Tip:
Highlight text to annotate it
X
Втора меѓународна конференција за интегрирано образование „Интегрирано образование- тренд, тенденција и потреба“ Скопје, 14. и 15. Декември, 2013 г.
Сашо Стојковски Извршен директор на НДЦ Скопје
Стефани Марсал, Виш советник на ВКНМ
Почитуван Нансен дијалог центар Скопје, почитувани учесници на конференцијата,
Јас сум Стефани Марсaл, советник на Високиот комесар за национални
малцинства Астрид Торс, и ми е особено драго што ви се
обраќам на оваа конференција за интегрирано образование.
Ви се обраќам од Хаг, Холандија, каде што се наоѓа канцеларијата
на Високиот комесар за национални малцинства.
Пред две години, во истиот град, во Хаг, Нансен дијалог центар Скопје
ја доби наградата Макс ван дер Штул, тоа се случи на 24 октомври
2011 година и сигурна сум дека Ветон и Сашо се сеќаваат
на овој ден многу добро, тие беа избрани за оваа награда
од стана на комисијата назначена од високиот комесар и им беше
доделена Макс ван дер штул наградата за нивната исклучителна
работа за промоција на интегрираното образование и меѓуетничка соработка.
Ова беше добро заслужена награда за Нансен дијалог центар Скопје
којшто ја започна неговата работа во 2000 година под многу
тешки околности, и денес вашата работа се проширила во повеќе од
10 општини со различна политичка припадност и сте основале
многу важен Тренинг центар.
Со оваа работа сте докажале дека преку посветеност
и дијалог може да функционира интегрираното образование.
Остануваат многу предизвици, и ние го знаеме тоа, но е
мошне важно вашето добро искуство да не остане изолирано,
и поради таа причина е важно Стратегијата за интегрирано образование
којашто Владата во Скопје ја усвои пред 3 години да го добие
вашето внимание и финансиска поддршка за конечно да се имплементира.
Високиот комесар не може да биде со вас денес, но јас ќе
ви пренесам три пораки:
Првата, до Нансен дијалог центар Скопје- и до сите Нансен дијалог
центри во регионот. Верувам дека вие претставувате надеж за идните генерации,
вие покажавте дека учењето на јазикот на вашето општество
не може да се искористи за поделба и да се искористи како
изговор за поделба на децата, може да го сочувате вашиот
идентитет и да учите едни со други и едни од други, тоа во рамките
на Нансен дијалог центрите се докажува секој ден.
Втората порака којашто сакам да ја пренесам е до сите наставници
и директори на училиштата присутни во салата, ние не можеме
да разговараме за интегрираното образование без вас, и
целокупниот напор за интегрирано образование нема
да функционира доколку на пример обуката за наставници
не ја прифаќа мултиетничката реалност на општеството.
Ние исто така сме свесни дека е потребна поддршка којшто е
клучна - поддршката на локалните власти и би сакала да го
истакнам тоа поради присуството на претставници од општините во салата.
Мојата трета порака за крај е до сите учесници на конференцијата
присутни во оваа сака, и би рекла до сите поддржувачи и ентузијасти
за интегрирано образование присутно во салата, Ви посакувам
одлични два дена на конференцијата во текот на која ќе можете да
споделите искуства за интегрирано образование, Ви посакувам многу
успех при оваа дводневна конференција.
Ви благодарам!
Инге Ајдсваг Професор при Нансен Академијата во Лилехамер
Денес подготвив за вас, десет упатства, не десет заповеди туку
десет упатства за тоа што значи да се биде добар наставник.
Вие можете да се согласите или не, но тие се следните:
Првото е, вие треба да го познавате добро и да го сакате вашиот предмет,
работите кои ги подучувате, професионалната компетенција
е основата на квалитетното образование.
Ако наставникот не го познава или не го сака неговиот или нејзиниот предмет
не можеме да очекуваме учениците да бидат заинтересирани.
Тие се запознаваат со предметот преку мене, преку наставникот,
и доколку ученикот не се заинтересира за нешто, мошне
е тешко да научи нешто, сите ние го знаеме ова.
