Tip:
Highlight text to annotate it
X
Проектот Венера Ви претставува
Продуцирано од Роксен Медоус
Напишано од Жак Фреско
Целото монетарно структуирано и материјалистички ориентирано општество
е лажно општество.
Ова општество ќе замине во историјата како најниската точка во развитокот на човештвото
Имаме знаење, технологија
и можност да изградиме сосема нова цивилизација
Вечност или заборав
(Жак Фреско) Живеењето за време на Големата криза во 1929
ми помогна да ја обликувам мојата социјална свест.
Тогаш сфатив дека Земјата е се уште истото место:
Производството на растенија и ресурси се уште се одржуваше,
но луѓето немаа пари за да ги купат производите.
Почуствував дека правилата на играта која ја играме
беа застарени и недоволни.
Мизеријата, страдањата и војната ми дадоа материјал за животно дело.
Ме мотивираше и неспособноста на владите,
академскиот свет и недостатокот на решенија понудени од научниците.
Притоа сфатив дека наместо работа со индивидуи,
поефективно би било редизајнирањето на културата.
Ова се претвори во животна потрага по изнаоѓање решенија
за многуте проблеми кои ги имаме денес.
Презентацијава преставува можен план за социјална промена
која се стреми кон мирна и одржлива глобална цивилизација
каде коегзистираат човекот, технологијата и природата.
Ќе претставиме една алтернативата и цел
каде човековите права нема да бидат само хартија
туку ќе бидат и начин на живот.
Се работи за проектот Венера.
Основачот, Жак Фреско,
повикува на едноставен редизајн на целата култура каде војните,
сиромаштијата, гладот, долговите и непотребното човеково страдање
се гледаат не како неизбежни туку целосно неприфатливи.
Станува се поочигледно дека било што различно од ова
ќе резултира со истите проблеми со кои се соочуваме денес.
Жалењето без понудена алтернатива е бескорисно.
Центарот за истражување на проектот Венера
конструиран од Фреско и Роксен Медоус
се наоѓа во Венус, Флорида.
Тоа се однесува на нашите тешкотии и нивните вкоренети причини.
Но, од каде потекнуваат нашите вистински проблеми?
Пропаднати системи
Денес ни преостануваат многу малку алтернативи,
бидејќи се судираме со нашите сегашни постапки.
Вчерашните одговори повеќе не се релевантни.
Земајќи ја предвид веќе направената штета на околината
ние брзо се приближуваме кон точката од која нема враќање
каде природата ќе го диктира правецот.
Или ќе продолжиме како што сме почнале,
со заостанати општествени обичаи и навики на размислување
и со тоа ќе ја загрозиме нашата иднина,
или ќе примениме посоодветни вредности
попогодни за одржливо општество
со повеќе можности и слобода.
Американците во своето општество се условени
да купуваат различна кола секоја година,
да купат нов телевизор или касетофон.
Премногу сме екстремни, а нашите политичко-општествени институции
се немаат сменето , и тука заостануваме,
бидејќи секогаш новата идеја ја споредувме со комунизмот или со строга дисциплина,
бидејќи сме воспитани да се плашиме од она што е ново
Ниеден од светските економски системи -
социјализам , комунизам , фашизам или слободниот организациски систем -
ги нема решено проблемите со елитизмот, национализмот, расизмот
и пред се, сиромаштијата.
Сите овие постојат пред се поради економската нееднаквост.
Кога парите служат за управување и произведување на средства за профит
а луѓето и државите немаат ни за себе,
тие ќе бараат корист по секоја цена.
Ќе го постигнат тоа со одржување на конкуренција
или преку воена интервенција
Војната е најголемиот неуспех во надминувањето на несогласувањата меѓу земјите.
Од чисто разумна гледна точка
тоа е најневештиот начин на губење животи и средства што е создаден.
Главна причина за почнување на војна е контролата на ресурсите
и одржувањето на положбата на диференцијална надмоќ
Тие не се засновани на" достоинството на човекот".
Tие не се засновани на издигнување на човекот
Војната може да ги возвиши луѓето во победничката земја.
Можно е, но цената што ја плаќа
остатокот од светот е огромна.
Овој вулгарен и насилен начин да се решат меѓународните несогласувања
вклучува и една уште позастрашувачка перспектива
со напредокот на компјутеризираните системи за нуклеарна испорака
и смртоносните биолошки и хемиски оружја.
Над 100 000 компании "се хранат" од Пентагон
Но големите пари сепак одат кај огромните компании
Сепак, за оние што заработуваат од воената индустрија,
ова претставува поволна можност за профит.
Доколку не би ималo корист од војните
дали мислите дека би постоеле ?
Ако ве повикаат во војска да и служите на вашата земја
го заложувате животот за вашата земја.
