Tip:
Highlight text to annotate it
X
Во општество што се распаѓа и уметноста,
доколку е веродостојна, мора да одразува распаѓање.
И освен ако не сака да ја изневери својата општествена функција
Уметноста мора да го прикаже светот како менлив
и да помогне во неговото менување.
- Ернест Фишер
...Безредија со смртни последици заради планот на Владата
да избегне банкрот како последица на нејзините заеми...
...е тоа дека невработеноста продолжува да расте
и мора да продолжи да расте
само затоа што имаме вишок на понуда на добра...
сето ова се позајмени пари кои нашите деца ќе мораат да го отплатат...
...а долгот е во сопственост на банки од други земји...
...П-А-Р-И во форма на поволен личен заем...
...филтер цигара што ви го нуди посакуваниот вкус...
45 години старо виски...Топло ви е?!...
...САД планира да го бомбардира Иран..
...Америка спонзорира терористички напади врз Иран?
Вака, баба ми беше прекрасна личност,
ме научи како се игра Монопол.
Таа сфатила дека името на играта значи да присвојуваш.
Ќе насобереше се што можеше
и на крај стануваше мајстор на играта.
Потоа, секогаш ми кажуваше една иста работа.
Ќе ме погледнеше и ќе ми кажеше:
„еден ден и ти ќе научиш како се игра.“
Едно лето играв Монопол речиси секој ден, по цел ден,
токму тоа лето научив како се игра оваа игра.
Сфатив дека единствениот начин да победиш
е да се посветиш целосно на присвојување.
Почнав да сфаќам дека парите и стекнатите добра...
тоа е она што ти го одржува резултатот.
До крајот на тоа лето
бев уште понемилосрден од баба ми.
Бев спремен да ги прекршам правилата само за да победам...
и таа есен седнав со неа да играме.
И земав се што имаше. Ја гледав
како го дава и последниот долар и се откажува крајно поразена.
И тогаш, таа реши да ме поучи уште една работа.
Тогаш таа рече:
„Сега сето тоа оди назад во кутијата.
Сите тие куќи и хотели.
Сите патишта и јавни претпријатија...
Целиот имот и сите тие прекрасни пари...
сега сето тоа оди назад во кутијата.
Ништо од тоа не беше навистина твое.
Ти ептен се загреа по тоа за момент.
Но, беше тука долго време пред ти да седнеш на масата
и ќе биде овде и кога тебе ќе те нема - играчите доаѓаат и заминуваат.
Куќите и колите...
Титулите и облеката....
Дури и твоето тело.’’
Бидејќи факт е дека се` што јас ќе зграбам, освојам и сочувам
ќе оди назад во кутијата и јас ќе го изгубам сето тоа.
Затоа мора да се запрашаш себеси
кога конечно ќе го добиеш највисокото унапредување
кога ќе ја направиш најдобрата набавка
кога ќе го купиш најубавиот дом
кога ќе обезбедиш финансиска сигурност
и ќе ја искачиш највисоката скала на успехот до
највисокиот ранг на кој можеш да се искачиш...
И возбудата ќе исчезне,
а ќе исчезне...
Што тогаш?
Колку далеку треба да одиш по патот
за да видиш каде води.
Сигурно разбираш
дека никогаш нема да биде доволно.
Затоа мора да се запрашаш себеси
Што е тоа што ти значи?
Тие се “жешки“!
Богати!
И разгалени!
Шоуто бр.1 во Америка се враќа!
Gentle Machine Productions ви претставува
филм на Питер Џозеф
Кога бев млад
растејќи во Њујорк
одбив да се заколнам на верност на знамето.
Секако бев пратен во канцеларијата на директорот.
И тој ме праша, “зошто не сакаш да дадеш Заклетва на верност?
Сите го прават тоа!“
Јас реков, “Сите некогаш верувале дека земјата е рамна
но тоа не ја прави рамна.“
Објаснав дека се што Америка има, им го должи
на другите култури
и другите нации
и дека порадо би се заколнал на верност
кон планетата Земја
и кон сите на неа.
Не треба да се каже дека не помина премногу време
пред целосно да го напуштам училиштето
и да поставам лабораторија во мојата спална соба.
Таму почнав да учам за науката
и природата.
Тогаш сфатив
дека универзумот е управуван од закони
и дека човечките суштества
заедно со општеството
потпаѓаат под тие закони.
Тогаш дојде падот во 1929,
и започна тоа што ние денес го нарекуваме
„Големата депресија”.
Ми беше тешко да разберам зошто милиони
беа отпуштени од работа, бездомни, прегладнети
додека сите фабрики и понатаму беа тука.
Ресурсите беа непроменети.
Тогаш беше моментот кога сфатив
дека правилата на економската игра
се погрешни по природа.
Наскоро после тоа дојде Втората Светска Војна
каде разни нации се свртија една против друга
систематски уништувајќи се едни со други.
Јас подоцна пресметав дека сето уништување
и фрлени ресурси
потрошени на таа војна
можеа лесно да обезбедат доволно за секоја
човекова потреба на планетата.
Оттогаш го гледам човештвото
како ги поставува темелите за сопственото исчезнување
Гледав како драгоцените ограничени ресурси
постојано се трошат и уништуваат
во името на профитот и слободниот пазар.
Гледав како социјалните вредности во општеството се сведуваат
на ниска извештаченост на материјализам
и безумна потрошувачка.
И гледав како монетарната моќ
ја контролира политичката структура
во наводно слободните општества.
Сега имам 94 години.
И, за жал, моето мислење
е исто какво што беше
уште од пред 75 години.
Ова срање мора да си оди.
[ZEITGEIST]
[ZEITGEIST: ЧЕКОР НАПРЕД]
[Не сомневајте се дека мала група на промислени,
посветени граѓани може да го смени светот.
Всушност, тоа е и единственото нешто што некогаш го менувало.
-Маргарет Мид]
[Прв дел : Човекова Природа]
Значи, ти си научник
и со текот на времето, набиено во твојот ум
е неминовното „вродено наспроти стекнато“
и тоа стои таму заедно со Кока Кола наспроти Пепси
или Грците наспроти Тројанците.
Значи вродено наспроти стекнато, овој, досега
наполно поедноставуван поглед
на потеклото на влијанијата.
Влијанија од тоа како една клетка се справува
со енергетска криза се до тоа
што не прави она што сме на најиндивидуалните
нивоа на личноста.
И тоа што го добивате е потполно погрешна дихотомија
изградена околу вроденото како детерминистичко
како основа причина за се.
Животот е ДНК и кодот на кодовите
и светиот Грал, и се` е придвижено од неа...
а на другиот крај имаме многу повеќе
социјална научна перспектива која вели
ние сме 'општествени организми',
а биологијата е за калапи од кал.
Луѓето се ослободени од биологија
и очигледно е дека и двата погледи се бесмислени.
Она што го гледате наместо тоа е
дека виртуелно е невозможно да се разбере
како биологијата функционира
надвор од контекстот на животната средина.
[Произлегува од гените]
Една од најлудите,
но сепак многу раширена и
потенцијално опасна концепција е:
„О, таквото однесување е генетско“.
Е сега, што навистина значи тоа?
Тоа значи секакви видови на суптилни работи ако
знаеме за модерната биологија, но за повеќето луѓе
во светот, тоа се сведува на:
детерминистички поглед на животот;
поглед вкоренет во биологијата и генетиката;
гените се нешто кое не може да биде променето;
гените се поистоветуваат со работи кои се
неизбежни, па затоа може да се решиме и да не
потрошиме никакви ресурси пробувајќи да ги поправиме;
нема потреба да вложиме социјален напор обидувајќи се
да се подобриме, бидејќи е неизбежно и неменливо...
и сето тоа е чиста глупост.
[Болести]
Широко е познато дека состојби како
ADHD (Attention Deficit Hyperactivity Disorder) се генетски програмирани
состојби како шизофренија се генетски програмирани.
Но, вистината е токму спротивното.
Ништо не е генетски програмирано.
Постојат многу малку болести,
само неколку,
екстремно ретко распоредени меѓу популацијата
кои се вистински генетски утврдени.
Повеќето комплексни состојби
може да имаат предиспозиција која содржи генетска компонента,
но предиспозиција не е исто што и предодреденост.
Целата потрага по изворот на заболувањата внатре во геномот
беше осудена на пропаст уште пред некој да помисли на неа
бидејќи повеќето заболувања не се генетски предодредени.
Срцево заболување, рак, мозочни удари,
реума, автоимуните состојби општо,
состојби на менталното здравје, зависности...
никоја од овие не е генетски одредена.
Ракот на дојка, на пример, од 100 жени со рак на дојка
само седум ќе ги носат гените за ракот.
Но, не и останатите 93.
И од 100 жени кои ги носат овие гени
нема сите да заболат од рак.
[Однесување]
Гените не се само нешта кои не тераат да се однесуваме
на одреден начин без оглед на нашата средина.
Гените ни даваат различни начини на реагирање на нашата средина.
И всушност, се чини дека некои од раните
влијанија во детството и начинот на одгледување на детето
влијаат врз изразувањето на гените,
односно исклучуваат и вклучуваат различни гени
и ве стават на различна патека на развој
која може да одговара на типот на свет со кој треба да се справите.
Така, на пример.
Истражување направено во Монтреал со жртви на самоубиство
изврши преглед на аутопсиите на мозоците на овие луѓе
и се покажа дека ако жртвите на самоубиство
(ова се најчесто млади луѓе)
биле злоупотребувани како деца, злоупотребата всушност
предизвикала генетска промена во мозокот
која била отсутна во мозоците на луѓето кои не биле злоупотребувани.
Тоа е епигенетско влијание
“епи“ значи над, така што
епигенетското влијание е она што се случува
во околината кое активира или деактивира одредени гени.
Во Нов Зеланд постои истражување
кое е направено во градот Дјунедин
во кое неколку илјади индивидуи
беа истражувани од денот на раѓање до нивните 20-ти.
Беше откриено дека може да се идентификува
генетска мутација, абнормален ген,
кој има некаква врска со
предиспозицијата да се изврши насилство,
но само ако покрај тоа личноста
била подложена на сурово злоставување како дете.
Со други зборови, дете со овие абнормални гени
не би било понасилно од било кој друг
и всушност, ваквите деца имаат пониска стапка на насилство
од луѓе со нормални гени
под услов да не биле злоставувани како деца.
Еве уште еден пример за начинот на кој
гените не се почеток и крај.
Постои фина техника со која можете да
земете одреден ген од извесен глушец
и тој глушец и неговите потомци нема да го имаат тој ген.
Вие сте го ’разбиле’ тој ген.
Значи еве еден ген кој кодира
протеин кој има врска со
учењето и меморијата и со оваа фабулозна демонстрација -
сте го ’разбиле’ тој ген и сега
имате глушец кој не учи баш најдобро.
„Еј! Генетска основа на интелегенцијата!“
Тоа што беше занемарено во оваа типична студија
која доби внимание од лево и десно ориентираните медиуми
е фактот дека ако ги земете тие генетски осакатени глувци
и ги одгледувате во многу поблагородна
стимулативна средина отколку другите лабораториски глувци во кафез
тие се способни комплетно да го надминат тој дефицит.
Така, кога некој во современа смисла ќе рече нешто како
“ох, ова однесување е генетско“
под претпоставка дека тоа е валидна фраза која можете да ја употребите,
тоа што го велите е:
Постои генетски придонес кон начинот на кој
еден организам реагира на средината;
гените можат да влијаат на
подготвеноста со која еден организам ќе се
соочи со одреден предизвик во средината.
Знаете, тоа не е верзијата која повеќето луѓе ја имаат на ум
и не сакам да проповедам,
но да се продолжи со старата верзија
„тоа е генетско“
не е така далеку од историјата на еугениката
и слични нешта.
Тоа е широко распространета заблуда
и е потенцијално мошне опасна.
Една причина поради која постои
биолошко објаснување за насилството...
една од причините поради која хипотезата е
потенцијално опасна, е не само погрешното информирање.
Таа навистина може да направи штета...
затоа што ако верувате во тоа
можете многу лесно да кажете:
"Па, не можеме ништо да сториме
за да се промени предиспозиција
која луѓето ја имаат за да станат насилни;
Се што можеме да направиме ако некој стане насилен е да го казниме - да го затвориме,
или да го погубиме,
но не треба да се грижиме за менување на
општествената средина или на општествените предуслови
кои можат да ги наведат луѓето да станат насилни, бидејќи
тоа е небитно".
Генетичкиот аргумент ни го дозволува луксузот да игнорираме
историски и општествени фактори од минатото и сегашноста,
и со зборовите на Луј Менанд,
кој напиша за New Yorker,
многу итро, тој рече:
"Сe е во гените: објаснување за тоа какви се работите
кое не претставува закана за тоа како се поставени работите.
Зошто некој треба да се чувствува несреќен
или да се впушта во антисоцијално однесување
кога таа личност живее во
најслободната и најпросперитетната нација на земјата?
Тоа не може да биде системот.
Мора да има грешка некаде во инсталацијата."
Што е добро објаснување што ни кажува дека
генетичкиот аргумент е едноставно само алиби
кое ни овозможува да ги игнорираме
социјалните и економските и политичките фактори
кои всушност лежат во основа на
многу проблематични однесувања.
[Истражување: Зависност]
Зависностите вообичаено се
сметаат како проблем поврзан со дрога,
но гледано поопширно,
јас ја дефинирам зависноста како било кое однесување
кое е поврзано со копнеж,
со привремено олеснување
и со долгорочни негативни последици
проследени со попречена контрола над истото, така што личноста
посакува да се откаже или ветува дека тоа ќе го стори,
но не успева да се држи до зборот.
И кога ќе го разберете тоа, ќе видите дека
постојат многу повеќе зависности
од оние поврзани со дрога.
Постои зависност од работа; зависност од шопинг;
од интернет, од видео игри...
Тука е зависноста од моќ. Луѓе кои имаат моќ но
сакаат повеќе и повеќе; ништо не е доволно за нив.
Присвојување - корпорации кои мораат да поседуваат повеќе и повеќе.
Зависноста од нафта,
или макар од богатството и од производите
кои ни се достапни заради нафтата.
Погледнете ги негативните последици врз животната средина.
Ја уништиваме самата земја на која
опстојуваме заради таа зависност.
Сега, овие зависности се далеку поразорни
како социјални последици отколку навиките
на земање кокаин или хероин на моите пациенти од Истсајд.
Без разлика на тоа, тие се наградувани и гледани со почит.
Извршен директор во тутунска индустрија што остварува повисок
профит ќе добие многу поголема награда.
Тој не се соочува со правни или поинакви негативни последици.
Всушност, тој е почитуван член на
бордот на директори во повеќе корпорации.
Но, болести поврзани со чад од цигари
убиваат 5.5 милиони луѓе годишно низ целиот свет.
Во САД убива 400.000 луѓе годишно.
И овие луѓе се зависни од што? Од профит.
До тој степен се зависни
што тие ги одрекуваат
негативните влијанија на нивното однесување
што е типично за зависниците - одрекување.
И тоа е за почит. За почит е
да се биде зависен од профит без разлика на цената.
Значи што е прифатливо и за почит
е многу произволна појава во нашето општество
и изгледа дека колку поголема е
штетата толку попочитувана е зависноста.
[Митот]
Постои општо уверување дека дрогите создаваат зависност.
Всушност, војната против дрогата е заснована
на уверувањето дека ако го уништите изворот
ќе се справите со зависноста.
Сега, ако ја разбереме зависноста во поширока смисла
гледаме дека ништо само по себе не создава зависност.
Ниедна супстанца или дрога сама по себе не создава зависност
и ниедно однесување само по себе не создава зависност.
Многу луѓе може да одат на шопинг без да станат зависни од тоа.
Не секој станува зависник од храна .
Не секој што ќе се напие чаша вино станува алкохоличар.
Значи вистинското прашање е што ги прави луѓето подложни,
затоа што комбинацијата од подложна личност
и потенцијално зависна супстанца или однесување
ја создава зависноста.
На кратко, не е дрогата таа што создава зависност
во прашање е подложноста на личноста
да биде зависна од одредена супстанца или однесување.
[Животна средина]
Ако сакаме да разбереме што
е тоа што ги прави некои луѓе подложни,
ние всушност треба да погледнеме во животното искуство.
Старата идеја... стара, но се` уште широко распространета,
е дека зависностите се појавуваат заради некоја генетска причина
која едноставно не е научно издржана.
Вистината е дека одредени животни искуства
ги прават луѓето подложни.
Животни искуства кои не само што ги оформуваат
личноста и психолошките потреби на индивидуите
туку и самите нивни мозоци на одреден начин.
А тој процес започнува во утробата.
[Преднатални услови]
На пример, покажано е дека
ако мајките за време на бременоста се под стрес,
поверојатно е нивните деца да имаат
поголема предиспонираност кон зависности
и тоа е така затоа што развојот е обликуван
од психолошката и социјалната средина.
Значи, биологијата на човекот е програмирана и под значително влијание на
животното искуство почнувајќи од утробата.
Средината не започнува со раѓањето.
Средината започнува во моментот кога се има средина,
уште во фазата на фетус, подложен си на каква било
информација која доаѓа преку циркулацијата на мајката
Хормони, ниво на хранливи материи...
Одличен пример за ова -
нешто наречено “Данската зима на глад“.
