Tip:
Highlight text to annotate it
X
Што постои насекаде во светот - прифатено и прославувано во некои земји,
а нелегално во 76?
Што се крие поради страв од јавен срам, апсење, тортура или
дури смртна казна во 7 земји?
Што ги разединува семејствата?
Што е она што прави луѓето да се соочуваат со ризикот од брутално насилство на дневна база?
Која едноставна карактеристика предизвикува луѓето да бидат третирани како граѓани од втор ред каде и да одат?
Што прави децата да бидат исфрлани од домовите, студентите да бидат тероризирани
и исклучувани од училиштата, а работниците отпуштани од работа без предупредување?
Што постоело во секоја земја низ историјата, но некои луѓе сѐ уште го сметаат за абнормално?
Одговорот?
Да се биде геј маж, лезбејка, бисексуалец или трансродово лице
Насекаде во светот милиони луѓе се соочуваат со насилство и дискриминација
Само затоа што се тоа што се
Секоја нација е обврзана според меѓународното право за човекови права да ги заштити сите
лезбејки, геј мажи, бисексуалци и трансродови лица од тортура, дискриминација и насилство
Обединетите Нации имаат една едноставна порака за милионите ЛГБТ луѓе насекаде во светот
Не сте сами
ЛГБТ правата се човекови права
Заедно ќе изградиме свет каде луѓето се слободни и еднакви