Tip:
Highlight text to annotate it
X
Старите склоности кон расистички, сексуален и религиозен шовинизам,
до разгорен фанатички национализам, прекинуваат да функционираат.
Работата која нe прави, добри или лоши, успешни или не,
ја спознаваме пропатно.
Тоа е само пат,
и можеме да го смениме кога и да посакаме.
Тоа е само избор. Без напор, без работа, без штедење пари.
Сфатив дека погрешно ја играв играта. Играта беше да го дознаам она што веќе сум.
Ќе видиме
колку е важно
да се создаде кај човечкиот ум
радикална револуција.
Кризата, е криза на свеста.
Криза која не може повеќе,
да ги прифати старите норми,
старите шеми,
древните традиции.
И, со оглед на тоа каков е светот денес,
со целата мизерија,
конфликти,
уништувачка бруталност,
агресија,
и така натаму...
Човекот
е сe уште каков што беше.
Уште е брутален,
насилен,
агресивен,
посесивен,
алчен.
И, создаде општество
во согласност со овие особини.
"Да се биде прилагоден на неверојатно болно општество не е мерило за здравје." Ј. Кришнамурти (филозоф)
Општеството денес,
е создадено од низа институции.
Од политички институции,
правни институции,
религиски институции.
До инситуции на социјалната класа,
фамилијарни вредности,
и работни специјализации.
Очигледно е длабокото влијание што овие традиционализирани структури го имаат
во обликувањето на нашите сфаќања и перспективи.
Сепак, од сите општествени институции, во кои што сме родени,
режирани и условени,
се чини дека не постои друг систем кој се зема толку "здраво за готово"
и без разбирање,
како што е монетарниот систем.
Заземајќи скоро религиски пропорции,
воспоставените монетарни институции постојат
како облик на вера за која не се поставуваат прашања.
Како се создаваат парите,
политиката која се води околу нив,
и како тоа влијае врз општеството
се работи за кои големиот дел од популацијата не се интересира.
Во свет во кој 1% од популацијата поседува 40% од богатството на планетата,
во свет во кој 34.000 деца умираат секој ден
како последица на сиромаштија и излечливи болести,
и каде 50% од светската популација живее со помалку од 2 долари дневно...
Една работа е јасна.
Нешто е многу погрешно.
И без оглед на тоа дали сме свесни или не,
главната артерија на сите наши институции,
и со тоа самото општество,
се парите.
Затоа, да се разбере политиката на монетарните институции
е најважно за да се разбере зошто нашите животи се вакви какви што се.
Нажалост, економијата често се смета за конфузна и досадна работа.
Безкрајната низа на финансиски жаргони, заедно со застрашувачките математики,
брзо ги оддалечува луѓето од обидот да ја разберат.
Во секој случај, се работи за ова:
Сложеноста на финансискиот систем е само маска,
создадена за да ја прикрие една од најпарализирачките социјали структури,
којашто човештвото некогаш ја имало.
"Никој не е толку безнадежно поробен од оние кои погрешно веруваат дека се слободни."
- Јохан Волфганг Гете (1749-1832)
Пред многу години, Централната Банка на САД, Федералниот Трезор,
издаде документ насловен "Модерна Механика на Парите".
Ова издание ја образложува институционализираната пракса на создавање на пари
од страна на Федералниот Трезор и мрежата на глобални комерцијални банки.
На првата страна, документот ја изјаснува целта.
Намената на овој прирачник е да ги опише основите на процесот на создавање на пари
во посебен дел на банкарскиот систем.
Потоа, продолжува со описот на тој процес
низ различни банкарски терминологии.
Просто речено, тоа би звучело вака:
Владата на САД носи одлука дека има потреба од пари.
Го повикува Федералниот Трезор кому му бара, да речеме, 10 билиони долари.
Тие одговараат: "Секако, ќе купиме 10 билиони обврзници од вас".
Така, Владата на САД зема парчиња хартија,
ги дизајнира официјално,
и ги нарекува "обврзници".
На тие парчиња хартија им става вредност од 10 билиони долари.
и ги праќа во Федералниот Трезор.
За возврат, и луѓето од Трезорот цртаат импресивни парчиња хартија,
овој пат, нарекувајќи ги "Ноти на Федералниот Трезор",
исто така давајќи им вредност од 10 билиони долари.
Федералците ги земаат овие ноти и тргуваат со нив за обврзниците.
Кога размената е завршена,
Владата на САД подигнува 10 билиони во федерални ноти,
и ги депонира на банкарска сметка.
По депонирањето, нотите официјално стануваат легални пари.
Додавајќи така 10 милијарди долари на државните парични резерви.
И така, 10 билиони свежи пари се создадени.
Се разбира, овој пример е банализиран.
Затоа што, реално, оваа трансакција би се извршила електронски,
без никакво користење на хартија.
Во суштина, само 3% од парите во САД постојат во реални банкноти.
Останатите 97% постојат исклучиво во компјутерите.
Сега, владините обврзници се креирани за да послужат како инструмент за задолжување,
и кога Федералците ќе ги откупат тие обврзници
со парите (нотите) кои ги создадоа од "чист воздух",
владата ветува дека ќе ги врати
тие пари на Федералците.
Со други зборови, парите настануваат од долгови.
Овој парадокс од кој боли глава, како парите или вредноста
можат да бидат создадени од долгови, или од доверба
ќе се разјасни понатаму
во следните примери.
Значи, размената е направена.
И така, 10 билиони долари седат на сметка на некоја комерцијална банка.
Еве каде работите стануваат навистина интересни.
Базирано врз трезорската пракса,
овој депозит од 10 билиони долари
моментално станува дел од банкарските резерви,
како што и сите депозити функционираат.
И, со оглед на потребите на трезорот,
како што е наведено во "Модерната Механика на Парите"
"Банката мора да ги одржува легално стекнатите резерви
еднакво на предвидениот процент на нејзиниот депозит".
Тоа се заокружува со следнава изјава:
"По денешните регулативи,
провизијата на трезорите кон сите трансакции изнесува 10%."
Ова значи дека со 10 билиони долари депозит,
10%, или 1 билион
се задржува како потребна резерва.
Додека останатите 9 билиони долари се сметаат за вишок резерва,
и може да се употребат
за нови задолжувања.
Сега, логично е да се претпостави, дека овие 9 билиони
произлегоа од постоечкиот депозит од 10 билиони.
Меѓутоа, тоа овде и не е случај.
Она што навистина се случува е тоа дека тие 9 билиони долари
се направени од "чист воздух"
врз постоечкиот депозит од 10 билиони долари.
Тоа е начин како паричните резерви се прошируваат.
Како што е изнесено во "Модерната Механика на Парите"
Се разбира, тие - банките,
реално не ги враќаат долговите во пари, кои што ги добиваат како депозит.
Доколку би го правеле тоа, не би имало повеќе потреба за создавање додатни пари.
Она што го прават кога задолжуваат
е ги прифаќаат "ветуваните" банкарски ноти
- договори за задолжување
во замена за кредит - пари
на сметките на потрошувачите (должниците).
Со други зборови, 9 билиони долари можат да се создадат од ништо.
Едноставно бидејќи постои побаувачка за такво задолжување,
и бидејќи постојат 10 билиони долари депозит коишто би ги задоволиле барањата на федералните резерви.
Сега да замислиме како некој влегува во таа банка и
позајмува 9 билиони свежо создадени долари.
Тој најверојатно би си ги зел парите и би ги депонирал
на својата банкарска сметка.
Така процесот се повторува.
Затоа што депозитот станува дел од банкарските резерви.
10% се изолирани и за возврат, 90% од тие 9 билиони
или 8.1 билиони се сега достапни како новосоздадени пари за повеќе заеми.
И, се разбира, тие 8.1 билиони можат да бидат повторно депонирани создавајќи така додатни 7.2 билиони долари
па 6.5 билиони па 5.9 билиони, итн...
Парите создадени на овој начин можат да одат до бесконечно.
Просечен математички резултат е дека околу 90 билиони долари можат да бидат создадени на база на почетните 10 билиони.
Со други зборови:
За секој депозит во банкарскиот систем, околу 9 пати повеќе можат да се создадат од “чист воздух“.
Криза со пари? Прашајте ја љубезно Американската Банка за тегла
инстант пари.
П-А-Р-И во форма на достапни лични заеми.
Сега кога знаеме како се направени парите од овие фракции на банкарскиот систем.
Може ќе се прашате, логично, но и илузорно прашање:
Што е тоа што им дава вредност на овие новосоздадени пари?
Одговор: Парите кои веќе постојат.
Всушност, новите пари крадат вредност од резервите на веќе постоечките пари.
Затоа што огромна количина на пари се создава непропорционално во однос на побарувања за стока и услуги.
И, како што набавките и побарувачката дефинираат рамнотежа,
цените растат, обезвреднувајќи ја куповната моќ на секој долар во обрт.
Ова се вика инфлација!
А инфлацијата е есенцијално скриена такса за јавноста (луѓето).
Кој е советот што генерално го добивате? Тоа е: направете инфлација.
Не велат: направете дефлација. Не велат: обезвреднете ги парите.
Не велат: измамете ги луѓето кои што се сигурни. Велат: намалете им ги каматите.
Вистинската измама е кога ја дестабилизираме вредноста на парите.
Кога создаваме пари од чист воздух, немаме заштеди. Но, и тука постои нешто што се вика "капитал".
Моето прашање се сведува на следново: Како на светот, можеме да очекуваме да го решиме проблемот на инфлацијата?
Одговор: Зголемете ја количината на парите, со уште повеќе инфлација?!?
Се разбира дека не може.
Системот на монетарната експанзија е сам по себе инфлациски.
Затоа што чинот на зголемување на количините на пари, без притоа да постои
пропорционална експанзија на стоката и услугите во економијата,
секогаш ќе ја намалуваат вредноста на валутата.
Всушност, еден брз преглед на историјата на вредноста на американскиот долар,
во однос на паричните резерви,
дефинитивно ја докажува оваа приказна.
Взаемната врска е очигледна.
1 долар од 1913 година во 2007 година би вредел 21.60 долари.
Тоа е 96% девалвација од кога постои Федерланиот Трезор.
Сега, ако оваа реалност на елементарни и константни инфлации ви се чини апсурдна и економски самоуништувачка.
Задржете ја таа мисла. Апсурд е слаб збор во оснос на тоа како вистински функционира нашиот финансиски систем.
Затоа што во нашиот финансиски систем парите се долг,
а долгот е пари.
Ова е табела на залихите на пари во САД од 1950 до 2006 година.
Ова е приказ на националниот долг на САД во истиот период.
Она што е интересно е дека, трендовите се речиси исти.
Затоа што, колку повеќе пари има, толку повеќе долгови постојат.
И колку повеќе долгови постојат, толку повеќе пари има.
Поинаку речено, секој долар во вашиот новчаник
е долг од некого спрема некого.
Запомнете: единствен начин да би постоеле парите е само преку заем или кредит.
Со тоа, кога секој на земјата би бил способен да ги исплати своите долгови, вклучувајќи ги и државите,
не би имало ниту еден долар во обрт.
"Кога не би имало долгови во нашиот монетарен систем, не би имало ни пари". Маринер Еклс, Гувернер на Федералните Резерви
Всушност, последен пат во американската историја кога е исплатен националниот долг
бил во 1835 година кога претседателот Ендру Џексон ја затворил централната банка.
Всушност, целокупната политичка платформа на Џексон била концентрирана
на затворање на Централната Банка.
Изјавувајќи:
"Огромните напори кои сегашната банка ги вложи за да ја контролира владата
се само предвидувања на судбината која го чека американскиот народ
кој ќе биде измамен од страна на овие институции
или од друг естаблишмент сличен на овој."
Нажалост, оваа порака имаше краток живот.
И така меѓународните банкари успеаа да основаат друга централна банка во 1913 година,
т.н. Федерален Трезор. И сe додека оваа институција постои
вечниот долг ќе биде загарантиран.
До сега, зборевме за реалноста на создавањето на парите од долгови преку заеми.
Овие заеми се базирани на банкарските резерви,
а резервите произлегоа од депозити. И од фракциониот резервен систем
секој депозит може да создаде девет пати поголема вредност од постоечката,
за возврат, дестабилизирајќи ги постоечките парични залихи, и зголемувајќи ги цените во општеството.
И бидејќи сите пари се создадени од долгови,
и дека циркулираат низ пазарот,
луѓето се оддалечуваат од својот првобитен долг,
и настанува нееднаквост, така што луѓето се приморани да се натпреваруваат за работа
за да би можеле да извлечат доволно пари од залихите во системот
за да си ги покријат трошоците на живеењето.
Колку дисфункционално и уназадено и да изгледа ова,
сепак постои уште една непоэната која ја испуштувме во оваа равенка.
А тоа е оној структурален елемент
кој ја открива вистинската измамничка природа на самиот систем.
Примената на КАМАТА.
Кога владата позајмува пари од Федералниот Трезор,
или кога некое лице позајмува пари од банка,
скоро секогаш, парите мораат да бидат вратени со голема камата.
Со други зборови,
скоро секој долар кој постои
мора да се врати на банката, се разбира со камата.
