Tip:
Highlight text to annotate it
X
[ плачење на бебе ]
Ешли: Некои луѓе велат дека биле предодредени
да се родат како такви.
Докторот: Карен, тоа е прекрасно, здраво женско бебе.
[ смешкање ]
Ешли: Некои луѓе велат
дека тоа е резултат на домашното воспитување.
Вики: Многу те сакаме. Те сакаме.
Карен: Така. Добра девојка.
Многу си добра.
Ох, мама се врати дома.
Ешли: Проблемот со таа теорија
е дека имав најдобри, сосема нормални родители
какви што сите би посакале.
Карен: Како беше на работа?
Вики: Добро.
Карен: Денес ме остави да отспијам.
Денес ме остави да отспијам два часа.
Покажи ѝ на мама како го правиш тоа.
Така, срце.
Ешли: Додека растев бев среќно дете.
Девојче: Среќен роденден, Ешли.
Вики: Ти благодарам.
Ешли: Ние навистина бевме слика за совршено
американско семејство.
Имав 5 години кога дознав дека не сум како останатите од моето семејство,
а тоа се случи на свадбата на мојот вујко
кога го имав првото чувство на тонење
поради тоа што нема да бидам како нив кога ќе пораснам.
[ здравици и аплауз ]
Понекогаш се прашувам дали ако го игнорирав
чувството што го побуди кај мене тоа момче со цвеќињата
ќе постанев иста како нив, нормална.
Што сакате да си играме сега?
Девојче: Не знам. Сакате да си играме куќа?
Што велите Ешли и јас да бидеме мајките,
а вие момчиња да бидете наши деца и да морате да правите сѐ што ќе ви кажеме?
Дејвид: Не е фер.
Девојче: Па, тоа го прават мајките.
Купер: Хеј, што велите ние да бидеме татковците,
а вие да правите сѐ што ќе ви кажеме?
-Дејвид: Да. -Девојче: Нема шанси.
Ешли: Имам идеја.
Што велите Дејвид и јас да играме мајка и татко?
Девојче: Тоа е навистина чудно.
Ешли: Не, ќе биде забавно.
Девојче: Тоа е навистина одвратно.
Што си ти? Некаква расплодна крава?
Ешли: Не, не сум.
Девојче: [ издишува ] Си.
-Ешли: Не сум. -Девојче: Си!
-Ешли: Не сум! -Девојче: Си!
Да одиме, Дејвид. Не си играме со расплодни крави.
Ќе им кажам на сите дека ти си една одвратна расплодна крава.
Ешли: После тоа, навистина многу се трудев само да бидам нормална.
[ ѕвони ѕвончето ]
Еј, дечки, денес завршивте одлична работа во сцената со самоубиството.
Ме расплака.
Јан: Благодарам. И јас мислам дека помина многу добро.
Ешли: Посакувам улогата на Јулио да беше наменета за девојче.
Момче: Ешли сака момчиња! Ешли сака момчиња!
Ешли сака момчиња!
Двајцата: Ешли сака момчиња!
Ешли сака момчиња! Ешли сака момчиња!
Ешли сака момчиња!
Девојче: О, Ешли, толку си убава.
Бакни ме.
[ бакнежи ]
Момче: Јан, доаѓаш?
Карен: Ешли, дали ѝ кажа на мајка ти
дека доби улога во школската претстава? А?
Вики: Школска претстава?
Мислев дека одлучивме
да се обидеш во фудбалскиот тим.
Ешли: Не успеав да влезам во тимот.
Вики: Што?
После сите тренинзи кои ти ги платив?
Ешли: Извини мамо, едноставно не сум координирана.
Вики: А доволно си координирана за да глумиш?
Нели е тоа за момчиња?
Ешли: Не. Тоа е, исто така, и за девојчиња.
Ја подготвуваме "Ромео и Јулио".
Јас ја играм улогата на дадилката.
Карен: Тоа е прекрасно. Нели, душо?
Ешли: Дали знаевте дека Шекспир ја има напишано
за неговата вистинска љубов, војвотката од Јужен Хемптон?
Карен: Војвотка.
Шекспир бил хетеросексуалец?
Ешли: Да.
Тој многу ја сакал,
но не можел да се разведе од неговиот сопруг,
па така ја напишал "Ромео и Јулио"
за да ја искаже неговата љубов.