Треба да ги регрутираат сите воени индустрии:
секој пазар за оружје, производител на митралези
автомобили, џипови, воени бродови
така што ќе се исплаќаат на иста основа како и војската
Тогаш е реално , но ако направиш милиони воени бродови за продавење
и митралези за војската , тогаш е корумпирано.
Да се прашував јас, милионите војници
би ги пратил во училиште, да научат како да се справуваат со проблемите и да ги решаваат
и како да најдат заеднички јазик со други држави.Тоа треба да го направиме, а не да убиваме.
Војниците се машини обучени да убиваат.
Јас би ги обучил да одат во Мексико и да надминуваат разлики,
да одат во арапските земји, и таму да надминуваат разлики.
За да се спојат сите заедно, сите нации.
Војната не е единствената форма на насилство врз луѓето;
тука е и гладот, сиромаштијата,
бездомништвото и невработеноста.
Прифаќањето на овие услови како човекова природа е мит
кој треба да ги одржува работите какви што се.
Влијанието на средината
Генетиката нема ништо со алчноста, бизнисот, расните предрасуди.
Сите системи во било кое општество се дел од твоето образование:
книгите кои ги читаш, моделите кои ги следиш и луѓето на кои им се восхитуваш.
Гените немаат ништо со тоа... туку со бојата на очите
формата на носот,
наследните карактеристики.
Гените не ги контролираат нашите вредности.
Ако си роден со подобар мозок од некој друг односно
твоите рецептори се подобри и квалитетот на ткивото е подобро
Ако имаш подобар мозок и живееш во фашистичка земја
тогаш побрзо ќе станеш фашист.
Мозокот нема механизам за дискриминација.
Мозокот не може да ја направи разликата помеѓу релевантното
и помалку релевантното, туку искуството.
Ние не се раѓаме со алчност, љубомора, омраза и меѓусебна нетрпеливост.
Нашето однесување и вредности се одраз на културата на која сме изложени.
Ако бидеш одгледан со ловците на глави во Амазон,
тогаш и ти ќе бидеш ловец.
И ако ти речам:"Нели ти смета тоа што имаш набиено 5 глави на колци?"
ти би ми рекол "Да ми смета, мојот брат има 20."
Дали е тој чукнат? Не, тоа е нормално за неговата култура.
Социјалните и проблемите со средината ќе останат нерешени
се додека неколку нации ги контролираат повеќето од ресурсите на Земјата
и додека профитот се става пред човековата благосостојба.
Резултатите од профитот се непотребното страдање
и чудното однесување во денешницава.
Многу луѓе мислат дека ни требаат правила или закони за да ги елиминираме проблемите.
Имаме многу закони, еден куп,
но секојдневно ги прекршуваме.
Декларациите на хартија и договорите не можат да ги променат недостатокот,
бедата и чуството на несигурност.
Можеш да ја предвидиш иднината и вредностите ако го знаеш
текот на настани поврзани со океанското загадување, недостатокот на обработлива земја...
ако гледаш како расте овој деградирачки систем
Можам да ги предвидам бунтовите и убивањата и атентатите.
Човечкото однесување го создава средината која не опкружува.
На пример, ако има недостаток на вода, таа е повеќе барана и цената и расте.
Ајде да го дискутираме недостатокот како систем.
Замисли дека врне злато 3 дена, златна прашина.
Луѓето би излегле и би ги полнеле подрумите
таваните, сите фиоки во куќата. Би ја фрлиле и облеката.
Ако продолжи да врне уште една година и златото да биде насекаде,
луѓето би го изметиле од своите домови, би ги извадиле прстенитe и би ги фрлиле,
а човековото однесувње ќе се прилагоди на таквaта ситуација.
Полицаец стои само пред она што им е потребно на луѓето,
а до кое немаат пристап, затоа е потребен чувар.
Но, ако лимонови дрвја, портокали или јаболкници
растат насекаде ,не можеш да ги продаваш.
Ако си на остров кој е пребогат со извори
со тебе има уште 10 луѓе; ако има за секој по илјада риби
и 10 пати повеќе лебни дрва и банани,
парите никогаш не би постоеле.
Приватен имот никогаш не би постоел.
Ако островот е доволно голем: има 10 луѓе, има 8000 ари,
и никому не би му било гајле да обележува територија во оваа област.
Има шеми на однесување што промовираат опстанок.
Има општествени услови што ги менуваат нашите вредности и сфаќања.
Никој не може да напише Устав за соодветно однесување
а при тоа да ја занемари околината.
Затоа , подобро е да се грижиме за животната средина,
да се грижиме еден за друг,
да ги образоваме луѓето
на највисоко можно ниво,
ако сакаме да имаме општество.
Дури и мировен договор не може да спречи друга војна
ако не се решени главните причинители.
Можеби тоа што е потребно се морални луѓе во Парламентот
кои ќе работат за доброто на сите.
