Tip:
Highlight text to annotate it
X
21 октомври, 2009 година:
Пратив е-маил до Питер Џосеф со барање за интервју пред камера...
... Немаше одговор
3 ноември, 2009 година:
Пратив уште еден е-маил до Питер Џосеф...
Одговор!
Одговор! (10 ноември)
„Чарлс, многу сум зафатен во ова време... Овој месец имам многу патувања во и надвор од градот“
Најави се пак на почетокот од декември. Благодарам, Питер“
1 декември, 2009 година:
1 декември, 2009 год.: Пратив нов е-маил до Питер Џосеф за интервју...
... (чекам)
5 декември: „ ... добро- Ќе ти дозволам 2 часа. Јас сум во Бушвинк...“ П
Кој е Питер Џосеф?
Краток документарец од Чарлс Робинсон
www.whoispeterjoseph.com
Потекло
Моето име е Питер Џосеф. Живеам во Бруклун, Њујорк. Имам 31 година.
Јас сум независен продуцент на филмови и претпоставувам дека сум де факто основач на организација која се вика;
„Движење - Низ духот на времето“ (The Zeitgeist Movement)
Што се однесува на моето потекло, роден сум во, според мене, фамилија од средната класа.
Татко ми беше ... сега е пензиониран работник во пошта,
а мајка ми е пензиониран вработен во Услуги за заштита на деца
Всушност, мислам дека многуте од моитте социјални склоности кон општеството произлегоа од
искуствата што ги имав преку слушањето на приказните на мајка ми.
Почнав да се интересирам за музика на возраст од околу 8 или 9 год.
Мислам дека се заљубив во ударните инструменти и тапани и ритам.
Имав среќа да бидам прифатен од школо во Северна Каролина,
од уметничко училиште во универзитетот,
што ми дозволи да се групирам во едно различно воспитување
отколку што повеќето луѓе го имаат
во рурален град во место на југот како што е Северна Каролина.
И бев изложен на различни култури, многу различни интереси,
на многу нешта кои не можете да ги пронајдете во типично средно училиште, во југот.
Бев здружен во голема разновидност на луѓе
особено со уметници и креативни луѓе,
кои мислам дека ми оставија белег, благо кажано,
и ги продолжувам тие трендови и денес.
Музиката и ударните инструменти се здружени во мојот идентитет.
Луѓето ми кажуваат: „Па, знаеш, ти работиш со оваа социјална организација,
но, ти си сепак само музичар“. Знаеш, „само музичар“.
Овде ја имаме настроеноста кон квалификации која што толку често ја среќаваме
со секој што зборува за работите за кои ние зборуваме во Движењето
или за кои се разговара во филмовите.
И, ќе зборуваме за тоа малку подоцна.
Но, она што сакам да го кажам е, сега гледам на музиката како форма на медитација.
За мене тоа е нешто како издушување, ја одржува мојата рамнотежа.
Затоа, продолжувам да вежбам на еден многу личен начин,
не е заради тоа што излегувам и изведувам повеќе,
туку затоа што веќе немам време за тоа.
После мојата втора година во колеџот, го напуштив
сфаќајќи дека долгот во кој запаѓам абсолутно не вреди.
Дури тогаш знаев дека нешто не е во ред со одење во училиште,
добивајќи смешен долг, од $80 до $100,000
а потоа да бидам фрлен во работната сила,
автоматски во положба на спогодбено служење, на некој начин.
Да мораш автоматски да му се предадеш на системот затоа што веќе си во премногу долгови.
Мојот оригинален интерес беше да бидам соло класичен марибист,
смешен концепт, кога размислувам сега за тоа,
но сите ние имаме напади на наивност како што растеме.
Кога музиката постана тешка за достигнување во смисла на избор на кариера,
почнав да се занимавам со видео и редакција, и добив работа во Њујорк,
многу работи во Њујорк, вршејќи различни хонорарни видео редакции,
снимајќи, се’ што е поврзано со работа со видео, филмска работа.
Треба да го работиш она што се исплаќа во ова општество,
и навистина не можев да пронајдам начин да заработувам со музика, па така завршив со рекламирање.
Отсекогаш имав проблем со тоа други луѓе да ми кажуваат што да правам во работната сила,
и очигледно не ми се допагаше рекламирањето.
Не ми се допаѓаше глупавата манипулација на човеките перцепции со цел корпорациите да ги продаваат нивните гомна.
Затоа почнав да барам работа во финансиската арена.
Почнав да работам дневно тргување, тргување преку шаблон.
Бев средно успешен.Никогаш немав голема капитална основа, која навистина треба да се има.
Извадив нешто ситно од пазарот,
и продолжив да го работам тоа, плус-минус многу, многу години.
Но веќе не го правам тоа затоа што го презирам пазарниот систем.
Начинот на кој се оправдувам е дека тоа беше единствената работа која ми доаѓаше на памет,
работа која немаше шеф или клиент, па за мене претставуваше слобода.
Согласно, тргувањето во пазарот со акции нема никаква општествена важност,
не придонесува ништо кон општеството.
Можете утре да го разнесете цел Вол Стрит и тоа нема да направи никаква разлика
во полед на природниот редослед на работите во оваа планета.
Така, во таа фаза на мојот живот, сакав само да излезам.
Сакав да не мора повеќе да се справувам со тоа да бидам роб на корпоративниот систем.
И така, тогаш најпрво почнав со истражување на економијата,
и ние можеме... Сигурен сум дека имате други прашања поврзани со ова, затоа ќе прекинам тука.
Духот на времето (Zeitgeist) почна како јавна изведба,
обид за естраден концепт.
Она што го направив е поставив два екрана,
и имав голем сет од ударни инструменти во средината каде што изведував,
заедно со видеата кои беа на двата екрана.
Дел од опремата која ја гледате овде беше искористена.
Всушност, ја продадов повеќето од мојата опрема.
Сепак, мислам дека има неколку слики кои може да ви ги дадам.
Имаше само неколку кои беа сликани, верувале или не, за време на оригиналниот настан.
Посакувам да го документирав оригиналниот настан,
затоа што луѓето постојано ме прашуваат за тоа.
Во секој случај, се’ започна како креативна работа,
варијација не еден ран естраден концепт.
Филм и жива музика. Жива изведба.
