Tip:
Highlight text to annotate it
X
Исто така огромен финансиски товар кој го носиме сега е економијата.
Знаете, за многу луѓе дека станала систем кој е, на некој начин, расипан.
Во некоја мера резултат од финансискиот колапс во 2008 година.
Па како да се искачиме и да стигнеме на место на напредок?
Знаете,на големите проблеми им требаат големи идеи.
И еве еден проблем, да почнеме со ова: пари.
И...фрлете ги. Звучи лудо,нели?
Сега ќе зборуваме со некој што мисли дека ова би можело да е токму тоа што ни треба.
Питер Џозеф е филмски продуцент и исто така основач на Zeitgeist движењето.
Здраво Питер, јас поедноставувам тука, се разбира.
Не е само да се ослободиме од парите или валутите.
Наместо да правиме монетарна економија... да направиме економија базирана на ресурси.
Кажи ни што ова всушност значи.
Всушност, Вие сте делумно во право. Економија базирана на ресурси
јасно сака да ја отстрани актуелната механика на размена
и самиот пазарен систем, колку и да им изгледа радикално на повеќето.
Најпрво,мораме да разбереме, дека проблемите со кои се соочуваме во светот
не се резултат на некоја лоша политика или некоја легислатива или
или некој бум на инфлаторниот циклус или феномен на зголемување,
на кои сме научени во традиционалната економија.
Самата основа на економската структура е суштински погрешна.
Создаваме пари од долг, наплатуваме и камата на тоа
која што не постои. Го создаваме принципот, но сепак
принципот додаден на каматата секогаш е нерешен.
Луѓе, накратко кажано, тоа е игра со музички столчиња.
Секој систематски страда низ овој систем и неговата поставеност.
Па кога ќе слушнеме за колапс на долгот,стандарди на државниот долг,
тоа се неизбежни работи во системот, кои не се базирани само на нечија абнормална политика,
или нечија скандалозна зделка на пазарот на акции и деривати,
која произнесува многу важни продукти од неа.
Но, мојата поента и мојата работа со движењето е дека системот е внатрешно,
со вродени грешки, и за ние да се качиме на скала, на темпо, на...
на начин кој го прави нашето општество одржливо и со кој не страдаме од сите овие економски последици
мораме да се спуштиме долу на земјата и да видиме што всушност го поддржува човечкиот живот
што сме научиле од светот на природата и системите, кои всушност генерираат храна.
Кога ќе го сфатиме ова, ќе видиме дека живееме во техничка реалност, не во монетарна.
На пример, по едно дете умира на секои пет секунди од
сиромаштија и излечиви болести на оваа планета.
Ова е секако, технички непотребно.
Би можеле лесно да го нахраниме секој на оваа планета.
И кога ќе ја сумираме таа нишка на размислување, кога ќе погледнеме од техничка перспектива
наспроти монетарна перспектива, гледаме дека би можеле да ги решиме
сите големи човечки проблеми на оваа планета,
со реструктуирање на целиот економски феномен
за да биде навистина економски, кој значи зачувување, одржување.
Питер,зборуваше претходно, и кажа:
"Секој страда од системот."
Мислам дека можеби, ајде да појасниме малку,
многу луѓе страдаат, но постојат и луѓе кои
сакаат да го задржат овој систем токму каков што е. Нели сум во право?
Да, јас би рекол 1% секако е во... секако има примарен интерес,
има многу лесен начин да ги оправда плодовите што ги добива.
Имаме 1% од светската популација која поседува 40% од богатствата на земјата.
Ако тоа не е показател за внатрешната пукнатина на овој систем,
која е таму за да прегази една класа преку друга,
тогаш не знам што е.
Значи да, побогатите 1% имаат многу вложено труд, и нормално
тоа ги води владите кои се суштински
основани и поддржувани од корпоративните институции.
И знам дека имате пишувано за оваа голема дупка помеѓу богатите и сиромашните,
и една работа што ја имате напишано во вашите списи
е дека Америка е една од социјално најнеподвижните земји во светот.
Јас, на некој начин, морав да застанам и да го прочитам тоа повторно, но во основа тоа што го велите
мислам дека е: Ако сте родени сиромашни - шансите се дека ќе останете сиромашни,
со неколку исклучоци,се разбира.
Каква е оваа промена низ "Zeitgeist систем"?
Па, не е "Zeitgeist систем."
Оваа работа е изградена врз база на човек кој се вика Жак Фреско,
Кој гради врз основа на истражувања од минатите 150 години.
За луѓето кои континуирано размислувале за различни економски модели
кои не се базирани на монетарна размена и сите внатрешни проблеми кои произлегуваат од неа,
важно е да се спомне Проектот Венера
кој предлагам луѓето да го разгледаат
и кој има партнерство со Zeitgeist движењето
и е систем кој се базира на препораките од природните закони.
Тоа значи дека всушнест се враќате на земја, како што кажав претходно.
Гледаме што значи да се создаде човечко суштество,
што значи да се задоволат потребите на човечките неопходности
од очигледно голите потреби на сите емоционални
и биопсихолошки феномени кои впрочем го формираат нашето однесување
и да се создаде наша благосостојба, наше ментално здравје.
Кога сето ова ќе се сумира, што претставува целосно технички пристап
многу ограничен во споредба со човечкото мислење,
кој што ни го дала науката патем,
сфаќате дека постоечкиот економски модел е заглавен во времето.
Всушност, не го претставува она што ги задоволува човечките потреби.
