Tip:
Highlight text to annotate it
X
www.titlovi.com
М А Т Р И К С 3
РЕВОЛУЦИИ
Не фаќам ништо, господине.
Никаква трага, ни најмала.
Да се обидеме да стапиме во
контакт со нив? - Подобро не.
Што друго можеме да направиме?
- Можеме да се вратиме.
Не! Можеби се уште му требаме.
- Тоа е лов на духови.
Пребарајте го секое место, секоја
дупка, секоја пукнатина што ја знаеме.
Движете се што подалеку
и што е можно побрзо.
Тоа е опасно. - Тогаш, колку побрзо
ќе ги најдеме, толку подобро.
Подобро земи да јадеш нешто.
Благодарам.
Има ли промени?
Не.
Како е тој?
- Ќе биде добро.
Барем додека не се разбуди.
Како мислиш? - Капетанот сака
да му постави некои прашања.
Подобро за него да има
добри одговори на нив.
Ги гледаш ли гребнатиниве?
Мислам дека ги направил сам.
Зошто? - Можеби некакви болни
причини. Не знам.
Како што реков... Подобро за него
да има добар одговор.
Роман, пребарај ја Матрицата.
- Кого да барам? - Нео.
Како би можел да биде во Матрицата,
господине? Не е приклучен.
Те молам, направи го тоа.
Ова е она што ме загрижува.
- Што?
Примерокот што се појавува кога
некој е во кома.
Чудно е што тој примерок го
гледам постојано. - Каде?
Кога некој е приклучен.
Големо ништо.
Го нема. Не е таму.
Уште колку имаме? - Машините ќе
останат без енергија за 20 часа.
Исусе... - Во ред, одиме.
Кејн, оди горе кај холографот.
Маузер, сакам да ме известуваш
за состојбата во секој момент.
Погрижи се да трошиме што
помалку енергија. - Да, господине.
Еј!
Еј, еј, имаме повик!
Оператор.
Тој е. - Ги пренесувам зборовите на
Пророкот. Мора веднаш да дојдете.
Добро утро.
- Кој си ти?
Се викам Сати. Ти се викаш Нео.
Татко ми вели дека не би требало...
...да бидеш овде. Тој вели дека
си се изгубил. Дали е така?
Каде сум?
- Ова станица на метрото.
Дали ова е Матрицата?
- Таму сме создадени. Таму живееме.
Но, ти не можеш со нас.
Зошто не?
- Нема да те пуштат.
Кој нема да ме пушти?
- Машиновозачот. Јас не го сакам.
Но, татко ми вели дека мора да правиме
како што ни вели Машиновозачот...
или ќе не остави овде засекогаш.
Морфеус, Тринити...
Благодарам што дојдовте.
Ако нешто научив низ
сите мои години,
тоа е дека ништо не работи онака
како што сакаме. - Кој си ти?
Јас сум Пророкот.
Би сакала да има лесен начин
да се мине низ сето ова,
но, го нема. Сигурна сум дека
тогаш ова не би се случило.
Сигурна сум дека не би сакала
да ме запаметите ваква,
но тоа е судбина.
- Што се случило?
Направив избор и тоа ме чинеше
повеќе отколку што сакав.
Каков избор?
- Да му помогнам на Нео, да го водам...
Сега... Бидејќи повторно го
имам истиот избор
знаејќи добро што предизвикав...
Ми се чини дека тој избор
ми се допаѓа,
бидејќи еве ме повторно во него.
- Знаеш ли што му се случи на Нео?
Да, заробен е на местото помеѓу
овој свет и светот на машините.
Тоа место го контролира
програмата наречена Машиновозач.
Тој го користи за криумчарење
на програми во Матрицата и од неа.
Ако тој дознае каде е Нео, пред
вие да дојдете до него,
се плашам дека нашиот избор ќе
стане тежок. - Зошто?
Затоа што ќе морам да го
изневерам човекот за кој работам.
Мора да бидете внимателни
во секој момент.
Сераф знае како да го најдете
Машиновозачот. Тој ќе дојде со вас.
Ме штитеше со години. Се надевам
дека тоа ќе го направи и за вас.
Молам, следете ме.
Пророчиштето...
- Знам, Морфеус.
Гледам дека си исполнет со сомнеж
и замаглен со неизвесност.
После се што се случи, како
очекуваш да ти верувам?
Не очекувам. Го очекувам она
што отсекогаш сум го очекувала.
Сам да решаваш за се.
Да ми веруваш или не.
Се што можам е да ти кажам
дека другар ти е во неволја,
и дека му е потребна твојата помош.
Дека му треба помош од сите нас.
Дали си ти од Матрицата?
- Да. Не сум...
Мислам, бев.
- Зошто замина?
Морав. - И јас морав да заминам
од дома.
Сати, дојди ваму, срце. Остави
го кутриот човек на мир.
Да, тато.
Извинете, се уште е многу
љубопитна. - Јас ве познавам.
Да, од ресторанот кај Французинот.
Јас сум Рама Кандра.
Ова е мојата жена Камала
и мојата ќерка Сати.
Голема чест ни е
да ве запознаеме.
Вие сте програми? - О, да. Јас сум
системски менаџер на електраната
за рециклажа. Мојата жена е
интерактивна програма.
Таа е многу креативна.
- Што барате овде?
Местото не ви е овде. - Камала...
По ѓаволите, се извинувам.
