Tip:
Highlight text to annotate it
X
Прашавме 50 застапници на права како тие ги трансформираат информациите во акција
и што за нив значи инфо-активизмот
Инфо-активизмот значи да се има пристап до технологија
што можеме да ја користиме за создавање и ширење на информации
на демократски и партиципативен начин
Обезбедувањето информации им помага на луѓето да носат информирани одлуки
да ги мобилизираат и мотивираат своите заедници
а исто така значи и јакнење на надежта во
ситуации кога надежта е последното нешто што ни останува
Луѓето кои немаат пристап до софистицирани алатки
за комуникација и промовирање на своите планови
сега имаат извонреден пристап
Ги имаме сите овие одлични алатки, интернет, мобилни телефони,
за брзо ширење на пораките
а забавните пораки се шират дури и побрзо
Процесот мора да биде концентриран на луѓето. Мора да биде партиципаторен
и да претставува стратешко користење на различни комуникациски алатки
Се работи за користење на нови простори кои ги отвара интернет
па и новите медиуми
за се поевтини форми на дигитална технологија
се едно дали се работи за видео или за други платформи, како онлајн публицистика
Исто така, се работи за користење на новите простори за
како би рекле, водење на старомоден активизам
ангажман
креативност
интеракција
мобилизација
поврзување
учество
достапност
инспирација
споделување со другите
соработка
акција
промена
Десет тактики
за трансформирање на информациите во акција
филм на
Tactical Technology Collective
Информацијата е моќ.
Таа може да ја подигне свеста, да подобрува животи,
да ги разоткрие корупцијата и злоупотребите на правата
а ако се користи правилно во кампања
може да доведе до еднаквост и правда.
Инфо-активизам имаме кога застапниците на правата ги користат информациите
како основно средство за придвижување на промените.
Тоа се случува кога ќе ја трансформираме информацијата во акција на некое поле.
Инфо-активизмот вклучува користење на информатички и комуникациски алатки
за позитивни општествени промени.
Следат десет тактики
објаснети преку успешни кампањи од разни делови на светот
а кои ќе ви помогнат да ги трансформирате информациите во акција.
10 тактики
за трансформирање на информациите во акција.
Мобилизацијата на луѓето околу прашањата кои им се значајни
бара јака порака, јасни цели и добар план.
Видеото е моќна алатка која може да се искористи за здружување
во превземањето акција.
Ние ги обучуваме заедниците како се снима видео и
во една од областите каде што ги вршиме тренинзите тие направија
филм за правата на земја во еден мошне феудален дел на Гуџарат
и сите видеа всушност повикуваат на акција.
Така што повикот на акција во тоа видео беше
да застанат во одбрана на своите права и да ја побараат земјата што им припаѓа.
Видеото е добра алатка поради раширената неписменост во некои заедници
а немаат ни пристап до други технологии, на пример интернет.
Од таму, мислам дека видеото е одличен медиум
за да допреме до таквите заедници бидејќи
гледате дека нешто се случува пред вашите очи
а тоа има навистина голем ефект.
Како резултат на тој филм, кој беше прикажан во 25 села
околу 700 луѓе се собраа на митинг
пред локалната администрација и поднесоа поплаки
дека не им е доделена земја.
Иако постапката е во тек, фактот што седумстотини луѓе
се обединија и преземаа заедничка акција е голема работа
еден од најголемите успеси што сме ги постигнале.
Платформите на интернет, како што се социјалните мрежи
можат да се искористат како виртуални собиралишта
за луѓето кои се загрижени за определено прашање или потреба.
Ребека Сабе Саде го користи Фејсбук во работата
Со лезбејки, бисексуални и транс-родови жени во Либан.
Популарноста на фејсбук во Либан
им дозволува на организациите со кои работи Ребека
да се поврзат со голем број луѓе кои се борат против дискриминација
и општествените притисоци.
Сепак, користењето на популарни социјални мрежи како Фејсбук
има и свои недостатоци.
Кога работев со маргинализираните општества, беше малку поинаку, пред се,
притисокот е општествен и самото јавно изразување на припадноста е проблем.
Значи, требаше да најдеме начин за користење на таа популарна алатка
во Либан, без да ја загрозиме нивната безбедност или анонимност.
Затоа решивме да поставиме еден осамен профил
без пријатели, само со најосновните информации:
лого, името на организацијата, државата и што работиме
значи, лезбејките и транссексуалците во Либан.
Поентата на тој профил и не беше баш да служи за социјално вмрежување.
Го поставивме за да можат тие жени, или сите што бараат поддршка
во Либан да дојдат до нашиот вебсајт, кој е линкуван на нашиот профил.
Мислам, ние имаме профили на различни места но поентата е секогаш
да се рекламираме на популарни места за луѓето да дојдат до нашиот вебсајт.
Работејќи со мошне маргинализирана заедница
бевме свесни дека Фејсбук не нуди никаква приватност.
Што и да се обидете да направите, не може да понуди приватност.
Така, ако основаме група на која ќе и се приклучат многу девојки,
најверојатно ќе биде многу јасно дека тие девојки се лезбејки.
Она што требаше да го направиме е да пронајдеме нови
инвентивни начини да не може никој да ги поврзе со нас.
Кампањата „Пинк чади“ (Pink Chaddi) во Индија исто така ги откри
добрите и лошите страни на користењето на Фејсбук.
„Chaddi" е хинду збор за „долна облека“
Кампањата беше развиена како одговор на жените нападнати од
десничарската политичка група Сри Рам Сена поради тоа
што биле видени како пијат во кафеани.
Групата Пинк Чади мобилизираше 16,000 луѓе
да и се приклучат на кампањата за само три дена
а врвот го достигна неколку месеци подоцна со преку 50,000 членови.