Но,
доколку сите пари се позајмени од Централната Банка
и се шират од комерцијалните банки преку заеми,
само она што се нарекува "принцип"
се создава во паричните залихи.
Но тогаш, каде се оние пари кои треба да ги покријат каматите?
Никаде.
Не постојат.
Компликациите кои настануваат од сево ова се застрашувачки,
затоа што количината на пари која и се должи на банката
секогаш ќе ја надминува количината на пари која е во обрт.
Поради тоа инфлацијата е константна во економијата.
Затоа што нови пари се потребни да помогнат да се покрие непрекинатиот дефицит кој е вештачки вметнат во системот,
заради потребата да се наплати камата.
Ова значи дека, математички, банкротот
е вграден во системот,
и дека секогаш ќе постојат сиромашни луѓе во општеството кои ќе го извлекуваат подебелиот крај.
Аналогно на ова би била играта со "музички столчиња":
Кога музиката ќе престане, некој ќе испадне од игра (банкротира).
И во тоа е поентата.
Секогаш богатството ќе припаѓа на поединците и банките.
Затоа што, доколку сте немоќни да ги платите хипотеките, тогаш ќе ви го одземат имотот.
Ова е исклучително вознемирувачки кога ќе сфатите дека ова не е само неизбежно
во праксата на федералниот трезор, но, и поради фактот што
парите кои ви ги позајмила банката
воопшто не ни постоеле.
Во 1969 година, судот во Минесота имаше случај со човек со име Џером Дали,
кому требало да му биде одземена куќата што ја купил со кредитот кој му го доделила банката.
Неговиот аргумент бил тој дека договорот за хипотека ги обврзувал двете страни (тој и банката)
да стават легитимен облик на имот во замена.
Во правната терминологија, тоа се вика
“консидерација, обзир“ (основа на договорот, договор основан на размена на една форма за друга)
Г-дин Дали објаснил дека парите всушност не се во сопственост на банката
затоа што се создадени од ништо во оној момент кога е потпишан договорот за заем.
Се сеќавате што рече "Модерната Механика на Парите" во врска со заемите?
Она што тие го прават, кога задолжуваат некој, е бараат да потпише обврзници во замена за кредит.
Резервите остануваат непроменети од овие трансакции.
Но, депозитните кредити создаваат нови додатоци на целосните депозити на банкарскиот систем.
Со други зборови, парите не доаѓаат од нивните постоечки имоти.
Банките едноставно си ги измислуваат, не вложувајќи ништо лично,
освен фиктивна доверливост на хартија.
Како што напредуваше случајот, се огласи и претседателот на судот, г-дин Морган.
И во својот личен меморандум, се потсетува дека Плеинтиф - претседателот на банката -
признал дека во соработка со Федералниот Трезор, создал пари
и кредити преку изводите.
Парите и кредитите настанале тогаш кога тие ги создале. Г-дин Морган признава дека
не постои ниту еден закон или статут на САД кој му давал право да го прави тоа.
Законска "консидерација" мора да постои и да послужи на обврзникот.
“Поротата сметала дека не постои законска консидерација, и јас тука се согласувам.“
Притоа поетски додавајќи, "Само Господ може да создаде нешто вредно од ништо".
И покрај ова откритие судот го отфрлил барањето на банката за одземање на имотот, и така Дали си го задржал домот.
Импликациите на оваа судска одлука биле огромни.
Така секој пат кога позајмувате пари од банка, без оглед дали е во прашање стамбен кредит, или кредитна картичка,
парите кои вам ќе ви бидат дадени, не се само фалсификат, туку се и незаконит облик на "консидерација", односно сопственост.
Поради таа причина, договорот за отплата е бесмислен, затоа што банката никогаш не ги ни имала парите во своја сопственост.
Нажалост, таквите правни постапки се потиснати и игнорирани,
и играта на бескрајно богатење и бескрајно задолжување продолжува.
И тоа нe носи до крајното прашање:
Зошто?
За време на американската граѓанска војна, претстедателот Линколн одбил висококаматни кредити
кои му ги понудиле европските банки и одлучил да го направи она што основачите на американската нација го практикувале.
Да создадат валута која е независна и ослободена од долгови.
Се викаше "Гринбек".
Набрзо од кога е превземена оваа мерка, еден внатрешен документ
се појавил помеѓу приватните британски и американски банкарски интереси, во кој пишувало:
"...ропството е поседување на работна сила и носи со себе грижа за работниците,
додека европскиот план... бил тој дека капиталот ќе ги контролира работниците така што ќе ги контролира нивните плати.
Тоа може да се направи преку контролирање на парите.
Нема да се дозволи Гринбекот... бидејќи тоа е нешто што не можеме да го контролираме.
Политиката на фракционарниот трезор,
поттикната од страна на Федералниот Трезор
која се прошири во пракса во повеќето банки во светот,
е всушност систем на модерно ропство.
Размислете, парите се создаваат од долг.
А што прават луѓето кога се во долг?
Се потчинуваат на работата за да можат да го отплатат.
Но, доколку парите можат да се создадат само од заеми,
како може општеството да биде ослободено од долгови?
Не може. И во тоа е поентата.
И тука е стравот од губење на имотот, во комбинација со борбата за опстанок,
со константниот долг и инфлација вградени во системот,
измешано со неизбежниот недостаток во самите парични залихи,
создадени од каматите кои никогаш не можат да се отплатат,
е она што го одржува "платеното ропство".
Трчајќи како глушец во тркало со уште милиони други.
Со цел да се засили моќта на империјата
од кое најголема корист имаат елитите на врвот на пирамидата.
Затоа што, на крајот на денот,
за кој точно вие работите?
За банките!
Парите се создаваат во банките и неизбежно завршуваат во банките.
Тие се правите господари, заедно со корпорациите и владите што ги поддржуваат.
Физичкото ропство подразбираше на луѓето да им се даде храна и покрив над глава.
Економското ропство подразбира, луѓето сами да се хранат и да се снаоѓаат за поркив над главата.
Тоа е една од најгенијалните измами за општествена манипулација која некогаш е креирана.
И во нејзината срж,
таа е невидлива војна против популацијата.
Долгот е оружје за да се покори и пороби општеството,
а каматата е неговата муниција.
И, како што повеќето луѓе шетаат наоколу заборавајќи ја оваа реалност,
банките заедно со владите и корпорациите
продолжуваат да ги шират своите тактики за економската војна
создавајќи нови бази
како што е Светската Банка
и Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ),
додека истовремено создаваат и нова врста на војници.
Раѓањето на "економскиот платеник".
Постојат два начина да се освои и пороби едно општество: Едниот е со помош на меч. Другиот е со помош на долгови. - Џон Адамс
Ние, економските платеници, сме одговорни за создавање на првата права глобална империја.
И работиме на различни начини.
Но, можеби најчестиот од нив е да идентификуваме земји со многу ресурси, како нафта.
А потоа, да и договориме оргомен заем со помош на Светската Банка или некои од нејзините сестрински организации.
Но парите никогаш не одат во таа земја. Наместо тоа, тие пари одат кај нашите големи корпорации за проекти во тие земји.
Електрани, индустриски паркови, пристаништа...
Работи од кои само неколку луѓе би профитирале во таа земја,
но пред сe нашите Корпорации.
Но во суштина, ние не ги поседуваме поголемиот дел на луѓе во сето тоа. Како и да е, тие луѓе
ги претставуваат оние кои ќе ја задолжат целата земја.
Тоа е толку огромен долг кој не може да се врати. И тоа е главниот дел на планот.
Тие не можат да го вратат!
И така, во еден момент, ние, економските платеници, одиме кај тие луѓе и им велиме "Слушајте,"
"Ни должите многу пари. Не можете да го вратите долгот. Па..."
"Продајте ни ја вашата нафта"
"и тоа ефтино, на нашите нафтени компании"
Дозволете ни да изградиме воени бази во вашата земја..."
Пратете ни ги вашите трупи заедно да се борат со нашите, таму некаде во светот..."
"Ирак! Или гласајте за нас во Обединетите Нации"
Ги тераме да ги приватизираат своите електрани и енергетските мрежи
нивните водоводни и канализациски мрежи и да ги продадат на некои американски корпорации или на некои други
мултинационални корпорации.
И тоа е целата работа и толку е типичен начинот на кој работат Светската банка е ММФ.
Ги става земјите во долгови, и тоа толку големи што не можат да се отплатат!
И покрај тоа им нуди да си го рефинансираат тој долг и да плаќаат сe поголеми камати.
И тогаш тие бараат
"нешто за нешто" што го нарекуваат "добро владеење"
што во суштина значи дека тие мораат да ги продадат своите ресурси,
вклучувајќи многу социјални служби, нивните компании...
понекогаш и целиот образовен систем,
нивниот судски систем,
осигурителниот систем... на странски корпорации.
Така што тоа е двојна, тројна... клетва!
Првите економски платеници се појавија во раните 50-ти години
кога демократски избраниот Мосадег
победи на изборите во Иран...
Тој беше сметан како "Надеж за Демократијата" на Средниот Исток или воопшто во светот.
Беше "Човек на Годината" според "Тајм Магазинот". Но...
една работа која ја донесе со себе беше идејата дека
странските нафтени компании треба да му плаќаат на иранскиот народ многу повеќе за нафтата која ја земаат од Иран
така што иранскиот народ би профитирал од сопствената нафта. - Чудна политика -
Нас тоа не ни се допаѓаше, но се плашевме да го направиме она што нормално го правиме, а тоа е да пратиме војска.
Наместо тоа, пративме еден ЦИА агент по име Кермит Рузвелт, роднина на Теди Рузвелт
кој отиде со неколку милиони долари и беше многу ефикасен и успеа да го исфрли Мосадег од престолот за многу кратко време
и го доведе Ша на чело на Иран, кој секогаш беше во служба на нафтата и беше многу ефективен.
Насилни протести го преплавија Техеран.
Еден воен офицер викна дека Мосадег се предал и дека неговиот режим како виртуелен диктатор на Иран е завршен.
Слики од Ша парадираа по улиците, додека симпатиите се менуваа.
Ша е добредојден дома.
Додека во САД, во Вашингтон, луѓето седеа и гледаа наоколу велејќи: "Ах, тоа беше ефтино и едноставно".
Така да тоа создаде и воспостави еден нов начин на манипулирање со земјата, создавајќи империја.
Единствениот проблем со Рузвелт беше тоа што тој беше агент-карта која ја имаше ЦИА
и кога би бил фатен, работите би биле многу посериозни, така да многу брзо во тој момент, беше донесена одлука,
да се употребат приватни консултанти кои би ги насочиле парите кон Светска Банка и ММФ или некои нивни под-агенции
да би донеле луѓе како мене, кои работат за приватни компании
така да доколку би биле фатени, американската влада не би била одговорна за ништо.
Кога Арбенз стана претседател на Гватемала, таа земја беше под американската компанија "Јунајтед Фрут".
Големите меѓународни корпорации и Арбенз играа на оваа карта: "Ние сакаме да ја дадеме земјата на нашиот народ".
И кога тој ја превзема власта, ја спроведе таа политика,
ги даде правата за земјата на луѓето.
Тоа не и се допадна на "Јунајтед Фрут",
така што тие изнајмија агенција за јавни односи
за да лансира кампања во САД и да ги убедат
американскиот народ, луѓето, граѓаните на Америка, американските медиуми,
и американскиот конгрес... дека Арбенз е советска марионета.
И доколку САД му дозволат да остане на положбата, советската чизма ќе го превземе тој дел од хемисферата.
И во тоа време постоеше голем страв од "црвениот терор", комунистички терор.
И така, да ја скратиме приказната, од оваа кампања
се донесе одлуката, ЦИА и американската војска да го "тргнат" овој човек.
И всушност, тоа и го правевме. Пративме авиони, војници, шакали,
пративме сe што можевме за да го тргнеме, и го тргнавме,
и веднаш штом беше тргнат од власта
новиот човек кој ја превзема власта, врати се на старо за да би одговарало на големите интернационални компании.
Вклучувајќи ги тука и "Јунајтед Фрут".
Еквадор, долги години беше воден од про-американски диктатори,
кои често беа брутални. Потоа беше одлучено да се направат прави демократски избори.
Хаиме Ролдос се кандидираше, и неговата главна цел како претседател беше
да се осигура дека Еквадор ќе ги искористи своите ресурси за да му помогне на народот.
И победи! Убедливо.
Со повеќе гласови од било кој што било кога победил во Еквадор.
И така, тој почна да ја применува својата политика.
А тоа беше, профитот од нафтата да се користи за да му се помогне на народот.
Па... нас во САД не ни се допадна тоа.
Јас бев пратен, како еден од неколкуте економски платеници, да го "сменам" Ролдос.
Да го поткупам, да го предомислам, да му дадам до знаење...
"Можете да станете многу богат, ако Вие и Вашата фамилија ја играте нашата игра".
"Но ако продолжите да ја спроведувате политиката која сте ја започнале... Си одите!"
Не ме послуша...
Беше убиен...
Кога се сруши авионот, целата област беше блокирана.
Пристапот беше дозволен само за американските војници од блиските бази и некои еквадорски официри.
