Tip:
Highlight text to annotate it
X
започнува нов живот
и денеска
имате можност
да го заштитите неговото здравје во иднина
Future Health е една од најголемите фамилијарни банки за матични клетки во Европа,
која собира примероци од 50 земји ширум светот.
Нејзината финансиска сила, големина и долгите години во бизнисот,
им гарантираат на родителите безбедно и долгорочно чување на нивните примероци.
Future Health е првата приватна установа за складирање на матични клетки која
е сертифицирана и лиценцирана како Банка за човечко ткиво од страна на Надлежното
тело за човечко ткиво при Министерството за здравство на Велика Британија во 2004 година.
Future Health строго се придржува кон Европските директиви за складирање на човечки ткива и клетки.
Лиценцирани сме од Надлежното тело за човечко ткиво при Министерството за здравство на Велика Британија.
Покрај тоа, имаме добиено Овластување за работа со крв од страна на
Регулаторната агенција за лекови и медицински помагала,
што ни овозможува безбедно да ракуваме со крв и нејзините нуспродукти.
Придржувајќи се кон строги оперативни процедури,
обезбедуваме највисок можен квалитет на обработка
и криопрезервација на матични клетки од човечките ткива.
Како работат матичните клетки
Матичните клетки се мултипотентни клетки
кои се сметаат за основниот елемент на животот.
Тие се користат во широк спектар на многу различни медицински
состојби вклучувајќи трансплантација при леукемија.
Се користат и при регенеративни медицински терапии.
Во моментов се актуелни преку 600 различни клинички испитувања кои се однесуваат на хематопоетските
матични клетки, како и преку 100 за мезенхималните матични клетки.
Тука во Future Health складираме широк спектар на различни клеточни типови.
Има два главни типа на матични клетки, хематопоетски матични клетки,
кои главно се наоѓаат во крвта и мезенхимални матични клетки,
кои се наоѓаат во различни ткива.
Мезенхималните матични клетки се користат за третирање на широк спектар
на различни состојби вклучувајќи и репарација на 'рскавицата и на срцето,
додека хематопоетските матични клетки се користат за третирање
на различни крвни заболувања вклучувајќи леукемија.
Земање на папочна крв и папочно ткиво
Нашиот прибор за земање
на папочна крв ги содржи сите составни елементи
потребни за успешно земање на примерокот.
Нашиот прибор за земање
на папочно ткиво содржи цевка за пренос на папочното
ткиво со специјален раствор и наша уникатна таблета за презервација на папочното ткиво.
Сите елементи се посебно спакувани во стерилна амбалажа и се обезбедени
како дел од приборот од страна на Future Health во согласност
со акредитираните процедури на Министерството за здравство на Велика Британија.
Приборите се составуваат и посебно се прегледуваат пред испорака.
Процедура за земање на папочна крв
Откога бебето ќе се роди,
здравствениот стручњак ќе ја земе папочната крв.
Во кесата за ставање на папочната крв на Future Health има две стерилни
игли за да се максимизира волуменот на земената папочна крв.
Пред земањето, папочната врвка треба да биде исушена
и темелно дезинфицирана за да се осигура стерилно земање на крвта.
Се отстранува капачето на иглата и првата игла се вметнува во крвниот сад
во најдолниот дел од папочната врвка, колку што е можно поблиску до клемата.
Процедурата за папочна крв се повторува и со втората игла,
но на горниот крај на врвката, близу плацентата.
Нежно раздвижување на кесата ќе осигура дека крвта и антикоагулантот
во кесата за ставање на крвта се добро измешани.
Примерокот од папочна крв потоа се става во термички изолираната кутија
за транспорт и се предава на партнерот,
која понатаму сноси одговорност за организирање на транспортот до Future Health.
Процедура за земање на папочно ткиво
Примерокот на папочно ткиво треба да
се земе веднаш по земањето на примерокот на папочна крв.
Таблетата за презервација се додава во растворот и
се остава да се раствори во него.
Папочната врвка темелно се чисти.
Се сече дел од врвката долг 15 cm,
кој повторно се чисти и се става во цевката за пренос.
Сите елементи се посебно спакувани во стерилна амбалажа и се обезбедени
како дел од приборот од страна на Future Health во согласност
со акредитираните процедури на Министерството за здравство на Велика Британија.
Нашиот овластен медицински курир безбедно ги доставува
папочната крв и ткиво на вашето бебе до Future Health.