И откако ќе заврши, знаеш дека таму има...
тоа беше слободен настан. Мислам дека го работев шест вечери.
И луѓето доаѓаа, го рекламирав како луд.
Потрошив илјадници и илјадници долари.
Го направив тоа најмногу поради фактот што бев заробен во корпоративната реалност,
и сакав да направам нешто за мене со цел да се чувствувам подобро
во еден свет кој, буквално оди по гаволите.
Свет кој е доминиран од финансии, свет кој е болен и изобличен,
преку религиозни процеси, финансиски олигархии.
Тоа беше само изразување, всушност доста гневно, но достоинствено изразување.
Воопшто не очекував да постане тоа што е сега.
Откако заврши, се пронајдов себе во малку повеќе долгови.
И ја зедов работата за која, всушност, немав никакво одобрување,
Не решив ни еден од аспектите во неа.
Но, затоа што интернетот е таков каков што е, го поставив онлајн за да видам што ќе се случи.
Можеби на некои луѓе ќе им се допадне, ќе го слегнат, би добил некаква повратна информација.
Било како.
Она што се случи, целосно ме изненади.
Го поставив на една интернет страница, и од таму се случи верижна реакција, и јас...
Од таа точка се’ е веќе историја, не можам ни да се обидам да ви кажам како цела работа продолжи да се развива.
Се’ што знам е дека,
Се зачудив од фактот што проектот добива толку голема популарност,
и се разговара толку многу, што направив интернет страница за тоа:
www.zeitgeistmovie.com
И стоеше таму бесплатно. Тогаш сфатив дека луѓето го сакаат на ДВД.
Добро, можеби треба да се обидам да го направам тоа.
Така, бев соочен со многу тешка положба преку добивање на одобрување од сите вклучени учесници,
кое што вусшност беше доста тешко, затоа што
сите гледаа пари во тоа,
затоа што е интернет филм кој добива милиони гледачи.
И морав да платам многу пари на повеќе луѓе за да можам да го пуштам.
Но имаше исто така многу луѓе кои едноставно беа среќни што овие информации се шират,
и нема никаков проблем со тоа што јас работам
она што јас го нарекувам „не-комерцијална дистрибуција“.
$5 за ДВД, за да биде објавен, во одреден капацитет.
Оттаму, добив е-маил од огранизација која се вика „Артивист Филмски Фестивал“ (Artivist Film Festival).
И, на моја изненаденост, тие сакаа да го прикажат филмот на нивниот фестивал,
кој имаше пакувана публика, продадена публика.
Во оваа фаза, сето ова беше збунувачки за мене.
Оваа беше истата огранизација која го прикажа, наредната година, Духот на времето: Дополнување.
„Во свет каде медиумите најчесто се користат да не’ држат во долно ниво
повеќе од било што, според мое мислење“
(Аплауз)
Многу често велам, уметноста без свест е безначајна,
и мислам дека акција без свест е залудна.
Мислам дека е супер да се има фестивал кој ги претставува таквите видови идеи.
Што се однесува за филмот,
претпоставувам дека се’ што можат да кажам е дека поентата на филмот
е луѓето да почнат да гледаат на самите фундаментални корени кои ги предизвикуваат
сите овие проблеми кои ги гледаме во општеството.
Ова е генералзирано резиме на она што се случи.
Движење: Духот на времето (The Zeitgeist Movement)
Движењето: Духот на времето беше многу тешка одлука за мене.
Можев само да го направам Духот на времето: Дополнување како што прават сите останати совесни продуценти на филмови
во смисол што едноставно ќе кажам: „Хеј, еве многу работи,
еве многу од проблемите. Хеј, еве неколку можни решенија.
Земете го она што сакате, употребувајте го и видете што ќе се случи.“
Навистина долго размислував за тоа да поставам на крајот;
„Приклучете се на Движењето www.thezeitgeistmovement.com“
И 6) Приклучете се на Движењето
Одете на www.thezeitgeistmovement.com и помогнете ни да го создадеме
најголемото масивно движење за општествена промена што светот било кога го има видено.
Знаев уште во моментот кога постана повеќе од обичен филмски феномен,
дека мојот живот драстично ќе се промени, што и навистина се случи.
Духот на времето: Дополнување произлезе од луѓето кои ми пишаа е-маил во кој велеа:
„Па, што да направиме во врска со сите овие културолошки проблеми?
Што да правиме со корумпираниот банкарски систем?
Што да правиме со луѓето кои се заробени во социјалните програми на уредувањето?“
Сметам дека возовите од мисли и умови се програма.
Сметам дека самото општество е програма која работи.
И програмирањето ги заробува луѓето во специфична рамка на референтност.
Како да се справиме со овие проблеми?
Како да го правиме, што го правиме?
И Духот на времето: Дополнување е обид за одговарање на тоа прашање.
Откако излезе Духот на времето 1, си го пронајде патот до рацете на Жак и Роксана.
И откако ја прочитав книгата на Жак, која ми беше пратена од него,
сфатив дека тоа е навистина многу важна информација.
Сфатив дека, дури и јас бев уназаден во поглед на многу проблеми кои треба да бидат исправени.
И со цел да се постави општеството на прав пат,
треба да размислуваме за фундаменталните проблеми.
Ова е нешто кое се обидував да го направам, имав идеја за тоа,
но се’ додека не го запознав Жак Фреско, леќите не беа фокусирани.
Сите тие работи за кои имав блага претстава,
искуството на Жак, животното искуство, она за што зборувавме толку долго,
едноставно ме фокусираа во вистинскиот правец.
Затоа направив цел оддел со него во Духот на времето: Дополнување,
и на тој начин се’ си дојде на место.
НАПАДИ
Секој кој избира да ја предизвика православноста на уредувањето,
традиционалните погледи на светот, да не го спомнам системот во кој живееме,
се поставува самиот во положба на жестоки напади.
Јас сум доста свесен за тоа.
Ако погледнете назад низ историјата, секој кој избирал да го предизвика уредувањето,
тоа е многу мрачна историја.
Постои голем број на луѓе кои знаат дека нешто не е во ред.
Но, тие не го разбираат изворот на таа погрешност,
затоа што се наоѓаат во кутијата на поучувањето.
