Tip:
Highlight text to annotate it
X
"Старите апели за расистички, сексуален или религиозен шовинизам,
се до фанатичкиот националистички жар, почнуваат да не функционираат веќе.
Нешто што ме дефинира кој сум, дали сум добар или лош, дали нешто ќе постигнам или не,
сето тоа се учи во текот на животот.
Тоа е само едно патување
и ние можеме во секое време да го смениме.
Тоа е само изборот. Без напор, без работа, без штедење на пари.
Мене ми стана јасно, дека јас играта ја играм погрешно
Играта беше да пронајдам тоа што веќе сум.
Гледавме
колку многу е важно
радикалната револуција
да ја создадеме во главите на народот.
Кризата е криза во свесноста.
Криза која веќе не може
да ги прифати старите норми,
старите шеми,
старите традиции.
и земајќи во предвид, каков е светот сега,
со сета мизерија,
конфликт,
разорна бруталност,
агресија,
и така натаму ...
Човекот
е се уште каков што беше.
Се уште е брутален,
насилен,
агресивен,
алчен,
компетитивен.
И, изградил општество
врз основа на истите карактеристики."
"Не постои лек кој може да спаси толку болно општество." Ј. Кришнамурти (J. Krishnamurti)
Општеството денес,
е составено од низа на институции.
Од политички институции,
правни институции,
религиозни институции.
До институции од социјален вид
и познати вредности,
и работни специјализации.
Очигледно е, длабокото влијание
што го имаат овие традиционализирани структури
во оформувањето на нашите разбирања и перспективи.
Сепак, од сите социјални институции, во кои сме родени,
од кои сме упатени, и условени,
изгледа дека не постои систем толку прифатен здраво за готово
и погрешно разбран
како монетарниот систем.
Земајки скоро библиски пропорции,
оформениот монетарен систем постои како еден од најнесомнителните форми на верба кои постојат.
Како парите се создаваат,
економските политики кои со нив владеат,
и каков ефект навистина имаат врз општеството,
се нерегистрирани интереси на најголемиот дел од населението.
Во свет каде 1% од населението поседува 40% од светското богатство.
Во свет каде 34.000 деца умираат секој ден
од сиромаштија и превентивни болести,
и, каде 50% од светското население живее со помалку од 2 долари дневно ...
Едно работа е јасна.
Нешто навистина не е во ред.
И, дали сме ние свесни или не, животната енергија на сите наши оформени институции,
и, самото општество,
се парите.
Така што, сфаќањето на оваа институција на монетарна политика
е критична за да сфатиме зошто нашите животи се такви какви што се.
За жал, економијата е често гледана со збунетост и досада.
Бескрајни реки од финансиски жаргони, здружени со стравотна математика,
брзо ги обесхрабрува луѓето од нивните напори да ја разберат.
Но, факт е:
Комплексноста поврзана со финансискиот систем е само една маска.
Дизајниран да скрие една од најголемите социјално-парализирачки структури,
кое човештвото ги издржало.
"Никој не е безнадежно поробен како тие кои наивно мислат дека се слободни" - Јохан Волфганг вон Гете (Johann Wolfgang von Goethe)- 1749-1832
Пред многу години, централната банка на САД, Федералната Резерва,
издаде документ насловен "Modern Money Mechanics" (Модерни Парични Механики).
Оваа издавка ја детализираше институционализираната практика на создавање на пари
како што е искористена од Федералната Резерва и мрежата од глобалните комерцијални банки кои ги подржува.
На првата страница од документот ја искажува својата цел.
"Целта на оваа книга е да се опишат основните процеси на создавање на пари
во банкарски систем со 'деловни резерви'.
Потоа продолжува да го опишува овој процес на деловни резерви
низ разна банкарска терминологија.
Од која превод би било нешто слично на ова:
Владата на САД одлучува дека и' се потребни пари.
Па и се јавува на Федералната Резерва и бара, да речеме, 10 билиони долари.
ФЕД праќа порака назад, велејќи "Секако, ке купиме 10 билиони од вас во форма на владини бонови".
Па владата зема некои парчиња хартија,
Отсликува некои дизајни на нив кои изгледаат официјално и ги нарекува богати бонови
После става вредност на овие бонови во збир од 20 билиони долари
и ги праќа назад кај ФЕД.
За возврат луѓето од ФЕД испуштаат некоја количина од импресивно дизајнирани парчиња хартија исто така.