„Во шокантен ексцес на играње морална полиција...
група уличари жестоко ги нападна девојките излезени во кафеана...“
Снимки од нападите беа прикажани на телевизија во целата земја
и многу жени, а и мажи, беа разгневени од начинот на кој
Рам Сена се однесува кон жените.
Онлајн групата фати замав, и мораше да пренесе многу гнев
и незадоволство.
Еден од начините беше испраќање на розова долна облека до Прамод Муталик.
Медиумите опширно ја покрија акцијата
а неговиот прв одговор беше дека ќе ни испрати розови сари за возврат
за да ја покриеме својата перверзија
со нешто достоинствено, како што е сарито.
Според мене, кампањата Пинк чади беше успешна
затоа што ни овозможи простор во кој се одвиваше разговор
помеѓу обичните луѓе и хиндуистичката десница
што не секогаш е можно.
Одговорот е ненасилен и не се работи за
тепање на луѓе вклучени во кампањата
што е чест случај - да има насилен одговор.
Се јавија неколку проблеми во смисла на тешкотиите онлајн активизмот
да се пренесе во офлајн модел на акција, а еден тако проблем
е фактот што се спроведуваше на Фејсбук.
Фејсбук ви ја укинува можноста да разменувате пораки со луѓето во групата
откако таа ќе надмине 5,000 членови. Значи, без да забележиме
дека сме ја поминале таа граница, со 16,000 и 40,000 членови
сфативме дека не можеме да комуницираме со никого во групата.
Се што можевме е да ги користиме дискусионите панели и пораките на ѕидот
кои не се доволно ефективни за комуникација со сите членови.
Подоцна, луѓето што ја спроведуваа Пинк Чади кампањата научија
дека користењето на Фејсбук носи и други проблеми.
Онлајн приказот на групата беше хакиран, вандализиран и
подоцна избришан, а креаторите примаа навредувачки пораки.
И покрај барањата до Фејсбук повторно да ја воспостави групата неколку
месеци подоцна, не беше превземено никакво дејство.
Овие примери ја расветлуваат потребата да се биде свесен
за можностите и ризиците во користењето на онлајн платформи за активизам.
Како што уредите за снимање стануваат покомпактни и поевтини
луѓето се во можност да ги снимаат злоупотребите на правата додека се случуваат.
Поддршката на сведоците да ги снимаат злоупотребите
и обезбедувањето простор за објавување
е корисна тактика за расветлување на злоупотребите на правата
и нивно решавање.
За мене, моќта на видеото лежи во неговата способност да пренесе
визуелни докази и вистинско искуство од прва рака
како изгледа да се трпи, на пример, злоупотреба на човековите права.
Денес е интересно што сите имаат мобилни телефони
што можат да ги искористат да ја доловат реалноста
што ја доживеале во прво лице. Пренесувањето на приказните
веќе не е привилегија на малкумина. Сите имаат потенцијал да бидат сведоци.
Посведочи, сними, емитирај и разоткриј.
Таква беше тактиката на Стрелецот од Таргист -
анонимен видео активист од Мароко
кој ги снимаше полицајците како примаат мито од возачите.
Тој ги снимаше полицајците, на различни места и во различни денови
од неделата како го прават истото.
Тој сними 10 до 15 полициски агенти како ги прават истите злоупотреби
на улиците на тие села.
Снимките ги постави на YouTube: првото, второто и третото видео
кои беа гледани од стотици илјади корисници.
Тие тогаш ја притиснаа владата да ги уапси агентите
и, всушност, да ја примени истата техника
и да сокрие камери на улиците и да ги набљудува полициските агенти
со користење на истата техника како Стрелецот од Таргист.
Во еден поинаков контест во Бурма
злоупотребите на државните органи документирани од граѓаните
не го променија однесувањето на воениот режим.
Сепак, блогерите ги снимија и објавија своите сведоштва
ставајќи ја Бурма во фокусот на глобалниот интерес
што ја подигна свеста за злоупотребите на човековите права.
Денес, се е ограничено во Бурма
особено интернетот, електронската пошта и другите онлајн работи.
Но многу луѓе во Бурма користа блогови.
Поставуваат стории, слики, се што ќе им дојде под рака.
Така луѓето ширум светот можат да видат што се случува во Бурма.
Блоговите и евтините уреди за дигитално снимање се интегрален дел
од таканаречената Шафранска револуција во Бурма.
Со порастот на големината и зачестеноста на протестите против економските проблеми
и бруталноста на војската, се зголеми и бројот на извештаи за насилството на војската.
Слики на калуѓери и калуѓерки кои протестираат облечени во облека со боја на шафран
беа емитувани на интернет и потоа превземени од
масовните медиуми во целиот свет, па воениот режим реши
привремено да го исклучи интернетот и најголемиот број услуги во мобилната
телефонија во времето кога активностите кулминираа.
Сепак, како што обраснува Анг, употребата на едноставни, евтини камери
беше клучна за снимање на настаните
а блоговите беа од непроценливо значење за дистрибуција
на вестите и сликите во светот.
Едноставно, луѓето гледаа што се случува пред нивни очи
ги земаа камерите и снимаа.
Сите фотографии, аудио и видео материјали беа поставени на нивните блогови.
Тоа автоматски претставуваше голем успех.
Но кога имате репресивни режими, успешниот онлајн инфо-активизам
не секогаш лесто се трансформира во офлине активности.
Многу блогери во Бурма сега ја плаќаат цената
на нивниот активизам за време на Шафранската револуција.
Многумина се осудени на затворски казни, понекогаш и над 50 години.
