пишуваш оваа приказна
за твојот весник?
- Јас?
- Да.
Јас сум хонорарен работник, Мајки.
Прашај ме кога игра некој филм.
Имам среќа што ме пуштија во зградата.
Зема кафе?
Да прошетаме.
Обвинител сум за Џон и
Томи во судскиот процес.
Што, дали си ебено луд?
Само ислушај ме.
Треба да останеш утре дома. Кажи дека си
болен и спаси си го животот, советнику.
Не го земам случајов за да победам.
Го земам случајов за да изгубам.
Што значи тоа?
Значи дека е време за одмазда.
Види, Џон и Томи го почнаа ова.
Започна.
Збркано е, не е како што
планирав ама...тука е.
Јас и ти, може да го завршиме.
Што да завршиме, Мајки?
Си ја читал „Грофот од Монте Кристо“
во скоро време?
Не знам...пред десет години.
Види, јас читам по малку
секоја вечер.
Читам зборови како „одмазда“.
Слатка, вкусна одмазда.
Време за одмазда.
Нашето време.
Што сакаш да кажеш, Мајк?
Сакам да кажам дека е време за сите
од нас да ја вкусат одмаздата.
Сакам да кажам дека е време
да ставиме крај на ова.
Да прошетаме.
Па, го побарав случајот.
Им кажав дека сум од исто
соседство како обвинетите...
...го знам менталитетот на реонот,
бла, бла, бла...
Ми поверуваа.
А поврзаноста помеѓу
Џон, Томи и Ноукс?
Која поврзаност? Сите досиеја за
малолетници се уништени по седум години.
Никогаш не сме биле во Вилкинсон.
Мора да тргнам по стражарите.
Мора да тргнам против Вилкинсон.
Да изнесам се.
Адам Стајлер, добро ситуиран полицаец,
работи во одделот за наркотици во Квинс.
Познат по проверување на дилерите за
дрога и пари. Зависник од кокаин.
Други лични информации овде.
Хенри Адисон, сега работи за
градоначалникот, ако можеш да поверуваш.
Тој е директор за дополнително
образование на заедниците во Бруклин.
Неговите сексуални навики не се сменети.
Уште сака секс со мали момчиња.
Ралф Фергусон работи во агенција за
општествени услуги во Лонг Ајленд.
Колку долго работиш на ова, Мајк?
Неодамна разведен, има едно дете,
и во викендите...
...предава во католичко неделно
училиште.
Па, изгледа чист, нели?
Точно затоа го сакам тоа парче гомно.
Планот е да го повикаме
Фергусон како сведок.
Да го натераме да збори за неговиот
најдобар другар, Шон Ноукс.
Кога ќе застане во судницата,
ќе ја отворам вратата за Вилкинсон.
Мајк, сигурен си дека сакаш
да го сториш ова?
Мислам, го закопавме ова многу одамна.
Се уште спиеш со запалено светло?
Џон и Томи, дали сакаш тие
да знаат нешто за ова?
Не, ќе одиграат подобро
во судот ако не знаат.
Пресудата „не виновен“ требаше да биде
пресуда за која никој нема да се запраша.
Дени Снајдер требаше да остане
адвокат на Џон и Том.
Планот на Мајкл се потпираше
многу на Пеколна Кујна...
...доставување информации и молчење.
Двете беа вештини кои соседството
ги имаше во изобилство.
Направивме едноставен метод
за комуникација.
Ако Мајкл праќаше,
пораките беа оставени на работа...
...за јас да се јавам на мојата
непостоечка девојка „Глорија“.
Ако требаше да пренесам нешто на Мајкл,
праќав некој од соседството...
...да земе вчерашно издание
на Њујорк Тајмс...
...да напише „Едмунд“ во горниот десен
агол во делот за Метро.
...и да го фрли пред станот на Мајкл.
За овој план да успее...
...ни требаше потполна тајност од
луѓето на кои им верувавме потполно.
Планот зависеше и од тоа да
Мајкл остане жив...
...што значеше, треба да стигне вест до
групата убијци, пријатели на Том и Џон.
...дека не е повеќе мета.
По оваа ноќ, Мајкл нема да биде
достапен за било кој од нас.
Единственото време кога ќе го
гледаме ќе биде во судницата.
- Тоа е се?
- Не баш.
Имаме четири сведоци кои го виделе
пукањето и се согласуваат да сведочат.
Мора да го намалиме бројот.
- Ќе разговарам со Крал Бени.
- Добро.
Можам да се справам со двајца, ама...
ти мора да најдеш еден од наша страна.
- Еден што?
- Еден сведок.
Сведок кој ќе ги постави Џон и Томи на
друго место во ноќта на убиството.
Сведок кој не можат да го допрат.
Нели имаат име за тоа?
Судиите го викаат тоа лажно сведочење.
А ние како го викаме?
Услуга.
Станувај!
- Тони!
- Да, Кралу?
Донеси го Дени Снајдер кај мене.
Кој? Дени Снајдер, адвокатот?
Познаваш повеќе од еден Дени Снајдер?
Донеси ми го тој што го знаеш.
Не го можам ова, мора да ме разбереш.
Помина долго време.
Ти треба некој помлад, знаеш.
Некој како што бев јас.
Помлад не е подобро.
Нема искуство, не знае да се
снајде во судницата.
Да, јас сум среќен што можам
да ја најдам судницата.
Имав само четири случаи минатата година.
Знаеш во колку победив?
Ниту еден. Ете толку.
Ниту еден.
Во два од нив, мислам дека...
...поротата ме обвини лично.
Мора да биле невини.
Тешко е да спасиш невин
човек од затвор.
Не ни планирав да одам во
судот за овој случај.
Ќе се жалев најдобро што можев
и ќе си заминев.
Не планирав да продолжам
со судењето, господине.
Па, твоите планови се изменети.
Па, се плашам дека ќе згрешам
и ќе кажам погрешни зборови...
...ќе направам погрешен потег некаде.
Не би сакале да го прифатите тој ризик.
Животот е ризик.
Се извинувам.
Животот е ризик.
Животот е ризик.
Не сум бил овде порано.
Што треба да направам?
Ќе ти бидат дадени
одговорите и прашањата.
Се што треба да правиш е да читаш.
Знаеш да читаш, нели?
На англиски е?
Само биди присебен, не пиј, и не губи.
Што ако изгубам?
Тогаш ќе те голтне земјата.
Никогаш не сум го слушнал тој израз.
Да те голтне земјата...
Не сум добар за ова повеќе.
Мислам, тип го удира автобус...
...и тужи, ми се допаѓа тоа.
Некоја дама ќе се лизне во супермаркет...
Јас сум за неа.
Разговорот е завршен.