Кога започна истрагата, два клучни сведоци загинаа во сообраќајна несреќа, пред да започнат да сведочат.
Многу многу чудни работи се поврзани за убиството на Ролдос.
Јас, како и сите луѓе кои го гледаа овој случај, немав никаков сомнеж дека е во прашање атентат.
И се разбира, јас како економски платеник, знаев дека нешто ќе му се случи на Ролдос.
Дали државен удар или атентат, но знаев дека ќе биде елиминиран,
затоа што не беше корумпиран, не сакаше да си дозволи да биде корумпиран
на начин на кој ние сакавме да го корумпираме.
ПАНАМА 1981
Омар Торихос, претседателот на Панама, беше, еден од моите омилени луѓе.
Навистина ми се допаѓаше. Беше навистина харизматичен. Беше човек кој навистина сакаше да и помогне на својата земја.
И кога се обидов да го поткупам, ми рече: "Види Џон...
Ме викаше Хуанито. Ми рече: "Види Хуанито..."
"мене не ми требаат пари."
"Она што навистина сакам е да однесувате со почит кон мојата земја."
"Сакам САД да го платат долгот кон мојот народ за целото уништување што го направивте тука."
"Сакам да бидам во позиција да можам да им помогнам на другите латино-американски земји да ја добијат нивната независност."
"И да бидеме слободни од ужасното присуство од север."
"Вие луѓе многу силно нe искористувате. Сакам да се врати Панамскиот Канал"
"во нашите раце, во рацете на панамскиот народ. Тоа е она што го сакам."
"Така да, остави ме на мир, не обидувај се да ме подмитиш."
Беше 1981 година, и во мај, Ролдос беше убиен.
И Омар беше многу свесен за тоа. Торихос ја собра својата фамилија и и рече
"Јас сум сигурно следниот, но добро е..."
"го направив она што требаше да го напрвам. Го вратив Каналот."
"Каналот ќе биде во наши раце. Само што завршија преговорите и го потпиша договорот со Џими Картер.
Во јуни истата година, само неколку месеци подоцна,
неговиот авион се сруши.
Тука немаше никаков сомнеж дека ЦИА ја имаше спонзорирано оваа егзекуција.
Огромна маса на докази постоеа дека еден од луѓето од обезбедувањето на Торихо
во последниот момент кога влегол во авионот, му подал мал диктафон на Торихо.
Диктафон во кој имаше бомба.
Интересно е како овој систем продолжи да се користи
прилично долго, со години после тоа. Освен тоа, економските платеници стануваа сe подобри и подобри.
Потоа доаѓаат неодамнешните случувања во Венецуела.
Во 1998 година, Хуго Чавез беше избран за претседател
кој доаѓа на чело на една земја која пред него имала многу корумпирани претседатели кои буквално ја уништиле економијата на земјата.
Но Чавез беше и покрај тоа избран.
Чавез застана против САД
и тоа го направи така што бараше, пред сe, нафтата од Венецуела
да биде искористена така, за да му се помогне на народот на Венецуела.
Нам во САД тоа не ни се допадна.
Така што во 2002 година
беше исцениран државен удар, за кој воопшто ниту јас
ниту другите се сомневаа, дека ЦИА стои позади ова.
Начинот на кој тој државен удар беше припремен
потсетуваше на оној што Кермит Рузвелт го направи во Иран
плаќајќи луѓе да излезат на улици,
да се бунат, да протестираат, да покажат дека Чавез е непопуларен.
Знаете, доколку соберете неколку илјади луѓе
да го направат тоа, телевизијата може да го прикаже
како целата земја да излегла надвор и работите почнаа да шират.
Освен тоа што во случајот со Чавез, тој беше
доволно паметен и луѓето многу силно го поддржуваа,
така што го преживеа тоа,
што беше феноменален момент во историјата на Јужна Америка.
Ирак, всушност, е совршен пример за начинот
како целиот овој систем функционира. Ние, економските платеници, сме првата линија на одбраната.
Влетуваме, се обидуваме да ја поткупиме власта
и да ја натераме да прифати огромни кредити
кои подоцна ги користиме како да би ги поседувале.
Ако ние не успееме, како што јас не успеав во Панама со Торихо или во Еквадор со Ролдос,
луѓе кој одбиваат да бидат корумпирани,
тогаш втората линија на одбрана која ја праќаме се - Шакалите.
А тие или ќе ја срушат владата или ќе извршат атентат.
И, кога ќе се формира нова влада,
има да ги прифати правилата,
Затоа што нивниот претседател знае што ќе се случи, ако не ги прифати нашите "понуди".
Во случајот со Ирак, ниеден од тие две методи не успеа.
Економските платеници не успеаа да дојдат до Садам Хусеин.
Се обидувавме. Се обидевме да го натераме да прифати еден договор многу сличен на оној кој Саудиска Арабија го прифати
Но тој не сакаше да го прифати.
Така што, пративме шакали да го елиминираат.
Не успеаа. Неговото обезбедување беше навистина многу добро.
После сe, во еден момент, Садам работеше за ЦИА.
Беше најмен да изврши атентат на неговиот претходник, и не успеа.
Но, го познаваше системот.
Така, во 1991 година, пративме трупи
и успеавме да ја победиме ирачката војска.
Во тој момент, претпоставивме дека
Садам Хусеин ќе застане на наша страна.
Можевме тогаш да го "средиме", се разбира,
но не го сакавме тоа. Тој, беше едноставно силен човек кој ни се допаѓаше.
Ги контролираше луѓето. Помисливме дека може да ги контролира Курдите,
ќе ги држи Иранците во нивните граници и ќе пумпа нафта за нас. И откако му ја победивме војската,
очекувавме дека ќе застане на наша страна.
Така, економските платеници во Ирак во 1990 година
завршија без успех.
Да успеаа
Хусеин се уште ќе ја водеше земјата. Би му ги продавале сите воени авиони кој би ги посакал
и сe останато што би посакал, но тие не успеаа.
Шакалите не успеаа да го симнат, па моравме да пратиме војска
и овој пат ја завршивме работата
и го симнавме. И во тој процес создадовме за нас,
некои многу многу добри договори за конструкција.
Имавме задача да ја реконструира земјата која
претходно ја уништивме. Што е многу добра зделка ако поседувате
градежн фирми, особено големи градежни фирми.
Значи, Ирак ги покажува трите фази.
Економските платеници не успеаа.
Шакалите исто така не успеаа. И како конечна мерка, пративме војска.
И во таа смисла, навистина создадовме империја
но го направивме тоа многу суптилно, во тајност.
Сите империи во минатото биле создадени со помош на војската,
и сите знаеја дека војската ги гради империите.
Британците знаеја, Французите, Германците, Римјаните, Грците,...
и сите беа горди на тоа. И секогаш имаа некаков изговор, како
што е, ширење на цивилизација, ширење на некаква религија, нешто во таа смисла,
но сите знаеја дека го прават тоа.
Ние не знаеме.
Најголемиот дел на луѓето во САД,
немаат појма дека живеат од придобивките на тајната империја
Дека денес постои повеќе ропство во светот отколку било кога претходно.
И тогаш ќе се запрашате, ако е тоа империја, тогаш кој е императорот?
Очигледно, нашите претседатели не се императори.
Император е некој кој не е избран по пат на избори, кој не владее во ограничен мандат,
и не одговара никому.
Поради тоа, нашите претседатели не можеме да ги класифицираме на тој начин.
Но, имаме нешто, за кое сметам дека може биде еквивалентно на император, и тоа нешто го нарекувам "Корпоратократија".
“Корпоратократијата“ е група на индивидуалци
кои ги водат најголемите корпорации.
И се однесуваат навистина како императори на оваа империја.
Ги контролираат нашите медиуми,
или преку директно поседување, или преку маркетинг.
Ги контролираат повеќето од нашите политичари
затоа што ги финансираат нивните кампањи,
или преку корпорациите
или преку личните доприноси
кои доаѓаат од корпорациите.
Тие не се избрани,
тие не служат одреден рок,
не одговараат никому,
и на самиот врв на Корпоратократијата, навистина не можете да познаете
дали некоја личност работи за приватна корпорација
или за владата, бидејќи секогаш се движат од едното во другото.
Така што во еден момент имате човек кој е претседател
на некоја голема градежна компанија, како Халибартон
а во следниот момент, истиот тој е потпретседател на САД.
Или претседателот Буш кој е замешан во нафтениот бизнис.
И тоа е вистина, без оглед дали се работи за демократи или републиканци на власт.
Го имате тоа движење во круг како низ ротирачка врата.
И на некој начин, нашата влада е невидлива во повеќето случаи,
и политиката е водена од корпорациите
на едно или друго ниво. Што значи
политиката на владата се води
од Корпоратократијата,
и и се презентира на владата
и тоа станува официјална владина политика.
Така што, меѓу нив постои неверојатно “матна“ врска.
Ова не е никаква теорија на заговор.
Овие луѓе не треба да се соберат
и да заговараат што да прават. Сите тие
во основа работат под една примарна претпоставка,
а тоа е дека мораат да го зголемат својот профит
без оглед на уништување на општеството и животната средина.
Овој процес на манипулација од страна на корпоратократијата
преку употребата на долгови, мито и политички соборувања се вика:
ГЛОБАЛИЗАЦИЈА
Исто како што Федералниот Трезор ја држи американската јавност во позиција
на “согласно“ слугување, преку непрекинат долг, инфлација и камата,
Светската Банка и ММФ го прават истото во светски рамки.
Основата измама е едноставна:
Ставање на земјата во долг, поделба на земјата
или корумпирање на нејзините лидери...
А потоа поставување на т.н. "услови" за "структурно-спроведувачки политики"
кои најчесто се сочинуваат од следново:
Девалвација на валутата.
Кога ќе опадне вредноста на една валута, паѓа и вредноста на сите производи во таа земја.
Ова ги прави ресурсите на таа, земја достапни за "предаторските" земји,
за само мал дел од нивната реална вредност.
Големо намалување на фондовите за социјални програми,
како што се образованието и здравството,
загрозувајќи ја благосостојбата и интегритетот на општеството правејќи го народот ранлив
на експлоатација.
Приватизација на државните компании.
Тоа значи дека важните општествени системи можат да се купат и да се
управуваат од странските корпорации за профит.
На пример, во 1999 година Светската Банка инсистираше да Боливиската влада го продаде
својот водоснабдувачки систем од нејзиниот трет град по големина, на американската корпорација "Бектел".
Кога се случи ова, сметките за вода за и онака сиромашните локални жители
скокнаа до небо!
Дури откако народот се крена со насилни протести, договорот беше раскинат.
Потоа имаме либерализација на трговијата
или отворање на економијата преку спуштање на бариерите за трговска размена.
Ова доведува до масивни економски злоупотреби и манифестации:
Транснационалните корпорации ги носат нивните производи во други земји
и со тоа уништувајќи ги домашните производства и локалните економии.
Пример за ова е Јамајка,
која по прифаќањето на заеми и услови на Светската Банка
ги изгуби своите најголеми пазари за пченка заради конкуренцијата со западниот увоз.
Денес безброј фармери се без работа, бидејќи се немоќни да се натпреваруваат
со големите корпорации.
Друга варијанта е создавање бројни, невидливи, нерегулирани, нечовечни
фабрики за експлоатација на физичката работа, кои ја искористуваат лошата економската состојба на земјата.
И на сето тоа, заради нерегулираното производството, уништувањето на животната средина е постојано,
како што ресурсите на една земја се често експлоатирани од страна на индиферентните корпорации.
кои, како краен резултат, исфрлаат големи количини на намерен отпад.
Најголемата еколошка тужба во светот денес, е поднесена од 30 илјади луѓе од Еквадор и Амазонија против
компанијата "Тексако" која денес е сопственост на "Шеврон", но за активности превземени од "Тексако".
Проценето е дека исфрлиле 18 пати повеќе отпад одколку што Ексон Валдез исфрлил на брегот на Аљаска.
Во случајот со Еквадор, тоа не беше случајно. Нафтените компании намерно го сторија тоа за да заштедат пари, наместо да ги употребат истите за да го исфрлат отпадот прописно.
Понатаму, ако се осврнеме на кратко на активностите на Светската Банка, која јавно тврди дека им
помага на сиромашните земји да се развијат и борат против сиромаштијата, не направила ништо друго освен тоа што ја зголемила сиромаштијата и бедата во тие земји.
додека пак нејзиниот профит неколкукратно пораснал.
Во 1960 година, разликата во приходите помеѓу 1/5 од светската популација на најбогатите земји, во однос на 1/5 на најсиромашните земји
беше 30:1. До 1998 година, таа разлика стана 74:1.
Додека глобалниот БДП е порасна за 40% во период од 1970 до 1985 година, сиромаштијата се зголеми за 17%.
Додека од 1985 до 2000 година, бројката на оние кои живеат со помалку од еден долар на ден се зголеми за 18%.
Дури и Здружениот Економски Комитет на Американскиот Конгрес призна дека успешноста на проектите на Светската Банка била 40%.
