Tip:
Highlight text to annotate it
X
Би сакал да се обидете нешто:
Обидете се да го замислите светот без пари.
Свет кој воопшто не ги употребува парите.
Без банки, без кеш, без плата, без сметки,
без било каков вид пари.
Што гледате?
Да погодам:
Веројатно сите би се вратиле во некој примитивен стил на живот,
би се занимавале со земјоделство и би го одгледувале својот добиток.
Слично на селаните.
Или можете да видите целосен пад на општеството,
Општествени нереди и беззаконие.
Очајни луѓе кои се премногу мрзеливи да си одгледуваат храна за себе,
грабнувајќи од другите или можеби убивајќи се меѓусебно за да би опстанале.
Не звучи баш како перспективна идеја, зарем не?
Што би било кого би Ви кажал, дека тоа не би се случило
Дека секоја свесна одлука да престанеме да ги користиме парите,
всушност нашите животи ги направила многу пати подобри отколку што се сега.
На пример, погледнете го Вашиот сегашен живот.
Колку сте навистина слободни?
Дали должите пари некому, или на банка?
Имате ли долг на кредитна картичка или хипотека можеби?
Не можете едноставно да ги игнорирате овие работи.
Ако не ги платите, можете да ја изгубите куќата или да завршите во затвор.
А што е со работата?
Ако имате работа - добро Ви е,
но повеќето луѓе работат поради тоа што мораат
Мораш да работиш за да ги плаќаш сметките.
Ако не работиш, светлата се гаснат, водата се исклучува,
телефонот се исклучува, не можеш да купиш храна итн.
Значи, не сте толку слободни, зарем не?
Веројатно, како и повеќето луѓе мислите дека ова се едноставно животни факти.
Дека морате да работите, да би заработиле за живот.
Исто како и нашите родители.
Дозволете да Ви кажам дека ова повеќе не се животни факти.
Ќе објаснам и зошто:
Прво мораме да сфатиме дека парите не ни се потребни,
туку работите кои се купуваат со пари.
Храна, дом, облека, струја, компјутер, телефон...
Самите пари се само посредник
кој е сам по себе бескорисен,
но создава страдање на оној кој што го нема
Но, со денешната технологија,
речиси се што произведуваме - прават машините и компјутерите.
Всушност, тоа е главната причина што секаде имаме огромна невработеност.
Машините ни ги одземале нашите работни места.
Но, ако престанеме така да размислуваме,
тоа е всушност добра работа.
Технологијата нас целосно не ослободила од тешка работа
Би требало да го славиме тој факт,
бидејќи не ни се потребни луѓе да ги произведуваат работите кои ги трошиме,
значи дека производството на овие работи е многу едноставно.
А ако е производството на работите едноставно,
апсолутно не постои причина да не произведуваме се за секој, зарем не?
А не само за оние кои можат да платат.
Во овој момент, нашата економија е само преместување на пари,
и нема никаква врска со давање на она што ни е потребно.
Тоа баш и нема смисол, зарем не?
Единственото ограничување да го произведуваме она што ни е потребно,
би требало да биде, она што е физички возможно, а не што можеме да си дозволиме.
Верувале или не, нашата планета е преполна со ресурси да му обезбеди на секој.
Единствено нешто што, изгледа, нема доволно ,се ПАРИ.
Па зошто тогаш не направиме се бесплатно?
Потполно да заборавиме на парите.
Зошто да не?
Ова е наш свет. Можеме сами да смислиме правила.
Единственото што парите го создаваат е - нееднаквост.
Систем на бодирање со кој човештвото одлучува кој што ќе добие.
По прв пат во историјата, технологијата ни овозможува да го надминеме ова сфаќање
за имање и немање.
И тоа е допрва почеток.
Ако го направиме светот бесплатен, тоа ќе го ослободи нашиот потполн технички потенцијал.
Ќе ни овозможи да преминеме на чисти извори на енергија,
ќе ни донесе смисловен просперитет и знаење ширум светот.
Дури и војната и неправдара би исчезнале засекогаш.
Замислете само производство на изобилство на храна по највисоки стандарди,
поголеми и подобри болници и училишта без проблеми со буџетот
бесплатна и чиста енергија и комуникација достапна на сите,
истражување на вселената,
подводни градови, којзнае...
Тргнете го чинењето и единствена граница би била нашата фантазија..
бидејќи имаме доволно сирови материјали да направиме што ќе посакаме.
Во денешното општество, ако немаш пари, во суштина - УМИРАШ.
Ова не е само погрешно, туку и потполно неморално,
бидејќи не е неопходно.
Постои различен начин.
Нов начин.
Слободен свет без пари.
Каде што се е бесплатно и слободно
Каде и ти си слободен.
Каде можеме на секого да обезбедиме и конечно на гладта и сиромаштијата да има ставиме крај, еднаш засекогаш.
Каде општеството е најправедното што би можело да биде.
Каде технологијата не е базирана на чинење
и толку напредна да едвај можеме да се препознаеме.
И сето тоа е можно сега, само ако тоа го избереме.
Чартер на Слободниот Свет е едноставен документ
кој дефинира 10 фундаментални принципи
на кои треба да се изгради ново општество.
Овие принципи не се правила или закони,
тоа се само едноставни изјави на здравиот разум,
за општото добро и опстанок на нашата планета и нас.
Општество кое се поистоветува со овие принципи, веќе нема да има потреба за закони.
Со потпишување на овој чартер, едноставно кажете "ДА" на поправеден и подобар свет за секој.
Ве молиме да се запишете што побрзо на www.freeworldcharter.org
ВИ БЛАГОДАРИМЕ