Јас сум алкохоличар. Ова е случај
за убиство. Ова не е за мене.
Беше порано.
Пред да дозволиш алкохолот да те води.
Биди трезен до утре.
И не изгледај толку загрижено, Снајдер.
Нема што да загубиш...
Исто како нас останатите.
Не сакам да ви бидам товар, ама...
...покрај мојот проблем со алкохолот,
имам и проблем со дрогата.
Мислам, ништо поголемо.
Оди си.
Во деновите кога Мајкл
го презема случајот...
...момците од Западната Страна
ги посети Крал Бени.
Кралот побара вербалните навреди
насочени кон Мајкл да продолжат.
„Предавник“ и „стаорец“ се слушаше
нагоре и надолу по авенијата.
Но никогаш да не се обидат да го убијат.
Атентат на Мајкл Саливан, ако постоеше
веќе, можеше само да нареди Крал Бени.
Зборот на подземјето...
Единствениот кој вредеше...
...се рашири на улиците со
брзина на полноќен куршум.
Заспаните на Крал Бени
ја правеа својата претстава.
„Заспани“ беше улично име за секој
што има поминато време во поправен дом.
Ќе платиш за тоа,
ти мал неранимајко?
Ни треба твоја помош, дебел.
Ни треба голема услуга.
Ќе бидам надвор.
Крал Бени беше да те посети?
Ох, Боже!
Каква ебена работа составивте!
Имате пијан адвокат на една страна,
и дете адвокат на другата страна.
Ебен репортер, се правиш Дик Трејси.
Има четири пара очи кои го
имаат видено целиот настан!
Во меѓувреме, двајцата што се во судница
имаат убиено повеќе луѓе отколку ракот.
Ебениот генерал Кастер има
повеќе шанси да биде ослободен!
Нема поврзаност помеѓу нас и стражарот.
Полицијата мисли дека е
убиство поврзано со дрога.
Ни требаш само да повлечеш
неколку конци, дебел.
Знаеш, ако ве фатат, ве
чека сигурна ќелија.
Мислам на вистински затвор.
Големата куќа...
Не се добри момци повеќе.
Убијци се сега.
Ладни како камен.
Знам.
Знам што беа, и знам што се сега,
и не се работи за тоа.
Не вреди, да го отфрлиш животот
само за да ги израмниш сметките.
Ти и адвокатот имате шанса да излезете.
Да излезете на правиот пат.
Нема избор...не за нас.
Во дадена прилика, имав
вечера со Керол.
Уште живееше во соседството и беше
социјален работник во јужен Бронкс.
Нејзината грижа за нас не беше
исчезната во поминатите години.
Кога и да излезевме заедно, Керол
одеше помеѓу Мајкл и Џон...
...држејќи ги за раце...
...во чекор помеѓу адвокат и убиец.
Легни ме или ожени ме, Шејкс.
Преморена сум за нешто друго.
Сакаш да испиеме неколку пива, Керол?
Ако тоа е твојата најдобра понуда.
Ќе пуштам и една прегратка и бакнеж.
Договорено.
Изгледаш уморно.
Ти благодарам.
Не ти даваат време за спиење
во твојата нова работа?
Па, колку знаеш?
Само соседството што зборува.
И што читам во весниците
како што се твоите.
Што зборува соседството?
Дека ќе ги затворат
Џони и Томи.
Дека нивниот најдобар пријател
ќе го стори тоа.
Веруваш во тоа?
Тешко е да не верувам, Шејкс.
Освен ако сите не сме сфатиле погрешно.
Тој го презема ебениот случај.
- Го зема случајот.
- Што има повеќе да се каже?
Го знаеш Мајкл многу добро...
...можеби и подобро од мене.
Да, мислев дека го знам.
Сега, незнам.
- Знаеш!
- Не знам!
Отиде таму, и го
побара случајот.
Сега, ти кажи ми, каков
по ѓаволите другар е тој?
Најдобриот.
Таков кој што ќе се откаже од се, само
за да им помогне на другарите.
Што ми кажуваш, Шејкс?
Го знаеш ова соседство, Керол.
Се е испревртено или измама.
Зошто ова да е различно.
Гладна сум.
Ќе донесам нешто за јадење.
Има една точка во Мајкл
која не можеш да ја поминеш.
Мислам, може да пробаш. Јас пробав.
И тој само...се исклучи.
Не можев да го допрам...
дури не можев да му се доближам.
Мислев дека е до мене.
По некое време, станува
полесно да заборавиш.
Се уште го сакаш?
Не размислувам за тоа, Шејкс.
Ако сум го сакала, ќе кажам „да“.
Но сега си со Џон.
Да...колку што може
некој да биде со Џон.
Човекот што го знам не е
момчето кое го памтиш.
Никој од нас не е.
Но има нешто посебно околу Џон.
Само треба да гледаш
подлабоко за да го видиш.
Зошто никогаш не ме покани да излеземе?
- Јас?
- Да.
Зашто беше девојка ма Мајк.
Тој стигна до тебе прв.
А после Мајк?
Мислам дека беше ред на Томи.
Еби се!
Затоа што...
...мислев дека нема да кажеш „да“.
Па, си згрешил, Шејкс.
Си згрешил.
Што?
Ајде кажи.
Работиш во социјални услуги, имаш
досиеја. Имаш пристап до досиеја.
И од време на време, ќе ни
требаат некои информации.
Да, секако...сеедно...
Чекај. Што?
Па, што сакаш?
Сакаш информации?
Сакаш да ги земам досиејата?
Ќе ги земам досиејата.
Што сакаш?
Уште го посетуваш Џон?
Да, еднаш неделно околу еден час.
- Добро.
- Добро?
Да, добро. Само не му кажувај
дека си ме видела.
Само не му кажувај ништо.
Мислам, колку повеќе мисли дека ова е
безнадежно, подобро може да заврши.
Шејкс, за што се работи?
Сакаш Ролс Ројс?
Не доаѓај овде.
Одиш во Англија или каде
што ебено го прават.
Ако сакаш шампањ, одиш кај Французите.
Ако ти требаат пари, наоѓаш Евреин.
Но ако сакаш нечистотија или ѓубре
закопано некаде под камен, или...
...некоја тајна за која не треба никој
да знае, има само едно место за тоа.
Токму тука, Пеколна Кујна!
Загубено и најдено!
Тие ќе го загубат и ние ќе го најдеме!
Заборави го тоа, човеку.
Сега, има само два сведока
кои ќе сведочат.
Другите двајца се предомислија.
- Кои двајца?
- Двајцата со костими.
Остануваат само двајца,
мажот и жената.
За сега.
Се друго е на своето место?
Освен твојот сведок.
Тоа место е уште празно.
Знам.
