Tip:
Highlight text to annotate it
X
Добар ден за толпата. -Тргни ја
твојата армија од мојата земја.
Ми се допаѓа твојата земја.
Мислам дека ќе останеме. Ми се
допаѓаат и твоите војници. -Тие
нема да се борат за тебе. -Така рече
и принцот Единг. И аркадинците
и опенинците. Сега сите се борат
за мене. -Не можеш да го имаш
целиот свет Агамемнон. Премногу
е голем дури и за тебе. -Не сакам
да гледам уште еден масакр.
Да ја решиме оваа војна на стариот
начин. Твоите најдобри борци
против моите.-И ако моите
луѓе победат? -Ќе си одиме
од овде засекогаш.
Изгледа те напуштил. -Внимавај
кого навредуваш стар кралу.
Ахил не е во армијата. -Каде е!?
-Го пратив момчето да го побара.
Имав добар сон... Многу добар
сон. -Кралот Агамемнон ме прати.
Треба да... -Ќе зборувам со
твојот крал изутрина. -Но, утро е.
Те чекаат тебе.
Дали приказните за
тебе се вистинити?
Велат дека мајка ти е бесмртна
божица. Велат дека не можеш да
бидеш убиен. -Тогаш не би се
мачел со штитовиве, нели?
Се бориш со Тесалонците. Тој е
најголемиот човек што сум го видел.
Јас не би сакал да се борам со
него. -Затоа никој нема да го
запамти твоето име.
Можеби би требало да се бориш
утре кога ќе бидеш подобро
одморен. -Ќе чекам на твој знак.
-Можеби би требало ти да се
бориш. -Ахил...
Погледни ги лицата на мажите.
Можеш да спасиш стотина од нив.
Можеш да ја завршиш војнава со
твојот меч. Пушти ги да си одат
кај жените.
Замисли крал кој сам си ги војува
битките. Зарем не би било тоа
глетка? -Од сите воини
миленици на боговите него
го мразам највеќе.
Има ли уште некој?
Има ли уште некој!?
Кој си ти војнику? -Ахил.Син на
пелоиз.-Ахил.Ќе го запамтам
името. Владетелот на Тесалонија
го носи ова. Дај му го на твојот
крал. -Тој не е мој крал.
Принцови на Троја... На нашата
последна ноќ заедно, јас и Елена
ве поздравуваме. Сме имале
конфликти претходно, вистина е.
Сме војувале многу битки
заедно. И тоа добро! Секогаш го
почитував твојот татко. Пријам
е добар крал, добар човек.
Го почитував и го почитувам
сега како мој сојузник.
Парис, млад принцу,
дојди и пиј со мене.
За мир. -За мир помеѓу Троја и Спарта.
Боговите нека ги држат
војните на ридовите, а жените
во нашите кревети.
За боговите. -За боговите...
Не би требало да бидеш
овде. -Така рече и вчера.
Вчера беше грешка.
А ноќта пред таа? -Направив
многу грешки оваа недела.
Дали сакаш да си одам?
Делови од морето Пропонтес.
Прекрасно е.Но не можат да
го носам.Ќе не убие и двајца.
Немој да се плашиш од него.
-Не се плашам да умрам.
Се плашам од утре. Се плашам
дека никогаш нема да се вратиш.
Пред да дојдеш во Спарта
бев дух. Се разбудив денеска.
Не мораш да се плашиш
од утре. Дојди со мене.
Не си играј со мене.
Ако дојдеш никогаш нема да
бидеме безбедни.Ќе не гонат,
боговите ќе не проколнат. Но јас
ќе те сакам. До денот кога ќе го
изгорат моето тело. Ќе те сакам...
Прекрасно утро. Сонцето го
благословува нашето патување.
Понекогаш боговите те
благословуваат наутро, а те
проколнуваат попладне.
Дали ме сакаш брате? Дали би
ме штител од непријателот?
Последен пат кога ми зборуваше
вака имаше 10г. и го украде
коњот на тато. Што си направил
сега? -Морам да ти покажам нешто.
Каде е таа? Се колнам во боговите
дека ќе те заколам овде ако не
ми кажеш. -Кралу...таа замина.
Рибаров овде ја видел на бродот.
Младиот принц Парис...
Подгответе ми го бродот.
Вртете го бродот назад кон Спарта.
-Чекај, послушај ме... -Будало!
Знаеш ли што направи? Знаеш
ли колку години нашиот татко
работеше за мир? -Ја сакам. -Све
е игра за тебе, нели? Одиш од
град во град, спиеш со разни жени
и мислиш дека знаеш нешто за
за љубов? Што е со љубовта кон
татко ти? Ја расипа неа кога ја
донесе неа на бродов. Што е
со љубовта кон твојата земја?
Ќе ја изгориш Троја за оваа жена!?
Нема да ти дозволам да започнеш
војна за неа. -Може ли да
зборувам? Тоа што го велиш е
вистина. Те изневерив. Ги изневерив
сите. Ако сакаш да ја однесеш
Елена назад во Спарта, така нека
биде. Но јас одам со неа. -Ќе те
убијат во Спарта. -Тогаш ќе загинам
борејќи се. -Тоа ти звучи херојски,
нели? Да умреш борејќи се?
