Tip:
Highlight text to annotate it
X
Еве, денес е тмурен дождлив ден тука во Лондон, но може да биде и полошо.
Можев да сум во Саудиска Арабија, кајшто мажите се мажи, а жените се стока. Смеам да го кажам ова?
Саудиската Комисија за човекови права - ете ви збир од зборови да ви штукне умот.
но ете, оваа организација навистина постои, и има намера да се жали
подоцна овој месец на манифестација во Копенхаген дека на муслиманите што живеат во Европа им се негираат човековите права
и дека не им било дозволено слободно да ја практикуваат својата вера. Замислете си? Да не учи за човекови права
една Саудиска Арабија. А што е следно, Корејците да ни држат буквица за правата на животните? Човек си вели, ова веќе ги преминува сите граници на надреалноста.
Но ете, имало и уште, бидејќи воедно сакаат и да престанеме исламот да го поврзуваме со тероризам,
што е преку леб погача, земајќи во предвид дека тие се заштитниците на исламот и заштници на тероризмот
Во едно нормално општество оној што ќе излезе да го каже ова би бил избркан надвор на клоци
штом ќе отвори уста. Или уште подобро, ставен на воз и фрлен во река некаде во периферија.
Но ова е Европа, и ние ќе си чуеме се што имаат да кажат, и ќе си го прифатиме,
и ќе си се измениме, како по обичај. Баш неделава во Британија ни беше соопштено дека водечки
ланец од супермаркети почнал да им дозволува на касиерите-муслимани да не ракуваат со алкохолни пијалоци ако не сакаат,
и сега глава сечам ако сите не се наредат за да ‘не сакаат‘.
Аптекар некому одбил да му продаде контрацепција заради религија, некој забар не сакал да лекува
некоја жена бидејќи не носела шамија, и сега ни велат дека некои доктори-муслимани одбиваат
да лекуваат извесни луѓе заради нивната скапоцена вера. Е, овде во Британија имаме еден фин технички збор за таквото однесување.
Тоа го нарекуваме „заебавање“. И воопшто не сакаме некој да се заебава со нас. Ни оди „на ганглии“,
и баш добро знае да не разбесни. Тоа е работа на култура.
Да беа Муслиманите така угнетени како што Саудијците сакаат да не разубедат, тогаш зошто се планира
израдба на огромна џамија со Саудиски пари, баш тука во Лондон; и тоа најголемата џамија во Европа.
Епа Данско, изеди се жива. Знаеме дека вие баш би сакале да сте тие, ама ете, ние ја имаме таа чест.
И ќе се гради веднаш до местото кајшто ќе се одржуваат Олимписките игри во 2012 - ако добијат градежна дозвола.
Дури имаше и локални муслимани што се бунеа против овој план. Велат така ќе биле маргинализирани
бидејќи со оваа џамија ќе раководат екстремисти и ќе биде наменета за екстремисти, што значи дека гарантирано
ќе имаат предност, и дека врз олимпијадата во Лондон ќе доминира џамија со големина на фудбалски стадион.
Не знам, можеби маратонот ќе го прекинуваат за молитва, а може и спортистките ќе треба да се натпреваруваат носејќи шатор на себе
но сигурен сум дека ако лудиот мула на мултикултурализмот, Кен Ливингстон, градоначалникот на Лондон, има нешто со ова
тогаш тоа не ни бега. Фактот што Саудијците дека можат да протуркуваат вакво цинично срање
само покажува до каде сме дозволиле во сред Европа да не играат како што сакаат.
Радикалниот ислам не видел какви сме, мекуши. Гледа дека политичката исправност ни е како дрога со која
без престан се фиксаме, иако знаеме дека ќе не убие. И тие до даска го искористуваат тоа,
срвтувајќи ја смислата за праведност против самите нас, и со тоа да се презираме за еден од нашите најдобри квалитети.
И секој направен попуст ќе се протолкува како знак на слабост што треба уште повеќе да се искористува, бидејќи не постои дијалог
со радикалниот ислам. Не сака да се согласите со него. Сака да му се покорите.
И мисли дека има од Бога дадено право да ги пишува правилата, не само за муслиманите, туку за сите,
и некои од нас искрено сметаат дека тоа е веќе премногу. И ако мислите дека тоа не е разумно,
можам само да ви кажам дека мојата слобода е поважна од вашата вера. Многу, многу поважна.
Плус, едноставно имам природна одбивност кон силеџилук и не можам да трпам да ме играат како што сакаат
некои женомразачки простаци. И ова го велам со сета почит.
И пред некој пак да ме обвини дека го навредувам исламот, дај порасни. Јас немам потреба да го навредувам исламот
кога веќе има толку многу муслимани што радо тоа го прават место мене секојпат кога ќе си опашаат самоубиствен бомбашки појас
или кога ќе искаменуваат некој до смрт зошто се осмелил да има приватен живот. Е, тие се луѓето што го навредуваат исламот,
а не јас. Секако, свесен сум дека исламофашистите секоја критика автоматски ја примаат како навреда,
и, да бидеме искрени, би било тешко човек да се сети на некој комплимент.
Што да им кажам? „Баш фин џихад терате. Догмата ви е супер. Алал да ви е што ширите затупеност и омраза“?
Нема баш многу простор за комплименти, нели? Ете, тие се вушност луѓето што го навредуваат исламот.
И тие им се вистинските душмани на муслиманите. А најголем душман им е кралското семејство на Саудиска Арабија.
бидејќи благодарение на нивните активности, финансирање и поттикнување на ладнокрвни убиства во името на нивната верска догма
целиот цивилизиран свет чувствува страв и омраза кон исламот, а не заради луѓето како мене.
И муслиманското население треба тоа да го согледа и да го признае.
А ние на запад, нашите другари Саудијците водат војна против нас, а ние сме си така олабавени
што дури и немаме абер. Епа можеби си го заслужуваме тоа што ни се случува.
Некои ми имаат речено „Не ги изговараш како што треба. Не се викаат „Соди“ туку „Сауди“.
ОК, добро. Ќе ги викам „Сауди“. А уште подобро би било земјата да се нарекува само Арабија,
и шлакнатите средновековни будали што ја владеат да си се вратат во пустина
и да си живеат во шатори заедно со добитокот, кајшто припаѓаат.
Впрочем не можам да го дочекам денот кога сосема ќе престанеме да користиме нафта,
и да си се тргнеме од Блискиот Исток, и тогаш „Содиска“ или „Саудиска“ Арабија ќутенката ќе може да си се врати во камено време.
освен ако не успеат да го искористат другиот голем природен ресурс што го имаат, и да почнат да извезуваат песочни часовници.
Е за тоа може вреди човек да се помоли. Мир.