Кога замина,
ми беше жал што не можев
да сторам повеќе за тебе.
Не знаев дека толку сакаш гулаби.
Сакам се што не зборува.
Визијата на Мајкл, до каде сакаше
да оди случајот, беше многу јасна.
Целеше на обвинение...
...обвинение против
Домот Вилкинсон за машки...
...против Шон Ноукс, Адам Стајлер,
Хенри Адисон и Ралф Фергусон.
Ќе ви преставам докази и со
сведочењата ќе го докажам тоа.
Ќе ги поставам на местото на настанот.
Ќе донесам сведоци во судницата
кои ќе потврдат...
...дека биле таму таа ноќ.
Ќе преставам толку докази што, кога
ќе отидете во вашата просторија...
...ќе се вратите со единствена одлука
која ќе биде без сомнежи.
Сигурен сум дека знаете што значи тоа...
...зошто најверојатно гледате
телевизија исто како мене.
Џон...Џон Рајли и Томас Маркано...
...се два невини пиони,
набрзина уапсени и...
...набрзина обвинети...
...без ниту еден доказ.
Погледни на светлата страна,
изгледа им ги знае имињата.
Фино е кога не посетуваш.
Еј, донеси ми друга лажица.
Оваа е нечиста!
Земи ја.
Не, не, таа ќе го стори тоа.
Како е на работа?
Уште сум таму.
Знаеш, тато, јас...
...отидов до судницата.
Знаеш, ги видов Џон и Томи.
Почнав да расмислувам за порано
кога бевме млади...
Каде е пилешкото?
Па...?
Ништо. Само помислив.
Но се снаоѓаш, нели?
Да. Се снаоѓам.
Добро.
За што по ѓаволите ти се овие?
За молитва.
Види го сето ова срање!
Што, мајка ти мисли дека си
во ебена армија или слично?
Ништо од тоа не е на одобрената листа.
Сигурен сум дека мајка ти
има копија од листата.
Мајка ми не знае англиски толку добро.
Не не обвинувај нас затоа што
мајка ти е глупа, во ред?
Кога ќе слушнеме како се молиш?
Можеби му треба нешто за што ќе се моли.
Стави ги рацете на маса и испружи ги.
Рашири ги нозете.
Сега смисли некоја молитва.
Не слушаме молење.
Подобро да почнеш, или Стајлер ќе
го стави пендракот во твојот задник.
Благословени се тие помеѓу жените...
...и благословено е овошјето од
твојата утроба, Исус...
Моли се фино и гласно!
Ебачу, моли се! Ајде, сега!
- Погласно!
- Пресвета Богородице...
Погласно ебачу!
Моли се како да си во ебена црква!
Се извинувам што доцнам.
Изгубив мерка за време.
Имам идеја за сведок,
но се уште не сум сигурен.
Но сакам и ти да дојдеш.
Па, сакаш да одиме...
- Каде одиме?
- Кај него.
- Каде е тоа?
- Во кругот на црквата.
Не. Шејкс!
- Само верувај ми.
- Не можам.
Како беше во судот денес?
Како прва рунда во борба...
сите се запознаваа помеѓу себе.
Како изгледаа момците?
Како да посакуваа да
бидат на друго место.
Овците кои заталкале
сакаат да се вратат.
Не е доцна, Оче.
Уште имаме шанса да вратиме
неколку заталкани овци...
...уште една шанса.
Дали е таа шанса легална?
Последните шанси никогаш не се.
Крал Бени е позади ова?
Тој е во ова, но...
тој не ги прави потезите.
Тогаш кој?
Мајкл.
Требаше да погодам.
Уште кога го зема случајот, требаше
да ми текне дека нешто се случува.
Добар план.
Мајкл се погрижи за се...
гледано од секоја страна.
Има се покриено.
Не секоја страна.
Ти фали нешто, инаку не би бил тука.
Не може да измамиш измамник, нели?
Така е.
Па, што е?
Што ви фали?
Сведок.
Ни треба некој кој ќе
застане и ќе каже...
...дека бил со Џон и Томи
на ноќта на убиството.
Па, заклучи дека ако имаш свештеник,
ќе биде совршено?
Не било кој свештеник.
Бараш од мене...
бараш од мене да лажам.
Бараш од мене да се заколнам
во Господ и да лажам.
Барам од тебе да спасиш
две твои момчиња.
- Дали тие го убија стражарот?
- Да.
Значи тоа што го зборат е вистина?
Влегле и го убиле?
Да.
Токму така го убиле.
Мислам дека ми треба пијалок.
Сакате нешто за пиење?
Ова е голема услуга што ја бараш од мене.
Го знаеме тоа.
Не, мислам дека не знаете.
Ти кажа, ако некогаш имам
нешто многу важно...
...можам да дојдам кај тебе за помош.
Мислев на нешто како, билети за Јенките.
Не ми требаат билети за Јенките, Оче.
Ми треба сведок.
А животот што е одземен, Шејкс?
Што вреди тоа?
За мене? Ништо.
Зошто не?
Кажи ми.
Беше стражар во Вилкинсон.
Добро.
Ако Отец Боби требаше да биде вмешан,
заслужуваше да знае во што се впушта.
Ако не биде, верував дека вистината
нема да оди подалеку од оваа соба.
Мислев дека и Керол треба
да знае, исто така.
Исусе Христе, ние бевме само деца.
Не бевме силни.
Не држеа.
Му кажав за мачењето,
тепањето и за силувањата.
Му кажав за четирите исплашени
момчиња кои се молеа...
...на Богот на Отец Боби за помош,
која никогаш не дојде.
Им кажав се.
Не можевме да се браниме.
Ни одземаа се.
Џон липаше навечер,
и се слушаше по целиот ходник.
Знаете ли дека сакаше да биде свештеник,
Џон сакаше да биде свештеник.
Потоа ги спушти панталоните.
Уште не знаев што значи пушење.
Заборавив тоа што можев.
Беше како да не можам да дишам.
Потоа...почнав да се гушам.
Тој ми корнеше коса од
позади на главата.
Тогаш се онесвестив.
Но се сеќавам кога, за забава,
не однесоа долу во подрумот...
...не врзаа двајца или тројца заедно...
...и ги натераа другите да гледаат додека
ги соблекуваа панталоните и ги ебеа.
Мора да донесам одлука.
Се молам само да е вистинската.
Ќе биде, Оче...
како и да одлучиш.
Добра ноќ.
Значи, вие седевте, вечеравте...
...и двајца мажи влегоа
во Мек Хејлс, точно?
Дали ги видовте кога се доближија
до масата каде што г-дин. Ноукс седеше?
Ги приметив, да.
Дали ги слушнавте што
разговараа помеѓу нив?