Во доцните 1960-ти, Светската Банка интервенираше во Еквадор со големи заеми. Во следните 30 години,
сиромаштијата порасана од 50% на 70%. Невработеноста или ниската вработеност порасна од 15% на 70%. Јавниот долг скокна од 240 милиони на 16 билиони долари,
Додека парите од ресурсите кои им се доделуваше на сиромашните се намали од 20% на 6%
Всушност, до 2000 година, 50% од еквадорскиот национален буџет мораше да се пренасочи за плаќање на долговите кон Светската Банка.
Многу е важно да се сфати дека Светската Банка, е всушност Американска Банка, која ги поддржува интересите на САД.
Затоа што САД има право на вето на донесувањето на одлуки, со обзир на тоа дека е најголем снабдувач на капитал.
А од каде им се овие пари? Погодивте: ги создаде од “чист воздух“ преку фракциониот банкарски систем.
Од светските 100 најуспешни економии, според годишниот БДП, 51 се корпорации, а од тие 51, 47 се од САД.
Волмарт, Џенерал Моторс, и Ексон се помоќни од Саудиска Арабија, Полска, Норвешка, Јужна Африка, Финска, Индонезија и многу други...
И, како што трговските бариери се рушат, валутите се манипулираат заедно со пазарот, и државните економии се вртат
во корист на глобалниот капитализам. И со тоа, империјата се шири.
Седнувате пред вашиот 21 инчен екран и урлате за Америка и за демократија. Не постои Америка! Не постои демократија!
Постојат само "ИБМ" и "ИТТ" и "АТ&Т" и "ДуПонт","Дау", "Јунион Карбајн" и "Ексон". Тоа се нациите на денешниот свет!
За што мислите дека зборуваат Русите во нивните владини совети? За Карл Маркс? Тие ги вадат нивните линерани програмски графици, статичарски одлуки,
статистички теории за донесување одлуки и решенија, и ја пресметуваат веројатната цена на нивните трансакции и инвестиции - исто како што и ние правиме!
Не живееме веќе во свет на нации и идеологии, г-дин Биел. Светот е мозаик на корпорации, неуморно одредени од непроменливите
пара-закони на бизнисот. Светот е бизнис, г-дин Биел.
Светот го превземаа грст моќни бизнисмени кои управуваат со природните ресурси кои ни се потребни за да живееме,
додека контролирајќи ги парите, кои ни се потребни да ги добиеме тие ресурси.
Крајниот резултат ќе биде светски монопол базиран не на човечкиот живот, туку на финансиската и корпоративната моќ.
И, додека нееднаквоста расте, сe повеќе и повеќе луѓе стануваат очајни, така што естаблишментот беше присилен да изнајде нов начин
за да се справи со сите оние кои ќе се обидат да го предизвикаат тој систем. И така се раѓаат "терористите".
Терминот "терорист" е дизајниран за празно именување за секоја личност која ќе се обиде да го предизвика естаблишментот.
Ова не треба да ве збуни со измислената "Ал Каеда", чие име доаѓа од една компјутерска база на податоци на владата на САД,
која ги поддржуваше муџахедините во 80-тите години. "Вистината е во тоа дека не постои никаква исламистичка армија или терористичка група Ал Каеда. И секој информиран разузнавач
го знае ова. Но постои пропагандна кампања која ќе служи да го убеди народот за постоењето на таков ентитет. Земјата која стои позади таа пропаганда е САД.
Во 2007 година, Министерството за Одбрана доби 161.8 билиони долари за т.н. "Борба против Тероризмот".
Според податоците на националниот центар за анти-тероризам во 2004 година, едвај 2000 луѓе биле убиени во светот од претпоставени терористички акции.
Од тој број, 70 биле Американци. Користејќи го овој број како општ просек, многу е интересно да се забележи дека двојно повеќе
луѓе умираат годишно од алергија на кикирики, отколку од терористички акции.
Во споредба со тоа, главната причина за смрт во Америка се срцевите заболувања од кои годишно умираат околу 450,000 луѓе.
И во 2007 година, владата за овој проблем издвоила околу 3 билиони долари.
Тоа значи дека, владата на САД, во 2007 година потрошила 54 пати повеќе пари за спречување на тероризам,
отколку што потрошила за превенција на болести, кои убиваат 6,600 пати повеќе луѓе отколку тероризмот.
Сепак, како што називите тероризам и Ал Каеда
се врежани во сите ударни вести
поврзани за било кое дејство превземено против американските интереси
овој мит и понатаму се шири!
Во средината на 2008 година, Јавното Обвинителство на САД
предложи да Американскиот Конгрес
официјално објави војна против оваа фантазија,
да не го споменуваме фактот дека од јули 2008, имаме повеќе од 1 милион луѓе
на терористичката листа на САД.
Овие таканаречени анти-терористички мерки
секако немаат никаква врска со социјалната заштита
и сeкаква врска со зачувување на естаблишментот,
заради растечкиот анти-американски сентимент
и на домашен и на меѓународен план,
кој е правно заснован на алчната корпорациска империја и нејзиното ширење
која го експлоатира цел свет.
Правите терористи на овој свет не се среќаваат длабоко во ноќта
и не викаат "Алах Акбар" (Алах е голем) пред некоја насилничка акција.
Правите терористи на нашиот свет носат одела од 5000 долари,
и работат на највисоките позиции во финансиите, владите и бизнисот.
И, што треба ние да направиме?
Како да сопреме систем базиран на алчност и корупција, кој има толкава моќ и присуство?
Како да го сопреме ова девијантно групно однесување, кое нема сочувство
за, милионите мртви во Ирак и Авганистан,
за да би можеле корпорациите да ги контролираат енергетските ресурси и производството на опиум за профитот на Вол Стрит.
Пред 1980 година, Авганистан произведуваше 0% од светскиот опиум.
Откако САД/ЦИА ги поддржаа Муџахедините во војната против СССР, до 1986 година тие покриваа 40% од светското производство на опиум.
До 1999 година, произведуваа 80% од светскиот пазар на опиум.
Но тогаш се случи нешто неочекувано.
Моќта на Талибанците се зголеми, и до 2000 година го уништија поголемиот дел од полињата со опиум.
Производството падна од 3000+ тони на само 185 тони, намалување за 94%
На 9 Септември 2001, комплетен план за инвазија на Авганистан беше на масата на претседателот Буш.
Два дена подоцна, го имаа својот изговор.
Денес производството на опиум во Авганистан кое го контролира Америка,
преминува 90% од светскиот хероин, соборувајќи нови рекорди скоро секоја година.
Како да сопреме систем на на алчност и корупција,
кој ја осуди сиромашната популација на експлоатација на работата и ропство заради придобивките на Медисон авенија?
...Кој исценира терористички напади под лажно знаме заради манипулација со јавноста
...Кој создаде “вградени модели“ на социјално функционирање кој бесконечно експлоатира.
...Кој систематски ги намалува слободите и ги крши човековите права,
за да би се заштитил од своите недостатоци.
Како да се соочиме со бројните тајни институции,
како што се Советот за Надворешни Работи, Трилатералната Комисија и Билдерберг,
и други недемократски "избрани" групи,
кои зад затворени врати ги контролираат политичките, финансиските, социјалните и другите аспекти на нашите животи.
За да дојдеме до одговорот, прво мораме да ја најдеме вистинската причина.
Затоа што факт е дека, себичните, коруптивните, моќно и профитабилно ориентираните групи не се правиот извор на проблемот.
Тие се симптоми!
Алчноста и трката за профит не се резултат на непроменливиот човечки темперамент...
... алчноста и стравот од немаштија се всушност создадени и засилени...
Директната последица од тоа е дека ќе треба да се бориме меѓу себе за да би можеле да преживееме.
Бернард Литер - Основач на Европскиот Валутен Систем
Моето име е Жак Фреско. Јас сум индустриски дизајнер и социјален инженер.
Многу сум заинтересиран за општество и за развивање на систем кој би бил независен и прифатлив за сите.
Прво, зборот корупција е продукт на монетарниот систем, тоа е девијантно однесување кое е деструктивно за благосостојбата на луѓето. Или се соочувате со човечко однесување,
а човечкото однесување изгледа дека е одредено од средината,
што значи дека, ако сте родени како индијанец и никогаш не сте виделе ништо друго
ќе се држите за тие вредности. Ова важи за нациите, за индивидуите, за фамилиите кои се обидуваат да ги ограничат своите деца
на одредена вера во нивната земја и да ги натераат да се чувствуваат како дел од таа земја,
и така тие изградија општество, кое тие го нарекуваат"утврдено".
Утврдија делотворна гледна точка над работите и се стремат да го одржат тоа така
но всушност, сите општествата еволуирале, не се утврдувале.
И така тие се борат против нови идеи кои се разликуваат од оние кои тоа општество ги застапува и спроведува.
Владите прават сe за да ја задржат моќта. Тие не се избрани за да ги променат работите.
Тие се ставени таму за да ги одржуваат работите онакви какви што се.
Така што, гледате, основата на корупцијата е вградена во нашето општество.
Прво да разјаснам, сите нации се во основа корумпирани, бидејќи се стремат да ги одржат постоечките институции.
Тука не мислам да ја воздигнам или понижам било која нација, но комунизмот, социјализмот, фашизмот,
системот на слободна трговија и сите други под-култури се исти.
Во основа сите се корумпирани.
Најфундаменталната карактеристика на нашите општествени институции
е потребата за самоодржување. Без разлика дали се работи за корпорација, религија или влада,
најголемиот нивен интерес е ги сочуваат самите институции.
На пример, последната работа која една нафтена компанија би посакала е да се користи енергија која би била надвор од нејзината контрола.
Затоа што таа компанија ќе стане помалку битна на пазарот.
Исто како што Студената Војна и распадот на Советскиот Сојуз беше всушност,
начин да се сочува и одржи економската и глобална хегемонија на САД.
Слично на тоа, религијата ги условува луѓето да се чувствуваат грешни поради своите природни нагони,
секоја од нив нудејќи единствен пат до прошка и спас.
Во срцето на оваа институционална самоодржуваност лежи монетарниот систем.
Бидејќи парите се тие кои ги овозможуваат средствата за моќ и опстанок.
Со тоа, како што некој сиромашен човек е приморан да краде за да преживее,
постои природен нагон, институциите да направат се, за да ја зголемат нивната профитабилност.
Ова додатно отежнува да се променат профитабилно ориентираните институции,
затоа што ќе го загрозат не само опстанокот на голема група на луѓе,
туку и страсниот материјалистички животен стил поврзан со богатство и моќ.
Со тоа, парализирачката неопходност да се одржат институциите
без обзир на нивната социјална релевантност, е длабоко вкоренета во потребата за пари или профит.
"Што јас имам од тоа?" е како размислуват луѓето.
И ако човек заработува пари продавајќи одреден производ,
на тоа поле ќе се бори против постоењето на друг производ кој може да ја загрози неговата институција.
Затоа, луѓето не можат да бидат фер. И не си веруваат едни на други.
Ќе дојде некој и ќе ви рече: "Имам баш таква куќа каква што барате..."
Тој е продавач.
Кога докторот ќе ми рече: "Мислам дека треба да ви го извадиме едниот бубрег",
не знам дали тој доктор се обидува да си ја отплати јахтата, или навистина треба бубрегот да ми биде изваден.
Тешко е во монетарен систем да им верувате на луѓето.
Ако дојдете во мојата продавница и јас ви кажам
"Оваа ламба што ја имам е доста добра, но, онаа во соседната продавница е подобра",
не би опстанал долго во бизнисот. Не би функционирало.
Ако сум фер, не би функционирало
И кога ќе речете "индустријата се грижи за луѓето" - тоа не е вистина
Тие не можат да си дозволат да бидат фер.
Што значи, вашиот систем не е создаден да служи за доброто на луѓето.
Ако се уште не ви е јасно ова, невработеноста не би постоела во овие размери
кога тие би се грижеле за луѓето.
Индустријата не се грижи.
Вработуваат луѓе само затоа што се уште не е автоматизирано.
Затоа немојте да зборувате за пристојност и етика, затоа што со тие работи нема да опстои бизнисот.
Важно е да се налгаси дека, без разлика на општествениот систем,
дали е фашизам, социјализам, капитализам или комунизам;
механизмот е секогаш ист, а тоа се парите, физичкиот труд и трката за профит.
Комунистичка Кина не е ништо помалку капиталистичка од САД.
Единствената разлика е степенот на државните интервенции во претпријатијата.
Реалноста е тоа дека "Монетаризмот", да ја наречеме така, е основниот механизам
кој ги предводи интересите на сите држави на планетата.
Најагресивната и со тоа најдоминантната варијација на овој Монетаризам
е системот на слободни претпријатија.
Основната перспектива која ја истакнаа економистите на раната слободна трговија
како Адам Смит,
е тоа дека, сопствениот интерес и конкуренција водат до општествен напредок,
затоа што конкуренцијата создала награда (поттик) за сработеното која ги мотивира луѓето да работат.
Меѓутоа, она што се премолчува е тоа како економијата базирана на конкуренција
неминовно води до стратешка корупција, концентрација на моќта и богатството,
социјално раслојување, технолошка парализа, злоупотреба на физичката работа
и на крај скриена форма на диктатура
од страна на богатата елита.
