Tip:
Highlight text to annotate it
X
Би било добро да ве запознаеме со основната терминологија
која се користи во Вештачка Интелигенција за опишување на различни проблеми.
Првиот поим кој ќе ви го претставам е целосна наспроти делумна видливост.
Околината се нарекува целосно видлива ако она што агентот го набљудува
во било кој момент од времето е доволно за тој да донесе оптимална одлука.
На пример, во многу игри со карти
кога сите карти се на масата, моментната состојба на тие карти
е сосема доволна за да се направи оптимален избор.
Тоа е спротивно на околините во кои е потребна меморија
од страна на агентот, со цел да се донесе најдобрата одлука.
На пример, картите во покер не се отворени
и меморизирање на минатите потези ќе помогне при носење одлуки.
За целосно да ја разберете разликата, претставете си интеракција на агент
со околината преку неговите сензори и ефектори,
интеракција која трае повеќе циклуси,
процес кој се нарекува перцепција-акција циклус.
За многу околини може да се претпостави
дека имаат некаква внатрешна состојба.
На пример, во игра со карти во која што картите не се отворени,
состојбата може да се однесува на картите во вашата рака.
Околината е целосно видлива ако сензорите секогаш можат да ја видат
целосната состојба на околината.
Околината е делумно видлива ако сензорите можат да видат само дел од состојбата,
но меморизирањето на минатите податоци дава дополнителни информации за состојбата
која не е видлива во сегашноста.
Било која игра во која минатите потези даваат информација за тоа
кои карти би можел некој да ги има, е делумно видлива,
и како таква бара различно разгледување.
Многу често агентите кои работат во делумно видливи околини
треба да пристапат до нивната внатрешна меморија за да разберат
каква е состојбата на околината, и за ова ќе зборуваме пошироко
кога ќе зборуваме за скриени Маркови модели, за тоа како оваа структура
има таква внатрешна меморија.
Други поими за околините се однесуваат на тоа дали околината
е детерминистичка или стохастичка.
Детерминистичка околина е онаа во која акциите на агентот
го одредуваат исходот.
На пример, во шахот нема случајност во исходот на потезите.
Резултатот на поместување на една фигура е однапред познат
и без разлика каде ќе се помести таа фигура, резултатот е ист.
Тоа се нарекува детерминистичка околина.
Игри со коцка, на пример, како табла, се стохастички.
Иако потезите се детерминистички,
на резултатот влијае и фрлањето на коцката,
што не може да се предвиди.
Резултатот од фрлањето на коцката е случаен,
и затоа оваа околина ја нарекуваме стохастичка.
Сега ќе зборувам за дискретно наспроти континуирано.
Дискретна околина е онаа во која постои конечно множество на можни потези,
и конечно множество на работи кои може да се набљудуваат.
На пример, во шахот постои конечен број на позиции
и конечен број на потези.
Ова е различно од континуирана околина
каде што можностите за акции или набљудување може да бидат бесконечни.
На пример, ако фрлате стрели, постојат бесконечно многу агли на фрлање
и забрзувања.
На крај, разликуваме бенигни и непријателски околини.
Бенигните околини може да бидат случајни.
Можно е да бидат стохастички, но тие самите немаат своја цел
која би се спротивставила на целта на агентот.
На пример, метеоролошките услови се бенигни.
Можат да бидат случајни. Можат да влијаат на вашите акции.
Но немаат за цел да ви се спротивстават.
Споредете го ова со непријателските околини, како кај многу игри, на пример кај шахот,
каде што целта на вашиот противник е да ве победи.
Многу е потешко да се најдат добри акции во непријателски околини
каде што противникот активно ве набљудува и пробува да ве спречи во исполнувањето на вашите цели,
споредено со бенигните околини, кои би можеле да бидат само стохастички
но немаат интерес да ви го отежнат животот.
Да видиме до кој степен наоѓате смисла во овие изрази
преку решавање на следниот квиз.
Еве ги четирите концепти: делумно наспроти целосно видлива,
стохастичка наспроти детерминистичка, континуирана наспроти дискретна,
непријателска наспроти бенигна.
Дозволете ми да ве прашам за играта дама.
Изберете ги својствата кои соодветствуваат на играта.
Ако мислите дека играта е делумно видлива, штиклирајте го ова.
Во спротивен случај, не го штиклирајте.
Ако мислите дека е стохастичка, штиклирајте го ова,
континуирана, штиклирајте го ова, непријателска, штиклирајте го ова.
Ако не сте запознаени со играта,
можете да побарате информации на Google.