- Дали ги видовте кога ги
извадија пиштолите? - Не.
- Дали ги слушнавте истрелите?
- Да, ги слушнав истрелите.
И што сторија? Какво беше нивното
однесување после пукањето?
Излегоа од Мек Хејлс
како ништо да не се случило.
И во тоа време, г-це Салинас,
дали јасно ги видовте нивните лица?
Да.
Ги видов кога излегуваа.
- Дали сте сигурни?
- Да, многу сигурна.
Дали двајцата што сте ги виделе во
Мек Хејлс, се овде во оваа просторија?
Да, присутни се.
Може ли да ги покажете
на поротата, ве молам?
Седат точно онаму.
Да се заведе во извештајот дека г-ца
Салинас ги идентификува обвинетите...
...Џон Рајли и Томас Маркано
како двајцата мажи во настанот.
Заведено.
Благодарам. Немам други прашања.
Советнику, подготвени сте да продолжите?
Да, почитуван судија, подготвени сме.
Добро утро.
Имам само неколку прашања. Нема да ви
одземам многу од времето, г-це Салинас.
Изјавивте дека сте пиеле само
вино со вечерата. Дали е тоа точно?
Сигурни сте за тоа? Сигурни сте дека
само тоа пиевте, едно шише вино?
Да, шише црвено Кианти.
Дали имавте пиено нешто пред тоа?
Како мислите „пред тоа“?
На ручек...можеби сте имале нешто
за пиење на ручек?
Да, имав.
Што имавте за пиење?
Бев да пазарам, и запрев на едно место
на авенијата Медисон...
- ...за ручек.
- Видете, не ве прашав каде сте биле.
Ве прашав што сте пиеле за ручек?
- Мартини.
- И што друго.
Можеби и малку вино.
Да, и колку чаши вино испивте?
Една чаша, можеби две.
- Поблиску до две?
- Да, најверојатно две чаши.
Како вадење заби.
Требаше да ги закачам прашањата
за неговата кошула.
И кажете ми, потоа на вечерата вие...
Заведето го тоа.
Кое време, г-це Салинас, имавте ручек?
Приговор, почитуван судија!
Што г-ца Салинас правела на
денот на убиството...
...нема никаква врска со тоа што
го видела на ноќта на убиството.
Колку имала испиено, има врска,
почитуван судија.
Одбиено!
Г-це Салинас, кое време имавте ручек?
Околу 13:30.
И што земавте за ручек?
Помина доста време.
Најверојатно салата.
Сакам да јадам нешто лесно дење.
Мартини, две чаши вино и
салата, дали е тоа точно?
Да, точно е.
И потоа имавте вино за вечера,
6 часа подоцна, дали е тоа точно?
Да, тоа е точно.
Колку вино имавте испиено...
...до времето додека моите клиенти под
претпоставка влегле во Мек Хејлс?
- Две чаши.
Дали би кажале дека четири чаши вино...
...и мартини во период од 6 часа,
е многу за вас да испиете?
Да, многу е.
Дали некогаш сте слушнале истрел,
пред ноќта која е во прашање?
Како би го опишале звукот?
Беше гласно. Гласно како огномет.
- Дали звукот ве исплаши?
- Многу.
Дали ги затворивте очите?
На почеток..додека не престана пукањето.
Потоа ги отворив.
Дали мислевте дека луѓето кои што пукаа
ќе ги убијат сите во Мек Хејлс?
Па, искрено не знаев што да помислам.
Само знаев дека беше убиен човек.
Дали мислевте дека можеби ќе бевте убиени
од страна на двајцата ладнокрвни убијци?
Да, мислев.
Сепак, покрај стравот, покрај
опасноста за вашиот живот...
...ги видовте нивните
лица кога излегуваа?
- Да, ги видов.
- Дали е тоа точно?
Да, ги видов.
Дали ги видовте нивните лица?
Дали навистина...
...ги видовте, г-це Салинас?
Погледнав кога поминуваа,
но ги видов!
Вие...погледнавте?
Не видовте?
Ги видов!
Погледнавте во нив, г-це Салинас.
Погледнавте во нив низ очи...
...на многу исплашена жена која
веројатно многу испила.
- Приговор, почитуван судија!
- Нема потреба, почитуван судија.
Немам повеќе прашања.
Ви благодарам, г-це Салинас.
Може да си одите.
Беше 06:15 во Недела наутро.
Френк Мачико работеше во одделот
за убиства во Бруклин.
Беше детектив прва класа, со
чесно име и солидна репутација.
Исто така беше внук на Крал Бени.
Ник Давенпорт работеше
во Внатрешна Контрола.
Беше амбициозен и сакаше да стане капетан
пред на наполни четириесет години.
Знаеше дека најбрзиот начин за
унапредување беше да им влезе во трага...
...на што повеќе нечесни полицајци
за што пократко време.
Френк, што е ова срање?
На твое место, ќе правам
што ми вика детето.
Ако го направиш ова...
...ќе имаш доручек еднаш
месечно со Началникот.
Знаеш, многу си запнал со овој Стајлер.
Каков проблем имаш со него?
- Уште една работа.
- Одвај чекам.
Едноставно е. Никој не знае кој ти ја дал
оваа информација. Мислам, никој.
Како ја доби ти?
Ми падна во скут...исто како
што ќе падне во твојот.
Семоќен Христе!
Имаш се овде освен признание.
Мислев дека ќе го оставам тоа на тебе.
Моето мислење е дека ќе
го извлечеш од него.
Има дури и фотографии од набљудување.
Типот заработува околу пет илјади
месечно, изнудувајќи од дилерите.
Така е веќе 3 години.
- Повеќе изгледа како 4.
- Нема да види 5.
Па, имаш доволно за пресуда?
Тоа не е до мене.
До поротата е.
Покажи го ова на поротата.
Што имаш таму, Нес?
Пред три недели,
тело на дилер на дрога...
...по име Црвен Липез Индијанецот
беше најдено во долина во Џексон Хајтс...
Три куршуми во неговата глава,
ништо во неговите џебовите.
Те слушам.
Ова е пиштолот со кој е убиен,
и ова се чаурите.
Што има позади вратата број 3?
Отисоците на пиштолот му
припаѓаат на Адам Стајлер.
- Еј, ќе ми направиш услуга, нели?
- Што тоа?
Ако некогаш стигнам на твојата
посрана листа, јави ми се.
Дај ми шанса да се извинам.
Па, ако ти треба нешто друго, разговарај
со Френк. Тој знае како да ме најде.
Внимавај на себе, дете.
Се разбранува водата по твојот пат.
Ќе сторам што можам.
Еј, Нес...дали некогаш си
размислувал да станеш полицаец?
И да ги напуштам добрите момци?
