Tip:
Highlight text to annotate it
X
Википедија е непрофитна, но сепак е петта стрнаица на интернет по посетеност. Сите статии се напишани од доброволци.
Би сакале да ве запознаеме со некои од нив...
Јас сум од Непал
Јас сум од Ирак
Јас сум од Индија
Јас сум од Бирам, Њу Џерси
Живеам во Бирмингем, Англија
Чикаго, Илиноис -- Ла Паз, Боливија -- Најроби, Кенија
Куала Лумпур, Малезија -- Милано во Италија -- Јужна Африка
Полска -- Јапонија -- Ерменија
Бразил -- Русија -- Боцвана
Израел -- Узбекистан -- Хонгконг
Инстанбул -- Мексико
Чатануга, Тенеси
На почетокот, кога се зачленив на Википедија во 2008 г., почнав многу статии.
Една од нив беше за жена по име Маријам Нур.
Дотогаш немавме страница за неа -- така ја започнав мојата прва статија.
И ја заборавив! По три-четири години
Наидов на статијата. Се запрепастив.
Ја прочитале преку 100.000 луѓе.
Ја користеле, добивале информации од неа. Ја читале,
па затоа добиваш впечаток дека имаш извршено влијание врз преку 100.000 луѓе.
Доживеав уплав кога за прв пат стиснав на копчето „уреди“.
Си реков, „Боже, па јас сè ќе расипам! Не може вака, не можам!“
Википедија има „отворен код“ -- каде секој може да нафрли свои идеи
а потоа доаѓа некој трет и ја усовршува идејата, доведувајќи ја до извонредност.
На Википедија работат илјадници луѓе работат секој ден, секој час, секоја минута -- со желба да ја подобрат.
Највеќето од тоа е доброволно. Посебен начин да дадете нешто од себе.
Ги зближува стручните и нестручните што имаат интерес во некоја дема.
Оние што на почетокот имале различни мислења почнуваат да соработуваат.
Многу нешта што би ги работело една голема интернет-корпорација
тука ги прават доброволци како мене.
Не можете туку-така да речете „Е па, јас сум во право, а ти си во грешка. Ова е мојата верзија на статијата!“
Ако постои проблем со пристрасност,
некој веројатно ја означил статијата како таква -- ако не, тогаш јас ќе ја означам.
Стотици илјадници луѓе ќе го видат тоа
и неисправностите ќе се поправат.
И тогаш стиснав на копчето и
Бум - Патешествието започна и беше феноменално.
Прво почнав со „Веројатност“.
Првата статија што ја почнав е „Веројатност“.
Меѓу поважните статии што ги напишав на Википедија е
статијата за убодни рани.
Пишувам за мушичарење,
Историја на Монтана, Историја на националните паркови, Јелоустоун.
Запоставени земјоделски култури. Шахисти. Биоразновидност.
Теми од воената историја. Историја на Ерменија. Историја на Рим.
Судии. Комуникации. Биографии. Фудбал.
Ирска. Пенсилванија. Претежно фотографија.
Пинк Флојд. Пекарство, бидејќи многу сакам да правам печива.
Атомско оружје и радиоактивност,
и кајакарство на брзи води. 00:02:52,201,00:02:56.000 Сите тие информации постојат некаде, но расфрлани се на парчиња,
а пак ние ги собираме и ги ставаме на едно место.
Нудиме бесплатни знаења за сите,
на нивниот мајчин јазик, за да можат да ги користат.
Секој има полза од ова, било да се богати или сиромашни.
Фирмите што работат за профит имаат поинакви цели и други потреби.
Од Фондацијата Викимедија не добивам плата, дури ни надоместок за трошоци.
Сметам дека е многу важно што можам да се изјаснам,
Кога замолувам за паричен придонес, не барам за себе --
Замолувам да одвоите по нешто за Фондацијата -- екипата што ја поддржува оаа чудесна заедница во која членувам.
Мислам дека Википедија ми даде шанса да имам големо влијание во светот.
Како своевидно вложување во иднината -- и вашата и онаа на вашите деца.
Ви благодарам
Содржината на снимкава се нуди под лиценцата Криејтив комонс НаведиИзвор-СподелиПодИстиУслови 3.0 (http://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/deed.mk) освен ако не е посочено поинаку. Припишувајте го на: Виктор Григас, Фондација Викимедија. Мислењата и гледиштата изразени на снимкава исклучиво им припаѓаат на поединците што ги искажуваат, и не мора да значи дека ги одразува ставовите на било која фирма, организација или установа во која членува поединецот. Заштитените знаци и логоата на Фондацијата Викимедија и секоја друга организација не подлежат на условите на лиценцата на Криејтив комонс. Заштитените знаци и логоата, вклучувајќи го „Wikipedia“ и логото со топчеста сложувалка, се правно заштитени знаци на Фондацијата Викимедија. Повеќе информации можете да најдете на нашата страница http://www.wikimediafoundation.org/wiki/Trademark_Policy или обратете се на trademarks@wikimedia.org.
Снимкава е издадена под лиценца на Криејтив комонс.
Како и самата Википедија, снимкава слободно може да се умножува, преработува и споделува. �