Tip:
Highlight text to annotate it
X
Моето прашање за Вас е
која е иднината на односите со јавност, ако
може да кажеме дека улогата на односите со јавност се менува и станува
посилна, но
од друга страна
може да се види дека социјалните медиуми имаат толку големо влијание врз нив
што не знам дали денес можеме да
ги дефинираме на ист начин како пред пет години.
Мислам дека можеме да ги дефинираме на ист начин aкако пред пет години
или пред дваесет години. Мислам
дека природата на односите со јавност всушност
е дека тоа е начин на управување на
врски. И ние ја користиме комуникацијата за да се обидеме да влијааме и да ги управуваме врските.
Она што се случи во последните пет години е дека социјалните медиуми овозможија
да се воспостават врски на различни начини
и да постојат врски на различни начини.
Но, како што стануваме покомфорниe
во користењето на социјални медиуми,
едноставно ќе го вклучиме тоа во пракса.
Така што, за пет години
најверојатно нема да го водиме овој разговор
за улогата на социјалните медиуми бидејќи тоа едноставно ќе биде практика.
Според вашето мислење – каква е ПР личноста на 21-ви век? Дали е многу
различна од некој на крајот на 20-тиот век?
Имам доста силно
мислење на ова тема. Мислам дека ПР практичарот
на иднината мора да биде многу
поквалификуван, мора да биде многу покомфорен
со социјалните науки и со менаџирањето,
и темелен експерт
за формите на комуникација.
Исто така, мора да биде вешт оператор во
различни култури.
Ако земеме за пример земја како Словенија,
која влезе во Европската унија
пред неколку години,
а која сега е многу повклучена во
останиот дел од Европа поради скорешната историја,
практичарите во оваа земја
треба да можат да работат лесно
преку националните граници
и преку културните граници.
И тоа се бара од практичарите на
иднината, да бидат способни да го прават тоа
лесно и најверојатно
на неколку јазици.
Што мислите за
етиката во односите
со јавност? Треба уште многу да работиме на етиката
во односите со јавност. Ние сме
вклучени во практика, која се менува многу брзо
и како што се менува, отвара нови етички прашања.
Најновото прашање е како да се справиме со веб содржината?
Ако секој има пристап до веб содржината
и може да ја измени, како веб
содржината треба да биде изменета? На пример, Википедија... како да се измени содржината на на Википедија? Дали измените треба да ги направи
ПР практичарот
или тие треба
да го искажат својот интерес
и да се справат со правилата на
Википедија?
Има нови можности за
нови етички прашања и ние мора да работиме на тоа,
мора да воспоставиме нови кодекси на однесување.
Кога мислите
на писатели-духови? Во содржината на интернет честопати се појавува проблем
дали да одиме он-лине
со неколку акаунти изработени од нас и да не се декларираме како компанија? Тоа е токму
еден од проблемите што сега треба да ги
решиме. Моето мислење за ова
би било дека ние навистина треба да ставиме до знаење дека сме писатели -духови на тој материјал.
И можеби
бидејќи тој материјал е подготвен
од нас како практиканти
би било помалку прифатлив.
Ние треба да видиме како го подготвуваме материјалот и го ставаме на интернет.
Мора да биде јасно кој го подготвува материјалот
во спротивно може да биде многу погрешно сфатен.
Ова се прашања на кои имаме два одговори за нас како пракса
Дали мислите дека ние треба
да го едуцираме менаџментот
да верува повеќе
во ПР-от ? Тоа е
навистина големо прашање.
Прашање е како самите менаџери се подготвени
за менаџерската улога.
Бидејќи во менаџментот многу е важно менаџерите да можат да ги менаџираат
односите околу работењето
и околу постигнувањето на целите
и тие мора да бидат многу повеќе квалификувани од што се во моментов
за користење на комуникациите
за да го постигнат тоа.
Па постои големо прашање за
образованието и обуката на менаџерот.
Каде можеме да допринесеме ние во односите со јавноста
па имаме улога во едуцирањето на менаџерите.
Но навистина проблемот лежи на друго место
во образованието и обуката на менаџерите, на пример, во бизнис школите
во програмите за развој на менаџери
во програмата на компанијата каде им се помага на менаџерите да научат што вклучува менаџерската
улога. Па така има голема потреба од обука.
Зборувате за односи со јавноста, Односи со Јавноста во 2020,
и имате
негативни и позитивни оптимистички сценарија. Можеме да погледнеме во можните сценарија
за иднината
со најголема веројатност
да се случат, ако работите останат како што се.
Исто така можеме да надеваме на најдобрите сценарија ако сe се
случи
како што сме се надевале
тогаш работите ќе бидат многу подобри
од што се сега.
Исто така има и најлошо сценарио
iако работите одат кон полошо.
Во моментот
ние се движиме кон најверојатното сценарио
кое е незадоволително.
Па ние навистина мораме
да направиме многу поголеми напори
за работи како што е професионалниот развој,
развој на кодови на однесување
специфични обуки и користење на социјални медиуми да се запознаеме со достапните
можности за комуникација. Ние навистина мораме да работиме многу повеќе во практиката на Односите со јавноста.