Сократ. Сократ никогаш не шпекулирал за ропството кое постоело во негово време.
Тоа било нормално за него.
Ова важи за секој вид на политички филозоф кој било кога постоел,
без разлика дали е Карл Маркс или Платон.
Тие се сите заробени во установениот модел,
и нивните мисловни процеси можат да одат само толку.
И најверојатно, ова ме вклучува и мене.
Луѓето се заробени во кутија.
Тие ја гледаат кутијата околу нив,
тие ги гледаат протекувањата и дупките и пукнатините и одат кон нив
и се обидуваат да ги поправат; да ги пополнат тие дупки.
Но тие не застануваат да размислат дека можеби има нешто погрешно во самата кутија.
Можеби интегритетот на кутијата во која тие постојат е по природа невалиден, по природа е неправилен.
Економскиот систем во кој живееме е паразитски модел,
кој единствено води кон само-уништување.
Но луѓето не го гледаат тоа.
Затоа, ако го нападнете економскиот систем поради тоа што тој навистина е, кожата на сите им се ежи.
Сите велат: „Па, чекај малку. Ова е светот во кој сите живееме.
Ние живееме во свет темелен на профит, темелен на труд-за-приход, циклична потрошувачка.
На тоа сме сите навикнати.
Ние разбираме дека постои поделба на класите.“
Знаете, тие се повикуваат на човечката природа,
тие се повикуваат на се’ што може да направи сето тоа да изгледа како да е дел природниот редослед на реалноста
кога, всушност, тоа не е така.
Ако ги резимирам нападите кои најчесто се упатени кон мене и кон луѓето со кои работам,
најчестиот би бил квалификуваност.
Квалификуваноста е појаснување за свештенството на оние кои знаат.
Сега, имајте предвид, ова е степен на важност.
Очигледно, ако се однесува до мене, нема да одам на доктор
кој апсолутно нема никакви квалификации за операцијата која би ми била потребна.
Тие треба да имаат инструкции и искуство за да ја извршат операцијата.
Но кога станува збор за другата страна на спектарот.
Кога станува збор за едноставна анализа на информации.
Кога станува збор за анализата на историјата.
Кога станува збор за економијата, затоа што таа е планиран систем,
и нема никаква основа на било што во општите операции.
Не се темели на законите на физиката;
не се темели на било кој аспект од научните закони кои имаат било каква врска со работењето на планеата.
Тогаш, одеднаш, постанува доста очигледно да се шпекулира што навистина значат овие работи за општеството.
Добивањето на било каква диплома во одреден медиум претставува нож со две сечила,
затоа што, размислете што всушност правите.
Поминувате низ програма која е целосно установена за вас
од институциите кои постоеле и порано.
Кога станува збор за социјални работи,
кои имаат голем однос во субјективна променливост,
ја губите вашата објективност.
Затоа што сте буквално поучувани од верувањата кои се присутни.
За да добиете диплома по Економија, што всушност е нај-неекономското нешто што може да го направите,
е да биде целосно поучувани од идеата
дека она што го учите е всушност наука која има некаков степен на важност за било што.
Затоа, кога добивам е-маил од дипломирани економисти
кои се обидуваат да ги негираат апсектите за кои ние зборуваме,
ми станува многу јасно, дека причината поради која приговараат е вусшност од емитивна природа.
Тоа не е објективен аспект.
Тие кулминираат идентитет за самите себе поради нивниот сопствен систем на верувања.
И јас да им го одземам тоа од нив,
да ги разоткријам нивните идеи за економијата, е да им го одземам нивниот идентитет.
Лесно е да се посочи дека, некои од најголемите умови кои придонеле
неколку од најмоќните откритија во нашиот свет,
доаѓаат од институции кои не се раководени од уредувањето.
работеле самостојно, спроведувале нивни сопствени истражувања,
тие самите ги насочувале нивните информации.
Едноставно, тие не седеле во училницата и ја земале здраво за готово секоја информација,
не ги работеле процесите чекор по чекор како што е насочено од уредувањето,
и потоа само ја земаат својата диплома и;
“Хеј, сега сум експерт во тоа поле.“
Најголемите умови, најголемите придонеси,
доаѓаат од оние, од оние кои се надвор од кутијата.
Нема потреба да наведувам примери за тоа што веќе е познато.
Па, назад на мојата поента,
кога станува збор за социјална теорија, ако сакате - квалификуваност, давам нула вредност кон тоа.
Академството е наштетување на надоградувањето на општествениот прогрес.
Друга форма на напад доаѓа од културните нијанси,
доаѓа од општественото програмирање.
Она што ние го нарекуваме „само назначени бранители на статус кво“.
Луѓе кои страдаат од системот исто како што страда секој,
но нивната општествена идентификација е толку моќна, тие се толку многу заробени во кутијата,
што тие сметаат дека е бесно да мислат дека она за што живеат е вусшност погрешно, парадоксално.
Постојано се справувам со ова од луѓето.
Само назначените бранители на статус кво
се вродени во самата религија, се вродени во самата економија,
се вродени во илузијата за демократија која ја гледаме денес низ целиот свет.
Вродени во различните “-изми“ кои се тотално бесцелни:
Капитализам, Комуницам, Фашизам, Социјализам.
Го имаме свештенството на монетарниот систем, капиталистите,
може да ја придадете таа реторичност, јас воопшто не го користам тој збор, нема значење.
Зборот кој јас го користам е Монетаризам.
Изговорот за здобивање пари се темели на разновидна привилегија,
која се темели на нечесност. Точка.
Потоа го имаме свештенството на религиозни концепти, религиозна идентификација,
и идеата дека некако ние веќе знаеме се’, и тука е Господ,
и тој гледа цело време на нас, контролира се’.
Нема ни да почнат со парадоксите кои ги вклучува оваа ектремно краткогледа идеја.
Со други зборови, најголемата препрека за еволуцијата на човечката мисла,
е разбивањето на сопственото поучување.
Многу, многу е тешко да се надминат емотивните елементи кои се толку длабоко всадени,
така што се добива итна реакција, итно страдање и болка кога било што влијае на тоа.
Тоа е многу, многу сложен проблем.
Ќе речам пак: Мора да научиме како да се ослободуваме...
извинете, ние мора да научиме како да го познаеме и ослободиме нашето поучување,
ако очекуваме да се движиме напред, како цивилизација.