Телото на Христос.
Телото на Христос.
Мајкл стори се што
може да се очекува...
...од Асистент Реонски Адвокат
да најде пресуда.
Имаше експерт вештак кој го пресмета
калибарот на пиштолот од убиството.
Само го немаше оружјето од убиството
да го прикаже како доказ.
И никогаш не и даде на поротата
мотив за убиството.
Тензијата на неговата задача,
многуте часови што ги работеше...
...и неизвесноста на тоа што ќе
се случи многу тежеа на него.
Дали ги видовте нивните лица?
Да, погледнав во нив,
и тие ме погледнаа мене.
Дали ви рекоа нешто?
Не, само ме погледнаа
и излегоа од Мек Хејлс.
Дали сте сигурни дека двајцата
обвинети го убија Шон Ноукс?
Знам дека го убија.
Ако планот успее,
ќе биде успех за сите.
Ако пропадне, вината
ќе припадне на Мајкл.
Отец Боби Карило, свештеникот со
најдобриот шут во Западната Страна...
...остана клуч за планот во кој
обвинетите треба да бидат ослободени.
Дали се свртевте, погледнавте зад вас,
кога слушнавте пукање, г-дине Карсон?
Зошто не се свртевте, г-дине Карсон?
Бев загрижен за безбедноста
на мојот придружник.
Г-дине Карсон, дали двете личности
ви се заканија на некој начин? Не.
Дали се заканија на било кој
во Мек Хејлс Ресторанот?
Не видов, ама знаев!
Ако не видовте обвинетите
да пукаат во стражарот...
...тогаш како знаете дека
обвинетите го убиле?
Па, што е толку итно?
Шејкс не требало да те испрати.
Многу е ризично.
Еј, никој не ме испрати.
Сакав да те видам.
Зошто?
Шејкс се сретна со Отец Боби
пред две недели.
- Не се слушнал со него од тогаш.
За него не е одлука донесена преку ноќ.
- Што ако не сведочи?
- Тогаш имаме сериозен проблем.
Шејкс нека разговара
со Отец Боби повторно.
Нека му ја раскаже целата приказна.
Ќе знае што значи тоа.
Веќе го стори тоа.
Што?!
Јас...бев со него кога тој
разговараше со Отец Боби.
Слушнав се, Мајкл.
Значи, знаеш.
Само да ми кажеше.
Мислам дека работите ќе беа поинакви.
Да можеше да збориш.
Можеби...можеби...
Можеби...
Кармен, диетата функционира.
Не ми е грижа што велат другите.
Уште ти се допаѓа Дорис Деј.
Беше добра жена.
Ја знаеш вештерката?
Тешко е да не приметиш жена со
четири израстоци и едно око.
И требаат главите.
Однеси и го ова на вештерката.
Зошто и требаат главите?
- Ги вади очите.
- Прекрасно!
Ги става во бокал и ги меша
со вода и масло.
И потоа?
Ако некој има главоболка, оди кај неа.
Погледнува во нивните очи...
...и им кажува кој ги
предизвикува главоболките.
Кажува неколку збора, и
главоболките исчезнуваат.
Понекогаш, лицето кое ги предизвикува
главоболките, исчезнува исто така.
Овој тип, Адисон, што
работи за градоначалникот...
...дава отказ за две недели.
Не сака никој да знае
каков човек е тој.
Не сака никој да види слики од
него што не треба да бидат видени.
- Го знае ова?
- Ќе го дознае.
Момците кои ги плаќа
за забава се скапи.
Сега, Адисон заработува добри пари,
ама не заработува вистински пари.
Колку должи?
Осум илјади со голема камата.
Го платив тоа.
- Ти плати? - Долговите на Адисон
ми припаѓаат на мене сега.
- Ти мразиш долгови.
- Го мразам Адисон!
На валканиот крај од полето сме сега.
Тука јас настапувам.
И јас сакам да играм сам.
Ти си фино дете. Од секогаш беше.
Не дозволувај ова да те смени.
Мајка му го крсти Едвард Голденберг
Робинсон, според нејзиниот омилен актер.
За да ја продолжи
Холивудската поврзаност...
Еди Робинсон зема улично име
„Мал Цезар“...
Како што напредуваше во
профитабилна трговија со дрога.
Имаше 12 годишен син во приватно
училиште во Њујорк.
Го крсти Ризо,
по неговиот најмал брат...
...кој умре додека беше во притвор
во Домот Вилкинсон за машки.
- Сакам да ми дадеш пари.
- Во ред.
Ќе се сложам.
За колку време ќе ги вратиш?
Јас не ги враќам.
Некој друг ќе ги врати.
Некој што го познавам?
- Твојот помлад брат го познаваше.
- Ризо?
Од каде го познаваше Ризо?
Хенри Адисон беше стражар
во поправен дом.
Беше во исто време со Ризо,
пред и по смртта.
Изброј осум илјади долари.
Стави ги во плик.
Ти...се врати доста време назад, старче.
Старите луѓе секогаш се враќаат.
Трчаат со златниците,
одамна кога златниците вредеа.
Трчав кога можев.
Изгледа добро си работел, исто така.
Му даде стил на бизнисот, класичност.
Беше за почит, начинот на кој се
облекуваше...начинот на кој што збореше.
Секогаш ми се допаѓаше тоа кај тебе.
Не можам да ти помогнам.
Мојот кројач е мртов.
Ќе го побарам нашиот пријател и ќе
соберам парите што ми ги должи.
Ти должи нешто повеќе од пари.
Ништо не вреди повеќе од парите.
- Ова вреди.
- Што, стар човеку.
Што должи овој тип што
вреди повеќе од доларите?
Ти го должи Ризо. Тоа е човекот
што го уби брат ти.
Рекоа дека умрел од пневмонија.
Рекоа.
Која е важноста на ова?
Значи, Ралф Фергусон е
учител во Неделно Училиште?
Незнам, советнику.
Тоа што го бараш е многу невообичаено.
Го разбирам тоа, почитуван судија. Сепак,
треба да донесам лице блиско со жртвата.
Инаку е само уште едно
име во некролозите.
Г-не Снајдер, имате приговор?
Немам проблем со тоа.
Почитуван судија, обвинителството го
повикува Ралф Фергусон да сведочи.
- Добро утро, г-не Фергусон.
- Добро утро.
Сакам да ви заблагодарам за доаѓањето,
разбирам дека беше долго патување.
Жалам што мораше да биде
за нешто како ова.
Вие и жртвата, Шон Ноукс,
бевте добри пријатели.
Мислам дека вашето сведочење како
клучен сведок ќе биде многу вредно.
Бевме добри другари. Ќе биде тешко
да најдам подобар пријател.