Зборот "корупција" е често дефиниран како - морална перверзија.
Доколку компаниите фрлат токсичен отпад во океан за да би заштедиле пари,
повеќето луѓе тоа го препознаваат како коруптивно однесување.
Но, на малку посуптилно ниво,
кога Волмарт ќе дојде во мало гратче и ќе ги примора малите бизниси да се затворат затоа што се немоќни да се натпреваруваат,
се создава сива зона.
Што е тоа што Волмарт прави погрешно?
Зошто би се грижеле за некоја “мамина и татина“ продавница која тие ја уништуваат?
И уште посуптилно,
Кога некое лице ќе биде отпуштено од работа затоа што била направена некоја нова машина
која ја извршува работата за помалку пари,
луѓето тоа го прифаќаат како,
“така требало да биде“,
без да ја видат корумпираната нехуманост во таквиот чекор.
Затоа што фактот е дека:
без разлика дали се работи за фрлање токсичен отпад, монополско претпријатие или намалување на работната сила,
мотивот е секогаш ист!
Профит!
Сите тие се различни нивоа на истиот самоодржувачки механизам
кој секогаш ја става заработката на прво место, пред доброто на луѓето.
Според тоа, корупцијата не е некој нуспродукт на Монетаризмот.
Таа е неговиот темел!
И додека повеќето луѓе ја забележуваат оваа тенденција на еден или друг начин,
повеќето сепак остануваат наивни кон ширењето на овој
себичен механизам, што претставува водечки менталитет
во општеството.
"Доверливи документи откриваат дека, и покрај тоа што компанијата апсолутно знаела
дека имаат лек кој бил заразен со ХИВ вирусот,
го повлекле од американскиот пазар, и потоа го "бутнале" во Франција - Европа, Азија и Јужна Америка."
"Американската влада дозволи да се случи тоа. ФДА (Агенција за контрола на храна и лекови на САД) дозволи да се случи тоа."
"И сега владата упорно ја врти главата на другата страна."
"Илјадници невини хемофиличари умреа од вирусот СИДА."
"Оваа компанија апсолутно знаеше дека лекот е заразен со ХИВ, но го направија ова бидејќи сакаа оваа катастрофа оваа ужасна катастрофа од која"
да ја претворат во профит - MSNBC извештај за Бајер
Така што гледате, имате вградена корупција.
Се искористуваме еден со друг
и од тоа не можете да извлечете нешто пристојно и добро.
Политика
...чувство кога не знаат кого да изберат на изборите
Размислуваат демократски,
што е невозможно во монетарната економија.
Доколку имате повеќе пари за да ја рекламирате позицијата која ја сакате во власта
тоа не е демократија. Затоа што таква демократија им одговара на оние кои имаат повеќе пари.
Така што тоа е всушност диктатура на елитата,
на финансиските моќници.
"Или можеме да имаме демократија во оваа земја или можеме да имаме големо богатство во рацете на неколкумина, но не можеме да ги имаме и едното и другото." - Луис Брандејс, врховен судија
Интересно е да се набљудува и забележи како некои наизглед непознати личности
магично се појавуваат на сцената како претседателски кандидати.
И пред да трепнете, некако сте оставени да изберете од мала група на
екстремно богати луѓе,
кои, сомнително, имаат слични размислувања.
Очигледно е дека се работи за шега.
Луѓето чии имиња се на избирачките ливчиња се таму бидејќи тие се веќе претходно избрани
и прифатени од естаблишментот и финансиските кругови кои го водат целото шоу.
Сепак, многу луѓе кои ја сфатиле оваа илузорна демократија,
често помислуваат: "Само кога би можеле да ги донесеме нашите искрени, морални политичари на власт
тогаш се би било во ред."
Се разбира, оваа идеа изгледа разумно во нашиот утврдено-ориентиран поглед на светот,
но тоа е нажалост уште една заблуда.
Затоа што, кога ќе дојдеме до она што е навистина важно,
политиката како институција и со тоа и самите политичари,
немаат апсолутно никаква поврзаност со работите кои што го прават нашето општество да функционира.
Политичарите не се оние кои ги решаваат проблемите.
Тие немаат технички способности.
Не знаат како да ги решат проблемите. Дури и да бидат искрени, не би знаеле како да решат проблемите.
Инженерите се оние кои градат фабрики за отстранување на солта од морската вода.
Тие се оние кои ви даваат струја.
Кои ви даваат моторни возила, кои ја загреваат вашата куќа и ја ладат во текот на летото.
Технологијата е онаа која ги решава проблемите, не политиката.
Политиката не може да ги реши проблемите, затоа што не е создадена за да го направи тоа.
Многу малку луѓе денес седнуваат и размислуваат: "Што е тоа што ни го подобрува животот?"
Дали се тоа парите? - Очигледно дека не.
Човек не може да јаде пари или да ја наполни колата со пари за да ја вози.
Дали е тоа политика? - Сe што работат политичарите е носење закони,
изгласуваат буџети и објавуваат војни.
Дали е религијата? - Се разбира дека не е, религијата не создава ништо
освен што им пружа фиктивна емотивна утеха на оние на кои им е потребна.
Вистинската дарба која ние луѓето ја имаме,
која е единствено заслужна за сe што ни го подобрило животот,
е технологијата.
Што е технологијата?
Технологијата е молив, кој ни овозможува да ги пренесеме нашите идеи и мисли на хартија и да комуницираме.
Технологијата е автомобил, кој му овозможува на човекот да патува со поголема брзина од онаа која му ја дозволуваат нозете.
Технологијата се пар наочари, кои овозможуваат подобар вид на оние на кој им е потребен.
Применетата технологија е всушност додаток на човековите атрибути
која го намалува напорот на човекот, ослободувајќи го од одредени рутини или проблеми.
Замислете каков би ви бил животот денес без телефон,
или без рерна, без компјутер, или авион.
Сe во вашиот дом, што си го земате "здраво за готово", од ѕвоно, до маса,
до машина за миење садови... е технологија создадена од креативноста и генијалноста на техничарите. инженерите и научниците
Не од пари, од политика, или од религија.
Тоа се ЛАЖНИ институции.
...И ако му пишете на вашиот конгресмен, тоа е фантастично.
Ви велат, "Пишете му на вашиот конгресмен ако сакате нешто да се направи"
Луѓето во Вашингтон треба да бидат предводници во технологијата.
Предводници во човековото учење, во борбата против криминалот.
Сите фактори кои го обликуваат човековото однесување.
Не морате да му пишувате на вашиот конгресмен. Какви луѓе се тие кои се поставени да ја вршат таа работа?
Иднината ќе има доста тешкотии... И прашањето кое го поставуваат политичарите е:
"Колку би чинел тој проект?"
Прашањето не е: "Колку ќе чини?"
Туку: "Дали ги имаме ресурсите?"
А ние денес имаме толку многу ресурси
да го здомиме секој, да направиме болници насекаде во светот,
да изградиме училишта насекаде во светот, да ја ставиме најдобрата опрема за подучување
и медицинско истражување.
Така што, гледате, сето тоа го имаме, но живееме во монетарен систем.
А во монетарниот систем постои профит.
А кој е основниот механизам кој го “движи“ профитот, освен себичниот интерес?
Што е тоа што ја одржува оваа константна игра?
Дали е тоа високата ефикасност и одржливост?
Не.
Тоа не е дел од нивниот дизајн.
Ништо што е создадено во профитабилно ориентираното општество не е ни одблизу создадено за да би било ефикасно и одржливо.
Да би било така, не би постоеле мулти-милијардерски автомобилски индустрии.
Ниту пак еден просечен животен век за поголемата електроника би бил помал од 3 месеци, пред да стане бескорисна и застарена.
Дали е тоа изобилие?
Апсолутно не.
Изобилието, базирано на законите за снабдување и побарувачка, е всушност спротивно на остварувањето профит.
Доколку една компанија која продава дијаманти пронајде 10 пати повеќе дијаманти од вообичаената количина,
тоа значи дека снабдувањето ќе биде зголемено и цената и профитот од секој дијамант ќе падне.
Факт е дека ефикасноста, одржливоста и изобилието
се непријатели на профитот.
Поинаку речено, механизмот на создавање на НЕДОСТАТОК, го зголемува профитот.
Што е недостаток? - Одржување на цената на еден производ. Намалување на производството на нафта ја качува нејзината цена
Создавањето на недостаток од дијаманти ја држи цената висока.
Тие ги гореа дијамантите во рудникот за дијаманти Кимберли. Направени се од јаглерод. Тоа ја држи цената висока.
И тогаш, што значи за општеството кога велиме дека недостатокот, без разлика дали е природна појава или е манипулиран,
претставува доход за индустријата?
Тоа значи дека одржливоста и изобилието никогаш нема да бидат возможни во нашиот профитен систем.
Затоа што едноставно одат против самата природа на структурата.
Заради тоа е невозможно да имаме свет без војни и сиромаштија.
Невозможно е да ја унапредуваме технологијата до нејзинот најефикасен и најпродуктивен степен.
И најзагрижувачки,
невозможно е да се очекува од луѓето да се однесуваат морално и човечки.
Човекова природа или човеково однесување?
Луѓето го користат зборот "инстинкт", затоа што не можат да се воздржат од своите постапки.
Седат и оценуваат со својот недостаток на знаење, и велат
"Луѓето се создадени на одреден начин, алчноста е природна работа",
како да работеле со години на тоа. И тоа не е ништо повеќе природно од носењето облека.
Она што сакаме да го направиме е да ги елиминираме причините на проблемите.
Да ги елиминираме процесите кои произведуваат алчност, фанатизам и предрасуди,
и искористување меѓу луѓето и елитизмот.
Да ја елиминираме потребата за затвори и социјална помош. Секогаш сме се соочувале со овие проблеми, бидејќи отсекогаш сме живееле во свет на недостаток
и трговска размена и монетарни системи кои создаваат недостаток.
Ако го искорените сето она што предизвикува
социјално девијантно однесување,
сето тоа ќе исчезне.
Некој вели: "Па слушај, нели е тоа вродено!?" - Не, не е.
Не постои човечка природа, постои само човеково однесување,
а тоа отсекогаш се менувало низ историјата.
Не сте родени со фанатизам, или алчни и корумпирани,
и со омраэа. Сето тоа го добивате од општеството.
Војната, сиромаштијата, корупцијата, гладта, мизеријата, човековото патење
нема да се променат во монетарниот систем. Или ќе има многу мали безначајни промени.
Ќе биде потребно редизајнирање на нашата култура, нашите вредности, и тоа мора да биде во согласност
со постоечките капацитети на Земјата, а не со нечије лично мислење;
или политичките гледишта за "каков би требало да биде светот"; или некое религиско гледиште
за тоа како да се водат човековите односи.
И за тоа зборува "Проектот Венера".
Општеството за кое ќе говориме
е општество ослободено од сите стари суеверија,
затворања, затвори, полициски суровости и закони.
Сите закони ќе исчезнат,
и професиите ќе исчезнат коишто веќе нема да бидат потребни
како што се брокери, банкари, маркетинг...
Ќе исчезнат! Засекогаш!
Бидејќи веќе нема да бидат корисни.
Кога ќе сфатиме дека технологијата,
предводена од човечката генијалност,
е таа која го ослободува човештвото и ни го подобрува квалитетот на животот,
тогаш ќе согледаме дека најважниот фокус кој треба да го имаме
е интелигентно управување со природните ресурси.
Затоа што токму од тие ресурси ги црпиме средствата
кои нам ни овозможуваат континуиран пат до просперитет.
Разбирајќи го ова, гледаме
дека парите преставуваат основна пречка до овие ресурси
затоа што скоро сe си има своја финансиска цена.
А зошто ни се потребни пари за да ги користиме овие ресурси?
Заради вистинскиот или претпоставен недостаток од овие ресурси.
Обично не плаќаме за воздухот и за водата од чешма
затоа што ја има во изобилие, така што
нејзината продажба би била бесмислена.
Поради тоа, говорејќи логично
доколку ресурсите и технологијата кои ги користиме за да изгадиме било што во општеството,
како што се куќи, градови и превоз
би постоеле во изобилство
не би имало причина истите да се продаваат.
Исто така, доколку автоматизацијата и механизацијата би биле толку напредни
што би ги ослободило луѓето од физичка работа,
не би постоела причина да имаме работа.
И кога би се погрижиле за овие општествени аспекти
не би имале воопшто потреба за пари.
Останува основното прашање:
Дали ние на земјата имаме доволно ресурси
и технолошко знаење
за да направиме општество со такво изобилство
во кое сe што имаме сега би било достапно без цена
и без потреба за потчинетост преку вработување?
Да, имаме!
Имаме ресурси и технологија
кои можат да ни го овозможат ова на минимум,
заедно со можноста да го подигнеме животниот стандард толку високо
што луѓето во иднината би погледнале на нашата цивилизација денес
и би се чуделе, колку примитивно и незрело било нашето општество.
"Проектот Венера" предложува
потполно друг систем
кој е во тек со најновите знаења.
