Tip:
Highlight text to annotate it
X
Втора меѓународна конференција за интегрирано образование „Интегрирано образование- тренд, тенденција и потреба“ 14. и 15. декември, 2013 г. Втор ден
Кајхан Карли Академија на наставници, Истанбул
Зошто луѓето одлучуваат на емигрираат од нивните домови
и нивните места во некоја друга земја?
Тоа е поради само една причина, повеќе храна, добри услови
за живот и образование за нивните деца, многу е едноставно,
сите овие луѓе коишто емигрираат тие се селат во деловите
на светот каде што можат да најдат повеќе храна, услови за живот
и образование за нивните деца и за првпат во историјата на
човештвото тоа е исто така интересно, првпат во историјата
на човештвото до 2010 г. 56% од вкупната популација на земјата
постанаа граѓани, така што ние живееме во градови 56%, ги
напуштивме селата, ги напуштивме пределите со фарми,
животот се менува и градовите се повеќе растат,
што се случува со ова, главната контрадикција на
емиграцијата и живеењето во градовите се две работи:
да се живее во исто општество со различни култури, и втората е
да се учи во истите училишта со различна култура, да се разберат
меѓусебно, имаме потреба од повеќе разбирање за
различните култури во истите градови, светот се менува на овој начин
на интеркултурен начин, ова става голем притисок врз државното
образование не само на приватното образование, ова е
главен притисок на државното образование затоа што секој
што емигрира од нивната земја во некоја друга земја тие бараат
првично храна и како второ образование за нивните деца.
Нив им е потребно образование и образовна
поддршка на нивниот мајчин јазик и дополнителни имаат потреба
да се интегрираат во општеството каде што емигрирале.
Потребен им е нов простор во новото општество за да живеат
понатака, да ги издржуваат нивните семејства.
Почнувајќи од источниот дел на Турција, со новите уставни промени
се пројавија проблеми со Курдскиот јазик,
една политичка партија на етничките Курди покрена
барање за образование на Курдски јазик за децата Курди во
источниот дел на Турција, тоа што се случи со новиот закон за
задолжително образование, започнувајќи од предметната
настава па се до средното образование постои
изборен предмет курдски јазик.
Секое семејство коешто сака неговото дете да учи Курдски јазик
постои можност да го следи преметот за курдски јазик, ова е
сега законски во сила од минатата година. Владата
почна да обучува наставен кадар на Курдски јазик за да одговорат
на потребите за образование на курдски јазик во тој регион. Оваа
година имавме 400 нови наставници на курдски јазик
коишто се веќе подготвени да предаваат во тој регион, и има
три универзитети коишто сега имаат катедра на курдски јазик и
тие исто така ги обучуваат наставниците на курдски јазик, за
неколку години ќе има повеќе наставен кадар на курдски јазик
за реализација на наставата на курдски јазик.
Досега средното образование не беше задолжително,
постои уште еден проблем во турскиот образовен систем,
постои испит меѓу основното и средното образование, задолжителен
испит за да се избере средното училиште во кое
треба да се запишат децата. Тоа е еден мошне тежок испит
за децата таму.
Јас истражував можности за обука на наставници во Турција
за да се обучуваат конструктивен пристап и општествен
конструктивизам со главна цел да научат повеќе за
културите и односите во училиштето, доколку вие немате
отворена и искрена врска на повеќе начини, ако немате
повеќечасовна врска нема да функционира, нема да води никаде,
не очекувајте дека ќе имате конструктивна педагогија,
педагогија на однесувањето или како да ја нарекувате,
сето ова се само теории, но најпрвин треба да постигнете отворена
и искрена комуникација во училиштето за да можете да
започнете од таму. Кое е телото на училиштето, како кај колата,
мојата метафора којашто ја користам тоа е фокусот кон учењето
покрај подучувањето. Поради новите времиња, сите ние
возрасните треба да учиме најпрвин бидејќи концептот на
21. век е брзината на промените а не дигитализацијата.
Ние сме понудиле три програми за професионален развој
за 100 илјади наставници во тек на пет години. 100 илјади наставници
е голем број, 100 илјади наставници добиле непосреден
професионален развој од страна на нашите обучувачи за наставници
за таа цел ние сме обучиле 450 обучувачи за наставници,
ова е еден голем број но во споредба со бројките во Турција
всушност и не е толку голем и претставува една осмина од
вкупниот број на нашите наставници.
