Tip:
Highlight text to annotate it
X
Тишина споделена во зборови
претставува
Волја и Желба Златната Иднина #5
Неодамна
зборуваше за волјата за моќ.
Ја објасни важноста да се има оваа волја,
оваа тежнение, да се стане господар на самиот себе си.
Исто така честопати изјавуваш
дека секоја желба е основата за човековата фрустрација.
Дали би можел да ја објасниш разликата меѓу волјата и желбата?
Гиан Саахаба,
разликата помеѓу
волја и желба
е огромна
иако тие навидум се исти.
Желбата е секогаш
за предмети.
Повеќе пари,
повеќе престиж,
повеќе почит,
повеќе знаење,
повеќе врлини,
подобро место во задгробниот живот
сите овие се желби.
Желбите
може да бидат милиони,
бидејќи има милиони нешта во светот
кои можат да станат предмет на желба.
Желбата секогаш има потреба од предмет
Волјата
не е поврзана со предмет;
таа не сака
нешто да биде придодадено.
Волјата е едноставно
твојата животна енергија,
која сака да се наметне самата себе
во нејзината потполност,
во нејзината
целост
да ги собере сите цветови кои се скриени во тебе.
да бидеш ти самиот.
Волјата знае само една работа
а тоа си
ти
и твојата златна иднина
Вие,
во моментов, сте само семиња.
Но може да станете
огромни дрвја,
кои се издигаат кон звездите.
Винсент ван Гог,
еден од најпознатите Холандски сликари,
исто како и Ниче, го сметале за лудак
и тој исто така живеел во лудница,
а не бил опасен човек,
едноставно неговите слики не беа во согласност со идеите на луѓето
Чудно како во овој свет не си слободен
ниту да сликаш според своите идеи,
нешто што никому не му штети.
Тој ги цртал неговите дрвја,
толку високи
така што и звездите останувале подолу
дрвјата оделе над нив.
Природно,
луѓето го прашувале "Ова е лудост,
Кај си видел дрвја
кои одат над звездите?"
И тоа
што секогаш го одговарал
е од огромна важност.
Тој велел,
"За мене,
дрвјата ја претставуваат волјата на земјата
земјата се труди да отиде преку звездите,
и еден ден ќе видите
дека земјата ќе успее.
Ова е само почеток,
затоа и не ги гледате дрвјата толку високи
но јас можам да видам далеку во иднината."