Кажи ми брате, дали некогаш си
убил човек? -Не. -Дали си видел
како некој умира во борба? -Не.
-Јас сум убил и сум ги слушал како
умираат и тука нема ништо славно
или поетско. Велиш дека сакаш
да умреш за љубов, но не знаеш
ништо за умирањето и не знаеш
ништо за љубовта. -Како и да е.
Јас одам со неа. Не барам да се
бориш во мојата војна. -Веќе побара.
Кон Троја!
МИКЕНА, ГРЦИЈА
Ја сакам назад. -Секако... Таа е
убава жена. Сакам да се врати за
да ја убијам со моите раце. Сакам
Троја да биде изгорена до земја.
Мислев дека сакаш мир со
Троја. -Требаше да те послушам.
Мирот е за жените и слабите.
Имеријата се добива со војна.
Целиот живот сум покрај тебе.
Се борев со твоите непријатели.
Ти си ја земал славата. Дали
некогаш сум се пожалил, брате?
Дали некогаш сум побарал нешто?
-Никогаш. Ти си човек на честа.
Дали би одел во војна со мене, брате?
Секогаш мислев дека жената на
мојот брат е будалеста жена. Што
се докажа дека е многу корисно.
Тројанците никогаш не биле
освоени. Некои велат дека не можат
да бидат. -Стариот крал Пријам
мисли дека е недопирлив позади
високите ѕидови. Мисли дека
богот на сонцето ќе го штити.
Но боговите ги штитат само силните.
Ако Троја падне, јас ја контолирам
Иџија. -Хектор раководи со
најдобрата војска на исток. -Ќе ги
нападнам со најголемата војска
што светот ја видел. Со сите
кралеви на Грција и нивните армии.
Уште една последна
работа. Ни треба Ахил.
Тој не може да се контролира.
Може да се бори и против нас.
Не ни треба да го контролираме,
треба да го врземе.
Човекот е роден за да одзема
животи. -Да, надарен убиец е, но се
заканува на све што имам изградено.
Пред мене Грција не беше
ништо. Јас ги соединив сите
кралеви. Јас ја изградив иднината,
Нестор, јас!
Ахил е само минато. Човек кој се
бори за ништо. Човек нелојален
на ниедна земја. -Колку војни
сме добиле од неговиот меч?
Ова ќе биде најголемата војна
што светот ја видел. Ни треба
најголемиот воин.
Има само еден човек кого го слуша.
Внимавај...
Нервозен?
Преплашен.
Ме научи да не ја
менувам раката со мечот.
Да, ако знаеш како да ја користиш.
Твојата репутација за
гостопримливост постанува легенда.
Роднино... -Одисеј, крал на
Итака. -Ми недостасуваат твоите
родители. Сега го имаш
него. Учиш од Ахил лично.
Кралевите би убиле за честа.
-Дали си овде по наредба на
Агамемнон? -Треба да зборуваме.
Нема да се борам за
него. -Не го барам тоа.
Барам да се ориш за Грците.
-Зошто? Им здосади да се борат
меѓусебно? -Засега. -Тојанците
никогаш не ме гонеле. -Тие ја
навредија Грција. -Навредија еден
Грк. Човек кој не можеше да си
ја задржи жената. Тоа не е моја
работа. -Твоја работа е војната,
пријателе. -Дали? Човекот нема
чест. -Ако Ахил се бори за чест,
Агамемнон се бори за моќ. Боговите
нека одлучат кој човек да го
прослават. -За Грците! -Заборави
го Агамемнон. Бори се за мене.
На жена ми ќе и биде многу полесно
ако знае дека си покрај мене.
А и мене.
Ќе биде најголемата флота што
некогаш испловила. 1000 бродови.
Најдобриот од сите тројанци. Некои
велат дека е подобар и од сите
Грци. Дури и ако твојот роднина
не дојде, се надевам дека ќе ни
се придружиш. Би ни користела
силна рака како твојата. -Играј си
со твоите трикови со неме, но немој
со мојот роднина. -Ти го имаш
твојт меч, јас моите трикови. Си
играме со играчките што ни ги
дале боговите. Пловиме
кон Троја за 3 дена.
Оваа војна никогаш нема да биде
заборавена. Ниту хероите кои
се бореле во неа.
Знаев дека ќе дојдат по тебе.
Но само пред да се родиш.
Сакаат да се бориш против Троја.
Ти правам уште едно ланче од
школки. Се сеќаваш на она што ти
го направив кога беше дете?
Мајко...
Вечеррва морам да решам.-Ако
останеш, ќе најдеш мир.Ќе најдеш
прекрасна жена. Ќе имаш синови
и ќерки и тие ќе имаат деца.
Ќе те сакаат. Кога ќе
те нема ќе те паметат.
Кога твоите деца ќе бидат
мртви, ќе има деца после нив.
Тие ќе бидат изгубени. Ако отидеш
во Троја, славата ќе биде твоја.
Ќе пишуваат приказни за твоите
победи, илјадници години.
Светот ќе го памети твоето име.
Ако отидеш во Троја, никогаш
нема да се вратиш дома.