Второто упатство, вие треба да ги сакате вашите ученици.
Љубовта секако не е нешто што треба да се бара, таа мора
да потекнува од внатрешен извор. Зошто е толку важно?
Важно е бидејќи кога ги сакаме нашите ученици, ги гледаме
секогаш кога се при нивната најдобра состојба. Ја гледаме нивната сила,
а не нивните слабости, го гледаме нивните можности
а не нивните ограничувања.
Три, вие треба да го забележите секој ученик, обидете се
да им дадете можност да го покажат нивниот сјај, ова за мене
преставува основа на интегрираното образование.
Упатство број четири,
треба да бидете искрени и да го пронајдете вашиот сопствен “глас“.
Постојат многу добри начини да се биде добар наставник,
понекогаш ме прашуваат студентите: кажете ни какви треба да бидеме?
И јас секогаш им велам: обидете се да го пронајдете вашиот “глас“.
Обидете се да работите на ваш начин. Постојат илјада начини
да се биде добар наставник, оваа благородна уметност.
Јас мислам дека педагошката слобода е клучна за да се биде добар наставник.
Американскиот писател Џон Стајнбек, којшто ја доби Нобеловата награда
за литература во 1962 г. еднаш кажа:
„училиштето не е лесно, и во најголемиот дел не е многу забавно,
но доколку имате многу среќа, вие ќе најдете добар наставник.
Три добри наставници во текот на животот е најдобрата среќа.
Јас сум убеден дека добриот наставник е одличен уметник.
Подучувањето е можеби еден од најголемите уметности бидејќи
пренесувачот е човековиот ум и дух.“
Јас сум убеден дека во оваа публика денес се наоѓаат многу добри уметници.
Упатство број пет,
треба да имате високи очекувања кон вашите ученици и кон самите себе,
вие треба да очекувате нешто од вашите ученици,
не повеќе отколку можат да придонесат, но не и помалку.
Обидете се да го постигнете најдоброто. Сите ние
постигнуваме повеќе кога нешто се очекува од нас.
Недостатокот на очекувања многу често подразбира индиферентност,
негрижа. Тоа не е добра работа за наставник.
Упатство број шест:
вие треба да ја поттикнете љубопитноста и жедта за знаење.
Жедта за знаење е единствената жед којашто се зголемува
колку повеќе “пиете“. Ние секогаш треба да го пронајдеме
учениците каде се наоѓаат во животот, и да се обидеме да
им покажеме нешто што не го знаеле, нешто што им е потребно.
Ако успееме да поттикнеме голема љубопитност, голема желба
да се знае повеќе, во срцата и умовите на нашите ученици,
таа невидлива машина може да постигне чуда.
Често велам дека тројството на подучувањето, светото
тројство на подучувањето е мотивацијата, концентрацијата
и повторувањето. Мотивацијата, концентрацијата и повторувањето.
Доколку недостасува еден од овие столбови, учењето е загрозено.
Седум, вие треба често да воведувате нешто ново во училницата,
не ги правете истите работи коишто сте ги правеле и минатата година,
или пред минатата година, или пак и годината пред неа.
Иако е безбедно, и не се потребни многу подготовки, секоја добра
настава започнува со добра подготовка. Работите коишто
ги подучуваме, не знам како е за вас, но јас сметам дека
тие треба да се “нови“ на одреден начин. Потребно е да сум блиску
до работите коишто ги подучувам, во спротивно, постои еден слој
забележите и во очите на вашите ученици.
Осум, треба да се грижите за инклузивните и добри ритуали.
Ритуалите се многу важни за едно училиште, може да е
започнувањето на неделата, почетокот на денот, славењето
на родендените, фестивалите, денот на Обединетите Нации
на 24 октомври, завршувањето на некоја добра работа,
најдете ги сите можни настани за добри ритуали.
Зошто е тоа толку важно?
Важно е бидејќи им пружи на учениците и наставниот кадар
чувство на припадност како чувство на приврзаност и свест
за емпатија и одговорност.
Инклузивните ритуали, можат да ги оспособат учениците
да бидат добри и грижливи кон другите.
