Tip:
Highlight text to annotate it
X
ГОЛЕМИТЕ ЛУЃЕ
ДОБРОСЛАВ ДИМИТРОВ, ГЛАВЕН ДИЗАЈНЕР И КО-ОСНОВАЧ НА ИО Секој човек, кога се раѓа, кога го создаваме,
има одреден збир од квалитети како човек -
може да се позитивни, а може и да не се толку
позитивни.
Овие негови квалитети остануваат со него и тој ги развива,
додека старее и се развива.
Во истото време може да стекнува нови.
ИДЕЈА И ФИЛОЗОФИЈА
Филозофијата за начинот на кој ги правиме дизајните
за Империја Онлајн била една од првиот нејзин ден
како производ -- целосна близина до
реалноста.
Колку поблиску до реалноста можеме да ја направиме
играта, се разбира, без да го жртвуваме елементот на игра,
толку подобро.
Целата филозофија на Империја Онлајн
е да се задржи реалноста во дизајнот на играта.
Па така, Големите луѓе го следат истиот модел -
тие не играат улоги на херои, кои да кажеме, се претставуваат
во други игри -- тие се апсолутно блиску до реалноста -
Можете да видите како една империја зависи од своите водачи,
од своите првенци
и како едно семејство се развива.
Прво доаѓа реалноста и потоа,
се разбира, интересниот дизајн на играта.
СУШТИНА НА МОДУЛОТ
Големите луѓе се модул кој ќе ги стави играчите
ЈОАНА ГЕОРГИЕВА, ПРОДУКТ МЕНАЏЕР во кралски средновековен контекст.
Ќе им даде широк избор на стратегии -
најважното е дека ќе им даде лице на тие стратегии
и ќе ги мотивира секој ден да влегуваат
не во профилите, а во своите империи,
кое е социјалниот, личниот елемент на овој модул.
Големите луѓе ја претставуваат царската фамилија
и царскиот двор на империјата -
се раѓаат, растат, стареат и умираат во реално време.
Можат да бидат назначувани за генерали
и гувернери на различни поседи -
тука не се вклучуваат само провинции,
но нема да издавам повеќе.
Можат да бидат испраќани во битка
како офанзивни генерали.
Собираат искуство, а со него и вештини, кои даваат
многу вредни бонуси во целата империја
на економски и воен план.
Меѓутоа, најважното за модулот е дека директно или индиректно
ја одредува целата концепција за Верзија 6 -
и како сложеност на механиката и како
графичка димензија на играта.
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО
Од создавањето на модулот, целите екипи од
Product Developmemnt, Web Development, Web Design
и Art, а понатаму ќе се вклучи и QA одделот
за модулот да биде завршен и исчистен од проблеми
и се разбира -- преведувачите и писателите на текстови -
за да има убави и интересни текстови.
Тоа се околу 70-тина луѓе, ако пресметката ми е точна.
ВЛИЈАНИЕ
НИКОЛА ШЕКЕРЕВ, ДИЗАЈНЕР И ПРОДУКТ МЕНАЏЕР Целта на овој модел е да креира социјален контекст
за скоро сѐ што се случува во твојата империја.
Што значи ова?
Тоа значи дека ние имаме една симулација,
која математички е многу совршена -- се пресметуваат
некакви задоволства, се создаваат некакви ресурси, но ова сето
изгледа како математика.
Добро, но е многу поубаво всушност ти
да не ја поврзуваш играта со некаква голема spreadsheet
со бројки, а да ја поврзуваш и со човечки судбини.
Односно -- ние сакаме да дадеме карактер
на секоја твоја провинција, на секоја твоја битка,
на апсолутно сѐ во играта.
Ние сакаме да создадеме човечки елемент.
Големите луѓе се лицето на тој елемент.
Освен тоа, сакаме да има приказни кои се случуваат
во твојата империја.
Сакаме секоја ера што ја играш
да е единствена во нешто.
И овие мали приказни, создадени автоматски
од системот, се всушност тие приказни
за Големите луѓе што ги спомнав претходно.
Твојот лик се раѓа, тој има некаква
судбина -- расте, станува добар во некои работи.
Бидејќи е добар точно во тие работи, ти го ставаш точно
во тие провинции.
Во тие провинции се случуваат некакви работи, кои
во основа се случиле таму бидејќи точно тој лик
е таму.
После тој старее, се жени, има деца, умира.
Сите овие настани всушност создаваат
некаква приказна, некаква хронологија за тој лик.
И така придаваме некаква индивидуалност на таа провинција,
на сѐ што е поврзано со тој лик.
УМЕТНИЧКИ ДИЗАЈН
ТОДОР ИГНАТОВ, ШЕФ НА УМЕТНИЧКИОТ ТИМ Ова беше вистински предизвик за нашиот оддел
бидејќи досега не сме се зафатиле со
ваков вид жанр.
Формиравме тим од четворица уметници
кои целосно се посветија на уметноста за овој модул.
Подготвувањето на портретите ни одзеде 4 месеца
напорна работа.
Основната задача ни беше да направиме
реални машки и женски портрети
на средновековни благородници.
Тешкотијата беше во тоа што требаше да покажеме
различни карактери само преку лицето -
преку стиснати усни, полузатворени очи,
да покажеме дека човекот е злобен или умен,
или подол.
Можам да кажам дека се справивме многу добро.
И СЕТО ОВА Е МАГИЈА?
Па да Митко, за тебе е магија!
ГОЛЕМИТЕ ЛУЃЕ ДОАЃААТ ВО ИО ВО СЕПТЕМВРИ!