Моето име е озогласено затоа што сакав да ги заштитам моите пријатели и фамилија од здружението.
Луѓето ми велат: „Па, треба да излезеш со се’. Ако зборуваш за било што од ова,
тогаш мора да си подготвен да се справуваш со се’ што произлегува од тоа што си го зборувал.“
Добив е-маил што ми го наведе токму тоа,
ме критикуваше поради тоа што не го објавив моето презиме.
И, си размислив во себе, знаеш што? Она што всушност го велат, било кој што го кажува тоа,
вусшност кажува дека Мартин Лутер Кинг заслужуваше да умре,
или дека Ганди заслужуваше да умре.
затоа што не сакаа да бидат познати.
Имам добиено многу закани по животот од религиозната заедница.
Ние живееме во многу заебана, болна култура.
Навистина е така. Општеството е ментално болно.
Да се биде нормален во оваа култура е да се биде побркан.
Па, моето име „Питер Џосеф“. Знаете...
Во која точка мојот идентитет постанува апсолутно проѕирен?
Треба ли да им го дадам на луѓето мојот број на здравствената легитимација?
Треба ли да им го дадам мојот формулар за данок?
И само за напоменување,
има многу луѓе низ историјата кои поминале со нивното име или средно име,
исклучувајќи го нивното презиме од нивната општа комуникација и сталежите во општеството.
Исто како што луѓето често го користат нивното средно име и презиме.
Оние кои имаат нешто против мене заради работите за кои зборувам,
сакаат да најдат нешто во врска со мене за да направат да изгледа како да сакам да скријам нешто,
или дека имам задни мисли. И јас го очекувам тоа.
Но, знаете, сеедно, тоа не ми значи ништо.
Јас се претставувам како Питер Џосеф. Луѓето може да ме викаат како сакаат.
Јас постојано сум во движење. Немам што да кријам.
И дури ако некој го пронајде мојот висински идентитет, каде живеам,
кои се моите родители, кои се моите пријатели,
нема да промени ама баш ништо.
Жалната вистина е што, ми имаат дадено контраверзна титула,
и луѓето навистина имаат многу проблеми со мене, поради традиционалното воспитување,
и не би сакал да гледам како други луѓе страдаат поради она што јас го правам.
Но повеќето од моите пријатели и фамилија се многу свесни и го прифаќаат тоа.
Тоа е нешто со кое јас се справувам.
Било кој што мисли дека го правам ова поради озогласени причини или поради парични причини,
или поради било што поврзано со сопствен интерес,
имаат уште многу да учат.
Најпрво од се’, јас раководам со страницата за Движењето и со самото Движењето на сопствена загуба.
Им плаќам на луѓето да работат и да програмираат работи.
Имам многу волонтери на кои им должам многу.
Но за работите да се одвиваат побргу, многу често, мора да добијам луѓе кои работат во индустриите со цел да се направи нешто.
Продавам маици со таа цел.
Тоа е единственото нешто што го продавам и што е означено за движењето.
Што се однесува на продажбата на ДВД,
ако луѓето не го почитуваат фактот што плаќаат 5 $ за ДВД кое може да биде платено со 20 $,
дека потрошив доста многу пари за да ги направам тие филмови.
Продажбата на ДВД очигледно е дел од мојот приход.
Укажувам дека тие не се за профит,
што значи дека парите одат во други проекти, што и навистина е така.
Морав да го затворам продавањето на големо, поради тоа што луѓето купуваа дискови од мене на големо
со цена од околу 2$ на парче и потоа ги препродаваа истите по цена од 20$ преку интернет.
Тоа е многу фрустрирачки.
Поради сето ова јас се повредив финансиски.
Двојниот стандард навистина ме фасцинира.
Ги имаме сите овие општествени организации кои земаат милиони долари од донации.
Тие продаваат тони гомна.
И одеднаш ние сме напаѓани дека продаваме нешто,
поради нашиот интерес да го отстаниме монетарниот модел во целост.
Жал ми е, но мора да опстанеме за да правиме нешто.
Па, да ни биде јасно:
Дивежењето: Духот на времето е посветено на правење на информациите бесплатни.
Ги поставувам сите мои филмови бесплатно. Исто така, дозволувам нивно слегнување, бесплантно.
Кој сака може да ми помогне со купување на ДВД за 5$.
Можам лесно да наплаќам 20$ преку рекламирање, тоа помага.
Но не претерувам.
Ќе продолжам да работам во рекалмирањето, или било што друго што морам
со цел да ги движам работите а во исто време да го одржувам интегритетот на самото Движење,
преку непрофитабилност.
Единствено може да побараме за донации преку Движењето,
е кога имаме голем проект кој има потреба да се стави во движење.
Сега за сега, немаме такви проекти.
Ние сме во период на, во период на собирање луѓе
и функционалност на споделување.
ЕКОМОНИЈА
Ако читате економија,
таа е презентирана како да е наука.
Имам прочитано пола од наставниот план
што студентите на харвард кои би добиле диплома
ќе прочитаат во нивното учење.
Еконимијата не е наука.
Таа е изум. Таа е пронајдок.
Смешно, ако ја гледате книга за економија
и внатре има графикони и табели кои имаат сложени несекојдневни равенки.
Сето тоа е измислено.
Тоа нема никаква врска со природниот редослед на работите.
Таа е базирана и фолклорирана на ориентирање на производството и дистрибуцијата,
и ние ја имаме установено оваа масивна структура која што изгледа исправна.
Нема ништо посебно што било кој треба да го знае за економијата, освен фактот што
целиот глобален економски систем е базиран на луѓе кои постојано конзумираат,
без разлика на состојбата на работите во природните редоследи на енергија,
планетарните материјали или било што друго.
Тоа е слепа, проста потрошувачка без апсолутно било каков поглед кон животната околина.
НАУКА
Треба да го признаеме фактот дека сите ние сме научници.
И сите ние треба да почнеме да размислуваме за работите со научен метод,
што и повеќето од нас го прават до одреден степен.
Дури и оние иднивидуи кои се најрелигиозни,
постојано ја користат науката кога проценуваат при купувањето на автомобил,
кога го проценуваат нивниот општ живот.
