Tip:
Highlight text to annotate it
X
Здраво, интернет! Ова се Рап Вести со најново издание
за да презентираме ставови и настани во овој голем човечки експеримент.
И оваа недела слушнавме некои многу значајни случувања
во потрага за основното потеклото на животот, универзумот и сè.
Всушност, оваа вечер го добиваме најновото пророштво,
директно од најдобрите физичари во Швајцарија од ЦЕРН лабораторијата,
кои ќе излезат со голема најава за едно мало откритие:
Добредојдовте, доктор Скот Ридли.
- Роберт, благодарност за поканата.
- Вашата изјава? - Ова е епска победа!
По неколку децении на испитување на стандардниот модел да се објасни Севкупното
ние конечно дознавме што му дава маса на целото срање во универзумот,
Ова е big-*** кулминација на сите наши големи истражувања.
- Тоа секако се чини дека предизвика мас-дебатирање ...
- Можете ли да не обвините? Бевме запалени за Хадрон
како начин за поврзување со нашиот Творец: Квантна Механика; нашиот Господар.
Ги следевме знаците што ни ги остави: лептони, фотони и квазари.
Големите нешта имаат мали почетоци, и ние се доближуваме до одговорите на нашите прашања
Денешното откритие може да биде клуч за откривање на космосот и неговите огромни димензии
Нашиот вселенски брод, Големиот Хадронски Колајдер, ќе не однесе високо
над планината Олимп, каде што конечно ќе се стекнеме со божествениот оган.
- Кои одговори ни се нам потребни?
- Па, слушај внимателно
поминавме четири децении интензивно фокусирајќи се, патувајќи длабоко во овој океан,
трпеливо топејќи ги сложените кодови кои беа замрзнати,
само затоа што во нашата приказната недостасуваше клучна честичка-компонента
Да се објасни како сето тоа се држи заедно повеќе од еден момент
без што не би имало планети, галаксии, живот, само бескрајно хаотично движење.
па ние ја пресоздадовме примарната експлозија, конечно изложуваќи го
проречениот и предпоставениот, легендарниот Хигсов бозон!
- Ах, она што луѓето го нарекуваат "Божја честичка"!?
- Oх, наука! Не го нарекувај така, будало!
Нашиот свет бозон не е воопшто како Бог.
Тоа е еретички. Бог не постои, тој е невидлив, и е само теорија.
Имаме докази: на 5-то ниво од Сигмата, заборавете на овие култови!
Ние ја пронајдовме Месијата, и Постанокот; дојдете и проверете ги нашите резултати.
во масовниот регион од сто дваесет и шест гигаелектронволти!
- Значи, можеме ли да го видиме овој извонреден објект во длабочината на вашите сводови?
- Ааа ... не. Ниеден смртник не може да го види,
само во нашиот моќен храм можеме да го откриеме неговото присуство пред тоа да
се распадне и умре за да ни даде живот, света миса, на сите нас.
- Страшно, но кажете ни: за што е сето тоа?
- Разни практични функции: меѓуѕвездено патување би можело да стане како фаќање такси на крстосница
или во секое време може да направиме ново оружје за масовно уништување.
- Всушност, мислев, што е нашата заедничка цел,
како цивилизација, што е она што го бараме?
- Шо знам.
- Дали е ова Биг Бенг митот за нашето создавање во кој се верува?
- Немој да ме љутиш! Мит? Престани да се однесуваш како безбожник во ова време на разум, бич!
- Но, што имаше таму пред да се појави овој Бозон?
- Глупав Роберт! Секој знае до сега: тоа се желки по целиот пат.
- Благодарам, професоре, што ни се придруживте во оваа значајна вечер
да ни кажете за анти-материјата на животот, универзумот и сè;
да ни ги објасните јасно најновите теории во оваа наша голема потрага по значење
во која се обидуваме да си разјасниме што е реалност и што е сон.
Зарем не е лесно да се заборави, додека нашата Одисеја непрекинато се одвива
дека одговорите кои Универзумот конечно избира да ни ги открие
се чини дека зависат целосно од прашањата што ги поставуваме?
... Толку од шоуто. За повеќе се гледаме во следната епизода