Жена ми знае да биде многу
директна. - Во ред е.
Немам одговор. Не знам дури
ни каде е ова.
Ова место не е никаде. Тоа е
помеѓу вашиот и нашиот свет.
Кој е Машиновозачот?
- Тој работи за Французинот.
Се надевав дека тоа нема да го кажете.
- Французинот не заборава и не простува.
Го знаете?
- Го знам само она што морам.
Знам дека ако сакате да изнесете
нешто од нашиот свет
во вашиот свет каде што тоа не припаѓа,
мора да го прашате Французинот.
Тогаш, што работите вие овде?
- Рама, те молам...
Не сакам да бидам груб. Можеби
нема да види никого додека е жив.
Извинете. Не мора да ми одговорите.
- Не, не ми пречи.
Одговорот е едноставен.
Многу ја сакам мојата ќерка.
Мислам дека е најубава на светот.
Таму од каде што доаѓам тоа не е до-
волно. Секоја програма мора да има цел.
Ако не, ќе биде избришана. Бев кај
Французинот да ја спасам ќерка ми.
Вие не разбирате.
- Само, никогаш не сум слушнал...
Програмата да зборува за љубов?
- Тоа е човечко чувство.
Не, тоа е збор, но важна е врската
што се подразбира со него.
Гледам дека и вие
сте вљубени.
Можете ли да ми кажете што би
дале да ја одржите таа врска? - Се.
Заради тоа, вашата причина не се
разликува многу
од причината зошто
јас сум овде.
Тоа е тој.
Назад!
Подалеку од мене!
Не сакаме незгоди.
- Подалеку од мене!
Ни треба твојата помош.
- Не можам да ви помогнам.
Никој не може да ви помогне.
По ѓаволите...
Што прави Машиновозачот?
- Изгледа дека доцни.
Не му личи на Машиновозачот
да доцни.
Мислите ли дека тоа има некаква
врска со мене?
Не можам да кажам. Никој не ги
знае тие работи. Само Пророкот.
Знаете за Пророкот?
- Сите знаат за Пророкот.
Се консултирав со неа пред да
се видам со Французинот.
Вети дека ќе се грижи за Сати
кога ќе се простиме.
Кога ќе се простите? Нема да
останете со неа? - Невозможно е.
Аранжманот со Французинот
беше само за ќерката.
Камала и јас мораме да се
вратиме во нашиот свет. - Зошто?
Тоа е нашата карма.
- Верувате во карма? - Карма е збор.
Како љубовта. Начин да се каже:
“Што правам јас овде?“
Не жалам поради мојата карма.
Благодарен сум заради неа.
Благодарен сум заради мојата прекрасна
жена и мојата убава ќерка.
Тие се дарови и јас правам се
што морам за да им направам чест.
Тато, возот.
- Да, најди ја својата торба.
Може ли да ви го понесам тоа?
Во ред.
Побрзајте, доцнам.
Кој си ти?
- Тој е пријател. - Рама...
Те познавам.
Значи, тоа го сакаа...
Нема да се покаеш.
Ќе ти платам колку сакаш.
Ќе се качам на возот
вака или онака.
Не, не, не... Ќе останеш овде се
додека Французинот не каже поинаку.
А колку што го познавам,
ќе останеш овде многу долго.
Не сакам да те повредам.
- Ти не разбираш.
Јас го изградив местово.
Овде јас ги одредувам правилата.
Не сакам закани.
Нема да влезеш во
мојот воз.
Влегувај внатре,
или ќе останеш со него.
Треба да се вратиме кај Пророкот.
Таа знае што треба да се направи.
Не, ќе го сториме она
што мора.
Срање...
Веројатно ме зафркаваш...
По ѓаволите... Сфатив.
Мора да си подготвен да умреш.
Морам да разговарам со неа.
- Единствениот начин да поминеш
низ оваа врата е преку мојот
опасен мртов газ.
Нека биде така.
Подгответе го оружјето.
На дното на овој лифт има соба.
Ако имаме среќа, во неа
ќе има само еден човек.
А, ако немаме среќа?
- Ќе има многу луѓе.
Можам ли...
По ѓаволите...
Што е она таму?
Не можам да верувам во ова.
Блудниот син се врати
после долгото скитање.
Дали си овде заради
уцена, Сераф?
Кажи ми... Колку куршуми има
во тие пиштоли не знам,
но мислам дека има доволно.
- Ти и јас мора да разговараме.
Да, сигурен сум. Мора
многу да ти е важно тоа.
Ќе ти кажам што
ќе правам.
Спуштете ги пиштолите и ќе ви
ветам безбедно излегување од овде.
Потполно безбедно излегување?
- Да, да, секако.
Какво убаво изненадување. Кој би
ве очекувал толку брзо.
Што се однесува до тебе, мој мал
пријателу-предавник,
би можел да погодам каква
судбина те очекува.
Ме разочара, но
не неочекувано.
Се надевам дека беше доволно пристојна
да те научи на лекцијата
и да запомни дека нема
акција без последици.
И ако земеш нешто од мене,
ќе платиш цена.
Знаеш заради што сме овде?
Знам ли? Какво е тоа прашање?
Мојата работа е да знам.
Некои можеби мислат дека ова е
необична коинциденција, но не е.
Сепак, љубопитен сум како
точно се случи ова.
Знаете ли?
- Не. - Не?
Ни не мислев.
Но, секогаш е најдобро да се праша.
Сакаме да се договориме.