Но твојата слава ќе се
пренесува од рака на рака.
А јас нема да те видам повторно.
Сине. -Татко.
Татко, ова е Елена.
Елена од Спарта? -Елена од Троја.
Слушнав гласини за твојата убавина.
И за прв пат се вистинити.
Добредојде. Дојди.
Види.
Сакана роднино. Твојата
убавина расте заедно со тебе.
Ова е последната работа што ни
требаше. -Тоа е волја на боговите.
Све е во нивни раце. Но изненаден
сум што му дозволи да ја
донесе. -Сега ќе го гореше телото
на син ти наместо да пречекуваш
ќерка. -Конечно имаме мир. Што
би сакал да направам? -Качи ја
на брод и врати ја дома. -Жените
отсекогаш го сакале Парис и тој
ги сакал нив, но таа е поинаква.
Нешто е изменето во него.
Ако ја пратиме дома тој ќе ја следи.
-Ова е моја земја и мои жители.
Не сакам да ги гледам да
страдаат за брат ми да ја задржи
наградата. И не доаѓаат само
Спартанците по неа. Сигурно отишол
кај Агамемнон, а тој сака да не
уништи со години. -Непријателите
не напаѓаат со векови, а ѕидовиве
сеуште стојат. -Татко, не можеме
да победиме во оваа војна. -Аполон
не чува. Дури ни Агамемнон
не може да се спореди со бог. -А
со колку батаљони заповеда тој
бог? -Не ги лути боговите.
Доаѓаат по мене.
Што ако заминеме?Вечерва.Сега
одма.Ќе јаваме кон исток и ќе
продолжиме да јаваме. -И каде
ќе одиме? -Подалеку од овде.
Можам да ловам елени и
зајци, можам да не прехранам.
Но ова е твојот дом. -Ти
го напушти твојот за мене.
Спарта никогаш не ми била дом.
Моите родители ме пратија таму
кога имаш 16 за да се омажам.
Никогаш не ми била дом. -Ќе си
одиме од земјата. Нема веќе
палати и слуги за нас. Не ни треба
ништо од тоа.-А твоето семејство?
-Ќе го штитиме моето семејство.
Ако не сме овде нема да има
причина за војна. -Тој нема да се
откаже. Ќе не следи до крајот
на светот. -Тој не ја знае оваа
земја, јас да. Можеме да се
изгубиме за ден. -Ти не го познаваш
Менелас.НЕ го знаеш брат му.
Ќе ја изгорат секој куќа во Троја
за да не најдат. Нема да поверуваат
дека си заминал. А дури и
да поверуваат сепак ќе изгорат
све. -Тогаш ќе им олеснам да ме
најдат. Ќе отидам кај нив и
ќе им кажам дека си моја.
Господару, би требало да ги чекаме
останатите. -Не донесоа овде
за војна, нели? -Да, но наредбите
на Агамемнон... -Се бориш за
мене или за Агамемнон? -За
тебе, господару. -Тогаш бори се.
Остави ги слугите на
Агамемнон да се борат за него.
Тоа е Ахил.-Што прави будалата?
Ќе ја освои плажата на Троја
со 15 луѓе?
Дали богот Аполон е подготвен?
-Кај портите е. -Веднаш доаѓам.
За колку време ќе биде подготвена
армијата? -Половина од луѓето...
Кога? -На пладне. -Нека биде поскоро.
Намали ја брзината. -Но се борам
со Тројанците. -Не денеска.
Подготвен сум, ти ме научи како
да се борам. -Добар ученик си, но
сеуште не си подготвен.
Погледни ги луѓево. Тие се
бестрашни воини. Секој од нив би
крварел за мене. Ти ќе го
чуваш бродот. -Ова е војна.
Роднино, не можеш да се бориш
со Тројанците.Ќе го чуваш бродот.
Целиот мој живот го живеев
според код. Кодот е едноставен.
Сакајте си ги жените и
бранете си ја државата.
Троја е ваша мајка. Борете се за неа!
Вие сте ми браќа по меч. Повеќе
би сакал да се борам со вас
отколку со армија од илјадници.
Ни еден човек да не заборави
колку сме бестрашни. Ние сме лавови!
Знаете ли што има таму позади
онаа плажа? Бесмртност! Ваша е!
Сака да умре...
Погледни ги! Веслајте!
Назад во градот!
Богот на сонцето е бранител на
Троја. Наш непријател. Земете го
цело богатство што
можете да го најдете.
Со ваша дозвола, господару.
Зборувај. -Аполон е све. Можеби
не е мудро да го навредиме.
Предупреди ги луѓето. Чекај.
Многу си храбар или многу
глупав што доаѓаш по мене сам.
Ти мора да си Хектор.
Дали знаеш кој сум јас? -Овие
свештеници не беа вооружени.
Бори се со мене.
Зошто да те убијам сега, принцу
од Троја? Кога нема никој за да
те види како паѓаш.
Зошто дојде овде? -Се зборува
за оваа војна веќе илјадници год.
За илјада годими и правот од
нашите коски ќе го нема. -Да, принцу,
но нашите имиња ќе останат.