Тие ги употребуваат овие работи постојано. Ние сите го правиме тоа. Ние сите сме научници.
Ова е откритието, откровјението кое треба да се разшири.
Науката не е ладно, бесчувствително нешто.
Тоа што таа ни го има дадено го сочинува нашиот секојдневен живот.
Сега, може филозофски да дискутираме за тоа,
што се однесува до мене,
било кога форма на филозофија, било која форма на идеи на моралност,
се апсолутно бесмислени освен ако не се проникнати од природниот свет со користење
на она што јас го сметам, анализа позната како научен метод.
Здодеано ми е од филозофски расправи и вербални хобија,
кои воопшто не прават ништо.
Религијата е вербално хоби.
РЕЛИГИЈА
Една од најстарите проневери на Уредувањето
е да им се предава религија на масите,
така што тие имаат чувство дека има нешто позитивно кое ги чека
заради тоа што патат од ова вечна, константна, олигархна еволуција
која се има појавено уште од, според мене, општеството на ловците.
Кога земјоделието кулминира, ние изменивме се’.
Измисливме социјално раслојување; почнавме да ја контролираме животната средина.
Пред Неолитската револуција, документирано е од антрополозите
дека постоела природна рамнотежа во планетата.
Популацијата била во рамнотежа затоа што ние сме можеле да го правиме само она што Земјата ни дозволувала по природен пат.
Откако сме почнале да ја контролираме планетата преку земјоделство, и сега преку многу различни начини,
ние почнавме да создаваме нерамнотежа; ние почнавме да создаваме не еднакви набавувања.
Почнавме да создаваме недостиг, намерно,
за цели на само-зачувување и профит.
Така, како што општеството постанува се повеќе неурамнотежено
така и концептот на здобиената сопственост.
Како што големите пирати почнаа да патуваат низ океаните,
носејќи разни стоки во различни контитенти, на различни кралства, создавањето на стурктури за моќ на ресурси,
одредени алатки беа употребувани со цел да се контролира човештвото да ги потчинуваат оние
кои „не залужуваа право на живот“ или „не ги залужуваа овошките“...
За да се продолжува раслојувањето, им беа дадени различни алакти за покорување.
Религијата е една од најстарите алатки за покорување на масите.
Сега, патем речено, не велам дека тоа е потеклото на религијата.
Тоа е на цело различна тема ако сакате да зборувате за тоа,
и е покриена во првиот дел од мојот филм.
Јас едноставно зборувам за политичката употреба на религијата која се извршува и до ден денес.
Колку пати го слушате претседателот на САД како вели:
„Господ да ја благослови Америка“?
Колку непријатно, навредливо нешто да им се каже на американците.
Најпрво од се’, навредливо е кон секоја друга држава во светот.
Зошто Господ да ја благослови Америка?
Господ би ја благословил цела планета ако живееме во здраво општество.
Ако, се разбира, постои Господ.
Сепак, не би започнал со таа тема.
Религијата, според мене, има две страни.
Од едната страна ја имате догмата, поучувањето.
Ги имаме воскресувањата, сите фантазиски идеи, кои се дојдени, извинете,
кои постојат во книжевните дела.
Од другата страна ја имате брилијантната философска природа.
Јас лично ги сакам повеќето од работите кои Исус ги има изјавено.
Гледам прекрасни идеи речиси во било која фигура на главните религии.
Постојат вредности тестирани од времето во религиозната мисла,
до кои треба да се придржуваме.
Повеќето паметни и убави луѓе кои ги имам запознаено се, всушност, христијани,
или припадници на Исламот, Хинду или евреи.
Тие знаат каде да ја повлечат линијата,
каде да престанат со фанатизмот.
Затоа што тоа е местото каде стои опасноста од религијата.
Кога верувате во нешто доста догматско и ќе кажете,
„Исус потоел. Тоа е тоа. Секој друг кој вели поинаку е мој непријател.“
Тогаш во вас постои доста сериозна невроза.
Дали Исус постоел или не, тоа не значи ништо.
Мислам дека Жак Фреско рече најдобро во Лари Кинг.
Кога Лари Кинг го праша „Што мислите за Христијанството“, тој рече,
„Мислам дека е супер. Кога ќе го постават тоа во пракса?“
Така, мојата религиозна склоност е што посакувам оние кои имаат религиозна наклонетост,
навистина би погледале длабоко во нивните верувања и се запрашат
што е она поврзано со нивната религија што можат да го искористат?
Што ќе речете за сите идеи на возвраќање кои можат да се пронајдат во сите религии,
а вистински може да ги видете остварени во однесувањето на другите луѓе?
„Златното правило“ и сите други работи кои постојат во сите религии,
мислам дека имаме листа во нашиот ПДФ за Ориентационен водич на движењето: Духот на времето.
Ако ги разгледате тие идеи, никој не ги поставува во праксата.
На крај, мојата склоност кон религијата е многу, многу едноставна:
тоа не е ништо туку еден куп приказни. Тие се сите алегории кои имаат значење.
Тие се искривуваат преку интерпретациите затоа што тоа е во природата на семантиката.
Но јас не сакам да ја исклучам религијата.
Не сметам дека религијата треба да биде забранета со закон или нешто слично.
Сметам дека треба да биде разбрана поради тоа што претставува.
Проблемот со човештвото е што сме разделени на парчиња.
Постојат премногу иделогоии кои немаат никаква основа врз било што реално.
Јас го сакам следното, и ќе бидам многу, многу јасен:
сите општоприфатени религии, или барем западните религии...
можеби има некои елементи на Хинуизам и Будизам кои се исклучок...
но да речеме дека Еврејско-Христијанско Исламски систем на верувања, според мене, не е ништо поразличен
од -измите на државните корпорации кои ги гледаме во нашата политичка сфера,
односно комунизмот, социјализмот, фашизмот, капитализмот.
Овие се идеите кои се создадени и кои немаат никаква важност за природата, во било кој поглед.
Со други зборови, тие немаат апсолутно никаква важност во поглед на способноста на Земјата,
на нашата способност да се поддржуваме меѓусебно;
на нашата способност да произведуваме, на методи на производство,
на методите на дистрибуција;
на начинот на кој го насочуваме општеството за да преживееме и да сме здрави
и да просперираме, и за подобрувањето на...
