Tip:
Highlight text to annotate it
X
Ова е Роберт Фостер за Рап Вести уште еднаш
колку само беа интересни изминатите неколку месеци!
Историјата, секако, се случува,
Пирамидите треперат и режими се распаѓаат
Диктатури се тресат во Тунис
Египет, Алжир, Бахреин и сега во Либија
И во медиумите, армија од Инди-пионери
се појави за да ја исправи неправдата преку сајберсферата,
Соочувајќи се со полна опрема со статуси
и твитови што ги носат луѓето на улиците во корумпираните држави
И додека западот стои на страна и аплаудира на протестите -
Претставувајќи се како модел на слобода за остатокот
Светот прашува, каде ќе започне следната револуција?
Чекајте ... тоа е нашиот репортер, Џон Пилџер, во живо од Блискиот Запад!
- Така е Роберт, јас сум тука во Висконсин
Каде наставниците и работниците почнаа да бунтуваат!
Во длабочините на ова темно корпоративно царство
Луѓето конечно се осмелија да го изговорат зборот 'слобода'.
Јас сум длабоко внатре, меѓу нив
Сведочам за востанието на американските државјани
- Дали е тоа крајот на страшните маки таму?
- Ние може да го гледаме крајот на американскиот кошмар!
Луѓето контролираат неколку држави и територии
И се подготвуваат да влезат во мејнстрим новинските агенции
Тие веќе го симнаа гувернерот Скот Вокер
Кој ги укина колективните права на јавните работници
Постои бес за геноцидот на средната класа
Растечката сиромаштија, цените на храната и медицински трошкови
Ова е војна која не се гледа на телевизија
На луѓето им е доста од овој фашистички затвор
И двопартиската диктатура што се крена
под железната тупаница на републи-кратскиот систем
Спречувајќи ја демократијата и регуларните избори, исто така
пренасочувајќи го целото богатство кон банкарскиот картел
Она што некои тука го нарекуваа американскиот сон
се чини дека е опасна пирамидална шема
- И како е овој закон донесен?
- Може да се сеќавате на 11-ти септември напад кој
некои веруваат дека е наместен;
Во секој случај, губењето на граѓанските слободи беше драстично
Патриоти-актери, политички затвореници, тортура
дури и губењето на правото 'habeas corpus'
Во името на слободата, но едно е сигурно:
Сега кога луѓето ја почувствуваа слободата; нема враќање.
- Тоа само ни покажува дека никогаш не се знае
Дури и на најсуровите режими може да им се зададе удар
Ви благодариме Џон, па како светот ќе го прими ова?
ајде да преминеме во Египет каде ја имаме во живо ...
безстрашната Асмаа Махфуз
Чие што видео го исполни Тахрир плоштадот со млади активисти
- Здраво на вас на каналот Рап Вести
- Асмаа Махфуз, можи ли да ги знаеме вашите ставови?
- Секако, американскиот народ претрпе злоупотреба
и мора да избере дали да биде роб на тиранските арамии
Или да ни се придружи и да чекори во модерната ера,
Со земање на оружје в рака со Фејсбук и Твитер
Ние се молиме за Американците вечерва
додека тие се борат за нивните основни човекови права
- Па, како светот може да им помогне да ги ублажат своите маки?
- Ух, чекај Роберт, некој ме бара на Skype
Ало? - Здраво, Асмаа, ова е Ранеен Салам
Во Багдад, тукушто ја добивме вестта за бунтот на Американците!
- И? - Како што знаете, Ирак беше нападнат
Од страна на САД за да го симнат нашиот брутален диктатор
Значи, молиме за ОН да ја слушнат нашата изјава,
Во Ирак луѓето се подготвени да ја возвратат услугата!
Ќе ги испратиме нашите војници за да ги спасат од пеколот
фрлиме страшни бомби и ураниумски гранати
- Што е со заканата на фундаменталистичките христијани?
- Ќе ги ослободиме и ќе им дадеме секуларен систем
Да, ќе ги спасиме, дури и поганите
Ова е операцијата Трајна Американска Слобода!
- Па ... - BRB Роберт, имам друг пријател онлајн
Ах, нашата сестра, Nisreen, се јавува од Палестина
- Салам, сите ние во окупираните територии
солидарно стоиме со угнетените во Северна Америка
- Да, така ... - Чекај, чекај - Изненаден сум, претпоставувам никогаш не би помислил
дека луѓето во Палестина би сочувствувале
за еден од најжестоките сојузници на Израел
- Не, не! Морам да појаснам:
Ние даваме поддршка на домородните народи
кои, како нас, ги загубија своите земји низ колонизацијата
Како Лакота - придржувајќи се кон договорот од Fort Laramie!
И вистинските суверени сопственици на окупираните Хаваи!
- Гледам ... - Роберт чекај! пејачот на U2
Тукушто постави добротворна песна на YouTube!
Погледни:
Има една земја која се нарекува Америка
И тоа е свет на ужас и страв
Каде што водата тече само како горчлив убод од солзи
И единствени ѕвона што ѕвонат се ѕвоната на пропаста
Па вечерва фала богу што е тоа нив наместо на вас
И нема да има права во Америка овој Божиќ
Најголемиот дар што ќе го добијат оваа година се лагите
Каде што ништо не расте
освен ГМО
Дали тие воопшто знаат дека е Божиќ?