Тоа покажува зошто последиците на онлајн активностите
треба внимателно да се разгледаат однапред од луѓето
вклучени во разоткривањето и емитирањето на злоупотребите на правата.
Жртвите и луѓето што преживеале злоупотреби веќе се ранливи.
Затоа е значајно кога ги снимаме да осигураме дека нема дополнително да ги виктимизираме.
За нас тоа значи да обезбедиме дека луѓето разбираат кои се најлошите можни исходи за гледачите на снименото.
Во дигиталната ера не смеете да претпоставите дека поставениот материјал
нема да биде копиран, поставен на YouTube и виден од сторителот
или лицата што се одговорни за нешто што се случило.
Мислиме дека треба објасните какво е најлошото сценарио и да им помогнете на луѓето сами да донесат суд
дали сакаат да зборуват или да бидат видени
и потоа да превземете мерки за нивна заштита.
Сокривање на идентитетот или гласот, и слично.
Мислам дека еден од најголемити предизвици за инфо-активизмот денес е
како да ги охрабриме илјадниците луѓе кои
денес учествуваат во движењата што користат видео
да расмислуваат за нивните сфаќања за значењето на согласноста
и нивното разбирање на овие прашања
за да избегнат двојна виктимизација на луѓето што доживеале злоупотреби.
Мобилните уреди, блоговите, видеата и каналите за емитување онлајн
се само некои начини достапни на инфо-активистите за документација и
разоткривање на злоупотребите и акции за поддршка.
Сепак, овие примери покажуваат дека треба внимателно да се разгледа
потребата за анонимност, за да се заштитат оние кои се ранливи на идни злоупотреби.
За вистински да ја вклучите публиката, треба да бидете креативни.
Наместо да ги потрупате луѓето со зборови или со текст
постојат бројни начини за визуализација на некое прашање.
Анимацијата е еден од нив, и таа е медиум кој нуди креативна слобода
за истражување на чувствителните прашања.
Сметам дека анимацијата може да биде особено добра
како инфо-активистичка алатка за застапување
во ситуација кога има експлозивен или
чувствителен политички контекст каде не можете
нужно да се справите директно со проблемите
на пример, кога работите на расни или родови чувствителни прашања
затоа што во анимацијата можете, на пример, да користите животни или предмети
наместо вистински луѓе. Тоа ви дава слобода да се фатите во костец
со многу нешта што не се достапни
кај конвенционалната кинематографија.
Сметам дека магијата на анимацијата допира до сите.
Движењето на неподвижни предмети, или предмети за кои не очекувате да се движат
е извонредно и е нешто што ги возбудува најголемиот број луѓе.
Моментално работам на еден проект во Каиро
со една група наречена Форум на жените и сеќавањето кои повторно ја пишуваат
арапската митологија и народните приказни од феминистичка перспектива
Работиме на триминутна анимација
заснована на една од преработките со цел
да понудиме разлучна културна претстава за жените од Блискиот Исток.
Мапите се уште еден начин за визуелизација.
Во географските карти има нешто вонвременско и тоа ги прави
медиум на кој луѓето му веруваат.
За време на израелската инвазија на Либан во 2006 година
една НВО за човекови права, Самидун (Samidoun)
ги користеше мапите да им покаже на луѓето што се случува.
Ние подготвивме неколку мапи во летото 2006 година
во времето на израелската инвазија на Либан.
Првата од двете главни карти ги прикажваше бомбардирањата на Либан
и неа ја ажуриравме секој ден.
Втората карта ја прикажуваше штетата на инфраструктурата и најзначајните објекти.
Кога почнувавме, воопшто не знаевме
што сакаме да постигнеме со собирањето на информациите
но сакавме да разбереме низ што минуваме.
Кога почнавме да работиме и да објавуваме тоа што го имавме
откривме дека можеме да го користиме на различни начини
за активизам, во организирање на хуманитарна работа и помагање на обновата.
Не мора да креирате нови карти за да ги внесете вашите пораки.
Оние што пробале да ја погледнат Претседателската палата во Тунис
на Google maps, веројатно пронашле многу неочекувани информации
благодарение на туниските активисти поврзани со
незавесниот колективен блог Nawaat.org.
Тоа е мошне креативно искуство
на тунискиот интернет откако активистите на Нават
ги „гео-тагирааа“ своите видеа на YouTube.
Под гео-тагирање подразбирам давање географски информации или
име на местото каде видеото што го објавувате на YouTube е снимено.
На тој начин, вашата информација, вашето видео
е достапно за гледање на географските алатки на Гугл.
Тоа што туниските активисти го направија е
гео-тагирање на сите видеа за злоупотребите на човековите права во Тунис
сместувајќи ги околу Претседателската палата во Картагина.
Така, ако одите на Google Earth, на Претседателската палата
ќе ја најдете обиколена со видеа за злоупотребите на човековите права во Тунис.
Ќе ги видите двете страни на Тунис.
Туристичката страна со богатата историја
и информациите за неодамнешните настани во Тунис
и модерниот Тунис во кој се кршат човековите права.
Картите и анимациите се само две од многуте алатки
кои можат да се искористат во навигацијата и визуелната
интерпретацијата информациите, да ги вклучи луѓето
и да им ги втисне сликите кои ќе добијат одек со тек на времето.
Лесно е да се изгубиме во обемната претстава на злоиупотребите на правата.
Носењето на личните приказни на луѓето на чело на вашиот инфо-активизам
е еден начин да се обезбеди дека таквите искуства нема да бидат игнорирани.
Ние ги користиме личните приказни во нашиот активизам
затоа што за феминистичките организации личното е политичко
и за нас тие претставуваат примена во реалниот живот
на човековите и женските права.
