Tip:
Highlight text to annotate it
X
Петтиот Голем Човеколики Мајмун
[Карл Саган] Едно од најголемите откритија во ерата на истражување на вселената
е сликата на Земјата
ограничена и осамена, некако осетливо
поднесувајќи го целиот човечки род низ океаните на просторот и времето.
Ние живееме на планета која е околу 5 илјади милиони години стара,
а Сонцето околу кое што се врти не е многу постаро и
е дел од галаксијата која е отприлика 10 или 12 илјади милиони години стара,
која е една од можеби стотици, илјадници, милиони други галаксии...
Човечките суштества се наоѓаат на планетава нешто околу милион години
a за бескрајниот товар во тоа време, работите се менуваа мошне бавно.
Популацијата растеше многу бавно,
нашата технологија растеше и се подобруваше со бавни чекори,
а неодамна се здобивме со огромен пораст.
Тоа е тоа што го нарекуваме показател,
долго време е рамно и потоа...БУМ!!!
Тоа е пораст во популацијата,
пораст во технологијата,
пораст во загадувањето,
пораст во нашите моќи да ја нарушуваме околината,
да ја менуваме планетарната средина,
но ние сме истите човечки суштества како што бевме пред илјада години,
или пред сто илјади години,
не се сменило многу кај нас
така што е многу тешко да разбереме
дека постои нова ситуација
и дека треба да се прилагодиме на неа.
Од друга страна,
тоа е една работа во која што ние луѓето сме добри...
прилагодување, откривање...
Ние сме паметни.
Тоа е нашата основна предност меѓу сите други видови,
мислам, не сме побрзи, посилни, подобри копачи,
не летаме сами по себе.
Тоа што ние го правиме е откривање и градење заради нас самите.
Дамнешните создавачи на митови знаеа дека
ние сме подеднакво деца на Земјата и небото,
дека во нашиот мандат на Земјата, ние сме натрупан опасен багаж...
склоност кон агресија и ритуал,
потчинетост на лидерите, непријателство со аутсајдерите,
се што го става нашиот опстанок по знак прашалник.
Но, исто така, се здобивме со сочувство за другите,
љубов за нашите деца,
со желба да научиме од историјата и искуството
и огромна, растечка, емотивна интелегенција.
Чистите алатки за нашиот постојан опстанок и просперитет.
Нашата способност, инстантно да ги разбираме работите,
т.н. здрав разум
произлегува од одредено ниво на големина, брзина и времетраење
кои се погодни за човековото опстојување.
Ние знаеме за работите од десетинка од милиметар
до неколку километри,
од дел од секунда до животен век
и.т.н.
Така што кога се справуваме со прашања од квантната физика
каде партикулите изнесуваат десетинка минус тринаесетинка сантиметри
или во космологијата каде се работи за
десет милјарди светлосни години или повеќе,
многу е јасно дека нашата интуиција
не соодветствува со задачата.
Фундаменталните промени во општеството понекогаш се етикетирани како непрактични или спротивни на човекот
како да постои само една човечка природа,
но фундаменталните промени може да бидат изведени,
опкружени сме со нив
во последните два века на бедно ропство,
кое беше присутно илјадници години,
беше скоро целосно елиминирано
преку возбудлива револуција низ целиот свет.
Жените, кои се систематично третирани погрешно илјадници години
постепено ги добиваат политичката и економската моќ
кои традиционално им беа забранети.
И некои војни на агресија неодамна беа стопирани
или намалени, поради згрозеноста
на народот во агресорните нации.
Ако пет или шестгодишник праша зошто месечината е тркалезна или зошто тревата е зелена
вообичаениот одговор на возрасниот, барем во моето искуство,
е да го обесхрабри детето.
Велејќи: "Каква очекуваше да биде, загулен?"
или "Каква боја очекуваше да биде тревата, плавко?"
наместо да кажат дека тоа се интересни прашања, ајде да пробаме да го најдеме одговорот
или можеби никој не го знае одговорот
и кога ќе пораснеш ке бидеш способен да го откриеш одговорот.
Би било поздраво за човечкиот вид кога би имало
помалку обесхрабрување и повеќе научници.
Не е дека псевдо - науката и суеверието
и новите т.н. верувања и фундаменталистичкиот фанатизам се нешто ново,
тие постојат толку долго колку што ние постоиме
но ние живееме во време базирано на наука и технологија
со застрашувачки технолошки моќи.
Науката и технологијата не придвижуваат кон забрзувачки норми
Така е!!! И ако не го разбереме тоа
а со тоа ние мислам на општата јавност
Ако е нешто како "Леле, не сум добар во тоа, не знам ништо околу тоа"
тогаш кој е тој што одлучува за науката и технологијата
кои ја одредуваат иднината во којашто нашите деца ќе живеат?