Број девет, треба да придонесете позитивно кон благосостојбата
на вашите колеги, во растот и развојот на наставничките тимови.
Секоја добра настава започнува од наставничката канцеларија.
Дали ние наставниците со однесуваме меѓусебно на истиот начин
на кој очекуваме и нашите ученици да се однесуваат,
со грижа, емпатија, со поддршка, со солидарност. Да ги поставиме
истите стандарди во канцеларијата на наставниците коишто ги
посакуваме за нашите ученици и во училниците.
Последното упатство број десет, вие како наставник треба
да учествувате во дискусиите околу општествената, културната
и политичката улога на училиштето во општеството.
Треба да имаме храброст да поставуваме важни прашања,
прашања како: дали секој од нашата населба е вклучен во нашето училиште?,
дали постојат важни предмети и теми коишто недостасуваат во програмата?,
дали подучуваме и дали училиштето е организирано на начин
којшто ги промовира човековите права и демократските вредности?,
бидејќи секогаш постои поврзаност меѓу тоа што подучуваме и како
подучуваме. Ако подучуваме демократија на авторитативен начин,
тогаш подучуваме “скриен“ курикулум. Тоа може да е лекција околу
демократијата но не за демократијата. Доколку учениците треба да учат
за демократија, тие треба да ја научат со демократски форми,
и самото училиште треба да претставува демократска институција.
Потребно е да се обидеме да воведеме ставови
во умовите на нашите ученици, како што еднаш формулираше
Џорџ Бернард Шав на овој начин:
ти го гледаш светот каков што е, и прашуваш- зошто?
Јас го гледам светот каков што може да биде, и прашувам- зошто да не?
Тоа е тој однос што треба да го воведеме кај нас и кај нашите ученици.
Крајната цел на образованието според мене е да се инспирираат
индивидуите да го откријат нивниот потенцијал на начините
кои им служат на општото добро.
Ова е исто така мојата порака до вас денес, едно дете,
еден наставник,еден молив, една книга- тоа навистина
може да го смени светот.
Сафет Незири Заменик министер за образование и наука на Р.М.
Мултиетничкиот карактер на една држава, на една заедница или
училиште претставува богатство коешто треба да го негуваме заедно,
да ги искористиме различните вредности и традиции, да учиме
едни од други, да ги подготвиме младите за заеднички
и конструктивен соживот.
Почитувани наставници, вие сте тие што преку вашата света
и мошне важна професија ја подигнувате свеста кај учениците
и служите како катализатори за надминување на предрасудите
и стереотипите, да создавате амбиент во вашите училници којшто
ќе ја одразува етничката разновидност на оваа земја.
Интегрираното образование е потреба за нашиот образовен систем,
следејќи ги позитивните практики од различните држави,
како што е Северна Ирска, каде што интегрираното образование се
имплементира повеќе од 30 години, и ние како Министерство
за образование и наука се обидуваме да ја поддржиме оваа тенденција
и да бидеме активен партнер во овој процес.
Во јуни 2012 година, Нансен дијалог центар Скопје
во соработка со Министерство за образование и наука го
одбележа свеченото отворање на првиот Тренинг центар
за интегрирано образование. Денес сум со вас и се чувствувам горд
што во рамките на овој центар обуките ги следат 90 наставници
од различни основни и средни училишта во Р. Македонија.
Ова е еден показател којшто не мотивира да продолжиме заедно
со оваа работа, и да обучиме што повеќе кадри за
имплементација на интегрираното образование.
Не случајно се со нас претставниците од Северна Ирска. Тие, пред
триесетина години се соочиле со проблеми од различен вид,
нивното искуство ви помага на сите вас, ни помага на сите нас,
кога велам на сите нас, мислам и на извршната власт,
за Владата на Р. Македонија, за Министерството за
образование и наука на Р. Македонија.
Добрите искуства е добро да се следат од страна на
сите наставници коишто се овде присутни. Овие проекти
не смеат да прекинат. Покрај тоа што имаме пријатели,
можеби ќе се појават и непријатели коишто се
спротивставуваат на овие проекти.
