Tip:
Highlight text to annotate it
X
Порака на бескрајното "ДА"
Сега им се обраќам на маркетиншките менаџери,
корпорациските раководители и владините претставници
бидејќи знам колку се трудите да не исплашите.
Се обраќам на полицајците, припадниците на обезбедување
и на сите кои се чувствуваат овластени да држат авторитет над друга личност.
Бидејќи знам дека сте збунети
Се обраќам на секоја вработена личност кога се грижи дека
без своја потчинетост на корумпираната власт и работничкиот систем,
нејзиниот опстанот ќе биде неизвесен.
Бидејќи не греши.
Им се обраќам на сите кои се чувствуваат вознемирено, здодевно или несреќно
бидејќи луѓето сакаат да ви кажат дека тоа е ваша грешка
дека тој проблем лежи во вас.
Но, тоа не е точно.
Се обраќам на сите кои знаат дека нешто грозно не е во ред,
но не веруваат дека тоа некогаш ќе се промени.
Грешите.
Им се обраќам на сите,
кои, многу оправдано, стравуваат за иднината на нашата планета.
Секој ден ни се зборува како би можеле да бидеме уништени
или низ еколошка катастрофа,
или со фрлање на атомска бомба и испуштање на бојни отрови.
Тие не зборуваат за решенија, и не нудат надеж.
Се надевам дека јас можам.
Денес слушнав млада жена
како зборува на колегата дека понекогаш се буди плачејќи.
Не знае зошто, но не може ништо против тоа.
Набрзо се доселила тука, има маж и две деца,
и не разбрала како со толку наизглед совршен живот,
може да ги поминува утрата расплакана под тушот
пред да дојде при себе и да ги испрати децата на школо и да замине на работа.
Не сакав да се мешам во разговорот, но сакав да и кажам дека ја разбирам.
Дека нејзината болка е оправдана, но дека има избор.
Како и сите ние
и баш како што кажа Бил Хајкс:
"Измеѓу стравот и љубовта"
И одбивам да бидам преплашен.
Користев многу страшни слики
бидејќи така прават и тие
не купувајте мамец
за вистинските глобални решенија посетете :www.thezeitgeistmovement.com
http://theinfinityes.com