Но дури и ако се изберат најморалните луѓе на високи позициии,
штом снема ресурси, и тие би лажеле ,
мамеле, краделе, и подмитувале.
Не се потребни морални луѓе, туку
начин на интелигентно управување
со ресурсите на Земјата за доброто на сите.
Општествени недостатоци
Да ги разгледаме поопширно нашите општествени уредувања.
За да ја одржиме нашата економија, производите мора постојано да се продаваат.
За да се осигура ова , тие се намерно дизајнирани да се истрошат и расипат.
Можеби сте забележале дека ова најчесто се случува
веднаш штом истече гаранцијата.
Оваа корумпирачка практика е наречена "планирано застарување",
и значи свесно намалување на ефикасноста.
Иноваторите се школуваат во најдобрите училишта
и потоа од нив се бара да дизајнираат работи кои нема да траат долго
и се расипуваат точно по план.
Ова резултира со бескрајно и залудно трошење ресурси и енергија.
Ја пљачкосуваме планетата за профит.
Ако размислиш, тоа не е нешто што го сакаат луѓето,
туку начин да добијат плата.
Парите не претставуваат ништо реално
и не постои злато, сребро или ресурс што ќе го оправда нивното постоење.
Не можеш да јадеш пари или да направиш куќа од нив.
Не се ниту поврзани со вистинскoто производството
и суровините на оваа Земја.
Монетарниот систем се пренесува со векови,
а ние продолжуваме да го користиме без приговор.
Дајте ми ја контролата врз парите на една нација
и не ми е гајле кој ги носи законите. Мајер Ротшилд
Овој систем ќе продолжи да се автоматизира се повеќе и повеќе
одземајќи ја куповната моќ на мнозинството луѓе.
Ќе дојде такво време ( наречено - кривата на Гаус)
каде вработеноста е олкава, производството олку, куповната моќ онолку.
Системот застанува.
Банките пропаѓаат и ништо не функционира повеќе.
Многу брзо се движиме во тој правец.
Во 2011 стигнавме до една точка,
кога станува очигледно дека машините го надминаа човекот.
- Далеку сме попродуктивни со помалку вработени луѓе.
Како економија сме попродуктивни од кога и да е;
iPad апликација може да направи повеќе од 4 луѓе.
-Има се помалку работни места. Работните места кои постојат денес
се со намалени плати поради очигледни причини.
Многу луѓе се ориентираат кон барање на мал број работни места.
Платите се намалуваат, а тоа е силен удар за средната класа,
и бранувањата се се поголеми.
Се движиме кон социјален колапс.
Тоа ќе се случи низ целиот свет, не само овде.
Не е потребен државен преврат.
Потребно е да ја оставиш и таа самата ќе си се урне.
Ако ги контролираш медиумите можеш да ги смируваш луѓето
Но, ако мнозинството од луѓето се излежуваат тие нема да имаат куповна моќ
Системот умира. Не функционира повеќе.
Веќе се случува. Оваа земја веќе е нерешлива.
Тие ќе имаат потешкотии со националната безбедност,
исплаќањето на приходите.
Потрошија многу повеќе отколку што имаа на располагање.
Се што можат да направат сега е долг, да позајмуваат се повеќе и повеќе пари од банките.
Сакаме да ви покажеме еден страшен приказ на нашето време.
Не е подалеку од центарот на Менхетен.
Порастот на националниот долг е преголем за самиот часовник да може да го измери.
Почна да се качува во 1989,
кога националниот долг изнесуваше помалку од 3 трилиони долари.
Долгот се искачувал толку брзо што морале да го избришат местото за знакот на доларот
за да направат дополнително место за уште една цифра
за повеќе од 10 трилиони денес, и расте секоја секунда.
Целосно нов часовник ќе биде поставен наредната година со дополнителни две места.
На Федералната влада не и е дозволено да печати пари.
Не и е дозволено да позајмува или да се вмешува во банкарскиот бизнис.
Тоа е привилегија само за банкарите.
Ако сака да изгради Воздушна база
со 2000 летала месечно, владата треба да позајми пари
од приватна институција,
да потпише, и ако војната е изгубена или пропадне,
дополнителните трошоци паѓаат на грбот на народот и тој треба да го исплати долгот.
„Историјата сведочи дека банкарите го имаат искористено секој можен начин на злоупотреба ,
интриги , измама и насилност,
со цел да ја задржат нивната моќ над владата
преку контролирање на парите и нивното издавање.“ Џејмс Медисон.
Сметаме дека нашите општествени формации
во преодна состојба се всушност еден вид на општествена еволуција.
Ако сакаме да успееме во овие турбулентни времиња,
мора да направиме промени.
Се се менува , вклучително и нашите погледи.