И колку повеќе се враќаме наназад и гледаме што се сме можеле технички да добиеме,
за човечка популација, елиминирање на војни, елиминирање на глад, елиминирање на сиромаштија,
елиминирање на 95% од криминалот, кој патем е монетарно поврзан,
почнуваме да сфаќаме дека може да се оствари целосно нов пристап.
Многу е тешко за мене да го опишам ова во краток, мал сегмент,
но Економијата Базирана на Ресурси се заснова на длабинско планирање на ресурсите.
Монетарните врски не решаваат ништо, дефицит на цената,
ги имаме сите оние работи кои ја спречуваат нашата способност да создаваме одржливи добра,
имаме воспоставени институции кои константно
се обидуваат да го зачуваат својот удел на пазарот.
Суштински, тоа е мафијашки пристап.
Се работи за една група наспроти друга, секој војува, и имаме илузија дека
е некако за наше подобрување,
што го имаме овој личен интерес, а не е.
Веројатно не е, ако се погледне низ историјата и тоа што си го правиме себеси
и тоа дека сме на пат кон комплетна општествена и еколошка катастрофа.
Питер, ќе те прекинам накратко.
Баш ги слушам лошите политички реклами во глава.
Знаеш, ако ова движење добие во јачина, луѓето кои имаат бенефит од овој систем
ќе дојдат и ова ќе го кажат:
Ќе речат: "Tој сака да не врати во..
ќе сака да не направи комунистичко општество."
Што ќе одговориш на тоа?
Само тоа знаат, тоа е целата нивна теоретска основа.
Знаеш, пропагандата на Западот и на Слободниот Пазар
или на Пазарот Слободен за сите, како што јас тоа го нарекувам,
е за константно да се враќа назад, да се ориентира назад
кон оние стари структури кои се базираат на него,
автократски диктатури со ниту еден можен комунистички атрибут.
Вистинска комунистичка идеја е семејството, на кое мислам дека сите би требало да се повикаме.
Ние сме за интелигентно распоредување на ресурсите,
учејќи за тоа како да се грижиме за самите себе технички
и креирајќи почетен систем кој го прави истото.
И единствениот начин на кој можеме да го сториме тоа е со елиминација на
овој привиден,себичен
внатрешен атрубут на нашиот систем кој мислиме дека е природен
Очигледно сите имаме личен интерес, но
личниот интерес мора да стане општествен интерес,
ако очекуваме да преживееме како вид, многу едноставно.
Мислам дека едно од прашањата што луѓето би го поставиле е
под овој систем... кој е мотивот,
кој е мотивот да контрибуираш повеќе, да се трудиш појако,
ако на крајот сите бидеме еднакви?
Па, најпрво, никој не е еднаков со никој друг во апсолутистичка смисла.
Тоа е набиен концепт.
Еднакви, во смисла да ги добијат потребите за живот
да излезат од материјализмот кој го имаме
и кој ја поддржува оваа истакната потрошувачка,
која ја уништува планетата.
Овие вредности ќе се сменат, па мотивот би бил
луѓето всушност да разберат дека кога придонесуваат на општеството,
кога прават нешто вистинско, не работа во маркетинг или пазар на акции,
кога прават нешто и се учени всушност да придонесуваат на општеството,
дека тоа е за нивно лично подобрување.
Па ако јас бев изумител, би измислил нешто не за да направам пари,
што е многу болна, изопачена идеја,
туку би пронашол нешто што би го подобрило светот,
знаеќи дека ќе ми се врати како лична продобивка.
Значи,тоа е комплетно различна структура на вредности
и најдобрата работа со која можам да ве поврзам е идејата за Семејство.
Идејата за тоа што значи да се живее во семејство и за почитта што е заедничка во семејството.
Не и давате бакшиш на мајка ви секој пат кога ќе ви донесе нешто на масата.
Тоа е целосно нов пристаp на системот на вредности и нажалост
треба да ги вратиме страотните психолошки
нарушувања кои се создадени после, помалку или повеќе,
векови од овој деспотски систем кој се распаѓа токму пред нашите очи
и кој ќе води само кон повеќе војни, повеќе сиромаштија.
Па не морам многу да го бранам, но фактот дека
се што треба да направите е да погледнете што се случува во моментов
и што ќе продолжи да се случува, ако ги следите трендовите.
И навистина брзо ако погледнете наоколу што се случува, особено сега, ова не е...
Знам дека Вашата идеја и Вашето движење има следбеници ширум светот,
повеќе од 200 земји имаат поглавја.
Кажете ни повеќе зошто ова не е само национална идеја,
туку интернационална.
Апсолутно! Па, суверенитетот
суштински е огледало на корпоративниот концепт.
Тоа е самозаштитна идеја.
Светот ќе мора да научи да работи заедно.
Жал ми е што ќе морам ова да им го кажам на сите политичари таму:
Шовинискички, патриотски- со зборовите на Алберт Ајнштајн: "патриотизмот е болест."
Постои еден свет, постои единствена кружна планета, и време е да ги препознаеме како такви.
Мораме да го владееме светот на овој начин исто така,
така што ќе има јасна техничка реалност, не само филозофска,
Значи, Zeitgeist движењето е за премостување на разликите помеѓу сите раси,
сите националности, сите религии, се што не разделува,
затоа што сите мораме да се вратиме на потребите за живот.
А дури ни тоа право не можеме да го добиеме во монетарниот систем.
Страдањето е неприфатливо и непотребно.
И конечно,време е за глобално движење.
За жал, немаме веќе време ,Питер,
но секако е голема идеја во моментов што е исполента со навистина големи проблеми.
Питер Џозеф, филмски продуцент и исто така основач на Zeitgeist движењето.