Оди си дома, принцу. Пиј вино,
води љубов со жена ти. Утре ќе
ја имаме нашата војна. -Зборуваш
за војната како да е игра.
Но колку жени има позади портите
на Троја што нема да си ги
видат мажите повеќе? -Можеби
брат ти може да ги утеши.
Добар е во шармирањето туѓи жени.
Господару, го пушти?
-Премногу е рано од денот
за убивање принцови.
Ахил, бестрашен си како
боговите. Почестен сум да одам
во војна со тебе.
Господару, имам нешто да ти покажам.
Нашите луѓе ја најдоа како се крие
во храмот. Помислив дека би
можела да те забавува.
Како се викаш?
Дали ме слушна? -Ги убија
свештениците. -Сум убивал мажи во
5 земји. Никогаш свештеници.
-Твоите луѓе го направија тоа.
Богот на сонцето ќе се одмазди.
-Што чека? -Вистинско време за
да нападне.
Неговите свештеници се мртви.
Мислам дека вашиот бог се плаши
од мене. -Да се плаши? Тој е
господар на сонцето. -Каде е?
Ти си само убиец. Не би
знаел нешто за боговите.
Знам повеќе за боговите од
вашите свештеници. Сум ги видел.
Лојална си нели?
Мора да си. Како се викаш?
Слугите на Аполон имаат имиња.
-Персеја. -Дали ти е страв?
Треба да ми е?
Господару, Агамемнон го бара
твоето присуство. Кралевите се
собираат за да ја прослават
победата. -Добро се бореше денеска.
Што барате овде во Троја? Не сте
дошле по Спартанската кралица.
Тоа што сите луѓе го
сакаат. Јас сакам повеќе.
Не треба да се плашиш од мене,
девојко. Единствениот Тројанец
на кого сум му го рекол тоа.
Извојува голема победа мој
кралу над кралевите. Никој не ја
освоил плажата на Троја толку
лесно. -Прекрасен подарок.
Ти ќе бидеш меѓу првите кои ќе
одат по улиците на Троја утре.
Мојот татко, Нелиос, го направи
ова за да се сеќава на неговите
победи. Ти го предавам тебе
во чест на уште повеќе победи.
Благодарам стар пријателу. Утре
ќе вечераме во градините на Троја.
Оставете не.
Во војната младите умираат, а
старите зборуваат. Го знаеш тоа.
Игнорирај ја политиката.
Очигледно сакаш големи победи.
-Можеби не си забележал.
Плажата ќе му припадне на
Пријам изутрина. А на Агамемнон
попладне. -Може да ја земете
плажата, не дојдов за песокот. -Не,
дојде зошто сакаш твоето име
да трае низ вековите. Голема
победа беше извојувана денеска.
Но таа победа не е твоја.
Кралевите не клекнуваат пред Ахил.
-Можеби кралевите се премногу
назад за да видат. Војниците ги
победуваат битките. -Историјата
памети кралевите, а не војници.
Утре ќе ги урнеме портите на Троја.
Ќе поставам споменици на секој
грчки остров.Ќе го изгравирам
Агамемнон на камен. -Биди
внимателен кралу на кралевите.
Најпрво ти треба победа.
Твоите луѓе влегоа во храмот
на Аполон, нели? -Сакаш злато,
земи го. Тоа е мојот подарок за
да ја почестам твојата храброст.
Земи што сакаш. -Веќе
го направив тоа.
Плен од војната. -Без карање браќа,
но ако не ја ослободите нема
да си го видите домот повторно.
Стража! -Стојте!
Премногу луѓе умреа денеска.
Убивањето е единствениот твој
талент. Тоа е твоето проклество.
Не сакам никој да умре за мене.
Ахил е заќутен од робинка.
Вечерва ќе ме избања.
Потоа... кој знае. -Свиња си.
Пред да заврши моето време,
ќе погледнам на твојот труп и
ќе се насмевнам.
Сакаат војна, ќе им дадеме војна.
Најдобрите од Троја против
најдобрите од Грција.
Лаукас, се бореше со мене 40
год. Дали можеме да ја добиеме
војнава? -Нашите ѕидови никогаш
не биле поминати. Ги имаме
најдобрите стрелци на
светот и го имаме Хектор.
Да, можеме да победиме.
Зборував со двајца фармери
денеска. Виделе орел како лета кон
сонцето. Тоа е знак од Аполон. Ќе
извојуваме голема победа утре.
Сакаш да планираме стратегија
врз основа на знаци од птица?
Хектор, покажи почит. Нашиот
свештеник е слуга на боговите.
Јас сум слуга на Троја. Секогаш
сум ги почитувал боговите, татко,
го знаеш тоа. Но денеска се борев
со грк кој ја унакази статуата на
Аполон, а богот не му направи
ништо. Боговите не сакаат да ја
војуваат оваа војна со
нас. -Нема да има војна.
Ова не е конфликт на нации, туку
недоразбирање меѓу двајца луѓе.
И на сакам да видам да умре
уште еден Тројанец поради мене.
Утре изутрина ќе го предизвикам
Менелас за правото на Елена.
Победникот ќе ја однесе дома.