она што јас сметам дека е организмот на човечкиот род, како единствен организам.
Никој од тие сфаќања нема никаква врска со било што,
и тоа, според мене е проблемот.
На пример, католичката црква, како и другите религии
кои се хранат од идеологиите на стариот тестамент,
тие ја подржуваат оваа илузија дека ние може да се размножуваме константно,
и секој ќе биде добро.
Господ ќе се погрижи за сите.
Како досега, со иднината на енергијата, установената енергија,
иднината на начинот на кој ние се насочуваме во оваа планета преку исцрпување,
јас нема да имам деца.
Додека се обидувам да бида оптимист колку што е тоа можно
преку Движењето: Духот на времето и тоа што ние може да го правиме,
што е феноменално, она што може да го направиме.
Сега за сега ние имаме доста моќни бариери.
Јас нема да имам деца. Зошто?
Зошто го велам тоа?
Најпрво, не би се чувствувал добро.
Би се чувствувал крајно невнимателен и неодговорен, во ова време,
да придонесам за уште едно човечко суштество.
Кога повеќето луѓе имаат деца, тоа е традиционално само помагање, установена идеа каде
„Ние ќе имаме деца и фамилија. По ѓаволите со капацитетот на Земјата,
по ѓаволите со фактот што би можеле да бидеме осиромасени.“
Мислам, го гледате ова во камп приколките.
Јас порано живеев во камп приколка. Го имам видено ова безброј пати.
Луѓето немаат никаква врска со ништо. Тие немаат едукација,
во поглед на тоа што го сочинува општеството, кои се процесите кои им овозможуваат да јадат.
Така, тие продолжуваат да имаат деца, и деца, и деца,
или пак прават многу, многу работи кои немаат никаква врска со ништо.
Ајде да се фокусраме од аспект на децата.
За мене, да имам дете, е исто како да кажам:
„Верувам дека светот ќе биде во добра состојба за времетрањето на живото на моето дете.“
И тогаш доаѓа прашањето: „А што ако моето дете има внук?
Дали светот ќе го има интегритетот за да ја одржи стабилноста и на тоа дете?“
Тоа е прашањето.
Тоа е она што сите родители треба да се прашуваат.
Тие не треба да имаат деца за да ги задоволат своите сопствени потреби
за да имаат „фамилија“ и да бидат традиционални и да одат на црква
и да имаат две деца.
Мора да се поврза со нешто реално.
Човештвото треба да почне да размислува за неговата врска со Земјата.
Се’ додека не е така, ние сме ебано осудени на пропаст.
Ние создадовме економска структура,
религиозно-филозофска структура,
која е апсолутно одделена од било што реално и конкретно,
и тие идеологии ќе го уништат човечкиот род и планетата.
РАЗОТКРИВАЧИ
Настана мала индустрија
за луѓе кои продаваат книги и ДВД кои го откриваат Духот на времето.
Постојат луѓе кои имаат целосни интернет страни кои употребуваат рекламирање, спонзорство за да прават пари,
и, искрено, сметам дека цело тоа е доста забавно.
Духот на времето 1 се базира на претходно добиени информации.
Нема ниту едно нешто во тој филм што не произлегува од реален извор.
Најголемиот аспект на разоткривање е првиот дел, одделот за религијата.
Компаративна религија.
Тоа не е никаква мистерија. Се зборува за тоа веќе цели децении и векови:
религиите си позајмуваат една од друга.
Религиите мора да позајмуваат една од друга.
Зошто? Затоа што сите информации се сериски.
Цело знаење е сериско.
Нелогично е да се размислува дека било која информација од било која религија е од реално потекло.
И во тоа е самата убавина, ако се обидете да го откриете изворот на најустановените религии,
тие сите произлегуваат од природата.
Сите произлегуваат од примитивни идеи за природните откритија,
очигледно од сонцето.
Не е ништо метафизичко. Не е ништо мистично. Тоа е целосно очигледно.
Дали е било каква мистерија тоа што Сонцето е идеализирано како извор на животот?
Што и навистина е.
Дали е сето тоа мистерија? Очигледно не.
СЕГАШНОСТ
Досега,
ни снемува нафта.
Во скоро време ќе почне да снемува и природен гас.
Всушност, многу е едноставно, сите фосилни горива,
што го раководат било кое општество;
нашето целосно општество е создадено базирано на фосилни горива,
од пластиките, од се’.
Не сакам ни да почнам да дискутирам за тоа.
Секој кој се прашува истото, нека размисли на кратко што напојува нафтата, што напојуваат фосилните горива.
Од светлата кои ги користиме,
од јагленот или централите на природен гас, до она што ги движи нашите автомобили,
и она што е основниот материјал на индустријализирана цивилизација, се фосилните горива.
И ние најверојатно ги користиме на степен кој го надминува нивното повторно создавање,
за што се потребни стотици милиони години.
Никој не размислува за тоа.
Никој не размислува за тоа поради тоа што економскиот модел не го дозволува тоа.
Основната вредност на Западното Општество денес...
Мислам, во Америка, централната мотивирачка вредност сега е ништо друго освен слепа потрошувачка.
„Саботите се за шопинг“, слушнав како некој вели.
Знаете, постои причина зошто го употребив Тајмс Сквер како позадина во Духот на времето: Дополнување,
ако се сеќавате, има толку многу бучава на екраните, затоа што
Тајмс Сквер е пример на абсолутно трошење.
Најодвратните агли на човештвото.
Материјалистичка бучава.
Човештвото не може да опстане во модел кој бара вечно растење,
а всушност врз тоа се темели нашето општество.
Ако не сте запознаени со тоа, размислете.
Се’ што правиме е купуваме и трошиме и трошиме и трошиме.
Тоа е она што ја прави економијата.
Ако луѓето престанат да купуваат, БДП на сите земји ќе опадне.
Всушност, колку повеќе купуваме, ги трошиме и ги губиме нашите ресурси,
толку побргу се истребуваме самите.
Што да се направи?
Што правите? Како да се прекине ова?
Ова е причината поради која постои Движењето: Духот низ времето.