Алберт Анштајн изјави
Не можеме да ги решиме проблемите со истиот начин на размислување,
со којшто сме ги предизвикале.
Земјата е се уште богата со ресурси.
Нашиот начин на ограничување на ресурсите преку монетарна управа
повеќе не е соодветен и всушност го попречува нашиот опстанок.
Денес имаме високо развиена технологија
но нашиот општествен и економски систем
не е доследен на нашите технолошки способности,
кои од друга страна можат да овозможат изобилен свет за сите,
без долгови и ропство.
Како е ова возможно ?
Нема доволно пари за да се нахранат или вдомат сите на Земајва,
а камо ли достигнување на овие амбициозни цели,
Но, Земјата има повеќе од доволно ресурси за задоволување на потребите на сите луѓе,
само доколку се постапи паметно.
Општествена алтернатива
Жак Фреско претставува решение наречено
Економија заснована на ресурси.
Тоа е социо-економски систем во кој сите добра и услуги
се достапни за секој без пари,
размена, кредит, долг или било која друга зависност.
Не е сличен на ниеден досегашен општествен систем.
Фреско дојде до ова откритие по 75 години проучувања
и експериментални истражувања.
Економијата заоснована на ресурси функционира врз основа на достапните ресурси
и ги овозможува тие извори за секој,
без наплата , без цена.
Денес имаме повеќе од доволно ресурси
за да изградиме многу подобро општество.
Не зборувам за ограничени материја доволно за колку да преживеат луѓето
Зборувам за многу напредна цивилизација.
Ги имаме ресурсите, имаме технологија, и се што треба да направиме е да ја примениме.
Една од главните карактеристики на проектот Венера
е да се елиминира недостигот; тука ќе ја примениме технологијата,
бидејќи ако воведеме економија заснована на ресурси
а некои работи се недостапни, таа нема да успее.
Или ако воведеме економија заснована на ресурси
во општество каде нема ресурси, тоа нема да успее.
Денес со нашата технологија можеме да ги ставиме работите на располагање,
можеме да се елиминираме недостигот, можеме да создадеме изобилие.
Само доколку го создадеме тоа изобилие, тоа ќе ја елиминира алчноста,
себичноста, а во голема мера и криминалот и неморалното однесување.
Општествениот систем може да биде дизајниран
така што сите ќе живеат целосно и конструктивно,
доколку моќта на науката и технологијата се насочени
кон човекот и средината, а воедно и доколку се надмине вештачкиот недостаток
на монетарниот систем заснован на долг.
Сите луѓе без разлика на политичките погледи, социјалните навики
или религиските разлики зависат од исти ресурси:
чист воздух и вода
обработлива земја
здравствена грижа и релевантно образование.
Ако ветиме дека ќе бидеме верни на Земјата како и кон сите на неа
тоа би бил патот кон иднината.
Човечкиот вид е едно семејство и светот е дом за сите.
Ниту нациите ниту луѓето не можат да коегзистираат одвоено.
Доста е од делба по нации, за секој да може да оди секаде.
Пред да се обединат државите во САД тие ги обележувале своите територии.
Се бореле меѓусебно и имале свoја војска.
Ова е наша територија! "Не, вие влегувате кај нас!"
Кога сите држави се обединија, владата
ги одредила границите и сојузните држави се согласиле.
Ова било крајот на територијалните конфликти.
Ако сакате да ја сопрете војната тогаш мора да се прогласи Земјата како заедничко наследство.
Мора да ги прогласиме Земјините ресурси како заедничко наследство за сите луѓе на планетава.
Ова нема врска со оние кои сакаат да формираат елитен светски поредок
меѓу себе и големите корпорации кои ги контролираат
и сите останати кои им се потчинети.
Напротив, глобалната економија заснована на ресурси
ќе овозможи сите луѓе да го достигнат највисокиот потенцијал
и да можат да се развиваат и реализираат во општество кое е во нивна корист,
општество кое ја заштитува и природата,
кое разбира дека сме дел од природата, а не различни од неа
Мотивација
Некои прашуваат што ќе се случи со мотивацијата ако сите потреби се задоволени
без да биде потребно да работиш за да стигнеш до нив.
Самото прашање претпоставува дека луѓето немаат други желби освен основните потреби.
Ако тоа беше вистина тогаш не би постоеле иноватори,
писатели или учители.
Луѓето работат со страст на теми кои ги интересираат и предизвикуваат.
Ајде да им овозможиме на сите луѓе да ја имаат можноста
да учествуваат во еден од најголемите предизвици кои може да се имаат:
целиот свет да се подобри за сите луѓе.
Ќе се издигне индивидуалноста за сметка на едноличноста.
Ова социјално уредување ќе произведе нов систем на поттик
кој ќе ја цени заштитата на средината и социјалната грижа
наместо плитките, самоиздигнувачки цели
за збогатување, имот и моќ.
