Tip:
Highlight text to annotate it
X
Еве ги одговорите.
Пребарувањето по ширина, како што кажува името, ги поминува јазлите по овој редослед.
1, 2, 3, 4, 5, 6, 7.
Значи, поминува првин по ширина.
Дали е оптимален?
Секогаш првин ги поминува најкратките патишта,
па каде и да се крие целта, ќе ги најде без пребарување
подолги патишта, па да, оптимален е.
Пребарување по најмала цена, првин го истражуваме патот со должина 0,
па патот со должина 2.
Сега има пат со должина 4, пат со должина 5,
пат со должина 6, пат со должина 7, и конечно, пат со должина 8.
И како што видовме, гарантирано го добиваме патот со најмала цена,
претпоставувајќи дека не постојат индивидуални врски со негативна цена.
Пребарувањето по длабочина првин пробува да оди најдлабоко што може во стеблото,
па редоследот е 1, 2, 3, потоа се враќа, 4,
се враќа, 5, 6, 7.
Можете да видите дека не секогаш го наоѓа најкраткиот пат.
Да речеме дека целите се на позиција 5 и позиција 3.
Алгоритмот ќе го најде подолгиот пат до позиција 3 и таму ќе ја најде целта
но нема да ја најде целта на позиција 5.
Значи, не е оптимален.