Но овој пат, нарекувајќи ги, банкноти од Федералната Резерва.
Исто означувајќи вредност од 10 билиони долари на хартијата.
Федералната Резерва после ги зема овие банкноти и ги заменува со боновите.
Кога оваа размена е готова,
владата ги зема 10те билиони во форма на ФЕД банкноти,
и ги префрла на сметка во банка.
И, после оваа трансакција, книжните банкноти официјално стануваат легални пари од тендерот.
Додавајќи 10 билиони на САД и нивните парични ресурси.
И ете ги, 10 билиони во форма на нови пари се создадени.
Секако, овој пример е само генерализација.
Бидејќи, реално, оваа трансакција се одвива електронски. Без употреба на никаква хартија.
Всушност, само 3% од САД и нивните парични ресурси постојат како физичка валута.
Останатите 97% во основа постојат исклучиво во компјутери.
Сега, владините бонови се по дизајн, инструменти за долг.
И кога ФЕД ги набавува овие бонови
со пари кои во основа ги создадала од воздух,
владата всушност ветува дека ке ги плати назад
тие пари на ФЕД. Со други зборови, парите се создадени од долг.
Овој умствено исцрпувачки парадокс, од кој како пари или вредност
можат да бидат создадени од долг,
или обврска, ке стане се појасно како што одиме понатаму.
Значи, размената е веќе направена. Сега, десет билиони долари постојат на сметка во комерцијална банка.
Тука е делот каде станува интересно. Бидејќи, како што е наведено во практиката на деловните резерви,
тој депозит од десет билиони долари
веднаш станува дел од резервите на банката.
Како и сите депозити.
И, што се однесува до потребите на резервата во "Modern Money Mechanics":
"Една банка мора да ги одржува потребните резерви
еднакви на препишаниот процент од нејзините депозити".
Потоа го зголемува значењето на ова велејќи:
"Според сегашни регулаторни мерки,
потребата за резерви во однос на повеќето трансакциони сметки е 10%".
Ова значи дека со депозит од десет билиони долари,
десет проценти, или еден билион,
се држи како потребната резерва,
додека останатите девет билиони се сметаат за вишок резерва,
и можат да бидат користени како основа
за нови кредити.
Сега, логично е да се претпостави, дека овие девет билиона
буквално произлегуваат од постоечкиот депозит од десет билиони долари.
Сепак, ова не е случајот. Тоа што навистина се случува, е дека тие девет билиона
се едноставно се создадени од воздух
врз веќе постоечкиот депозит од 10 билиони долари.
Ова е начинот како паричните залихи се множат.
Како што е кажано во "Modern Money Mechanics":
"Секако дека тие" - банките - "не ги исплаќаат кредитите за парите, кои тие ги добиваат како депозит.
Ако тоа го направат, нема да има создавање на додатни нови пари.
Тоа што го прават кога создаваат кредити
е да примат белешки во кои безусловно ветуваат дека ке ги исплатат
парите во неодредено време; - т.е. договори за кредит -
"во замена за кредити" - т.е. пари - "до трансакционите сметки на позајмувачот".
Со други зборови, деветте билиони можат да бидат создадени од ништо.
Едноставно бидејќи има потреба од такви кредити,
и дека има депозит од 10 билиони долари да ги задоволи тие потреби за резерви.
Сега да претпоставиме дека некој влегува во банката и
позајмува од новите девет билиони долари.
Тие тогаш, ги земаат тие пари и ги префрлаат
на нивната сметка во банка.
Процесот се повторува.
Бидејќи тој депозит, станува дел од резервите на банката.
десет проценти се изолираат, и останатите 90 проценти од тие девет билиони,
или 8.1 билион се сега достапни како ново создадени пари за повеќе кредити.
И, секако, тие 8.1 преку истиот процес можат да послужат за креирање на додатни 7.2 билиони
па 6.5 билиони... и 5.9 билиони... итн...
Овој циклус на создавање пари преку заеми како депозит може да продолжи вечно.
Просечниот математички резултат е дека околу 90 билиони долари можат да бидат создадени врз оригиналните 10 билиони.
Со други зборови, за секој депозит што ќе се направи во банкарскиот систем, околу 9 пати повеќе од таа сума може да се создаде од чист воздух.
Парични Нервози? Побарајте од одговорната Банка на Америка една тегла од
смирувачки инстант пари.
П-А-Р-И во форма на лесно достаплив личен заем.
Значи, сега знаеме како парите се создаваат преку овој банкарски систем на деловни резерви.