Во 1944, Нацистите ја окупираат Холандија
и поради повеќе причини одлучиле да
ја земат сета храна и да ја пратат во Германија;
во период од три месеци сите таму гладувале
десетици илјади луѓе изгладнеле до смрт.
Ефектот на Данската зима на гладот е:
ако си бил фетус во второ или трето тромесечие за време на гладот
твоето тело „научило“ нешто многу уникатно во тој период.
Излегува дека, второто и третото тромесечие е кога
твоето тело се обидува да ја осознае средината:
Колку заканувачко место е надворешниот свет?
Какво е изобилството? Колку хранливи материи се добиваат
преку циркулацијата на мајката?
Ако си бил фетус кој гладувал во тој период, тогаш твоето тело
се програмира засекогаш да биде
многу, многу претпазливо и штедливо со шеќери и масти,
што значи дека ќе го складира секое делче од нив.
Ако си бил фетус за време на Данската зима на глад,
половина век подоцна, се останато е исто,
имаш поголеми шанси да имаш висок крвен притисок,
дебелина или пореметување поврзано со метаболизмот.
Ова е пример како средината влијае на многу непредвидлив начин.
Може да изложите лабораториски животни на стрес
и нивните потомци ќе бидат повеќе
склони кон употреба на кокаин и алкохол кога ќе пораснат.
Можете да ги изложите на стрес мајките, на пример во Британска студија
жените кои биле злоупотребувани за време на бременоста
имале повисоко ниво на
стрес хормонот кортисол во плацентата за време на пораѓањето
и нивните деца е поверојатно да имаат состојба која
им дава предиспозициja за зависност за време на 7та и 8та година.
Значи материчниот стрес веќе го спрема ’пиштолот’
за сите видови на ментални здраствени проблеми.
Израелска студија направена на деца
родени од мајки кои биле бремени
пред почетокот на војната во 1967...
Овие жени, нормално биле под голем стрес
и нивните деца имаат поголема веројатност за шизофренија
од просечното.
Значи, има многу докази дека пренаталните ефекти
имаат огромен удел во понатамошното развивање на човекот.
[Рано детство]
Суштината на човековиот развој а
посебно развојот на човековиот мозок
е дека се случува најчесто под влијание на околината
и претежно после раѓањето.
Сега, ако направиме споредба на човекот со коњ
којшто може да трча на првиот ден од својот живот
можеме да забележиме дека сме доста неразвиени.
Не можеме да постигнеме толку голема невролошка координација,
баланс, мускулна сила, изостреност на видот
се до година и пол или двегодишна возраст.
Тоа е поради тоа што мозочниот развој на коњот
се случува во сигурноста на утробата
а кај човекот тоа мора да се случи после раѓањето
и тоа е поврзано со едноставна еволутивна логика.
Како што расте главата, она што не прави луѓе
рапидното ширење на предниот дел од мозокот е
всушност она што го креира човековиот род.
Истовремено, одиме на две нозе, значи нашата карлица се стеснува
за да го овзможи тоа. Значи ние
имаме тесна карлица, поголема глава,
бинго: ние мора да бидеме родени предвремено.
И тоа значи дека мозочниот развој што кај другите животни
се случува во утробата
кај нас, се случува после раѓањето
и во голема мера под влијание на средината.
Концептот на Невронскиот Дарвинизам, едноставно значи
дека нервните кола кои добиваат соодветна побуда од околината
ќе се развијат оптимално, а оние кои нема да добијат
нема да се развијат оптимално или пак воопшто нема да се развијат.
Ако земете дете со совршено добар вроден вид
и го ставите во темна соба пет години
тоа ќе остане слепо до крајот на својот живот,
затоа што колата за вид имаат потреба од светлосни бранови за нивниот развој
и без нив, дури и најосновните
вродени и активни кола
ќе атрофираат и ќе умрат, а нови нема да се развијат.
[Меморија]
Постои значаен начин по кој
раните искуства го обликуваат однесувањето на возрасните,
и дури и на оние особено рани искуства
на кои не можеме да се присетиме.
Излегува дека постојат два вида на меморија:
постои 'експлицитна меморија', односно сеќавање,
ова е кога можеме да се сетиме на факти,
детали, епизоди, околности.
Но, делот од мозокот кој се нарекува хипокампус
кој го кодира помнењето на кое се сеќаваме
не ни започнува да се развива во целост пред една ипол годишна возраст,
а не е целосно развиена и многу подоцна.
Затоа одвај некој може
да се присети на сеќавање од пред 18 месечна возраст.
Но, постои и друг вид
меморија кое се нарекува имплицитна меморија
која е, во суштина, емоционална меморија
каде влијанието на емоциите врз детето и толкувањето на истите
е вкоренето во мозокот
во облик на нервни кола кои се подготвени да се вклучат
без на нив јасно да се сеќаваме.
За да дадеме јасен пример
луѓето кои се посвоени имаат
многу често чувство на отфрленост во текот на целиот живот.
Не можат да се присетат на посвојувањето.
Не можат да се присетат на одделувањето од родената мајка
бидејќи не постои нешто на коешто можат да се присетат.
Но, емоционалното сеќавање на разделба и одбивање
е длабоко вкоренето во нивните мозоци.
Оттука многу е поверојатно тие
да искусат чувство на одбиеност
и голема емоционална вознемиреност
кога тие ќе се согледаат себеси како одбиени
од другите луѓе.
Тоа не важи единствено за луѓето кои се
посвоени, но кај нив е исклучително силно
поради оваа функција на имплицитната меморија.
Луѓето кои се зависници, со оглед на сета
истражувачка литература и моето искуство,
оние хард-кор зависници, речиси сите биле
значително злоупотребувани како деца
или претрпеле сериозен недостаток на емоции.
Нивната емоционална или имплицитна меморија
е за свет кој не е безбеден
и не дава помош; за негуватели на кои не треба да им се верува
и за односи кои не се
доволно безбедни за да може да им се отвориме
и оттука нивниот одговор е да се стремат
да се држат себеси на растојание од
подлабока интимна поврзаност;
да не им се верува на негувателите
докторите и други луѓе кои сакаат да им помогнат
и општо го гледаат светот како небезбедно место...
и тоа е стриктно функција на имплицитната меморија
која понекогаш е поврзана со инциденти на кои не се ни сеќаваат.
[Допир]
Предвреме родените или новороденчињата кои биле во инкубатор
и други видови на апаратури и
машинерии со недели, а можеби и со месеци,
денес е познато дека ако овие
деца се допираат и галат по грбот барем
10 минути дневно, тоа им го подобрува развојот на мозокот.
Значи, човековиот допир е од суштинска важност за развојот,
и новороденчиња кои нема да бидат подигнати од човечки раце ќе умрат.
Ете колку суштинска потреба
претставува држењето во раце за човечките суштества.
Во нашето општество, за жал постои тенденција
да им се кажува на родителите да не ги креваат децата, да не ги држат
да не креваат бебиња кои плачат, од страв да не ги разгалат
или да ги охрабрат да спијат навечер
вие не ги кревате...
што е токму спротивното од она што му е потребно на детето
и овие деца можат да се вратат на спиење бидејќи се предаваат
и нивниот мозок се исклучува како
начин на одбрана против ранливоста
од вистинското напуштање од нивните родители,
но нивните имплицитни мемории ќе бидат
за свет кој не се грижи за нив.
[Детство]
Голем број од овие разлики се структурирани многу рано во животот.
На некој начин, тегобноста на родителското искуство
колку животот е тежок или лесен,
е пренесено на децата
било преку мајчинска депресија
или родители кои се однесуваат лошо со
своите деца затоа што имале тежок ден
или само затоа што се преморени на крајот од денот...
и овa има многу големи ефекти во програмирањето
на развојот на децата, за кој денес имаме големи познавања
Но, таа рана чувствителност, не е само еволуциска грешка.
Постои и кај многу различни видови.
Дури и кај младиот расад постои ран процес на приспособување
на видот на средината во која расте растението
но за луѓето, приспособувањето се однесува на квалитетот на социјалните односи.
И така, раниот живот:
како одгледувањето, конфликтите и вниманието што го добивате
е тест за видот на свет во кој можеби би требале да растете.
Дали растете во свет во којшто
мора да се борите за она што треба да го добиете;
да си го чувате грбот; дасе браните себеси; да учите да не им верувате на другите...
или растете во општество во кое зависите од
реципроцитет, заемност, соработка, во кое сочуството е битно
каде што вашата сигурност зависи од добрите односи со другите луѓе...
и каде што има потреба од многу различен
емоционален и когнитивен развој.
Раната чувствителност се однесува на тоа
и родителството е речиси, прилично несвесно
систем за пренесување на тоа искуство на децата...
од видот на свет во кој тие се.
Големиот Британски детски психијатар, DW Winnicott, кажа
дека воглавно две нешта можат да тргнат наопаку во детството.
Едната е кога се случуваат нешта кои не требало да се случат,
а другата е кога нешта кои требало да се случат, не се случиле.
Во првата категорија се драматичните, штетни,
и искуства на напуштање, на моите
пациенти во центарот на Истсајд и на многу зависници.
Тоа е нешто што не требало да се случи, но се случило.
Но, потоа го имаме и ненагласеното
прилагодено, посветено внимание
од родителот кое му е потребно на секое дете
кое многу често детето не го добива.
Тие не се злоупотребени. Тие не се запоставени,
не се трауматизирани,
но она што требало да се случи,
присуството на емоционално достапниот, грижлив родител
едноставно не им е достапен заради
стресовите во нашето општество и во родителската средина.
Психологот Алан Шурер ова го нарекува „Проксимално напуштање"
кога родителот е физички присутен,
но емоционално отсутен.
Ги поминав...
отприлика последните 40 години од мојот живот
работејќи со најнасилните луѓе што ги создава нашето општество:
убијци, силувачи и така натаму.
Во обид да сфатам што го предизвикува ова насилство.
Открив дека најнасилните криминалци во нашите затвори
и самите биле жртви
на степен на детска злоупотреба која била преку границата на
тоа што јас сум го мислел како примена на тој поим.
Не бев свесен за длабочината
на изопаченоста со која децата во нашето општество
се толку често третирани.
Најнасилните луѓе што ги видов и самите преживеале
обид за убиство, најчесто од нивните родители
или други луѓе во нивната социјална средина
или преживеале убиство на некој член на нивното семејството
нивните најблиски членови на семејството, од други луѓе.
Буда говорел дека се` зависи од нешто друго.
Тој вели: ’поединечното се состои во мноштвото и обратно’
Не можете да разберете нешто изолирано од неговата средина
Листот, очигледно, го содржи сонцето, небото и земјата.
Ова сега се покажува вистинито на повеќе рамништа,
а посебно во доменот на човековиот развој.
Модерниот научен термин за тоа е
“био психо социјалната“ природа на човечкиот развој
според која биологијата на луѓето
значително зависи од нивната интеракција
со социјалната и психолошката средина.
Психологот и истражувач
Даниел Сигел во Калифорнискиот Универзитет, Лос Анџелес, UCLA
ја скова фразата „Интерперсонална Невробиологија“
која сака да каже дека начинот
на кој функционира нашиот нервен систем
значително зависи од нашите лични односи.
На прво место со старателите негуватели,
на второ место со останати важни фигури за кои сме приврзани
и на трето место, со целата култура.
Значи не можете да го одделите
невролошкото функционирање на еден човек
од средината во која тој или таа пораснала
и во која продолжува да постои
и ова е точно низ животниот циклус.
Ова е особено точно кога сте
зависни и беспомошни и вашиот мозок се развива,
но точно е дури и кај возрасните луѓе како и при крајот на животот.
[Култура]
Луѓето живееле во речиси секаков вид на општества.
Од најправедните... општествата на ловци и собирачи
делуваат како да биле многу праведни,
заради поделбата на храната, размената на подароци...
Мали групи луѓе кои живеат во основа
од собирање на храна, но нешто и од лов,
помеѓу луѓе кои во најчест случај
ги познавате целиот свој живот
или пак сте опкружени од трети братучеди или поблиски роднини;
во свет во кој постои голема
мера на флуидност помеѓу различни групи;
во свет во кој нема многу
во рамки на материјалната култура...
овој е начинот на кој луѓето ја поминале својата хоминидна историја.
И не е изненадување, што придонесува за еден сосема поинаков свет.
Една од работите добиени како резултат на тоа е далеку помалку насилство.
Организираното, групно насилство не е
нешто што се случувало во тоа време
од човечката историја и тоа се чини сосема јасно.
Значи каде згрешивме?
Насилството не е универзално.
Тоа не е подеднакво распределено низ целата човекова раса.
Постои огромна разлика во количината на насилство во различни општества.
Постојат некои општества во кои речиси нема никакво насилство.
Постојат други кои се уништуваат самите.
Некои од Анабаптистичките религиозни групи
кои се комплетно строги пацифисти
како Амишите, Менонитите, Хутеритите ...
меѓу некои од овие групи, кај Хутеритите
нема регистрирани случаи на убиства.
За време на нашите најголеми војни, како Втората Светска Војна
каде што луѓето беа регрутирани,
тие одбивале да служат воен рок.
Тие попрво би оделе во затвор отколку да служат воен рок.
Во Кибуц во Израел
нивото на насилство е толку ниско што кривичните судови таму
често испраќаат насилни престапници
луѓе кои извршиле злосторства
да живеат во Кибуц со цел да
научат како да живеат ненасилен живот ...
затоа што тоа е начинот на кој луѓето живеат таму.
Значи, ние сме целосно обликувани од општеството.
Нашите општества во поширока смисла, вклучувајќи ги нашите
теолошки, метафизички, јазични влијанија, итн.
нашите општествата не обликуваат до таа мера дали ќе гледаме
дека животот е поврзан со грев или со убавина,
дали во задгробниот живот ќе треба да платиме за
тоа како сме го живееле животот или тоа е небитно.
Во поширок смисол, различни големи општества може да
да се класифицираат како индивидуални или
како колективни и ќе добиете многу различни луѓе
и различни начини на размислување, а верувам и
различни мозоци кои доаѓаат заедно со тоа.
Ние во Америка сме во едно од најиндивидуалистичките општества.
Со капитализмот како систем кој ви дозволува да се движите
се` повисоко на потенцијалната пирамида,
како резултат на тоа доаѓаат помалку ’мрежи за спасување’.
По дефиниција, колку пораслоено е општество
толку помалку луѓе има на кои можете да сметате, помалку луѓе со кои
имате симетрични, реципрочни односи
и на крај се` што добивате се спротивни точки и бескрајни хиерархии,
а светот во кој имате малку реципрочни партнери
е свет со многу помалку алтруизам.
[Човекова природа]
Значи ова не` води кон целосно невозможен спој -
кон обидот да пронајдеме смисла во перспективна наука...
за тоа каква е природата на човековата природа.
Знаете, на некое ниво
во природата на нашата природа е да не сме
особено ограничени од нашата природа.
Имаме поголема социјална
разноликост од било кој друг вид.
Повеќе системи на верување, на типови на семејни структури
на начини на воспитување на деца. Потенцијалот
за разноликост во нас е извонреден.
Во општество кое е засновано на конкурентност
и навистина, многу често, од безмилосно експлоатирање
на еден човек од страна на друг
профитирањето на сметка на проблемите на другите луѓе,
а многу често и создавањето на
проблеми со цел да се профитира
владеачката идеологија често ќе го оправда ваквото однесување
на основа на некоја суштинска и неменлива човекова природа.
Значи, митот во нашето општество е
дека луѓето се конкурентни по природа
и дека се индивидуалисти и себични.
Но, вистинската реалност е сосема спротивна.
Ние имаме одредени човекови потреби.
Можете да зборувате конкретно за човековата природа
единствено ако сте свесни за овие човекови потреби.
Имаме човечка потреба за дружење и близок контакт
да бидеме сакани, да бидеме поврзани, да бидеме прифатени
да бидеме видени, да бидеме примени какви што сме.
Ако тие потреби се задоволени, се развиваме
во луѓе кои сочувствуваат
кои се кооперативни и кои сочувствуваат со други луѓе.
Значи...
спротивното, што често може да се види во нашето
општество, е всушност изобличување на човековата природа
баш заради тоа што на малку луѓе им се задоволени потребите.
Значи, може да се зборува за човековата природа,
но само во смисла на основните човекови потреби
што се појавуваат инстинктивно,
или можеби треба да речам, одредени човекови потреби
кои водат кон одредени карактеристики ако се задоволени
и друга група карактеристики, ако не се.
Значи...
кога ќе го препознаеме фактот дека човековиот организам,
што има голема флексибилност за прилагодување,
која ни дозволува да преживееме во различни услови,
е исто така цврсто програмиран за одредени нужности
или човекови потреби,
започнува да се појавува социјален императив.
Исто како што нашите тела имаат потреба од физички нутритиенти
човековиот мозок бара позитивни форми на стимулација од средината
во сите фази на развојот,
и во исто време заштита
од негативни форми на стимулација.
И ако нешта што треба да се случат, не се случат....
или нешта што не треба да се случат, се случат...
сега сме свесни дека вратата е отворена не само за
низа ментални и физички заболувања
туку исто така и за многу штетни човекови однесувања.
И, како што ја менуваме нашата перспектива нанадвор
и ги земаме в предвид нештата што се случуваат денес
мораме да си го поставиме прашањето:
Дали состојбата која сме ја создале во модерниот свет
го поддржува нашето здравје?
Дали темелот на нашиот социо-економски
систем делува како позитивна сила
за човечкиот и социјалниот развој и напредок?