Некои членови на конгресот?
Но, тука нема ништо повеќе од неколку членови со некаква позадина во науката воопшто
така што овој запаллив микс на игнорантност и сила
порано или покасно ќе ни експлодира во фаца.
Мислам, кој ги води науката и технологијата во демократија
ако луѓето не знаат ништо за тоа?
Науката е повеќе од тело на знаење, тоа е начин на размислување,
начин на скептично испрашување на Универзумот
со благо разбирање за човековата грешност.
Ако не сме способни да поставуваме скептични прашања,
да ги испрашуваме тие кои што ќе ни кажат нешто што е вистина,
да бидеме скептични во врска со тие кои имаат авторитет,
тогаш ние сме примамливи за следниот измамник,
политички или религиски кој доаѓа заедно каскајќи.
Тоа е нешто на кое Џеферсон постави голем стрес,
не беше кажано доволно дека за да се негуваат некои права
во Уставот, или во Сметката на правата
народот треба да биде едуциран
и тие треба да го практикуваат скептицизмот во нивното образование
инаку ние не ја водиме владата туку
владата не води нас.
Глобалниот баланс на теророт
предводен од САД и Советскиот Сојуз
ги држи во заложништво сите граѓани на Земјата.
Секоја од страните ги испитува границите на толеранција на другите,
како што Кубанската криза со проектили,
тестирањето на анти-сателитските оружја во
Виетнамската и Авганистанската војна,
непријателските воени зданија се заклучени во
некаква морничава заедничка прегратка.
На секој му треба другиот,
но балансот на теророт е деликатен баланс
со многу мала можност за погрешна пресметка.
И светот се осиромашува сам себе со трошење на трилиони долари годишно
за подготовка за војна
и со ангажирање на можеби половината научници и високо признати технолози од планетава
во воени напори.
Ние дозволивме сите видови на социјални програми да венеат
како што дозволивме сиромаштијата кај децата да расте,
така што пред крајот на овој век повеќе од половина од децата може да се симнат под границата на сиромаштијата.
Каква иднина градиме за земјата ако сите овие деца ги раснеме
со недостатоци, како неспособни да се справат со општеството,
со огорченост кон неправдата која им е сервирана...
Ова е глупаво.
И што се случи со ресурсите? Беа употребени за подобрување на буџетот за оружја....
Мислите дека не отидоа таму парите?
Тоа..и правејќи ги богатите луѓе побогати.
Парите целосно се реинвестираат,
ако имате пари ги ставате во банка,
банката ги позајмува на луѓето
за да си купат домови и автомобили.
Но, не сиромашните, но не сиромашните.
па..тоа е добро..
Има тенденција да остане горе на високо стратифицирана, многу...
се повеќе луѓе вработени со капитална формација...
Верувам дека владата има одговорност
да се грижи за народот.
Не зборувам за подарок,
зборувам за народот кој треба да може да се потпре сам на себе,
за народ кој е способен да се грижи сам за себе.
Постојат земји кои се перфектно способни да го направат тоа,
САД е екстремно богата земја,
така што е перфектно способна да го направи тоа.
Таа избира да не го направи тоа.
Избира да има бездомници.
Оваа земја има неизмерно богатство,
само погледнете нешто како што се Star Wars [The Laser anti-missile defence system],
веќе потрошија 20 милјарди на тоа.
Ако на овие момци им е дозволено да продолжат, тие ќе потрошат трилиони долари на Star Wars...
Размислете за што се можат да бидат искористени тие пари.
За образование, за помош,
за да се доведае народот до состојба на самодоверба.
Ние ги користиме парите за погрешни цели.
Значи, тоа е уште една градација во тоа колку се сериозни
денешните влогови, колку се високи влоговите
кои ги ставаат гасовите од стакленикот во атмосферските
ветувања, ако може така да се каже...
глобална катастрофа.
Во специјалната област во кој што сум инволвиран,
истражување на планетите,
отворивме универзум на чуда,
ние погледнавме од блиску дузина нови светови,
светови кои што не сме ги виделе порано.
Кога ги проучуваш овие други светови, учиш за овој свет.
Тоа е многу важен факт.
Со споредување на нашиот свет со другите може да се видат многу работи кои може да тргнат на лошо.
На пример, Венера го има безграничниот ефект на стаклена градина,
површината
Секој што вели дека ефектот на стаклена грдаина е само фантазија...
само треба да ја погледне многу важната
објективна лекција за Венера.
Гасовите како јаглерод диоксид или хлоро флуоро јаглерод,
други гасови од стаклената градина во атмосферата
преку земјава...