Логично, но сепак илузионо прашање може да ви дојде на ум:
Што точно им дава вредност на овие ново-создадени пари?
Одговорот: Парите кои веќе постојат.
Новите пари крадат вредност од веќе постоечките парични залихи.
Целиот базен од пари се зголемува без разлика на залихи и сервиси.
И, како што залихите и побарувачката ја дефинираат рамнотежата,
цените растат, намалувајќи ја вредноста на секој индивидуален долар.
Ова е општо познато како инфлација.
А инфлацијата е во најмала рака прикриен данок за јавноста.
Кој е советот кој обично го добиваш? Тој е, валутата да е во инфлација.
Тие не викаат: намали го основниот материјал. Тие не викаат: намали ја вредноста на валутата.
Тие не викаат: измами ги луѓето кои се безбедни. Тие викаат: намали ги даноците.
Вистинската илузија е кога ја менуваме вредноста на парите.
Кога создаваме пари од чист воздух , ние немаме заштеда. Сепак, има така наречен "капитал".
Така, моето прашање се сведува на ова: Како е можно да очекуваме да го решиме проблемот со инфлација?
Тоа е: Зголемување на залихите со пари, со повеќе инфлација.
Секако, не можеме.
Системот од деловни резерви на монетарната експанзија е наследно инфлациона.
Бидејќи чинот на зголемување на паричните залихи, без да има
пропорционална експанзија на добра и услуги во економијата,
секогаш ке ја снижува вредноста на валутата.
Всушност, брзиот поглед кон историските вредности на Американскиот долар, спрема залихите со пари,
ја рефлектира оваа поента јасно
бидејќи снижувачката врска е очигледна.
Еден долар во 1913 е еднаков на 21.60 долари во 2007 година.
Тоа претставува 96% обезвреднување од формирањето на Сојузните Резерви.
Сега, оваа реалност на поврзана и постојана инфлација се чини апсурдна и самоуништувачки од економски аспект.
Согласно тоа, апсурдно е потценувањето како навистина функционира финансискиот систем.
Затоа во нашиот финансиски систем парите се долг,
а долгот е пари.
Ова е графиконот на паричните резерви на САД од 1950 до 2006 година.
Ова е графиконот на националниот долг на САД за истиот период.
Интересно е дека трендовите се скоро еднакви.
Каде што има повеќе пари има и поголем долг.
Каде што има поголем долг, има и повеќе пари.
Со други зборови, секој еден долар во твојот паричник е задолжување кон некого од некого.
За потсетување: единствениот начин парите да постојат се кредитите.
Затоа, ако секој во земјата е способен да ги врати сите долгови, вклучувајќи ја и владата,
тогаш нема да постои ниту еден долар во оптек.
"Ако не постоеја долгови во нашиот монетарен систем, немаше да постојат ниту пари."
- Marriner Eccles - Гувернер на Сојузните Резерви, 30 септември 1941 година
Последен пат во американската историја кога националниот долг бил исплатен
беше во 1835, откако претседателот Ендрју Џексон ја затвори Централната Банка која и претходеше на Банката за Сојузни Резерви.
Во суштина, целата политичка платформа на Џексон се фокусираше
на неговата обврска да ја затвори Централната Банка.
Изјавата: "Големите напори кои сегашната банка ги вложи за да ја контролира владата... е предвидувањето на судбината на американскиот народ
дали да бидат доведени во заблуда за опстојувањето на оваа институција
или формирање на друга слична на неа." За жал, оваа порака имаше краток рок на траење.
Меѓународните банкари формираа друга централна банка во 1913,
Федерални Резерви. И се додека оваа институција постои
вечниот долг е загарантиран.
Досега дискутиравме за реалноста дека парите се создаваат од долговите преку кредитите.
Овие кредити се базираат на банкарските резерви,
а резервите произлегуваат од депозитите. И преку овој посебен систем на резерви,
било кој депозит може да создаде 9 пати поголема вредност од почетната.
Намалувањето на постоечката понуда на пари ги зголемува цените во општеството.
Затоа што овие пари се создаваат од долговите
и се движат произволно низ трговијата,
луѓето се одделени од нивниот оригинален долг.
Дисбалансот постои кога луѓето се присилени да се натпреваруваат за работа
за да се извлечато доволно пари од понудата на пари
за да се покријат нивните трошоци на живот.
Колку и да изгледа чудно сето ова,
сеуште постои една работа која е изоставена.