Губитникот ќе изгори пред
да се спушти ноќта.
Татко, жал ми е поради болката
што ти ја нанесов. -Дали ја сакаш?
Ти си голем крал бидејќи многу
си ја сакаш земјата. Секоја гранче,
секое зрно песок, секој камен
во реката. Ја сакаш цела Троја.
Затоа јас ја сакам Елена.
Се борев во многу војни во мое
време. Некои за земја, некои за моќ,
за слава... Претпоставувам
дека војувањето за љубов има
највеќе смисла од останатото. Но
јас нема да бидам тој што ќе се
бори. -Исто и Троја. -Мојот татко
го носеше овој меч и неговиот
татко пред него и така наназад до
наоѓањето на Троја. Историјата
на нашиот народ е напишана со
овој меч. Носи го со тебе утре.
Духот на Троја е во овој меч. Се
додека Тројанец го носи, нашиот
народ има иднина.
Човекот пред храмот на Аполон...
Никогаш не сум видел таков дух.
Неверојатно...
Не оди утре. Те молам не оди.
-Парис се бори утре, не јас.
50 илјади грци не го поминаа морето
за да го видат брат ти како се
бори. Го знаеш тоа. -Добар
генерал би била, љубов моја.
Се бориш целиот твој живот. Не
оди во битка овој пат. -Знаеш дека
не сакам да се борам. Сакам да
го гледам син ми како расте.
Сакам да видам како девојки го
бркаат. -Не можам да те изгубам.
Нема да преживеам.
Чекај!
Што правиш? -Пушти ме!
Ги видов како горат...
Моја вина е. Го знаеш тоа.
Слушнав жени како врискаат.
Нивните мажи умреа затоа што јас
сум овде.Одам кај бродовите.
-Не,нема.-Ќе му се вратам на
Менелај. -Премногу е доцна за
тоа. Мислиш дека Агамемнон се
грижи за бракот на брат му?
Се работи за моќ, а не љубов.
Парис ќе се бори изутрина? -Да.
-Менелас ќе го убие. Нема да
дозволам да се случи тоа. -Тоа е
негова одлука. -Не. Не можам да
барам некој да се бори за мене.
Повеќе не сум кралица на Спарта.
-Принцеза на Троја си сега.
А на брат ми му требаш вечерва.
Господару, армијата се движи.
-Ние остануваме. -Но луѓето се
подготвени. -Останете додека
Агамемнон порасне и ќе го убиеме
од зад грб. -Како ќе посакате.
Подготвен си да се бориш.
Дали си подготвен да убиеш, да
одземеш живот? -Сум.
Вечерва ги видов нивните лица.
На сите луѓе што сум ги убил.
Стоеа таму покрај
реката. Ме чекаат мене.
Те научив како да се бориш, но
не те научив зошто да се бориш.
Се борам за тебе. -За кого ќе
се бориш кога ќе ме нема?
Војниците се борат за кралевите
што не ги ни запознале. Прават
како ќе им се каже и умираат
кога ќе им се каже. -Војниците
извршуваат. -Немој да слушаш
наредби на некој будала.
Оди.
Сигурен си дека сакаш да го направиш
ова? -Јас ја започнав војнава.
Елена, седи со мене.
Гледам дека не се криеш зад
високите ѕидови. Храбро од тебе.
Дојде овде непоканет. Врати се
кај твоите бродови и ди си дома.
Дојдовме премногу далеку,
принцу. -Принц? Ја јаде храната на
кралот, го пие неговото вино... го
величи, а потоа му ја краде жената.
Сонцето светеше кога
жена ти те напушти.
Горе е гледа, нели? Добро е.
Сакам да види како умираш.
Не сеуште, брате. -Погледни околу
тебе, Хектор. Ги донесов сите
воини од Грција на вашиот брег.
-Сеуште можеш да ја спасиш
Троја, млад принцу. -Имам две
желби. Ако ми ги исполниш нема
да има потреба да умираат повеќе
луѓе. Прво, мораш да ја вратиш
Елена назад кај брат ми. Второ,
Троја мора да се покори под моја
команда, да се борат за мене
кога и да ги повикам. -Сакаш да
ја погледнам твојата
армија и да се исплашам?
Ги гледам. Гледам 50 илјади луѓе
донесени овде да се борат за
алчноста на еден човек.
Внимавај, момче. Мојата милостина
има граници. -Сум ги видел
границите на твојата милостина
и ти кажувам дека ни еден син на
Троја нема да се покори на
поранешен владетел. -Тогаш секој син
на Троја ќе умре. -Постои друг начин!
Ја сакам Елена. Нема да се
откажам од неа, а нема ни ти.
Да се бориме за неа. Победникот
ќе ја однесе дома. И тоа да биде
крајот. -Храбра понуда, но не доволно.
Можам да го убијам. -Не дојдов
овде за твојата убава жена.
Дојдов овде за Троја. -Јас дојдов
за мојата чест. Секој здив ме
навредува. Остави ме да го
убијам. Кога ќе лежи на песокот
нападни и добиј го твојот град.
Јас ја сакам мојата одмазда.
Така нека биде.
Го прифаќам твојот предизвик.