Наша должност е да со сочуваме наследството на човековото
тело, добрата страна на нашето наследство- етичката свест
кај децата. Етичката свест е голем предизвик за дигиталната ера.
Дигиталните алатки ни овозможуваат повеќе простор и време
да разговараме со нашите деца, повеќе сократски семинари,
учење по пат на истражување.
Сето ова е поради брзината на промените, неколку автори велат
посебно во движењата во Австралија и Нов Зеланд тие велат
за универзитетските студенти особено за техничките струки, кога
ќе стигнете до трета година, содржината којашто ја учат во прва
година е застарена за време на две години, има голема дискусија
околу тоа дали треба да ги задржуваме учениците на факултет
во тек на 4 последователни години. Бидејќи ако тие учат дел
од предметите коишто застаруваат додека стигнат до четврта година,
дали треба да ги задржиме на факултет 4 последователни години.
Ова е голема дискусија којашто се води и за која треба да
размислиме, како децата во 2030 г. кога ќе бараат работа
можеби ќе треба да го промениме начинот на школување.
Во историјата на човештвото, во сите општества
политичарите никогаш не им го препуштаат образованието на едукаторите.
Ова е природата на образованието, секогаш ќе има
политичари коишто ќе носат одлуки, разликата е во тоа колку
тие ќе интервенираат, кога гледате неколку вида на политички
системи тие имаат толку цврсто одредени образовни системи
коишто не оставаат простор за креативност а пак најлибералните
како што е Финска тие немаат одредена програма до
16-та година. Тоа што го велат тие е: ние им веруваме на
нашите наставници , тие можат да ги подготват нашите ученици,
кога тие ќе наполнат 16 години тие ќе ги имаат тие одредени
знаења за кои не се нуди специфична рамка на упатства за до 16 година.
Ова е едната крајност а ова е другата крајност социјалистичките
републики или Кина коишто имаат построги рамки: вие морате
ова да го предавате, другите земји се сместуваат внатре
во оваа линија.
Сите деца се многу надарени, скоро сите. Има многу начини на
кои се надарени. Најважниот дел е дека мораме да разбереме
дека има еден скапоцен камен во секое дете, да се
претворат истите во накит, тоа е наша работа. Да се изработи
накитот на 21. век ние сме тие што ги изработуваме скапоцените
камења во накит и мора да работиме на тоа.
Ви благодарам многу на вниманието.
Паула Меклвејн Совет за интегрирано образовани на Северна Ирска
Интегрираното образование во Северна Ирска започна со првото
училиште во 1981 г. и тоа беше во текот на нашиот конфликт или
времето на немирите како што го нарекуваме. Една група родители
изразија желба нивните деца Протестанти и Католици да учат
заедно во едно училиште а не во посебни училишта како што
е традиција во Северна Ирска, тие го основаа првото училиште
после многу години кампања во 1981 г. Училиштето се вика „Лаган колеџ“
и истото претставува симбол училиште за нас. До денес имаме
62 интегрирани училишта низ цела Северна Ирска од кои две
третини од нив се основни училишта, основно училиште за нас
е училиштето во кое се запишуваат децата од 4 годишна возраст,
многу мали, до 11 годишна возраст, а потоа преминуваат во
средно образование коешто е од 11 годишна возраст до 16 години
кога имаат можност да си заминат но обично следат настава
до 18 годишна возраст. Една третина од нашите училишта се средни
училишта за повозрасни деца, ние сме многу горди што имаме
62 училишта но сеуште мислиме дека е мал број бидејќи
тоа се само 7% од децата коишто одат на училиште.
Нашите останати училишта се поделени по католичка и
протестантска линија и децата одат одделно на училиште, потоа
тие што одлучуваат да бидат наставници одат на наставничките
факултети коишто се посебни институции за Католици и Протестанти.
Кога тие доаѓаат во нашите училишта, тие не се подготвени за работа
во интегрирано опкружување, поради тоа ние развивме програми
за професионален развој за нив и развивме еден пристап наречен
„Непристрасен приод кон интегрираното образование“.
Ние добивме признание од инспекторатот во Северна Ирска
околу нашата настава во интегрираните училишта и тие самите
изјавија колку е тешко да се предава во такво опкружување
доколку немате искуство и не сте обучени да работите во такво
опкружување. Како што кажа Марион Матчет која што е поранешен главен
инспектор за проверка „ тоа е вистинска дилема за наставниците
поради самата природа интеграцијата креира неугодност,
ги предизвикува ставовите, и ги допира осетливите прашања“.
