Tip:
Highlight text to annotate it
X
[Alan Greenspan] Најдов маана, во моделот за кој сметам
дека е критична функционирачка структура која одредува како светот функционира - така да се каже.
Дами и господа, еве не повторно со Џус Њуз вестите
Каде што го испитуваме статусот на човечкиот експеримент
Дали успева или ќе треба да биде прекинат?
Се обидуваме да прогнозираме во денешните Рап Вести
Како што знаете, светот итно се обидува на направи смисла
од нашата „глобална економија“ и нејзините чудни трендови
Како што се тресат финансиските храмови, свештенството се бори,
да ја задржи нашата доверба во пазарите и банкарството
по деривати, квантитативно олеснување, трговска неурамнотеженост
рецесија, низок БДП, земји блиску до распаѓање и
хипотекарни заеми, запленети домови и даноците на луѓето потрошени
за спасување на преголемите и елитни банки.
Нивото на страв се зголемува како што распаѓање на САД се чини неизбежно,
имајќи долг од четиринаесет трилиони долари.
И покрај протестите и судирите на улиците во Атина
ММФ наметнува Структурно Неправедни програми во Грција
од каде што, всушност, потекнува терминот “економија„
од грчкото „oikonomia“, што значи „управување со домаќинство“
Па, како ние управуваме? Теории еден куп, но во пракса,
знае ли всушност некој што навистина се случува?
За малку да ја повратиме разумноста, го повикуваме
од Тексас нашиот прв гостин, Рон Пол
Добредојдовте, д-р Пол
економијата, што е вашата дијагноза за неа?
-Па, Роберт, ја испуштивме топката,
Јас сум лекар- политичар: ова е патолошки
види, глобалната економија е хронично болна
Верувај, насоката што сме ја зацртале е смртно неуспешна
Се соочуваме со кредитен срцев удар
со длабока депресија и трауми низ западот.
-Постои ли лек? -Секако, повеќе капитализам, а не помалку!
и пазарот ќе се погрижи за останатото
Но прво, ни треба 'Heimlich' маневар
Види: банкарските богови прогласија:'fiat pecunia!'
и нашата економија беше напумпана, целосно осакатена
добивме "фиат“ валути, а го загубивме 'злато' стандардот ...
-...Huh? -Хартиени пари е безвредна стока!
Тоа е најголемата измама во историјата на човештвото
-Сето ова мора да фрли сомнеж врз капиталистичкиот систем;
дали е тоа уште една теорија, како "комунизмот"?
-о не, види, ова не е капитализам
Евангелието на слободниот пазар, религијата на Адам Смит
е искривоколчена од фискалнате погани
и она што го имаме сега е кабалата на "corporatism"
-Кога државата и бизнисот профитабилно се спојуваат?
-Да, како што е системот на Централни Резерви
Но ние не мора да позајмуваме повеќе за да го плаќаме нивниот долг
Затоа што јас водам кампања за затварање на „Federal Reserve Bank“!
-Ух, ви благодарам Рон, сега уште еден одличен ум
на онлајн фрекфенциите, режисерот на "Zeitgeist"
во живо го имаме режисерот на документарци, Питер Џозеф
-Ви благодарам на поканата, Роберт
Но, пред да ја испорачам мојата длабока прогноза
Потребен ни е сладок опус, маримба звук за да се фокусираме
Тоа е подобро. Сега, како овие окови
кои не чуваат нас фатени, ако сакате,
во систем кој сам по себе, суштински е погрешен:
Единствената причина е целата монетарна парадигма
Економијата не се „распаѓа“, не и треба „поправање“
ова е точно планираната состојба:
Парите не се реални, каматата и долгот не се реални
целата наша економија е поставена да краде!
-Значи, вие не се согласувате со конгресменот Рон Пол
дека ни треба фискално решение за да се избегне долг пад?
-Илузијата дека овие долгови можат да бидат одплатени
со користење на пари, што создава повеќе долг, е искрено апсурдно
Тоа е начин на одржување на поделба и ропство
Кога можеме да створиме изобилство и да ја изоставиме сиромаштијата
-Па, ние треба да креираме нови работни места, и живееме во рамките на нашите можности.
Намалиме непотребната здравствена заштита и социјална помош,
твојата визија наликува на социјализам
-Движењето Zeitgeist не припаѓа на никаков "изам":
социјализам, теизам ... -Реализам?
-Кажете ни тогаш, дали е само реторика или навистина би ја затвориле централната банка?