Вечерва ќе пијам од твоите коски.
Нека замавне да те промаши. Ќе
се умори. -Брате, ако паднам...
кажи и на Елена... -Ќе и кажам.
-Немој да дозволиш да ја повредат.
Мисли на твојот меч и
неговиот и ништо друго.
Стани, ајде...
Не сум вкусил принц досега.
За ова ли ме напушти!?
Бори се со мене. Кукавицо!
Бори се со него, сине.
Тројанците го прекршија
договорот. Подгответе се за војна!
Ова не е чесно. Ако не се бори,
Троја е проколната. -Борбата е
завршена.-Не е .Повлечи се принцу
Хектор.Ќе го убијам на твоите
нозе, не ми е гајле. -Тој ми е брат.
Стрелци!
Премногу се блиску до
ѕидовите. -Будали...
Повлекувајте се. -Мојата војска
сеуште не изгубила војна. -Нема
да имаш армија ако не се повлечеш.
Назад кон бродовите!
Повлекувајте се. -Принцу, ги
имаме. -Во домет сме на нивните
стрелци. -Прати човек да им каже
на Грците дека можат да си ги
соберат мртвите. -Дали и тие
би го направиле истото за нас?
Повлекувајте се!
Мислиш дека сум кукавица.
Кукавица сум. Знаев дека ќе ме
убие. Ти ќе гледаше...и татко ми,
брат ми, цела Троја. Се откажав од
мојата гордост, мојата чест само
за да живеам. -Љубов моја,
предизвика голем воин, а за тоа треба
храброст. -Те изневерив.
Менелај беше храбар човек.
Живееше за да се бори.
Секој ден додека бев со него сакав
да се разбудам и да го видам
поразен. Не сакам херој, љубов
моја. Сакам маж со кого ќе можам
да остарам.
Ми се смеат во Троја. Мислат
дека нашите штитови не можат да
издржат. -Можеби треба. -Да
испловиме како кучиња? -Луѓето
веруваат дека дојдовме овде за
жената на Менелај. Нема да ни
треба таа повеќе. -Крвта на брат
ми сеуште го грее песокот, а ти го
навредуваш. -Не е навреда за мртов
човек да се каже дека е мртов.
Ако отидеме сека ќе ја изгубиме
секоја веродостојност. Тројанците
можат да не победат многу лесно.
-Ако останеме. Остануваме овде
поради правите причини. Да ги
штитиме Грците, а не твојата гордост.
Твојата приватна борба со Ахил
не уништува. -Ахил е само еден
човек. -Хектор е еден човек.
Види што ни направи денеска.
Хектор се бори за неговата земја.
Ахил се бори само за самиот себе.
Не ми е гајле за целите на
човекот, се грижам за неговатите
способности да победува војни.
-Во право е. Моралот на луѓето е
слаб. -Дури и да се смирам со
Ахил, човекот нема да ме послуша.
Како да плука кога спорува со
мене. -Јас ќе зборувам со него.
Ја сака девојката назад. -Може
да ја земе проклетата девојка.
Не сум ја допрел. -Каде е? -Им
ја дадов на луѓето. Им требаше
некаква забава...по денешниов ден.
Дај ми ја мене. -Кој е следен?...
Повредена си.
Се бореше со нив, а за тоа треба
храброст. -Се борам кога луѓето
ме напаѓаат. За тоа не треба храброст.
Јади.
Познавам луѓе како тебе цел
мој живот. -Не. -Мислиш дека си
поинаков од илјадници други?
Не разбираш ништо друго освен
војна. -Јас ги направив овие
војници. -Ги презирам. -Тројанските
војници умреа обидувајки се да
те заштитат. Можеби заслужуваат
повеќе од твојот презир.
Зошто го одбра овој живот? -Кој
живот? -Да бидеш голем воин.
Не сум одбрал ништо. Роден
бев и ова е тоа што сум. -А ти?
Зошто си одбрала да сакаш бог?
Мислам дека наоѓаш романтика
во него. -Дали уживаш да ме
провоцираш? -Си го посветила твојот
живот на боговите. Зевс е бог на
громовите, Атина на мудроста.
Си им служела. -Да, секако.
-А Арес, богот на војната?
Сите богови треба да
бидат почитувани.
Ќе ти кажам една тајна. Нешто
што не те учат во храмот.
Боговите ни завидуваат нас. Ни
завидуваат затоа што сме смртни.
Секој момент може да ни биде
последен. Све е поубаво затоа што
сме проколнати. Никогаш нема
да бидеш поубава од сега.
Никогаш нема да
бидеме овде повторно.
Мислам дека си дрзок.
Направи го.
Лесно е. -Страв ти е? -Сите умираат.
Направи го. -Ќе убиеш многу,
ако не те убијам. -Многу?
Господару...
Кажи им на луѓето да почнат да ги
товараат бродовите. Одиме дома.
Агамемнон е горд човек. Но знае
кога направил грешка. -Човекот
те пратил да ми се извиниш?
Што правиш ти со таа свиња од
крал? -Светот ти изгледа едноставен
тебе, пријателе, но кога си
крал треба да одбереш.