Примање на примерокот
Примероците се примаат секојдневно од земји ширум Европа, Средниот Исток и Африка
заради нивна обработка според строгите упатства специфицирани од страна на Надлежното тело за човечко ткиво.
Врвните лаборатории на Future Health се лоцирани близу до аеродромот Еast Midlands,
којшто е нашето централно поштенско средиште.
Ова осигурува примероците да се примаат навремено од сите земји во кои работиме.
Секој примерок добиен од нас позитивно се идентификува со единствен код на примерокот.
Се проверува содржината на кутијата и се пополнува севкупната
потребна документација пред да започне обработката на примерокот.
Обработка на папочната крв
Сепарацијата и презервацијата на матичните клетки се прави од страна на специјализиран лабораториски персонал.
Примерокот се обработува во стерилно чисти простории под строго контролирани услови.
Се користи високо специјализирана опрема за компјутерски контролирана сепарација.
Затворениот систем на обработка ја осигурува стерилноста на матичните клетки.
Овој систем го дели целосниот примерок на папочна крв во три компоненти:
црвени крвни клетки,
плазма
и матични клетки.
Обработка на папочното ткиво
Персоналот којшто влегува во лабораторијата мора да носи целосни костуми кои потполно го покриваат телото од главата до нозете.
Примероците се обработуваат во стерилната околина на чиста просторија.
Стерилноста постојано се мониторира преку користење на агарни плочки во работната околина.
Примерокот папочно ткиво се чисти, дезинфицира и потоа се обработува.
Екстрахираме мезенхимални матични клетки од врвката, а потоа ги култивираме
со цел да обезбедиме успешен примерок.
Мезенхимални матични клетки се култивираат во лабараториите на Future Health
Замрзнување и долгорочно складирање
Она што ќе го направиме сега е внесување криопрезерватив во нашата buffy coat,
во која се наоѓаат нашите матични клетки.
Ова го правиме затоа што сакаме нашите клетки да ги зачуваме на минус 190 степени.
Финалниот примерок се складира во крио кеса.
Крио кесата е поделена на две независни комори обезбедувајќи повеќекратна употреба на секој примерок.
Помалиот дел може да се користи за експанзиона терапија.
Откога ќе се додаде криопрезерватив во крио кесата, таа се запечатува и потоа се става во надворешна заштитна кеса.
Оваа потоа се става во метален канистер заради дополнителна заштита од можни механички оштетувања.
Металните канистри се бар кодирани со истиот единствен број како и крио кесата.
Примерокот постепено се замрзнува во замрзнувач со контролирана брзина на замрзнување за да се заштитат
клетките при процедурата на замрзнување. за да се заштитат клетките при процедурата на замрзнување.
На крај примерокот се става во гасната фаза од резервоар со течен азот заради долгорочно складирање.
Ова спречува взаемна контаминација помеѓу примероците.
Ова е еден од многуте наши резервоари за складирање со течен азот,
овој содржи околу 8000 примероци од матични клетки.
Тие се многу, многу сигурни,
би преживеале 10 дена без течен азот и без струја.
Значи ни обезбедуваат многу, многу сигурен систем на складирање.
Ослободување на примерокот
Кога се бара одреден примерок да биде ослободен, се проверува кодот на примерокот
и потоа примерокот се пренесува од резервоарот за складирање во заштитен канистер,
а потоа во крио носач.
Примерокот ќе остане замрзнат се додека не стигне на крајната дестинација.
Тестирање
На секој примерок се вршат серија тестови со цел да се осигура квалитетот,
отпорноста и стерилноста.
Броење на крвта.
Броење на крвта се врши пред и по обработката за
да се утврди бројот на различни типови на клетки присутни во примерокот.
CD34
Најнова технологија, се користи опрема за цитометриски проток за да се идентификуваат специфични типови на матични клетки. 0:11:30.000,0:11:31.920PCR Elisa 0:11:31.920,0:11:35.240Ова е нашата целосно автоматизирана лабораторија за тестирање,
каде што ги изведуваме сите тестови на лице место,
утврдуваме присуство на вируси во крвта и ни дава
целосна доверба и контрола при обработката.
Ја користиме PCR за детектирање на вируси во крвта што е златен
стандард и може да утврди вируси кои другите методи не би можеле да ги детектираат.
Култивирање на клетки.
Мезенхималните матични клетки се одгледуваат за да се осигура отпорноста на секој примерок.
Се надевам дека уживавте во обиколката низ нашите врвни лаборатории.