Tip:
Highlight text to annotate it
X
Поздрав и добредојдовте во нашата најнова емисија емитувана
директно од срцето на интернетот,
единствен преостанат отворен канал каде што
информациите можат да патуваат слободно, без никакви филтри и бариери.
Денешната сторија: Како таено сениште што виси
над нашата способност за пристап и проценка на фактите,
дали е чесен медиум Силата која може да ослободи,
и да ја врати рамнотежата и мирот во овој далечен предел на Галаксијата?
Битката се префрли со светлосна брзина во сајбер просторот,
каде бунтовничките новинари направија скок во хиперпросторот,
предизвикувајќи го естаблишментот и контролата врз информациите
и сега се прогонувани од страна на неговате злокобни агенти.
За да дознаеме што се случува, доведовме
фигури од спротивните краеви на спектарот.
Така, ние го поздравуваме нашиот прв новинар,
основачот на Викиликс, бунтовникот издавач, Џулијан Асанж.
Г-дин Асанж, добро што се вративте на шоуто.
- Роберт, добро e да се биде хакнат ... Мислам назад. Здраво.
- Кажи ни, што се случи од последниот разговор?
- Па, Викиликс продолжи да испорачува големи удари.
За зборување на вистината за властта повеќе од сите весници заедно
ние сме прогонувани и во голема мера оцрнети,
од 'лејмстрим' медиумите, каде за жал недостасува машкост,
и го видовме односот на Државата кон обвинетиот 'уислблоуер', Бредли Манинг.
Јас бев притворен, означен од Serco;
тогаш копилињата наметнаа вонсудски ембарго,
ги прекинаа нашите PayPal донации и протокот преку кредитните картички.
- Зошто? Дали сте прекршиле накој закон или сте биле обвинети? - Не
Но таената Голема Порота издаде запечатено обвинение
велејќи дека јас сум "помагал на непријателот“, тие се обидуваат да ме екстрадираат.
- Јас сум збунет .... кој е 'непријателот'?
- Очигледно, бидејќи Викиликс ја помага демократијата, непријатели се луѓето: јас и ти.
- Добро, за споредба со ова, се префрлуваме кон друг австралиски новинар;
неговота медиумска империја се простира преку екваторот,
и има влијание врз целиот свет:
тоа е императорот на NewsCorp, Руперт Мардок.
- Здраво, Роберт - Кажете ни ја вашата визија за новинарството.
- Тоа е како играње монопол против светот и победување:
ја купувате целосно седмата сила: The Times
Sun, Sky, и многу Ѕвезди се сите мои.
Ги проширив моите Новости Светски Поредок трпеливо,
сега моите Ѕвезди на Смртта се целосно оперативни.
- Го променивте ликот на вестите, со таблоиди, предплатничка-ТВ ...
- Го предвидував тоа, со ставање цицки на Страна 3,
среде црна хроника, спорт и вицеви,
скандалозен спам кој пролетерите страсно го впиваат,
моето царство ќе се прошири глобално, ширејќи страв,
ќе ми дава моќ да создавам или уништувам политички кариери.
- Секој од вас двајцата го трансформираше новинарскиот фокус на посебен начин
со изложување на таените зделки, или со прикривање на вистината, па,
може ли да објасните зошто еден од вас е богат медиумски магнат
додека другиот е прогонуван како криминалец-натрапник?
- Во 2003-та медиумите ширеа лаги за оружјето за масовно уништување;
Викиликс е тука за да осигура дека историјата нема да се повтори.
Ние ја објавуваме вистината наместо лаги, тоа е причината зошто
ние сме прогонувани: ние го работиме новинарството правилно.
- Ќе ја платиш цената за твојот недостаток на теле-визија;
ти си упатен директно кон американски затвор.
Новинари, погледнете ја добро оваа бунтовничка будала:
што се случува со него, наскоро би можело да се случи со вас!
- Ако ме уништите мене, тогаш движењето што го напаѓате
ќе стане помоќно отколку што некогаш сте можеле да замислите.
Оваа генерација ќе ги сруши мас-медиумите до нејзините темели.
Вистината е вирус, а храброста е заразна
- Mwhahaha ... не можеш да го спречиш моето владеење!