Таа изјавува дека сите ние сме дел од проблемот во Северна Ирска,
и мораме да бидеме дел од решението. Постои големо
признание за работата што ја вршат наставниците
во нашите училишта.
Ние не сме заинтересирани само за проблемите на Католиците
и Протестантите, тој аспект на идентитетот е важен и основен дел
на принципот на нашите училишта, во овој документ ги
препознаваме многубројните слоеви на идентитетот на младите луѓе,
затоа ние сметаме дека со непристрасниот приод ние
ги покриваме сите пристрасности коишто се поврзани со верата,
културата, етничката припадност, се што има врска со расизам
но и секаков вид на родови стереотипи и предрасуди коишто
постојат во училиштето бидејќи тоа е многу голем проблем.
Ние имаме поделба во институциите за обучување на
наставниот кадар и чувствувавме дека треба да понудиме
професионален развој за нашите наставници за да ја развијат
нивната свест и да стекнат самодоверба, вештини и стратегии
како што и вие работите во текот на обуките во Нансен дијалог
центар Скопје, и ние го правиме ова преку нашата програма
за непристрасен приод кон интегрираното образование,
и фокусот на АБЦ како го нарекуваме скратено е
потребата да се прифати разновидноста , да се промовира
еднаквост и инклузија и справувањето со пристрасностите
и дискриминацијата во рамките на училишното опкружување, а тоа се
постигнува преку формалниот, неформалниот и скриениот курикулум,
со ова им помагаме на наставниците да ја развијат свеста околу
сето ова. Што всушност сакаме да постигнеме со непристрасноста?
Да имаме млади луѓе коишто развиле силна совест за личен идентитет
бидејќи ние сакаме да го избегнеме поимот асимилација.
Постојат многу митови околу интегрираното образование во Северна Ирска,
многу луѓе имаат страв од интегрираното образование во Северна Ирска,
еден од митовите е дека сите ги претвораме во исто дека сме
инволвирани во општествено инженерство, но е токму спротивното,
фактички ние сакаме да ги охрабриме сите млади луѓе и
наставниците да развијат силна совест за нивниот идентитет,
тоа е многу важно за нас како и да се цени идентитетот на другиот,
истата порака што ја слушнавме и од другите во конференцијата.
Идеално, тоа што посакуваме е младите луѓе да ги развијат тие
вештини за да преговараат околу тешките и осетливите прашања
а не да ги избегнуваат, бидејќи јас доаѓам од едно општество
кое што користи една фраза која го сумира начинот на кој функционираме
и како сме функционирале во текот на конфликтот а тоа е
“што и да велиш, не вели ништо“ само држи ја устата затворена,
не разговарај за проблемите коишто се случуваат, поделбите
во општеството не сакаме да отвориме “конзерва со црви“ како што велиме,
но ве реалноста веруваме, како и сите вие во дијалогот и
да овозможите дијалог и затоа постојат нашите училишта,
да се овозможат тие прилики и вистинското опкружување за дијалог.
Тогаш ние го истражувавме развојот на непристрасноста којашто
потекнува од САД од времето на движењето за граѓански права,
ние го истражувавме глобалниот контекст во кој се развивал
и нашиот специфичен контекст и како интегрираното образование
на некој начин непристрасноста претставува одговор на
поделениот образовен систем.
Клиодна Скот- Вилс Совет за интегрирано образовани на Северна Ирска
Во 1989 година одделот за образование на Северна Ирска
изјави дека ќе го финансира интегрираното образование и понуди
една основна дефиниција којашто г ласеше: етосот на училиштето
треба да е таков што ќе привлече деца католици и протестанти
во еднаков број, тоа беше се што беше објаснето, не ни кажуваше
како да го постигнеме тоа, не ни објаснуваше што треба да направиме,
две години подоцна Советот за интегрирано образование на
Северна Ирска со постоењето на 7 или 8 училишта ја изготви
„Изјавата на принципите на НИЦИЕ“ ова е документот,
беше ревидиран пред четири години, и кога за првпат беше напишан
во 1991 г. беше огромен документ причината за тоа беше
дека им беше објаснето на наставниците како да работат во
интегрирано образование, им објаснуваше на наставниците како да ги
предаваат осетливите предмети како што се музиката, спортот,
религијата, историјата, објаснуваше како треба да изгледа
училиштето и сето тоа беше ставено во документот бидејќи никој
пред тоа не го направил тоа. Нашата дефиниција на интегрираното
образование е образованието на децата од двете главни традиции
коишто се Католиците и Протестантите не е ексклузивно
само за тие две традиции но за тоа се работи, исто така значи
дека им се овозможува одлично образование бидејќи тоа
е целта кон која се стремат училиштата но сакавме да
одадеме признание на изразувањето на двете главни традиции.