Ние ќе се потрудиме со сите расположливи механизми,
за доброто на нашите млади, за доброто на нашите ученици
од основното и средното образование да немаме прекин во нашата
работа, да продолжиме понатака бидејќи иднината на оваа држава,
пак ќе повторам е кога имаме здрава младина.
Стеинар Брин Основач на Нансен дијалог мрежата
Се случил драматичен пресврт од последниот пат кога јас доаѓав
на посета при работата во сферата на дијалогот во 1996 г. до 2013 г.
големата промена е во тоа што кога јас дојдов по 1996 г. чувствував
дека постои голема разлика, постои голем јаз меѓу нашите земји.
Тоа што го чувствував во моментот е дека не постојат многу работи
што можеме да ви ги пренесеме околу ова. Ние ги имаме
истите предизвици во нашата земја. Норвешка постана
мултиетничка и мултикултурна земја и ние не знаеме
како да се соочиме со тоа, на некој начин, вие овде во Македонија
имате повеќеи скуство и постојат работи коишто можеме да ги
научиме од вас, тоа ја прави врската мошне интересна
бидејќи имаме повеќе заеднички работи отколку сме свесни.
Слушнавме многу убави работи коишто ја нагласуваат потребата
за интегрирано образование, и јас ќе се обидам гледајќи го
насловот на конференцијата да ја образложам потребата за
интегрирано образование, не дека имаме друг избор, го кажав
како шега на некого вчера, што помага справувањето со
климатските промени ако ние не знаеме како да живееме заедно.
Тоа што е невообичаено е дека меѓународната заедница ја
повторува оваа грешка после војните во деведесеттите, велејќи
ако ја поттикнеме економијата ако им обезбедиме на луѓето работа,
не е толку важно помирувањето.
Можеби тоа е точно за индустријата на дрогата и коцкањето,
но не функционира за вообичаените луѓе.
Меѓународната заедница ја повторуваше грешката на Тито,
и ситуацијата денес не е добра.
Мојата пријателка Сузана доаѓа од Вуковар, таа ќе ви се обрати
денес после паузата за ручек, ситуацијата во Вуковар денес
е посложена отколку била пред 10-15 години, една од
причините е одбивањето на кирилицата.
Не е спротивставувањето кон Србите, туку спротивставувањето кон јазикот.
Јас возев кон јужниот дел на Хрватска околу Дубровник
пред неколку месеци и ги видов сите оние натписи до автопатот,
на мостовите “никогаш, никогаш на кирилица“.
Во Босна и Херцеговина ние гледаме една поделба на земјата
во три дела, целосно поделени, има еден систем наречен
“две училишта под еден покрив“ понекогаш Хрватите ја посетуваат првата смена,
Босанците ја посетуваат втората смена. Во Косово, исто така
имаме поделен систем, според мене постои соодветен
збор за ова според мене а тоа е апартхејд.
Не значи дека е присилен, иако ако се осврнам на мојата земја Норвешка
сведоци сме на сегрегација во пораст. Ако го посетите Осло денес,
ќе бидете шокирани бидејќи во Осло ќе наидете на училишта
коишто се само со Норвежани, и ќе пронајдете
училишта коишто се целосно со емигранти,
тоа значи дека и родителите не се среќаваат, ова е исто така начин
за сегрегација на луѓето. Ако ја анализираме Европа, не изгледа добро,
Белгија беше без влада повеќе од 500 дена и јас мислам
дека е поврзано со тоа што имаат поделен образовен систем.
Кога растев, постоеја две земји на кои гледав како многу толерантни,
многу либерални и посакував да одам таму, тие две земји
беа Данска и Холандија. Денес Данска е повеќе рестриктивна
земја отколку Норвешка, во Холандија развиваат црни и
бели училишта исто како и во длабокиот југ во САД, ова
се случува во Европа во 2013 г. И другата приказна е
приказната во која јас сфаќам дека мојата земја којашто се вика Норвешка,
но е само норвешка држава.
Не се согласуваме околу ова, но постојат 700 илјади жители коишто
не се етнички Норвежани. 600 илјади се регистрирани и стотици
илјади коишто се пријавиле.