Би кажале ли дека бевте негов најдобар
другар? Му бев најблизок, тоа е сигурно.
- Колку долго се познававте?
- Околу 17, 18 години.
И дали се гледавте често?
Често колку што можевме...
викенди, празници, одмори.
- Каков тип на човек беше Шон Ноукс?
- Беше добар човек.
Беше премногу добар за да
биде убиен од некои уличари.
Приговор, почитуван судија, изјавата
е мислење кое не е потврдено.
Беше побарано неговото мислење.
Одбиено.
Ве молам продолжете.
Г-не Фергусон...дали знаевте за некои
непријатели кој би можел да ги има?
Шон Ноукс немаше непријатели.
Ви благодарам, г-не Фергусон.
Немам други прашања.
Тоа е затвор?
Не, поправен дом за малолетни момчиња.
Што беше вашата работа
во таа институција?
Стандардна постава.
Да ги држиме момчињата во редици,
да стигаат на време на часови...
Да внимавам на неволји,
да ги однесам на спиење.
Како стражари, на вас и на г-дин Ноукс ви
беше ли дозволено да употребите сила...
...како што вие велите,
„да ги држиме момчињата во редици“?
Како...како мислите, сила?
Дали ви беше дозволено да ги удирате?
Секако дека не.
Дали некој од момчињата беа удрени од
стражарите некогаш во Вилкинсон Домот?
Сигурен сум дека такво нешто
можеби се случило. Беше...
...големо место, ама не беше
вообичаена практика.
Да скратиме.
Дали вие и г-дин Ноукс некогаш сте удриле
некој од момчињата под ваш надзор...
...во Домот Вилкинсон за машки?
Сакате ли да го повторам прашањето?
Не.
Тогаш одговорете, ве молам.
И запомнете, под заклетва сте.
Некој од момчињата кој ги сметавме
за проблематични...
...беа удрени во некоја прилика.
И како беа удрени?
- Не знам на што мислите.
- Со тупаница?
Шлаканица? Клоца?
Пендрак, можеби?
- Зависи што треба во дадена ситуација.
- Кој одредува за ситуацијата?
Стражарот на местото.
Тоа е голема сила врз дете, нели?
- Доаѓа со работата, господине.
- Дали мачењето доаѓа со работата?
Момчињата беа мачени, нели,
г-не Фергусон?
Дефинирајте го мачењето.
Па, да го дефинираме мачењето.
Горење со цигара...
...наизменично тепање...
...затворање во самица
без храна и без светло.
- Дали имаше нешто такво?
- Во некои прилики.
- Кој ги мачеше?
- Стражарите.
Кои стражари?
Не можам да се сетам на сите.
Сетете се на еден.
Сетете се на еден.
Ова испрашување подобро да води
до нешто поврзано со случајот.
- Ќе води, почитуван судија.
- За твое добро.
Г-не Фергусон, дали имало сексуално
злоставување во Домот Вилкинсон за деца?
Дали некогаш имало сексуално
злоставување во Домот Вилкинсон за машки?
Да, сум слушнал дека имало.
Не ве прашувам што сте слушнале.
Ве прашувам...што сте...виделе.
Те молам, Фергусон, не го прави ова.
Мислев дека на вас момчињата
ви се допаѓа ова.
Да, видов.
Дали вие и Шон Ноукс некогаш
сте присилувале некој од момчињата?
Дали вие и Шон Ноукс
некогаш сте силувале...
...некој од момчињата во
Домот Вилкинсон.
Советници...пристапете.
Само што го ебев твоето
мало другарче, Џони.
Советнику, што по ѓаволите
се случува овде?
Мислам дека повикав
погрешен сведок.
Советнику, ви дадов големо одобрување
за да го повикате овој клучен сведок...
...сега, ве удри по лицето.
Ве молам, г-не Фергусон,
не го правете ова, ве молам.
Г-не Фергусон, ќе ве молам
да одговорите на прашањето.
- Г-не Фергусон, Шон Ноукс...
- Сакам фино и полека.
...го посетил вашиот дом во многубројни
прилики, дали е тоа точно?
Дали некогаш сте го оставиле Шон Ноукс
сам со вашето дете?
Дете?
Да, со други зборови, дали вашата бивша
жена некогаш го оставила Шон Ноукс сам...
...со вашето дете?
Не би имало причина за тоа.
Не би имало причина за него да биде сам
со нашето дете. Не се случило.
Не се случило?
Дали некогаш таа изјави загриженост?
Имаме изјава која ќе објасни
зошто никогаш не би дозволила...
...Шон Ноукс да биде
сам во соба со вашиот син.
- Приговор!
- Се прифаќа.
Никогаш повеќе нема да ме допреш!
Да...
Да?
Да, што?
Да, Шон Ноукс имаше
искуства со некои момчиња.
- Дали вие бевте таму?
- Да.
- Дали ги набљудувавте овие искуства?
- Да.
Дали правевте нешто повеќе од набљудување.
Пиев, потоа...
Дали имаше други стражари
таму за време на овие искуства?
Да.
- Со вас и со г-дин Ноукс.
- Да.
- Во повеќе од една прилика.
- Да.
Г-не Фергусон, дали уште мислите
дека Шон Ноукс е добар човек?
Ми беше другар.
Другар кој силувал и злоставувал деца
за кој бил платен да ги чува?
Немам повеќе прашања.
Сакам ова да заврши.
Сакам ова да заврши.
Сведокот е слободен.
Г-не Фергусон...
Г-не Фергусон, на ваше место...
...не би се одалечувал многу од дома.
Некои луѓе ќе сакаат да разговараат
со вас. Дали разбирате?
Мајкл продолжи да игра на двете
страни во исто време.
Играјќи обвинител и одбрана,
го прикажа Фергусон каков што е...
...и се уште мотивот на Џон и Томи
за убиството на Ноукс го држеше...
...скриен од очите на судот.
Малиот Цезар, кој секогаш чуваше слика
од својот покоен брат во џебот...
...го плати долгот на Хенри Адисон.
Беше долг кој Адисон не
би можел да го врати.
И му даде на Малиот Цезар единствена
причина која му беше потребна...
...да се оддолжи за Ризо.
Давенпорт потроши малку време
за следење на Адам Стајлер.
Беше брзо уапсен и обвинет
за убиство на...
...дилерот од Квинс, и осум
дела за корупција и поткуп.
Шест за мене, двa за тебе.
Повеќето луѓе ја играат
оваа игра во лето.
Полесно е да ја видиш топката
без солзи во очите.
Ме заболе курот за повеќето луѓе!
Ќе добиеш срцев удар...
и јас не ти давам вештачко дишење.
Па, и јас нема да се омажам за тебе.
Џон и Томи намирисаа нешто.