Никогаш не сме ги прашале научниците:
"Како да создадеме општество кое би ги елиминирало досадните и монотони работи,
кое би ги елиминирало несреќите во превозот,
кое би им овозможило на луѓето подобар животен стандард,
кое би ги елиминирало отровите од нашата храна,
и би ни дало други извори на енергија кои се еколошки и ефикасни. Сето тоа можеме да го постигнеме.
“Економија базирана на природните ресурси?"
Главната разлика помеѓу економијата базирана на природни ресурси и монетарниот систем
е во тоа што е економијата базирана на ресурси е навистина заинтересирана за луѓето
и за нивната благосостојба,
додека пак монетарниот систем е толку изопачен
што интересите на луѓето се во втор план,
ако воопшто и постои грижа.
Исходот кој се бара е:
колку пари можеш да добиеш.
Доколку постои проблем во општеството и не можете да заработите од решавање на тој проблем
тогаш тој проблем нема да биде решен.
Економијата базирана на ресурси всушност не е блиска со ништо што е пробано до сега.
И со сета наша технологија која ја имаме денес, можеме да создадеме избилство.
Може да се употреби за да се подобри животот на сите луѓе.
Изобилството ширум светот е можно ако мудро ја користиме нашата технологија
и ако ја сочуваме животната средина.
Тоа е многу поинаков систем.
И многу е тешко да се говори за него
бидејќи јавноста не е доволно информирана
за нивото на нашата технологија денес.
Енергија
Во моментов, не мораме да користиме фосилни горива.
Не мораме да користиме ништо што ја загадува околината.
Постојат многу извори на енергија кои се достапни.
Алтернативните енергетски решенија кои ги "турка" естаблишментот, како
водород, био-гориво, па дури и нуклеарната енергија, се незадоволувачки, опасни
и постојат само да би ги одржале профитните структури кои индустријата ги создаде.
Кога ќе погледнеме позади тие пропагани и себични решенија
ставени во прв ред од страна на енергетските компании
ќе пронајдеме бескрајна низа на
чисти и во изобилство, обновливи извори на енергија.
Соларната и енергијата од ветерот и се добро познати на јавноста.
Но вистинскиот потенцијал на овие извори остана недоречен.
Соларната енергија која ја добиваме од сонцето ја има толку многу
што еден саат светлина на пладне содржи повеќе енергија
отколку што целиот свет троши за една година.
Кога би можеле да складираме една стотина од оваа енергија, светот никогаш повеќе не би морал да користи
нафта, гас или било што друго.
Прашањето не е во достапноста на таа енергија
туку во технологијата која треба да ја складира,
а денес имаме толку многу современи средства
коишто можат да го остварат токму тоа,
кога не би биле спречувани од потребата на оние кои сакаат удел во пазарот
со веќе воспоставените енергетски структури.
А тука е и енеријата од ветерот.
Енергијата од ветерот долго беше сметана како слаб извор
и бидејќи зависеше од локацијата, беше сметана за непрактична.
Ова едноставно не е вистина.
Министерство за Енергија на САД во 2007 година призна
дека кога ветерот би бил целосно искористен во само 3 од вкупно 50 американски држави
тоа би ја напојувало целата нација.
Тука се и помалку познатите извори на енергија како што се плимата и брановите.
Енергијата на плимата се добива од плимата и осеката во океаните.
Поставувањето на турбини кои го користат ова движење на водата, создава енергија.
Во Велика Британија постојат 42 места погодни за ваков вид на искористување,
прогнозирајќи дека 34% од вкупната енергија во Британија би можела да доаѓа од овој вид на енергија.
Силата на брановите, која црпи енергија од површинското движење на водата во океанот
се проценува дека има глобален потенцијал кој може да достигне и до 80,000 терават/часови годишно.
Тоа значи дека 50% од вкупната потрошувачка на енергија на планетата може да се произведе само од овој извор.
Сега, многу е важно да се нагласи дека
плимата, брановите, соларната и енергијата од ветер
не бараат собирање на никаква друга енергија пред нив
за разлика од јагленот, нафтата, биомасата, водородот и сите други
Во комбинација на овие четири извори на енергија, доколку ефикасно се искористат низ технологијата,
би можеле да го снабдуваат светот засекогаш.
Кога веќе го кажавме тоа, постои еден друг извор на чиста и обновлива енергија, која триумфира над сите.
Геотермалната енергија.
Геотермалната енергија користи т.н. “топлинско копање“
кој, низ едноставен процес со користење на вода, може да создаде масивни количини на еколошка енергија.
Во 2006 година извештајот на МИТ (Технолошкиот Институт од Масачусетс) за геотермалната енергија објави дека
13,000 ZJ (зетаџули) се моментално достапни во земјата
со можност 2,000 ZJ лесно да се складираат користејќи напредна технологија.
Вкупната потрошувачка на енергија на сите земји на планетата
е околу 0,5 ZJ годишно!
Ова практично значи дека земјата може да биде обезбедена со енергија во наредните 4,000 години
само од овој извор!
И кога ќе сфатиме дека зрачењето на топлина на земјата
постојано се обновува, оваа енергија е неограничена.
Може да се користи засекогаш!
Овие извори на енергија се само некои од чистите и обновливи видови на енергија кои ни се достапни.
И како што проаѓа времето, ќе пронајдеме повеќе.
Големото сознание од ова е дека имаме целосно изобилство на енергија без потреба од загадување,
од традиционална конзервација и без пари.
А што е со транспортот?
Најкористени видови на транспорт во нашето општество се авио и авто сообраќајот, на кои им се потребани фосилни горива за да се движат.
Во случајот со автомобилите, потребната технологија на батерии - акумулатори
која ги напојува електричните автомобили, кои достигнуваат брзина преку 160 км/ч
и можат да поминат 320 км со едно напојување - постои!
И постоеше уште пред многу години.
Меѓутоа, поради патентите на акумулаторите, кои ги контролира нафтената индустрија
кои ја ограничуваат нивната моќ за да го одржуваат и контролираат пазарот
во комбинација со политичките притисоци од сферата на енергетската индустрија
пристапноста и достапноста до оваа технологија се ограничени.
Не постои апсолутно ниедна причина, освен чистите, корумпирани желби за профит,
зошто сите автомобили на планетава не би биле електрични
и воедно чисти, без ни малку потреба за бензин.
Што се однесува до авионите, време е да сфатиме
дека овој начин на патување е неефикасен,
гломазен, тромав, спор и произведува многу загадување.
Ова е Маг-Лев воз.
Користи магнети како погон.
Во потполност е прицврстен и опкружен со магнетно поле
и бара помалку од 2% од енеријата којашто
ја користат авионите.
Возот нема тркала, така да нема што да се истроши.
Моменталната максимална брзина на оваа верзија на Маг-Лев возот,
која се користи во Јапонија, е 580 км/ч.
Меѓутоа, оваа верзија е многу застарена.
Организацијата со име ЕТ3 која е поврзана со “Проектот Венера“,
изгради двобазен Маг-Лев кој може да патува со брзина и до 6,400 км/ч
во неподвижна, безотпорна цевка, која може да биде на земја или под вода.
Замислете да одите од Лос Анџелес до Њу Јорк на ручек
Или од Вашингтон до Пекинг за 2 саати.
Ова е иднината на континенталното и интерконтиненталното патување.
Брзо, чисто, со само дел од енергијата која денес се користи за истата цел.
Всушност, благодарејќи на Маг-Лев технологијата, напредните акумулатори и геотермалната енергија
повеќе не би постоела потреба за согорување на фосилни горива.
И ова можеме да го напраиме веднаш, доколку не би биле спречени од страна на парализирачките профитабилни структури.
Америка е наклонета кон фашизам.
Има склоности поради доминирачките филозофии и религии кои го воздигнуваат фашистичкиот начин на гледање.
Американската индустрија е всушност фашистичка институција.
Доколку не го сфаќате тоа, во моментот кога ќе се вработите, зачекорувате во диктатура.
Вграден ни е поимот "почит" кон работата. Јас на тоа гледам како на платено ропство.
Роден си со убедување дека треба “да си ја заслужиш живеачката со својата пот“.
Тоа ги уназадува луѓето. Треба да се ослободат луѓето од тешките и повторливи работи кои ги затупуваат. Инаку ги ограбувате.
Во нашето општество, кое е економија базирана на ресурси, машините ги ослободуваат луѓето.
Видете, не можеме да го замислиме сето тоа, бидејќи никогаш не сме живееле во таков свет.
Ако погледнеме назад низ историјата, ќе видиме многу јасна шема каде што машините полека ги заменуваат луѓето во работата.
Од исчезнувањето на лифтбој-от сe до потполно автоматизираните фабрики за автомобили.
Факт е дека, како што се развива технологијата, потребата за човечката работа полека ќе се намалува.
Ова создава вистински судир, кој го докажува лажниот монетарно базиран систем заснован на физичка работа.
Затоа што човечкото вработување е во директна спротивност со технолошкиот развој.
Со тоа имајќи го в предвид основниот приоритет за профит од страна на индустријата,
луѓето со текот на времето ќе бидат постепено отпуштани и заменети со машини.
Кога фабриката ќе стави машини наместо да го скрати работното време, таа го намалува бројот на вработени.
Вие го губите вашото работно место и имате право да се плашите од машините.
Во високо технолошката економија базирана на ресурси, конзервативно е да се рече
дека околу 90% од моменталните професии ќе бидат извршувани од машини,
ослободувајќи ги луѓето да ги живеат своите животи без да служат никому. Бидејќи тоа е поентата на технологијата.
И со текот на времето, со нано технологијата и другите современи и напредни форми на науката
не е невозможно да се види како сложените медицински процедури можат да бидат извршени од машините,
и тоа со многу поголема стапка на успешност отколку што луѓето можат денес.
Патот е јасен, но нашата монетарно базирана структура,
која бара работа за плата, го блокира тој прогрес.
На луѓето им е потребна работа за да би можеле да преживеат. Овој систем мора да си оди,
или никогаш нема да бидеме слободни како луѓе и технологијата ќе биде константно парализирана.
Имаме машини кои прочистуваат канализации и ги ослободуваат луѓето да го прават тоа.
Така што, гледајте на машините како на продолжена рака на човечкото делување.
Понатаму, многу денешни професии не би имале основа да постојат во економија базирана на ресурси,
како што е, било што поврзано со управување на парите, со рекламирање како и со самиот правен систем.
Затоа што без пари, најголемиот дел од криминалот којшто се случува денес, никогаш не би се случил.
Скоро сите форми на криминал се последица на монетарниот систем, или директно
или преку нервоза нанесена од финансиските недостатоци.
Со тоа и самите закони еден ден би можеле да исчезнат.
Наместо да постават знак "возете внимателно - лизгаво кога е мокро"
ќе ставите абразив на автопатот за да не биде лизгав кога е мокар.
И кога пијана личност ќе вози автомобил
и автомобилот ќе осцилира по патот
тука ќе има еден мал висок
кое би го враќало занесениот автомобил на патот или би го застанало покрај патот.
...Не закон. Решение!
Врадите радар и сонар во автомобилите
за да не би можеле да се судрат.
Законите кои ги создаваат луѓето се обиди
да се соочат со моменталните проблеми,
и не знаејќи како да ги решат -
тие прават закони.
Во САД, најприватизираната
и најкапиталистичката земја на светот,
не е изненадувачки тоа дека е и
земја која има најмногу затвореници во светот
чиј број се зголемува секоја година.
Статистички, поголемиот дел од нив се необразувани,
и најчесто доаѓаат од сиромашни средини.
И спротивно на пропагандата,
тоа е она “условување“ од средината,
кое ги навлекува на криминал и насилничко однесување.
Во секој случај, општеството гледа на другата страна
на овој проблем.
Правниот и казнениот систем се само дополнителни примери
на тоа како нашето општество избегнува да ги проучи
корените на ваквото однесување.
Билиони долари се трошат секоја година
на затвори и полиција,
додека само еден дел од тоа се троши на
програми за намалување на сиромаштијата,
што е основен фактор
одговорен за актот на криминал.
И, сe додека имаме економски систем,
кој преферириа, и всушност создава
недостаток и сиромаштија, криминалот никогаш нема да исчезне.
- Поттик - Кога луѓето би имале пристап до неопходните работи за живот
без служење, долгови, размена, тргување... би се однесувале многу поинаку.
Сите овие работи мора да бидат без цена.
Велат: “Мора да постои цена,
Што ќе ги мотивира луѓето“?
“Човекот да добива сe што ќе посака,
излежувајќи се на сонцето“?!
Ова е митот кој тие го пропагираат.
Луѓето во нашата култура се дресирани да веруваат
дека монетарниот систем создава поттик:
Доколку би имале пристап до сите работи, тогаш зошто би морале нешто да работиме?
Не би имале поттик.
Тоа ве учат, за да го поддржувате монетарниот систем.
Кога ќе ги одземете парите од целото сценарио,
тогаш би дошло до различни побуди, многу различни побуди.
Кога луѓето имаат пристап до сите потреби за живот,
побудите би се промениле.
Што е со Месечината и со ѕвездите?
Настануваат нови побуди.
Ако уживате во сликање и направите слика
ќе ви биде задоволство да ја подарите сликата некому, не да му ја продадете.