Но гледам дека сеуште си способен за хакирање:
СТРАТФОР покажува дека нашата еднаквост нема маана.
Џулијан, синко, придружи се на Темната Страна
- Жал ми е што ја прекинувам оваа возбудлива дебата,
но за да дознаеме повеќе за обвинетиот лик-ер и неговата судбина,
се префрлуваме во Пентагон, да видиме што се случува
на судењето на војникот Бредли Манинг.
- Ahh ... Лорд Бакстер! - Господару!
- Како е уислблоуер-от?
- Неговата умствена отпорност кон истрагата е голема.
Ние се заканувавме на "Принцезата Ликер", но таа кажува лаги.
Ти ги ПРЕДАДЕ ТАЕНИТЕ ПЛАНОВИ НА бунтовничките шпиони!
- Јас не сум предавник, ако ништо друго, си ја вршев мојата должност и тоа е
војната против информаторите која е неуставна ...
- Јас не сум почувствувал такво нарушување во Силата
одкога Даниел Елсберг ги објави "документите за Пентагон“.
- Бредли Манинг е на страната на законот;
Вашата преголема самоувереност е вашата најголема маана
- А твојата е вербата во твоите пријатели
- Aaah, срање! - Тишина! Имаме сигнал од империски вселенски брод.
Адмирале Gillard. Дали се справувате со пречката Викиликс?
- Да, Лорд Бакстер, реков дека тие се 'многу неодговорни'
и нивните "темели се нелегални"
- А, дали се? - Даа... Не. Тие се во рамките на законските граници;
но ние би можеле да измислиме нови закони за да ги фатиме!
- Не, ако ме прашате мене; јас се кандидирам за Сенатот.
- Што?! Дали е ова дозволено? - Па, предпоставувам ...
- Ме изневерувате за последен пат адмирале Gillard.
Доста е од ова! Испрати ги шведските војници!
- Здраво дами - Однесете го кај обвинителот.
- Имаме налог за апсење, не се противете
- Што се случува? - Асанж е 'секс-традиран'.
- Ха ха ха! Тој ќе си најде добра невеста во затворот!
- Еј, ова ме потсетува на моето време во Шведска.
- Бунтовниците се поразени! Ние ја остваривме нашата мисија!
- Светот се прашува, што тоа ќе значи за новинарството?
Сега одиме во живо со изненадување-гостин кој може да ни каже ...
Шш ... Дали е тоа ... Џулијан Асанж?
- Не - Тоа е Kristinn Hrafnsson!
- Здраво. - Портпаролот на Викиликс! Добредојдовте на шоуто.
- Ви благодарам Роберт. - Значи, можете да ни кажете,
како овие настани ќе влијаат на работата на Викиликс?
- Неодамнешните настани нема да не спречат или сопрат.
Викиликс ќе продолжи да објавува
и да поттикнува откривање на вистината,
и покрај триковите што тие ги користат.
- Еј, Оби Ван, готов си: ќе те тужиме за измама!
- Нема проблем воопшто: примате ли Mastercard?
- Види види, Викиликс, јас сум импресиониран;
имате ли бесконечна залиха од гикови за инвестирање?
Високи момци со чудни акценти
длабоки гласови, белокоси изроди? - Да.
- Добро, Ви благодарам на сите за дебатирањето и давањето мислења,
и покрај тоа што можеби на моменти се чинеше малку како научна фантастика,
каде што секогаш е многу полесно да се направи поделба,
помеѓу доброто и злото, и кој е на која страна на расколот.
Но може ли допирот на фантазијата, исто така, да ни помогне да согледаме
дека нашата сопствена приказна често била
поврзана со предизвикување на монополи и династии
кои го формирале нашиот поглед на реалноста со векови?
Како и судбината на Сократ, кој го испил отровот и загинал,
судењета на Бруно, Галилеј, палењата на книги, инквизицијата,
сите се повторуваат во тековната војна на новинарството,
каде зборувачите на вистината се цензурирани и затворени?
Клучни поглавја се пишуваат во оваа епска сага
кои ќе постават преседани со векови понатаму.
Придружете ни се за повеќе извештаи, како што приказнава продолжува,
добра ноќ и со среќа ... и нека овие Мисли бидат со вас