Или, основното тежнеење на нашето општество
всушност оди против суштинските еволуциски потреби
за создавање и одржување на
нашата лична и социјална благосостојба?
[Втор дел: Социјална патологија]
Некој може ќе се запраша, каде започна сето ова?
Она што го имаме денес… всушност е еден свет во состојба на
кумулативен колапс.
[Пазарот]
Започнува со Џон Лок.
А Џон Лок ја воведува сопственоста.
Тој има три постулати за праведно лично право и сопственост.
А тие три постулати се:
Мора да остане доволно и за другите
и не смее да се дозволи да се троши попусто,
и дека, пред се`, морате да го помешате и својот труд со тоа.
Се чини оправдано - го споделувате трудот со светот
бидејќи така имате право на производот,
а се` додека има доволно останато за другите,
и се` додека не расипувате,
и не дозволувате било што да ви отиде попусто, тогаш е се` во ред.
Тој троши многу време на ова и на неговата позната студија за владата
и оттогаш наваму тоа е канонски текст
за разбирање на економијата, политиката и правото.
Се` уште е класичен текст кој се изучува.
Е сега, откако ги поставил овие услови,
а вие веќе размислувате за тоа дали
сте за приватна сопственост или не,
тој ни дава и многу добра остварлива и моќна одбрана
на приватното сопствеништво овде...
Всушност, ја отфрла!
Ја отфрла, туку така. Во една реченица.
Вели, ’Веднаш по воведувањето на парите
со премолчана согласност на луѓето
тогаш веќе се` стана....'
тој не вели дека сите постулати се избришани -
но тоа е она што се случува.
Така што сега немаме
производ и ваша сопственост која е заработена со вашиот труд -
не - сега парите го купуваат трудот.
Повеќе не се размислува
за тоа дали има доволно и за останатите;
нема повеќе грижа за тоа дали се троши попусто
бидејќи тој кажал парите се како
сребро и злато, а златото не може да се расипе
и затоа парите не може да бидат одговорни за загубата...
што е смешно. Ние не зборуваме за пари
и сребро, ние зборуваме за ефектите од нив.
Тоа се нелогични изјави една по друга.
Тоа е само најневеројатната
логичка измама со која тој се провлекува
затоа што им одговара на интересите на сопствениците на капиталот.
Тогаш се појавува Адам Смит и ја додава
религијата на сето ова...
Лок започна со Господ и стигна до овде
тоа е Господово право,
и сега ние се расправаме исто и со Смит
кој вели „Не е само Господово...“
добро, тој всушност не кажува така но
тоа е она што се случува филозофски, во принцип
тој кажува дека „не е само прашање на приватна сопственост...“.
Сето е „преодредено“ - Тоа е Дадено.
И дека постојат „инвеститори на пари кои купуваат работна сила“ - Дадено
Нема ограничувања на тоа колку туѓа работна сила можат да купат
колку можат да соберат, колку многу „нееднаквост“
сето тоа се подразбира само по себе сега.
Тогаш се појавува тој со неговата голема идеја, која
повторно е претставена во заграда, на поминување...
Знаете, кога луѓето нудат стока за продажба - понуда,
а други луѓе ја купуваат - побарувачка итн.
Како да имаме еднаква понуда на побарувачката,
или побарувачка еднаква на понудата?
Како можат тие да дојдат до рамнотежа?
Тоа е една од централните идеи во економијата,
како тие всушност доаѓаат до рамнотежа...
и тој вели: тоа е „Невидливата Рака на Пазарот“
што ги доведува до рамнотежа.
И сега ние имаме “Господ е всушност неизбежен“
Тој само не ги даде правата за сопственост
и паричните средства и неговите „природни права“
во врска со тоа што Лок го рече...
сега системот сам по себе е „Господ“.
Всушност, Смит кажува, кога зборува
и треба да ја прочитате цела
„Богатство на нациите“ за да го најдете овој цитат
Кажува: „недостатокот на условите за преживување
поставува граници на репродукцијата на сиромашните луѓе
и дека природата не може да се справи со ова на друг начин
освен да ги елиминира нивните деца.“
Значи тој ја предвидел Теоријата на Еволуција во најлоша смисла...
многу години пред Дарвин.
Ги нарекол „Расата на работниците“.
Можете да видите: постоел вроден расизам вграден тука
постоела вродена животна слепост да се убиваат
безброј деца
и помислил: „Тоа е Невидливата Рака што прави понудата
да ја задоволи побарувачката и побарувачката да ја задоволи понудата.“
Значи, гледаке колку е мудар „Господ“?
Гледате, повеќето заразни
уништувачки, еко-геноцидни нешта
што се случуваат сега имаат, на некој начин,
„мисловен ген“ и кај Смит исто.
Кога размислуваме на оригиналниот концепт на
т.н. слободен пазар - капиталистички систем
започнат од раните економски филозофи
како што е Адам Смит,
гледаме дека првичната намена на „пазарот“
била базирана на вистински, опипливи добра, битни за животот - за трговија.
Адам Смит никогаш не предвидел дека
најпрофитабилен економски сектор на планетата
на крајот ќе биде арената на финансиската трговија
или т.н. инвестиции
каде самите пари едноставно
се добиваат преку движењето на други пари
во произволна игра која нема
никаква продуктивна придобивка за општеството.
Но, и покрај намерата на Смит,
вратата за такви навидум аномални појави
била широко отворена преку едно темелно начело на оваа теорија:
Парите се третираат како артикл, сами по себе.
Денес, во секоја економија во светот
без разлика на општествениот систем кон кој се придржува
парите се барани заради самите нив и за ништо друго.
Во основа на оваа идеја, која беше мистериозно оквалификувана
од Адам Смит со неговата религиозна објава на
’Невидливата рака'
е дека ограничената, себична потрага
по овој фиктивен артикл
некако магично ќе манифестира
човекова и социјална благосостојба и напредок.
Реалноста е дека интересот за монетарен поттик
или она што некои го нарекуваат: „Вредност на Парична Секвенца”
е сега целосно раздвоено од основниот
’животен интерест’ - кој може да се нарече
„Вредност на Животна Секвенца.“
Се случила целосна забуна
во економската доктрина
помеѓу овие две секвенци.
Тие мислат дека Вредноста на Паричната Секвенца
ја носи и Вредноста на Животната Секвенца
и поради тоа тие велат дека ако повеќе добра се продадени
ако БДП расте и така натаму...
ќе има поголемо подобрување на благосостојбата
и оттука можеме да го земеме БДП како наш основен индикатор
за социјалното здравје...
Па, тука можете да ја забележувите конфузијата.
Зборува за Вредност на Паричната Секвенца
која претставува, сите приходи и сите даноци кои
се добиени од продажба на добрата
и тие го мешаат тоа со животната репродукција.
Значи, имате вградено директно во ова уште од самиот почеток
комплетно спојување на вредноста на паричната
со животната секвенца.
Што значи, се справуваме со еден вид на структурна заблуда
која постанува се` повеќе и повеќе смртоносна
како што паричната секвенца се раздвојува од производството
на било што.
Заради тоа, ова е системско нарушување,
а системското нарушување делува како фатално.
[Добредојдовте во Машинеријата]
Во денешното општество, ретко се слуша некој да зборува
за напредокот во нивната земја или општество
во однос на нивната физичка благосостојба, состојба на среќа,
доверба или социјална стабилност.
Наместо тоа, мерките ни се претставени
преку економски апстракции.
Го имаме Бруто Домашниот Производ, потрошувачки ценовен индекс,
вредност на берзата, стапка на инфлација...
и така натаму.
Но, дали ова ни зборува нешто од реалната вредност
за квалитетот на животот на луѓето?
Не. Сите овие мерки укажуваат
за самата секвенца на парите и ништо повеќе.
На пример, Бруто Домашниот Производ на една земја
е мерка за вредноста на продадените добра и услуги.
Се тврди дека таа мерка е во сооднос со
„стандардот на живеење“ на жителите на една држава.
Во САД здравството претставуваше над
17% од БДП во 2009
трошејќи износ од над 2.5 трилиони долари,
со тоа создавајќи позитивен ефект со ваквата економска мерка.
И, базирано на ваквата логика
за економијата на САД би било дури и подобро
ако здравствените услуги уште повеќе се зголемат до...
можеби 3 трилиони долари... или 5 трилиони
затоа што на тој начин ќе се создаде уште поголем раст,
повеќе работни места, што ќе биде истакнато од економистите
како пораст на стандардот на живеење во државата.
Каква лекомисленост.
Што всушност претставуваат здравствените услуги?
ЛУЃЕ КОИ СЕ БОЛНИ И ПРЕД УМИРАЊЕ.
Токму така - колку повеќе заболени луѓе има во Америка
толку е подобра економијата.
Тоа не е претерување или цинична перспектива.
Всушност, ако доволно се навратиме
ќе сфатиме дека БДП
не само што не го одразува јавното или социјалното здравје
на било какво опипливо ниво
туку, во суштина, тоа е мерка
на индустриската неефикасност
и социјалната деградација.
И колку повеќе расте толку полоши стануваат работите
во поглед на личниот, социјалниот
и интегритетот на животната средина.
Мора да се создадат проблеми, за да се создаде профит.
Нема профит под постоечката парадигма
во спасувањето на животи, воспоставувањето на рамнотежа на оваа планета,
во праведноста и мирот или нешто друго.
Во нив едноставно нема профит.
Има една поговорка -
’Усвои закон и направи бизнис’.
Без разлика дали создаваш бизнис за некој адвокат или било кој.
Значи, криминалот навистина создава
бизниси исто како што уништувањето создава
бизниси во Хаити.
Моментално има околу 2.000.000 затвореници
во САД
и од нив голем број се наоѓаат во затвори управувани
од страна на приватни корпорации:
Corrections Corporation of America, Wackenhut
кои тргуваат со своите акции на берзата
врз основа на тоа колку луѓе се моментално во затвор.
Е тоа е веќе болно.
Но, тоа е само одраз на она што
оваа економска парадигма го бара.
Што е тоа што всушност го бара оваа економска парадигма ?
Што е тоа што му овозможува на нашиот економски систем да функционира?
Потрошувачката.
Или попрецизно - Цикличната Потрошувачка.
Кога ќе ја разглобиме
основата на класичната пазарна економија
ќе видиме дека ни остануваат само низи од монетарни размени
кои едноставно не смее да се дозволи да сопрат
или дури и значително да се забават
ако општеството какво што го знаеме
сакаме да остане функционално.
Има 3 главни актери на економската сцена:
Вработениот, Работодавачот
и Потрошувачот.
Вработениот продава труд на работодавачот за приход.
Работодавецот ги продава своите производни услуги, и со тоа стоки,
на потрошувачот за приход,
а потрошувачот, се разбира, претставува уште една улога
на работодавачот и на вработениот
трошејќи пари назад кон системот
за да овозможи продолжување на цикличната потрошувачка.
Со други зборови, глобалниот пазарен систем е базиран врз
претпоставката дека секогаш ќе има доволно
побарувачка на производи во општеството
да се движат доволно пари наоколу, со стапка
која може да го одржува процесот на потрошувачка.
И колку побрза е стапката на потрошувачка
толку повеќе се зголемува т.н. економски раст
и така машината се движи...
Меѓутоа, почекајте-
Јас мислев дека економијата треба да, не знам...
“Економизира“?
Нели треба самиот поим да има врска со зачувување
и ефикасност и намалување на отпадот?
Тогаш како нашиот систем кој бара потрошувачка
и тоа колку повеќе толку подобро, да биде ефикасен во зачувување
или да “Економизира“ воопшто?
Па... не го прави тоа.
Намерата на пазарниот систем, всушност, е токму спротивното
од она што вистинската економија би требала да го прави,
а тоа е ефикасно и конзервативно ориентирање
на материјалите за производство и дистрибуција
на артиклите потребни за живот.
Ние живееме на конечна планета, со ограничени ресурси
каде, на пример, за нафтата која ја користиме биле потребни
милиони години да се создаде...
каде што минералите кои ги користиме биле потребни милијарди години за да се создадат.
Значи... да се има систем кој намерно го промовира
забрзувањето на потрошувачката
за доброто на т.н. “економски раст“
е чисто екоцидно лудило.
Отсуство на отпад, тоа е ефикасност.
Отсуство на отпад?
Системов произведува повеќе отпад од сите други
системи кои постоеле во историјата на планетата.
Секое ниво на животна организација и животен систем
е во состојба на криза и предизвик
и распад или колапс.
Секое рецензирано списание во последните 30 години
ќе ви го каже истото:
дека секој животен систем е во пад
како и социјалните програми...
како и нашиот пристап до вода.
Обидете се да именувате некој аспект на животот кој
не е загрозен и во опасност...
Не можете.
Навистина нема ниеден и тоа е многу, многу очајно.
Но, не сме го сфатиле дури ни механизмот причинител.
Не сакаме да се соочиме со механизмот причинител.
Сакаме само да продолжиме. Знаете, тука е лудоста -
кога правите иста работа повторно и повторно
иако тоа јасно не функционира.
Значи, вие навистина
не се соочувате со економски систем
туку би одел дотаму да кажам анти-економски систем.
[Анти-Економијата]
Има една стара поговорка дека конкурентниот
модел на пазарот има за цел да
"создаде најдобра можна стока по најниски можни цени".
Ова тврдење е во основа концептот на поттик
кој ја оправдува конкуренцијата на пазарот
базирана на претпоставката дека резултатот
е производство на поквалитетни добра.
Ако сакам да си направам маса од нула,
се разбира дека ќе ја правам од најдобрите
најиздржливите можни материјали, нели?
Со намера таа да трае што е можно подолго.
Зошто би сакал да направам нешто лошо
знаејќи дека евентуално би морал да го направам пак
и да потрошам повеќе материјал и повеќе енергија?
Меѓутоа, колку тоа и да делува разумно во физичкиот свет
кога станува збор за светот на пазарот
не само што е експлицитно неразумно
туку не се ни зема како можност.
Технички е невозможно да се произведе
било што најдобро
ако компанијата сака да ја задржи конкурентската предност,
а со тоа да остане и пристапна до потрошувачот.
Буквално се` што е создадено и наменето за продажба
во глобалната економија е инфериорно
во моментот кога е произведено
бидејќи математички е невозможно
да се направи научно најнапреден, ефикасен
и стратешки одржлив производ.
Ова се должи на фактот дека на пазарниот систем
му е нужна оваа “рентабилност“
или потребата да се скратат трошоците
која постои во секоја фаза од производство.
Од цената на трудот, до цената на
материјалите, амбалажата итн.
Оваа конкурентна стратегија, се разбира,
постои со цел јавноста да ги купува нивните
наместо производите на конкурентниот производител
...кој го прави потполно истото
за да ги направи своите производи конкурентни и достапни.
Постојаната расипничка последица на системот
може да се нарече: Вградена застареност.
Сепак, ова е само дел од еден поголем проблем:
Основното управувачко начело на пазарната економија
кое нема да го најдете во ниеден учебник, патем речено -
е следното:
„Не смее да се дозволи ниеден производ да има животен век
подолг од оној кој е потребен
за да продолжи цикличната потрошувачка“.
Со други зборови, од критична важност е нештата да се расипуваат,
кршат и застаруваат за одреден временски период.
Ова се нарекува - „Планирана застареност“.
Планираната застареност е 'рбетот на маркетинг
стратегиите за секоја корпорација производител која постои.
Ретко која од нив, се разбира,
отворено ќе ја признае ваквата стратегија.
Тие ќе се обидат да ја прикријат под маската на
феноменот на 'вградената застареност' за кој зборувавме претходно,
притоа игнорирајќи ги, дури и потиснувајќи ги
новите технолошки пронајдоци
со кои може да се создадат поодржливи, издржливи производи.
Значи, ако не е доволно деструктивно
што системот, заради својата природа, не смее да дозволи
да се произведуваат најтрајните и најефикасни стоки,
планираната застареност намерно
признава дека колку подолго функционира одреден производ
толку е полошо да се одржува цикличната потрошувачка,
а со тоа и самиот пазарен систем.
Со други зборови, одржливоста на производите
е всушност спротивна на економскиот раст
и заради тоа постои директен, засилен поттик
да се обезбеди кус животен век
за било кој создаден производ.
И, во суштина, системот не може да функционира на друг начин.
Еден поглед врз морето од депонии кои се шират низ
светот ја покажува реалноста на застареноста.
Денес постојат билиони евтино направени мобилни телефони
компјутери и други технологии,
секоја од нив полна со скапоцени материјали, тешки за откопување,
како што е златото, колтанот, бакарот ...
кои сега скапуваат во огромни купови
обично заради дефект или застареност
на малите делови кои, во конзервативно општество
веројатно би можеле да се поправат или ажурираат
со што би им се продолжил рокот на траење.
За жал, колку и да се чини ова ефикасно
во нашата физичка реалност, живеењето
на ограничена планета со ограничени ресурси,
е особено неефикасно, во поглед на пазарот.
Да се стави во една фраза:
"Ефикасноста, одржливоста, и
зачувувањето се непријатели на нашиот економски систем ".
Исто така, исто како што физичките стоки мораат да бидат постојано
произведувани повеќепати
без оглед на нивното влијание врз животната средина,
секторот на услуги работи со истата логика.
Факт е дека не постои парична корист
во решавањето на проблемите
кои тековно се опслужуваат.