Секогаш право на работа.
А, Морфеус?
Во ред... Имам нешто штом вие
сакате да се договорите.
Мора да имате нешто што
јас го сакам. Да...
А случајно постои нешто што
јас го сакам.
Нешто што го сакам откако
прв пат дојдов овде.
Велат дека тоа не може да се земе.
Дека може само да се даде.
Што?
Очите на Пророкот.
Зарем не ви кажав дека не можете да
побегнете од природата на Универзумот?
Таа природа е она што најмногу
ми значи.
Гледам случајности и
гледам консеквенци.
Таму каде што другите ја гледаат
шансата, јас ја гледам цената.
Донесете ми ги очите на Пророкот,
а јас ќе ви го вратам спасителот.
Мене тоа ми личи како совршено
фер и разумна спогодба.
Да? Не?
Јас немам време за
вакви срања.
Сакаш да се договориш? Дај ми го Нео
или сите ќе умреме овде веднаш.
Интересна спогодба.
Навистина си подготвена да
умреш заради овој човек?
Верувај ми.
Ако мора, ќе не убие,
таа е вљубена!
Не верував дека ќе се послужиш
со ментално растројство.
Времето истекува!
Што одлучи?
Во ред. Заглавив овде,
морам некако да излезам.
Подготвени ли сте за нас? - Скоро
сме. Мора да направиме нешто.
Го најдовте ли Нео?
- Зарем не го гледате?
Не, господине. Исчитуваме нешто,
но не знаеме што е тоа.
Не можам да одам одовде!
Морам да ја видам?
Сега?
- Тоа ни е последната шанса.
Така е, така е... Мора да ги
вежбаш рацете. - Зошто?
За слатки треба љубов,
како и за се друго.
Нео! - Се надевав дека ќе
завршам пред да се вратиш.
Добро. Сати, време е
да пробаме.
Однеси ја чинијата и види дали
рерната е подготвена. - Во ред.
Мили ми е што излезе.
- И мене исто така.
Тогаш... Дали ме препознаваш?
- Делумно.
Да, тоа е тоа. Нешто ќе изгубиш,
а нешто ќе задржиш.
Се сомневам дека можам да го
препознаам своето лице во огледало,
но се уште ги сакам слатките.
Не, благодарам.
Знаеш ли како изгледаше кога
прв пат помина низ мојата врата?
Целиот свиткан и никаков,
а види го сега.
Не би трбало веќе да ме изненадуваш,
а се уште го правиш тоа.
И ти мене ми приреди
неколку изненадувања.
Се надевам дека помогнав.
- Ми помогна да дојдам ваму,
но, моето прашање е каде
води сето ова.
Што се случува? - Не знам.
- Не знаеш или не сакаш да кажеш?
Ти кажав порано. Никој не гледа
дека има избор што не го разбира.
И тоа баш никој.
- Кој избор? - Не е важно.
Ти имаш свое, јас мое.
- Дали тоа подразбира и какви работи
ќе ми кажеш, а какви не?
- Секако дека не.
Зошто не ми кажа за Архитектот?
Зошто не ми кажа за Зион,
кој постоел пред мене?
Зошто не ми ја кажа вистината?
Бидејќи не беше време да знаеш.
- Кој решава кое време е?
Ти знаеш кој.
Тогаш мислам дека е време
да знам уште неколку работи.
Јас исто така. - Како го раздвоив
духот од телото без вклучување?
Кажи ми како ги изговарам речениците
кои не сум ги ни смислил.
Кажи ми што се случува.
Нивната моќ се простира
надвор од овој свет.
Таа достига до овде, па се до
местото од кое потекна.
Каде? - До изворот. Го почувствува
кога ги допре стражарите.
Но, не беше подготвен за тоа.
Треба да си мртов.
Но, ни за останатото не беше подготвен.
- Архитектот ми кажа...
...дека ако не се вратам до изворот,
ќе биде уништен вечерва до полноќ.
Те молам... Ти не си во состојба да
ги согледаш своите избори,
но, тој човек не може да
види ниту еден единствен избор.
Зошто? - Тој не ги разбира. Не може.
Тој разбира само равенки.
Знае само да пресмета.
Тоа е неговата намена.
Да ги израмни равенките.
- Која е твојата намена?
Да не ги израмнам.
- Зошто? Што сакаш?
Сакам исто што и ти, Нео. Зависи
колку далеку си подготвен да одиш.
До крајот на војната. Ќе заврши ли?
- На еден или на друг начин.
Може ли Зион да се спаси?
Жал ми е, немам одговор на
тоа прашање, но...
Ако постои одговор, може да се
најде само на едно место.
Каде?
- Знаеш каде.
И ако не можеш да најдеш одговор,
се плашам дека нема да има утре
за никого од нас.
Што сакаш да кажеш?
Се што има почеток, има
и крај.
Гледам како доаѓа крајот.
Гледам како се шири мракот.
Ја гледам смртта.
А ти си единственото што
му стои на патот.
Наскоро? - Многу скоро тој ќе има
моќ да го уништи овој свет.
Но, јас верувам дека тој нема
да застане. Не може.
Верувам дека ќе застане дури
кога нема да остане баш ништо.
Што е тој?
- Тој е ти.
Твојата спротивност, твојот негатив.
Равенка која сака да се изедначи.
А ако не можам да го запрам?
На еден или друг начин, Нео,
војнава ќе заврши.