Еден пример каде сме ги користеле дигиталните приказни во работата
е обуката што ја организиравме со две групи на жени.
Едната група беше составена од жени што преживеале сексуален напад
мотивиран од нивната сексуална ориентација.
Во втората група беа жени кои преживеале семејно насилство.
Ги собравме тие приказни на едно DVD и
го дистрибуиравме во комплет со книга со упатства за интегрирање
на приказните во една едукативна програма за човековите права.
Приказните, всушност, требаше да обезбедат алтернативни материјали
за обука за луѓето кои се обидуваат да спроведат тренинзи кои ќе водат кон промени..
Се надеваме дека тоа ќе придонесе и до обемот на достапни информации
ќе помогне во разбирањето и намалувањето на насилството
насочено против групите за кои говориме
и ќе допринесе за информирана политика која вистински се занимава
со потребите на луѓето како што тие ги идентификуваат.
Тоа е засебен пример како една замолчена заедница може
да ја поврати контролата врз своите зборови и слики и да створи нешто
што не нужно ги открива идентитетите на членовите.
Нивно е да го изберат гласот, сликите, а имаат и контрол врз
опремата и компјутерите што се користат.
Личните приказни можат да бидат собрани и дистрибуирани на различни начини.
Производството на видео од базата може да ги собере искуствата на луѓето
на начин кој ќе придонесе за промени.
Работиме со една група во Демократска Република Конго
каде околу пет милиони луѓе загинаа во судирите.
Еден од најголемите проблеми е користењето на деца-војници.
Групата се обидуваше да најде начин да ги вклучи заедниците
да размислат зошто дозволуваат нивните деца да станат војници.
Затоа произведоа едно видео за
отварање на дебата во заедницата.
Тие им го покажаа на заедниците
ширум Источно Конго за да започнат дискусија.
Навистина мислам дека е занчајно, затоа што тие не размислуваа
само за проблемот, туку и на која публика и се обраќаат
со кои цели и каква приказна требаше да раскажат.
Успеаја да ги натераат да луѓето да почнат да размислуваат
и тогаш заклучија дека кампањата им е надмината.
Им требаше нова тактика.
Во тоа време Меѓународниот кривичен суд размислуваше за првите процеси.
Тие помислија, „а зошто да не влијаеме врз судот да размислува за тоа“.
Една потполно нова публика.
Направија ново видео кое вистински ги собра гласовите
токму на децата кои биле присилени на воена служба
за да им го покажат на вишите службеници на Судот.
Исто така, избраа поинаква приказна.
Тоа не беше отворена, туку насочена приказна
која и велеше на публиката
„Треба да преземете акција затоа што се работи за воено злосторство...
...злосторство против човечноста“
За мене, тоа е добра илустрација како моќта на личното искуство
на локално ниво, фатена од луѓето кои се најблиску до ситуацијата,
може да се искористи како тактика за влијание на различни публики
во различни времинја, за да се постигнат вистински промени.
Блоговите се познати по способноста да ја замаглат линијата
помеѓу личниот и јавниот дијалог
што ги прави ефикасна алатка за раскажување.
Колаборативниот блог-проект, Празна бучава (Blank Noise)
дозволува поддршка за тековната расправа
за сексуалното вознемирување во Индија.
Проектот ги повикува блогерите да говорат за нивните искуства
со урбаното сексуално вознемирување.
Тие тоа го прават на начин, па, таа година кога учествував
побараа од нас да се однесуваме како суперхерои.
Тоа е мошне интересен приод кон урбаното сексуално вознемирување.
Тоа не е извештај, не е приказна за плачење, туку е мошне паметно склопено.
Значи, тоа е одличен начин работите да бидат читливи и за друга публика.
Сметам дека блоговите се одлични алатки за инфо-активизмот
затоа што се погодни за раскажување приказни.
Блоговите се лични што значи дека е сосема лесно
индивидуите да ја претстават својата перспектива.
Истовремено се лесни за користење, како водење дневник.
Тие се лесно достапен начин за пишување и читање за одредено прашање.
Начинот на кој блоговите се корисни за инфо-активизам и
застапување е преку блог-заедниците.
Блогерските заедници се собираат околу одредено прашање
и вообичаено имаат временска рамка во која пишуваат за тоа прашање.
Блоговите, документарните видеа и онлајн приказните
се три начини за користење на личните приказни
за искуствата на луѓето да допрат до различни публики
и да придонесат за општествени промени.
Добриот виц се шири наоколу и може да биде
моќна алатка, особено ако се користи
за критика или потсмев кон моќните во ситуација
кога тоа не можеме да го правиме директно.
Во Египет, додека активистите се обидуваа да ги мобилизираат
луѓето против режимот на Мубарак
добивме тони материјал од практично непознати
млади луѓе преку интернет
смешни слики кои во основа се монтажа
на филмски постери со ликот на Претседателот
на местото на познати злосторници и крадци
мафијаши и слично
како коментар за постоечката ситуација.
Во еден мошне краток период
а поради непрекидната употреба на хумор
целата мистика на моќта што го окружува претседателот
беше целосно уништена и сега на него гледаат
како на старец кој е заробен
во својата улога во која тешко се снаоѓа.
Тоа стана еден вид наративна платформа
за градење на едно движење кое бара
демократски реформи, фер избори, и тн.
Добрите вицеви не ги тераат луѓето само на смеење.
Сте биле ли некогаш во караоке бар, со семејството или со пријатели?
Азиско-пацифичката мрежа на сексуални работници во Тајланд
го користи караекето за подигање на свеста за сериозни прашања
користејќи популарни песни чиј текст и видео
се рефокусирани на правата на сесуалните работници.