Фала ти Асмаа, сега нашиот следен гостин
Од рамките на режимот, ТВ водителот Глен Бек
Значи, Глен Бек, кој е вашиот поглед на овие настани?
- Здраво Америка, тоа сум јас, Глен Бек
Сум ги подучувал гледачите на моето 'red neck show'
да обрнат внимание на надоаѓачките бунтови
ова не е народно востание
Тоа е поттикнато од синдикатите, тоа е комунистички вирус
- Ok, тогаш кој се крие зад ова? - Па слушај
Демонстрантите, муслимани, и Франсис Фокс Пивен
заедно со студентите што таа ги издрогирала
Со испрани мозоци од страна на Ленин, и 'Weather Underground' на Бил Ерс
користејќи ги работничките права да шират проблеми
Тие треба да бидат тепани со лопати
- Зарем не е тоа дека американскиот народ
протестира во знак на вистинско незадоволство?
- Америка има најмногу затвореници во светот
- 2 милиона зад решетки!
- И покрај тоа што луѓето начисто се ограбени од Вол Стрит,
само Берни Медоф отиде во затвор за тоа!
- О, не го слушајте, Америка! Совршената бура е во
Студентите, исламисти, Google, сите од нив
Тие започнаа борба против слободата
против Израел, Бог, капитализмот и стабилноста.
Види, тоа е очигледно: ова е Џорџ Сорос
Кој го финансираа востанието во Египет и сите следбеници
Преку неговиот Институт отворено општество,
Поддржан од? Ох, тоа би можело да биде Муслиманското братство!
Кои одат во чекор со кој? Иран,
И го сакаат судниот ден калифат на 12-тиот Имам;
О, добро, тоа е одлично! КОМУНИСЛАМ!
Да деца, тоа е вистинскиот непријател на оваа земја
- Добро Глен, останете во близина за да ја видиме вашата реакција
за други мислења што се јавуваат низ светот
Најпрво го имаме на линија
Карлос Баранкуела на границата на САД
Карлос, ти си во добротворна организација, кажете ни што правиш
- Добро, оваа невладина организација се вика 'Грингосите се исто така луѓе'
САД не може да им ги даде на своите граѓани дури и основните услуги
Значи во последните триесет години ние сме испраќале хуманитарни работници како
Слугинки и слуги, и неопходно е таа помош да се оддржува
додека луѓето не го преземат овој режим
- Што е ова? Што зборува овој тако-бендер?
Мексикански помошници? Ниту во пеколот, Хозе!
'Tea Party' движењето веднаш ќе ги стрела овие имигранти
Ние ќе се бориме за одбрана на нашите граници,
- Слушај, курлеро, ѕидовите и оградите
не се тука за да нè чуват надвор, тие се за да ги чуват Американците внатре
- Добро, наредниот гостин е
венецуелскиот претседател Хуго Чавез
Што е вашата реакција за револуцијата?
- Грасиас, буенос тардес
Причините за ова востание се опасни
капиталистички гангстери, олигарси
кои го принудуваат четиринаесет проценти од населението да плаче
Живеејќи под линијата на сиромаштија
Па Венецуела испраќа евтина нафта
За да ги загрее нивните домови во зима и да им ги олесни маките
Во име на добротворноста прифатете ја нашата помош
како израз на солидарност
- Зборувам во име на нашиот Милостив Создател:
"Кој прифаќа комунистичка нафта е предавник!"
- Чекај, најнови вести пристигнуваат од Џон Пилџер
- Роберт, јас сум пред зградата на Фокс
Бунтовниците се пробиваат внатре, тука не се дише
Кој ќе најдат таму - тешко му се пише!
- Па тие пристигнале? Ќе се справам јас со тоа племе
Уф како смрдат. Боже, ги мразам сиромашните и нивното семе
- Бунтовниците стигнаа до станицатата
Барајќи ја главата на Глен Бек - пијаницата
- Јас одговарам на Џозеф Смит, сенаторот Макарти и
чистата белина на Confounding Fathers!
Тие никогаш нема да ме фатат жив, би можел и
да се оддадам на духот на nine-twelve
ова е мојата земја, јас навистина ја сакам
но се плашам за неа
Тие мислеа дека сум луд и загубен
Кој рече дека сум полудел?!
Уа, мора некако да ја прекинам болката ...
За Америка и Фокс, со старите добри американски-пиштоли
Добра ноќ Америка ...
Па драги гледачи, сигурен сум дека ќе се согласите,
Прекрасно е да се видат овие весели сцени
Видовме како нашите браќа и сестри ја пишуваат историјата
Во Северна Африка и на Блискиот Исток
Но симпатии за нашите сиромашни роднини на Далечниот Запад
Кои се соочуваат со овој голем тест
Оваа потрага, оваа неверојатна борба
На некој начин, сите ние сме Американци вечерва
Како што во светот се тресат пирамидите на моќтта
Ајде да се потсетиме на Големото Патување на кое се наоѓаме
Многу одамна, тргнавме во оваа голема авантура
сепак, човештвото се уште останува идеал кон кој се стремиме
Што може да се каже и за т.н. револуции?
Нели се тие бебешки чекори во нашата тековна еволуција?
Патот е долг, и покрај нашиот разговор за "цивилизација"
ние сме се уште далеку од таа дестинација