На кој начин им овозможуваме на децата да се чувствуваат удобно
во нашето училиште, изготвена беше убава практика
која што не содржи негативен говор „вие не смеете да носите фудбалски дрес“
и исто така изготвија работна тетратка за учениците со цел поголемите
деца во училиштето 8-11 годишните да се посветат и да работат
на тоа во рамките на часовите, потоа тоа се вметна во политиката
на училиштето бидејќи сите имаа удел во тоа, сите го разбираа.
Кога го развивате башиот училиштен етос имајте го на ум и етосот
на поширокиот центар, мисијата е да се подржи активно и ефективно
интеркултурниот и интеретничкиот дијалог. Кога нашите училишта
го подготвуваат етосот им советуваме да ги имаат во предвид
работите околу кои се договориле во поширокото опкружување.
Oва се политиките и практиките откако ќе се согласите
која е вашата мисија и визија мора да ја запиштете на хартија,
за нас во моментот е како да се прослави, да се потсети, да се
одаде чест на настаните коишто го делат општеството.
Едно училиште ќе планира за следната година, што претстои,
во Северна Ирска славењето на бербата, комеморацијата се
изразено протестантски работи, денот на Свети Патрик,
Велигден се католички работи, училиштето ќе планира однапред
како да ги одбележи тие четири настани. Исто така треба
да се провери дали нешто друго претстои бидејќи ние се наоѓаме
во декадата на комеморацијата.
Многу е важно изложувањето на изработките на децата на отворените
простории, тоа што е присутно во училиштата, на пр. ова е фоајето
на училиштето, во моментот кога влегувате во училиштето ова
е тоа што ќе го видите, тоа е таблата зад вас и изложбениот дел
тоа е првото нешто што ќе ви покаже дека влегувате во
интегрирано училиште.
Има нови училишта коишто се изградени во Белфаст, понекогаш
имате впечаток дека влегувате во болница, многу се
клинички и немаат никаков одраз за тоа кој е внатре во училиштето
и што прават. Исто така кога имате прилика изложувајте ги во
поширокото општество. Нашите училишта ќе излижуваат
изработки во локалните библиотеки, ако некаде е најавен
некој настан, таму исто така ќе биде поставена изработка: Постигнувањата
надвор од училиштето се исто така ценети и прославувани.
Ако некое дете е победник на спортски настан во сабота, ќе биде
споменат во училиштето во понеделник кога ќе пристигне на училиште.
Интегрираните училишта го покажаа патот во Северна Ирска
за тоа како се однесуваме кон младите луѓе, никој не одал признание
за тоа, и можеби никој нема ни да го признае тоа, но секако тоа
се промени со помош на техниките коишто се користат како
што е седењето во круг при разговор со децата каде што сите
имаат еднакво место.
Имаат совет на ученици, имаат политика против викањето,
имаат курсеви за разрешување на конфликти за децата
да научат како да се справуваат со нивните проблеми.
Ова е многу важно и се согласувам во целост, вие сте модел
за однесување и за односите во училиштето, не е доволно да сте
во наставничката канцеларија и да се расправате, негодувате
еден со друг, и да очекувате децата во училницата да се
однесуваат со почит еден кон друг. Тоа е моделот што го
пренесуваат возрасните, а пак децата преметуваат кога нешто
не е во ред бие не можете да им ги затворите очите, тие ќе
насетат ако односите не се добри.
Билјана Крстеска- Папиќ Менаџер за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје
Клиодна Скот- Вилс Виш советник за развој при НИЦИЕ
Би сакала да истакнам дека јас и мојата колешка Паула се
чувствуваме привилегирано што сме повторно поканети да бидеме дел од
вашата конференција, беше многу инспиративна за нас, ние сме
воодушевени од посветеноста на вас наставниците коишто дојдовте
во текот на викендот и останавте со нас во вашето лично време,
тоа не би се случило кај нас како што се случува овде и ние сметаме
дека ова е многу инспиративно за нас, ние сме среќни
што имаме соработка со НДЦ Скопје и се надеваме и во иднина
да ја развиваме оваа соработка и можам да кажам дека
и за нас е многу важно бидејќи и ние учиме од вас, постојат многу
идеи и ставови коишто можеме да ги воведеме во интегрираните
училишта во Северна Ирска и многу го цените тоа, знаеме дека
ќе имаме позитивно влијание во нашите училишта и сметам дека
е многу важно оваа мрежа на различни организации да се
состане заедно за да го сподели нивното искуство за да можеме
да научиме едни од други и ви посакувам се најдобро и ви
благодарам уште еднаш за поканата.