Тоа е итра тактика да се користти популарната музика
за пренесување на информации до сексуалните работници и нивните сојузници
и да почнат да размислуваат што не чини во законите и политиките
а влијае врз нивните заедници, и да ги натера да побараат промени.
Јас го користам караокето затоа што луѓето
во Азија сакаат да пејат и да ја гледаатт сликата.
Видео караокето е навистина популарно во Азија.
Затоа е лесно да се привлечат луѓето да се вклучат.
Така ја добив идејата да ги променам стиховите на една песна
и стана полесно да се пренесе пораката за политиките против сексуалнте
работнички и нивите закони за трговијата со луѓе.
За сексуалните работнички од Азиско-пацифичката мрежа
караокето е заеднички јазик, дури и кога не делат
друг заеднички јазик.
Видеата на групата се прикажани во целиот регион
на забави, концерти и пред публика која брои илјадници луѓе
како што е една меѓународна конференција за ХИВ/СИДА.
Едно од видеата беше погледано од скоро 10,000 луѓе на интернет
на YouTube и на Blip.tv
Поинаков пример за користењето на хуморот е
роденденскиот подарок за белорускиот претседател Александар Лукашенко
откако тој јавно се пожали дека интернетот е премногу анархичен
и најави планови за построги содржински ограничувања.
Активистите одговорија со интернет кампања која се потсмеваше
со, според нив, пропагандистичките медиуми контролирани од власта.
Хуморот е првиот чекор кон уривање на табуата
и отстранување на стравот.
Кога ги тераме луѓето да се смеат за опасни работи
како што се диктатурата, репресијата, цензурата
тоа всушност е првото оружје во борбата со тие стравови.
Пред неколку години, во Белорусија беше лансирана мошне забавна кампања.
Се викаше „Дајте му ја на Лукашенко неговата мрежа“.
Лукашенко во неколку изјави го обвини интернет за
работење против владата на Белорусија
тврдејќи дека „таму има многу невистинити содржини“.
Така, белоруските активисти креираа клонови на YouTube и на Live Journal
на кои објавија сопствени креации, мошне смешни видеа
и карикатури за претседателот Лукашенко.
Таквата употреба на алатки што корисниците
на интернетт лесно ги препознаваат, со замена на содржините
внесување политички содржини и нивно обликување
на хумористичен начин што се исмева
ги прави политичките извештаи поинтересни.
Засмевањето на луѓето може да биде мошне ефикасен начин
за рушење на бариерите што ги спречуваат позитивните општествени промени.
Интернет страните, караоке видеата и филмските постери
се само три начини за пренесување на сериозни пораки
на лесен, а сепак ефективен начин.
Еден дел од инфоактивистичката работа што често е запоставен
е вредноста на одржувањето на здрави мрежи.
Мрежите се алатка на моќ во дигиталното доба
и нивната целосна употреба бара планирање и време.
Сета непрофитна работа и сите кампањи
во основа се посветени на луѓето.
Кога ќе ги преведете на јазикот на технологијата
луѓето се контакти.
И не само луѓето, туку и организациите, групите,
нивните меѓусебни односи.
Тоа се информации врз кои можете да градите
да ги користите за мобилизација на вашата публика
и да ги ангажирате вашите цели.
Јас сум вклучен во еден проект кој се вика CiviCRM
слободен софтвер со отворен код
изграден специјално за непрофитни организаии и групи за застапување.
Во подготовката се користени повратните информации од таквите групи
и според лично тоа во основа е одлична алатка
за управување со информации за контактите.
FrontlineSMS е поинаков тип на софтвер
за поддршка на таргетирана, мрежна комуникација
во овој случај преку употреба на SMS.
Доброто менаџирање на контактите е значајно од организациска гледна точка
но, од перспектива на лицето со кое комуницирате
најмалку што им треба е да примаат порака или информација
што не ги засега, не е релевантна и за која не се заинтересирани.
Така, ако водите повеќе кампањи
очигледно е дека не сакате да испраќате погрешни пораки до погрешни луѓе.
Може ќе се јави потреба да испратите
порака само до една група жени во некоја област
или само до активистите за човекови права во даден регион.
Ако не ги категоризирате луѓето правилно
тогаш ќе ги оптоварувате луѓето со нешта што не ги сакаат.
Тоа не само што влијае врз ефективноста на вашиот проект или кампања
туку и ги вознемирува другите и може да биде мошне контрапродуктивно.
Добар пример за употребата на FrontlineSMS
за испраќање на таргетирани пораки и комуникација
со целните групи е реконструкцијата по цунамито во Азија
каде Мерси кор (Mercy Corps) водеше проект во чии рамки
се водеа разговори и се испраќаа специфични информации до различни групи.
Со FrontlineSMS можеа да ги групираат луѓето во неколку категории
а тука имаше и фармери кои би сакале да ги знаат цените на кафето на различни пазари,
владини министри кои сакаа сумирана информација за цените на пазарите во различни области
додека некои се интересираа за временската прогноза.
Со користење на FrontlineSMS, опцијата и функцијата за групирање
тие успејаа да ги групираат луѓето во повеќе групи
во зависност какви информации сакаат да примаат и тогаш можеа да ги таргетират
со СМС пораки со цените на одреден пазар, временската прогноза или други потребни информации.
Ако сакате да ги менаџирате контакт информациите во вашата инфоактивистичка работа
треба да бидете систематични
треба да го интегрирање собирањето на информации на сите нивоа
и по некое време, не го кријат тоа, тоа е напорна работа!
Но, исто така ќе ги видите и неверојатните ефекти
на различните врски, ќе ги видите обрасците на однесување.
Во основа, исто како да употребите моќна алатка за да дознаете
што се случува околу вас, и моќна алатка за постигнување на вашите цели.
