Tip:
Highlight text to annotate it
X
Како самостоен превозник, сопственик на мал бизнис или раководител на возен парк,
имате многу причини да го сметате новиот Volvo FL
за идеален камион за дистрибуција.
Она што прво ќе ве погоди е восхитувачкиот нов изглед
што му дозволува дискретно да се вклопи во градското опкружување
во коешто често се наоѓа.
Но во новиот Volvo FL има повеќе од самиот изглед.
Има програма на мотори сообразни со Euro 6 развиени од Volvo
како и нов 12-тонски модел
кој е за неверојатни 500 kg полесен од соодветно 6-цилиндарско возило.
Резултатот е зголемен капацитет за товарање и работна флексибилност,
одлични вести за вашиот бизнис, каде и да е.
Безбедносните одлики на новиот Volvo FL
ја вклучуваат нашата признаена безбедна кабина на Volvo и новодизајнирано седиште.
За дополнително да се подобри оперативната ефикасност,
новиот Volvo FL може да се нарача со избор на рачен менувач,
автоматизиран I-Sync или Алисон автоматски менувач.
Резултатот е намалена потрошувачка на гориво и помалку барања за возачот
во урбано опкружување за возење со запирања и тргнувања.
Градската дистрибуција, собирањето смет или колку и да било задачи со големи барања
сега се полесни од кога и да било со новиот Volvo FL,
компактниот камион којшто го прави вашиот бизис подобар бизнис.