Тие не остануваат над таа земја,
тие молекули немаат пасоши,
тие не знаат за национален суверенитет,
тоа е нешто за кое тие никогаш немаат слушнато.
Атмосферската циркулација ги шири тие гасови низ целата планета
што значи, се што прави една земја има влијание врз сите други.
Тоа се сериозни работи.
Намалувањето на озонскатра обвивка дозволува повеќе ултра виолетови зраци од сонцето да навлезат до
површината на Земјата.
Рак на кожата е сериозна последица
но постојат и посериозни аспекти како ...
тоа дека ултра виолетовите зраци ги напаѓаат едно-ќелијни растенија кои се основа на синџирот на исхрана..
Тоа се момците кои ги јадат следните момци
и следните момци ги јадат следните момци и следните момци, следните момци
и патот до врвот на еколошката пирамида, таму сме ние.
Ние на крајот ги јадеме едно-ќелијните растенија кои биле испитувани преку многу средни
растенија и животни
и јасно е дека многу тенка атмосфера, е толку чувствителна на пустошење од страна на човечките суштества,
што кога го гледате тоа, кажувате "па тоа е само еден мал свет".
Ние немаме каде на друго место да одиме.
Ниту една друга планета во соларниот систем не е погодна за човечките суштества,
или овој свет или ниту еден друг.
Тоа е многу моќна перцепција
и значи повторно
се среќаваме со глобалната околина
на многу сериозен, на многу глупав начин
и само треба да ја водиме нашата технологија напред.
Не е доволно да кажете дека корпорациите можат
да прават што сакаат се додека имаат профит,
но не ако ги ставаат на ризик луѓето низ целиот свет.
Тие не можат.
Мора да постои нов начин на пристап кон ова
и не можеме да кажеме дека една нација може да прави што сака во рамките на нејзините граници
бидејќи, како што кажавме претходно, што и да се прави во рамките на една земја
има последици на целата планета.
Решението на овие видови проблеми мора да биде тоа сите на планетата да работат заедно,
па така мислам дека постои
шанса да излеземе од овој хаос,
но не преку бизнис како и обично,
не преку идејата дека не треба да планираме однапред,
не преку идејата дека секој може да прави што сака
и дека не влијае на околината...
Значи, мора да постои нов начин на гледање на иднината
а тоа е дека сите ние сме луѓе и дека сите сме ист вид
на една кршлива мала планета.
Сите сме во ова заедно
и мораме да работиме заедно.
Тоа е вид на надеж во овие кризи,
тие не форсираат нас да станеме планетарни видови.
Не е одредено кои аспекти на нашата природа ќе преовладуваат
особено кога нашите визии и изгледи се врзани
за еден мал дел од малата планета Земја.
Но, горе во вселената чека неизбежна перспектива,
националните ограничувања не се видливи кога ја гледаме Земјата од вселената,
фанатичките, етничките, религиските или националните идентификации
се малку тешки за поддржување кога ја гледаме нашата планета како
кршлива плава месечева сенка која станува незабележлива точка на светлина
наспроти бастионот и тврдината на ѕвездите.
Старите повикувања на расен, полов, религиски шовинизам
и на фанатички, националистички занес почнуваат да не функционираат.
Се развива нова свест која ја гледа Земјата како единствен организам
и која препознава дека организам кој е во војна со самиот себе е осуден на пропаст.
Ние сме една планета.
Како би го објасниле сето ова на објективен вонземски набљудувач?
Каква сметка ќе поднесеме ние за нашето раководство на планетата Земја?
Ги слушнавме принципите понудени од супер - силите,
знаеме кој зборува за нациите,
но кој зборува за човечкио род?
Кој зборува за Земјата?
Од вонземска перспектива, јасно е дека нашата глобална цивилизација се наоѓа на работ на неуспех
и најважната работа со која се соочува
е зачувување на животите и благосостојбата на нејзините жители
и идна погодност за живеење на планетата.
Моментално се соочуваме со критична точка во историјата.
Она што го правиме во светот сега ќе се одрази низ вековите
и силно ќе влијае на судбината на нашите потомци.
Во наша моќ е да ја уништиме нашата цивилизација како и нашите видови
ако се предаваме на празноверие или алчност или глупост
можеме да го втурнеме нашиот свет во темнина,
подлабока од времето помеѓу колапсот на класичната цивилизација и италијанската ренесанса,
но исто така сме способни за користење на сочувство
и на нашата интелигенција, нашата технологија и нашето здравје
за да направиме живот за секој жител на оваа планета кој има изобилие и смисол
за значајно да го издигнеме нашето разбирање на Универзумот,
и да се однесеме до ѕвездите.
[КРАЈ]
Subtitles by the Amara.org community