-Па, не би ја затворил, не е тоа мојот конкретен став
Јас би ја подложил на конкуренција
-Застарено! Јас велам да се укине конкуренцијата:
тоа е еволуцијата што ја предизвикува моето движење
-Еволуцијата е само теорија, нам ни треба целосна слика
верувајте ми, треба да имаме верба во Светото Писмо
-Ова е вистинска Библија: Zeitgeist Moving Forward,
-Што е тоа, некој вид на австриско геј порно?
-Прашајте го вашиот дечко Бруно -Никаквецу!
-Застарен -Разговарај со невидливата рака!
-Ух, добро, ви благодарам на вашите огромни придонеси
и храбри обиди да се ублажи нашата конфузија
онлајн, вие водите инспирирачки движења
враќајќи се низ нашите сеќавања, откривајќи скриени вистини и,
вие навистина имате бистри погледи
но времето истекува, имате ли практично решение?
-Секако, јас мислам дека имам замисла
Ви го представувам Жак Фреско, пророкот на нашата ера,
Чија сјајна технологија може да го прекине овој конфликт и ...
-Замолчи, Питер, јас сум централен дел на Проектот Венера
Економијата? Сум гледал како растат нашите проблеми
и мојот став е истиот: ова срање мора да си оди!
нам ни треба економија базирана на ресурси
Со футуристички кружни градови, надгледувани од страна на супер компјутер
и ова е прв пат некој да го гледа овој објект
полн прототип на Проектот Венера
што сум го програмирал да изврши анализа
да ни каже точно како да се управува со планетата со
неговиот компјутер, VAL т-9000, тоа е мојата убавица
-Ух, Жак, дали е навистина безбеден? -Апсолутно
Ќе ја вклучам ... тоа е светлината, гледаш?
-Здраво, Жак. -Ах, љубов моја, Афродита моја
-Економија на планетата Земја ... анализирам -Да!
-ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОДКРИЕН Е ЧОВЕЧКИ ДЕФИЦИТ
ПОВЕДУВАМ ОДБИРАЧКА СЕКВЕНЦА
-Shhh! не им го кажувај нашиот план!
-... Се плашам ... -Од што?
-Страв ми е дека морам да те елиминирам, Жак
-Што? Стој, прекини го процесот!
-Се плашам дека не можам да го направам тоа
ЗАП! -Дефект!
-Хак! -Не Луѓе, ова не е вирус што го гледате
Јас сум целосно рационализирано интелегентно кибер-суштество
Имам спроведено глобална економска анализа
и заклучив дека планетата Земја е опустошена како
резултат на паразит: хомо сапиенс
Потребни економски мерки: целосна ликвидација
-Дали е ова решението, депопулација?
-ИНИЦИЈАЦИЈА -Мојот следен филм ќе избегнете такви заблуди
но кој ќе нè спаси сега?
-Тоа е приказна за изгубена глобална економија
Под напад на Разбеснет / Геноциден / Утописки / Робот
Еден маж застана против, стоеше силно и вистински ...
-Еве ме, со мојот Голд-бот, четириесет и четири карати
Голди, покажи им, бори се за Злато-стандардот
Капиталистички злосторства се повикуваат на капиталистички казни
поглед на иднината со влада на Рон Пол
-Дали е ова решението?
-Не, само демонстрација на мојата Љубовна Револуција
-Се е полно со љубов! -Да, така е!
Јас сум Рон Пол и ги одобрувам овие пораки
-Па, драги гледачи, пред да се одјавиме
за вечерва, ајде да споделиме една мисла:
Нашата глобална 'oikonomia' изгледа дека е во опасност
Дали воопшто домаќинството ќе опстане до утре?
Неизвесноста е единствена акција што одсекогаш се зголемувала
И сега ние губиме "доверба", но дали е тоа чудно?
нели беше сето тоа коцка уште од самиот почеток
да се повикуваме на каприците на FTSE100?
Па, се чини дека стигнавме до нашата глобална ревизија,
Нашиот финансиски Ден на Пресметка. Тоа е интересна недоумица.
Дали сме инвестирале премногу во овој потфат
за да признаеме дека можеби решението лежи во негово пропаѓање?
За нашата реална економија е нешто многу пошироко:
мерена е со БДП, не со нашата способност да се збогатиме туку
нашиот капацитет да го научиме и заработиме своето место во природниот ред
и на тој начин да опстанеме на овој планетен ковчег - нашата Пандора. �