На крајот на краиштата
последната работа која медицинскиот естаблишмент навистина ја сака
е лекување на болестите како што е ракот
што би елиминирало безброј работни места и трилиони во приходи.
А бидејќи сме на темата...
Криминалот и тероризмот во овој систем се добри!
Па, барем од економска гледна точка...
бидејки ја вработуваат полицијата,
генерирајќи стоки поврзани за безбедноста со висока вредност,
а да не ја споменувам вредноста на затворите
кои се во приватна сопственост - за профит.
А што е со војната?
Воената индустрија во Америка е огромен двигател на БДП
- една од најпрофитабилните индустрии -
произведувајќи оружје за убивање и уништување.
Омилената игра на оваа индустрија е да ги дига нештата во воздух
а потоа да оди да ги гради повторно, за профит.
Го видовме ова со ненадејните договори од билиони долари
направени од војната во Ирак.
Во крајна линија, општествено негативните
карактеристики на општеството
станаа позитивно наградени потфати за индустријата
и било кој интерес за решавање на проблемите
или за одржливоста и зачувувањето на животната средина
е суштински спротивен на економската одржливост.
Токму заради тоа
секој пат кога ќе видите дека се покачува БДП-то на некоја држава
сведочите пораст на потребата,
без разлика дали е вистинска или измислена,
и по дефиниција, потребата во својот корен има неефикасност.
Оттука, зголемената потреба значи и зголемена неефикасност.
[Нарушување на системот на вредности]
Американскиот сон се заснова на
на неконтролирана потрошувачка.
Се базира на фактот дека
популарните медиуми,
а особено комерцијаното рекламирање
- сите корпорации на кои им е потребен овој безграничен раст -
не имаат убедено или им ги имаат испрано мозоците
на мнозинството луѓе во Америка и светот
дека мораме да имаме одреден број на материјални добра
како и опција за здобивање со бесконечно многу повеќе
материјални добра, за да бидеме среќни.
Тоа, едноставно, не е вистина.
Тогаш зошто луѓето продолжуваат да купуваат на овој начин
кој е ултимативно еко - геноциден.
во својот кумулативен системски ефект?
Тоа е само класично и оперативно условување.
Едноставно имате 'влезови' на условување во организмот
и имате 'излези' на посакуваните однесувања
или цели.
И ги имаат сите технолошки ресурси
и се фалат со тоа
како влегуваат во мозоците на децата
и она што го слушаат веќе ги прави
условени на брендот.
Тогаш ви станува јасно зошто
луѓето се такви будали.
Тие биле учени да бидат будали.
Тоа е нарушување на системот на вредности.
Знаете, ако некаде има сведоштво за пластичноста
на човековиот мозок.
Ако некаде има доказ за тоа колку лесно се оформува
човековата мисла и колку лесно
можат да бидат водени и условувани луѓето
врз основа на стимулансите од нивната средина
и што тие засилуваат:
тогаш светот на комерцијалното рекламирање е доказот.
Треба да стоите со стравопочит
пред степенот на перење мозок
пред тие програмирани роботи познати како „потрошувачи“
кои талкаат наоколу
само за да влезат во продавница и да потрошат, на пример
4000 долари за ташна
која најверојатно чини 10 долари за да се изработи
во работилница некаде преку море.
Само за статусот кој брендот наводно
го претставува во културата.
Или можеби древните традиции во заедниците,
кои ја зголемуваат довербата и кохезијата во општеството -
а кои се сега киднапирани од страна на присвојувачките
материјалистички вредности со што ние сега
разменуваме непотребни глупости неколку пати годишно.
И можеби ќе се запрашаме зошто толку луѓе денес имаат
силна потреба да купуваат и присвојуваат
кога е јасно дека се условени од детство
да очекуваат материјални добра
како знак на нивниот статус кај пријателите и семејството.
Фактот е дека темелите на кое било општество
се вредностите кои го подржуваат неговото функционирање
а нашето општество какво што е,
може да функционира само ако нашите вредности ја поддржуваат
очигледната потрошувачка која е
потребна за да продолжи пазарниот систем.
Пред 75 години потрошувачката во Америка
и во поголемиот дел од Западниот свет била половина
од она што гледаме денес, по човек.
Новата потрошувачка култура на денешницата
била произведена и наметната
поради многу реалната потреба за поголем
и поголем степен на потрошувачка.
Тоа е причината зошто повеќето од корпорациите сега трошат
повеќе пари на рекламирање, отколку на вистинскиот процес
на создавање на самиот производ.
Тие напорно работат да создадат лажна потреба за вие да ја исполните.
И тоа функционира.
[„Економистите“]
Знаете, економистите всушност воопшто не се економисти.
Тие се промотори на парична вредност
и ќе откриете дека сите нивни
модели се сведуваат на симболички
размени што се верни на профитот
од една страна или обострано или било како,
но тие се целосно одвоени од вистинскиот
постоечки свет на репродукција.
Во Охајо, еден стар човек не ја платил сметката за струја
можеби го знаете овој случај,
и компанијата за електродистрибуција му ја исклучила струјата и тој умрел.
Причината зошто ја исклучиле е
заради тоа што не би било профитабилно
за нив да ја остават уклучена затоа што тој не ја платил сметката.
Дали верувате дека тоа било правилно?
Одговорноста навистина не е во
компанијата за електродистрибуција за исклучувањето
туку на соседите и пријателите на овој човек
и колегите
кои не биле доволно добротворни
да му овозможат, како на индивидуа
да ја плати сметката за струја.
Хмммм...
Дали добро слушнав?
Дали тој штотуку рече дека смртта на човек
предизвикана од немање пари
била одговорност на...
други луѓе...
или последица на нехуманоста?
Па ако е така, претпоставувам ќе ни треба
едно чудо информативни реклами, мали мизерни
касички за донации во маркети
и еден куп тегли со кисели краставички
за милијардата луѓе кои гладуваат до смрт
на оваа планета...
заради самиот систем што Милтон Фридман го промовира.
Дали ќе се занимавате со филозофиите на
Милтон Фридман, Ф.А. Хајек,
Џон Мајнард Кејнс, Лудвиг вон Мисес
или кој било друг голем пазарен економист
основата на размислувањето
ретко оди подалеку од паричната секвенца.
Тоа е како религија.
Анализа на потрошувачката, стабилизирачки политики
трошење на дефицит, агрегатна побарувачка...
постојат како бескраен, авто-референцијален,
авто-рационализиран дискурзивен круг,
каде универзалните човекови потреби, природните ресурси
и секоја форма на физички живот кој поддржува ефикасност
се исклучени од почеток
и заменети со единственото уверување дека луѓето
барајќи надмоќ едни над други само за пари
мотивирани од нивниот сопствен, тесен личен интерес
магично ќе создадат одржливо, здраво, балансирано општество.
Не постои животна координата во целата оваа теорија
во целата доктрина.
Што прават тие?
Тоа што тие го прават е следење на текот на парите.
Тоа е се`, следење на текот на парите
претпоставувајќи дека тоа е она што е важно.
Прво: Не постојат животни координати...
...нема животни координати!
Второ: Сите претставници се
себе-максимизирачки трагачи по погодности.
Поточно, не мислат на ништо друго освен на самите себе
и што повеќе да приграбат за себе.
Тоа е главната идеја на рационалноста:
себе-максимизирачки избор,
а едниственото нешто што ги интересира во себе-максимизирањето
се или парите или добрата.
Добро, каде се социјалните односи?
Ги нема, освен во размената за себе-максимизирање.
Каде се нашите природни ресурси?
Ги нема, освен да бидат експлоатирани.
Каде е семејството кое што можеше да опстане?
Го нема. Треба да имаат
пари за да можат да платат за било што.
Добро, нели би требало една економија
некаде да се справи со потребите на луѓето?
Нели е тоа основниот проблем?
Ох, „потреба“ го нема дури ни во вашиот вокабулар.
Го разложувате на „посакувања“...
а што е тоа посакување? Тоа значи
побарување на пари наменети за купување.
Но, ако таа побарувачка на пари наменети за купување
таа нема никаква врска со потребата
бидејќи човекот може да нема побарувачка на пари,
а очајно да има потреба од, да речеме, вода.
Или, можеби побарувачката на пари посакува златна тоалетна школка.
Па, каде не води сето ова?
Кон златната тоалетна школка.
И вие го нарекувате ова економија?
Навистина, ако размислите за тоа,
ова мора да е најбизарната
измама во историјата на човековата мисла.
[Монетарен Систем]
Досега се фокусиравме на пазарниот систем.
Но, овој систем е всушност само
едната половина од глобалната економска парадигма.
Другата половина е „Монетарниот систем“.
Додека пазарниот систем се однесува на интеракцијата на луѓето
кои работат за профит ширум спектарот на трудот
производството и дистрибуцијата,
Монетарниот систем е во својата основа е збир на политики
поставени од финансиските институции
кои ги создаваат условите за
пазарниот систем, меѓу другите нешта.
Вклучува термини за кои често слушаме
како каматни стапки, кредити, долгови, парични залихи,
инфлација и така натаму.
И додека можеби сакате да си ја искубете косата слушајќи ги
глупостите кои ги брборат монетарните економисти:
„Скромните превентивни мерки, можат да ја избегнат потребата
за подрастични мерки во иднината.“
...природата и ефектот од овој
систем се всушност многу едноставни:
Нашата економија има...
или глобалната економија има
три основни нешта што ја управуваат.
Едната е банкарството со процентуални резерви,
или банките кои печатат пари од ништо.
Тоа е исто така засновано на насобрана камата.
Кога позајмувате пари, мора да вратите повеќе
од она што сте го позајмиле, што значи дека вие, всушност
создавате пари од ништо
што, повторно, мора да биде опслужено со создавање на уште повеќе пари.
Ние живееме во бесконечна парадигма на раст.
Економската парадигма во која живееме денес е Понзиева шема.
Ништо не расте вечно.
Не е возможно.
Како што напиша истакнатиот психолог Џејмс Хилман
„Единственото нешто кое расте во човековото тело после
одредена возраст е рак.“
Не е само количината на пари онаа која мора да продолжи да расте
туку и бројот на потрошувачи.
Потрошувачите да позајмуваат пари со одредена камата
за да создадат повеќе пари и очигледно, тоа не е возможно
на ограничена планета.
Луѓето се во основа средства чија цел е да создаваат пари
кои мораат да создаваат повеќе пари
за да не се распадне целата работа
што е она што се случува во моментов.
Навистина, има само две работи кои секој треба да ги знае
за монетарниот систем:
1: Сите пари се создадени од долг.
Парите се циркулирачки долг,
било дали е материјализиран од државни обврзници
договори за станбени кредити или кредитни картички.
Со други зборови, ако целиот неподмирен долг
би се исплатил во моментов
нема да има ни еден долар во циркулација.
И 2: Каматата се наплатува на скоро сите позајмени кредити
и парите потребни да се врати таа камата
не постојат во залихата на пари во моментов.
Само 'основата' е создадена од заемот
а 'основата' е залихата на пари.
Значи, ако целиот овој долг би се исплатил во моментов
не само што нема да остане ниту еден долар во оптек,
би имало огромна количина на долг
која е буквално невозможно да се исплати, затоа што не постои.
Последицата од сето ова е дека две работи се неизбежни:
Инфлација
и Банкрот.
Во поглед на инфлацијата, ова може да се гледа како историски тренд
во скоро секоја денешна земја
и лесно врзан со неговата причина
која е постојано зголемување на залихата на пари
која е потребна
да се покријат каматните трошоци и да се одржува системот.
А во поглед на банкротот
тоа доаѓа во форма на колапс како последица на долгови.
Овој колапс неизбежно ќе се случи со личност,
компанија или држава
и типично се случува кога каматните трошоци
е невозможно да се исплатат.
Но, има и светла страна на сето ова...
барем од гледна точка на пазарниот систем,
затоа што долгот создава притисок.
Долгот создава 'робови за плата'.
Човек во долгови поверојатно би прифатил ниска плата
отколку човек што не е,
станувајќи евтин артикл.
Значи одлично е за корпорациите да имаат група на луѓе
кои немаат финансиска мобилност.
Но, таа иста идеја важи и за цели држави...
Светската Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд,
кои најчесто служат како посредници за
транснационални корпоративни интереси,
даваат огромни кредити на проблематични земји
со многу високи каматни стапки
и потоа, штом земјите влезат
длабоко во бездната и не можат да платат,
се применуваат сурови мерки
корпорациите ненадејно се појавуваат,
основаат експлоататорски фабрики и ги присвојуваат нивните природни ресурси.
Ете тоа e ефикасност на пазарот.
Но чекајте, тоа не е се`:
гледате, тука е тој единствен
хибрид од монетарниот и пазарниот систем
наречен берза на хартии од вредност
во кој наместо да произведуваат нешто реално
тие само купуваат и продаваат пари.
И кога налетаат на долг, знаете што прават?
Токму така - тргуваат со него.
Тие всушност купуваат и продаваат долг за профит.
Од размени на неплатени кредити
и колатерални должнички обврски за потрошувачки долгови
до сложени 'дериватни шеми' кои се користат
да се камуфлира долгот на цели држави
како што е тајниот договор меѓу
инвестициската банка Goldman Sachs и Грција
што речиси ја уништи целата Европска економија.
Па кога зборуваме за берзата и Вол Стрит
имаме сосема ново ниво на лудило
изведена од Паричната секвенца на вредност.
Се` што треба да знаете за пазарите
беше напишано во воведната статија на Wall Street Journal
пред неколку години
и беше наречено "Предавања од инвеститорот со оштетен мозок"
И во ова издание, тие објаснуваат зошто
луѓето со благо мозочно пореметување
се подобри инвеститори
од луѓето со нормална мозочна функционалност.
Зошто? Бидејќи луѓето со
благо пореметување немаат сочуство.
И тоа е клучот. Ако немате сочуство
поминувате одлично како инвеститор
и така Вол Стрит поддржува луѓе кои немаат сочуство.
Да отидат таму и да донесат одлуки одлуки
и да тргуваат, тие немаат грижа на совест
и не размислуваат кој е ефектот од тоа што го прават
врз останатите луѓе.
Затоа ги одгледуваат овие роботи.
Овие луѓе кои немаат душа
и бидејќи веќе не сакаат ни да ги плаќаат овие луѓе -
сега прават роботи - вистински роботи -
вистински алгоритмички трговци.
Goldman Sachs и скандалот со тргување со висока фрекфенција:
тие поставиле компјутер до Њујоршката берза.
Овој компјутер, овој ’ко-лоциран’ компјутер, како што го нарекуваат:
ги претркува сите тргувања на берзата и
на берзата и дава големи нарачки
на начин што „дере“
ситни пари од размената.
Тоа е како да цицаат пари по цел ден.
Минатата година, за цел квартал,
30 или 60 дена беа без ни еден лош ден
и правеа милиони долари секој еден ден?
Тоа е статистички невозможно!
Кога јас работев на Вол Стрит, работите одеа
со тоа што сите даваа поткуп погоре.
Брокерите ги поткупуваат менаџерите
менаџерите ги поткупуваат менаџерите за регионални продажби.
Менаџерите за регионални продажби
ги поткупуваат националните.
Тоа е премолчан договор.
На Божиќ, кој го добива најголемиот бонус со просечна
брокерска работа? Службеникот за усогласеност.
Службеникот за усогласеност седи таму цел ден;
тој би требало да се осигура дека вие
нема да прекршите некое од основните правила
и дека сте во "соглaсност" со законот.
Се разбира, да, до мерката кога можете
да го поткупите службеникот,
да, тaка е, вие сте во согласност со законот!
Па, како измамата стана систем?
Тоа веќе не е нуспроизвод.
Тоа е системот.
Како во онаа стара шега на Вуди Ален. Тој вели:
„Докторe, брат ми мисли дека е кокошка“.
А докторот вели „Напиј се апче
и тоа би требало да го реши проблемот“.
И тој вели, „Не докторе. Вие не разбирате
нам ни требаат јајцата".
Во ред?
Така, трговијата со лажни побарувања напред-назад
меѓу банките
за да соберат провизии,
за да соберат бонуси,
стана погонот за производство на БДП
за пораст на екомонијата на САД
иако тие во основа тргуваат со лажни побарувања
за кои апсолутно нема никаква надеж дека некогаш ќе се платат.
Тие обработуваат, генерираат и реосигуруваат воздух.
Ако напишам 20 билиони долари на салфетка
и ја продадам на J.P. Morgan, а исто така и J.P. Morgan напишат
20 билиони долари на салфетка
и ги размениме овие две салфетки на шанкот
и ако секој од нас си исплати една четвртина од 1% за провизија,
ќе направиме многу пари за нашите Божиќни бонуси.
Секој од нас во својот извештај има салфетка од 20 билиони долари
која нема вистинска вредност, се додека
системот веќе не е во состојба да поддржува лажни
салфетки, во кој случај одиме кај владата
за да не извлече.
И заради Вол Стрит и глобалната берза
сега постојат загрижувачки 700 трилиони долари
од извонредни лажни побарувања -
познати како ДЕРИВАТИ (Derivatives)
кои чекаат да пропаднат.
Вредност во износ од 10 пати
поголема од Бруто Домашниот Производ
на целата планета.
И додека го гледавме помагањето на
корпорациите и банките од страна на владите...
кои, секако, комично ги позајмуваат
нивните пари од банките пред се`,
ние во моментов гледаме обиди финансиски да се помогнат цели земји
од страна на конгломерати на други земји
преку Интернационалните банки.