Итака не стекнува непријатели
како Агамемнон. -Би требало да му
се плашам? -Ти не се плашиш
од никого, тоа е твојот проблем.
Стравот е корисен.
Ни требаш назад. На Грција и
требаш. -На Грција и беше добро и
пред да се родам. Грција ќе
биде Грција и откако ќе умрам.
Не зборувам за земјата.
На нашите луѓе им требаш.
Остани Ахил. Ти си
роден за оваа војна.
Многу е поедноставно денеска.
-Жените знаат начини да ги
комплицираат работите.
Од сите кралеви на Грција,
тебе те почитувам највеќе.
Во оваа војна ти си слуга.
-Понекогаш треба да служиш за да
можеш да водиш.
Се надевам дека ќе го
разбереш тоа еден ден.
Си одиме дома? -Ќе отпловиме
изутрина. -Грците беа искасапени.
Не можеме едноставно да испловиме.
-Секогаш ќе има друга војна.
Тоа ти го ветувам. -Ова се наши
сограѓани. Ја изневери цела
Грција само за да го
видиш Агамемнон паднат.
Некој мора да изгуби.
Боговите го слават нашиот пат.
Сега е времето да ја уништиме
Грчката армија. -Војната е добиена.
У дрете ги сега, удрете силно.
Мармадонците не се бореа вчера.
Мора да има недоразбирање
меѓу Грците. Ако ги нападнеме
нивните бродови ќе ги соединиме.
Ако тие решат да не нападнат,
нека им биде. Нашите ѕидови се
безбедни. Повторно ќе ги победиме.
Вчера Грците не потценија.
Да не им ја враќаме услугата.
Самоуверен си за значењето на
овие знаци? -Растурањето на
неговиот храм го лути Аполон.
Боговите ги проколнаа Грците.
Подгответе ја војската,
напагаме пред мугри.
Сеуште сум твој капетан?
Мој гостин.
Може све да оставиме зад
нас. -Би ја оставила Троја?
Доволно е за еден ден.
Назад кон бродовите!
Му беше роднина.
Назад кон Троја. -Назад кон градот!
Требаше да отпловиме дома денеска.
Мислам дека никој нема
да отплови дома денеска.
Ахил!
Ја прекши мојата команда. -Не
господару, тоа беше грешка.
Им наредив на Мермедонците да
мируваат. Ти ги поведе во војна.
Нас не ги водев, господару.
Мислевме дека си ти.
Каде е Патроколо?
Мислевме дека тоа си ти, господару.
Го носеше твоето оружје, твојот
меч, твојот шлем. Дури и се
движеше како тебе. -Каде е!?
Каде? -Мртов е, господару.
Хектор му го пресече гркланот.
Немој!
Каде ме водиш?
Дали запамти како
да дојдеш овде? -Да.
Следниот пат кога ќе дојдеш
овде, следи го тунелот. Не можеш
да се изгубиш само продолжи да
одиш. Кога ќе стигнеш до крајот
ќе излезеш кај реката. Следи ја
реката додека да стигнеш до Монтаја.
Зошто ми го кажуваш ова?
Ако умрам... -Не. -Не знам уште
колку долго ќе стои градот.
Ако грците влезат позади
ѕидовите,готово е.Ќе ги убијат сите
мажи и ќе продолжат со бебињата.
-Те молам... -Жените ќе ги земат
како робинки, а тоа е полошо од
смртта. -Зошто ми кажуваш вакви
работи? -Затоа што сакам да бидеш
подготвена. Сакам да го земеш
син ни и да го донесеш овде.
Спаси колку можеш луѓе, но стигни
овде и бегај.
Убив момче денеска. Млад
беше... премногу млад.
Момчено само што ја
спаси војната за нас.
Хектор!
Татко, прости ми за некакви
навреди. Ти служев
најдобро што можев.
Боговите нека бидат со тебе.
Хектор, ниеден татко
немал подобар син.
Аполон те штити, принцу.
Ти си најдобриот човек што го знам.
Ти си принц на Троја. Знам
дека ќе ме направиш горд.
Запамти што ти реков? -Не мораш
да одиш. -Запамти што ти реков!
Сум ги видел овие
моменти во моите сонови.
Ќе направам пакт со тебе. Боговите
нека бидат сведоци. Победникот
да му овозможи достоен погреб
на губитникот. -Нема договори
помеѓу лавовите и мажите.
Сега знаеш со кого се бориш.
Мислев дека си ти кога се борев
вчера. И посакувам да беше ти.
Но јас го предадов мртвото тело...
-Му ја даде честа на твојот меч.
Нема да имаш очи вечерва,ни
уши ни јазик.Ќе талкаш низ
подземниот свет и сите мртви ќе
знаат. Ова е Хектор-будалата што
мислеше дека го убил Ахил.
Стани, принцу на Троја.
Нема да дозволам камен
да ми ја земе славата.
Го изгуби твојот роднина,
сега го зема мојот.
Ова е крајот. -Никогаш нема крај.
Зошто?... -Го направив тоа што
никој не го направил досега. Ги
бакнав рацете на човекот
што го уби син ми.
Пријам? Како дојде овде? -Си ја
знам земјата подобро од Грците.