Ноќва иднината на двата света
ќе биде во твоите раце.
Или во неговите.
Како се чувствуваш?
Дали ти е добро?
Ми треба време.
Капетане Роланд?
- Што се случи, Меги?
Бејн, господине. Свесен е.
- Добро. Можеби има некои одговори.
Го сакам овој мирис.
Сигурно ќе ми
недостасува.
Пророкот?
- Знам.
Знам.
Сати, душо.
Земи неколку колачи, па оди
со Сераф. - Може ли да се вратам?
Би сакала да се вратам.
- И јас исто така.
Тогаш, се гледаме утре.
Се надевам, срце.
Се надевам.
Се плашам.
- Дојди.
Тој не следи.
Па, добро.
Помина многу време.
Да те лови тебе некој е како да
лови духови. - Веќе сум те победувал.
Да, но како што гледаш, сега
работите се малку поинакви.
А ти сигурно си последното скривалиште.
- Пророкот ми кажа за тебе.
Навистина? Што рече за мене?
- Дека си многу лош човек.
О, не сум толку многу лош
кога ќе ме запознаеш.
Моќен Пророку, конечно
се сретнуваме.
Претпоставувам дека
ме очекуваше. Така ли е?
Пророкот никогаш не е изненаден.
Како би можел да биде?
Таа знае се.
Ако е тоа вистина, зошто е овде
кога знаела дека ќе дојдам.
Зошто не заминала?
Можеби знаеше дека ќе го сторам
тоа, а можеби и не.
Можеби си ги испекла слатките и си ја
ставила таа чинија овде намерно,
што значи и дека седиш намерно овде.
- Што стори со Сати?
На слатките им треба љубов,
како и на сите.
Ти си копиле.
- Ти тоа го знаеш, мамо.
Стори го она што треба.
- Да, госпоѓо.
Би сакал да ви кажам, но не
се сеќавам на ништо.
Што е со раните на твоите раце?
Ги немаше порано тие рани.
Да, дефинитивно. Овде сте
во право, господине.
Изгледаат како
да се самонанесени.
Зошто би направил такво нешто
над самиот себе?
Освен, секако, ако тоа
не сум бил јас?
А ако не сум јас, тогаш кој е?
Дали овој човек е тестиран на ВДТ?
- Да, господине. Беше негативен.
Но, покажа многу невообичаени
активности.
Вкрстувања, знаци на недоамнешна
траума, како и траги на кортексот.
Ја сакам вистината, колку и да
чини. Натерајте го да се сети.
Господине, ја најдовме.
- Во ред е? - Да, господине.
Тоа јас го викам добра вест.
Има ли траги од надворешни
светла? - Не, господине. Се уште нема.
Што е со бродот?
- Уредот покажува дека е нападнат.
Спушти се на куполата.
- Да, господине.
Сакам потполна дијагностика на бродот,
брзо колку што е човековата моќ.
Внимателно, господине.
Тие суштества се подмолни.
Можеби е стапица.
Што беше тоа?
Тргни го тоа гомно, момче.
Нема да ти треба за нас.
Најоби?
- Морфеус.
Дали си добро? - Да. Не знаев
што се случило со вас.
Жал ми е.
- Во ред е.
И мене ми е мило што те гледам.
Го спаси ли Нео?
Да, како знаеше за тоа?
- Пророкот. - Ја виде?
Пред да не откријат стражарите.
Што ти кажа?
- Она што секогаш го кажува.
Точно тоа што сакав да
го слушнам.
За помалку од 12 часа машините
ќе ги пробијат ѕидовите.
Сите симулации кои ги направивме
покажуваат дека шансите
да преживееме ни се драматично
помали кога машините ќе влезат.
Наша примарна задача мора да
биде да ги уништиме
или онеспособиме копачите во
тунелот. Ако го направиме тоа
можеби ќе ги спречиме воопшто
и да му пријдат на гардот.
Единствено место каде можеме да
поставиме ефикасна одбрана
е влезот во храмот. Доволно е тесен,
како грло на шише
да овозможи да се сконцентрираме
на одбраната.
Разбравме дека си барал
дополнителни доброволци. - Точно.
Колкави сили имаш намера да испратиш
во примарната задача на пристаништето?
Моментно целиот АБУ корпус и половина
пешадија. - Половина пешадија?
Да беше до мене, канцелару, ќе го
испратев секој човек, жена и дете
со пушка да отиде на тоа пристаниште.
- Можеби најдобро е да не е до тебе.
Ќе покаже времето, канцелару.
- Командиру, уште едно прашање.
Дали имаше вести од Набукодоносор?
- Не, а во овој момент
нема причина да веруваме дека така
и ќе биде. - Веројатно,
но можеме да се надеваме. - Надежта
е шега за која немам време.
Што правиш? - Правам бомби.
- Го евакуираат нивото. Мора да одиме.
Не сакам со тебе. - Што? - Се пријавив
во доброволците за на пристаништето.
Знам како се чувствуваш,
но ова не го можеш.
Морам. - Зошто?
- Бидејќи го сакам.
А изгледа дека и тој ме сака мене.
Ако бидам таму, тој ќе ме слушне.
Знам дека ќе ме слушне.
Што ако загинеш?
Тоа е лудост, Зи.
Можеби е.
Но, прашај се ако единствена шанса
да го видиш Дозер е на пристаништето.
Што би правела?
Прави бомби.
Какво е тоа срање овде?