Вики: Кој ти го кажа тоа?
Ешли: Ох, г-дин Томпсон.
Вики: А кој е тој?
Ешли: Професорот по драма.
Вики: Треба да се јавиме во тоа училиште.
Карен: Мхм.
Вики: А дали виде кој се всели подолу на улицата?
Карен: Не.
Вики: Хетеро двојка.
Карен: Како знаеш?
Вики: Ги видов како излегуваат од нивниот автомобил.
Тој ја стави неговата рака околу неа
и имаа розево-сино знаме на браникот од нивниот автомобил.
[ смешкање ]
Карен: Тоа е навистина бесрамно.
Вики: Ешли, сакам ти и Купер да одите
на училиште по другиот пат.
Ешли: Но тоа е дупло подолг пат.
Вики: Не ме интересира.
Не сакам да се изложувате
на тој перверзен животен стил --
мажи и жени кои живеат заедно.
Тоа е грев.
Ми се лоши од самата помисла на тоа.
Тоа е толку одвратно.
Душо, може да добијам уште леб?
Пасторот: Што се однесува до неодамнешните настани во Холандија,
каде сега хетеросексуалните бракови се дозволени,
папата Јоана VII сака да ги потсети католиците ширум светот
дека црквата не го има променето својот став за овој проблем.
Нејзината светост нѐ потсетува, цитирам,
грев е маж да посакува жена.
Сквернавење е жена да легне со маж
надвор од сезоната на парење.
Сите такви луѓе кои негуваат страст во нивните срца
за спротивниот пол ќе горат во пеколот.
Да се помолиме.
Холи: Едноставно признај дека си ненормална, ненормална.
Г-дин Томпсон: Пола, што правите во машкиот тоалет?
Ајде, сите вие, вратете се на час.
Ајде, Холи, оди.
Ешли, дојди тука.
Знаеш, Ешли,
ова училиште има нулта-толеранција
за вакво однесување.
Замисли ако твоите мајки те видат како се држиш за рака
со момче на јавно место.
Навистина треба да им се јавам на твоите родители,
но ова ќе ти биде доволна казна.
Ешли: Ви благодарам, господине.
Г-дин Томпсон: Ова е само фаза низ која поминуваш.
Ќе ја надминеш.
Ешли: Да, господине.
Г-дин Томпсон: Знаеш, Ешли,
можеби ако си најдеш девојка,
сево ова задевање ќе прекине.
Сега, заврши со чистењето и врати се на час.
Ешли: Навистина се надевав дека тоа беше само фаза
како што кажа г-дин Томпсон.
Но, потоа се сетив колку цврста ми се чинеше раката на Јан
и што ми предизвика мислата дека го бакнувам.
Знаев дека не беше фаза
и се мразев себе си поради тоа.
"Ромео е протеран и целиот свет е урнат."
"Никогаш нема да смее да се врати и да те предизвика."
"Или ако го направи тоа, мора да биде тајно."
Мислам дека е најдобро да се омажиш за грофот."
[ мобилниот ѕвони ]
"Ох, тој е прекрасен џентлмен."
[ мобилниот ѕвони ]
[ ѕвонење ]
[ ѕвонењето продолжува ]
Јан: Јас-јас не можам да го правам ова повеќе.
Ешли: Што? Но, мислев дека ти се допаѓам.
Јан: Ми се допаѓаш.
Ми се допаѓаше. Види, брат ми дозна.
М-ми претеше дека ќе им каже на моите родители.
Би ме убиле кога би дознале.
Ешли: Не, нема. Тие те сакаат.
Јан: Не ги знаеш моите татковци.
Мојата тетка Сара се аутираше
и целото семејство ја отфрли.
Не ни е дозволено ниту да ѝ го споменеме името.
Татко ми вели дека Господ мрази „расплодни крави"
и сите тие ќе горат во пеколот.
Ешли: Добро, можам ли да те бакнам за последен пат?
Те молам, не знам кога воопшто ќе имам можност
повторно да бакнам момче..
Холи: Ве фативме!
Јан: Што правиш? Тргни се од мене!
Ешли: Јан.
Јан: Не знам зошто
продолжува да ме допира така.
Само се трудев да бидам љубезен со неа.
Те мразам, Ешли Куртис.
Држи се подалеку од мене!
Холи: Тоа е проблемот.