Неколку стотици од овие жители се родени во
Норвешка- не етнички Норвежани.
Која е ситуацијата? и ова е проблемот со којшто се соочуваме,
кога разговараме за интегрирано општество.
Интегрирано општество е општеството каде што сите граѓани
имаат еднаков пристап до ресурсите и можностите во земјата.
Го спомнав Вуковар, околу 2000 деца Срби посетуваат
настава во српските училишта и добиваат српска диплома.
Родителите го претпочитаат тоа бидејќи ќе можат да имаат живот во Србија.
Во Хрватска и така немаат шанса,
бидејќи Хрватите веруваат дека тие имаат права во Хрватска
коишто другите фи немаат на истиот начин. Исто е и во Норвешка,
Норвежаните веруваат дека имаат права во Норвешка коишто
другите не можат да ги имаат на истиот начин. Тоа е исто како
да се рече “ние работиме многу за да ја извадиме нафтата
од Северното море, и сега сите доаѓаат да го земат шлагот од тортата“.
Што сторив јас за да ја извадам нафтата од Северното море?
Апсолутно ништо. Апсолутно ништо.
Ова е мојата замисла од моето детство, подобро е
луѓето да живеат во нивните земји, и најверојатно 25% од луѓето во Норвешка,
25% од луѓето во Данска, Австрија, Франција би изјавиле
дека би било подобро ако има само Французи во Франција, само
Австријци во Австрија, само Норвежани во Норвешка, за среќа постојат
другите 75% со поинакво мислење.
Ако интегрираните општества треба да функционираат,
треба да се соочиме со нова реалност каде што треба да
живееме заедно со луѓе што можеби и не ни се допаѓаат многу.
Тоа не значи дека сите ние ќе бидеме заедно на некаков Вудсток фестивал,
тоа значи дека секој граѓанин има еднаква можност до
ресурсите и можностите во општеството, независно од
нивното име.
Понекогаш е и застрашувачки да се помисли што претставува
едно интегрирано општество за сите нас, но јас не гледам
некоја друга опција.
Асимилација е интеграција под условите на доминантната култура,
во САД долго време се применуваше моделот “сад за растопување“.
Новите емигранти треба да се “стопат“ во американскиот начин на живот,
треба да поминат низ процесот на американизација за да
постанат добри Американци. Околу 1960 г. престанаа
да веруваат во моделот “сад за растопување“ и го променија
симболот со “сад за салата“ бидејќи луѓето не сакаа
да “се растопат“ во системот, туку сакаа да ги задржат
корените како во моделот кој ви го покажав.
Така да ние го имаме половичниот Американец, норвешкиот- Американец ,
африканскиот- Американец, латино- Американец, родениот- Американец.
Ова ми дава можност да ви го покажам мојот омилен дел,
погледнете ги моите раце, интеграцијата е следната,
да стоите одделно различни но со почит и еднаквост, преку дијалог
да се доближите еден до друг да станете по видливи еден за друг
но сепак да останете различни и тоа е сосема во ред.
Асимилацијата е да се постане сличен, коешто не е нешто
за кое се бориме и којшто не претставува најдобар
начин да се напредува.
Интеграцијата е решението, не асимилацијата.
Јас го кажав тоа што го мислам, искрено јас верувам дека
луѓето коишто живеат во Македонија учат три јазици
турски, македонски, албански, оваа земја би била по ефикасна,
оваа земја би била подобро место за живеење, и би имале можност
да решите многу проблеми кои ги имате денес на подобар начин,
и мошне е лесно да се научи, така да јас не гледам некој проблем,
да кажеме ако ограничиме во македонско албанските региони
на Македонија, тоа е доволно, сите треба да учат македонски и албански
во другите места можеби нешто друго, ние веруваме дека
интеграцијата е невозможна, мошне е тешко за малцинството
да постане дел и да се интегрира на начинот на којшто
јас го образложив но ние имаме убав пример а тоа е Обама,
луѓето би рекле дека е невозможно црнец да биде избран за
претседател во “белите“ САД. Потребни беа стотици години,
но тоа се случи.