Само не знаат што.
Латино-Американец ќе живее во
Белата Куќа додека тие да се сетат!
Снајдер помина добро.
Не е толку лош.
Како што кажуваше ти, мислев
дека одвај може да стои.
Алкохоличар е, ама не е глуп.
Ќе победиме само кога Џон и Томи
ќе бидат ослободени.
Тогаш мора да ги извадиш
надвор од местото на настанот.
Треба да ги ставиш на друго место.
И тоа може да го стори само сведок.
Сега, тој вешто се крие.
Никој го нема видено ебачот!
Што ако не се појави?
Што ако треба да продолжиме вака?
Само улицата е важна.
Судот е за ситуирани луѓе
со костими, пари...
...адвокати со три имиња. Ако имаш пари,
може да ја купиш правдата во судот.
Но на улица, правдата нема цена.
Слепа е каде што седи судијата,
но овде не е слепа.
- Овде, кучката има очи.
- Ни требаат двете.
Тогаш ти треба сведок.
Дами и господа од поротата,
треба да го занемарите...
...сведочењето на Ралф Фергусон.
Целото негово сведочење е
отстрането од извештајот.
Тоа го заклучува случајот од
народот, почитуван судија.
- Народот заврши?
- Народот заврши.
Дали одбраната е подготвена да продолжи?
Почитуван судија, јас не...
Јас не знам.
Вие не знаете?
Па, не сум сигурен дека...
Чекаме...
09:00 часот утре наутро. Донесете сведок
или бидете подготвени да завршите!
Се е во ред?
Ми беше многу интересно да
ја избегнам утринската миса.
Почитуван судија, одбраната го
повикува Отец Роберт Карило.
Оче, дали ги познавате повеќето
луѓе во вашата црковна заедница?
Ги познавам сите луѓе во
мојата црковна заедница.
Дали ги познавате двајцата обвинети,
Џон Рајли и Томас Маркано?
- Колку долго ги познавате?
- Уште кога беа деца.
Двајцата беа мои ученици.
Останете да стоите.
- Колку долго сте овде?
- Во пролет ќе бидат 20 години.
Јас сум свештеник.
Во случајот на народот
од државата Њујорк...
...против Џон Рајли
и Томас Маркано...
...дали се колнете дека доказот
кој ќе го дадете е вистина...
...целата вистина и ништо друго
освен вистината, со помош на Господ?
Се колнам.
Служење во дневната миса,
слушање на исповеди...
Дали се сеќавате каде бевте во ноќта
на Први Ноември минатата година?
- Да, се сеќавам.
- Каде беше тоа?
Бев на кошаркарски натпревар во
Гарден: Никс против Селтикс.
И кога почна натпреварот?
- Околу 19:30.
- Кога заврши?
Помеѓу 21:30 и 22:00.
Дали се сеќавате кој победи?
За жал, Селтикс победија.
Кевин Мек Хејл и Роберт Париш беа многу
посилни од нашите играчи таа вечер.
Иако беше ден на сите Светци.
Следниот пат, јавете ми,
ќе се обидам со мојот тип.
Ќе го пробам тоа.
Отец Карило,
Дали бевте сам на натпреварот?
Не, отидов со двајца пријатели.
И кои беа тие двајца пријатели?
Џон Рајли и Томас Маркано.
- Двајцата обвинети?
- Да, истите двајца обвинети.
Отец Карило, во 20:25,
времето кога полицијата вели...
...дека жртвата Шон Ноукс е убиена...
...дали уште бевте со г-дин Рајли и
г-дин Маркано на кошаркарскиот натпревар?
Да, бев.
И во кое време вие, г-дин Рајли,
и г-дин Маркано се разделивте?
Беше околу 22:30...малку подоцна.
Ме оставија пред кругот на црквата,
каде што и ме земаа.
Дали двајцата обвинети ви кажаа
каде ќе одат?
Не, не ми кажаа, но можам да погодам,
после вечер помината со свештеник...
...отишле да го побараат првиот
отворен бар кој може да се најде.
Тогаш, Оче, ако двајцата обвинети
биле со вас во 20:25...
...ноќта на убиството, не би можеле
да пукаат и да го убијат Шон Ноукс...
...како што тврди обвинителството.
Дали е тоа точно?
Освен ако не пукале од сините
седишта во Гарден.
Не беше пукано од таму.
И не беше убиен од тие момчиња.
Немам повеќе прашања, почитуван судија.
Ваш е сведокот, г-дине Саливан.
Благодарам, почитуван судија.
Дали купивте билети за натпреварот
Оче, или ви ги дадоа?
- Не, ги купив.
- На денот на натпреварот?
Отидов до билетарницата
недела претходно.
Дали некој знаеше дека ќе одите
на натпреварот, освен двајцата обвинети?
Не верувам.
Дали некој беше со вас кога
ги купивте билетите?
Не.
- Никој не ве виде кога ги купувавте
билетите? - Точно така.
- Дали земавте сметка?
- Не, не земав.
Плативте со чек?
Мастеркард? Виза?
Не, платив во готово.
Обично плаќам во готово.
Се грижите за момчињата во вашата
црковна заедница, нели Оче?
Многу.
И не постои нешто што не би
сториле за нив, нели?
Се што е во моја моќ,
би им помогнал.
Како татко, добар татко,
кој се грижи за неговите синови.
Така нешто, да.
И дали е вистина дека, како татко,
не би сакале да ги заштитите...
...од нешто што тие не би
требало да го сторат.
Колку што би можел да ги заштитам
од некој што рекол дека сториле нешто.
- Како убиство?
- Да, како убиство.
Да го повторам ова. Никој не
знаел дека ќе одите на натпреварот.
Никој не ве видел на натпреварот. Никој
не ве видел кога ги купувавте билетите.
Не постои запис дека сте купиле билети.
Немате сметка за билетите.
- Дали сум во право.
- Да, точно е.
Тогаш како да знаеме, Оче?
Како да знаеме дека...
...вие и двајцата обвинети сте биле
на натпреварот во ноќта на убиството?
Ви кажувам како сведок...
и како свештеник. Бевме на натпреварот.
Да, како свештеник, и свештеник не
би лажел? Дали сум во право?
Свештеник со половина билети
нема потреба да лаже.
Секогаш ги чувам половините.
Сакате да ги видите?
Зошто, Оче?
Зошто ги чувате половините?
Затоа што никогаш не знаете кога некој
ќе побара повеќе од вашиот збор.
Дали некој некогаш се сомневал во
вашиот збор пред овој ден?
Не. Никој не се сомневал.
Но секогаш постои првпат за се.
Немам повеќе прашања.
Ви благодарам Оче.
Благодарам Оче.
Може да станете.