Не можеш да бидеш љубезен со хетеросексуалци...
Но, затоа секогаш можеш да им одржиш лекција.
Фатете ја!
Можеш да бегаш, ти мала наказо, но нема да ни избегаш!
Девојче: Ајде, ќе си играме смачкај ја настраната.
Сите: Да!
Холи: Фатете ја!
Братот ја Јан: Ова е, значи, малата настрана мамка
која се обидела да ја држи раката на мојот брат.
Ешли: Но, тој го сакаше тоа.
Братот на Јан: Не, не сакаше.
Ти си го натерала.
Холи: Сега ја видовме како го бакнува, нели?
Заедно: Да.
Братот на Јан: Ти настрана краво за расплод.
Фатете ја!
Холи: Ти си настрана.
Смачкајте ја настраната!
[ сите викаат "Смачкајте ја настраната!" ]
Холи: Направи ни услуга на сите, наказо, и уби се.
Карен: А, да, Карен е.
Ешли не се има вратено дома.
Вики: Зошто не ја зема?
Купер: Ешли?
Карен: Знам. Нема дојдено дома од училиште.
И... добро. Па, тоа беше 2:45.
Тоа беше 2:45. -Вики: Ешли?
Ешли, што ти се случило по ѓаволите?
Карен: Ќе ти се јавам подоцна.
[ телефонот титка ]
Вики: [ воздивнува ] О, Господи.
Не повторно.
Карен: О, Ешли, мила, злато, што ти се случило?
-Вики: Кој ти го направи ова? -Карен: Погледни ме.
Вики: Ешли, кој ти го направи ова?
Ешли: Никој.
Вики: Сигурно не си си го направила тоа самата, нели?
Карен: Доста е.
Душо, те молам --
Вики: Кој ти го направи ова?!
Сакам да знам веднаш!
Ешли: Пола Снајдер...
и Дру... [ мрмоли ]
Карен: [ плаче ] О, Ешли. Душо.
Вики: Добро, тогаш, марш горе.
Марш горе и исчисти се.
Од утре ќе почнеш со лекции по карате.
Не, нема да ми го тепаат детето секој ден.
Ова е твоја вина.
Ти ја разгалуваш.
Карен: Не ја разгалувам.
Вики: Не ми допушташ да ја казнам.
Го најдов тоа под нејзиниот душек.
Карен: О, Боже, бидејќи имаше 8 години.
Вики: Да, добро, но нема да дозволам крава за расплод
да се одгледува во оваа куќа!
Карен: Мислиш дека јас сакам да биде крава за расплод?
Вики: Не знам! Ова не е нормално!
Не знам ни што се случува со неа!
Децата не се однесуваат вака, ОК?
Не. Не те слушам повеќе
бидејќи очигледно нешто погрешно се случува со неа.
Карен: Добро, добро, можеби --
можеби треба да се спакуваме и да се преселиме.
Вики: Ајде -- ајде едноставно да се преселиме.
И истото нешто ќе се случи и во следниот град.
[ ѕвонење ]
Не ја разбирам.
Не знам што се случува со неа
бидејќи не се однесува како нормално дете.
[ шкрипење на гуми, удирање на објект ]
Млад човек: Педерска краво за расплод!
Те набљудувам!
[ ѕвонењето продолжува ]
Вики: Мислиш дека е во ред
Купер да има сестра која е расплодна крава?
Карен: Во ред, ќе се преселиме.
Вики: Добро, добро, ајде да се преселиме.
Карен: Што ако ја претепаат во следното место?
Вики: Знаеш што?
Ако останеме тука Купер ќе биде натепан!
Купер, исто така, ќе го тепаат!
[ течење на вода во када ]
Сите: Ешли сака момчиња!
Ешли: Зошто сите ме мразат?
Карен: Ешли, срце.
Ешли, мама е.
Ешли: Можеби има хетеро рај.
Карен: Ешли.
О, Господи!
[ врескање ]
Сѐ што ви треба е љубов?
Сите настани во овој филм се вистински приказни на жртви на тероризирање.
Овој филм е посветен на секое дете кое некогаш почувствувало таква темнина како резултат на омразата и неразбирањето од страна на другите.
Секогаш имајте на ум дека љубовта доаѓа одвнатре и дека никогаш не треба да се чувствуваш погрешно или осамено поради тоа што си... уникатен.