Tip:
Highlight text to annotate it
X
Колку коњски сили?
Овде пишува 540, мислам.
Гледам, да.
Значи тие се многу помоќни отколку што изгледаат.
Со оваа акробација ќе ја демонстрираме прецизноста на управувањето ...
... и стабилноста во насочувањето.
Разбирам.
Ќе возиме напред, нели?
Не.
А!
Ќе возиме наназад.
Значи она што ќе се случи е...
Ќе ти покажам на овие два модели камиони:
Камионите ќе бидат поставени близу еден до друг.
А ти ќе стоиш на ретровизорите.
По една нога на ретровизор.
Во ред.
Камионите ќе се движат наназад,
по некое време полека ќе се раздвојат.
А ти ќе изведеш една од твоите легендарни шпаги...
... со по една нога на секој ретровизор.
А секој ретровизор – од различен камион?
Да.
И тие ќе се раздвојат?
Тие ќе се раздвојуваат полека.
Значи имаш многу време да ја изведеш шпагата.
Да, ама чекај малку.
Мислам, ако продолжат да се раздвојуваат, можам да паднам ...
Да.
... на земја.
Но по некое време ќе престанат да се раздвојуваат ...
... и ќе го одржуваат растојанието.
Во ред.
Ти благодарам Јан Инге. Многу ти благодарам.
Нема проблем.
Тоа беше одлично.
Ти благодарам што дојде.
Одиме...
Да, одиме.
Слушнав дека вчера си бил во фламенко бар?
Добро ли беше?
Фантастично!
Би сакал да отидам.
Кога ќе завршиме со снимањето - ако преживеам...
Легендарната шпага со Жан Клод Ван Дам во главна улога.
Премиера, 14 ноември на Youtube.