Никогаш нема да заборавам кога го видов
Отец Боби да застане и да лаже за нас...
...во полза на Џон и Томи.
Не сведочеше само за нив,
сведочеше против Вилкинсон...
...и злото што живееше
таму премногу долго.
Сепак, ми беше жал што
моравме да го сториме тоа.
Со обвинението за убиство
од втор степен...
...како го прогласувате обвинетиот,
Џон Рајли, виновен или не виновен?
Не виновен.
Со обвинението за убиство
од втор степен...
...како го прогласувате обвинетиот,
Томас Маркано, виновен или не виновен?
Не виновен.
Ви благодарам многу.
Поротата е распуштена.
Здраво, како си?
Сакам еден хот-дог.
Сенф и сос...многу сос.
Дај му две марамици.
Добар беше, советнику.
Па, што ќе се случи со тебе сега?
Што ќе се случи?
Си одам.
Ќе почекам неколку недели,
ќе им го дадам одработеното.
После начинот на кој го водев случајов...
...нема да се брзаат да ми дадат отказ.
Па, префрли се на другата страна и работи
адвокат во одбраната. Има повеќе пари.
Секогаш ќе има повеќе лоши
момци отколку добри, Мајк.
И можеш да замислиш колку работа ќе
добиеш од екипата на Џон и Томи.
Ќе заработиш куќа и базен.
Не за мене.
Видов закон колку што сакав да видам.
- Време е за нешто друго.
- Што?
Ќе ти кажам кога ќе знам.
Знаеш, премногу си стар
за да играш за Јенките...
...и премногу си млад за да играш голф.
Зошто ми ги расипуваш сите мои планови?
Ќе ме испаничиш.
Ќе се снајдеш.
Секогаш си успевал.
Време е за тишина, Шејкс.
Сакам само да ги затворам очите и да
не ги гледам местата каде што сум бил.
Изморен сум...
Не знам.
Можеби ќе имам среќа,
ќе заборавам дека сум бил таму.
Па, немој да ме заборавиш, Советнику.
Можеби ќе ми треба добар
адвокат некој ден.
Неможеш да си дозволиш добар адвокат.
Можеби ќе ми треба добар другар,
исто така.
Ќе те најдам кога ќе ти треба.
Сметај на тоа.
Секогаш сум сметал.
Помина цел месец од ослободувањето,
и никој не стапи во контакт.
Во тие неколку недели, нашите животи
се вратија назад како што беа...
...пред убиството на Шон Ноукс.
Керол се врати кај нејзиниот куп
досиеја за социјални услуги...
...помагајќи на тинејџери во неволја
и самохрани мајки.
Џон и Томи се вратија на улиците,
водејќи ги момците од Западната Страна.
Бев унапреден во новинар на пракса,
покривајќи ја забавната страница.
Мајкл, како што вети,
ја напушти работата...
...по работењето на изгубениот крај од
„случај кој не може да го промашиш“.
Не знам како ебено да ти се заблагодарам!
Не ми се верува што стори.
Не ми се верува дека се спасивме!
Не бев јас. Тоа беше Мајки.
Се беше план на Мајки.
Кога првпат слушнав дека ќе го преземе
случајот, мислев да го запалам.
Помислив, тој ми е другар, и ако
треба да ме затворат за убиство...
...има ли подобар за да го стори тоа?
По начинот на кој што го водеше случајот,
мислам дека не го бидува за адвокат.
Почнав да го жалам копилето.
Никогаш не жали адвокат.
Дојди ваму, советнику!
Ти си вистински Гроф!
Жив, здрав и живее во градот Њујорк!
Ти ебен манијак! Добро!
Што е ова, педерски бар?
Беше додека ти не влезе!
Зошто не ме бакнеш заедно со поздравот?
Бегај од тука.
Да се напиеме.
Четирите Гладијатори!
Четирите Гладијатори, најлошиот квартет
што живеел во Пеколна Кујна.
А какво беше името што го кажа Шејкс?
Генијот сакаше да се викаме,
„Грофот и неговите Христоси“.
- Фино!
- Па, знаеш, слатко е, нели?
Еј, тоа ќе продадеше многу
албуми во продавницата.
Не бевме толку лоши. Мислам, некои
луѓе сакаа да не слушнат како пееме.
Детето од училиштето за глуви не се важи!
Една песна за Керол.
- Се пензионирав пред долго време.
- Ајде, мелези!
Нели вие момци треба да
одите и да пукате некој?
Секогаш имаме време за песна!
Се шегувам, сфаќате?
Ти избери, Мајки.
Не премногу бавно.
Да започнеме.
- Колку песни знаеш?
- Една.
„Чекори...како...човек!“
„Чекори како човек...“
„...колку што можеш побрзо...“
„Чекори...како човек...мој сине.“
„Кажи му на светот...
заборави на девојката!“
Не заборавај на девојката!
На 16 Март 1984...
Надуеното тело на Џон Рајли беше
најдено во напуштена зграда...
...покрај шише жесток
џин од кој и умрел.
Во времето на неговата смрт, беше
осомничен во пет нерешени убиства.
Имаше уште две недели до
неговиот 29-ти роденден.
Томас Маркано умре на 26 Јули 1985.
Беше пукано во него одблиску пет пати.
Телото не било откриено
една недела и повеќе.
Имаше крст и слика од
светец во неговиот џеб
Имаше 29 години.
Мајкл Саливан живее во мало
градче во Англиска заедница...
...каде што работи привремено
како столар.
Не се занимава со законот,
и никогаш не се ожени.
Живее мирно и осамено.
Керол се уште работи во агенцијата за
Социјални Услуги и живее во Пеколна Кујна.
Никогаш не се омажи...
...но е самохрана мајка која
издржува 12 годишен син.
Момчето, Џон Томас Мајкл
Мартинез, обожава да чита...
...и мајка му го вика Шејкс.
Беше наша посебна ноќ, и ја чувавме
долго колку што можевме.
Беше нашиот среќен крај.
И последниот пат кога ќе
бидеме заедно повторно.
Иднината се протега блескаво напред...
...и мислевме дека ќе останеме
заедно засекогаш.
Њујоршката Државна Институција за
Малолетни Престапници изјави дека
настаните во овој поправен дом не се
случиле и не постојат во било кој друг
центар за малолетници, и не постои ништо
во нивните досиеја за овие тврдења.
Државниот обвинител во Менхетен изјави
дека такво судење никогаш не постоело.
И порекнуваат дека знаеле за инцидентите
што се случуваат во овој филм.
Лоренѕо Каркатера изјави дека имињата,
датумите и местата се променети.
Но тој и понатаму стои
зад својата приказна.
К Р А Ј
Превод: Lucifer
www.mkd-titlovi.niceboard.com