Тоа не не повикува на еднообразие. Туку на разнообразие.
Колку поразновидни се луѓето, постојат толку повеќе индивидуалности,
така што ние ја издигнуваме индивидуалноста, креативноста и иновативноста.
Тоа е суштината на самиот дизајн.
Не станува збор за група научници кои им кажуваат на луѓето што да прават,
како да живеат, каде да одат и по што да се водат.
Мотивација и поттик постои само кога луѓето имаат значајни задачи.
Вистински развој и напредок се јавува кога луѓето имаат креативни,
интересни и конструктивни стремежи.
Меѓутоа, мотивацијата и поттикот секојдневно умираат
поради здодевната и еднолична работа која им носи пари.
Ако на луѓето им давате работи,
ги храните, ги облекувате и им давате бесплатен дом,
нема да работат наутро затоа што немаат потреба да работат.
Ќе имаат свој дом, облека, филмови и забава.
Зошто би работеле? Работата е макотрпна и еднолична, здодевна и непродуктивна.
Ако во иднина луѓето имаат задоволени потреби,
но немаат никакви предизвици, тука се' ќе пропадне.
Луѓето постојано (ќе) се мотивираат од нови работи.
Во училиштата, ги поттикнуваме да го откријат
неоткриеното. Постојат многу неразрешени проблеми.
Ако сте нахранети и облечени, не значи дека вашиот мозок ќе престане да работи.
Тоа би значело дека милионерите не прават ништо
затоа што имаат се на располагање. Но, тоа не е точно.
Има многу милионери што работат по 18 часа на ден
и пак немаат доволно време. Тоа е поврзано со самата култура
и образование. Колку повеќе знаете за океанографија, астрономија,
толку повеќе се интересирате, се чувствувте живи.
Ако имате само храна, облека и дом, тогаш можете да почнете со работа.
Не треба да се грижите колку ќе заработите. Вашиот поттик
зачително ќе се зголеми.
Јас тоа го викам нов и иновативен систем на поттикнување.
Не е насочен кон парите, туку кон решавање на проблемите,
а ќе се задоволите со тоа што ќе го направите светот подобро место за живеење.
Интелигентно управување со ресусите на Земјата
Како да ја искористиме технологијата правилно
за да има повеќе од доволно за секого?
За да се постигне тоа, планирањето треба задолжително
да се заснова врз носечките капацитети на ресусрите на Земјата.
Целата наша инфраструктура треба да се реоформи
и да функционира како јасен и целосен систем.
Тоа значи дека целата глобална заедница треба да се смета за целина
која ги вклучува сите, и според тоа да се направи план.
Само така можеме да го совладаме недостигот на ресурси,
да обезбедиме универално изобилство и да ја заштитиме околината.
Затоа, прво, потребно е едно глобално истражување за да знаеме што имаме.
Со тоа ќе направиме попис на физичките ресурси, кадарот,
центрите за производство и потребите на луѓето.
Ова ќе ни овозможи да ја одредиме количината на потребни добра и услуги.
На пример, каде има погодна почва за одгледување житни култури?
Колку луѓе има на различни локации
и какво е нивното здравје?
Со ова ќе се одреди бројот и местото на болници кои треба да се изградат.
Ако се обидеш денес да направиш
истражување за глобалните ресурси, тие ќе се чудат
Што пробуваш да направиш со тоа? Да дознаеш дали имаме доволно ресурси
за да се натпреваруваме во вооружување?
Ќе бидат скептични, ќе се колебаат дали да ти ја дадат таа информација
значи тоа во денешнава култура не би функционирало.
Откако ќе бидат претставени идеите и причините,
како и предностите добиени од сите народи,
(а предностите мора да бидат јасно прецизирани,
и разбрливи во сопствениот контекст)
ако се согласат, тогаш испитувањето може да се спроведе.
Нема моето мислење или мислењето на било кој друг да биде искористено.
Само бројот на населението, расположливите ресурси
и носечките капацитети на Земјата се оние кои одредуваат
што е сторено, и колку брзо ќе се движат нештата.
Денеска тоа се прави на сосема друга основа,
но во иднина ќе биде засновано
на форма за динамична еднаквост.
Тоа значи работење со највисокиот потенцијал
без било какво еколошко запоставување.
(Наратор) Клучот кон достигнување изобилие и висок животен стандард за сите
е што е можно поголема и побрза автоматизација,
но за време на транзицијата ќе мора да се спојат
техничките способности на луѓето за работа со компјутери,
работата со технологија,
градењето и дизајнирањето методи за пренос на овие ресурси,
како и потребните индустриски капацитети за преработка на овие ресурси.
(Наратор) Нашите проблеми и нивните решенија се технички, не политички.
Мнозина од проблемите можат да бидат решени кога технологијата и научниот метод
се применети во корист на луѓето, а не на неколку избрани.