Мислам дека повеќето од образовните системи кои ги имаме денес
всушност произведуваат работници.
Премногу се специјализирани. Не ги гледаат работите отворено.
Луѓето многу малку знаат за различни теми.
Не верувам дека можете да најдете луѓе кои би оделе во војна,
кога би знаеле многу околу тоа.
Мислам дека денешното образование е претежно учење напамет
и дека децата не се учат како да решаваат проблеми,
ги немаат потребните средства, емотивно или во нивната област,
за да можат критички да размислуваат.
Во економијата базирана на ресурси, образованието би било многу поинакво.
Најголемата грижа за нашето општество е менталниот развој
и мотивирањето на секоја личност
до нивниот најголем потенцијал.
Затоа што нашата филозофија е:
"колку се луѓето попаметни, толку светот е побогат"
затоа што секој ќе може да допринесе.
Колку се попаметни вашите деца,
толку вашиот живот ќе биде подобар.
Затоа што тие конструктивно ќе допринесат за животната средина, а со тоа и за нашите животи.
Затоа што сe што измислуваме во економијата базирана на ресурси
ќе се примени во нашето општество.
Нема да има ништо што ќе нe кочи.
Патриотизам, оружје, војска, моранарици -
сите тие се знаци,
дека се уште не сме цивилизирани.
Децата ќе ги прашаат своите родители:
Зарем не ја согледавте неопходноста на машините?
Тато, зарем не виде дека војната е неизбежна
кога создавате недостаток?
Зарем не е очигледно?
Се разбира, детето ќе разбере
дека сте празноглавци - одгаени само за да служат
на денешните институции.
Ние сме едно непријатно, болно општество,
кое нема да ги исполни книгите по историја.
Во нив ќе пишува само дека големите нации земале земја од помалите нации...
користејќи сила и насилство.
Ќе имате историја во која се говори
за коруптивно однесување,
сe до почетокот на правата цивилизација.
А тоа е кога сите нации ќе работат заедно.
Треба да го обединиме светот,
работејќи за доброто на секое човечко битие
каде никој нема да му служи на никого.
Без социјални слоеви
без обзир дали е технички елитизам
или било кој друг елитизам,
избришан од лицето на земјата.
Државата ќе нема функција, затоа што нема да постои држава.
Системот за кој јас се заложувам,
глобална економија базирана на ресурси, НЕ Е СОВРШЕН
само е МНОГУ ПОДОБАР од оној што го имаме денес.
Ние никогаш нема да достигнеме совршенство.
"Мојата земја е светот...
а мојата религија е за да прави добрина."
- Томас Пеин - 1737-1809
Социјалните вредности на нашето општество
кои се манифестираат со константни војни,
корупција,
тирански закони,
социјално раслојување,
безначајно празноверување,
уништување на животната средина,
и деспотски, општествено индиферентни, профитабилно ориентирани владеечки класи
се во основа, резултат на нашето колективно незнаење
за двете најосновни согледувања кои ние луѓето треба да ги имаме за реалноста.
Еволуирачкиот и симбиотички аспект за природните закони.
Еволуирачката природа на реалноста
значи дека сите системи, без обзир дали е знаењето,
општеството, технологијата, филозофијата, или било која друга креација,
кога ќе се ослободат од забрани,
ќе претрпат промени.
Она што денес го сметаме за обична работа,
како што се модерната комуникација и транспорт,
биле незамисливи во древните времиња.
Според тоа, иднината ќе има технологија,
сфаќања и социјални структури
кои не можеме ни да ги замислиме во денешно време.
Преминавме од алхемија на хемија,
од геоцентричен универзум до хелиоцентричен,
од верување дека демоните ги предизвикуваат болестите
до модерната медицина.
Овој развој нема крај,
и тоа е свеста која нe поврзува
и нe води на тој непрекинат пат за
развој и напредок.
Статичко емпириско знаење не постои,
туку согледување на развојот на сите системи
кои мораме да ги прифатиме.
Ова значи дека секогаш мораме да бидеме отворени за нови идеи,
дури и ако им се закануваат на нашите сегашни убедувања,
па дури и на нашиот идентитет.
Нажалост, општеството денес не успеа да го прифати ова,
и утврдените институции продолжуваат да го парализираат развојот
со тоа што ги одржуваат застарените социјални структури.
Истовремено, луѓето страдаат од страв од промени
затоа што нивното условување вклучува непроменлив идентитет,
а предизвикувањето на туѓото мислење,
најчесто резултира со навреди и апсења.
Затоа што да не се биде во право е погрешно поврзано со неуспехот.
А всушност, треба да бидеме среќни ако некој ни докаже дека не сме во право.
Затоа што, тоа го подига човекот на ново ниво на размислување
и ширење на свеста.
Факт е дека, нема такво нешто како што е паметно човечко суштество,
затоа што е само прашање на време
пред неговите идеи да бидат ажурирани, променети или избришани.
И оваа тенденција на слепо држење до моменталните верувања,
кои го забрануваат пристапот до нови информации кои доведуваат до трансформација,
не е ништо друго освен една форма на ИНТЕЛЕКТУАЛЕН МАТЕРИЈАЛИЗАМ.
Монетарниот систем го пропагира овој материјализам,
не само со своите самоодржувачки структури,
туку и преку безброј луѓе
кои слепо се условени
и кои без размислување ги воздигнуваат овие структури,
и така настанувајќи сомоволни чувари на "статус-кво" ситуацијата.
Овци на кои повеќе не им е потребно куче да ги контролира.
Бидејќи тие се контролираат едни со други така што ги избегнуваат сите оние кои не се држат до одредените норми.
Оваа тендеција на одбивање промени
и потпомагање на постоечките институции
заради својот идентитет, удобност,
моќ и профит
е потполно неодржлива;
и само ќе произведе поголема нерамнотежа,
поделба,
промена на полошо,
и многу извесно,
уништување.
Време е да се промениме.
Од ловци и жетвари,
до земјоделската револуција,
до индустриската револуцијa
формулата е јасна.
Време е за нов социјален систем
кој се одразува на разбирањата кои ги имаме денес.
Монетарниот систем е производ
на едно време
каде што недостатокот беше реалност.
Денес, во време на технологија,
тоа веќе не е од важност за општеството.
Исчезнато со пореметените однесувања кои ги манифестира.
Исто така, доминантниот поглед на светот
како што е теистичката религија, делува со истата
општествена ирелевантност.
Исламот, Христијанството, Јудаизмот, Хиндуизмот и сите други религии
постојат како препреки на личниот и општествениот развој.
Бидејќи секоја група овековечува затворен поглед на светот.
И ова ограничено сфаќање кои тие го прифаќаат
е просто неприфатливо во еден еволуирачки универзум.
Сепак, религијата успеа во гасењето на свеста за оваа еволуција
вградувајќи психолошко извртување на верата
меѓу своите следбеници,
каде што логиката и новите информации се отфрлаат
во корист на традиционалните застарени верувања.
Концептот за Бог,
е навистина метод за објаснување на природата на работите.
Во минатото, луѓето не знаеле доволно
за тоа како се случуваат некои работи,
како природата функционира,
и така си измислиле свои мали приказни,
и го создале Бог според нивниот лик.
Лик кој се лути
кога луѓето не се однесуваат добро.
Тој ги создава поплавите, и земјотресите,
и велат дека тоа е дело на Бог.
Краток осврт на потиснувачката историја на религијата
открива дека дури и најстарите митови
се еволуирачки кулминации, развивани низ времето под разни влијанија.
На пример, најважната теза на христијанската вера
е смртта и воскреснувањето на Христос.
Оваа идеја е толку важна што самата Библија изнесува дека
"И ако Христос не е воскреснат, тогаш нашето проповедање е залудно и твојата вера е исто така залудна."
Сепак, многу е тешко ова да се сфати буквално,
бидејќи не само што нема доказ кој го потврдува овој натприроден настан во секулрната (не-религиска) историја
познавајќи ги огромниот број на спасители пред Христос
кои исто така умреле и воскреснале
автоматски ја сместува оваа приказна во митологијата.
Старите црковни автори,
како што бил Тортулијан
направиле сe за да ги отстранат овие сличности,
дури тврдејќи дека ѓаволот ги предизвикал овие сличности да се случат.
Извјавувајќи во вториот век дека:
"Ѓаволот, чија работа е да ја искриви вистината,
ги имитира истите Божји дела и околности.
Тој ги крсти своите верници и ветува простување за гревовите...
го слави жртвувањето и го носи симболот на воскресението
Ајде тогаш да ја признаеме лукавоста на ѓаволот,
кој копира одредени работи од единствениот Бог.
Она што навистина е тажно,
е тоа дека кога ќе откриеме дека приказните од Христијанството,
Јудаизмот, Исламот и сите останати религии
се буквално историја,
и кога ќе ги прифатиме како она што навистина се,
а тоа се чисти алегорични изразувања кои произлегле од многу вери,
ќе видиме дека сите релгии делат иста тематика.
И тоа е обединувачкиот императив
кој треба да биде прифатен и ценет.
Религиозните верувања предизвикаа повеќе поделби и судири
отколку било која друга идеологија.
Само христијанството има преку 34,000 различни подгрупи.
Библијата е предмет на толкување.
Кога ја читате, велите
"Мислам дека Исус мислел на ова или мислам дека Јаков мислел на она..."
"А, не! Мислел на ова!"
Така што ги имате Лутераните, Адвентистите на Седмиот-Ден, Католиците,
а црква која е поделена не е црква.
И овој заклучок за поделби,
кој е заштитен знак на сите теистички религии
нe носи до нашиот втор неуспех во освестувањето.
Лажната претпоставка на поделбите
преку одбивање на симбиотичките (меѓузависни) врски во природата.
Освен сфаќањето дека сите природни системи се еволуирачки
каде што сите знаења за реалноста константно се развиваат,
се менуваат, па и исчезнуваат;
мораме и да разбереме дека сите системи се всушност
измислени делчиња, за да би имало за што да се разговара.
Затоа што, не постои такво нешто како "независност" во природата.
Целата природа е обединет систем на меѓузависни варијации,
секоја од нив како акција и реакција, и постои само како обединета целина.
Не гледате штекер за да се поврзете со природата,
и затоа изгледа како да сме слободни, како да лутаме наоколу.
Ако го одземете кислородот, сите ќе умреме веднаш.
Одземете го животот на растенијата, ќе умреме.
И без сонцето, сите растенија умираат.
Што значи сите сме поврзани.
Мораме да водиме сметка за сe во целина.
Не е во прашање само човечкиот живот на планетава,
ова се однесува на сe.
И ние знаеме дека не можеме да опстанеме без растенијата и животните.
Знаеме дека не можеме без четирите елемент, знаете?
И, кога ќе започнеме вистински да го земаме тоа во предвид?
Тоа е потребно за да бидеме успешни.
Успехот зависи од тоа колку добро ќе се поврземе со сe околу нас.
Јас сум многу свесен за фактот дека мојот внук
нема да може да се надева
дека ќе наследи одржлив,
мирен, стабилен, социјално прилагодлив свет,
доколку секое дете кое денес расте во
Етиопија, Индонезија, Боливија, Палестина или Израел,
исто така ги нема истите очекувања.
Морате да се грижите за целата заедница
или ќе имате сериозни проблеми.
А сега е време да го гледаме светот како една заедница.
И мораме да почнеме да се грижиме едни за други.
И тоа не е само заедницата на човечки суштества,
туку и заедницата на растенија, животни, елементи.
И ние мораме да го сфатиме тоа.
Тоа е она што ќе ни донесе радост,
како и задволство.
Тоа е она што недостасува во нашите животи денес.
Можеме да го наречеме духовност
но суштината е дека
радоста доаѓа од таа блажена поврзаност.
Тоа е нашиот дух.
Тоа е нашата страна која навистина чувствува и можеш да ја почувствуваш длабоко во себе.
Тоа е она прекрасно чувство, и го спознавате кога ќе го почувствувате.
Тоа нема да добиете од парите. Ќе го добиете од поврзаноста.
"Сега, ако тоа не е опасно за оваа држава, не знам што е?"
"Како ќе продолжиме да правиме нуклеарно оружје,
...знаете на што мислам?"
"Што ќе се случи со индустријата за оружје
кога ќе сфатиме дека сме сите едно?"
"Тоа ќе ја заебе економијата“.
"Економијата, која е и онака измама!"
"Што би било вистинска срамота."
"Ќе видите како се руши владата...
...при самата помисла на идејата за безусловна љубов."
"Верувам дека вистината и безусловната љубов ќе го имаат последниот збор во реалноста".
- Др. Мартин Лутер Кинг Јуниор - 1929-1968
Кога ќе сфатиме дека неделивоста на нашето постоење,
е во потполна зависност
од неделивоста на сe во светот,
тогаш вистински сме го разбрале значењето на безусловната љубов.
Затоа што, љубовта е начин на живот и гледањето на "сe" како "јас"
и "јас" како "сe", не смее да биде условено,
затоа што факт е дека сите сме едно.
Ако е вистина дека сите доаѓаме од центарот на една ѕвезда,
дека секој атом во нас е од ценарот на една ѕвезда,
тогаш сите ние сме исти.