Ти си голем човек.
Можам да ти ја отсечам главата
додека да трепнеш. -Навистина
мислиш дека смртта ме плаши
сега? Гледав како мојот најстар син
умира и ти му го влечеш
телото позади твојата кочија.
Врати ми го. Ја заслужува честа
на достоен погреб, го знаеш тоа.
Дај ми го. -Ми го уби роднината.
-Мислеше дека си ти.
Колку роднини си убил ти? Колку
синови и браќа и мажи, колку
храбар Ахиле? Го знаев татко
ти. Умре пред неговото време.
Но беше среќен да не
живее доволно долго за да
го види синот мртов.
Ми зема све. Мојот најстар син,
наследникот на тронот, бранителот
на моето кралство. Не можам да
го изменам тоа што се случи, тоа
е волја на боговите. Но дај ми ја
оваа мала милостина. Го сакам
моето момче од моментот кога ги
отвори очите до моментот кога
му ги затвори.
Дозволи ми да му го измијам
телото. Дозволи ми да ги кажам
молитвите. Дозволи ми да му
ставам две парички на очите.
Ќе ти дозволам да си одиш од овде.
Ако ти дозволам да го земеш,
тоа нема да смени ништо.
Сеуште ќе ми бидеш мој непријател
изутрина. -Ти си ми сеуште
непријател вечерва. Но дури и
непријателите знаат да покажат почит.
И се восхитувам на твојата храброст.
Остави ме сам за момент.
Ќе се сретнеме повторно, брате.
Твојот син беше најдобриот
со кого сум се борел.
Во мојата земја погребот трае
12 дена. -Исто е и во мојата.
Тогаш принцот ќе ја добие таа чест.
Ни еден грк нема да ја нападне
Троја 12 дена.
Мислев дека...
Слободна си.
Ако те имав...тоа не
беше тоа што го сакав.
Јас... -Оди. Никој нема да ве
застане. Го имате мојот збор.
Ајде, девојко.
Добро е. -За син ми.
Одисеј, најде подобра
употреба на бродовите.
Прости ми, не требаше да те
удрам. Беше лојален пријател цел
твој живот. -Се надевам дека
нема да те разочарам повторно.
Земи ги луѓето и носи ги дома.
-Не доаѓаш со нас? -Имам моја
војна да војувам. -Ќе маршираме
со тебе. -Не. Не сакам да бидете
дел од ова.
Ова е последниот
бакнеж што ти го давам.
Борењето за тебе ми беше
животна чест, господару.
Отворете ги портите!
Чума. Не се приближувајте многу
блиску, крале. -Ова е волја на
боговите. Го обесчестија храмот
на Аполон, а тој нивното месо.
Мислеа дека можат да дојдат
овде и да го освојат нашиот град
за еден ден. Сега погледни ги.
-Што е ова? -Подарок. Грците се
молат за безбедно враќање
дома. -Ова е подарок. Треба да го
однесеме во храмот на Посејдон.
-Јас мислам дека треба да го
запалиме. -Принцу, тоа
е подарок за боговите.
Татко, запали го.
Погледни ги. Мислат дека нивниот
принц никогаш не умрел. -Ти
си принц сега. Направи го брат ти горд.
Персеја, каде е? -Не знам. Те молам,
имам син. -Изнеси го од Троја.
Елена, мора да одиме.-Каде?
-Ќе ти покажам.Побрзај.
Патот е долг, побрзо.
Јас останувам. -Не. -Татко ми
никогаш нема да го напушти градот.
Не можам да го оставам. -Градот
е мртов. Го изгореа до земја.
Како се викаш? -Елеас. -Дали
знаеш да ракуваш со меч? -Да.
Мечот на Троја. Се додека е во
рацете на Тројанец нашиот народ
има иднина. Штити го
и најди му нов дом.
Персеја не е во незината
соба.-Ќе ја најдам.
Ќе останам со тебе. -Оди. -Те
молам не ме напуштај. -Како ќе ме
сакаш ако избегам сега? -Те
молам. -Повторно ќе се сретнеме.
Или во овој свет или во следниот.
Ќе се сретнеме повторно.
Војници на Троја, да
ве водам е моја чест!
Грците не чекаат. Јас велам
да почекаат уште малку!
Премногу е доцна за
молитви, свештеничке.
За малку ќе ја загубев војнава
поради твојата романса.
Ќе ми бидеш слугинка. Ќе ги
чистиш моите подови, а навечер...
АКО СЕ КАЖУВААТ МОИТЕ
ПРИКАЗНИ, НЕКА КАЖАТ ДЕКА
ОДЕВ СО ЏИНОВИ.ЛУЃЕТО
СЕ ИЗДИГААТ И ПАЃААТ КАКО
ВЕТРОТ. НО ОВИЕ ИМИЊА
НИКОГАШ НЕМА ДА УМРАТ.
НЕКА КАЖАТ ДЕКА СУМ ЖИВЕЕЛ
ВО ВРЕМЕТО НА ХЕКТОР,
НЕКА КАЖАТ ДЕКА СУМ
ЖИВЕЕЛ ВО ВРЕМЕТО НА АХИЛ.