Но, како финансиски да спасиш планета?
Не постои ниедна држава која во моментов не е презаситена со долгови.
Каскадата на неплаќање на државни долгови која ја видовме
можеби е само почетокот, кога разгледуваме математички.
Само во САД се проценува
дека данокот на приход ќе треба да се покачи до 65%
по човек, само за да се покрие каматата во блиска иднина.
Економистите сега предвидуваат дека за неколку декади
60% од државите на планетата ќе бидат банкротирани.
Но застанете, да расчистиме нешто.
Светот оди кон банкрот,
што по ѓаволите и да значи тоа,
заради оваа идеја наречена „долг“
којшто не ни постои во физичката реалност.
Тоа е само дел од играта која ја измисливме...
а сепак благосостојбата на билиони луѓе
е сега доведенa во прашање.
Масовни отпуштања - сиромашни квартови - забрзано осиромашување
Наметнати мерки за штедење - затворање на училишта -
гладни деца... и други нивоа на семејна беда...
се` заради оваа детално испланирана фикција...
Што сме ние, ебано глупави?!
Еј! Еј! Марс - друже.
Ќе даеш некој динар, а?
Порасни, мали.
Сатурн! Како иде брат?
Се сеќаваш на онаа жешка Маглина со која те запознав
пред некое време?
Слушај, Земјо.
Навистина сме уморни од тебе.
Се` ти беше дадено и се` потроши.
Имаш изобилство на ресурси и го знаеш тоа.
Ај порасни и научи се
на малку одговорност, аман.
Ја растажуваш мајка ти.
Сам си, друже.
Аха, сеедно.
[Јавно Здравје]
Сега, имајќи се` в предвид...
од машината за трошење позната како пазарен систем-
до машината за долгови позната како монетарен систем-
кои ја создаваат парадигмата на монетарен-пазар
која ја дефинира глобалната економија денес...
постои една последица што ќе влијае
на целата машина:
Нееднаквост.
Без разлика дали пазарниот систем е оној кој создава природна
гравитација кон монополот и јакнење на моќта
истовремено создавајќи збирови на богати индустрии
кои се наметнуваат над другите
без оглед на намената-
како фактот дека врвните
менаџери на ограничените фондови на Вол Стрит
сега заработуваат над 300 милиони долари годишно
за придонес кон буквално ништо.
Додека научник кој бара лек за болест
обидувајќи се да му помогне на човештвото
може да направи 60.000 долари годишно ако има среќа.
Или дали монетарниот систем
кој има вградено класна поделба во самата негова структура.
На пример:
Ако имам 1 милион долари вишок и ги орочам во банка
со 4% камата -
Јас ќе направам 40,000 долари годишно.
Без општествен придонес - без ништо.
Сепак, ако сум личност од ниската класа и морам да земам кредити
да си купам автомобил или дом,
јас плаќам камата која
на крајот
ќе му исплати на милионерот со 4% депозит.
Оваа крадење од сиромашните за да им се плати на богатите
е темелен, вграден аспект на монетарниот систем.
Истиот може да биде означен како „Структурален класизам“
Се разбира, социјалното раслојување отсекогаш
историски било гледано како нефер,
но очигледно било прифатено
бидејќи сега 1% од популацијата поседува 40% од богатството.
Ако ја оставиме материјалната праведност на страна,
ќе видиме дека нешто друго се случува
под површината на нееднаквоста
што предизвикува неверојатно нарушување на јавното здравје во целина.
Верувам дека луѓето често се збунети од контрастот
помеѓу материјалниот успех на нашето општество,
незапаметени нивоа на богатство,
а огромен број општествени неуспеси.
Ако ги погледнете стапките на
употреба на дрога или насилство или самонаштетување
помеѓу деца, или ментални болести
јасно е дека нешто сериозно не е во ред
со нашето општество.
Податоците кои ги опишав
едноставно ја докажуваат интуицијата која луѓето
ја имале веќе стотици години, дека нееднаквоста прави поделби
и е општествено разорна.
Оваа интуиција е поточна отколку што некогаш сме замислувале.
Нееднаквоста има многу големи психолошки
и социјални ефекти. Претпоставувам тоа има врска
со чувството на супериорност и инфериорност.
Ваквиот тип на поделба...
Или ако одиме со почитта и непочитта -
кога луѓето се чувствуваат дека се гледани од високо,
што, патем речено, е причината зошто насилството
е почесто во помалку еднаквите општества -
поводот за насилство често е начинот на кој луѓето се гледани
од високо и непочитувани.
Ако има едно начело кое би го нагласил
тоа е дека најважното начело зад
превенцијата на насилството
е „Еднаквоста“.
Најзначајниот фактор
кој влијае врз стапката на насилство
е степенот на еднаквост наспроти степенот на нееднаквост
во даденото општество.
Значи, она што го гледаме е еден вид на
целосна општествена нефункционалност.
Не е дека една или две работи ќе тргнат во погрешен правец
со зголемување на нееднаквоста,
туку се` одеднаш, без разлика дали зборуваме за
криминал или здравје или ментална болест или што и да е.
Едно од навистина вознемирувачките откритија во јавното здравство
е никогаш да не си ја дозволите грешката да бидете сиромашни.
Или пак да се родите сиромашни.
Вашето здравје плаќа на безброј начини:
нешто што е познато како „здравствена социоекономска градација.“
Како што се движите надолу од највисоките слоеви
во општеството, во смисла на социоекономскиот статус,
со секој чекор надолу, здравјето е се` полошо
за неизмерно многу различни болести.
Животниот век се намалува.
Степеност на смртност кај новороденчињата -
се` што би можеле да набљудувате.
Затоа, огромно прашање е
зошто всушност постои оваа градација.
Еден прост и очигледен одговор е
дека, „ако сте хронично болни, нема да
бидете многу продуктивни, па според тоа
здравствените проблеми се двигател на социоекономските разлики“.
Воопшто не е тоа бидејќи
на најпросто можно ниво
би можеле да го погледнете
социоекономскиот статус на 10 годишник,
и да предвидите нешто поврзано со неговото здравје
децении подоцна.
Толку за насоката на последиците.
Следно: „Ох, премногу е очигледно“ -
сиромашните не можат да си дозволат да одат на доктор...
се работи за пристап до здравството?
Нема никаква врска со тоа
бидејќи ги гледате истите овие градации
во земји во кои има бесплатно здравство
и социјализирана медицина.
Во ред - следното „едноставно објаснување“
Ох, во просек, колку си посиромашен
толку е поголема веројатноста да пушиш,
да пиеш и сите животни стилови со ризични фактори .
Да, тие придонесуваат, но темелни студии покажале
дека се должни за можеби третина од променливоста.
И што остана?
Тоа што преостанува има многу врска со
со СТРЕСОТ од сиромаштија .
Колку си посиромашен, почнувајки од
лицето кое заработува еден долар помалку од Бил Гејтс...
колку посиромашен си во оваа земја
во просек, се полошо е твоето здравје.
Ова ни кажува нешто навистина важно:
врската помеѓу здравјето и сиромаштијата
не е во тоа да бидеш сиромашен, туку да се чувствуваш сиромашно.
Се' повеќе го препознаваме хроничниот стрес
како важно влијание на здравјето,
но најважниот извор на стрес
е квалитетот на социјалните односи.
И ако таму има нешто
што го намалува квалитетот на социјалните односи
тоа е социоекономската поделба на општеството.
Она што науката сега го докажа
е дека, без оглед на материјалното богатство,
стресот од самото живеење во поделено општество
води кон огромен спектар на здравствени проблеми кај луѓето
и колку е поголема нееднаквоста , толку се полоши проблемите.
Просечен животен век: подолг во поеднаквите држави.
Злоупотреба на дрога: помала во поеднаквите држави.
Психички болести: помалку во поеднаквите држави.
Општествен капитал - односно
способноста на луѓето да си веруваат еден на друг:
Се разбира, поголем во поеднаквите држави.
Образовни резултати: Повисоки во поеднаквите држави.
Стапка на убиства: помала во поеднаквите држави.
Криминал и стапка на затворање:
Помали во поеднаквите држави.
Ова трае и трае:
Смртност на новороденчиња, дебелина, стапка на тинејџерска бременост:
Помали во поеднаквите држави.
И можеби најинтересно:
Иновација: повисока во поеднаквите држави.
Со што се оспорува дамнешното мислење дека конкурентско
слоевито општество е некако покреативно и инвентивно.
Уште повеќе, истражување спроведено во Обединетото Кралство
наречено WhiteHall Истражување
потврдило дека постои општествена поделба на болести
како што одите од врвот на социоекономското скалило
до дното.
На пример, откриено е дека најниските степени
од хиерархијата имала четирикратно зголемување
на смрност предизвикана од срцеви болести
споредено со највисоките степени.
А оваа шема постои, без оглед на пристапот до здравството.
Според тоа - што полоша е финансиската состојба на лицето
толку полошо ќе биде и неговото здравје во просек.
Овој феномен е вкоренет во нешто што може да се нарече
Психосоцијален стрес
и се наоѓа во темелите на најголемите општествени нарушувања
кои го мачат денешното општество.
Причината?
Монетарниот пазарен систем.
Не грешите:
најголемиот уништувач на екологијата...
најголемиот извор на отпад, исцрпување и загадување...
најголемиот поттикнувач на насилство-
војна, криминал, сиромаштија, измачување на животни и нехуманост...
најголемиот создавач на општествена и лична невроза...
ментални пореметувања, депресија, страв...
Да не спомнуваме, најголемиот извор на социјална парализа
што не кочи во движењето кон нови методологии
за лично здравје, глобална одржливост
и напредок на планетава,
не е некоја корумпирана влада или закон...
не е некоја одметничка корпорација или банкарски картел...
не е некој недостаток во човечката природа...
и не некоја скриена интрига што го контролира светот.
Тоа е всушност
самиот на Социо-Економски систем
во неговата основа.
[Трет дел: Проектот Земја]
Ајде да си замислиме за момент дека имаме можност
да ја редизајнираме човековата цивилизација од темел.
Што ако, хипотетички кажано,
откриеме потполно иста копија на планетата Земја
со тоа што оваа нова планета
единствено би се разликувала од нашата моментална
по тоа што човековата еволуција на неа не се случила.
Еден вид отворена палета.
Без држави, без градови, без загадување, без републиканци...
само исконска, отворена животна средина.
Што би направиле тогаш?
Најпрво ни треба некаква „цел“, нели?
Со сигурност би можело да се каже дека таа цел би била да преживееме.
И не само да преживееме, туку да го направиме тоа на еден оптимален,
здрав и просперитетен начин.
Повеќето луѓе имаат желба да живеат
и би сакале да го прават тоа без страдање.
Заради тоа, основата на оваа цивилизација
треба да го поддржува и да го
одржува човековиот живот, колку што е можно повеќе -
притоа земајќи ги в предвид материјалните потреби
на сите луѓе на светот
истовремено трудејќи се да отстрани се`
што би можело да ни наштети на долги патеки.
Ако сме ја сфатиле оваа цел за „Максимална одржливост“
следното прашање е поврзано со „методот“.
Како би пристапиле?
Па, да видиме - кога последен пат проверив
политиката беше метод за општествено дејствување на Земјата,
па што имаат да кажат доктрините на републиканците, либералите,
конзервативците или социјалистите за општествениот дизајн?
Хмммм.... ама баш ништо!
Добро, тогаш - што е со религијата?
Секако, големиот креатор зад себе морал да остави некакви нацрти некаде...
Не баш.... не успеав да пронајдам ништо.
Добро, тогаш што ни останува?
Останува нештото наречено „Наука“.
Науката е уникатна по тоа што нејзините методи не бараат само идеите
кои се предложени да бидат тестирани и повторувани....
туку се` што открива науката е исто така проверливо по природа.
Со други зборови, за разлика од религијата и политиката,
науката нема его,
и за сите работи кои таа ги предлага постои можност
евентуално да бидат докажани како погрешни.
Таа не се држи до ништо и постојано еволуира.
Па, тоа звучи доволно природно за мене.
И така - базирано на моменталната состојба на научното знаење
во раниот 21-ви век
заедно со нашата цел за „максимална одржливост“
за човековата популација,
како да го започнеме актуелниот процес на изградба?
Па, првото прашање би било:
Што ни е потребно за да преживееме?
Одговорот, се разбира, се планетарните ресурси.
Дали тоа е водата што ја пиеме, енергијата што ја користиме
или сировините кои ги користиме за да создадеме алатки и засолништа,
планетата содржи палета на ресурси -
од кои голем број се неопходни за нашиот опстанок.
Значи, во таква реалност
критично е да сфатиме што имаме и каде тоа се наоѓа.
Тоа значи дека треба да спроведеме истражување.
Едноставно го лоцираме и идентификуваме секој постоечки ресурс на планетата
заедно со количината која е достапна на секоја локација
од залихите на бакар, до најдобрите локации за
ветерници за производство на енергија,
до природните извори на вода за пиење,
до проценка на количината на риба во океанот,
до најдобрата обработлива површина за одгледување на храна и така натаму.
Но, бидејќи ние луѓето ќе ги
трошиме овие извори со текот на времето
ние тогаш сфаќаме дека не само што треба да лоцираме и идентификуваме -
ние исто така треба и да следиме.
Треба да се осигураме дека нема да ни се потроши ниту една од овие работи...
тоа би било лошо.
И тоа значи дека треба не само да ја следиме стапката на употреба
туку и стапката на регенерација на земјата исто така,
како на пример, колку време му треба
на дрвото да порасне или на изворот да се пополни.
Ова се нарекува “Динамична рамнотежа“
Со други зборови, ако ги искористиме дрвјата побргу одошто можат да израснат повторно
имаме сериозен проблем, затоа што тоа е неодржливо.
Значи, како да ги следиме ресурсите
особено кога знаеме дека сите
нешта се расфрлани насекаде.
Имаме големи рудници на минерали во она што го нарекуваме Африка,
концентрација на енергија на Блискиот Исток,
огромни можности за плиматска енергија на Атланското крајбрежје на Северна Америка,
најголема количина на свежа вода во Бразил и така натаму.
Епа, уште еднаш, старата добра наука има предлог:
Се нарекува „Системска теорија“.
Системската теорија препознава дека самата основа на природниот свет
од човековата биологија до земјината биосфера,
до гравитациската сила на самиот Сончев Систем
е еден огромен синергиски поврзан систем - целосно меѓусебно врзан.
Исто како што човековите клетки се поврзуваат да ги формираат органите
и ограните се порвзуваат да создадат тело,
и бидејќи нашите тела не можат да живеат без земјените ресурси
како храна, воздух и вода, ние сме тесно поврзани со земјата.
И така натаму.
Значи - како што природата предлага, ги земаме сите овие расположливи средства
и податоците за следење и создаваме „систем“ за управување на сето.
„Глобален систем за управување со ресурси“
кој води сметка за секој значаен ресурс на планетата.
Едноставно нема друга логичка алтернатива ако нашата цел како човеков вид
е долгорочно преживување. Треба да водиме грижа како целина.
Ако тоа го разбравме, сега можеме да размислуваме за производството.
Како ќе ги користиме сите овие нешта?
Каков ќе биде нашиот процес на производство и што ни е потребно
да земеме в предвид за да бидеме сигурни дека е ќе донесеме најоптимално решение
за да достигнеме највисок степен на одржливост?
Па, првото нешто на што налетуваме е фактот дека
мораме постојано да се трудиме да зачувуваме.
Ресурсите на планетава се, во основа, конечни.
Значи, важно е да постапуваме „стратешки“.
„Стратешко зачувување“ е клучот.
Второто нешто што го препознаваме е дека некои ресурси
не се толку добри во споредба со други според својствата.
Всушност, некои од овие нешта, кога се користат
имаат ужасен ефект врз животната средина
што неизбежно го влошува нашето сопствено здравје.
На пример: нафтата и фосилните горива, без разлика како се користат
испуштаат некои доста деструктивни агенси во средината.
Заради тоа, клучно е да се потрудиме да ги користиме овие работи
само кога навистина ни е неопходно - ако воопшто е.
За наша среќа, гледаме огромна количина на соларни-ветар-плима-бранови-
топлински како и геотермални можности за произведување на енергија
за да можеме да поставиме објективна стратегија што да користиме и на која локација
за да ги избегнеме таканаречените “негативни ретроакции”
или било што кое резултира од производство или употреба
на материи кои се штетни за средината, а воедно и за нас.
Ова ќе го наречеме “Стратешка сигурност”
и ќе го соединиме со нашето "Стратешко одржување”.
Но, производствените стратегии не застануваат тука.
Ќе ни биде потребна и "Стратегија на ефикасност”
за фактичката механика на самото производство.
И тоа што го откриваме е дека постојат приближно
три специфични протоколи до кои мора да се придржуваме:
Прво: Секое добро кое го произведуваме мора да биде
дизајнирано да трае колку што е можно повеќе.
Нормално, колку повеќе нештата се расипуваат
толку повеќе ресурси ќе ни бидат потребни да ги заменеме
и повеќе отпад ќе биде создаден.
Второ: Кога нештата ќе се расипат
или нема да бидат повеќе употребливи од која било причина
клучно е да ги собираме или рециклираме колку што е тоа можно повеќе.
Значи дизајнот на производството мора да го земе ова
в предвид директно, уште во најраните фази.
Трето: Брзо еволуирачките технологии како електрониката,
кои се субјект на најбрзите стапки на технолошко застарување
ќе биде потребно да бидат дизајнирани да ги
предвидат и да можат да се прилагодат на физички надградби.