Ние мораме, како прво, да здобиеме филозофска наклонетост која вели:
„Занете што? Сите ние сме на истата страница.“
„Ние сите мора да опстанеме на оваа планета.“
„Ние се соочуваме со неколку огромни проблеми,
и единствениот начин на кој можат да се решат е да почнеме да работиме заедно.“
Сите треба да ги отфрлат нивните религиозни идеи,
и да ги отфрлат нивните капиталистички, социјалистики, фашистички, комунистички предиспозиции.
Треба да се отфрли се’ што не’ имаат учено
и да се запрашаме едно просто прашање:
„Што ни е потребно за да го продолжиме нашето постоење на оваа планета
без хорори и војни и без продолжување на патеките на сите работи кои се случуваат?“
ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА РЕСУРСИ
Занете, Двиежењето: Времето на духот е обележано со сите наши материјали, како, цитирам:
„Активистичка рака на проектот Венус“, нагласувајќи го она што ние го нарекуваме „економија базирана на ресурси“.
Таквата економија е многу, многу едноставна.
Тоа едноставно е систем кој е конструиран на, цитирам: „пристап на системски теории“.
За да се објасни пристапот на системски теории, се’ што треба да се направи е да се погледне во самата планета.
Планетата е холистичен систем.
Така, првиот степен е многу едноставен:
ја препорзнаваме како систем и ја третираме како таков.
Треба да започнеме со мерење и набљудување на Земјините ресурси.
Ние не смееме да биде толку глупи да им ја препуштиме способноста на корпорациите да ги контролираат,
поради нивно сопствено подобрување,
ресурсите кои сите ние ги имаме наследено, наследно... ги заслужуваме...
Секој ресурс на оваа планета треба да биде општо наследство на сите човечки суштества.
Не постои друг начин на создавање стабилно општество.
Така, ние сме родени на оваа планета, следствено ја наследуваме планетата. Таа е нашиот дом.
А не некое парче земја кое ја има илузијата на сопственост.
Не некоја куќа која мислите дека ја поседувате. Не постои такво нешто како сопствеништво.
Идејата на сопствеништво е котролирано ограничување.
Сопствеништвото едноставно постои за тие кои се на врвот
да се осигурат дека никој нема да се вмеша во фактот што тие контролираат речиси се’.
Така, мора да ги набљудуваме ресурсите на планетата.
Ние треба да започнеме да градиме систем на производство и дистрибуција
кој не е базиран на фантазијата за профит.
Тој е базиран на најефикасните начини за самиот систем.
Очигледно постојат премногу ресурси низ целата планета.
Ние треба да почнеме да разбираме она што го имаме.
Треба да ја употребуваме науката и технологијата за да почнеме да ја насочуваме
нашата употреба на тие ресурси на најефикасниот можен начин.
И затоа ние го застапуваме пристапот на системите.
Ако ги мотивираме исправно нашите ресурси со цел да ја промениме целата Земја,
со цел да создадеме економија базирана на ресурси, може да го сториме тоа многу, многу бргу.
Проблемот е сепак, во
установените уредувања и механизмите на само-зачувување кои постојат,
кои се и нашата пропаст.
Слободниот пазар ќе уништи се’ на оваа планета.
Всушност, тоа не е „слободниот пазар“ туку монетарниот систем.
Стекнувањето на парични средства и размена преку работна сила поради приход, и мотивацијата за профит,
е она што ќе го уништи човештвото.
Поради фактот се’ што прави е насочено кон оние кои ја имаат најголемата моќ.
Сега се соочуваме и со еколошки колапс, поточно со енергетски колапс.
Се соочуваме со економски колапс кој е доста поврзан со енергетски колапс.
Соочени сме и со колапс на работната сила, што е доста поврзано со економскиот колапс.
И се соочуваме со она што јас го нарекувам „криминална фузија“.
Распаѓањето на општеството се случува. Луѓето велат,
„Па, ќе се случи повраќање на економијата.“
Најопасното нешто што може да ни’ се случи токму сега, е повраќањето на економијата на САД.
Најопасното нешто што може да ни’ случи, е користењето на повеќе ресурси,
затоа што сето тоа ќе го забрза неизбежното уништување.
Ако повеќе луѓе излезат и купат повеќе автомобили за да и помогнат на економијата,
се’ што ќе се случи е тоа што ќе користиме повеќе гориво,
кое е одземено од ресурсите на планетата.
Употреба на повеќе гориво. Ќе се истроши повеќе енергија на идејата за потрошување.
И сето тоа, повторувам, ќе не убие.
Така, економијата базирана на ресурси
се обидува да ги отстрани сите тие витални пракси кои ги имаме,
и да создаде холистичен систем за користење на ресурсите,
во приоритет на работната сила - тоа е доста големо.
Размислете само колку време се троши во животите на повеќето луѓе кои работат апсолутно ништо.
Размислете колку енергија се троши од некој кој работи на Вол Стрит,
кој вози дури до Пенсилванија секој ден од неговиот дом,
за да може да биде трговец на Вол Стрит,
трошење на енергија на нешто што значи ништо,
што пак троши уште повеќе струја и енергија.
Кога ќе започнете да размислувате така,
кога ќе почнете да согледувате колку енергија и ресурси се трошат
на активности кои немаат никаков возврат,
освен само-интерес и потрошувачки монетарни вредности на одредени индивидуи,
но нема никаков придонес кон самото општество.
Размислете за тоа колку би било убаво општеството
кога би започнале да ги едуцираме луѓето на природните процеси во животната средина-
за науката, технологијата и зачувување на ресурсите.
И кога луѓето ќе можат да го измерат општеството во, извинете, на едно професионално ниво,
тогаш направете го тоа што навистина има вредност.
(леле)
Тоа би било катаклизмично.
Тоа би било неверојатно.
Да се види како луѓето работат нешто што има важност.
Што ќе им овозможи да имаат повеќе слобода.
Да го претставам сето тоа на еден друг начин,
човечкиот опстанок и механизмот на човечкиот само-интерес, кој навистина постои,
но е забрзан од нашиот систем,
е... правење на психолошки трик на тоа што навистина значи во тоа да се добие самопостигнување.
Социјалниот интерес мора да постане сопствен интерес.
Со други зборови, кога јас ќе измислам нешто,
тоа е дадено на секој
за тие да го подобрат и употребуваат.
Изумот да не е окован со патенти и заштитни знаци, туку да е даден на секој.