- Несреќен случај, господине.
Не видов... господине.
- Кој си ти?
Доброволец, господине. -Што прави таков
жолтоклунец како тебе во доброволците
во мојата единица?
- Сакам да се оддолжам, господине.
Мораме да го сочуваме пристаништето.
- Колку години имаш, клинец?
18.
- Тоа значи 16. Не ти верувам.
Во ред, 16. - Минималните години за
служба се 18. Со 16 си премлад.
На машините не им е грижа колку
сум стар. Сеедно, ќе ме убијат.
Зарем тоа не е проклета вистина?
- Дајте ми шанса, господине.
Нема да ве изневерам.
Ако ме изневериш, ќе видиш дека
јас и машините имаме нешто заедничко.
Во ред, полни ја деветката.
Повторно работи. - Сакаш ли да го по-
правиме линкот, да ги водиш операциите?
Тоа би било супер. И измиј го
ветробранското стакло кога си овде.
Линкот е заменет.
Ги имаш сите на врска.
Изгледа добро, само...
Нешто и пречи на Матрицата.
- Не, погледни малку подобро.
Што се случува внатре?
- Што и да е, не е добро.
Машините одат на крстосницата 2.
Ние одиме да емитуваме одовде.
Ако отидеме на 53, можеме
да ги изненадиме.
Напаѓаме први и одиме
колку што можеме подлабоко.
Се надеваме дека можеме да пробиеме
дупка, вие да можете да поминете.
Не е убаво, ама како што гледам,
тоа е единствениот пат назад.
Не е, има уште еден пат.
Нашата линија за поддршка.
Ако влеземе овде,
илјада метри пред 21.
Ако имаме среќа, ќе поминеме,
а тие никогаш нема да дознаат.
Да претпоставиме дека е така, но никој
не може да се провлече одовде.
Јас можам.
- Сереш.
Веќе сум го сторила тоа.
- Тоа беше одамна, Најоби.
Реков дека можам. - Па што? Ако
можеш, ќе бидеш единствената што може.
Нема шанси да те следиме.
Здраво.
Знам што е против нас.
Извинете што чекавте толку,
но сакав да бидам сигурен.
- Сигурен? Во што?
Знам што морам да сторам.
- Што?
Ова може да се каже едноставно
само на еден начин,
па, ќе го кажам. Морам да земам
еден од бродовите.
Што?
- Каде ќе одиш?
Во градот на машините.
Знам дека е тешко да се разбере.
- Не, не е. Ти си вистинска будала.
Сепак, морам да одам. - Нема да
успееш. Во сто години ниеден брод
не пришол ниту на 100 километри.
Никогаш нема да успееш.
Мора да се обидам.
- Дали тоа ти го кажа Пророкот?
Не. - Ако сакаш да се убиеш,
убиј се, но немој да уништиш
еден од нашите бродови.
- Мора да верувате. Морам да одам.
Сереш! Јас сум капетан на овој брод.
Јас ќе кажам каде ќе оди тој!
Верувај, бродот ќе стигне во пеколот
долго пред да те пуштам некаде.
Може да го земе мојот.
- Не може така.
Не помислувај да ми кажуваш
што не можам со мојот брод,
откако го одржа тој мал говор.
- Исусе, Најоби!
Тој ќе го земе мојот брод,
јас ќе управувам со овој.
Ние ќе стигнеме до Зион пред машините.
Тоа е план како и секој друг.
Трошење.
Проклето трошење.
Два брода, два правца.
Звучи како пророштво.
Зарем не, Морфеус?
Никогаш не веруваше во тоа.
- Се уште не верувам.
Зошто тогаш го правиш ова?
- Верувам во него.
Благодарам.
Што има внатре?
- Ќе ти помогне да се опуштиш.
Полесно ќе се сетиш.
- Што ако не сакам да се сетам?
Зошто тоа?
- Што ако сум засрал?
Што ако јас сум ги уништил сите тие
бродови и ако јас сум одговорен
за смртта на сите тие луѓе?
Ако сум го сторил тоа, не би било
многу безбедно за мене, нели?
Секако, не би било многу
безбедно ни за тебе.
Подготвена сум.
Морам да кажам нешто.
Нешто што мораш да го разбереш.
Знам каде треба да одам.
Но, подалеку оттаму...
Не знам.
Знам. Веруваш дека нема
да се вратиш.
Го знаев тоа од моментот кога рече
дека мораш да одиш.
Ти го гледам тоа на лицето.
Исто како што ти знаеше кога
погледна во мене, дека одам со тебе.
Се плашам, Трин.
- И јас.
Ми требаа 10 минути да ја
закопчам едната чизма.
Но, ти велам дека бев подготвена
пред 6 часа
да дадам се и што било,
само за тебе.
Знаеш ли што се сменило во
последните 6 часа? - Не.
Ништо.
Ја подготви ли муницијата?
- Да, господине.
Да тргнеме. Веќе доцниме.
- Тргнуваме за една минута.
Не ти велам збогум.
Ти велам среќно.
Благодарам.
Се надевам знаеш што правиш.
Јас исто така.
Ми беше чест, господине.
Не, мене ми беше чест.
Подготвени, господине.
- Беше крајно време.
Веќе доцниме капетане,
затоа да побрзаме.
Здраво, малечка.
Чувај ги добро.
Подготвен?
Моторот не пали. Мора да е
осигурувачот. Ќе проверам.