Последното нешто што сакаме да го направиме е да фрлиме цел компјутерски
систем само заради тоа што има еден расипан или застарен дел.
Значи ние едноставно ги дизајнираме компонентите да бидат лесно надградливи,
дел по дел, стандардизирани и универзално заменливи
предвидени од страна на сегашниот тренд на технолошка промена.
И кога ќе сфатиме дека механизмот на „Стратегиското Зачувување“
„Стратегиската Безбедност“ и „Стратегиската Ефикасност“
се чисто технички проценки
лишени од било какво човеково мислење или влијание,
ние едноставно ги програмираме овие стратегии во компјутер
способен да ги содржи и пресметува сите релевантни променливи
и ни дозволува секогаш да дојдеме до
апсолутно најдобриот метод за одржливо производство
втемелен на сегашните сознанија.
И иако тоа може да звучи комплицирано
тоа е само усовршен пресметувач,
а да не споменуваме дека носењето одлуки
со повеќе променливи и надгледување на системите
веќе и денес се користат низ светот
за одделни потреби. Тоа е проста постапка на зголемување на техничките можности.
Значи...
Сега, не само што имаме “Систем за Управување со Ресурсите“
туку и “Систем за Управување со Производството“,
секој од нив, лесно компјутерски автоматизиран
за да се максимизира ефикасноста, одржувањето и безбедноста.
Реалноста за информациите е таква што човечкиот мозок,
дури и на група луѓе, не можат да го следат она што треба да се следи.
Тоа мора да биде направено од компјутери и може да биде.
И ова не носи на следното ниво: Распределба.
Какви одржливи стратегии имаат смисла тука?
Па, ако знаеме дека најкраткото
растојание помеѓу две точки е права линија
и бидејќи енергија е потребна да ги напојува транспортните машини,
пократко транспортно растојание значи поголема ефикасност.
Да се произведуваат добра на еден континент и да се испорачуваат на друг
има смисла само ако побаруваните добра едноставно не можат
да се произведат на одредената територија.
Во спротивно, тоа е само расипничко.
Мораме да го локализираме производството за распределбата да биде едноставна,
брза и да бара помало количество на енергија.
Ова ќе го наречеме „Непосредна Стратегија"
што едноставно значи намалување на
преносот на производите колку што е можно повеќе
без разлика дали се работи за сировини или за крајни производи.
Секако, важно е да
знаеме кои добра ќе ги транспортираме и зошто...
Ова спаѓа под категоријата 'побарувачка'.
А побарувачката е едноставно она што на луѓето им е потребна за да бидат
здрави и да имаат висок квалитет на живот.
Спектарот на материјалните човекови потреби
се протега од основните потреби за живот
како храна, питка вода и засолниште...
до социјални и рекреативни производи кои овозможуваат релаксација
и лично - општествено уживање -
и обата важни фактори во целосното човеково и општествено здравје.
Така - многу едноставно - правиме уште една студија.
Луѓето ги опишуваат своите потреби, побарувачката е
утврдена и производството започнува врз основа на таа побарувачка.
И бидејќи нивото на побарувачка на различни производи
природно ќе варира и ќе се менува во различни региони,
мора да создадеме „Систем за Следење на Побарувачката и Распределбата“
за да избегнеме појава на суфицит и дефицит.
Секако, оваа идеја не е нешто ново.
Таа денес се користи во секој поголем ланец на продавници
за да бидат во тек со своите залихи.
Само што овој пат, ние следиме на глобално ниво.
Но, чекајте малку. Ние не можеме целосно да ја разбереме побарувачката
ако не ја земеме в предвид вистинската употреба на самиот производ.
Дали е логично и одржливо секој човек, да речеме,
да има по едно од се` направено, без оглед на нивната употребливост?
Не. Тоа би било едноставно неекономично и неефикасно.
Ако некој човек има потреба од некој производ, но таа потреба е околу
45 минути на ден во просек,
би било многу поефикасно ако
тој производ биде достапен за него,
но и за други кога ќе им затреба.
Многумина забораваат дека не го сакаат производот
туку намената на тој производ.
Кога ќе воочиме дека самиот производ
е онолку важен колку и неговата намена,
ќе видиме дека „надворешното ограничување“
или она што денес би можеле да го наречеме „сопственост“
е крајно неекономично и еколошки нелогично
во основна економска смисла.
Затоа мора да развиеме стратегија наречена „Стратешки Пристап“.
Ова би била основата на нашиот
„Систем за Следење на Побарувачката и Распределбата“.
кој осигурува да можеме да ги исполниме
барањата и потребите на популацијата
за пристап до се` што им е потребно, кога ќе им биде потребно.
А што се однесува до физичката набавка на производите,
централизирани и регионални пристапни
центри имаат смисла, во најголем дел
сместени во близина на популацијата
и човек едноставно би дошол, би го земал предметот
би го употребил и кога ќе заврши, би го вратил ако веќе не му е потребен...
нешто слично како што денес функционира една библиотека.
Всушност, овие центри би можеле да постојат не само
во заедницата на начин како што постојат денешните локални продавници,
туку би постоеле специјализирани пристапни центри во определени области
каде одредени производи често се употребуваат
штедејќи повеќе енергија со помало повторување на транспортот.
И штом овој “Систем за Следење на Побарувачката“ е во функција
тој е поврзан со нашиот “Систем за Управување со Производството“
и секако, со нашиот “Систем за Управување со Ресурсите“
и со тоа создавајќи обединета динамично ажурирана,
глобална економска машина за управување
која едноставно се грижи да останеме одржливи
започнувајќи со обезбедување на интегритетот на нашите конечни ресурси,
продолжувајќи со тоа да се осигура дека ние ги создаваме само најдобрите
и најстратешки можни производи,
истовремено вршејќи распределба на се`
на најинтелигентен и најефикасен начин.
И единствениот резултат од овој пристап базиран на зачувување,
кој е интуитивно спротивен на многу,
е дека овој логичен, темелен,
емпириски процес на зачувување и ефикасност
кој може само да дефинира вистинска човекова одржливост на оваа планета
веројатно би овозможил нешто досега невидено во човековата историја.
Пристап до изобилство...
не само за еден мал процент од глобалната популација...
туку за целата цивилизација.
Овој економски модел, како што беше пред малку објаснет...
Овој одговорен, системски пристап за целосно
управување со ресурсите на Земјата и процесите,
одново дизајниран да не прави ништо помалку,
туку да се грижи за човештвото како целина
на најефикасниот и најодржлив начин,
може да се нарече:
“ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА РЕСУРСИ“.
Идејата се појави во 1970-тите од
социјалниот инженер Жак Фреско.
Тој сфатил дека тогашното општество е во судир
со природата и со самото себе - неодржливо на секое ниво
и дека ако работите не се сменат
ќе се уништиме самите себе, на еден или на друг начин.
Дали сите овие работи за кои зборуваш, Жак...
можат ли да бидат изградени со она што го познаваме денес?
Или претпоставуваш... врз основа на она што денес го познаваме.
Не, сите овие работи можат да се изградат со она што го знаеме денес.
Би биле потребни 10 години за да се смени лицето на Земјата
Да се реконструира светот во втора Рајска Градина.
Изборот лежи во вас.
Глупоста на трката за нуклеарно оружје...
развојот на оружјето...
обидот твоите проблеми да ги решиш политички
со избирање на оваа или онаа политичка партија...
дека цела политика е потоната во корупција.
Дозволете ми да кажам повторно:
Комунизмот, социјализмот, фашизмот... Демократите,
Либералите - сакаме да придобиеме луѓе.
Сите организации што веруваат во подобар живот за човекот:
не постојат Црнечки проблеми или Полски проблеми
или Еврејски проблеми или Грчки проблеми
или проблеми на жените - има човечки проблеми!
Не се плашам од никој; Не работам за никој;
никој не може да ме отпушти.
Немам шеф.
Се плашам да живеам во општеството во кое живееме денес.
Нашето општество не може да се одржи со оваа неспособност.
Слободниот пазар беше супер
пред 35 години. Тогаш за последен пат беше корисен.
Сега мораме да го смениме нашиот начин на размислување или да исчезнеме.
Хорор филмовите од иднината ќе бидат за нашето општество...
начинот на кој не успеа
и политиката...
ќе биде дел од хорор филмот.
Многу луѓе денес го користат терминот 'ладна наука'
бидејќи е аналитичка,
а не ни знаат што значи аналитичка.
Науката значи: приближни претпоставки
за начинот на кој светот навистина функционира.
Значи, ја кажува вистината - она што е
Научникот не се труди да се согласува со луѓето.
Им кажуваат кои се нивните откритија.
Мораат да ги истражат сите работи
и ако некој научник излезе со експеримент што покажува дека
одредени материјали имаат одредени карактеристики,
други научници ќе мораат да го повторат
тој експеримент и да дојдат до истите заклучоци.
Дури и ако научникот претпоставува дека крилото на авионот
поради математика или пресметки
може да издржи одредена количина маса
тие сепак трупаат вреќи
да видат кога ќе се скрши и велат:
„знаеш, моите пресметки се точни или не се точни“.
Го сакам тој систем бидејќи е ослободен од влијанија
и ослободен од мислењето дека математиката може да ги реши сите проблеми.
Мора да ја тестирате и вашата математика.
Мислам дека секој систем кој може
да биде тестиран, треба да биде тестиран.
И дека сите одлуки треба да бидат донесени врз основа на истражување.
Економијата Базирана на Ресурси е едноставно
Научниот Метод применет во општествените прашања -
пристап крајно отсутен во денешниот свет.
Општеството е технички пронајдок.
И најефикасните методи за оптимизирање на човековото здравје
физичкото производство, распределбата, градската инфраструктура и слично
лежат во полето на науката и
технологијата - не во политиката и монетарната економија.
Функционира на истиот систематски начин како, да речеме, авионот.
А не постои Републикански или Либерален начин да се направи авион.
На тој начин, самата природата е
физичкиот референт кој го користиме за да ја докажеме нашата наука
и тоа е поставен систем-
кој се појавува само од нашите разбирања за него.
Всушност, тој нема врска со она што вие
субјективно мислите или верувате дека е вистина.
Наместо тоа, ви дава опција:
можете да научите и да се подредите според
природните закони и да се однесувате во согласност со нив-
кои без исклучок создаваат добро здравје и одржливост...
или можете да одите против течението - кон бескорисност.
Не е важно колку многу верувате дека можете
да станете и да почнете да одите по ѕидот до вас,
законот на гравитација нема да го дозволи тоа.
Ако не јадете - ќе умрете.
Ако не сте биле допрени како деца - ќе умрете.
Колку и да звучи остро, природата е диктатура
и ние можеме или да ја слушаме и да бидеме во хармонија со неа
или да страдаме од неизбежните негативни последици.
Значи, Економијата Базирана на Ресурси не е ништо повеќе
од збир докажани знаења кои го поддржуваат животот,
каде сите одлуки се носат според
оптималната одржливост на човекот и околината.
Ги зема в предвид емпириските „основи на животот“
кои секое човечко суштество ги има како потреба,
повторно независно од неговата политичка или религиозна филозофија.
Нема културен релативизам во овој пристап.
Не е прашање на лично мислење.
Човековите потреби се човекови потреби
и да се има пристап до неопходностите на животот, како што се чист воздух,
здрава храна и чиста вода,
заедно со една позитивно зацврстена, стабилна,
грижлива, ненасилна средина, е неопходно
за нашето ментално и физичко здравје,
нашата еволутивна способност,
а со тоа и самиот опстанок на расата.
Економијата Базирана на Ресурси
би била базирана врз достапните ресурси.
Не можеш да донесеш многу луѓе на остров
или да изградиш град за 50,000 луѓе, без да имаш пристап
до сите неопходности за живот.
Значи, кога го користам терминот „комплетен системски пристап“
зборувам за однапред извршен попис на областа
и одредување со што таа област би можела да не снабди-
не само архитектонски пристап-
не само дизајнерски пристап-
туку дизајн базиран врз сите потребни услови
за да се подобри човечкиот живот.
На ова мислам кога велам интегриран начин на размислување.
Храна, облека, засолниште, топлина, љубов -
Сите тие нешта се неопходни
и ако на луѓето им одземете било кое од нив
ќе добиете “помало“ човечко суштество, помалку способно за функционирање.
Како што претходно посочивме, Економијата Базирана на Ресурси
втемелена глобално, систематскиот пристап кон користењето, производството и распределбата
го базира врз група на вистински економски механизми, или „стратегии“
кои гарантираат ефикасност и
одржливост во секоја област на економијата.
Значи, ако продолжиме со ова размислување во врска со логичкиот дизајн-
што е следно во нашата равенка?
Каде се материјализира сето ова?
Во градовите.
Појавата на градовите е дефинирачка одлика на современата цивилизација.
Нивната улога е да ни овозможат ефикасен пристап до животните потреби
заедно со зголемената општествена поддршка и соработка во заедницата.
Па, како би почнале да дизајнираме еден идеален град?
Во кој облик треба да го направиме?
Квадратен? Трапезоиден?
Па, бидејќи ќе треба да се движиме низ ова здание
може и да направиме се` да ни биде на што е можно подеднаква далечина...
оттаму и кружна форма.
Што би требало да содржи овој град?
Нормално, потребна ни е станбена област, област за производство на добра,
област за производство на енергија, земјоделска област.
Но, како на човечки суштества, нам ни е потребна грижа - затоа ја имаме културата,
природата, рекреацијата и образованието.
Па, да вклучиме и убав отворен парк,
област за забава/настани од културна природа и социјализирање,
како и образовни и истражувачки центри.
И бидејќи работиме со круг
се чини логично да ги ставиме овие работи во појаси
според големината на површината која е потребна за секоја цел,
заедно со лесен пристап до сето тоа.
Многу добро.
Сега, да се сконцентрираме на деталите:
Прво, треба да се обмисли суштинската
инфраструктура или 'утробата' на градскиот организам.
Тоа би биле каналите за пренос на водата, стоката,
отпадот и енергијата.
Исто како што имаме водоводни и канализациски системи под нашите градови денес,
би го прошириле овој концепт на канализирање
во споен концепт за рециклирање на ѓубрето и достава.
Нема веќе поштар или ѓубреџија.
Се` е вградено. Дури можеме да користиме и
автоматизирани воздушни туби или слични технологии.
Истото важи и за транспортот.
Треба да биде вклопен и стратешки дизајниран за да ја намали,
дури и отстрани потребата од потрошувачки, сопствени автомобили.
Електрични трамваи, конвеери, трансвеери и
Маг-Лев, кои можат да ве однесат речиси
секаде во градот, дури и горе и долу
притоа поврзувајќи ве и со други градови.
Се разбира, во случај кога е потребен автомобил
таа е управувана од сателит, заради безбедност и прегледност.
Всушност, оваа автоматизирана технологија се употребува и сега.
Автмобилските несреќи убиваат околу 1,2 милиони луѓе секоја година;
повредуваат околу 50 милиони.
Ова е апсурдно и не мора да се случува.
Во ефикасниот градски дизајн и автоматските коли без шофери
оваа стапка на смртност може речиси да се елиминира.
Земјоделство.
Денес, преку нашите неорганизирани методи за намалување на трошоците во индустријата
со користење пестициди, премногу ѓубрива и други средства,
ние успеавме да уништиме многу
од обработливата површина на оваа планета,
да не го спомнуваме постојаното загадување на нашите тела.
Всушност, индустриските и земјоделските хемиски отрови
сега се појавуваат во скоро секој тестиран човек, вклучувајќи ги и бебињата.
За среќа, има сјајна алтернатива -
методите кои не бараат почва, како хидропониката или аеропониката
кои имаат и помала потреба од хранливи материи и вода,
дури до 75% од сегашниот начин на користење.
Сега храната може да биде органски одгледувана на индустриско ниво
во затворени вертикални фарми,
како на пример, во 50 катни парцели од по 1 декар -
речиси елиминирајќи ја потребата од
пестициди и јаглеводороди воглавно.
Ова е иднината на индустриско одгледување на храна.
Ефикасно, чисто и во изобилство.
Значи, напреден систем од овој вид би бил делумно
она што го сочинува нашиот земјоделскиот појас
произведувајќи ја сета потребна храна за целото население на градот
без потреба за увоз на било што однадвор
заштедувајќи време, отпад и енергија.
И кога сме кај енергијата-
Енергетскиот појас би работел со системски пристап за
користење струја од изобилен обновлив извор
- поточно ветерна, сончева, геотермална и топлински разлики
и ако има воден потенцијал во близина - плиматска и бранова енергија.
За да не си пречат едни на други и за да се осигура
позитивeн поврат на енергетската мрежа
овие медиуми би работеле во интегриран систем
кој ќе ги напојува другите кога е потребно
додека складира вишок на енергија во големи
подземни супер-кондензатори
за да нема никаква загуба.
И не само што градот ќе има сопствено напојување
туку и одредени објекти ќе се напојуваат самостојно
и ќе произведуваат струја преку фотоволтаични бои,
притисочни конвертори на конструкциите, термопарен ефект
и други сегашни, но не доволно искористени технологии.
Но, се разбира, ова го покренува прашањето:
како овие технологии и производи
во глобала, првично ќе се создаваат?
Ова нe води до Производството:
Индустрискиот појас, покрај присутството на болници и слично,
би бил централниот дел од фабричкото производство.