Што е тоа што го сакаме, треба да се запрашаме.
Сакам да живеам на свет
каде нема потреба да стравувам со тоа
дали моите деца ќе одат во војна
Дали знаеш како да изградиш таков свет? - Не знам.
А дали знаеш како да научиш да го правиш тоа? Разгледувај различни делови од науката
и спој ги во едно, "Ова се проблемите кои сакаме да ги решиме"
Влада со научници не значи дека тие ќе владеат и контролираат со луѓето.
Тоа значи дека тие имаат подобро разбирање во изградбата на транспортни системи
и подобро разбирање во прочистување на воздухот. Тие го имаат и знаењето
за подобрување на онаа состојба на океаните што ја знаеме денес.
Компјутерот може да служи на потребите на секого
кога кибернетиката е целосно интегрирана во сите аспекти
од оваа нова и динамична култура.
Можеш да го замислиш како електричен нервен систем
што продира во сите области од општествениот комплекс.
Нивната функција ќе биде да го координираат балансот
помеѓу производството и дистрибуцијата,
гарантирајќи дека нема да се јави недостаток или пречекорување.
Во ова високо напредно техничко општество
одлуките ќе бидат базирани врз директна еколошка,
човечка и индустриска позадина.
Замислете го ова како електрични сензори
кои низ целата околина
со своите градови, фабрики, складови
дистрибутивни центри, мрежи за транспорт
од целиот свет ќе собира податоци за многу попрецизни одлуки.
Одлуките се базираат на потребите на општеството,
наместо на корпоративни или приватни интереси.
Не треба да не загрижува автоматизираната технологија или машините,
туку нивната несоодветна употреба и злоупотребување за себични интереси.
Не заборавајте, луѓето одредуваат за која цел ќе служат машините.
Ако технологијата не ги ослободи луѓето во нивната потрага
кон повисоки цели во човечките достигнувања
тогаш целиот нејзин технички потенцијал ќе биде залуден.
Мора секогаш да ги проучите позитивните и негативните страни
пред да ја започнете реконструкцијата на околината.
Обликување на Иднината
(Наратор) Доколку не постои технички план за организирање и употреба на ресурсите
за да се постигне изобилие, тогаш се’ се сведува на зборови.
Следуваат неколку од многуте пристапи понудени од проектот Венера
за целокупниот општествен спектар.
Денес, повеќе од половина од населението живее во градови кои
се загадени, опасни и без енергетска искористеност.
Она што мора да го направиме,
е да го дизајнираме градот како жив систем, како организам,
како универзитет, и сите градови од иднината ќе бидат универзитетски градови
кои растат и постојано разменуваат идеи.
Градот ќе има вграден транспортен систем
кој ќе ја исклучи можноста за несреќи
како и за непромислени сегменти од технологијата.
Медицината, ботаниката, земјоделството, целиот системот ќе биде една планска целина.
Всушност, дури подобро е од темел да се изградат нови градови,
отколку да се обидуваме да ги обновуваме и одржуваме старите.
Фреско користи систематски пристап кон дизајнирањето на новите градови.
Тие се убави и пријатни места за живеење.
Мислењето дека целокупното интелигентно планирање
имплицира масовна едноличност е апсурдно.
Градовите би биле еднолични само во поглед на помалата побарувачка на материјал,
заштедата на време и енергија
и флексибилноста да овозможат иновативни промени
без наштетување на локалната екологија.
Доколку ги дизајнираме градовите според човечките потреби,
веднаш ќе се изгуби поголемиот дел од денешниве проблеми.
Во централната купола има детска градинка
училишта, стоматолошки и здравствени установи.
Во изградбата и дизајнот на градовите
треба да изработиме осмина од градскиот систем, и потоа да го репродуцираме,
наместо архитекти да ја дизајнираат секоја градба и секоја структура
со што се губи огромна количина на енергија и талент.
При решавање на стамбените проблеми за сите луѓе во светот
техниките на изградба би биле далеку поразлични од оние кои се користат денес.
Истакнатите и саморастечки структури ќе донесат револуционерни промени
и ќе ги забрзаат градежните процеси.
Овие лесни и издржливи станови можат постојано да се произведуваат со истиснување,
и потоа да се одделуваат и поставуваат на саканото место со помош на големи машини.
Надворешните делови од овие ефикасни структури служат како фотонапонски генератори
и собирачи на топлина.
Ништо не поседуваш во ова општество.
Навистина, луѓето не ги сакаат парите.
Тие сакаат пристап до работите во секое време.
Луѓето во општество со изобилие, имајќи пристап до нештата,
нема да имаат потреба нештата да ги собираат и складираат за себе.
Ќе ги рециклираме, модернизираме и направиме подобри.