Датотеките, системите за управување на односите со клиентите и софтверот за испраќање текстуални пораки
се три алатки што можете да ги користите за управување на контактите
и да одржите здрав и продуктивен однос
со луѓето кои сакаат да ви дадат поддршка.
Понекогаш проблемите се комплицирани.
Може да вклучуваат прашања кои се развивале подолго време
или се поврзани со многу настани и многу различни луѓе.
За да овозможите некое прашање да биде разбрано
можеби ќе треба да пронајдете какви информации постојат
и дали имате законско право да им пристапите.
Секоја година, повеќето од нас плаќаме данок на државата
и на неколку години бираме претставници што ќе ја водат државата
значи, ги предаваме нашате власт и парите
и имаме право да знаеме како се трошат тие пари
и како се употребува таа власт.
Во повеќе од 82 држави во светот
законите за пристап до информации и слободата на информирање
им даваат право на сите да поставуваат прашања и да добијат одговор од владите.
Меѓународните стандарди се јасни
процедурите за пристап до информациите треба да се едноставни, брзи и бесплатни.
Вообичаено е така.
Во најголемиот број држави поднесувањето на барање за информации е бесплатно.
Имаме голем број примери од целиот свет каде
луѓето и поставиле некое прашање на владата
ја добиле информацијата и ја искористиле во јавна дебата за промена на начинот на кој функционираат нештата.
Farmsubsidy.org е иницијатива која лобира за
пристап до информации за владините субвенции за фармерите
во Европската унија.
Целта е новинарите и граѓанското општество
да можат да имаат увид како се трошат милијардите евра
доделени како субвенции за фармерите.
Во нашата кампања, овде во farmsubsidy.org, успехот значи
дека понекогаш сме соочени со вистинска лавина од информации.
Одлучувањето која информација ќе го привлече вниманието на медиумите е тешко.
Ако имате огромно количество податоци
и се обидувате да најдете начин да ги претставите на луѓето
еден навистина добар начин е да ги направите релеватни за
нивната локација, за регионот во кој живеат.
Еден добар пристап е користење то на карта
за поставување на податоците на Google Maps. Тоа денес е лесно, технологијата е бесплатна
ние го направивме тоа за Шведска
затоа што добивме одлични координати за Шведска
и можевме да ги претставиме субвенциите платени во текот на седум години
на една единствена карта на Google, па луѓето можеа
да зумираат и да видат на што се потрошени парите во нивниот регион
што за нив е навистина релеватно -- многу подобро отколку да гледаат во долга листа
што се состои од страници и страници здодевен текст.
Сепак, пристапот до владините информации не е секогаш лесен
без оглед дали постои закон за слобода на информациите или не.
Ми беа потребни три години да ги добијам податоците за примачите на субвенции
во Велика Британија и моето барање се уште не е процесирано до крај.
Треба да бидете подготвени за долга борба
и да не прифаќате не како одговор
и да ги користите сите достапни тактики, вашите законски права
политички притисок што можете
да го примените преку луѓето што работат во тој регион
или дури преку медиумите.
Треба да го зголемувате притисокот
користејќи ги вашите права како граѓани.
Еве друг пример. технолозите и застапниците на правата
добија информации од повеќе извори
вклучувајќи владини и невладини агенции.
Информациите дојдоа во многу различни форми
па предизвикот беше да се направат разбирливи за глобалната публика
кои тогаш би можеле да дејствуваат.
Еден проект на кој работев е
поставување на слоевите на кризата во Дарфур на Google Earth.
Бев дел од тим од дузина луѓе
собрани од Музејот на холокаустот на САД.
Тие сакаа, на еден жив начин
да ја подигнат свеста за тоа што се случуваше во Дарфур.
Навистина ги поместувавме границите на можното на Google Earth.
Имавме огромно количество на информации - табели, фотографии, видеа
плус основните слоеви на Google Earth
неодамна поставени сателитски слики
на кои често беа прикажани уништени села во Дарфур.
На тие податоци работевме околу шест месеци
за вистински да ја разбереме ситуацијата
и да можеме да пренесеме силна порака.
Кампањата предизвика голем интерес на Google и во медиумите
и илјадници, можеби стотици илјади луѓе
ги видоа тие слоеви што ја подигна свеста за тој проблем.
Исто така, обезбедивме и директни средства за нивно вклучување во кампањата.
Во слоевите поставивме линкови за потпишување петиции
и за подлабоко вклучување во каузата.
Не е секогаш лесно да се оствари правото на информации
и да се пронајдат вистинските начини да се представаат обемните информации за да се вклучи публиката.
Но, тоа е значајна тактика на инфоактивизмот.
Ако сте упорни можете да бидете наградени
со значаен напредок за вашата кауза.
Не толку одамна, соработката во реално време помеѓу голем број луѓе
беше тешка освен ако не се наоѓавте сите собрани на едно место.
Новите технологии го променија тоа.
Денес гледаме иновативни примери како што е она што се нарекува „роење“.
Роење е кога искуствата и знаењето на луѓето се
здружуваат за да постигнат комбиниран ефект
далеку поголем од нивните поединечни дела.
За време на нападите во Мумбаи во 2008,
беше создаден еден рој со помош на Twitter,
сервис за микро-блогирање што овозможува испраќање на лични известувања
преку интернет и преку мобилен телефон.
Значи, кога се случуваа терористичките напади во Мумбаи
многумина од нас беа во близина
и почнавме да ги истураме нашите чувства
и да зборуваме за тоа што се случува
и за тоа што го гледавме на телезивија на Twiter.
Како да се прашувавме „што да правиме“?
