Tip:
Highlight text to annotate it
X
Јас и ти, секогаш имаме голема потреба од силата на Светиот Дух во нашиот живот,
работата на Светиот Дух во нашиот живот
и постојано треба да плачеме према Бога за поголемо и поголемо исполнување со Неговата моќ
и поголеми и поголеми излевања на Светиот Дух.
Постојано, во нашите животи и во црквата.
Тоа што треба да биде направено не може да биде направено од нас - дали го разбирате тоа?
Не може да се направи!
Големиот мисионерски потфат.
Што уште фали за носење на Евангелието на народите.
Тоа не може да биде направено од нас!
Ние не можеме да го организираме да се случува!
Не можеме да направиме да се случи.
Сите наши дарови, целата наша моќ, целата наша елоквентност, сите наши стратегии не можат да постигнат
нешто, во тоа што треба да се направи во овој свет.
Но Светиот Дух може.
Моќта на Светиот Дух.
И ние треба постојано, и јас верувам дека овој текст ни кажува.
Постојано да плачеме према Бога за поголеми и поголеми манифестации на Неговата моќ во нашиот живот.
Знајте го ова, некои од најголемите манифестации треба да имаат врска со карактерот
и плодот на Светиот Дух во нашиот живот.
И моќта на Светиот Дух во службата
Не да се создава збунетост во цркваta и да се прави црквата на Исус Христос во лудачки циркус.
Но да се поттикне црквата да биде сведок за Исус Христос и да се однесе Евангелието на народите.
Ние мора да го имаме тоа.
Твојата најголема потреба млад човеку, како проповедник,
е да се бидеш сам со Бога, да се затвориш во Неговото Слово,
да го учиш Неговото Слово, да ги учиш луѓето од вера кои биле пред тебе и кои се моќно искористени од Бога.
Но друга твоја голема потреба е ова:
да плачеш и плачеш за излевање и силата на Светиот Дух врз твојот живот, така што ќе можеш да служиш.
Мора да го имаш ова.
Се повеќе и повеќе и повеќе ...
Кога бев млад човек, јас викав и викав и викав,
"Боже излејго Твојот Дух на мојот живот за да би можел да проповедам"
Можам да се сетам кога одев надвор по улиците проповедајќи во Остин, Тексас, немав сила,немав храброст.
Дојдов дома поразен, ја ставив Библијата на креветот и реков: "Што и да е во оваа книга не е во мојот живот!"
И тогаш, Слава му на Бога, некој дојде кај мене една ноќ со еден куп книги.
Всушност, еден ден со еден куп книги.
Работи од Џорџ Милер, од Леонард Ревенхил ... и многу други.
Почнав да гледам и реков,
"Овие луѓе зборуваат за подготвеноста на Бога да направи големи и силни нешта преку најслабиот сад."
Но, можам да видам јасно, како што гледам низ сите овие луѓе, дека тоа се прави со силата на Светиот Дух.
И само викав со месеци и месеци и месеци ", Боже, Боже, излејго Твојот Дух! Зајакни ме! Направи нешто!
"За кога ќе застанам да проповедам!"
Тој ќе го стори тоа за тебе.
Тој ќе го стори тоа за тебе.
И тоа не е некоја посебна работа која може да ја направи твојата служба малку подобра. Тоа е апсолутно важно.