За пример земи го материјалот на стар автомобил, што тежи исто колку и нов
така што не постојат стари автомобили.
Старите автомобили претставуваат опасност.
Ако возиш скап автомобил а некој друг вози стар автомобил
и ако му откажат кочниците, ти можеш да настрадаш.
Не сакаме повеќе стари коли на автопатот.
не сакаме ништо што се расипува,
не сакаме нешто што не трае доволно.
Во Економијата Базирана на Ресурси луѓето имаат пристап
до било кој производ кој им е потребен без обврска за наплаќање
оддржување или осигурување на имотот.
На овој начин за сите има повеќе
и производите се секогаш достапни кога и да ни требаат.
Се што би им требало на луѓето би им било достапно во овие лесно пристапни куполи.
скулпторски материјали, музички инструменти,
нешто слично на јавна библиотека.
Имаат пристап до камера, велосипед или рачен часовник.
Се што им е потребно е достапно без цена.
Тоа значи дека мора да достигнеме високо ниво на производство
така што недостатокот веќе не постои.
Тоа би го елиминирало целиот криминал.
Не постои начин за одвојување или начин овој систем да биде праведен.
Мора да создадеме систем кој ќе ги гарантира човековите права.
Кога секој ќе има слободен пристап до добрата и услугите
тогаш нема потреба да се бориш за правата на жените или црнците.
Во вака поставеното општество, тоа ќе биде автоматизам.
Нема потреба за создавање закони, од типот "Не кради"
таквото однесување би се одбегнало.
Околу централната купола постојат центри за истражување,
што работат во насока на
одржување на целата заедница.
Како што се оддалечуваме од центрите за истражување,
стигнуваме до областа за рекреација,
која има тениски терени и секаков вид на игри потребни на луѓето.
Како што се оддалечуваме, стигнуваме до станбената област.
тука има потоци, водопади, езера.
Ние можеме да обезбедиме широк спектар на куќи и станови
кои можат да бидат самоодржливи, огноотпорни
и отпорни речиси на сите климатски непогодности.
Движејќи се кон следниот сектор, доаѓаме до становите.
Причината поради која луѓето сакаат да живеат во станови
е поради курсевите по глума, спортските сали,
медицинските и стоматолошки установи; се е вградено во централната кула.
Мислам дека во иднината луѓето ќе се отселат од индивидуалните живеалишта
и ќе живеат во поголеми комплекси.
Ако тргнеме кон надворешниот дел, доаѓаме до домашното земјоделство
или хидропонските фарми.
Потоа, постои и надворешно земјоделство.
Градот би го употребувал најдоброто од еколошката технологија во склад со природата
како што е ветрот, соларната и геотермалната енергија,
топлинските концентратори, пизоелектриката, брановите, температурните диференцијали,
океанските термални вентили и многу повеќе.
Значителен напредок во генерирањето енергија во иднината
може да биде изградбата на копнен мост или тунел низ Беринговиот Канал.
Овие подводни структури конвертираат дел од океанските струења
низ турбини и генерираат еколошки извори на енергија.
Со помош на овие извори на енергија ќе користиме струја од чиста енергија
со што ќе им овозможиме на луѓето да уживаат прилично висок животен стандард
за илјадници години понатаму.
Употребата на загадувачките јаглеводороди повеќе нема да биде потребна.
Загадувањето ќе биде минато.
Целиот транспорт ќе биде интегриран
во светски транспортен систем.
Транспортот во градовите ќе биде изведен со посебни возила.
Патувањето помеѓу градовите ќе биде на една пруга.
Возовите на магнетен погон се погодни за патувања на долги далечини.
За да се зголеми ефикасноста, овој супербрз магнетен воз
е опремен со монтажни делови
кои можат да бидат отстранети додека возот е во движење.
Леталата ќе овозможат широк опсег на конфигурации.
Леталата со ВПС (Вертикално Полетување и Слетување)
ќе се користат за транспорт на патници и стока.
Безбедноста е приоритет пред заштедата на пари
или наоѓањето најниска понуда.
Модуларното товарно возило се состои од монтажни делови
кои ќе можат брзо да бидат товарени или истоварени.
Бројот на делови ќе варира
во зависност од количината на товарот што ќе треба да се пренесе.
Штом сите модули ќе бидат прикачени, можат да се движат како една целина.
Бродовите ќе можат да пренесуваат погони за производство
кои ќе произведуваат на пат кон својата дестинација.
Тие можат да служат и како едукативни центри,
каде децата и возрасните ќе се здобиваат со иновативно образование патувајќи по светот,
но не по пат на раскажано учење, туку по пат на искуство
и интеракција со околината во "вистинскиот свет".
Националниот транспортен систем ќе вклучува и мрежа од водни текови,
канали и водни системи.