и се чувствувавме осамени по дома, затоа што не беше дозволено излегување
а тоа ни овозможи да се чувствуваме помалку сами, помалку гневни како група
и можевме да се вмрежиме со луѓето на терен
да ги добиеме бараните информации.
На пример, имавме луѓе кои одеа по болниците
и правеа листи на повредените и загинатите
што не беше објавено никаде на интернет и ни ги испраќаа по факс
а ние набрзина ги стававме како линкови на Twitter до еден блог што ја поддржуваше акцијата.
Во други случаи, се работеше за обезбедување на крв со вистинската крвна група
во болницата на која и беше потребна таква крв.
Значи, се работи за спонтана мобилизација на веќе постоечка заедница
преку мултиплицирани нодови и центри каде
сте оставиле ваши отпечатоци на мрежата.
Една друга, безмалку магична работа околу микро-блогирањето
е собирањето на тие нешта
и нивното засилување
затоа што се работи за механизам за емитирање.
Со тоа предизвикаа голем интерест кај мејнстрим медиумите
покажувајќи колку може да биде успешна мобилизацијата
околу свеста за она што се случува.
Како што покажаа нападите во Мумбаи, мобилните телефони
станаа клучна алатка во кризни времиња.
На Мадагаскар, мобилните, заедно со компјутерски софтвер
им овозможија на граѓаните да известуваат што се случува
кога антивладините протести станаа насилни.
Еден софтверски програм, FrontlineSMS
овозможуваше испраќање и примање на текстуални пораки
за голем број претплатници на Мадагаскар
а Ushahidi им овозможи на пораките да се прикажат на географска карта.
Во 2009 година, за време на немирите на Мадагаскар
кога, верувам, неколку демонстранти беа застрелани од војската
се јави можност за собирање на
информации, вести и мислења на луѓето на терен
кои учествуваа во немирите и во демонстрациите
и кои го искусија тоа што се случуваше околу нив.
Преку технологијата, можете да го комбинирате колективниот глас на луѓето
значи, можат да испраѓаат СМС, електронска пошта,
да пополнат формулари на интернет. Тогаш можете да ги соберете информациите
со вестите од мејнстрим медиумите и сето тоа да го здружите
за да добиете подобра слика за тоа што се случува на терен.
Ushahidi, платформата наменета за големи групи, го користи FrontlineSMS
за луѓето да можат да испрата порака до еден број и да допринесат со вести
преку мобилните телефони, да испратат електронска пошта
или да појдат на интернет страната и да пополнат формулар.
Поради брзината, луѓето генерално претпочитаат да испратат СМС
a FrontlineSMS ги собираше тие пораки
кои беа постирани на страната на Ushahidi
и од тој момент беа собирани со други извештаи
вклучувајќи информации од меинстрим медиумите и поставени на картата
давајќи добар преглед каде немирите се најлоши
и поширок поглед на она што се случува
во земјата од приказите кои можеа да се очекуваат.
Примериве покажуваат дека мобилните телефони, поврзани со онлајн платформи
можат да бидат моќна алатка за комбинирање на искуството и знаењето
за сеопфатно известување на настаните како што се одвиваат.
Технологијата што знае да слуша е технологија што знае да одговори
на индивидуалните потреби за информации.
Еден пример е платформата за следење на буџетите на Инфонет
што им дозволува на луѓето да испратат бесплатни барања по СМС
за доделувањето средства за развојните проекти во нивните локални региони.
Граѓаните тогаш можат да ги контактираат социјалните групи за контрола
да оценат дали парите се поттрошени како што било планирано.
Контекстот е дека развивме систем кој користи кратки СМС пораки
а граѓаните испраќаат прашања за сумите на пари
доделени на локалните проекти.
Тоа е двонасочен процес затоа што тие поставуваат прашања до системот
и истовремено го хранат системот со содржина.
Платформата Инфонет доведе до бројни откритија за злоупотреба на фондови.
Со доставување на таквите откритија до владата и мејнстрим медиумите
Инфонет овозможи акција против корупцијата
што е награда за напорите вложени од граѓаните.
Откритијата од понов датум го зајакнаа начинот на кој технологијата може
да ги слушне и да одговори на потребите на луѓето.
Телефоните порано беа контролирани
од телекомуникациските монополи
а изминативе неколку години се случи цела една
ренесанса на телефонската технологија поврзана со интернет телефонијата.
Сега можете да водите сопствена телефонска компанија со помош на слободен софтвер.
Тоа значи дека можете да направите креативни центри за повици
и интерактивни гласовни менија и слично
на сопствениот телефон или преку домашниот компјутер
така што многу активистички групи сега воспоставуваат линии за повикување.
Преку нивниот сопствен телефонски систем, Фондот Кубатана од Зимбабве
разви платформа која обезбеди граѓаните
да бидат информирани преку СМС каде можат да гласаат на изборите.
Во Зимбабве имавме голем број избори во последните седум-осум години.
Една од тактиките на власта беше да им отежне на
луѓето да сфатат каде треба да гласаат и каде да се регистрираат.
Ние им помогнавме на луѓето да откријат каде треба да гласаат
преку соработка со друга организација кој успеа
да го префрли гласачкиот список во форма на датотека.
Од граѓаните побаравме да ни ги испратат своите регистрациски броеви по СМС.
Ги споредивме тие броеви во датотеката и им одговоривме со СМС
во кој ги известувавме каде можат да гласаат.
Тоа беше интересна кампања и многумина ја искористија.
Иако илјадници луѓе го искористија системот на Фондот Кубатана,
искуството покажа дека неписменоста и јазичните разлики
и натаму го ограничуваат користењето на СМС услуги.
Како одговор на тој проблем, Кубатана сега го развива „Телефонот на слободата“.