Целосно локализиран во поголемиот дел,
се разбира, би добивал суровини преку
“Глобалниот Систем за Управување со Ресурси“, предмалку објаснет-
со побарувачката поттикната од популацијата на самиот град.
Што се однесува до механиката на производството
мора да разговараме за нов, моќен феномен
кој се појави неодамна во човековата историја
и е на пат да промени се`.
Се вика Механизација
или автоматизација на трудот.
Па, ако погледнете наоколу, ќе забележете дека скоро
се` што користиме денес
е направено автоматски.
Вашите чевли, вашата облека, домашната апаратура, вашиот автомобил и така натаму...
сите се направени од машини на автоматизиран начин.
Дали можеме да кажеме дека општеството не е
под влијание на овие големи технолошки достигнувања?
Се разбира дека не.
Овие системи навистина ги одредуваат новите структури
и новите потреби и тие прават многу други нешта застарени.
Значи, се движиме нагоре во однос на развојот
и употребата на технологијата на експоненцијален начин.
Што значи, автоматизацијата дефинитивно ќе продолжи. Не можете да запрете
технологии кои едноставно имаат смисла.
Автоматизацијата на трудот преку технологијата е основа
на многу големи социјални трансформации во човековата историја.
Од земјоделската револуција и измислувањето на плугот,
до индустриската револуција и измислувањето на парната машина,
па се` до информативната доба во која живееме сега со
главното пронаоѓање на напредната електороника и компјутерите.
И со оглед на напредните производствени методи денес,
механизацијата сега сама се развива,
оддалечувајќи се од традиционалниот метод на
монтажа на составните делови во една конфигурација -
во напреден метод на создавање
на целосни производи во еден единствен процес.
Како и повеќето инженери, jас сум фасциниран од биологијата бидејќи е
толку полна со примери на извонредни инженерски парчиња.
Она што биологијата е - е изучување на нешта кои се копираат себеси.
Најдобра дефиниција за животот која ја имаме.
Повторно како инженер, секогаш бев
заинтригиран од идејата за машини кои се копираат себеси.
Rep-Rap е три-димензионален принтер-
всушност, принтер кој го поврзувате со вашиот компјутер и
наместо да направи дво-димензионални листови хартија со шеми на нив,
тој прави вистински, физички, три-димензионални објекти.
Но, нема ништо ново во тоа,
3-D принтерите постојат веќе 30 години.
Големата работа со "Rep-Rap" е во тоа што тој ги копира повеќето од сопствените делови.
Така што, ако имаш еден, можеш да
направиш уште еден и да му го дадеш на пријател,
како и можноста да ископираш многу корисни нешта.
Од едноставно копирање на основните куќни предмети во вашиот дом,
па се` до копирање на цела автомобилска каросерија со еден замав,
напредното, автоматизирано 3-D принтање сега има
потенцијал да го преобрази речиси секое поле на производство,
вклучувајќи го и станбеното градежништво.
Контурната Изработка е
всушност технологија за производство-
така наречено 3-D принтање - кога директно градиш
3-D предмети од компјутерски модел.
Употребувајќи Контурна Изработка, ќе биде возможно
да се изгради еден дом од 180 квадратни метри
само од машината за само еден ден.
Причината поради која луѓето се интересираат да го автоматизираат градежништвото
е во тоа што тоа навистина носи многу придобивки.
На пример, изградбата е доста интензивна работа
и иако обезбедува работни места во еден сектор од општеството,
исто така има проблеми и компликации.
На пример, градежништвото е најопасната работа која постои.
Поопасна е и од рударството и од земјоделството.
Има највисок степен на смртност во скоро секоја земја.
Друг проблем е отпадот.
Еден просечен дом во Америка има 3 до 7 тони отпад.
Ова е премногу ако го погледнеме влијанието на градежништвото
знаејќи дека околу 40% од сите материјали
во светот се користат при изградба.
Значи, голема е потрошувачката на енергија и ресурси
и големо е оштетувањето на околината исто така.
Правејќи домови со користење на чекани и клинци и дрва
имајќи ја денешната технолошка состојба, е навистина апсурдно
???и ќе води кон тоа нашата работничка класа
да се гледа како манифактурата во САД.???
Неодамна, имаше студија од економистот Дејвид Оутор од MIT
која вели дека нашата средна класа е застарена
и заменета од автоматизацијата.
Едноставно речено, механизацијата денес е попродуктивна,
поефикасна и поодржлива отколку човековата работа
во речиси секој сектор од денешната економијата.
На машините не им е потребен одмор, паузи, осигурување, пензија
и можат да работат 24 часа на ден, секој ден.
Потенцијалот и прецизноста на крајните резултати
споредени со оние на човековата работа, се недостижни.
Заклучокот е: повторувачката човекова работа станува застарена
и непрактична низ целиот свет
и невработеноста која ја гледате околу вас денес
е во основа резултатот на оваа
еволуција на ефикасноста во технологијата.
Пазарните економисти со години ја отфрлаа оваа шема во пораст
која може да се нарече „технолошка невработеност“
заради самиот факт што отсекогаш се појавувале
нови сектори кои ги преземале отпуштените работници.
Денес, сектор на услуги е еднинствениот столб што остана
и моментно вработува повеќе од 80% од Американската работна сила,
процент кој е доста блиску до оној во повеќето развиени држави.
Како и да е, овој сектор е се` позагрозен
од страна на автоматизирани киосци,
автоматизирани ресторани, па дури и автоматизирани продавници.
Економистите денес конечно го признаваат
она што со години го негираа:
Технолошката невработеност не само што ја влошува
постоечката криза на работната сила што ја гледаме насекаде низ светот
како резултат на падот на глобалната економија,
туку колку повеќе рецесијата се продлабочува
толку побрзо индустријата се механизира.
Трикот, кој не се согледува,
е во тоа што колку побрзо вршат механизација за да заштедат пари;
колку повеќе ги заменуваат луѓето -
толку повеќе ја намалуваат куповната моќ на популацијата.
Ова значи дека, додека корпорацијата
може се` да произведе поевтино,
се` помалку и помалку луѓе ќе имаат пари да купат било што,
без разлика колку е тоа евтино.
Заклучокот е дека на играта
“работа за приход“ полека и` се ближи крајот.
Всушност, ако за момент ги разгледате
работните места кои постојат денес
и кои автоматизацијата би можела веднаш да ги преземе, кога би се применила,
тогаш 75% од глобалната работна сила би можела
да се замени со механизација уште утре.
И затоа, во Економијата Базирана на Ресурси
нема Монетарно-Пазарен систем.
Нема пари воопшто...
Затоа што нема потреба.
Економијата Базирана на Ресурси
ја препознава ефикасноста на механизацијата
и ја прифаќа заради она што таа го нуди.
Не се бори против неа, како што ние се бориме денес.
Зошто? Зашто е неодговорно да се прави тоа
имајќи ја на ум нејзината ефикасност и одржливост.
И со ова се навраќаме на нашиот Градски Систем.
Во центарот се наоѓа Централната купола
во која не само што се сместени
образовните објекти и транспортните центри-
туку таа го содржи и централниот компјутер кој
управува со техничките операции на градот.
Градот е, всушност, една голема автоматизирана машина.
Има сензори во сите технички појаси
за да го следи напредокот на архитектурата-
собирањето на енергија, производството, распределбата и слично.
Дали би имало потреба луѓето да ги надгледуваат овие
дејности во случај на дефект и слично?
Најверојатно: да.
Но, нивниот број би се намалувал
со време, како што продолжува напредокот.
Меѓутоа, од денешна гледна точка, би биле потребни
само околу 3% од градската популација
за оваа работа.
А ве уверувам:
дека во економски систем кој
е дизајниран да се грижи за вас
и да ја осигура вашата благосостојба
без да морате да се потчинувате на
секојдневна приватна диктатура...
Најчесто на работна позиција која е
или технички непотребна, или општествено бесмислена,
додека често се борите со непостоечки долг
само за да сврзете крај со крај...
Ви гарантирам: насекаде ќе има доброволци кои ќе се грижат
да се задржи и подобри системот
кој навистина се грижи за нив.
А заедно со прашањето на 'Поттикот'-
се јавува и вообичаената претпоставка дека
ако не постои некој надворешен притисок
за човек да „работи за живот“,
луѓето само би седеле, не би правеле ништо
и би се претвориле во дебели мрзливци.
Ова се глупости.
Системот на работна сила кој го имаме денес
е всушност генератор на мрзеливост-
а не лек за истото.
Ако се сетите на времето кога сте биле дете-
полни со живот, заинтересирани да дознаете нови нешта-
веројатно сте создавале и сте проучувале...
Но, како што минувало времето, системот ве притискал
кон тоа да смислите начин како да направите пари.
И од раното образование,
до универзитетските студии, ве стеснуваат.
Само за да испливате како суштество кое служи
како забец на тркалото во модел кој
го дава сиот плод за горниот 1%.
Научните истражувања покажаа дека луѓето, всушност,
не ги мотивира паричната награда
кога станува збор за проникливоста и создавањето.
Самото создавање е наградата.
Парите, се чини дека служат како поттик
за повторливите, банални активности-
улога за која штотуку покажавме дека може да се замени со машина.
Кога станува збор за иновации,
односно за употребата на човековиот ум,
паричниот поттик се докажа како пречка
која се вмешува и го одвлекува креативното размислување.
А ова би можело да објасни и зошто Никола Тесла, браќата Рајт
и други пронаоѓачи кои дале значаен придонес
за светов во кој живееме,
никогаш не покажале паричен поттик за да го сторат тоа.
Парите се всушност лажен поттик
и предизвикуваат 100 пати повеќе изобличување,
отколку придонес.
Добро утро, ученици. Ве молам за внимание.
Прво би сакала да прошетате низ училницата
и секого да го прашате што сака да биде кога ќе порасне.
Кој сака да биде прв?
Добро, може ли ти, Сара?
Кога ќе пораснам сакам да работам во МекДоналдс како мајка ми!
Семејна традиција, а?
А ти, Линда?
Кога ќе пораснам ќе бидам
проститутка на улиците на Њујорк!
Опа! Гламурозна девојка, а?
Многу амбициозно.
А ти, Томи?
Кога ќе пораснам, јас ќе бидам
богат, елитистички бизнисмен кој работи
на Вол Стрит и профитира од
колапсот на економиите на другите држави.
Проникливо...
Одлично е да се види малку мултикултурен интерес!
[Жртви на Културата]
Како што рековме претходно, Економијата Базирана
на Ресурси го применува Научниот Метод кај општествените прашања
и ова не е ограничено само на техничката ефикасност.
Исто така, директно ги зема предвид
човековата и општествената благосостојба и она што ја сочинува.
Од каква корист е општествениот систем ако
не нуди среќа и мирен соживот?
Значи, важно е да се нагласи дека
со отстранување на паричниот систем
и обезбедувањето на потребите за живот,
би забележале глобално намалување на
криминалот за околу 95%, речиси веднаш,
затоа што не би имало што да се украде, проневери, измами и слично.
95% од луѓето во затворите денес се таму
заради некое злосторство поврзано со пари или со злоупотреба на дрога,
а злоупотребата на дрога е растројство - не криминал.
Но, што е со останатите 5%?
Оние навистина насилни...
За кои често се мисли дека се насилни
само заради тоа што сакаат да бидат насилни.
Дали се тие едноставно „злобни“ луѓе?
Причината поради која искрено сметам дека е губење време
да се вклучувам во осуда на моралните вредности
во врска со насилството е
затоа што не го продлабочува ни за трошка
нашето сфаќање ниту за причините,
ниту за спречувањето на насилното однесување.
Луѓето понекогаш прашуваат дали мислам дека треба да им биде „простено“ на криминалците.
Мојот одговор е
„Не, не верувам во проштевање
исто како што не верувам ни во осудата.“
Само тогаш кога ние, како општество,
ќе го заземеме истиот став кон третирањето на насилството како
проблем на јавното здравје и превентивната медицина
наместо како морално „зло“...
Само тогаш кога ќе ги промениме сопствените
ставови и претпоставки и вредности,
само тогаш навистина ќе успееме во намалувањето на
нивото на насилство, наместо да го поттикнуваме-
а тоа е она што го правиме денес.
Колку повеќе трагаш по правда, толку повеќе самиот се повредуваш
затоа што не постои правда.
Постои што и да е тоа што е таму. Тоа е тоа.
Со други зборови, ако луѓето се условени да бидат фанатични расисти -
ако израснале во средина која се залага за тоа,
зошто се обвинува таа личност?
Тие се жртви на субкултурата.
Оттука, треба да им се помогне.
Поентата е дека треба да ја редизајнираме средината
која произведува несоодветно однесување.
Тоа е проблемот.
А не да го затвораме човекот.
Затоа судии, адвокати-
„слободата на избор“ - таквите концепти
се опасни, затоа што ви даваат погрешни информации.
Дека лицето е „лошо“... Или дека лицето е „сериски убиец“.
Сериските убијци се создаваат
исто како што војниците стануваат сериски убијци со автоматска пушка.
Стануваат машини за убивање, но никој
не гледа на нив како на убијци или атентатори
затоа што тоа е „природно“,
Па така, ги обвинуваме луѓето.
Велиме: „Па, типов беше Нацист - измачуваше Евреи“
Не, тој беше одгледан да измачува Евреи.
Штом го прифатиш фактот дека луѓето
имаат индивидуален избор и се слободни
да го направат тој избор... Слободни да прават
избор значи без некој да влијае на нив,
а тоа воопшто не можам да го разберам.
Сите ние сме под влијание при секој наш избор
од страна на културата во којашто живееме, од страна на нашите родители
и од страна на вредностите кои доминираат.
Значи, ние сме под влијание што значи дека не може да постои „слободен“ избор.
Која е најдобрата држава на светот? - Вистинскиот одговор:
Не сум бил секаде во светот и не знам
доволно за различните култури за да одговорам на тоа прашање.
Не познавам никој кој би го рекол ова.
Велат дека тоа се „старите добри САД!
најдобрата држава на светов!“
Нема истражување... „Дали сте биле во Индија?“ - „Не.“
„Дали сте биле во Англија?“ - „Не.“
„Дали сте биле во Франција?“ - „Не.“
Тогаш врз која основа расудувате?
Не знаат да одговорат - ви се лутат.
Велат, „Ѓавол да те земе! Што се замислуваш ти,
па ми кажуваш што да мислам?!“
Знаете... Запомнете: си имате работа со ограничени луѓе.
Тие не се одговорни за своите одговори,
тие се жртви на културата, а тоа значи дека
биле под влијание на културата.
[Четврти дел: Подем]
Кога разгледуваме Економија Базирана на Ресурси
се јавуваат бројни аргументи кои никнуваат...
[Еј]
[Еј! ЕЈ!]
[Почекај малку]
[Знам што е ова. Ова ти се вика Марксизам, братче]
[Сталин убил 800 милијарди луѓе заради идеи како оваа...]
[Татко ми загина на Гулаг!]
[Комунист! Фашист!]
[Ако не ти се допаѓа Америка, оди си!]
Во ред, смирете се...
[Смрт за Новиот Светски Поредок!]
[Смрт за Новиот Светски Поредок!]
И додека ирационалноста
на публиката растеше, шокирана и збунета:
наеднаш нараторот претрпе смртоносен срцев удар.
И навидум комунистичко-пропагандниот филм, заврши.
[Системска грешка]
[Започнато враќање - Вратено]
Знаете, сум им рекол такво нешто луѓето
во ситуации кои поттикнуваат на размислување,
знаете, “Римскиот Клуб“ типови на луѓе и така натаму...
И велат „Марксист!“
Што? Марксист? Од каде пак сега тоа?
Тие си имаат една икона и се држат до неа-
нивниот Свет Грал,
а знаете, тоа е барем лесно.
Луѓето прашуваат дали сум Социјалист или Комунист или Капиталист.
Јас велам дека не сум ништо од наведеното и зошто
мислите дека тие се единствените опции?
Сите тие политички концепти
се создадени од автори кои претпоставиле
дека живееме на планета со бесконечни ресурси.
Ниту една од тие политички философии не ни
помислува дека може да постои недостаток на било што.
Верувам дека комунизмот, социјализмот, слободниот пазар, фашизмот,
се дел од општествената еволуција.
Не можете да се направите џиновски чекор
од една култура во друга-
постојат системи меѓу нив.
Пред да се појави било каков „-изам“, имаме основни услови за живот,
а основните услови за живот, како што опишав,
се - едноставно - оние услови
кои се потребни за да го вдишеме нашиот следен здив
и во нив спаѓаат воздухот што го дишеме,
водата што ја добиваме, безбедноста која ја имаме,
достапното образование - сето
она што го делиме и користиме, и без кое
животот, во било која култура, не би можел да опстои.
Значи, мораме да се вратиме назад на основните услови за живот,
а основните услови за живот не се некаков „-изам“.
Тоа е „анализа на вредноста на животот“.
[Преку Бледилото]
Едноставно, се работи за историски факт
дека доминантната интелектуална култура
на кое било општество е одраз
на интересите на доминантната група во тоа општество.
Во робовладетелското општество
верувањата за човековите суштества и човековите права
и така натаму се одраз на потребите на робовладетелот.
Во општеството пак, кое е базирано на
моќта на одредени луѓе да го контролираат и профитираат од
животот и работата на милиони други,
доминантната интелектуална култура
ќе ги одразува потребите на доминантната група.