Морав да знам дека ќе ја испратат
оваа кучка на мене.
Никој не ми избегал толку
пати како тебе.
Секогаш кога мислев дека е последен
пат, кога мислев дека те имам,
ми бегаше низ прстите.
Не можам да кажам колку
ми е драго сега ова.
- Што зборуваш?
Мислам дека ќе уживам
да те убијам
исто колку што ќе уживам додека
го убивам него.
Нео, Бејн полудел!
- Ќе ми платиш за ова!
Уште 27 километри.
- Капетане, овде има проблем.
Што е тоа?
- Меги, господине. Мртва е.
Убиена. Тоа беше Бејн.
- Проклетство.
Знаев. Знаев дека има нешто
во неговиот проклет ум.
Проклетство, требаше да го
уништам.
Пребаравме се, капетане.
Не е овде.
Знам каде е.
- Белогус.
Мораме да се вратиме.
- Предоцна.
Знаете дека им треба помош.
- Премногу е опасно.
Зошто? - Бидејќи го контролира
другиот брод ако ги убил.
Во оваа точка се препуштени
самите на себе, како и ние.
Сосподине Андерсон,
гледам дека си предвидлив
во овој свет, како и во другиот.
- Што? - Полудел.
Како што си ти господин Андерсон,
и јас морав да се појавам.
Господине Андерсон, се ќе
биде јасно за момент.
Спушти ја пушката или ќе ја заколам.
- Немој. Пукај, пукај!
Да, пукај. Испржи не.
Запали не живи.
Ако не го направиш тоа, ќе не
убие и двајцата.
Гледај го. Сега не знае што да прави,
бидејќи е загрижен. - Направи така.
Оддалечи се од пушката и
сврти се.
Пушти ја.
Ова ми е некако познато, како
ти и јас да сме биле овде!
Се сеќаваш?
Јас се сеќавам.
Јас не мислам на ништо друго!
Кој си ти?
- Уште не ме препознаваш?
Но, признавам дека е гадно да
се биде во ова парче смрдливо месо.
Смрди. Му го чувствуваш секој здив.
Не можеш да побегнеш.
Одвратно. Жално е колку
кршливо е ова.
Ништо толку слабо не треба
да преживее.
Што сакаш?
- Го сакам она што и ти.
Да...
Така е, господине Андерсон.
Најдоброто месо во желатин.
Ја гледам твојата завидливост.
Не... - Да, господине Андерсон.
- Невозможно.
Нема каде што нема да отидам.
Нема каде не можам да те најдам.
Тоа е невозможно.
- Не е невозможно. Неизбежно е.
Збогум, господине Андерсон.
- Нема да биде вака.
О, не.
Би сакал да можеш да се
видиш, господине Андерсон.
Слеп како крт.
Ти си симбол на својата
рас, господине Андерсон.
Беспомошен.
Патетичен.
Чекаш да те спасат
од сиромаштијата.
Те гледам.
Не е готово, господине Андерсон.
Не е готово.
Тринити!
Нео! Нео!
О, не.
Како си?
- Добро.
Мислам дека ќе можеме
понатаму.
Приближно 22 минути до пробивот.
- Немаат доволно летала.
Мораат да напаѓаат во бранови.
Концентрирајте го нападот на копачите.
АП нека ја користат својата
положба. - Да, господине.
Во ред!
Тоа е тоа!
Сите ме познавате! Ќе ви го
кажам ова колку што можам попросто.
Ако ни дошло времето да умреме,
тогаш дошло.
Само барам, ако веќе мораме да им
ги дадеме на копилињава нашите животи
пред тоа да им направиме пекол!
Се плашиш?
- Срање... Да.
Ќе се договорам со тебе.
Ти полни, јас ќе пукам.
Погодено.
Исусе, погледни го ова.
- Тивко.
Колку има до отворот?
- 1,4 километри.
Се уште создаваме поле?
- Ни ги уништија помошните системи.
Имаме само рачни контроли.
- Ќе послужи.
Полека, бебенце...
- 700 метри.
Само да пријдеме доволно близу.
600 метри.
Таму.
Срање!
Доажаат!
- Со полна сила! Полн систем!
Сите на позициите!
- Оди! Оди!
Ќе направат овде најдобро што
можат. Оди со нив.
Морфеус, заземи го
неговот место!
Доаѓам, бебенце.
Продор!
Продреа!
Нанишани!
Пукај!
Срање.
Ајде, одиме.
Пукајте!
Наполни 9!
Оди, оди!
Мрдни!
Пукајте!
Само пукајте!
О, мој Боже!
Каде е, по ѓаволите, тоа засилување?
- Сакам таа машина да се собори.
Еве ти го ова.
Срање!
Направија нов продор.
- По ѓаволите!
Срање, има дебел задник.
Терајте ги подалеку од мене!
Капетане, го видовте ли ова?
- Остави го радиото, запри ги.
По ѓаволите!
Еве.
Придржи ме.
Имам чист погодок.
По ѓаволите.
Доаѓа нешто крупно.
- Како мислиш, нешто крупно?
Тоа е Хамер, господине.
- Што?
Се движи низ помошниот канал.
- Тоа е невозможно.
Холографијата потврдува,
господине.
Контактирај го.
Го сакам кодот за пристап.
Се обидуваме.
Нема одговор.
Тоа е трик. Тоа не е еден
од нашите. Не може да биде.
Тоа е механички канал. Никој не
може да пилотира по него.