Ништо не е невозможно, на невозможното му треба повеќе време.
Мојата порака денес беше, која е алтернативата ако ние не
го прифатиме интегрираното образование и да се обидеме да
изградиме една Европа во која ќе можеме да живееме заедно.
Која е алтернативата? Ви благодарам.
Љуљјета Горанци Бркиќ Нансен дијалог центар Сараево
Јас доаѓам од длабоко поделена земја каде што етничката
припадност е клучна за се и можам да кажам дека ова има влијание
на образованието и целата популација пати поради тоа,
Ние имаме неколку модели на поделено образование тоа е познатиот
модел “две училишта под еден покрив“ типичен за регионите каде
што живее босанското и хрватското население тоа
значи во централна Босна и Херцеговина,
тоа значи дека училиштето е целосно поделено, училишната управа
е целосно поделена, постои училишна управа за хрватските деца
и посебна за босанските деца. Тие ја користат истата училишна
зграда, истите простории но одат на училиште во различно време
и воедно имаат доволно долга пауза за да избегнат секаква
можност за комуникација и интеракција. Вториот модел присутен
во руралните средини едно централно училиште и подрачни
училишта и иста училишна управа
но децата Босанци одат во една училишна зграда а децата
Срби во друга, и имаме случај во кој наставникот предава
наутро кај српските деца а попладне истиот оди во
босанското училиште и тој или таа предава кај босанските
деца на босански јазик.
Како што можете да видите, ова е различна ситуација
кога ја споредуваме Босна и Херцеговина со Македонија, во
Босна и Херцеговина ние говоревме на еден јазик и го нарекувавме
со исто име, сега го говориме истиот јазик но го нарекуваме
со различни имиња и тоа претставува вистински проблем.
Нашите целни групи се училишните управи, наставниот кадар,
учениците и родителите и ќе се потрудам да ви ги преставам
нашите резултати коишто сме ги постигнале досега.
Директните резултати на НДЦ Сараево се: имаме пет Нансен форуми
за млади градители на мир, четири Нансен групи на обучени
наставници и шест Нансен училници. Кога ги спомнувам Нансен
училниците, ова е местото каде што учениците можат да работат
заедно, за нас е важно што тие се заедно без разлика кои се
нивните заеднички активности. На пример во Сребреница,
ние имаме 24 членови на Нансен форумот на млади градители
на мирот, и како што можете да видите тоа е уредничкиот тим
на независното училишно списание наречено „Аргентарија“,
потоа Нансен драмската секција, група на млади фотографи,
потоа постои соработка меѓу средното училиште во Сребреница
и средното училиште „Месна“ од Лилехамер. Можам да кажам
дека тоа се секции произлезени од Нансен
форумите на млади градители не мирот. Но понекогаш овие деца
од различна етничка припадност коишто порано одеа
во одделни кафулиња за пијалак, понекогаш само седат во
училницата и разговараат за секојдневниот живот од нивната
гледна точка, свират на гитара, читаат поезија напишана
од разни автори од цела бивша Југославија и од целиот свет.
Елвир Џулиман Нансен дијалог центар Мостар
Ова е типична приказна за едно несреќно поделено општество,
Столац е мал град со хрватско и босанско население,
тоа е град којшто претрпел ужасни работи во текот на војната.
Поделен е во смисла дека не постои некоја конкретна линија
но поделеност, поделеноста е изразена во сите сфери, во
продавниците, во кафулињата, на улиците, домовите а една од
најизразените линии на поделба е во училиштата,
училиштето е симбол на поделбата на начин што се присутни
две смени во едно училиште „две училишта под еден покрив“,
како што беше наречено на почетокот, сега е малку подобро,
овој феномен е познат како „две училишта под еден покрив“
и подразбира дека има босанско и хрватско училиште во
една зграда но постојат две управи, две наставни
програми, две смени.
Ова е едно истражување од 2009 г., целиот училиштен систем
е поделен имаме три образовни системи, ова е последица
од војната и сите пост- воени промени на уставот, оваа
ситуација е по изразена во поделените или
мултиетничките средини.