Тоа е систем што користи гласовно препознавање наместо текстг
за да ги информира луѓето.
Телефонот на слободата се развива и шири така што секоја група
може да добие копија од софтверот и да го употреби на сопствениот систем
и да обезбеди менија за видовите на информации
што се достапни и што ги обезбедува.
Телефонот на слободата ги регистрира повиците и телефонскиот систем ги враќа повиците
па организацијата ги покрива сите трошоци.
Постои алатка која е занемарена, според мене, од развојниот сектор
а тоа е областа на интерактивни говорни одговори.
Убедени сме дека ако успееме уредот да биде полесен за користење
непрофитните организации ќе излезат во своите заедници
преку телефонски сервиси кои за сиромашните ќе бидат
еквивалент на интернет, кој им овозможува пристап до информациите по телефон.
Дизајнирањето и користењето на технологии кои ги слушаат потребите и одговараат
на нив е добро и брзо решение за огромниот јаз во информациите
и ќе го подобри протокот на информации.
Кога корупцијата и злоупотребите на правата
се дело на оние кои имаат најголема моќ
како што се владите, мултинационалните компании, полицијата и војската
понекогаш е нужно да се истражи и изложи
што се случува.
Иако нашироко се знаеше
за полициската бруталност во Египет,
Изгледаше дека мејнстрим медиумите не се подготвени да пишуваат за тоа.
За да им помогне на граѓаните да спроведат свои истраги
новинарката Ноха Атеф започна со пишување на блогот „Тортурата во Египет“.
Целата содржина е посветена на случаи на тортура во Египет
и односот помеѓу полицајците и граѓаните.
„Тортурата во Египет“ беше лансиран во време
кога тортурата не беше доволно расветлена.
Злосторствата поврзани со тортура ретко се спомнуваат на ТВ
а мејнстрим медиумите не се претерано заинтересирани.
„Тортурата во Египет“ фрли ново светло на нив
и послужи како инспирација за други корисници на интернет, особено блогери
да пишуваат за тортурата и за своите ставови,
затоа што она што го читаа на
„Тортурата во Египет“ беше шокантно.
Со разоткривањето на злоупотребите на човековите права во Египет на блогот,
Ноха успеа да исправи неколку сериозни неправди.
Во 2007-та, една жена и пиша на Ноха дека нејзиниот сопруг
бил држен во затвор 14 години
иако судот го ослободил од обвиненијата
за прекршоците за кои бил уапсен.
Судот одлучил дека не е виновен
но полицијата, еден одреден полицаец, го држел затворен,
и ги обновувал документите за да го задржи во затвор.
Јас пишував за случајот во многу напрати
и го следев целиот случај.
Статијата на Ноха беше цитирана од египетските мејнстрим медиуми.
Полицаето замешан во случајот и пиша
вознемирен од вниманието на јавноста што го добиваше.
Наскоро потоа, затворениот човек беше ослободен од затвор
што требаше да се случи 14 години порано.
Друга успешна истрага беше спроведена во Тунис.
Приказната за видеото за тунискиот авион почна
кога еден мој пријател, туниски активист и блогер
пребаруваше фотографии за авионите во Тунис на интернет
и пронајде слика од претседателскиот авион
на еден вебсите на „џетспотери“ - луѓе кои делат фотографии од авиони снимени на аеродромите.
Тој продолжи со пребарувањето и најде повеќе од 20 фотографии
од претседателскиот авион снимени на повеќе европски аеродроми.
Тој појде на интернет страната на Претседателот на Тунис
и ја сними листата на официјалните патувања на претседателот
и направи споредба на податоците со датумите и локациите
наведени на фотографиите на претседателскиот авион
откри дека само едно од патувањата било официјално.
Значи, тој го постави прашањето
„Кој лета со тунискиот авион и зошто?“
Потоа тој направи видео
ги монтираше сликите со користење на Google Earth
летајќи преку различните аеродроми
на кои бил виден авионот.
Видеото го објави на YouTube
и ја повика туниската блогосфера да расправа за
транспарентноста и злоупотребите на власта.
Големите мејнстрим медиуми, како магазинот „Foreign Policy"
ја објави приказната и го истражи случајот
и се покажа дека авионот го користела првата дама на Тунис
за шопинг патувања во луксузните бутици во Европа.
Како резултат на интересот на јавноста за видеото
владата на Тунис го блокираше пристапот до YouTube
и еден друг популарен сајт за поставување видео, Dailymotion.
Сепак, приказната, како и блогот Тортурата во Египет
покажува како може да се искористи интернет
и како алатка за истражување на злоупотребите
и за објавување и ширење на вистината.
Со поефтинувањето и ширењето на дигиталните алатки
кои се се полесни за употреба
расте нашата способност да пристапиме, анализираме и шириме информации.
Преку поврзување на новите технологии со креативно мислење
заедниците и застапувашите можат да ја трансформираат информацијата
во силна акција за одбрана и унапредување на човековите права.
Tactical Tech соработува со застапниците на правата
во користењетто на информациите во застапувањето повеќе од една деценија.
Во овој филм ги собравме нивните приказни
и покажавме 10 тактики што можете да ги користите
за да ја претворите информацијата во алатка на промените.
Ако сакате да примените некоја од овие тактики
можете да ги користите нашите комплети и упатства
за користење на различните техники
а ви нудиме и софтвер и алатки кои ќе ви бидат потребни.
Потоа размислете како можете да ги документирате вашите инфоактивистички
и кога ќе го стгорите тоа, кажете ни
за да ги поделиме приказните со други луѓе.
Информатичкото доба пристигна.
А со него пристигна и нашата моќ
да направиме промени.
За нови податоци и содржини, посетете го http://www.informationactivism.org