Дај ми 30 степени, 80%.
- 30 степени, 80%.
Се застанува кога ќе достигнеме
50 степени. - 50 степени.
Ајде, направи така!
- Се обидувам.
Господине, холографска потврда.
Тоа е Хамер, господине.
Како е можно тоа?
Бродот е под напад и трпи
голема штета,
но со оваа брзина до портата 3
ќе стигне за 12 минути.
Господине, би ги повел таму
сите стражари со кои располагам.
Тоа не доаѓа предвид. Ако го направиме
тоа, ќе го изгубиме пристаништето.
Господине, веќе го изгубивме
пристаништето.
На портата.
Портата не реагира!
Ја изгубивме контролата!
Не можеме да ја отвориме!
Еве го излезот!
На мој знак, 90 степени, со
полна сила, од десната страна.
Полна сила...
90 степени.
Сега!
Издржи, бебенце.
По ѓаволите, оваа девојка
знае да вози.
Стигнавме.
Што е со портата?
Стражарите се во пристаништето.
- Тогаш, сме задоцниле.
Колку АПУ се оперативни?
- 13, господине.
Дај ми еден кој е најблиску
до портата 3.
Полнење!
Си се соочил со невозможното.
Оди!
Така е, одам долу.
Скриј се!
Се заглави!
Еве ги, дете.
Бегај одовде.
Успеав.
Капетану Ван Бојден?
О, не...
- Доаѓаат... Тие доаѓаат...
Хамер... - Што?
- Мора да ја отвориш таа порта.
Да го пуштиш Хамер внатре.
Капетане... Не сум обучен за
такво нешто. - Ни јас.
Што да правам?
Ова е најдобро.
Вака е најдобро.
Командиру, холографска потврда.
Капетан МекУни со осум членови
на екипажот е на портата 3.
Треба само да се притисне орозот.
Еден АПУ штотуку се приближи
на портата 3. - Колку време?
Две минути, најмногу.
- Капетане МекУни, слушате ли?
Радиото му е неисправно,
господине.
Уни, овде е Линк. Знам дека не можеш
да ме слушнеш, но ако можеш...
Хамер се разбуди.
Ќе биде овде за две минути.
Имаш две минути, капетане.
Отвори ја таа порта.
Линк...
Направи така, клинецу.
Да, јас верувам.
Да! Ајде, бебенце.
Не одиме многу далеку.
Внимавај, езеро!
Ти успеа.
Не, ние успеавме.
Ти си одличен пилот.
Некои работи на овој свет
никогаш не се менуваат.
Но, некои се менуваат.
За среќа, некои се менуваат.
Линк! Линк!
- Зи!
Знаев дека ќе дојдеш. Знаев.
- Ветив.
Ја носеше.
Никогаш не ја соблеков.
Значи, си му го дала својот број.
- Точно, канцелару.
Знаејќи што планира со него?
- Знае ли Пророкот за тоа?
Ми рече дека на Нео му треба мојата
помош. Кога ќе дојде време,
јас ќе одлучам дали ќе му
помогнам или не.
Каква надеж може да има еден брод
против целата нивна одбрана?
Никакава.
Тоа е потполно невозможно.
Не сакав да му го дадам мојот брод.
Тој потполно полудел.
Не, не е.
Секогаш го правел она што мислел
дека мора. Не знам дали тоа што
го прави е исправно. Не знам дали
ќе стигне до градот на машините.
И ако стигне, не знам што ќе направи
за да не спаси.
Но, знам дека додека има и
најмала сила во неговот тело,
тој нема да се откаже.
На тоа можете да сметате.
Температурата опаѓа.
Еве не.
Ја поминавме опасната зона.
- Од каде го знаеш ти тоа?
Чувствувам.
Таму.
Таму е кулата.
Три светла. Гледаш ли?
Рефлектори.
- Четири.
Што прават?
- Не знам.
Поручнику!
По ѓаволите.
- Што ќе правиме сега, командиру?
Сега е само прашање на време кога маши-
ните ќе ги пробијат ѕидовите на градот.
Давам совет канцеларите
да се придружат
на останатиот цивилен персонал во
храмот. - Колку време имаме?
Два часа.
Можеби помалку.
Моите луѓе го утврдуваат влезот
со доволно артилерија
и тоа ќе ни биде последната
одбрана.
Не можеме ништо повеќе да сториме.
- Командиру, мислите дека имаме
шанси да преживееме? - Канцелару,
јас не би го поставувал тоа прашање.
Би го прашал него. - Зошто?
- Бидејќи тој верува во чуда.
Таму. Четири рефлектори.
Тоа е тој.
Го гледаш?
- Да.
Сакаш да ме убедиш да ти
поверувам? - Не да те убедувам.
Ние мораме.
Зад грб ни се.
Ги има премногу.
Те фатив.
Ајде, ми треба помош овде.
- Не можеме да ги победиме.
Што можеме?
- Оди горе.
Послушај ме. Мораме.
Тоа е единствениот правец.
Тогаш одиме горе.
Прекрасно.
Оди трипати побавно.
Повторно, побавно.
Сега!
Трин?
Тринити?
Тринити?
Овде сум.
- Каде?
Овде.
Успеавме.
Уништи се.
Тоа е неверојатно, Трин.
На сите страни ги имаше оние
работи направени од светлина.
Требаше да го видиш она што
што јас го гледам.
Веќе ми покажа премногу.