Преку интеграцијата на училиштата ние работиме за интеграција
на општеството што е една повисока и подолгорочна цел, целта
на проектот којашто е пореалистична е да се развие инклузивен
и интегриран образовен сектор во Столац, и секако целните
групи се исти како што ги спомна Љуљјета, тоа се наставниците,
учениците, родителите и локалните власти каде што наставниците
се можеби клучниот дел во оваа приказна иако повеќето од
овие активности се наменети за учениците, тие се крајните корисници.
Исто така и политичките фактори се присутни, најчесто тие
работат во спротивна насока, имаат влијание врз интеграцијата
но на спротивната страна, тоа се министерството или министерствата
за образование во БиХ, општините, и политичките партии,
сите тие имаат влијание врз процесот на интеграција.
Ние не го избегнуваме ова политичко ниво на интеграција
но работиме заедно со политичарите, министрите, итн.
Сузана Аготиќ Нансен дијалог центар Осиек
Кога зборувам за различните етнички групи мислам на Србите
и Хрватите, ние имаме многу спор процес на градење на
меѓусебните односи и еден од резултатите на ваквата ситуација
после војната е поделеното образование. Поделеното образование
започнува од предучилишната возраст кога родителите од различна
етничка припадност треба да изберат дали ќе ги запишат
нивните деца во српска градинка или хрватска градинка,
обично тоа е во еден објект како што беше и случајот во
Босна и Херцеговина, со два влеза, обично влезовите се во растојание
од еден метар но секој родител и секое дете знае која врата
да ја избере, бидејќи вратата ја симболизира етничката припадност.
Во една од градинките во која што работевме во Вуковар
имаше до пред неколку години жицана ограда којашто го делеше
игралиштето, на средина на игралиштето беше поставена жицана
ограда којашто физички го делеше децата од српска и хрватска
етничка припадност, децата се сретнуваа на средина на оградата,
тие што се познаваа меѓусебно и таму разговараа.
Сега оградата е отстранета но има саксии со цвеќиња за да
изгледа подобро но сепак е јасна линија на поделба.
Сакам на напомнам поради тоа што целиот образовен систем
е поделен на српски и хрватски образовен систем, другите
малцинства исто така имаат проблеми поради оваа ситуација,
бидејќи во конкретнава ситуација во Вуковар треба да изберат страна,
и правејќи го тоа треба да запостават еден дел од нивниот
идентитет за да одлучат дали ќе се придружат на хрватската или
српската страна. Постојат три главни модели на образование во
Хрватска за националните малцинства врз основа на
Уставниот закон, А моделот е образованието коешто се реализира
на јазикот и писмото на малцинството во Хрватска, Б моделот
е двојазичното образование каде што одреден дел од предметите
се учат на службениот јазик и писмо а одредени предмети се
учат на јазикот и писмото на националното малцинство
и Ц моделот е посетување на наставата на хрватски јазик и
писмо и дополнителни активности на мајчин јазик и писмо
во времетраење од 5 часа неделно.
Тоа што сакавме да го постигнеме со „Нова Школа“
покрај понудата на интегрирано образование исто така сакавме
да им ја понудиме на родителите таканаречената „трета опција“
сакавме да им понудиме можност на родителите да изберат
каков вид на образование посакуваат за нивните деца, дали е тоа
сегашниот образовен систем или „трета опција“ но таа опција
треба да постои за тие што сакаат интегрирано образование.
Во 2005 и 2006 година заедно со родителите и наставниците
развивме општа програма за училиштето во која ги вметнавме
сите вредности коишто беа важни за родителите а тоа се:
почит кон другите, прифаќање на различностите, инклузивност,
солидарност, еднакви можности за сите, не -насилство
и мирна коегзистенција.
И покрај општата програма, заедно со наставниците и родителите
развивме интеркултурна програма којашто е насловена
„Културно и духовно наследство на регионот“
со главата цел- учениците од различна етничка припадност да
научат повеќе еден за друг, за меѓусебните традиции,
култура, јазици, итн.