Значи, ако добро погледнете,
водечките идеи во психологијата и
социологијата и историјата
и политичката економија и политичките науки
во суштина се одраз на одредени елитни интереси.
А академиците кои премногу се сомневаат во тоа
обично се истуркани на страна или
се третирани како некој вид „радикални“.
Доминантните вредности на една култура
обично го поддржуваат и поттикнуваат
она што се наградува во дадената култура.
А во општество во кое успехот
и положбата се мерат со материјално богатство
- не со општествен придонес -
лесно се гледа зошто состојбата во светот е таква каква што е денес.
Имаме работа со 'растројство во системот на вредности'
- целосно оттргнат од природата -
каде приоритетот на личното и општественото здравје
станува секундарно зад штетните
идеи на вештачко богатство и неограничен пораст.
И, како вирус, ова растројство
го обзема секој аспект на владеење
- медиуми - забава - па дури и академските кругови.
А вградени во самата структура
се механизмите за заштита
од се` што може да се појави како пречка.
Следбениците на Монетарно-Пазарната религија,
самоназначените чувари на Статус Кво
постојано трагаат по начини на избегнување на било какви форми на
размислување кое би можело да се спротистави на нивните верувања.
Од кои најчести се: Проектираните Дуалности.
Ако не си Републиканец, мора да си Демократ.
Ако не си Христијанин, можеби си Сатанист.
И ако сметаш дека општеството може значајно да се подобри,
да речеме, можеби - што знам-
да води грижа за сите?
тогаш си само „Утопист“.
И најподмолното од сите:
ако не си за „слободниот пазар“,
мора да си и против самата слобода.
Јас верувам во слободата!
Секогаш кога ќе го чуеш зборот слобода,
каде и да е изговорен, како интервенција на власта
изречена било каде, тоа - декодирано - значи:
блокирање на максимизацијата за претворање на парите
во повеќе пари за приватни поседувачи на пари.
Тоа е тоа. Цело време повторуваат:
„О, потребни ни се повеќе добра за луѓето“;
„О, ова е слобода против тиранија“ и така натаму.
Секогаш кога ќе го видиш, можеш да го декодираш до тоа,
и мислам дека постои еднаква корелација
секојпат кога го користат.
А ова, на некој начин, може да го наречеме:
синтакса. Водечка синтакса на разбирање и на вредност.
Значи, управува без нивно признание,
па можат да речат: „О, не мислев така воопшто!“
Но, всушност, тоа и го прават.
Исто како што можете да зборувате за граматика,
а граматиката има правила кои ги следите
без свесно да ги препознаете правилата...
И така, имаме таканаречена „Синтакса на Владеачки Вредности“
врз која се` се потпира. И секојпат кога ги користат овие зборови:
'интервенција на власта'; 'недостиг на слобода' или 'слобода'
или 'напредок' или 'развој'
сите тие можете да ги декодирате до нивното првично значење.
Се разбира, кога го слушаме зборот 'слобода'
обично е во истата реченица
со нешто што се нарекува 'демократија'.
Зачудувачки е тоа што луѓето денес веруваат
дека навистина имаат значајно
влијание врз она што нивните влади го прават,
заборавајќи дека самата природа на
нашиот систем нуди се` на продажба.
Единствен глас што се брои е монетарниот глас
и не е важно колку некој
активист вреви за етика и одговорност,
во пазарниот систем, секој политичар, секој закон,
а оттука и секоја влада е на продажба.
Па дури и со помошта за банките од 20 трилиони долари
почнувајќи од 2007 година,
износ на пари кој би можел да ја промени,
да речеме, инфраструктурата за глобална енергија
до целосно обновливи методи,
наместо да минува низ низа на институции
кои буквално не прават ништо за да му помогнат на општеството,
институции кои би можеле
уште утре да се отстранат без регрес...
Слепите убедувања дека политиката и
политичарите постојат за општо добро и натаму продолжуваат.
Вистината е дека политиката е бизнис
- во никој случај поинаков од било кој друг бизнис во пазарниот систем
и тие се грижат пред се` за својот сопствен интерес.
Јас, најискрено, ни најмалку не верувам во политичка активност
Сметам дека системот се стеснува и се шири како што сака.
Се прилагодува на ваквите промени.
Сметам дека движењето за човекови права беше прилагодување
од од страна на оние кои ја поседуваат оваа држава.
Мислам дека сфаќаат каде лежи нивниот личен интерес;
сфаќаат дека извесен степен на слобода изгледа привлечно
- илузија на слобода од авторитет- дајте им на луѓево ден за гласање еднаш годишно
за да се под илузијата на беззначаен избор.
Беззначен избор - тоа што се движиме како робови и велиме
„О, јас гласав.“ Границите за дебатирање во земјава се поставени
уште пред да започне дебатата, и сите други
се маргинализирани и се направени да изгледаат или
како комунисти, или како некој вид нелојални личности
-„чукнати“- тоа е добар збор...
И веќе се работи за „заговор“. Гледаш - тие го создаваат тоа.
Нешто за што не би требало да се размислува ни за миг:
дека моќните луѓе можеби се собираат и кројат план!
Не е можно! Ти си „чукнат“! Ти си „љубител на заговори“!
А од сите одбрамбени механизми на овој систем
има два кои постојано се јавуваат.
Првиот е идејата дека системот е „причината“
за материјалниот напредок на оваа планета.
Епа... Не.
Во основа постојат две главни причини кои
го создадоа зголеменото таканареченото „богатство“
и порастот на популацијата кој го гледаме денес.
Прво: експоненцијалниот напредок на производната технологија;
оттука, и научната инвентивност.
И второ: пронаоѓањето на изобилство на јаглеводородна енергија
-која во моментов е основа на целиот социо-економски систем.
Слободниот / капиталистички / монетарен
пазарен систем - наречете го како сакате -
не прави ништо, освен што плови на бранот на овие достигнувања
со растроен систем на поттик, и ризичен, страшно
неурамнотежен метод на искористување и распределба на овие плодови.
Втора одбрана се агресивните општествени предрасуди
кои се резултат на долгогодишна пропаганда
која го гледа секој друг општествен систем
како патека до таканаречената „тиранија“
зачинета со имињата на Сталин, Мао, Хитлер...
И смртната стапка која ја предизвикале.
Сепак, колкави деспоти и да биле овие луѓе
заедно со општествените пристапи кои тие ги овековечиле...
кога се работи за играта наречена 'смрт'
- кога се работи за систематско
секојдневно масовно уништување на човечките суштества -
Ништо во историјата не се споредува со она што го имаме денес.
Гладот - низ речиси целиот изминат век од нашето време,
не беше предизвикан од недостаток на храна.
Беше предизвикан од релативна сиромаштија.
Економските ресурси беа толку нерамномерно распределени
што сиромашните едноставно немаа доволно пари
за да ја купат храната која би била
достапна кога би можеле да си дозволат да ја платат.
Ова би бил пример за Структурно насилство.
Друг пример: во Африка и други области-
ќе се фокусирам посебно на Африка-
десетици милиони луѓе умираат од СИДА.
Зошто умираат?
Не затоа што не знаеме како да ја лекуваме СИДА-та.
Имаме милиони луѓе во богатите земји
кои се снаоѓаат зачудувачки добро затоа што
имаат лекови кои ја лекуваат.
Луѓето во Африка кои умираат од СИДА
не умираат заради ХИВ вирусот...
Умираат затоа што немаат пари за да
ги платат лековите кои би ги одржале во живот.
Ганди го согледа ова. Рече:
„Најсмртоносниот облик на насилство е сиромаштијата.“
И тоа е апсолутно точно.
Сиромаштијата убива далеку повеќе луѓе отколку сите војни во историјата;
повеќе луѓе отколку сите убијци во историјата;
повеќе отколку сите самоубиства во историјата...
Не само што Структурното насилство убива повеќе луѓе
од сето насилно однесување заедно,
Структурното насилство е исто така и
главната причина за насилното однесување.
[После нафтениот зенит]
Нафтата е темелот
и насекаде присутен дел од колосалноста на цивилизацијата.
Има 10 калории јаглеводородна енергија - нафта и природен гас -
во секоја калорија од храната што јас и вие ја јадеме во индустријализираниот свет.
Ѓубривата се направени од природен гас.
Пестицидите се направени од нафта.
Возиме машини кои работат на нафта за да садиме - ораме -
наводнуваме - жнееме - пренесеме и спакуваме. Храната ја
пакуваме во пластика - тоа е нафта. Целата пластика е нафта.
Има 26 литри нафта во секоја автомобилска гума.
Нафтата е насекаде; сеприсутна е. Само заради нафтата
има 7 билиони луѓе или
речиси 7 билиони луѓе денес на планетава.
Појавата на оваа евтина и лесно достапна енергија
која, патем, соодветствува на
билион робови кои работат до исцрпување
го промени светот толку радикално во последниот век
што популацијата се зголеми за 10 пати.
Но, до 2050 резервите на нафта ќе можат да обезбедат
помалку од половина од денешната светска популација
да продолжи со сегашниот начин на живот.
Значи, размерот на приспособување на поинаков начин на живот е огромен .
Светот сега користи 6 барели нафта за секој барел што ќе го најде.
Пред пет години користеше 4
барели нафта за секој барел што ќе го најдеше.
За една година ќе се користат
8 барели нафта за секој барел што ќе биде најден.
Она што е вознемирувачко за мене е
недостигот на реален напор од владите и индустриските
лидери ширум светот да променат нешто.
Имаме наводни обиди да се гради за добивање на енергија од ветрот
или да се направи нешто со енергијата од приливот...
имаме обиди да ги направиме автомобилите за нијанса поефикасни,
но нема ништо што ќе изгледа како
револуција - сите овие се незначителни
и мислам дека тоа е прилично застрашувачко.
А владите водени од овие економисти
кои баш и не го ценат она за што зборуваме
се обидуваат да стимулираат потрошувачка со надеж
дека ќе се врати минатото и минатиот просперитет.
Печатат уште повеќе пари без оглед на колатералната штета.
Па ако економијата се подобри и
се опорави и фамозниот пораст се врати
ќе биде само краткотрајно бидејќи
во краток временски период, сметан во месеци,
а не во години, повторно ќе ја достигне границата на залихите;
ќе има уште еден ценовен шок -
и подлабока рецесија. Затоа мислам
дека сме во серија магични кругови
Значи економскиот раст се зголемува - цените растат -
се` се умртвува. Во моментов сме таму.
Тогаш повторно оживува, но сега веќе немаме можност
за производство на евтина енергија.
Сега сме во зенитот - оттука одиме надолу во производството на нафта
Не постои начин да се испумпа повеќе и побрзо од земјата
што значи нештата замираат, цената на нафтата паѓа
што се случи на почетокот на 2009, но штом има ’опоравување’
цената на нафтата повторно се враќа.
Неодамна се движеше околу 80 долари
за барел и гледаме дека дури и по оваа цена
со финансискиот и економскиот колапс
луѓето тешко можат да си ја дозволат.
Светското производство на нафта во моментов е околу 86 милиони барели дневно.
Во рок од десет години, имате работа со
околу 14 милиони барели дневно што треба да се заменат.
Нема ништо друго што може да се приближи
ниту до 1% од задоволување на таа побарувачка.
Доколку не направиме нешто брзо
ќе има голем енергетски дефицит.
Мислам дека големата грешка е што не се препозна,
пред околу една деценија, потребата од заеднички напор
за да се развијат овие
одржливи форми на енергија.
Мислам дека тоа е нешто кон кое нашите внуци ќе гледаат
со неверување. ’Вие сте знаеле
дека имате работа со конечна стока...
како е можно да сте ја основале вашата економија
на нешто што ќе исчезне?’
За првпат во човечката историја
нашиот вид е соочен со постепеното исчезнување на основниот ресурс
централен за нашиот систем на опстанок.
И поентата на целата ситуација е што
дури и со недостатокот од нафтата,
економскиот систем ќе го турка
својот тумороиден модел на развој...
за луѓето да купуваат повеќе автомобили на нафта
со цел да го зголемуваат БДП и да создаваат работни места...засилувајќи ја пропаста.
Дали постојат решенија со кои би се заменила
колосалната јаглеводородна економија?
Секако дека има.
Но, патот по кој треба да се остварат овие промени
нема да се оствари преку протоколите на Пазарниот Систем
затоа што новите решенија можат да бидат
спроведени единствено преку Механизмот на Профит.
Луѓето не инвестираат во обновливи извори на енергија
затоа што нема пари во тоа, краткорочно и долгорочно.
А потребната посветеност за да се случи нешто такво
е можна само при тешки финансиски загуби.
Што значи, нема паричен поттик и во овој систем
ако нема паричен поттик, нештата не се случуваат.
Згора на тоа, Нафтениот Зенит е
само една од видливите последици
на еколошко-социјалниот воз на распадот кој зема сила.
Другите загуби ја вклучуваат водата за пиење
- самата основа на нашето постоење -
која моментално е во
недостаток за 2.8 билиони луѓе
и тој недостаток е на пат да достигне 4 билиони до 2030.
Производство на храна:
Уништувањето на обработлива земја, од која
доаѓа 99.7% од целата храна наменета за луѓето денес,
се случува 40 пати побрзо отколку што е потребно да се обнови
и во последниве 40 години, 30% од
обработливата земја стана непродуктивна.
Да не споменувам дека јаглеводородите се 'рбетот
на денешното земјоделство и како што се намалуваат...
ќе се намалува и залихата на храна.
А што се однесува општо на ресурсите
со нашите сегашни трендови на потрошувачка, до 2030
ќе ни бидат потребни 2 планети за да ја задржиме сегашната стапка.
Да не го споменувам постојаното уништување
на биодиверзитетот кој го одржува животот,
кое предизвикува грчевито истребување и
дестабилизација на животната средина во целиот свет.
И со сите овие опаѓања
ние имаме речиси експоненцијален раст на популацијата
при што до 2030 би можело да има преку
8 билиони луѓе на оваа планета.
Само производството на енергија ќе треба
да се зголеми за 44 % до 2030 за да задоволи таква побарувачка.
И пак, бидејќи парите се единствениот иницијатор за делување -
дали ние треба да очекуваме дека секоја држава на
планетата ќе биде во можност да си ги дозволи
големите промени потребни да се револуционизира земјоделството,
обработката на вода, производството на енергија, и слично?
Во време кога глобалната пирамидална шема на долгот
полека го замира целиот свет...
Да не го споменувам фактот дека
невработеноста која моментално ја гледаме
ќе стане вообичаеност заради
природата на технолошката невработеност.
Работните места нема да се вратат!
И конечно, широка социјална перспектива.
Од 1970 до 2010, сиромаштијата на оваа
планета се удвои благодарение на овој систем...
и со оглед на моменталната состојба -
дали навистина мислите дека ќе видиме
нешто помалку од уште удвојувања...
уште страдање и масовен глад?
[Почетокот]
Нема да има никакво опоравување.
Ова не е некоја долга депресија
од која ќе се извлечеме некој ден.
Мислам дека наредната фаза која ќе ја видиме по
наредната низа економски падови е масовни јавни немири.
Кога социјалната помош ќе престане да се исплаќа
бидејќи државата нема повеќе пари.
И кога работите ќе станат толку лоши што луѓето ќе изгубат доверба
во нивните одбрани лидери, тие ќе бараат промена,
доколку не се испоубиеме меѓусебно во тој процес
или ја уништиме природата.
Се плашам дека можеме да дојдеме до точката од која нема враќање...
а тоа ме мачи до немајкаде.
Правиме се` што можеме за да ја избегнеме таа состојба.
Очигледно е дека сме на работ на голема транзиција во човековиот живот...
Она со кое се соочуваме сега е суштинска
промена на животот каков што го знаевме во минатиот век.
Мора да постои врска помеѓу економијата и
ресурсите на оваа планета,
ресурсите, се разбира, како животинскиот и растителниот свет;
состојбата на океаните и се` останато.
Ова е монетарна парадигма која нема да
заврши додека не го убие и последното човечко суштество.
„In“ групата ќе направи се` што може за да ја зачува моќта
и тоа е нешто што треба да го имате на ум.
Тие ќе ја употребат армијата и морнарицата и лагите...
и се` останато што мораат за да ја зачуваат моќта.
Тие нема да се откажат
затоа што не знаат за друг систем кој ќе го продолжи нивниот вид.
[Во живо од Њујорк]
[Глобални протести ја замреа светската економија...]
[Лондон - во живо]
[Кина - во живо]
[Јужна Африка - во живо]
[Шпанија - во живо]
[Русија - во живо]
[Канада - во живо]
[Саудиска Арабија - во живо]
[Стапките на криминал на Запад се зголемуваат]
[ОН објавува Глобална Вонредна Состојба]
[Глобална невработеност до 65%]
[Стравувањата од Светска Војна продолжуваат]
[Должничката криза предизвикува недостиг на храна]
[Земете си ги назад]
[Без известувања за насилство
продолжуваат досега невидени протести...
Се чини дека неколку трилиони долари
систематски се повлекуваат од банкарските сметки
низ светот и за возврат...
очигледно сега се фрлени
пред централните банки во светот]
[ОВА Е ТВОЈОТ СВЕТ]
[ОВА Е НАШИОТ СВЕТ]
[РЕВОЛУЦИЈАТА Е СЕГА]
[WWW.THEZEITGEISTMOVEMENT.COM]
Превод: Zeitgeist Movement Macedonia Linguistic Team
Лектура: IceMan