За возврат, ова значи дека секогаш кога некој друг ќе измисли нешто,
или ќе создаде нешто или има идеа,
тоа нешто ќе дојде и до мене.
Одеднаш, човештвото постанува единствен организам. Постанува успешен систем.
ДУХОВНОСТ
Луѓето многу ме прашуваат за духовноста.
Тие велат, „Па, ако не ти се допаѓа било која од установените религии,
дали си духовен во било кој друг начин?“
Или слично нешто.
Единствениот вид на духовност кој е реално важен,
е разбирањето на природните процеси и природниот редослед на универзумот,
да му се даде секојдневност.
Начинот на кој природните закони работат, гравитација, начинот на кој светот навистина работи:
Господ е во законите на природата и ништо повеќе.
Верувам дека вистинско духовно освестување
ќе се достигне кога луѓето ќе почнат да сфаќаат дека
тие треба почнат да работат заедно,
тие мора да ги споделуваат нивните ресурси.
Тие треба почнат да разбираат дека тие живеат од самата планета,
дека ја добиваат светлината од Сонцето,
дека постојат извори на енергија кои се природни и во изобилие,
кои можат да бидат достапни на сите;
дека споделуваме се’, и работиме заедно,
затоа што тоа е она што системот го бара од нас.
Земјата го бара тоа од нас.
Видовите го бараат тоа од нас за нашето опстанување.
И тоа ќе биде духовно освествуање, ако веќе сакате да го придадете тој термин.
ИДНИНА
Ние живееме во свет на огромна можност,
позитивна можност.
Сепак, сите показатели укажуваат на тоа што јас сметам дека е само-уништување,
со оглед на нашите сегашни, установени економски и идеолошки структури.
Уште еднаш: Капитализам, Социјализам, Комунизам, Фашизам,
Еверјски, исламски, христијански системи на верување...
Тие немаат никаква поврзаност со она што навистина го прави, го создава опстанувањето на видовите.
Реалното тажно нешто е тоа што
човештвото ќе мора да биде измачувано доста многу,
пред нацело да се разбере за што зборуваат Движењето: Духот на времето,
економијата базирана на ресурси и проектот Венус,
Жак Фреско...
Ние сме раководени од био-социјални притисоци.
Што значи дека постојат проблеми ако едноставно би се разбудиле и сакаме да ги промениме нештата.
Јас не сакам да гледам како човештвото страда.
Не сакам да гледам како популацијата почнува да се намалува поради недостигот на енергија и храна.
Не сакам да се случат овие работи.
Но сепак знам, нажалост, дека многу од тие работи ќе се случат.
Се’ додека луѓето не се разбудат и не го препознаат тој нов модел кој е на видик,
дека мора да одиме кон тој модел колку што е можно побргу.
Се’ што треба да направиме е да ја видеме моменталната економска имплозија.
Владата на САД е во долг од 12 трилиони долари.
По некое време тоа постанува комично.
Што ќе се случи кога владата на САД ќе достигне долг од 20 трилиони? 30 трилиони?
Мислам, кога владата на САД ќе не може да ја плати каматата од сите обврзници продадени низ цел свет,
и целиот неисплатен долг кој го има, тогаш ние сме теоретски банкрот.
Што мислите дека ќе се случи кога Кина нема да може да си ги земе парите од САД?
Што мислите дека ќе се случи кога САД,
затоа што ние користиме 25% од светската енергија,
започне да снемува нафта во Ирак и САД ќе почне да покорува земји од Блискиот Исток,
што всушност ќе се случи пред тоа... но ако сето тоа започне?
И Кина, се разбира, која зема нафата од Иран каже,
„Знаете што момци, ќе мора да ве спречам да ја земате нафата од Иран.
Затоа и на нас ни треба, а вие ние должите многу пари. Тоа не иритира.“
Не мислете дека е можна војна меѓу овие две големи суперсили?
Хм... Јас мислам, Трета Светска Војна
е доста можна.
И оваа војна ќе биде вистинска.
И ова нема да биде фина војна како Првата или Втората светска војна,
базирана на геополитчко здобивање и различни придобивки на ресурси.
Ова ќе биде војна за преживување на различни земји.
И се надевам дека нема да се случи.
Навистина се надевам дека, сите работи за кои зборувам се грешни и неисправни, но
се’ што треба да се направи е да се видат трендовите.
На еден или друг начин, ние ќе завршиме во систем кој нема да биде базиран на пари како што е тоа случајот денес.
Зошто? Затоа што тоа ќе биде сфатено во иднината од историчарите,
како вкупна и главна причина за уништувањето на познатата цивилизација.
Тоа ќе биде сфатено во иднината.
Историчарите ќе гледаат назад и ќе зборуваат,
„Леле! Тие правеле материјали,
ги продавале за профит на корпораците,
пак и пак и пак и пак и пак
со абсолутно никаков поглед кон тоа што има самата планета и без раководење според протоколите на рециклирање и се’ друго.
Тие согорувале фосилни горива милиони пати побргу од степенот на нивното обновување?“
Тие ќе ни се смеат,
прашувајќи се какви примитивни неандерталци сме биле.
Ако ние воопшто достигнеме до таа точка во иднината.
Мразам да звучам вообразен и негативен. Мразам да ја нафрлувам оваа реторичност,
но, многу сум иритиран, а се обидувам да не сум.
Едноставно сакам да бидам разбран дека,
целиот систем во кој живееме е проневера.
Тоа е лажен систем, лажно дефиниран преку фактот дека не може да биде продолжуван.
Толку е едноставно.
Ние предложуваме економија базирана на ресурси. Се надевам дека секој кој го гледа овој филм ќе оди на
www.thezeitgeistmovement.com
и ќе разбере што правиме ние.
Се надевам дека секој ќе разбере дека,
или ќе се промениме или ќе изумреме.
Ти благодарам за се’ што правиш, Питер.
Филм од Чарлс Робинсон
Слободно дистрибуирајте ако сакате.
(се разбира, без парична придобивка)
Нема ДВД за продажба.
Слегнете од: www.whoispeterjoseph.com
www.thezeitgeistmovement.com
www.thevenusproject.com
www.zeitgeistmovie.com
РЕВОЛУЦИЈАТА Е СЕГА
бесплатен официјален превод: Guzelino (guzelino@gmail.com)