Што се случи, Трини?
Што не е во ред?
Не можам со тебе, Нео.
Го добив своето.
- Што?
О, не. Не, не.
- Во ред е.
Време е.
Сторив се што можев.
Сега ти мора да го
направиш останатото.
Да го спасиш Зион.
Не можам. Не без тебе.
- Да, можеш.
Сакаш. Верувам во тоа.
Секогаш верував.
Ќе живееш...
Тринити...
Не може да умреш.
Не можеш.
Да, можам.
И ти веројатно ќе умреш еднаш,
но не овојпат.
Се сеќаваш ли...
Ова патување на кое одам
без тебе...
Би сакала да си со мене.
Тоа би ми била последната утеха.
Би сакала да имавме можност да
го кажам она што е навистина важно.
Да ти кажам колку
те сакам.
Колку сум благодарна за секој
момент поминат со тебе.
Но, кога дојде моментот кога
тоа го посакав, беше предоцна.
Веројатно вака е добро.
Ми ја исполни желбата.
Уште една можност да ти го кажам
она што требаше да ти го кажам.
Бакни ме.
За разделба...
Бакни ме.
Побрзај.
- Ајде! Ајде!
Нео, ако сакаш да правиш нешто,
подобро направи го тоа брзо.
Сакав да го кажам тоа
зошто дојдов.
Потоа прави што ќе посакаш.
Нема да се обидам да те спречам.
Зборувај.
Програмата се разви надвор од твоја
контрола. Наскоро ќе се рашири
низ овој град, токму како што
се рашири и низ Матрицата.
Ти не можеш да го запреш.
Но, јас можам.
Можам да го запрам.
Ако е вистина, тогаш сум погрешил
и треба веднаш да ме убиеш.
Што сакаш?
Мир.
Што сториле?
Што правиш?
Морфеус.
Ако промашиш...
Нема.
Нео.
- Се избори за нас.
Господине Андерсон, добредојдовте
назад. Ни недостигавте.
Погледни што направив со
ова место.
Ноќва врне дожд.
- Знам дека врне. Видов.
Затоа, остатокот од мене
ќе ужива во претставата.
Но, ти веќе знаеш дека јас сум
тој што ќе те уништи.
Чувствуваш ли, господине Андерсон?
Се затвора на тебе.
Јас го можам тоа. На крајот треба да ти
заблагодарам бидејќи твојот живот
ме научи за целта на мојот живот.
Цел на животот е да се заврши.
Зошто, господине Андерсон?
Зошто? Зошто?
Што правиш?
Зошто стануваш?
Зошто да се бориш?
Имаш ли причина да се бориш?
За своето преживување?
Можеш да ми кажеш што е тоа?
Знаеш ли воопшто? Дали тоа е слобода
или вистина? Можеби мир или љубов?
Илузии, господине Андерсон.
Лажење на умот.
Привремени конструкции на
кутриот човечки ум, кој очајнички
се обидува да го оправда постоењето
кое нема смисла, ниту цел.
Сето тоа е исто така вештачко
како и самата Матрица.
Иако само човековиот ум може да смисли
нешто такво бесмислено како љубовта.
Мора да го согледаш тоа, господине
Андерсон. Треба да го знаеш тоа.
Не можеш да победиш,
колку и да се бориш.
Зошто, господине Андерсон?
Зошто? Зошто си упорен?
Бидејќи така одлучив.
Ова е мојот свет!
Мојот свет!
Чекај, сум го видел ова.
Ова е тоа. Ова е крајот.
Да... Ти така лежиш таму...
Јас стојам овде.
Токму овде.
Треба да кажам нешто.
Јас велам...
Се што има почеток,
има и крај, Нео.
Што?
Што реков сега?
Не, не...
Тоа не е како што треба.
Бегај од мене!
- Од што се плашиш?
Тоа е точно! - Во право си. Ти секогаш
си во право.
Беше неизбежно.
Готово ли е?
О, не, не...
Немој да го почнуваш тоа.
Постигнат е мир.
Нема смисол.
Тој успеа.
Не спаси.
Не спаси!
Успеа! Готово е!
Успеа!
Што се случило?
- Успеа, господине. Нео успеа.
Што успеал? - Ја запре војната.
Машините си заминаа.
Војната е готова, господине.
Војната заврши.
Зион!
Зион!
Зион, готово е!
Војната заврши! Војната заврши!
Го замислував овој момент.
Толку долго.
Дали ова е реалност?
Нео, ти благодарам.
Мамо...
Добро, зарем ова не е
изненадување?
Играше опасна игра.
- Промената е таква.
Што мислиш, колку ќе трае
овој мир?
Толку колку што би можел.
Што е со останатите?
Со кои други?
- Со оние што сакаат надвор.
Очигледно ќе бидат ослободени.
- Даваш ветување?
Што мислиш, што сум јас?
Човек?
Пророку!
Едвај те најдов.
- Сега се е во ред.
Види, види.
- Погледни го тоа, прекрасно е.
Можеш ли да го направиш тоа?
- За Нео.
Тоа е убаво. Знам дека многу
би му се допаднало.
Можам ли да го видам повторно?
- Се сомневам дека сакаш.
Еден ден.
Дали отсекогаш знаеше?
- О, не. Не, не знаев.
Но, верував.
Верував.
Превод: АТКочани
HDDVD sync By: Ѓорѓи
Preuzeto sa www.titlovi.com