Tip:
Highlight text to annotate it
X
Дозволете да ви раскажам една приказна.
Во Јуни 2008, на мал остров на среде Балтикот по име Готланд,
двајца странци делеа страст кон слична работа.
Како што одминуваше времето, нивната страст се разви во идеја.
Тоа беше идеја која можеше да инспирира иновација преку експериментирање.
Идеја која можеше да ги поврзи ентузијастите за игри, далечни и блиски.
и идеја која можеше да инспирира движење, и така се започна!
Сузан Голд се врати во САД, да побара помош од најискусните и талентирани индивидуи кои таа ги познаваше.
Горм Лаи се врати во Данска, каде го мобилизира неговиот веќе етаблиран Нордик Гејм Џем.
Зураида Будер и Елонка Данин се придружија за да понудат лидерство и да помогнат со организацијата на настанот кој полека растеше.
и Фоед Кашмуд воспостави техничка база која можеше да ги поврзи ентузијастите за видео игри од цела планета.
Заедно, првиот Глобален Гејм Џем,
на 55 локации низ целиот свет стана реалност.
Со твоето учество во петтиот Глобал Гејм Џем
ќе бидеш дел од заедница на над 11,000 луѓе и повеќе од 55 земји низ целиот свет.
Создавајќи илјадници игри и славејќи една заедничка страст!
Страст која нема ниту пол, раса култура или кредо.
Таа е сведоштво за човечкиот дух.
Организирање на ваков настан изгледа лесно, но бара логистика, тема, спонзори
технологија, поздравни обраќања, радио и видео, и сето тоа е координирано од илјадници волонтери од целиот свет.
Извршниот комитет на Глобалниот Гејм Џем се заблагодарува на сите кои истапија
за да помогнат да се организира овој настан
и ги покануваме сите заинтересирани да волонтираат во иднина.
Ви благодариме што сте дел од Глобалниот Гејм Џем 2013.
и на сите ви посакуваме одличен џем!
Едвај чекаме да видиме што ќе измислите!
А сега отворете ги вашите умови за нови идеи, истражувајте иновативни опции
и алтернативни начини, бидејќи станувате дел од најголемиот настан за креирање игри на планетава!
Здраво
Ако го гледате ова видео,
најверојатно сте одлучиле да бидете дел од Глобалниот Гејм Џем 2013
Алал да ви е!
Јас се викам Ерин Робинсон, и се надевам дека можам малку да ве охрабрам, пред да започнеме.
Во никој случај не сум експерт, но правам инди игри веќе 8 години.
Што е како да си на некаков бескраен гејм џем.
Ова е навистина ГЛОБАЛЕН гејм џем.
Со над 50 земји кои учествуваат во него оваа година.
Велат дека скоро 10 илјади луѓе ќе учествуваат!
И браво за вас што си жртвувате неколку дена за да помогнете да се помести иднината на видео игрите.
И навистина велам жртвување!
Бидејќи се работи за викенд
Сигурно има некаков спорт на телевизија...
Или можеби не сте многу по спортот
Без разлика од каде доаѓате, јас мислам дека секој има што да добие од учество во ваков настан.
Можеби работите некаде каде што не добивате шанса за носење одлуки...
Или можеби работите на AAA игри, каде измислувате нови начини за некој ваков предвремено да не напушти.
Или можеби е нешто како нацртана игра, или нешто како посериозен тип игра, или можеби е од оние што ги викаат шегаџиски, но...
можеби полека се прашувате дали има нешто повеќе во правењето видео игри од пукање на будалишта в лице.
или можеби воопшто не работите на видео игри, но сите знаат дека сонувате да влезете во таа индустрија еден ден.
Без разлика што ви е планот, во еден гејм џем нема лош исход, ако размислите околу тоа.
Во најлош случај, изгуби еден викенд за да дознаеш дека твојата идеја не чини, и дека е време да се обидеш со нешто друго.
Сепак научи нешто, и можеби заштеди доста време на подолг рок.
Во среден случај, си ги подобри своите девелоперски вештини, и најверојатно имаш интересен прототип со кој може да си играш.
Во најдобар случај... Па што знам.
Нешто добро!
Значи без понатамошно одлагање, еве неколку работи со кои мислам дека вашето гејм џем искуство ќе ви биде подобро.
Ако можете, соберете се со пријателите.
Не, не тие од Фејсбук.
Не, не тие од Твитер.
Не, ниту од Линкт-ин.
Никако! (Боже сачувај) Никако пријателите од Тамблер.
Ни тој.
Не бре, твоите реални пријатели.
Оние што ги запоставуваш додека работиш на твоите видео игри.
Ако нема официјална локација од Глобалниот Гејм Џем што ти е блиску, гледај да најдеш простор каде ќе можете да работите заеднички.
Имајте нешто за грицкање и пиење при рака, и гледајте меѓу нив да има и понешто здраво.
Само планирајте малку однапред, да не испадне да имате само две салати а никакво јадење.
Добро е да потрошите неколку минути на почеток за да формирате план.
И да отстапите од тој планот подоцна, тој ќе ви даде добра основа од која може да почнете.
Ако не ми верувате мене, прашајте го поранешниот претседател на САД и страствен планер Двајт Д. Ајзенхауер.
Не правете попроста верзија од некоја игра која ви се допаѓа.
Наместо тоа, обидете се со мала игричка која содржи некаква динамика која ви е интересна.
Ако некаде заглавите, секогаш можете да побарате помош од вашите пријатели на интернет.
Ако потрошите повеќе од пола час обидувајќи се да разработите некоја идеја, време е да ја упростите.
Не се предавајте ако работите не испаднат како што очекувате на првиот пат. Можеби сте на добар пат.
Ако зборуваме за уметност, запомнете дека неверојатен дизајн за карактер не вреди колку неколку брзи (но завршени) спрајтови.
И ако мислите дека можете, обидете се да направите нешто што никој не го направил досега.
Влечете идеи од секаде, странски филмови, омилени книги, матна уметност, стари кибрити
Чудни жаби, рецепти за супа или работи од кои сте се плашеле како дете!
Еве ви шанса! Можете дури и да ги измешате вашите омилени жанрови. Можеби ќе нагазите на нешто невидено.
Дали нам ни се допаѓа тоа или не, игрите веќе го изменија начинот на кој ние секојдневно комуницираме.
Како на пример дури вечераме.
Дали игрите не прават повеќе или помалку друштвени, тоа го одредуваме јас и вие.
Ако ништо друго не испадне од ова искуство, се надевам дека барем ќе се забавувате!
Ако го погледнете овој графикон, од последното Лудум Дер натпреварување, ќе видите дека скоро на сите им беше забавно.
Сите во зелено или жолто одговориле да или генерално да.
Инаку, ако ви е потребен графикон за да се уверите дека ќе ви биде забавно...
тогаш ова е вистинско место за вас!
Зборови, слики и зборување Ерин Робинсон
Музика "IndieGameHouse Theme" од Ben Prunty
Среќен џеминг!
Знаете што друго е добра идеја? Дезодорант! Не се зафркавам! Прснете си малку дезодорант.
Среќен џеминг!
ПС. Мојата нова игра се вика "Gravity Ghost".
ЗА СИТЕ ГЛОБАЛ ГЕЈМ ЏЕМЕРИ ОД БРЕТ ВИКТОР
ПОМИНЕТЕ СИ УБАВО, СО ЉУБОВ, БРЕТ