Тие би можеле да служат и за намалување на опасноста од поплави и суши
овозможувајќи миграција на рибите, природни бариери против пожари,
извори на вода во итни случаи, рибници и места за рекреација.
Кога ќе почне науката и технологијата да се применува
директно во општествениот систем без препреките од пазарот
или патентирањето,
тогаш можеме да постигнеме висок стандард на живеење
за многу краток временски период.
Ова општество постојано би се подобрувало
а со тоа и новата технологија, иновациите и идеите.
Тоа ќе биде непредвидливо општество
многу поразлично од она денес утврденото.
Замисли си живот во невообичаен град на океан
каде што помагаш за обновување на океанската околина,
притоа елиминирајќи го притисокот од живот на копно.
Овие градови на вода можат да служат како универзитети и центри за истражување
каде студентите би изучувале поморски науки.
Тие би биле искористени за океански фарми, водни култури и рударски активности
а притоа би го одржувале динамичниот баланс на океанската средина.
Дизајнот на самостојните градови на вода би варирал
зависно од нивната локација и функција.
Оваа подводна станица за опсервација им нуди можност
за разгледување на подводниот живот во нејзина природна форма.
Системите за одгледување растенија на вода како и фармите
ќе ги одгледуваат рибите заедно со останатите форми на подводен живот
со цел да ги задоволат основните хранливи потреби на сите луѓе на Земјата.
Овие структури би овозможиле слободен тек на водата.
Користејќи ја технологијата на овој начин би се овозможило едно глобално општество
да постигне општествен напредок ширум светот
во најкраток временски период.
Утопија, ако било кога биде основана, ќе изумре, ќе стагнира;
а она за кое јас ви зборувам е култура која напредува
и е во постојан развој.
Немам претстава како изгледа едно совршено општество. Не знам што значи тоа.
Но знам дека можеме да направиме многу подобро отколку она што го имаме.
Јас не сум утопист. Јас не сум хуманист
кој би сакал да ги види сите како живеат мирно и во хармонија.
[Но] Знам дека ако не живееме на тој начин тогаш
меѓусебно ќе се испоубиеме и ќе ја уништиме Земјата.
Овој нов начин на живот, што нуди одмор и забава,
би ги зголемил знаењето и креативноста на сите.
Мерило за успех би било исполнувањето на сите наши интереси,
а не стекнување сопствено богатство и исполнување на сопствените цели.
Ресурсната економија нема само да ја промени нашата околина
со прочистување и зголемување на ефикасноста,
туку и би вовела нов систем на вредности
складни со нашите цели за нов иновативен пристап.
Со достапноста на едукација и ресурси
не би постоела граница на човековиот потенцијал.
Секој би ја имал слободата да избере свое поле на работа без
тој или таа да биде ограничен
од економијата со која се соочуваме денес.
Живееме во време во кое мора да се донесат одлуки
за тоа дали сакаме да преминеме од нашата сегашна култура на безгрижно
трошење и уништување на животната средина
во одржливо општетство со еколошка свест и изобилство.
Една нација без визија за иднината
е осудена да ги повторува истите грешки
одново и одново.
Нечесно велиме дека
човекот е највисоката форма на еволуцијата, а тоа го учиме и на школо.
Човекот ги уништува океаните, рибите, атмосферата и самите луѓе.
Човекот прелетува еден град, притиска копче
и ги убива сите во градот со нуклеарно оружје.
Дали е навистина тој најразвиеното суштество? Се уште не
според мене. Имаме уште многу за да дојдеме до тоа.
Ние можеме или да направиме рај на Земјата или несвесно да
се уништиме самите. Останува на иднината да каже.
Со тоа ја одредуваме нашата иднина.
Можеме да создадеме свет каде војната и немаштијата ќе бидат далечно минато.
Кога науката и технологијата ќе се користат
во глобална економија базирана на ресурси
која ќе ја заштитува средината и ќе биде за доброто на сите
само тогаш ќе сфатиме
што значи да се биде навистина цивилизиран.
Биди дел од заедницата во развој на луѓе
кои се стремат за исполнување на целите на проектот Венера.
Придружи ни се во нашиот обид да ја прикажеме оваа визија за позитивна иднина
на широката публика преку создавањето на влијателен филм.
Се ова може да се постигне со нашето досегашно знаење
Потребни се 10 години за да се смени површината на Земјата
за од светот да изградиме втора Рајска Градина.
Изборот е ваш. Бесмисленоста на трката за нуклеарни оружја,
развојот на оружјата, настојувањето да се решат проблемите преку политика
со избирање на една или друга политичка партија -
секоја политика е корумпирана.
Повторувам: комунизмот, социјализмот,
фашизмот, демократите, либералите.
Не постојат проблеми со црнците, со Полска или проблеми со Евреите
или Грците, ниту пак проблеми со жените.. Постојат човечки проблеми!