Дури и машините за пијалоци и за цигари на улиците
се направени од атоми кои потекнуваат од ѕвездите.
Сeто тоа е рециклирано илјадници пати,
исто како вие и јас.
Всушност јас сум насекаде.
Тогаш нема од што да се плашиме? Што е она што не тера да бараме утеха?
Ништо. Немаме причина да се плашиме, затоа што таму сме сите ние.
Проблемот е во тоа што сме биле раздвоени при самото раѓање
и ни дале име и идентитет, индивидуализирајќи нe.
Сме биле одвоени од целината, а тоа религијата го злоупотребува,
желбата на луѓето повторно да бидат дел од таа целина.
Така што тие го злоупотребуваат тоа. Го нарекуваат тоа Бог, велат дека тој има правила,
и јас мислам дека тоа е сурово.
Мислам дека можеме и без религија. - Џорџ Карлин 1937-2008
"Кога еден вонземјанин би ги проучувал разликите помеѓу луѓето,
би заклучил дека разликите се бесмислени во споредба со сличностите."
"Нашите животи, минатото и иднината се врзани за сонцето, месечината и ѕвездите..."
"Ние луѓето ги видовме атомите кои ја сочинуваат целата природа и сите сили кои што го извајале ова дело..."
И ние, кои сме го опипале космосот со нашите очи, уши, мисли и чувства започнавме да се запрашуваме за нашите потекла...
материите кои ги сочинуаат ѕвездите, организиран збир на билоиони и билиони атоми,
надгледувајќи ја еволуцијата на природата, следејќи го тој долг пат од кој е создадена свеста овде на планетата Земја...
Нашата лојалност е кон видовите и планетата. Нашата обврска да опстанеме и да напредуваме, не е само наша заслуга...
туку и на тој прастар, огромен космос од кој сме создадени.
Ние сме еден вид. Ние сме ѕвездена материја која собира ѕвездена светлина.
- Карл Саган (1934 -1996)
Време е да прогласиме единство,
единство кое нашиот старомоден социјален систем го уништи,
и да работиме заедно за да создадеме едно одржливо,
глобално општество, во кое секој ќе биде згрижен
и секој ќе биде вистински слободен.
Вашите лични верувања, какви и да се,
се безначајни кога се работи за потребите за живот.
Секое човечко суштество се раѓа голо,
му треба топлина, храна, вода и кров над глава.
Сe останато е споредно.
Со тоа, најважното прашање сега е
како паметно да се искористуваат Земјините ресурси.
Ова нема никогаш да биде постигнато во монетарен систем,
затоа што трката за профит е трка за личен интерес
и затоа нерамнотежата е неизбежна.
Истовремено, политичарите се бескорисни.
Затоа што нашите прави проблеми во животот се технички, не политички.
Понатаму, идеологиите кои го раздвојуваат човештвото,
како што е религијата,
треба да бидат “симнати од небо“ од страна на заедницата
во однос на нивните вредности, цели и општествената важност.
Се надеваме дека, со текот на времето,
религијата ќе го изгуби својот материјализам и суеверие
и ќе се пресели во корисното поле на филозофијата.
Бидејќи факт е, денешното општество е назадно,
со политичари кои непрекинато говорат за безбедност и одбрана
наместо за создавање, обединување и напредок.
Само САД во моментов троши околу 500 милијарди долари годишно на одбрана,
што би било доволно за се прати секој средношколец во Америка на четиригодишни студии.
Во 1940 година “Проектот Менхетен"
го произведе првото оружје за масовно уништување.
Овој проект вработи 130,000 луѓе, со огромен финансиски трошок.
Замислете каков би бил нашиот живот денес доколку таа група на научници,
наместо да работат на тоа како да убиваат луѓе,
би работеле на тоа како да создадат самоодржлив свет полн со изобилства.
Животот денес би изгледал многу поинаку доколку тоа им беше целта.
Наместо оружја за масовно уништување,
време е да ослободиме нешто многу посилно.
Оружја за Масовно Создавање.
Нашиот вистински благослов е во нашата способност да создаваме.
И наоружани со знаењето за симбиотичката поврзаност во животот,
водени од еволуирачката природа на реалноста,
не постои ништо што не можеме да направиме или да постигнеме.
Секако, се соочуваме со силни препреки
во форма на постоечките структури на моќта
кои одбиваат да се променат.
Во срцето на тие структури е монетарниот систем.
Како што објаснивме претходно, политиката на трезорот
е форма на ропство преку долгови, каде што е
буквално невозможно општеството да биде слободно.
Наместо тоа, капитализмот во облик на слободно тргување,
го користи долгот за да го зараби светот и да ги манипулира државите
да слугуваат на големите бизниси и политичките моќници.
Покрај овој очигледен неморал,
самиот систем е основан на конкуренција,
која моментално ја уништува можноста
за соработка на голем план за сечие добро,
и со тоа парализирајќи го секој обид за права глобална самоодржливост.
Овие финансиски и корпорациски структури се сега истрошени
и мора да бидат пребродени.
Се разбира, не можеме така наивно да помислиме дека бизнис и финансиската елита ќе се согласат со оваа идеја,
затоа што така ќе ја изгубат моќта и контролата.
Така, мирна и исклучително стретешка акција мора да биде превземена
Најмоќниот начин за делување е едноставен.
Мораме да ги промениме своите однесувања за да ги натераме структурите на моќ да се приспособат на волјата на народот.
МОРАМЕ ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА ГО ПОДДРЖУВАМЕ СИСТЕМОТ!
Единствен начин на кој ќе се промени естаблишментот
е преку одбивањето да се учевствува,
континуирано спознавајќи ги неговите грешки и корупции.
Тие нема да се откажат од монетарниот систем,
само затоа што ние препорачуваме нов дизајн.
Системот мора да падне,
и луѓето треба да ја изгубат довербата во своите избрани политички лидери.
Тоа ќе биде главната пресвртница
ако се понуди “Проектот Венера“ како можна алтернатива.
Ако не, се плашам од последиците.
Трендовите покажуваат дека нашата земја оди кон банкрот.
Една од можностите е нашата земја да започне воена диктатура
за да ги спречи побуните и комплетното растурање на општеството.
Еднаш кога САД ќе биде срушена,
сите други земји ќе пројдат низ сличен процес.
Затоа што во моментов, светскиот финансиски систем е на работ
на колапс, поради неговите недостатоци.
Монетарната Контрола во 2003 година објави дека
каматата на американскиот национален долг
нема да може да се исплати во рок помал од 10 години.
Ова теоретски значи целосен банкрот на американската економија,
а последиците по остатокот на светот се неизмерни.
Затоа што монетарниот систем
го достигна неговиот теоретски лимит на експанзија
и пропаста на банкарскиот систем која ја гледате е само почеток.
Заради тоа инфлацијата расте до небо,
нашите долгови ги достигнаа рекордите,
а владата и Федералниот Трезор “пумпаат“ нови пари
за да го спасат корумпираниот систем.
Затоа што единствен начин да ги одржат банките во живот
е преку создавање на повеќе пари.
Единствен начин да создадат повеќе пари
е да создадат повеќе долгови и инфлација.
Едноставно е прашање на време кога ќе се сменат работите
и кога никој нема да сака да зема нови заеми,
додека пак, ќе се појавуваат сe повеќе случаи на луѓе кои не можат да си ги дозволат веќепостоечките долгови.
Потоа експанзијата на парите ќе престане,
и ќе започне контракција на досега невидено ниво.
Доведувајќи крај на оваа едновековна пирамидална шема.
Ова веќе започна.
Затоа, треба да ја разоткриеме оваа финансиска пропаст каква е,
користејќи ги нејзините слабости како наши предности.
Еве неколку предлози:
Разоткријте ги банкарските измами.
"СитиБенк", "ЈП Морган Чејс", и “Американската Банка“
се најмоќните контролери во корумпираниот систем на Федералниот Трезор.
Време да се бојкотираат овие институции.
Ако имате сметка или кредитна картичка во било која од овие банки
преместете ги парите во друга банка.
Ако имате хипотека во овие банки, исплатете ги преку други банки.
Ако поседувате нивни акции, продајте ги.
Ако работите за нив, дајте отказ.
Овие гестови ќе изразат презир
кон вистинската моќ која стои позади приватните банки
познат како Федералниот Трезор.
И ширете ја свеста за измамата на самиот банкарски систем.
2. Исклучете ги ТВ вестите.
Посетете ги растечките независни известувачки агенции на интернет за да добиете информации.
CNN, NBC, ABC, FOX, и сите други...
пренесуваат само пре-филтрирани вести за да би го одржале денешното статус-кво.
Со само 4 корпорации кои ги поседуваат сите најголеми медиуми
објективното информирање е невозможно.
Ова е правата убавина на Интернетот,
и естаблишментот почна да ја губи контролата
поради овој слободен проток на информации.
Мораме да го заштитиме Интернетот по секоја цена,
затоа што ни е единствениот спасител во моментов.
Три.
Немојте никогаш да си дозволите себеси,
на вашата фамилија, или на било кој што го познавате, НИКОГАШ, да и се придружи на војската.
Таа е застарена институција
која сега се користи исклучиво за одржување на естаблишментот
и веќе никому не е од корист.
Американските војници во Ирак работат за американските корпорации,
не за својот народ.
Пропагандата нe приморува да веруваме дека војната е нешто природно
и дека војската е чесна институција.
Па ако војната е природна работа,
зошто тогаш има по 18 самоубиства секој ден на американски ветерани
кои патат од пост-трауматичен стрес.
Ако нашите мажи и жени војници се толку почитувани,
зошто тогаш 25% од американската популација која нема кров над глава се ветерани?
Четврто:
Престанете да ги поддржувате енергетските компании.
Доколку живеете во одвоена куќа,
исклучете се од мрежата.
Истражете ги сите можности како да го направите вашиот дом самоодржлив
користејќи чисти извори на енергија.
Соларната, енергијата од ветар, и сите други обновливи облици на енергија
се сега реално достапни за потрошувачите
и земајќи ги в предвид непрекинато растечките цени на традиционалните енергии
со текот на времето, вашата инвестиција ќе излезе поефтина.
Ако возите автомобил, купете ја најмалата кола која ви одговара.
И гледајте да користите една од многуте технологии на конверзија
кои овозможуваат вашиот автомобил да стане хибриден,
електричен, или онаков кој не ги користи денешните фосилни горива.
Петто.
Отфрлете го политичкиот систем.
Оваа илузија од демократија е навреда за нашата интелигенција.
Во монетарниот систем, не постои такво нешто како права демократија,
и никогаш не ни постоела.
Ние (САД) имаме две политички партии поседувани од истата група на корпоративни лобисти.
Тие се поставени на тие позиции по желба на корпорациите
со вештачки создадена популарност од нивните медиуми.
Во системот со вградена корупција
промената на персоналот (претседателите, политичарите) на секои неколку години
има многу мало значење.
Наместо да се преправате дека политичката игра има било какво значење,
насочете ја својата енергија на тоа како да го надминете овој пропаднат систем.
И шесто.
Придружете се на движењето.
Посетите го сајтот www.thezeitgeistmovement.com
и помогнете ни да го создадеме најголемото масовно движење за социјална промена
коешто светот некогаш го видел.
Мораме да ги мобилизираме и образуваме луѓето
за вградената корупција на денешниот светски систем,
како и за единственото вистинско одржливо решение,
објавувајќи дека сите природни ресурси на планетава
се природно наследство на сите луѓе,
информирајќи го секој дека со нивото на технологија која ја имаме
сите можеме да бидеме слободни доколку светот работи заедно, наместо да војува.
Изборот останува на вас.
Можете да продолжите да бидете роб на финансискиот систем
и да ги набљудувате бескрајните војни, депресии и неправди во светот,
ублажувајќи се со залудна забава
и материјалистички ѓубриња.
Или пак, можете да ја насочите вашата енергија кон вистинска, значајна, трајна и целокупна промена
која ја има реалната способност да ги одржи
и ослободи сите луѓе, не оставајќи никој зад себе.
Но на крајот, најважната промена
мора да се случи во вас.
Правата револуција е револуција на свеста,
и секој од нас мора прво да ги елеминира
поделбите и материјализмот
со кои бевме условувани да веруваме дека се вистинити.
Наместо да го откриеме и да го осознаеме
оној сигнал, кој доаѓа од нашата вистинска емпириска единственост.
Тоа е на вас.
"Она што се обидуваме низ овие дискусии и низ овој разговор
е да сфатиме дали можеме или не, да создадеме радикална промена во човековиот ум,
не само да ги прифатиме работите какви што се
туку и да ги разбереме, да навлеземе во нив, да ги испитаме.
Давајќи се од вашето срце и од вашиот ум и од се што имате за да дознаете.
Еден поинаков начин на живот.
Но, тоа зависи од вас, а не од некој друг.
Затоа што во ова нема учител,
нема ученик,
нема водач,
нема гуру,
нема господар, нема спасител.
Вие самиот сте и учител и ученик, вие сте господар и гуру и водач,
вие сте сe!
И, да се разбере
значи да се промени она што е.
Ј. Кришнамурти (филозоф)
by IceMan
www.thezeitgeistmovement.com