Норин Кемпбел Извршен директор на НИЦИЕ
Би сакала да се претставам, моето име е Норин Кембел, јас сум извршен
директор на Советот за интегрирано образование на
Северна Ирска -НИЦИЕ.
Во текот на последните две години, НИЦИЕ разви партнерство
со Нансен дијалог центар Скопје со цел промоција и развој
на интегрираното образование. Ние имаме блиска соработка,
тоа го вклучува доаѓањето на нашите обучувачи во вашата конференција,
и посетата на персоналот на НДЦ Скопје во Белфаст.
За нас, ова претставува мошне продуктивно и корисно партнерство.
Би сакала да ви честитам на сите вас ова попладне за успешното
завршување на напредното ниво на обука. Со големо задоволство
ги потпишав вашите сертификати.
Вие покажавте голема посветеност кон вашиот професионален
развој и вашиот професионален развој во полето на
интегрираното образование. Се надевам дека ова поле на
образование ќе имате желба да го продолжите и во иднина.
Со вашето учество, вие давате придонес за вашите училишта,
за вашата работа и за изградба на подобро општество во Македонија.
НИЦИЕ се надева на понатамошна идна соработка со Нансен
дијалог центарот, со цел да продолжиме со промоција и развој
на нашето партнерство, и преку ова се надевам дека ќе имаме
прилика да се сретнеме и да дискутираме околу интегрираното образование.
Повторно сакам да ви честитам и да ви посакам секое добро.
Инге Ајдсваг Професор при Нансен академијата во Лилехамер
Драги пријатели, најпрвин најтопло ви честитам на сите вас
коишто ги добивте овие дипломи денес, сите бевте како
ученици од средно училиште коишто ја добиле највисоката диплома.
Беше големо задоволство за мене да ве гледам како доаѓате
и добивате аплауз.
Ние сите во оваа просторија најмногу наставниците, сме
се запрашале многупати дали е важно ова што го работам.
Дали „малиот“ јас можам да направам нешто околу климатските
промени, сиромаштијата, корупцијата, неправдата, сегрегацијата,
недостатокот на интегрираните училишта. Ако не ние, кој?
Ако не сега, кога? Ако не тука, каде?
Ова се прашањата што ние наставниците треба да ги поставиме
самите себеси исто така. Ако не ние, кој? Ако не сега, кога?
Ако не сега, кога? Ние наставниците на некој начин никогаш
не умираме, секако кога нашите срца еден ден ќе престанат
да чукаат, некои семиња од нашето подучување ќе продолжат
да растат со генерации.
Некои од учениците коишто ги имате денес, кога ќе бидат 90 годишни
и ќе им раскажуваат на нивните внуци за нивниот живот
ќе кажат: јас имав извонреден наставник едно време, таа ме
научи да ја сакам музиката, литературата, таа ми даде
храброст, таа ми даде надеж. Средбата со вас овие два дена
овде во Скопје ја зајакна мојата верба во важноста на образованието,
ја зајакна мојата верба во тоа што можат луѓето со добра волја
да постигнат ако работат заедно. Длабоко од моето срце
ви се заблагодарувам за овие два дена, јас научив многу, јас
ќе се вратам во Норвешка со поголема верба во важноста на
образованието. Јас мислам дека ќе постанам подобар
наставник после овие два дена. Дозволете ми да завршам
со цитирање на овие зборови од Нелсон Мандела со коишто почнав вчера,
никој не се раѓа со омраза кон другиот поради бојата на неговата
кожа или неговото потекло или религија, луѓето се учат да мразат,
и ако можат да се научат да мразат, можат да се научат да сакаат
поради тоа што љубовта доаѓа по природно во човековото
срце отколку спротивното. Ви посакувам се најдобро
и се надевам дека ќе се сретнеме пак некое време.
Со среќа и ви благодарам многу.
Реализација Тимот на Нансен дијалог центар Скопје
Во партнерство со Советот за интегрирано образование на Северна Ирска
Конференцијата е финансиски подржана од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка
Декември 2013